КАФЕ ПАУЗА

Tag: искрена насмевка

  • Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?

    Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?

    Луѓето употребуваат најразлични насмевки во текот на нивниот живот – некои од нив се јасно забележливи, некои се потскриени. Без сомнение се смееме кога ќе победиме, но знаеме и несвесно да се потсмевнуваме кога се обидуваме да скриеме разочарување. Поради тоа Херман Мелвил ја нарекол насмевката „одбраното возило за сите двосмислености.“Дали користиме повеќе мускули на лицето кога сме намуртени отколку кога се смееме?Насмевката може да биде свесна, освојувачка или лажна. Може да биде огромна која се протега од „8-ца до 8-ца“ со големина на крокодилска насмевка или пак, да изгледа мистериозно како онаа на Мона Лиза. Олкава разновидност уште во старт ни сугерира дека се потребни значително помалку мускули за самата насмевка отколку за која било друга гримаса. Но, сепак сè зависи од самата насмевка.rnrnВистинската насмевка – онаа која ги вклучува мускулите на очите, која само 1% од луѓето можат свесно да ја контролираат, настанува со употреба на поголем број мускули од оние коишто се потребни за муртење, додека пак онаа помалата насмевка од стилот „не ми е толку забавно“ настанува со само еден или два пара мускули.rnrnНо, споредбата на „вистинските“ и „лажните“ насмевки не ја доловува целосно комплексноста на ова прашање. Основните базични емоции како лутината, тагата, стравот, изненаденоста, одбивноста, задоволството и среќата креираат лесно препознатливи изрази, но сепак насмевките можат да произлезат од најразлични емоционални состојби. Истражувачите сè уште не се согласуваат за тоа дали секоја емоција е соодветна за одредено движење на мускулите или дали една насмевка може да претставува повеќе видови чувства.rnrnОд друга страна, стариот цитат на Џо Гудвин, „Кога се смеете, целиот свет се смее со вас“ нè тера да веруваме дека има некаква вистина во моќта на насмевката. Истражувањата сугерираат дека луѓето имаат тенденција да ги дочекуваат туѓите насмевки со сопствени, додека ретко кој одговара на муртење со муртење. И не само тоа. Насмевките функционираат и во двете насоки. Исто како што среќата ве тера да се смеете, студиите покажуваат дека благороднине на автономниот нервен систем, смеењето може да ве направи среќни. За жал, истото важи и за тагата и вознемиреноста.rnrnИ двата феномена се поврзуваат со спротивни неврони, ќелии во мозокот кои се „вклучуваат“ кога ќе забележиме некој настан, како насмевката и кога ќе се вклучиме во истиот. Па затоа, нареден пат кога ќе се почувствувате нерасположено, едноставно насмејте се. Не само што ќе успеете да им го разубавите денот на оние околу вас, на тој начин и ќе го измамите вашиот мозок да се почувствува малку посреќно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Надворешниот изглед на Скорпијата

    Надворешниот изглед на Скорпијата

    Општи карактеристики

    rnСкорпијата лесно можете да ја препознаете врз основа на нејзините физички карактеристики, бидејќи постојат неколку фактори кои го прават овој знак доста препознатлив и специфичен.rnrnИма два типа на Скорпии. Едниот тип се ситни со нежни црти на лицето. Другиот тип се покрупни, а нивните црти се истакнати и јаки. Носот на Скорпиите е најчесто прав, без грпка и не е подвиткан навнатре на крајот. Напротив, пропорционално се стеснува на врвот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Скорпиите во профил

    rnПрофилот на Скорпиите е најчесто многу правилен. Повторно ќе спомнеме, нивниот нос е прав и испакнат и делува како буквално да го покажува правецот на нешто кон кое Скорпијата сака да ви го привлече вниманието. Впрочем, еден од симболите на хороскопскиот знак Скорпија, е орелот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Очите на женските Скорпии

    rnБез разлика на бојата на очите, очите на жените родени во знакот Скорпија се предизвикувачки, впечатливи и специфични. Ќе ги препознаете овие очи бидејќи тие изгледаат како стаклени. Очите се заштитен знак на Скорпијата, бидејќи ги штитат нејзините мисли. Додека таа ве освојува со нејзиниот „убиствен“ поглед, вие ќе бидете немоќни да сфатите што се крие зад нив.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Очите на машките Скорпии

    rnМашките претставници на овој знак, ја делат истата карактеристика со женските – „стаклениот поглед“. Кога гледате во неговите очи, е исто како да се гледате себеси во огледало. Овие очи ќе ве натераат да останете да гледате во нив подолго време, за да се трудите залудно да ги откриете неговите мистериозни мисли.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Секогаш во акција

    rnСкорпијата е борбен знак, кој ужива екстремно да се напрега за да си докаже себеси дека ќе успее да го реализира тоа што доволно го посакува. Можеби звучи како карактеристика која не би посакале да ја имате, но во суштина таа е многу здрава за Скорпијата. Скорпиите во себе кријат толку многу емоции и во остварувањето на нивните планови и цели тие мораат да се туркаат себеси до работ, со цел да се чувствуваат здраво. Во спротивно, можат да им се случат непосакувани психолошки блокади.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Омилени бои на Скорпијата

    rnСкорпиите ја сакаат црната боја и тие често се облекуваат од глава до петици во оваа боја. Црната боја во светот на модата е често нарекувана „никаква боја“, но Скорпијата умее да ја култивизира и носи на еден префинет начин, кој ѝ дава елеганција и грациозност и ѝ помага да ја истакне нејзината „рендгенска визија“. Луѓето родени во овој знак, ја преферираат оваа боја, бидејќи им помага да бидат „невидливи“. Скорпиите најчесто имаат и дузина виолетови парчиња облека.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrnrnЦрвена е уште една омилена боја на Скорпиите, но не е нивни чест избор за облека. Управувана од планетата Марс, скорпијата облекува црвена облека кога е подготвена и решена да стапи во акција.rn

    Искрена насмевка

    rnКога Скорпијата се смее, таа се смее од срце. Нејзината искрена насмевка е широка и прави да се чусвтвувате добредојдени во нејзина близина.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Сексапил со кој е тешко да излезете на крај

    rnДури и кога не се трудат да бидат секси, овие луѓе имаат некоја магнетска привлечност од која блика сексуална енергија. Друг клучен фактор за нивната „сексуалност“ е тоа дека тие на некој начин изгледаат „опасно“. Генерално, на Скорпиите опасноста им претставува предизвик.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Љубопитни истражувачи

    rnСкорпијата не можете, а да не ја забележите, бидејќи тој/таа или ќе зјапа во нешто, напнато ќе се обидува да пронајде нова тема за размислување, ќе пишува или фуриозно ќе црта. Многу припадници на овој знак работат како адвокати, детективи или во ургентна служба, бидејќи им е удобно да се справуваат со „темната страна“ на животот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.