КАФЕ ПАУЗА

Tag: искрен

  • Брутално искрен јунски совет за секој хороскопски знак

    Брутално искрен јунски совет за секој хороскопски знак

    Понекогаш е навистина тешко да се соочиме со нашите недостатоци. Не сакаме да ги послушаме советите од луѓето кои само сакаат да ни помогнат. Овој месец променете го тоа. Астрологијата може да ви помогне да сфатите кој аспект од вашето однесување треба да го смените за да бидете навистина среќни. Па, прочитајте го најискрениот совет што ви е потребен за овој месец според вашиот хороскопски знак.rnrnИскрениот љубовен совет што ви е потребен за овој јуни според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnИмпулсивното делување можеби прави да се чувствувате добро во моментот, но долгорочните последици често не вредат. Брзите одлуки можат да ве чинат вашата врска, да ви ја уништат кариерата и да ја нарушат почитта што ја имате кон себе. Овој јуни посветете внимание на сè што работите. Научете како да забавите и слушајте ги вашите срце и ум. Кога ќе ја пронајдете рамнотежата помеѓу нив, ќе го најдете успехот или барем мирот што ви е потребен.rn

    Бик

    rnРаботите ќе се измешаат а вашата тврдоглавост нема да ви биде од помош. Флексибилноста никогаш не ви била силна страна. Секој што поминал 5 минути со вас го знае ова. Овој месец подобро е малку да се прилагодите бидејќи отпорот ќе биде само залуден обид да го смените неизбежното. Дозволете му на она што треба да се случи да се случи и уживајте.rn

    Близнаци

    rnПоголемиот дел од овој месец е ваша сезона. Нештата ќе бидат навистина интересни за вас и за луѓето околу вас. Внимателно одбирајте со кој ќе го поминувате вашето време. Често не се согласувате со чувствата на другите, па јуни е време да го контролирате тоа. Никој не сака дволичност. Обидете се да откриете кого навистина го сакате, без кој не можете и држете се до тие стандарди. Поминувањето време со погрешни луѓе може да се претвори во вистинска катастрофа.rn

    Рак

    rnПрестанете да очекувате сите да знаат што размислувате или што ви е потребно, никој не може да чита мисли. Искористете ги вашите зборови и кажете што сакате од партнерот, семејството и пријателите. Престанете да се плашите од конфликтот и од нештата што прават да се чувствувате неудобно.rn

    Лав

    rnЗа жал, вистината е дека не може сè постојано да биде по ваше. Со тоа што сакате да им наредувате на другите често ги бркате од вас. Во јуни обидете се да слушнете што имаат другите да ви кажат. Луѓето во вашиот живот сакаат да споделуваат добри нешта со вас, а кога премногу сте фокусирани на вашите мислења го спречувате вашиот развој. Замолчете, ислушајте и можеби ќе научите нешто важно.rn

    Девица

    rnНе сте совршени. Никој не е совршен. Престанете да ги третирате луѓето како проекти и научете дека можете да ги поддржувате, но не можете да ги претворите во нешто што не се. Секој има свои ограничувања, а овде спаѓате и вие. Обидете се да ги сакате луѓето онакви какви што сте, со сите нивни недостатоци. Ќе се чувствувате многу подобро.rn

    Вага

    rnПонекогаш ќе ви биде потребна повеќе забава од другите, а понекогаш вие ќе треба да направите нешто за нив. Сите сме на различни патишта, а патот на некој е потежок од вашиот. Престанете да биде нетрпеливи ако некој друг доминира во разговорот и не барајте повеќе поддршка од она што ви е потребно.rn

    Скорпија

    rnМожете да бидете навистина посесивни, зарем не? Престанете со тоа. Не можете да ги контролирате сите, без разлика колку го сакате тоа. Дозволете им на пријателите да прават грешки без да им држите лекции дека требало да ве слушаат. Дозволете му на партнерот да има свој живот и престанете да очекувате сè да се одвива по вашиот план. Животот постојано се менува, нештата еволуираат и не можете да направите ништо за да го спречите тоа. Затоа прифатете го.rn

    Стрелец

    rnВашата расеаност нема да ви биде од корист овој месец, како што не ви користела и досега. Вистинско лудило е да правите едно исто одново и одново, а да очекувате различни резултати. Зошто да избрзувате со одлуките кога знаете дека тоа нема да промени ништо? Вдишете длабоко, забавете, размислете добро и погледнете како ќе ви се подобри животот. Можеби нема да биде толку возбудливо, но тоа е во ред.rn

    Јарец

    rnЗа што и да се држите, заборавете го. Без разлика дали станува збор за грешка од пријателот, раскинување, расправа со партнерот и слично. Заборавете. Кога се држите за минатото само го повредувате вашето его и си го кршите срцето. Има многу подобри нешта каде што можете да ја насочите вашата енергија.rn

    Водолија

    rnВреме е да го спуштите вашиот штит. Луѓето можат да ве повредат, животот е страшен и емоциите се тешки. Но, сето ова е дел од тоа да се биде човек. Немојте да бидете кукавици. Научете да кажувате кога ќе ве повредат, кажете му некому дека го сакате и направете другите да го слушнат вашиот глас. Вашите мисли и чувства се важни.rn

    Риби

    rnНаучете повеќе да зависите од себе. Престанете да барате одобрување од другите и научете да го правите тоа самите за себе. Дозволено е да се чувствувате добро во врска со себе без нечие одобрување. Нема потреба сите да ве сакаат. Престанете да ги бркате луѓето кои не сакат да бидат бркани и сепак сакајте се. Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за себе.rnrnДознајте и кои се хороскопските знаци чии желби ќе се исполнат ова лето.

  • Зошто е подобро да имате „едноставен“ љубовен партнер?

    Зошто е подобро да имате „едноставен“ љубовен партнер?

    Лошите момци кои обожаваат да драматизираат и да бидат центарот на вниманието можеби би биле интересни за вас одреден период, бидејќи извесноста која ја носат со себе на некој начин возбудува, но по некое време секоја жена сака покрај себе маж кој ќе се грижи за неа, кој е искрен и со кој ѝ е лесно да биде. Таа сака лојален и сигурен партнер, на кој може да се потпре и на кој може да му каже сè што ѝ лежи на душата. Токму овие „едноставни“ љубовни партнери се оние кои секоја жена сака да ги има покрај себе…rnrnЗошто е подобро да имате „едноставен“ љубовен партнер?rn

    1. Тој е искрен

    rnКога ќе му го подготвите вашиот омилен оброк, тој ви кажува дека ова е единственото јадење кое воопшто не го сака, а потоа ќе ве прегрне и ќе ви каже дека ќе го изеде тоа што сте го подготвиле само затоа што ве сака.rn

    2. Тој е човек од доверба

    rnКога ќе ви каже дека не може да се видите затоа што мора да работи, тој подоцна ви се јавува за само да ви каже „здраво“. И потоа тропа на вашата врата, во 10 часот навечер, со цвеќиња и шише вино во неговите раце.rn

    3. Тој не драматизира

    rnКога вие паничите за одредена ситуација или лична фамилијарна криза, тој ве прегрнува цврсто и ви вели дека сè ќе биде во ред, а потоа планира викенд бегство во друг град со цел да ви помогне полесно да го надминете овој период.rn

    4. Тој не е посесивен

    rnДоколку некое време не сте се виделе со вашите пријателки, тој предложува да одите на патување со цел да надоместите за пропуштеното време.rn

    5. Тој е флексибилен

    rnВие мора да го откажете состанокот на концерт поради многу тешка настинка, а тој ги продава билетите и се појавува на вашата врата со вашето омилено чоколадо во раце и потоа ја поминувате целата вечер гледајќи филм, прегрнати.rn

    6. Тој е несебичен

    rnТој мисли на вас исто колку што мисли и на себе. Доколку не сакате да гледате одреден филм, тоа е сосема во ред со него, па ќе ви дозволи да одберете алтернатива. Доколку сте уморни за забавата која сте ја планирале, ќе остане со вас дома…rn

    7. Тој не е љубоморен

    rnЕден од вашите најдобри машки пријатели сака да се сретнете на кафе и тој нема воопшто ни да помисли дека би го мамеле. Едноставно ќе ве прегрне и ќе ви посака убав помин. Тој има доволно голема самодоверба за да разбере дека можат да постојат пријатели од двата пола без притоа да има флертување.rn

    8. Тој се сака себе

    rnОва е многу важно. Секогаш кога момчето се чувствува удобно во својата кожа, тој не мора да се претвора во нешто што не е. Тој не мора да глуми „играч“ за да ве импресионира вас или некој друг. Токму ова е многу освежително.rn

    9. Тој никогаш нема да побара да се промените

    rnНиту вашата коса, шминка, облека, навики, смеење, тежина, верувања или принципи. Тој разбира дека имате свои недостатоци, но целосно ги прифаќа и ве сака онакви какви што навистина сте.rn

    10. Не се грижи за изгледот

    rnДури и вашиот моден стил да е целосно различен од неговиот, тој ќе стои покрај вас и гордо ќе ве претстави на своите пријатели. Или кога нема да имате време за фризура и ќе ја соберете косата во бушава пунџа, тој ќе ви каже дека ја обожава вашата коса на тој начин.rn

    11. Тој ги прифаќа вашите пријатели и семејство

    rnНикој нема совршена група пријатели или роднини, но тоа не значи дека тој нема целосно да ги прифати. Тој сфаќа колку тие ви значат и токму затоа никогаш нема да застане помеѓу вас.rn

    12. Тој ви го чува грбот

    rnТој никогаш нема да ве стави во непријатна ситуација и секогаш ќе се обидува да ви помогне доколку сте во неволја. Тој секогаш ќе ви биде лојален.rn

    13. Тој не сака драма

    rnТој ниту создава ниту учествува во драма. И покрај тоа што таа знае понекогаш да биде забавна, па можеби дури и стимулирачка, сепак е знак на незрелост. Со тоа што тој не навлегува во вакви ситуации јасно дава до знаење дека е зрела личност која одговорно ги решава своите проблеми.rn

    14. Тој е трпелив

    rnДоколку не сте подготвени за физичка интимност или пак, да се вселите заедно, тој нема да ве тера на тоа ниту пак ќе прави да се чувствувате виновно. Трпението се однесува и на малите нешта, па токму затоа тој никогаш не би се лутел ни ако доцните.rn

    15. Тој не игра игри

    rn„Лошото момче“ има тенденција да игра игри кои можеби на почетокот ќе ве возбудуваат, но со тек на време ќе ве натераат да побарате некој кој е посигурен. Тој е секогаш директен со вас и доколку има некој проблем, вие сте првата личност која ќе дознае за тоа. Потоа следува отворен разговор, каде што заедно одлучувате кој е следниот чекор.rn

    16. Тој сака и едноставни активности доколку вие сте покрај него

    rnТој ќе биде среќен да е покрај вас дури и кога ќе го шетате кучето, ќе имате мрзлив ден читајќи книга или пак, кога ќе одите до маркетот. Неговата среќа доаѓа од вашето присуство и тоа постојано ви го докажува.rn

    17. Тој ја гледа девојката и како негов најдобар пријател

    rnТој сака да биде ваш пријател исто како што сака да биде и ваш љубовник. Тој секогаш е тука да ве ислуша и да го сподели неговото мислење со вас, да ви помогне да донесете тешка одлука и секогаш е на вашата страна и ве поддржува во вашиот избор.rn

    18. Тој никогаш нема да ве понижува

    rnПотребата да се користат погрдни имиња и критики е еден вид емоционална злоупотреба која доаѓа од два извора: мала самодоверба и потреба од покажување моќ. Но, тој не ги поседува овие карактеристики. Тој е секогаш тука да ви помогне да го поминете тешкиот ден, да се справите со некој проблем и притоа секогаш ви кажува колку сте прекрасна во неговите очи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 15 начини да кажете „благодарам“

    15 начини да кажете „благодарам“

    Како им се заблагодарувате на вашите пријатели? Дали го правите тоа често, повремено или немате таква навика? Има многу начини да кажете „благодарам“ за да возвратите за услугата или едноставно да покажете дека сте тука за вашите пријатели.rnrnГолемо или мало, кога благодарам е изразено со искрени чувства и на креативен начин, може да направи блиските околу вас да бидат посреќни. Не се ограничувајте на овие, но како идеја за почеток, еве 15 креативни начини да кажете благодарам.rnrn15 начини да кажете „благодарам“rn

    1. Старомоден начин

    rnМожеби мислите дека би било старомодно, но навременото кажување благодарам може многу да им значи на вашите блиски. Можете да им напишете кратка порака на ливче кое ќе го залепите некаде каде што очекувате дека ќе можат го видат.rn

    2. Фотографија којашто кажува сè

    rnКога некој ќе направи нешто за вас, радоста и задоволството на вашето лице може да зборува и повеќе од зборовите. Фотографирајте го вашиот задоволен лик и испратете ја фотографијата заедно со некоја кратка белешка.rn

    3. Јавна благодарност

    rn15 начини да кажете „благодарам“rnrnЛуѓето ретко оддаваат јавно признание за нечија добра работа или за направената услуга. Кажувањето благодарам во друштво на вашите заеднички пријатели е убав начин да се заблагодарите.rn

    4. Храна во знак на благодарност

    rnМожеби ви делува многу американски да испечете колачиња, торта или некои интересни грицки за вашите пријатели кои ви помогнале за нешто, но тоа не значи дека е недозволиво да се примени оваа тактика и во наши услови.rn

    5. Вратете со иста мера

    rnКога некој ќе ви направи услуга, најчесто тоа го прави во знак на добра волја и бидејќи сите ние, длабоко во себе имаме потреба да им помагаме на другите. Иако веројатно нема да очекува враќање на услугата, имајте на ум дека ова можете да го направите за пријателот кој ви се нашол во ситуација кога навистина ви бил потребен.rn

    6. Бидете тука за него/неа

    rnКога вашиот пријател се наоѓа во тешка ситуација, ставете му јасно до знаење дека секогаш ќе бидете тука за него. Во вакви ситуации, особено е важно да слушате. Кажете им благодарам со отстапување на време и простор за тие да зборуваат.rn

    7. Подарете цвеќе

    rn15 начини да кажете „благодарам“rnrnЦвеќиња кај нас се подаруваат за 8 Март и на девојките кои треба да бидат освоени. Запомнете дека цвеќе можете да им подарите на блиските и пријателите секогаш кога сакате да им покажете дека ви е грижа за нив, особено кога имате причина за нешто да им се заблагодарите.rn

    8. Смислете креативен начин

    rnПостојат многу начини да кажете благодарам. На пример, снимете си го сопствениот глас додека кажувате благодарам на неколку странски јазици. За да се подготвите за ова, ќе ви треба брз курс за странски јазици.rn

    9. Искрена прегратка

    rnПотрудете се искрено да ги гушнете пријателите за да им покажете дека го цените она што тие го направиле за вас. Ако ги внесете вашите емоции во прегратката, ова може да биде сосема доволно.rn

    10. Подарок кога најмалку очекуваат

    rn15 начини да кажете „благодарам“rnrnИако веќе сте кажале благодарам на друг начин, не е лоша идеја понекогаш да подарите нешто симболично и да ги изненадите оние кои дале нешто од себе за да ви помогнат, и тоа тогаш кога најмалку би очекувале.rn

    11. Не претерувајте

    rnКако што некои луѓе имаат проблем да кажат благодарам, така има и такви кои не реагираат соодветно кога некој ќе им покаже знак на благодарност. Гледајте да го изберете вистинскиот начин за секоја личност. Не претерувајте.rn

    12. Писмо за благодарност

    rnОва е постаромоден метод и од старомодната белешка, но би било храбро доколку се одлучите за оваа варијанта. Дополнително, писмото напишете го рачно на хартија. Имејл порака со ваква содржина едноставно не е баш соодветен начин на заблагодарување.rn

    13. Дигитална благодарност

    rnАко веќе не сте за традиционалните начини, тогаш испратете некоја забавна електронска картичка во знак на благодарност и гледајте таа да му стигне на вашиот пријател наутро. Зар не би било убаво да знаете дека сте предизвикале насмевка на лицето на вашиот пријател уште на почетокот на денот!?rn

    14. Подарете време

    rn15 начини да кажете „благодарам“rnrnВремето е многу драгоцена работа за сите, без разлика на обемот на обврските. Кога сакате да покажете дека сте благодарни, понудете го вашето време како услуга за возврат. Можете да му ги чувате децата на вашиот пријател, да појдете во банка со неговите сметки или да ја земете неговата кола од сервис и да му ја паркирате пред зградата каде што живее.rn

    15. Едноставно благодарам

    rnМожете да изразите благодарност со само еден збор. Нема потреба од поезија и паметни мисли. Едноставноста на зборот и искрените чувства се повеќе од доволно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и трпеливоста

    Астрологијата и трпеливоста

    На секој од нас во одредени ситуации, поради очигледни или нејасни причини, ни се случува да го изгубиме трпението и да кажеме работи со кои ќе го навредиме нашиот соговорник. Знаеме дека кажаните зборови не можат да се повлечат назад и дека личноста на која сме и се обратиле нема брзо да ги заборави и да ни прости. Можеби сте биле во право за сè што сте кажале, но нервозното избувнување за сето она кое ви се собирало подолго време, не е паметно, ниту вистинско решение на вашиот проблем.rnrnАко вака се однесувате дома ќе имате неслога во семејството, потоа можеби ќе им се „истурите“ на пријателите, па на крај на вашиот шеф поради што ќе останете без работа. Некои хороскопски знаци се подобри од други, во однос на проценката кога е исклучително важно да ја „држат устата затворена“.rnrnrnrnНајбрутално искрени знаци, кои ќе ви кажат сè в лице без разлика на последиците се стрелец, водолија, овен и до извесен степен близнаци. Стрелецот и овенот се огнени знаци и тие се многу импулсивни и имаат тенденција да кажуваат работи пред да размислат на последиците.rnrnВодолијата ја цени искреноста и смета дека луѓето треба секогаш да бидат подготвени да ја чујат вистината, дури и по цена на нејзе самата. Близнаците исто така се склони да избрборат повеќе работи одошто е потребно и да се каат за тоа порано или подоцна.rnrnДевицата знае да биде многу критична и секогаш наоѓа маани во туѓите планови и постигнати резултати. Таа не е многу избувлива по природа, но нејзиното постојано барање кривец во ситуациите, може да доведе до драстични последици ако соговорникот е чувствителен.rnrnСкорпиите се внимателни и промислени, но тие знаат да бидат непријателски настроени кога се под голем притисок и имаат тенденција луто да им возвраќаат на своите соговорници, со цел да им олесни и да се чувствуваат подобро.  Можеби не звучи чувствително, но скорпиите уживаат во тоа.rnrnБикот, вагата и рибите преферираат да останат смирени и мили секогаш кога тоа е возможно и тие ќе ги задржат за себе сите „остри“ мисли кои ги имаат. Но ако доволно го иритирате бикот, тој ќе „експлодира“ и најверојатно ќе си го расипе односот со личноста со која разговара, кој ќе биде тешко да се врати на претходното ниво.rnrnrnrnЛавот нема тенденција остро да одвраќа, но затоа често се лути и мурти ако нешто го мачи. Оваа негова тактика можеби нема толку директен ефект како што има искрениот разговор и таа може да ја наруши неговата популарност кај пријателите или колегите. Лавовите едноставно треба да научат да бидат поотворени и директно, но нежно да го кажат на глас тоа што им пречи.rnrnЈарецот е свесен за својата местоположба во општеството и почитта која ја добива од другите луѓе, па тој не би си ни дозволил да го расипе тој свој статус со неколку нетактични реченици. Јарците на животот гледаат како на скалила по кои треба да се искачуваат за да стигнат поблиску до успехот, па затоа тие секогаш попрво би избрале да ја следат својата амбиција, отколку искрено да ви ја кажат вистината.rnrnРакот и рибите не сакаат „бурни“ ситуации, па затоа тие гледаат што е можно повеќе да избегнуваат конфликти. Како и на сите други луѓе, така и на овие два знака може да им се случи да бидат испровоцирани да го кажат она што им смета, но тоа го прават на суптилен начин за да не бидат премногу очигледни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.