Експертите се согласуваат дека промената на животните навики е најдобриот начин да се ослободите од вишокот килограми. Ребека Графтон од Филаделфија, целиот нејзин живот водела битка со килограмите. По завршувањето средно училиште, проблемот само се влошил. Штом се преселила во нејзин стан и сама почнала да се грижи за нејзините оброци, сфатила дека почнала да се здебелува. Кога стигнала до 111 килограми, решила да ги промени нејзините животни навики – одлука што ѝ помогнала да намали цели 45 килограми за само две години. На ова патување најмногу ѝ помогнале 3 нешта.rn
1. Почнала да брои калории
rn
rn
„Почнав да користам апликација за следење на бројот на калории што ги внесувам, како и оние што сум ги потрошила со вежбање. На тој начин знаев колку смеам да изедам во секој момент.“
rn
2. Ден за мамење
rn
rnrnРебека си дозволувала да се опушти на крајот од неделата.rn
„Одлично е да бидете доследни на начинот на исхрана и вежбањето, но мамењето може да биде корисно бидејќи ја задоволувате желбата за одредени намирници, а сепак останувате на вистинскиот пат.“
rnЗа појадок најчесто јадела омлет од белки со зеленчук и малку јогурт. Пиела и кафе со млеко. За ручек јадела печено пилешко со салата. За ужина јадела печиво со малку посно сирење, а за вечера печен лосос, сладок компир и моркови. Одвреме-навреме си дозволувала и десерт во форма на чоколадни протеински плочки.rn
3. Вежбала речиси секој ден
rn
rnrnНајважното нешто во трансформацијата на Ребека било вежбањето. Таа вежба речиси секој ден по еден час. Некогаш оди во теретана и прави вежби со тегови, вози велосипед, трча или вежба дома со помош на разни видеа. Комбинира кардио вежби и вежби со тегови, а најчесто прави пауза во недела.rnrnНајголемата мотивација за следење на правилата ја пронашла кај себе. Кога почнала да ја забележува промената на телото толку била воодушевена што само сакала да продолжи понатаму. Наскоро потоа направила и Инстаграм профил на кој споделува рецепти, фотографии од трансформацијата и слични содржини за мотивирање.rnrnПробајте ги и овие совети за слабеење од луѓе кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.


rnrnСпоред Националната библиотека за медицина на САД, глутенот е протеин што се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот. Понекогаш и овесот содржи глутен ако дошло до крос-контаминација при пакување. Постојат многу житни култури и брашна што не содржат глутен како пченка, киноа, ориз, компири и соја.rn
rnrnЦелијакија е дигестивно нарушување што ги оштетува цревата. Луѓето со ова нарушување не можат да консумираат глутен. Болеста може да предизвика долготрајни дигестивни проблеми и да не му дозволува на телото да ги прими сите потребни хранливи материи. Луѓето со Целијакија имаат сериозни реакции кога консумираат глутен.rn
rnrnДодека Целијакијата ги оштетува цревата, нетолеранцијата на глутен не го прави ова. Чувствителноста на глутен може да има слични симптоми со Целијакијата, но засега нема тест за ова. Истражувачите сè уште учат за чувствителноста на глутен.rnrnПокрај заморот, главоболките и болките во стомакот, нетолеранцијата на глутен може да предизвика трпнење на нозете и грчеви во мускулите. Во продолжение следува детален преглед на најчестите симптоми предизвикани од нетолеранцијата на глутенrn
rnrnЗаморот е еден од најчестите симптоми на нетолеранција на глутен. Луѓето чувствителни на глутен често се чувствуваат изморено, особено по консумирањето храна со глутен. Истражувањата покажале дека 60% до 82% од овие луѓе често искусуваат замор. Сите луѓе се чувствуваат изморено одвреме-навреме, но ако постојано се чувствувате вака, можеби сте чувствителни на глутен.rn
rnrnДруг класичен симптом на нетолеранција на глутен се хроничните болки во стомакот. Овде може да спаѓа сè од подуеност до констипација и дијареја.rn
rnrnЛуѓето чувствителни на глутен често имаат болки во зглобовите и мускулни грчеви. Глутенот го вклучува воспалителниот одговор на телото. Ова воспаление ќе го забележите на неколку начини. Некои веруваат дека воспалението предизвикано од глутенот предизвикува болки во мускулите, зглобовите, па дури и артритис.rnrnПродолжува на 
rnrnАнанасот е богат со тијамин, магнезиум, витамини Б6 и Ц, бакар и железо. Покрај слабеењето, ова овошје може да ја подобри состојбата на кожата и косата, да го зголеми нивото на енергија, да го регулира крвниот притисок и да го намали ризикот од одредени видови рак. Исто така ананасот е добар за плодноста, помага во дигестијата и ги лекува воспаленијата.rn
rnrnМожеби мислите дека лубеницата содржи премногу шеќер за да биде здрава, но таа е одлична за вас поради високиот процент на вода. Лубеницата содржи и многу аминокиселини, антиоксиданси, ликопен, калиум и витамини А, Б6 и Ц. Покрај слабеењето лубеницата ќе ве хидрира, ќе го подобри здравјето на срцето и ќе ги намали воспаленијата.rn
rnrnОва овошје го покачува добриот холестерол и го намалува апетитот. Грејпфрутот содржи многу витамин Ц, ликопен, калиум и влакна.rn
rnrnКрушите се навистина потценети кога станува збор за слабеење. Богати се со протеини, влакна, калиум, витамини Ц и К, а содржат и железо, калциум, магнезиум, бакар и антиоксиданси. Крушите се борат против слободните радикали, ја подобруваат дигестијата и го намалуваат ризикот од дијабетес. Тие се речиси 84% вода, па му помагаат на телото да се ослободи од токсините.rn
rnrnСигурно веќе знаете дека лимонот е пријател на вашата линија. Тој нуди многу витамин Ц и помало количество на тијамин, калциум, магнезиум и бакар. Покрај тоа што го алкализира телото и ја подобрува дигестијата, лимонот го одржува здравјето на коските, ја подобрува апсорпцијата на железо, па дури и ги раствора камењата во бубрезите.rn
rnrnКалинките се помеѓу најдоброто овошје за борбата против килограмите. Богати се со антиоксиданси, влакна, протеини, калиум, витамини Ц, Б6 и К, како и фосфор. Калинките помагаат при висок крвен притисок, воспаленија, холестерол и некои видови рак.rnrnПродолжува на 
rnrnДенес може да се каже дека веганската исхрана е глобален тренд. Во Велика Британија е забележан пораст од 350% на веганството во изминатите 10 години. Вегетаријанството забележало пораст од 400% во Португалија во минатата деценија, а 22% од луѓето во Хонг Конг одбираат растителни производи.rnrnДебатата што најчесто се води за овој начин на исхрана е врската помеѓу веганството и внесот на протеини. Сепак, постојат многу вегански алтернативи за протеини како киноа, зелен лиснат зеленчук, авокадо, семиња и јаткасти плодови. Покрај тоа, многу атлетичари и бодибилдери, личности кои имаат потреба од повеќе протеини, изјавуваат дека користат производи од растително потекло.rnrnВеганецот и атлетичар Доминик Томсон неодамна се префрлил на веганска исхрана од етички причини.rn
rnrnДолго време се веруваше дека компирот е грутка скроб со малку нутритивни вредности, но тоа не е точно, бидејќи токму белиот компир, за разлика од своите нови роднини, има висок гликемиски индекс. Кога е добро сварен или испечен и ако го јадете ладен, придобивките за вашиот организам се уште поголеми.rnrnЕден средно голем печен компир содржи 952 милиграми калиум, 4 грама растителни влакна, 4,5 грама протеини, мали количини витамин Б и Ц, калциум, магнезиум и само 164 калории.rn
rnrnИзминатите години беше популарно верувањето дека жолчката е премногу калорична и дека омлетот од белка е здрава варијанта на појадокот со јајца. Вистина е, јајцето содржи холестерол, но во разумна количина и избалансиран е со уште многу други нутритивни материи, особено корисни протеини за клетките и за функцијата на црниот дроб.rn
rnrnВо зависност од какво брашно е подготвена, тестенините и нивните варијанти можат да бидат важен дел од вашиот диететски план. Во комбинација со зеленчук, сос, печурки и различни видови сирење, еднаш до два пати во неделата, тестенините можат да ви бидат идеја за брза подготовка на оброк.rn
rnrnИако веќе е докажано дека не се штетни, кај многумина уште важи верувањето дека јатките се богати со масти кои може да ѝ наштетат на диетата. Но, во овој случај се работи за корисни масти кои му се потребни на нашето тело, а освен тоа, јатките се богати и со многу други хранливи материи, како омега 3, магнезиум, калциум и железо.rn
rnrnОвој производ предизвикува голема среќа, особено ако го пронајдеме во некој диететски план. Темното чоколадо со висок процент какао е богато со флавониди кои го намалуваат стресот, но и со антиоксиданси. Постои верување дека редовното консумирање темно чоколадо, во разумна количина, позитивно влијае врз когнитивните функции.rnrnДознајте уште и 
rnrnЗачините се составен дел од приготвувањето храна, а постојат и такви кои ќе го подобрат вкусот на зготвеното, дури и ако додадете сосема малку сол. Обидете се количината сол во рецептот да ја замените со зачини како што се кари, чили, бибер, босилек, копар, кардамом, ким, оригано или сок од лимон. Ќе се изненадите колку овие зачини можат да го подобрат вкусот на храната, без да треба дополнително да посолувате.rnrnПогледнете ги и овие 
rnrnВо продолжение, предлог мени за една недела:rn
rn
rnrnВитаминот Ц е исто така одличен за регулирање на стрес-хормонот во телото, а благодарение на антиоксидансните својства, се бори и против слободните радикали. Природни извори на витаминот Ц се цитрусните овошја, папајата, ананасот, јагодите, пиперката, доматите и брокулата.rnrnВо целосната исхрана секогаш треба да биде вклучена и пробиотска храна како што се јогуртот и киселата зелка, но и продукти со низок гликемиски индекс, како јајцата, рибата, месото и зеленчукот. Оброците треба да бидат распоредени на секои 4-5 часа во текот на денот, а заедно со предложените намирници треба да се комбинираат и житариците во умерена количина, а не треба да се заборават ниту здравите масла.rnrn
rnrnТемното чоколадо го регулира стресот и делува позитивно на кардиоваскуларниот систем. Чаевите релаксираат и го намалуваат стресот, а цитрусите помагаат во одржување на имунитетот, кој може да биде нарушен поради стрес. Индиските ореви се преполни со цинк и незаситени масти, а ѓумбирот го смирува дигестивниот систем, чија работа лесно може да биде нарушена поради стресот.rnrnЕдна чашка црно вино на ден помага во борбата против стресот, но оваа количина не смее да се надминува. Јогуртот е богат со пробиотици и калциум и поради тоа е одличен избор за регулирање на кортизолот и нарушениот имунитет.rnrnДознајте и 
rnrnКога ќе почнете да јадете повеќе овошје и зеленчук, на почетокот вашиот стомак нема да знае како да ги преработи. Целата здрава зелена храна на некој начин претставува шок за организмот. Може почесто да го посетувате тоалетот, а може и да страдате од констипација.rn
rnrnПромената на начинот на исхрана и внесувањето повеќе растителни производи може да ви создаде многу гасови.rn
rnrnПостојат добри и лоши масти. Здравите прехранбени производи како авокадо и одредени јаткасти плодови имаат многу здрави масти. Но, овој вид здрава храна често има и многу калории. Ако не обрнувате внимание на внесувањето на калориите, можно е и да ја покачите вашата тежина.rn
rnrnЗависноста од храна навистина постои. Ако сте навикнати да консумирате брза храна, без разлика дали е слатка или солена, а потоа наеднаш престанете, може да почувствувате симптоми на повлекување. Дозволете си понекогаш да „мамите“. Еден ред чоколадо не може многу да ви наштети.rn
rnrnКога мало дете ќе изеде многу шеќер станува хиперактивно, а потоа има нагло намалување на неговата енергија. Сличен феномен можете да очекувате и вие ако вашето тело е навикнато на храна со многу шеќер. За да го победите заморот, консумирајте зелен чај.rn
rnrnНе е воопшто чудно ако здравиот начин на исхрана ви стане здодевен. Штом ќе помине возбудата од промената, можно е да забележите дека планирањето на оброците е монотоно. Обидете се да пробувате нови рецепти за да ви биде позабавно.rn
rnrnАко сте премногу строги кон себе, големи се шансите за неуспех. Наглата промена на начинот на исхрана може да има и несакани ефекти како главоболки, нервоза и други непријатни чувства. Забавете и полека постигнете ја вашата цел.rnrnПогледнете и кои се 
rnrnТие се богати со здрави масти кои го чуваат срцето и заштитуваат од карциноми и дијабетес. Постојат и научни факти дека јатките помагаат во зачувување на виталноста на нервните клетки и мозокот. Секој ден изедете количина јатки колку што собира вашата дланка. Можете да изберете ореви, бадеми, лешници, бразилски ореви, индиски ореви или макадамија или пак нивна комбинација.rn
rnrnОва овошје најдобро успева во делови каде влијание има медитеранската клима. Смоквите се богати со флавониди и полифеноли кои освен што го штитат здравјето, ја чуваат и нашата убавина. Долго време смоквата се смета за овошје на младоста и виталноста. Диеталните влакна помагаат за подобро варење и побрзо исфрлање на отпадните материи од телото. Благодарение на антиоксидансите, ги чува клетките млади и витални. Можете да ги јадете и свежи и сушени.rn
rnrnЗа боровинките често се вели дека се хранлива бомба од витамини и минерали собрана во зрна. Тие помагаат да се обноват клетките, но и да бидат поиздржливи при изложување на сонце. Состојката антоцијанин, која всушност ја дава нивната боја, ефикасно се бори против оксидативниот стрес во организмот. Тие го стимулираат и лачењето на допамин, за подобро расположение и памтење. Препорачана доза е околу половина шолја за кафе. Набавете поголема количина и чувајте ги замрзнати, за да ги имате преку целата година.rn
rnrnОва овошје изобилува со витамин Ц и ја штити кожата од влијанието на сонцето. Сокот од калинка е одличен во надоместување на дел од штетата која ја направиле слободните радикали. Содржи и пуникалагин, соединение кое има големо антиоксидативно дејство, но и помага да се зачува колагенот во организмот, а со тоа ја заштитува и младоста.rnrnУште пет намирници на