КАФЕ ПАУЗА

Tag: исхрана

  • 6 замени за мајонезот од кои нема да се здебелите

    6 замени за мајонезот од кои нема да се здебелите

    Мајонезот е една од оние намирници кои ги сакате или ги мразите. Без разлика во која од овие две категории спаѓате, мајонезот има многу калории и масти и подобро е да се одбегнува.rnrn6 замени за мајонезот од кои нема да се здебелитеrnrnВерувале или не, една лажица мајонез содржи 100 калории и 12 грама масти. Сепак, доколку внимавате на тежината или сакате да се храните поздраво, постојат замени за мајонезот кои може да ги консумирате.rn

    1. Авокадо

    rnАвокадото содржи здрави масни киселини, антиоксиданси и нутриенти. Исто така, тоа има речиси 75% помалку калории од мајонезот, а многумина би го претпочитале вкусот на авокадо во сендвич или салата отколку оној на мајонез. Направете намаз од авокадо за да го замените мајонезот.rn

    2. Грчки јогурт

    rnОвој јогурт, кој е погуст од обичниот јогурт на кој што сме навикнати, е одличен начин да се одбегнат несаканите калории. Може да го измешате со туна или салата од пилешко или јајца за да добиете малку поразличен вкус.rn

    3. Маслиново масло

    rnОва е уште една намирница која содржи многу добри масни киселини. Иако неговата текстура не е иста како онаа на мајонезот, сепак ќе го намалите внесувањето на калории доколку го консумирате во умерени количини.rn

    4. Песто

    rnПестото е традиционален италијански сос кој се подготвува од босилек, пињоли и маслиново масло. Пестото е полно со витамини, антиоксиданси и минерали, па дури ќе се чувствувате добро што сте го додале во вашиот сендвич.rn

    5. Сенф

    rnСекогаш кога можете, заменете го мајонезот со сенф. Сенфот содржи значително помалку калории од мајонезот.rn

    6. Хумус

    rnХумусот не го заменува целосно мајонезот во салатите, но е добар избор кога станува збор за сендвичите. Комбинирајте го со разни видови месо и зеленчук.rnrnДоколку се решите да го отфрлите од исхраната, мајонезот може да го користите на други оригинални начини на кои веројатно не сте ни помислиле.

  • Намирници кои можеби не се вегански, иако мислите дека се

    Намирници кои можеби не се вегански, иако мислите дека се

    Веганството е начин на живот со кој се практикува одбегнување на користење производи кои поттикнуваат насилство или експлоатација на животните за производство на храна. Земајќи ја оваа дефиниција предвид, треба да се запрашаме дали всушност сите намирници кои мислиме дека се вегански навистина се тоа.rnrnНамирници кои можеби не се вегански, иако мислите дека сеrn

    Мед

    rnМедот е вегански доколку во процесот на производство не биле повредени пчели. Прашањето е: колку можеме да знаеме за начинот на производство на готовиот мед кој го купуваме во продавница или на пазар? Многу вегани го одбегнуваат медот поради оваа причина.rn

    Путер од кикиритки

    rnНекои брендови се направени само од масло и кикиритки, но во одредени има состојки кои можеби не се вегански. Прочитајте ги состојките на путерот од кикиритки пред да го купите.rn

    Крем од лешници

    rnКремовите од лешници како „Нутела“ не се вегански. Во голем дел од нив има млеко, иако во одредени земји може да се најдат и вегански верзии од нив.rn

    Шеќер

    rnМногу компании кои произведуваат шеќер користат алатки или уреди направени од животински коски во процесот на производство. Сепак, повеќето од нив денес користат помодерни методи и произведуваат шеќер кој е вегански.rn

    Чоколадо

    rnЧоколадните производи кои содржат млечни додатоци или шеќер може да бидат невегански. Барајте чоколадо кое содржи само малку додатоци. Темното чоколадо е безбедно за јадење.rn

    Путер

    rnПутерот содржи млеко и не е вегански. Треба да се внимава и со пекарските производи бидејќи некои пекари користат путер.rn

    Крекери

    rnПовеќето од брендовите на солени крекери се вегански, но треба да се проверат состојките за да се биде сигурен дека во нив нема остатоци од путер или сирење.rn

    „Орео“ колачиња

    rnБрендот на колачиња „Орео“ содржи состојки кои може да вклучуваат млеко, што ги прави невегански.rn

    Вино

    rnИзненадувачки, но секое вино не е веганско. Во производството на некои вина се користат остатоци од животински производи.rn

    Чипс

    rnТреба да истражите дали брендот користи ароми и вкусови кои содржат невегански состојки, како сирење. Повеќето брендови на класичен чипс се сепак вегански.rn

    Џем

    rnЏемот е вегански доколку не содржи мед. Во пакуваните џемови се додаваат засладувачи за вкус, така што повеќето џемови се вегански.rn

    Карамела

    rnКарамелата најчесто не е веганска бидејќи содржи путер или млечни додатоци. Оние кои се произведени на едноставен начин, без многу додатоци, се вегански доколку и шеќерот е вегански.rnrnСледно, прочитајте за истражувањето кое вели: Доколку сакате да живеете подолго, станете вегани.

  • Дали треба да им се дава вода на бебињата помлади од 6 месеци?

    Дали треба да им се дава вода на бебињата помлади од 6 месеци?

    За првпат станавте мајка и постојат многу прашања што ве мачат поврзани со исхраната на вашето бебе? Слушате различни мислења и луѓето околу вас ве советуваат како да постапите. Меѓутоа вие не знаете точно кого да послушате и сте збунети бидејќи не знаете што да правите и која е најдобрата опција.rnrnrnrnЕкспертите советуваат дека е опасно да им се дава вода на бебињата помлади од 6 месеци!rnrnСите знаеме колку е важно да се внесува вода, посебно во летниот период кога се потиме повеќе. Поради тоа некои родители мислат дека некоја голтка вода ќе им помогне на бебињата да се разладат, но експертите предупредуваат дека на бебињата не треба да им се дава вода без оглед на надворешната температура. Тие истакнуваат дека дури и мала количина вода може да го наруши балансот во нивните малечки тела. rnrnДавањето вода на бебе помало од 6 месеци може да ги преоптовари бубрезите и да доведе до сериозна состојба која се нарекува хипонатремија. Бубрезите кај малите бебиња не се доволно зрели и водата може да предизвика интоксикација како резултат на неурамнотежени електролити, како што е натриумот. Тоа може да доведе до хипонатремија што всушност е состојба кога премногу вода го разблажува натриумот во телото. Таквата состојба може да предизвика компликации како отекување на мозокот, напад па дури и смрт во некои екстремни случаи.rnrnБебињата имаат многу мал желудник кој водата многу лесно го исполнува поради што тие послабо јадат и внесуваат помалку потребни хранливи материи. На бебињата до 6 месеци треба да им се дава исклучиво мајчино млеко или формула.rnrnКако и возрасните, така и на бебињата и на малите деца им се потребни доста течности за да не дехидрираат. Но, ако го доите бебето, нема потреба покрај мајчиното млеко да му давате и вода. Единствено на лето кога е премногу топло тие ќе сакаат повеќе да цицаат. Ако ве загрижува дехидрацијата или не сте сигурни дека вашето бебе не јаде доволно, консултирајте се со лекар!rnrnДознајте кои работи нема потреба да ги купувате за новото бебе.

  • Доктор Мати од Тајван: Научете го телото само да ги исфрла отровите за да ослабите без диети

    Доктор Мати од Тајван: Научете го телото само да ги исфрла отровите за да ослабите без диети

    Можете да се грижите за вашето тело, здравје и фигура колку сакате, но телото нема да стане идеално ако содржи непотребни работи. Овде станува збор за отпадот во вашето тело. Поради тоа детоксикацијата (различните методи за чистење на телото) стануваат сè попопуларни во светот. Добрата програма за детоксикација треба да биде нежна, но ефикасна и да се заснова на добри навики. Доктор Мати е тајвански специјалист за здрав живот и многу е популарен поради својот метод „Тенки нозе и рамен стомак од Мати“. Тој има обожаватели ширум светот кои изгубиле тежина благодарение на неговиот метод, но и постигнале поквалитетни услови за живот.rnrnrn

    Доктор Мати изјавува: „Ако сакате да имате чиста кожа и слабо тело, треба да го истренирате вашиот организам да го исфрла отровот (пот, урина и столица).“

    rnАкумулацијата на овие отпадоци се манифестира со лошо варење на храната, сува кожа и губење на косата. Важниот фактор за здравје и убавина зависи од тоа како токсините се исфрлаат и издвојуваат од телото.rnrnrnrnПравилното чистење на телото се случува дури тогаш кога ќе се исфрли отпадот од организмот. Па, како да го сторите тоа?rn

    1. Утринска навика

    rnКога ќе се разбудите, не станувајте одма. Прво облечете чорапи пред да стапнете на подот. Чорапите не ги греат нозете туку им ја одржуваат топлината. Дури и во најтоплото време овој метод делува на поттикнување на природниот метаболизам и правилниот проток на крв. Важно е глуждовите и стапалата никогаш да не бидат ладни.rn

    2. Навики пред вечера

    rnИспијте една чаша прочистена вода којашто има иста температура како вашата телесна температура. Струкот ќе ви биде подебел ако пиете премногу топли или премногу ладни пијалаци. А, течноста што е приближно со иста температура како вашето тело, ќе ви помогне да ги исфрлите токсините од организмот. Чашата вода пред оброкот ја смалува количината на внесена храна и доведува до ситост. Исто така, многу е важно да пиете вода додека стоите исправено бидејќи на тој начин таа побрзо ќе стигне до стомакот.rn

    3. Прехранбени навики

    rnПлунката е многу важна. Таа го поттикнува брзото варење на храната. Денешниот човек има помалку плунка бидејќи јаде преработена храна која не предизвикува излачување на плунка. За да го поттикнете излачувањето на плунката, пред јадењето јазикот треба силно да се исплази во траење од 60 секунди. Плунката сама ќе почне да тече што значи дека вашиот организам одма ќе го започне процесот на варење на храната.rn

    4. Навики со овошјето

    rnДоктор Мати споменува дека е многу важно времето кога се јаде овошјето. Тој советува дека ако немате стомачни проблеми треба да јадете наутро на празен стомак бидејќи единствено тогаш телото ќе ги преземе сите потребни витамини. Ако јадете овошје после оброк, попладне или навечер, процесот на варење трае подолго.rnrnДознајте со кои навики во исхраната ќе го зачувате здравјето и без држење диети.

  • Позната фитнес инструкторка изјавува: Рестриктивните диети никогаш не даваат посакувани резултати

    Позната фитнес инструкторка изјавува: Рестриктивните диети никогаш не даваат посакувани резултати

    Советите за слабеење и витка линија секогаш се добредојдени. Уште повеќе кога тие ни ги даваат едни од најуспешните и најпознатите фитнес инструктори и нутриционисти. Клучот е навистина едноставен, но треба да се применува редовно. Не е воопшто тешко да се придржуваме на здрави навики, но потребна е конзистентност за да се видат резултати.rnrnrnrnВи откриваме што советува Џилијан Мишел кога е во прашање фитнесот.rn

    „Спроведувањето на екстремно рестриктивна исхрана која не е одржлива е рецепт за катастрофа“, вели таа.

    rnЏилијан нагласува дека постојат две клучни работи за губење на тежината: едноставно внесување калории и обрнување внимание на состојките во храната!rnrnВо поглед на прехранбените навики, таа е голем поборник на здрава исхрана и развивање на здрава и урамнотежена рутина. Секое утро го започнува со шолја кафе. Кафето содржи низа антиоксиданти и полифенол поради што придобивките од него се поврзани со когнитивно функционирање, здравје на срцето, кондициски перформанси, намален ризик од болести на црниот дроб, а може да помогне и кај дијабетес тип 2.rnrnПосле појадокот во таа прилика внесува околу 500 калории, четвртина од нејзиниот дневен внес калории.rn

    „Целта ми е внесување релативно рамномерна комбинација на здрави сложени јаглехидрати, протеини и полинезаситени или мононезаситени масти.“

    rnСекогаш со себе носи здрава храна, во случај да ја изненади напад на глад и да ја дочека неспремна.rn

    „Сакајте се себеси и грижете се за своето тело. Најважно е вашето лично доживување и дали се чувствувате удобно во својата кожа, а не она што ќе го кажат другите“, заклучува Џилијан.rn

    rnДознајте и колку е навистина важна здравата исхрана.

  • Хималајска или морска сол: Која е подобра за вас?

    Хималајска или морска сол: Која е подобра за вас?

    И хималајската и морската сол можат да се најдат во многу домаќинства што не е воопшто чудно бидејќи се сметаат за поздрави од обичната готварска сол. Но, која е разликата помеѓу нив? Хималајската и морската сол имаат неколку заеднички карактеристики, но помеѓу нив постојат и важни разлики. Хималајската сол се наоѓа во регионот Пуњаб во Пакистан каде што тој обоен камен сол се минира и се употребува повеќе од илјада години. За разлика од хималајската сол или готварската, морската сол не се екстрахира од минерално таложење, туку директно од морската вода.rnrnХималајска vs Морска сол: Која природна сол е подобра?rnrnПрочитајте ги и другите нивни разлики, и дознајте која е подобра за вас.rn

    Боја

    rnХималајската сол има розова боја која ја добива од камените рудници, а таа доаѓа од богатата концентрација на железо. Морската сол се наоѓа во различни нијанси, од зелена и црвена до сива и црна. Со оглед на тоа дека се екстрахира од мориња низ светот, бојата и вкусот на солта ќе зависат од минералниот состав и алгите.rn

    Хемиски состав

    rnСоставот на хималајската сол во најголемиот дел содржи натриум хлорид по што всушност е доста слична на готварската и морската сол. И двете се природни и затоа можат да содржат минерални нечистотии, како на пример големо ниво олово и бакар, како и последици од загаденост на околните места.rn

    Вкус

    rnКога станува збор за соленоста, помеѓу нив нема голема разлика. Општо, солта во гранули ќе соли повеќе, а колку тие се поголеми толку повеќе ќе соли. Поради влијанието на минералите, и хималајската и морската сол имаат почист вкус од готварската сол. Природните соли немаат толкава острина како готварската сол кога се користат во јадењата.rn

    Текстура

    rnМорската сол има природна влажност и помека текстура односно во храната побрзо се раствора од хималајската. И двете имаат погруба текстура од другите поради што често се користат како последни во зачинување на храната. Нивната текстура ги прави совршени за користење во расол и маринада.rn

    Здравствени придобивки

    rnПреработка: За да биде безбедна за консумирање, хималајската сол треба да се преработи и прочисти исто како и обичната готварска сол. После преработката во хималајската сол остануваат одредени состојки кои се корисни за човечкото здравје, а кои готварската сол ги нема. Од друга страна пак, морската сол настанува од испарување на морската вода со помош на сончева топлина, а процесот на преработка трае пократко од преработката на хималајската сол.rnrnМинерали: Хималајската сол содржи железен оксид и други минерални траги. Морската сол исто така содржи некои минерали и траги на калиум, железо и цинк.rnrnСулфати: Според некои тврдења, потемната морска сол содржи повеќе сулфат поради што е и поздрава.rnrnИ хималајската и морската сол имаат свои предности и од нив може да имате само придобивки, а која ќе ја користите зависи од вашиот личен избор. Бидете доволно љубопитни за да експериментирате и со двете за да дознаете која најмногу им одговара на вашето тело и организам.rnrnДознајте и кои намирници содржат повеќе сол од кесичка чипс.

  • Сте слушнале за трендот на исхрана 16:8 кој е мегапопуларен во цел свет?

    Сте слушнале за трендот на исхрана 16:8 кој е мегапопуларен во цел свет?

    Барате нов начин на исхрана што ќе ви даде ефикасни резултати? Можеби ние го имаме вистинското решение. Постојат повеќе верзии на овој начин на исхрана, а најважно е дека навистина делуваат и не за џабе се толку популарни во светот и практикувани од илјадници луѓе.rnrnСо оваа диета се вежба дисциплината, а личноста која се придржува на неа станува свесна за тоа што го јаде и така ги постигнува посакуваните цели.rnrnСте слушнале за трендот на исхрана „16:8“ кој е популарен во цел свет?rnrnДиетата 16:8 е тренд за слабеење, а се состои од секојдневно постење и умерено уживање во храната. Разни лекари и нутриционисти, па и некои самопрогласени фитнес стручњаци од интернет постојано вадат нови програми на диетата со тврдење дека нивната е најздрава и најефикасна.rnrnИмајте на ум дека не смеете да почнувате ниту еден режим на исхрана без претходно консултирање со лекар, а ако сакате да се потпрете на трендовите изберете го оној кој ви звучи најразумно.rn

    Како се спроведува овој режим?

    rnКонцептот е едноставен – секој ден се состои од 24 часа – во текот на 8 часа смеете да јадете умерено и колку што е можно поздрава храна по ваш избор, а останатите 16 часа мора да постите односно да не внесувате никаква храна освен вода, чај или кафе без шеќер.rnrnМожеби ви делува шокантно да бидете 16 часа без храна, но оние кои ја испробале диетата изјавуваат дека не е воопшто тешко. Најголемиот број луѓе што се придржуваат на овој режим на исхрана јадат од 8 до 17 часот или од 10 до 18 часот, што значи дека не јадат само попладне и навечер односно кога спијат. На таков начин ги исфрлаат непотребните грицки и калориите кои би ги внеле со прејадување.rnrnОрганизмот има безброј придобивки од постењето затоа што се забрзува метаболизмот и се подобруваат органите за варење, а заедно со килограмите се намалува и крвниот притисок.rnrnОва се најосновните податоци што треба да ги знаете за започнување на овој режим на исхрана, а секако постојат различни варијации и детали кои можете дополнително да ги истражите.rnrnИнформирајте се и за овие опасности од кето диетета.

  • 5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната

    5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната

    Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за храната без глутен, голема е веројатноста дека вашиот организам не може да го толерира глутенот. Повеќето луѓе кои се исхрануваат безглутенски го прават тоа поради алергија, нетолеранција или Целијакија.rnrnКако да се ослободите од глутенот во 5 едноставни чекори?rnrnОваа состојба се јавува кога човечкото тело не може да го толерира глутенот, а тоа значи дека е забрането внесување пченица, јачмен, ‘рж и сè што е направено од нив. Дури и малечки количини пченичен леб може да предизвикаат сериозни проблеми. Ако имате дијабетес мора да појдете на лекар и да се проверите затоа што околу 10% од луѓето со дијабетес тип 1 го имаат ова нарушување.rnrnПа, доколку имате потреба од безглутенска исхрана, следниве чекори ќе ви помогнат брзо да го исфрлите од вашиот режим на исхрана…rnrn

    1. Проучете го вашиот моментален начин на исхрана

    rnПрвиот чекор е да го проучите вашиот начин на исхрана и да одлучите што ќе исфрлите. Речиси секој прехранбен продукт има состојки кои се напишани на пакувањето. Тоа законски треба да биде така, но доколку е потребно секогаш можете да побарате информации онлајн. Оштетената етикета не би требало да ве спречи во намерата сè додека имате пристап до Интернет. Треба да барате три специфични работи: пченица, јачмен и ‘рж во секаква форма (вклучувајќи ги и нивните изведенки).rnrnНаправете ги следниве две листи кои содржат храна што можете да ја јадете и е безбедна за вас, и храна што не смеете да ја јадете. Можеби ќе можете и да ги запомните овие листи, но доколку ги запишете побрзо ќе станат дел од вашата меморија.rnrnБезбедна храна:rn

      rn 011

    • Овошје
    • rn 011

    • Зеленчук
    • rn 011

    • Свежи јајца
    • rn 011

    • Свежо месо/Живина
    • rn 011

    • Риба
    • rn 011

    • Мешункаст зеленчук (грав, грашок)
    • rn 011

    • Семки и јаткасти плодови
    • rn 011

    • Млечни производи
    • rn 011

    • Ориз
    • rn 011

    • Тапиока
    • rn

    rnНебезбедна храна:rn

      rn 011

    • Пиво
    • rn 011

    • Крекери
    • rn 011

    • Повеќето десерти
    • rn 011

    • Житарици
    • rn 011

    • Торти
    • rn 011

    • Пити
    • rn 011

    • Палачинки/вафли
    • rn 011

    • Тестенини
    • rn 011

    • Преработено месо
    • rn

    rn

    2. Појдете до супермаркет

    rnГотвењето до некој степен е прашање на креативност. Вие треба да одредите кои намирници ќе ви бидат потребни. Бидејќи сите безглутенски начини на исхрана ја исфрлаат храната богата со јаглехидрати на која сте биле навикнати, треба да ги прилагодите вашите кулинарски вештини и да им најдете замена.rn

    3. Информирајте ги вашите пријатели и семејството

    rnЛуѓето честопати јадат заедно како дел од социјалните активности. Поради тоа треба да им ставите до знаење на вашите пријатели и роднини (тие што ги гледате почесто) дека сте на безглутенски начин на исхрана. Ова ќе ви помогне да бидете сигурни дека нема да паднете во искушение поради храна што содржи глутен, ќе спречи случајно да внесете глутен на Божиќната вечера или на некој друг настан. Доколку сте на студии тоа значи дека имате уште поголеми предизвици.rnrnЗа тие што живеат со вас треба да постојат одредени предупредувања за да се избегне крос-контаминацијата. Не чувствувајте вознемиреност поради недоразбирања. На пример, да речеме дека некој прави сендвич во кујната и оставил лебни трошки. После тоа доколку некој што не е толерантен на глутен почне да подготвува храна на истото место започнува да има реакции од трошките. За да се избегне овој проблем наједноставно решение е да се избрише површината каде што се подготвувала храната.rnrnВлијанието на средината е нешто кое влијае врз сите (дури и доколку не сакаме да го признаеме тоа.) Придржувањето до безглутенска исхрана е многу полесно доколку другите околу вас не ги наметнуваат нивните идеи. Секако дека не треба да ги исфрлите од вашиот живот пријателите кои ви нудат парче леб или тост, но да не заборавиме дека во природата на луѓето е да сакаат да го прават она што другите го прават.rn

    4. Истражете ја алтернативната храна

    rnОткако ја поставивте диетата сега треба да побарате замени. Добра идеја е да ги исклучите производите со леб, особено кога не сакате да дозволите нешто да ви наштети. Како и да е, откако целосно ќе се ослободите од лебот треба да почнете да барате негова замена, како на пример, оризово брашно. Технички, лебот може да се направи од секоја сува супстанца. Луѓето го прават лебот од многу различни работи, откритие што ќе ве воодушеви. Никоја од нив не функционира како белото брашно, но постојат многубројни опции кои се негова замена.rn

    5. Истражете ги непознатите територии

    rnПостојат непрехранбени продукти кои често содржат глутен како што се одредени козметички производи што го користат глутенот како материјал. Тој може да се содржи и во пластелин со кој децата си играат, но е ризичен за оние што се осетливи на глутенот. Исфрлете го од домот доколку вашите деца пробале да јадат пластелин (ова е вообичаено кај помалите деца кои барем еднаш го направиле тоа) за да немаат можност да дојдат во контакт со него. Некои мултивитамини содржат глутен, па секогаш проверувајте ја етикетата пред купување.rnЛековите се друг можен извор на непосакуван глутен. Некои лекови содржат малку, но некои се познати дека го користат како основа за другите супстанци. Овој проблем се решава лесно затоа што секој добар доктор ќе избегне да ви дава медикаменти што содржат глутен. Секогаш информирајте го вашиот доктор за нетолеранцијата на глутен дури и кога се лекувате од целосно различна состојба.rnrnОдредени прехранбени продукти се наоѓаат во сива зона помеѓу „безбедни“ и „небезбедни“.rnrnСупата е добар пример. Повеќето супи не содржат леб, но други употребуваат пченица како основа. Ова повеќе може да се забележи кај поевтините брендови затоа што пченицата е поевтина и полесно достапна. Поради тоа некои супи содржат глутен, а некои не. Друг добар пример е оцетот. Оцетот од сладок јачмен содржи глутен и треба да се избегнува. Додека јаболковиот оцет не содржи.rnrnКога станува збор за слатките, бидете посебно внимателни затоа што половина од најпознатите видови содржат глутен. Кога ќе додавате производи во вашата листа обидете се да ги подредите според специфичните имиња затоа што постојат многу варијации.rnrnНачинот на живот без глутен не е тежок. Кога еднаш ќе се навикнете на неколкуте едноставни правила и предупредувања, тоа ќе стане дел од вашата природа и нема да ви требаат дополнителни напори.rnrnСледејќи ги овие 5 едноставни чекори слободно можете да преминете на безглутенски начин на исхрана со минимален ризик и возбудување. Пробајте да не ја гледате како проблем вашата состојба. Можеби на некој начин таа е проблем, но нема да имате придобивки доколку ја доживувате така. Наместо тоа, гледајте ја како предизвик и изговор да живеете здрав живот – нешто кое сите треба да го практикуваме.rnrnДознајте и кои се симптомите кои укажуваат на нетолеранција на глутен.

  • Како правилно да ја храните вашата мачка?

    Како правилно да ја храните вашата мачка?

    Изгледа дека поголемиот дел од сопствениците на мачки погрешно ги хранат нивните миленичиња. Еден ветеринарен извештај од 2018-та година ги покажува потребите на мачките кога станува збор за нивната исхрана.rnrnКако правилно да ја храните вашата мачка?rnrnСпоред извештајот, повеќето домашни мачки зависат од нивните сопственици за храна и тие јадат што сакаат, кога сакаат. Односно, повеќето мачки имаат чинија со храна која е постојано полна. Како резултат, мачката јаде помали оброци неколку пати дневно, без да се земат предвид индивидуалните потреби за енергија на мачката.rnrnНаводно, ова е спротивно од еволуцијата на мачките и може да има негативни здравствени последици. Мачките се ловци и хранењето на овој начин не им дава „еколошка стимулација“. Исто така ова е причината што многу мачки стануваат дебели и ја намалуваат физичката активност, бидејќи самото јадење им станува активност. Кога се случува ова, можат да се појават низа проблеми, вклучувајќи и анксиозност, стрес и слично.rnrnОд друга страна, во домаќинство со повеќе мачки, некои можно е да не добијат доволно храна бидејќи нивните браќа и сестри се посилни. Во овие домови, мачките можат самите да се ограничат на некои делови или соби поради нивните социјални врски, карактери и генетика. Некои мачки можат да одат во сите простории, додека некои имаат малку места на кои се чувствуваат безбедно.rnrnПа како правилно да ја храните вашата мачка? Според Асоцијацијата, обидете се да ја храните на поприроден начин. На пример, можете да оставате храна низ разни локации од домот, така што ќе ја задоволите желбата на мачката да трага по храна. Истовремено, ќе го охрабрите вашето милениче да вежба.rnrnНајдобро е да им давате на мачките мало количество храна, неколку пати во денот, наместо да оставите премногу храна во чинијата. Доколку чувате повеќе мачки, најдобро е да ги храните насамо. Ова ќе ја намали анксиозноста поврзана со здравствените проблеми. Исто така, храната оставајте ја понастрана од кутијата со песок.rnrnНајдобро е да поставите одредена цел. Доколку вашата мачка е дебела или изгледа преслабо, разговарајте со ветеринар кој ќе ви помогне да одлучите што е најдобро за вашето милениче.rnrnПогледнете и како мачките ја искажуваат нивната љубов.

  • 30 правила за исхрана од жена која живеела 103 години

    30 правила за исхрана од жена која живеела 103 години

    Евгенија Петерсон, позната и како Индра Деви, станала првата жена која ги открила тајните на јогата на Европа и Америка. Во текот на нејзиниот долг живот, таа го променила нејзиниот животен стил неколку пати – од побожна жена, па сè до духовен водач.rnrn30 правила за исхрана од жена која живеела 103 годиниrnrnЕвгенија го пропатувала целиот свет, зборувала 12 јазици и живеела во три држави – Русија, Индија и Аргентина.rnrnТаа станала првата личност од Европа која самостојно почнала да подучува хинду јога. По смртта на нејзиниот сопруг, се преселила во Калифорнија и отворила студио за јога, што ѝ помогнало да стане позната помеѓу холивудските ѕвезди. Некои од нејзините ученици биле и Мерлин Монро, Грета Гарбо, Рита Хејворт и Глорија Свенсон.rnrnПишувала и книги кои станале бестселери во САД, а во нив ги опишувала своите принципи за исхрана до кои се придржувала. Па, погледнете ги нејзините 30 правила за исхрана и долг живот.rnrn1. Никогаш не пијте вода со мраз, особено кога јадете, бидејќи тоа ја попречува природната циркулација на желудочните сокови и пречи при варењето. Навиката за пиење вода со мраз е американски национален грев против здравото варење.rnrn2. Наутро и навечер пијте чаша свежа вода на собна температура. Можете да додадете и малку лимон. Топлата вода или билниот чај со мед или лимон, за време на летото е освежувачки.rnrn3. Пијте 5 до 8 чаши вода дневно. Покрај воздухот, водата е витална за нас. 80% од нашето тело се состои од вода. Во текот на денот исфрламе околу 2,5 литри вода. Недостатокот од вода често предизвикува констипација, проблеми со дебелото црево, дисфункција на црниот дроб и бубрезите и проблеми со цревата.rnrn4. Немојте да пиете вода за време на оброкот, туку половина час пред, или 2-3 часа после оброкот за да не го нарушите процесот на варењето.rnrn5. Пијте вода со мали голтки, а не одеднаш.rnrn6. За да се ревитализираат елементите изгубени за време на течењето на водата, треба неколкупати да ја префрлите водата од еден сад од друг. Оваа вода има засилувачки и стимулирачки ефект кој не постои во „мирната“ и „безживотна“ вода.rnrn7. Поздраво е да јадете овошје отколку да пиете овошни сокови.rnrn8. Природните сокови правете ги од морков, ротквици, цвекло и слично. Додајте и малку зеленило.rnrn9. Алкохолот, чајот, кафето, какаото и чоколадото не се препорачуваат, бидејќи имаат кофеин и стимуланси.rnrn10. Млекото е храна, а не течност. Би требало да се пие со мали голтки, во спротивно ќе предизвика проблеми со варењето.rnrn11. Нашето тело не се храни со храната којашто ја консумираме, туку само со храната што може да ја апсорбира.rnrn12. Внимателно одбирајте ја најпогодната храна. Исто како што одбирате, фустан, шешир или вратоврска. Прво треба да експериментирате – пробајте разни намирници и разни комбинации за да ја откриете исхраната што најмногу му одговара на вашето тело.rnrn13. Избегнувајте ги сите „безживотни“ производи – конзервирана храна, бело брашно, рафиниран шеќер… Јадете кафеав ориз, брашно од цело зрно, кафеав шеќер или мед. Не препуштајте им се на слатките, колачиња или оцетот.rnrn14. Темелно џвакајте ја храната, особено онаа што е богата со скроб, така што доволно ќе ја натопите со плунка. Во спротивно, скробот нема да се претвори во гликоза, ќе се таложи во стомакот и таму ќе се распадне за неколку часа.rnrn15. Препечениот или бајат леб е поздрав од свежиот. Немојте да пиете ништо додека јадете, за плунката да може да го преработи скробот.rnrn16. Немојте да јадете повеќе од еден вид храна богата со скроб одеднаш. На пример, доколку јадете ориз, немојте да јадете и леб, компир, тестенини и слично.rnrn17. Доколку сте загрижени за силна перисталтика, препорачливо е да направите план за исхрана така што нема да консумирате скроб и протеини заедно, особено со продукти што содржат сулфур, како грашок, зелка, карфиол, јајца и слично.rnrn18. Не фрлајте ја водата во којашто сте вареле зеленчук. Можете да ја користите како додаток за супи или да ја пиете. Најкорисна е водата од компири.rnrn19. Не фрлајте ги врвовите од морковите, ротквицата, пашканатот и слично. Сварете ги и искористете ги за супа.rnrn20. Зеленчукот треба да се приготвува во малку вода на слаб оган. Уште подобро е да го приготвувате без вода, во сад за пареа.rnrn21. Избегнувајте ја пржената храна бидејќи се апсорбира бавно. Мастите последни го напуштаат телото.rnrn22. Сите животински масти, како оние во маргаринот, јајцата, путерот и млечните производи го зголемуваат нивото на холестерол во крвта и се таложат на телото.rnrn23. Најмногу холестерол има во мозокот, жолчките и дробот, а најмалку во млекото, свежото сирење и рибата.rnrn24. Секоја храна богата со животински масти е опасна. Големиот процент масти и нискиот процент протеини го спречуваат делувањето на ензимите.rnrn25. Не заборавајте дека кога станува збор за исхраната, не е важен само бројот на консумираните калории или масти, туку и составот на овие масти.rnrn26. Секое загревање на храната која содржи какви било масти, вклучувајќи ги растителните, ја прави храната непогодна за јадење. Истиот ефект се добива и доколку повторно го употребувате истото масло или кога пржете храна.rnrn27. Најважното правило нема врска со количеството и квалитетот на храната, ниту со начинот на готвење. Најважен е вашиот став кон храната за време на оброкот.rnrn28. Процесот на јадење треба да биде бавен, да ви причинува задоволство и да се одвива во пријатна атмосфера.rnrn29. Храната апсорбирана под стрес, иритација или лошо расположение предизвикува токсични промени во телото. Затоа, најдобро е воопшто да не јадете во ваква состојба, туку да почекате да ви се подобри расположението.rnrn30. Обидувајте се да избегнувате непријатни разговори околу храната. Добро поставената маса го прави оброкот попријатен, исто како и насмевката или веселиот разговор. Благословете ја вашата храна и дозволете ѝ да ви донесе радост.rnrnДознајте и кои се намирниците кои го подмладуваат организмот.