КАФЕ ПАУЗА

Tag: исхрана

  • Домашна послепразнична детоксикација

    Домашна послепразнична детоксикација

    По прославата на Нова година се чувствуваме уморно и имаме чувство како да сме добиле неколку килограми плус. Затоа ви предлагаме неколку начини за детоксикација на организмот.rnrnДомашна после празнична детоксикацијаrn

    Сок за прочистување на телото

    rnПо празниците, на вашето тело сигурно ќе му годи детоксикација. Време е да посегнете по сокот од домати, кој ќе ги отстрани сите токсини од вашето тело. Овој напиток го стимулира метаболичниот процес и со тоа го забрзува процесот на прочистување. Како да го приготвите? Во половина килограм исцеден сок од домат додајте малку исечкан кромид и на крај зачинете со прстофат чили и промешајте. Таквиот сок за детоксикација е само вовед во здравата исхрана, кон која сега треба да се придржувате!rn

    Пијте само вода!

    rnПиењето околу 2 литри вода на ден помага во одржувањето на нормалното ниво на течности во организмот. Исто така, водата дава чувство на ситост благодарение на што јадеме помалку. Што е најважно, таа не содржи дополнителни калории или шеќер, што за жал, не може да се каже за соковите и газираните пијалаци.rn

    Користете помала чинија

    rnКога јадете во помали чинии, помалку јадете. Една мала чинија ќе ве натера да мислите дека сте изеле доволно храна. Но, не смеете да ја дополнувате чинијата. Овој едноставен трик ќе ве натера да јадете и до 1/4 помалку од вообичаено!rn

    Имајте оброк секогаш во точно одредено време

    rnВоспоставувањето на таа навика ќе ви биде тешко на почетокот, но со текот на времето ќе откриете дека ова правило е одлично решение. Фиксирајте го времето предвидено за оброци. Треба да имате три главни оброци и две закуски во текот на денот. По една недела, ќе престанете да чувствувате глад.rn

    Калорични замки

    rnЗдравата салата не е повеќе нискокалорична ако во неа додадете богат сос. Дури и малото парче зеленчук прелиено со сирење ќе стане калорична бомба. Методот на подготовка е исто така, важен: прженото месо заменете го со месо на скара. Јадете повеќе риби!rn

    Внимавајте и на овошјето што го внесувате!

    rnТоа содржи шеќер наречен фруктоза. Затоа треба да јадете многу повеќе зеленчук отколку овошје.rn

    Воспоставете рамнотежа

    rnЗапочнете го денот со вода и сок од лимон. Може да воспоставите рамнотежата на PH вредностите преку внесување на многу коренест зеленчук (цвекло, моркови) и лиснат зеленчук (кељ, спанаќ). Изберете овошје кое ќе го алкализира организмот како смокви или урми.rn

    Корисни растителни влакна

    rnРастителните влакна му помагаат на дигестивниот систем да функционира правилно. Затоа е многу важно да ги консумирате колку што е можно повеќе по празниците. Со секој оброк внесувајте производи од пченично брашно, леб или овесни каши.rn

    Фокусирајте се на состојките додека јадете

    rnЈадете полека и не правете ништо друго во исто време. Гледањето телевизија, читањето книги или работењето на компјутер додека јадете ќе ве натера да проголтувате преголеми парчиња храна. Најлошо од сè, е што тогаш воопшто не се фокусирате на храната, па затоа сте гладни само еден час по оброкот.rnrnA, дали некогаш сте се запрашале колку навистина е важна здравата исхрана?

  • Исхрана според хороскопските знаци: Огнени знаци

    Исхрана според хороскопските знаци: Огнени знаци

    Може ли астрологијата да ви помогне во пронаоѓањето на правилната исхрана за вас и така да ви даде нова надеж во борбата против вишокот килограми и проблемите со дигестивниот систем? Еве што велат ѕвездите за тоа која храна е најдобра за вас, а која треба да ја избегнувате според вашиот хороскопски знак.rnrnИсхрана според хороскопските знаци: Огнени знациrnrnОгнени знаци: Јадете што помалку зачинета хранаrn

    Овен

    rnОвните треба да вклучат кафеав ориз, кромид, лук, домати, карфиол, брокула, грав, леќа, моркови, маслинки, ротквици, зелена салата и ореви во нивната исхрана. За претставниците на овој знак најмногу се препорачуваат суви кајсии, потоа банани, смокви, грејпфрут, лубеница и здрави овошни сокови, а од месата се препорачува јагнешко.rnrnСовет: Треба да избегувате зачинета храна, сол и алкохол.rnrnОброците на Овните треба да бидат едноставни и брзи за подготовка, бидејќи тие често немаат време, многу се нетрпеливи и постојано брзаат. Затоа, ако премногу долго чекаат за нарачаниот оброк, може да станат кошмар за келнерите.rn

    Лав

    rnАко сте родени во хороскопскиот знак на Лавот, во вашето мени треба да вклучите ориз, целозрнеста исхрана, коренест зеленчук (како моркови и компири) модар патлиџан, домати, спанаќ, кељ, брокула, краставици, лук, лосос, а од јаткастите плодови се препорачуваат ореви, бадеми и сончоглед. Кога станува збор за овошјето треба да консумираат агруми (портокали, лимони, мандарини), потоа ананас, дињи, праски, јаболка и авокадо, а од месото се препорачува мисиркино.rnrnСовет: Треба да внесувате што е можно помалку млечни производи, мрсна и зачинета храна.rnrnКако по правило, Лавовите имаат избалансирани и правилни навики во исхраната и може навистина да уживаат во храната.rn

    Стрелец

    rnСтрелците треба да внесуваат што е можно помалку маснотии, така што им се препорачува мисиркино и не толку мрсно свинско месо. Во нивната чинија треба да се најдат и лососот, интегралните житарки, коренестиот зеленчук, маслинките, лукот, црвениот кромид, спанаќот, морковите, артичоките и зелјето, а од овошјето се препорачуваат: смокви, портокали, јаболка, круши и јагоди.rnrnСовет: Стрелците треба да избегнуваат преработен шеќер, алкохол и зачинета храна.rnrnЕкспериментираат со егзотична храна која честопати им предизвикува многу проблеми со варењето.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои се причините поради кои секој хороскопски знак е склон кон токсични врски?rn

  • Применете ја оваа едноставна навика за брзо слабеење и имајте долготрајни резултати

    Применете ја оваа едноставна навика за брзо слабеење и имајте долготрајни резултати

    Се чини дека оброците распределени во временски ограничена рамка се делотворни затоа што се ускладени во цикличен ритам, односно се во согласност со биолошкиот часовник на секој поединец.rnrnПрименете ја оваа едноставна навика за брзо слабеење и имате долготрајни резултатиrnrnЕдно неодамнешно истражување на Salk – институтот за билошки истражувања од Калифорнија – покажало дека временското планирање на оброците е алатка која многу ветува во однос на контролата на телесната тежина. Истражувањата за исхраната се занимаваат не е само со тоа што јадеме, туку и како јадеме – нашето однесување и навиките поврзани со исхраната. На тој начин се открива најреалниот пристап за контрола на тежината.rnrnПоследното пилот истражување кое траело 12 недели покажало дека учесниците кои јаделе оброци во 10-часовна временска рамка, постигнале успеси во регулацијата на телесната тежина. Покрај тоа, овие учесници ги намалиле маснотиите околу струкот, крвниот притисок и нивото на холестерол, а нивото на шеќер во крвта им се стабилизирало.rnrnВо истражувањето во кое учествувале 19 лица со метаболичен синдром немало ограничување на оброците или на бројот на калориите. Пред да учествуваат во истражувањето, учесниците имале оброци во рамки од 14 часа или подолго, во текот на едно деноноќие.rnrnМетаболичниот синдром се дијагностицира кога некој има најмалку три од следниве фактори: вишок телесни масти околу струкот, висок холестерол или триглицериди, висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта или отпорност на инсулин.rnrnЗа време на студијата, на учесниците им била намалена временската рамка во која смееле да имаат оброци. Тие не ги прескокнувале оброците и обично појадувале подоцна за да може подоцна и да вечераат, но се задржале во рамките од 10 часа. Оваа диета навистина е како пост и во последно време е многу популарна.rnrnДругите студии што се потпираат на цикличниот ритам, покажале дека кога јадеме, може да биде исто толку важно како и колку јадеме.rnrnПостои идеална состојба, но…rnrnИдеалната состојба кога станува збор за тежината е онаа во која го спречуваме зголемувањето на телесната тежина, односно наместо да акумулираме вишок телесна тежина ние се обидуваме да ја намалиме.rnrnСепак, постојат бројни причини зошто ова сценарио не е реално во животот на многу луѓе, а поради тоа ни се потребни и нови решенија.rnrnПромената на вашата исхрана и вежбањето може да ве направат поздрава личност, но губењето на тежината не е лесен процес. Многу решенија се краткотрајни, но се чини дека промените во однесувањето, како што е исхраната во одредена временска рамка, може да биде корисно и да помогне во развивањето на нови навики. Се разбира, некои дополнителни истражувања ќе треба да ја потврдат нејзината ефикасност.rnrnНајдете одговор и на прашањетo колку навистина е важна здравата исхрана?rn

  • Исхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?

    Исхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?

    Колбасите се лесни за подготовка, но не се и најкорисниот производ. Навикнувањето на детето на вкусот на колбасите од најрана возраст е погрешно бидејќи на тој начин го „програмирате“ неговото идно однесување во животот.rnrnИсхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?rnrnТелото многу брзо се „поврзува“ со вкусот на колбасите благодарение на адитивите за вкус кои буквално предизвикуваат зависност.rnrnНекои родители дури сметаат дека колбасите се „вистинско“ месо. Но, всушност, во колбасите нема повеќе од 10% месо. Останатите состојки се тетиви, кожа, животински масти, протеини, масни емулзии, стабилизатори, бои, како и брашно и скроб, кои ја спојуваат целата смеса. Тоа не е најкорисниот склоп од состојки за детскиот стомак.rn

    Колбасите го уништуваат имунолошкиот систем

    rnБоите, конзервансите, засилувачите на вкус и други хемикалии додадени од производителот постепено се акумулираат во телото. За да се ослободи од „оптоварувањето“, тоа работи во подобрен режим, а имунолошкиот систем на детето слабее затоа што „силите“ што треба да се борат со инфекциите се насочени кон преработката на отрови.rn

    Колбасите може да предизвикаат дебелеење

    rnИсхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?rnrnКолбасите се висококалоричен производ со скриен шеќер (да!), многу јаглехидрати кои бавно се разградуваат, соја и тони сол. Сето ова го нарушува хормоналниот систем, а телото го складира вишокот калории за потоа да ги претвори во масти. Во исто време, хранливата вредност на колбасите е речиси нула.rnrnАко навистина сакате да ги вклучите колбасите во исхраната на вашето дете, тогаш избирајте производи што се наменети за деца. Овие колбаси се разликуваат по состав од другите и се прилагодени специјално за исхраната на вашето дете. Барем така велат производителите.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа кои намирници се штетни за здравјето на вашите бубрези

  • Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

    Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

    Меган Маркл е висока 171 центиметри и има само 50 килограми. За идеална фигура, таа вежба јога и секогаш се храни исто. Меѓутоа, често знае да се почести со чаша вино и со омилениот помфрит. Тогаш, како успева да ја задржи истата тежина?rnrnЗлатното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми rnrnМеган Маркл практикува здрав начин на живот. На Интернет има многу фотографии каде што таа оди на тренинг или вежба јога. Во едно интервју, таа призна дека понекогаш ужива во јадењето торта и во пиењето на нејзиното омилено вино, но тоа во никој случај не влијае на нејзината фигура.rnrnМеган Маркл го следи златното правило на правилната исхрана: веднаш по будењето пие чаша топла вода со лимон. Тоа му помага на телото да се разбуди и да се наполни со енергија, а овој стандарден ритуал секојдневно го применуваат многу познати личности. Меган никогаш не го запоставува појадокот, а за ручек јаде салата и малку протеини, месо, риба или скара без масло, а за вечера тестенини или бифтек со нискокалоричен сос од тиквички.rnrnИнаку, Меган Маркл многу сака да готви и има посебен рецепт за овој сос: тиквичките ги сечка на ситни парчиња и ги загрева во тава без масло. Кога ќе бидат пропржени и меки, ги става во блендер и добива сос кој се комбинира со сите производи или се јаде како посебно јадење.rn

    Приближно дневно мени:

    rnПојадок: овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чиа семеrnrnРучек: салата од зеленчук и парче риба (месо) или гравrnrnУжина: едно зелено јаболко, бадеми или зеленчук и овошјеrnrnВечера: тестенини со тиквички и пармезан и една чаша црвено виноrnrnВо нејзиниот фрижидер секогаш има хумус, моркови, овесни снегулки, бадемово млеко и пилешко месо. Меѓутоа, кога ќе ѝ дојдат гости, таа ужива во помфритот во неограничени количини и во морската храна и пие милкшејк. Иако тоа е ретко, сепак се случува. Без оглед на тоа што понекогаш може да се опушти и да ужива во омилената храна, Меган има иста тежина со години.rnrnПрочитајте ги и овие 5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната.

  • Исхрана според хороскопските знаци: Водени знаци

    Исхрана според хороскопските знаци: Водени знаци

    Може ли астрологијата да ви помогне во пронаоѓањето на правилната исхрана за вас и така да ви даде нова надеж во борбата против вишокот килограми и проблемите со дигестивниот систем? Еве што велат sвездите за тоа која храна е најдобра за вас, а која треба да ја избегнувате според вашиот хороскопски знак.rnrnИсхрана според хороскопските знаци: Водени знациrnrnВодени знаци: Исфрлете ги маснотиите!rn

    Рак

    rnСогласно нивниот природен елемент (водата), Раковите треба да имаат мени во кое доминира морска храна. За нив се препорачуваат лесни оброци и употреба на млечни производи. Најзастапени треба да бидат житарките и тоа: пченицата, ‘ржот, овесот и оризот, а од зеленчуците се препорачуваат: грав, репа, компири, карфиол, тиква, зелка, брокула, домати и краставици. Раковите најмногу треба да јадат овошје и тоа: банани, лубеници и лимони, а може да имаат корист и од кокосот, алгите и веганскиот јогурт.rnrnСовет: Раковите задолжително треба да избегнуваат мрсна и солена храна, слатки производи и рафиниран шеќер. Бидејќи претставниците на овој знак се многу емотивни, често имаат чувствителен систем за варење, па затоа храната треба внимателно да се избира, да биде разноврсна и да се избегнува употреба на производи што дебелеат.rn

    Скорпија

    rnИдеалната храна за Скорпиите е морската храна и тоа најмногу морската риба (туната, лососот), јастогот, лигњите (и остригите). Се препорачува и безмасно говедско месо, зеленчук – зелена салата, краставица, моркови, домати, цвекло, аспарагус, грав, леќа, карфиол, кромид, праз и овошје – цреша, јагода, банана, лубеница и грејпфрут. Скорпиите, исто така, имаат корист и од ѓумбирот и бадемите.rnrnСовет: Скорпиите дефинитивно треба да избегнуваат мрсна храна, потоа квасец, сол, слатки и какви било производи кои содржат преработен шеќер.rn

    Риби

    rnРибата буквално треба да јаде риба, и тоа претежно туна и други морски плодови. За Рибите се препорачува мени што содржи интегрални житарки: пченица и овес, потоа: ориз, спанаќ, грав, кромид, компир, краставици, зелје и артичоки и овошје како: грозје, јаболка, сливи, праски, банани, лимони, портокали, дињи, урми и манго. За нивната дигестивна благосостојба придонесуваат и алгите и храната богата со железо.rnrnСовет: Рибите треба да избегнуваат кафе, алкохол, мрсна храна, сол, слатки производи како и сите преработени производи со шеќер, но и аспарагус. Како претставници на најнежниот знак, тие имаат бавен метаболизам, поради што може да страдаат од т.н. мрзливи црева.rnrnДоколку ве интересира, може да откриете и кои 4 хороскопски знаци најверојатно ќе се верат за време на празниците.

  • Исхрана според хороскопските знаци: Воздушни знаци

    Исхрана според хороскопските знаци: Воздушни знаци

    Може ли астрологијата да ни помогне да го пронајдеме вистинското мени и со тоа да ни даде нова надеж во борбата против вишокот килограми или други проблеми со дигестивниот систем? Еве што велат ѕвездите за тоа која храна е најдобра за вас, а која треба да ја избегнувате според вашиот хороскопски знак.rnrnИсхрана според хороскопските знаци: Воздушни знациrnrnВоздушни знаци: Избегнувајте шеќер и грицкајте јаткасти плодови!rn

    Близнаци

    rnБлизнаците ѝ посветуваат малку време на храната и честопати ја јадат патем, правејќи и друга работа истовремено. Треба да јадете колку што е можно полесни оброци – месо исклучиво од пердувести животни (пилешко, мисиркино, од препелица или патка) и многу овошје и зеленчук. Кога станува збор за зеленчукот, треба да изберете зелена салата, карфиол, спанаќ, целер, мешунки и домати.rnrnБлизнаците голема корист имаат од оревите (бадеми, ореви, лешници, ф’стаци), потоа од веганскиот јогурт и ѓумбирот, а од овошјето треба да јадат јаболка, кајсии, сливи, портокали, грејпфрут и шипки.rnrnСовет: Избегнувајте кафе, коренест зеленчук, квасец, преработени шеќери и сода бикарбона. Близнаците треба да имаат балансирана исхрана и генерално да претпочитаат повеќе морска храна отколку месо. Затоа не е изненадување тоа што претставниците на овој знак често избираат вегетаријанство.rn

    Вага

    rnВагите обраќаат големо внимание на квалитетот на храната што ја внесуваат во нивното тело, сепак, нивна голема слабост се слатките работи. Заради вишокот внес на јаглехидрати, тие може да имаат проблеми со вишокот килограми. Вагата треба да јаде варен зеленчук колку што е можно повеќе за да има балансирана исхрана и да внесува што е можно повеќе спанаќ, моркови, домати и грашок, потоа пченка, растителни сирења, вегански јогурт, ореви и бадеми. Се препорачува овошје како јаболка, банани, праски, бобинки и шумско овошје (јагоди, капини, малини, боровинки), сливи и авокадо.rnrnСовет: Вагата треба да избегнува газирани пијалаци, потоа алкохол, квасец и преработени шеќери. Покрај хранливата вредност на производите, на Вагата ѝ е многу важен и естетскиот впечаток на чинијата, па затоа посветува особено внимание на уредувањето и украсувањето на храната.rn

    Водолија

    rnВодолиите треба да јадат нискокалорична храна и тоа колку што може повеќе морска храна (сите видови риби и ракови), потоа тофу сирење и соја јогурт, а од зеленчукот – зелена салата, зелка, целер, моркови, пченка, домати, брокула, лук (се препорачува варен зеленчук). Овошното мени на Водолијата треба да се состои од јаболка, круши, портокали, дињи, урми и смокви, а ќе има корист и од ореви, тикви и ѓумбир, како и протеински барови (чоколади).rnrnСовет: Водолиите треба да избегнуваат кафе, рафинирани шеќери и квасец. Иако тие не ѝ посветуваат многу време на храната, имаат балансирано мени и се склони кон помали оброци.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?

  • Маслиновото масло и слабеењето: Најголемата заблуда поради која не губите килограми

    Маслиновото масло и слабеењето: Најголемата заблуда поради која не губите килограми

    Маслиновото масло е многу здраво и секогаш е добредојдено во исхраната, а мононезаситените олеински киселини што ги содржи го прават едно од најздравите масла. Сепак, треба да бидеме внимателни и при консумирањето на маслиновото масло, особено ако сакаме да изгубиме килограми.rnrnМаслиновото масло и слабеењето: Најголема заблуда поради која не губите килограмиrnrnМногу луѓе го користат маслиновото масло кога сакаат да се ослободат од вишокот килограми и со него заменуваат некое друго масло сметајќи дека тоа содржи помалку калории. Меѓутоа, кардиологот Ален Ружиќ тврди дека верувањето дека маслиновото масло е добро за слабеење е една од најголемите заблуди во исхраната.rnrnМаслиновото масло е одлична намирница – најдоброто масло кое го знаеме, но како и сите други масла, содржи многу калории. Минималната дневна количина на маснотии која треба да се внесува е 2 грама (2 мали лажички), односно 90 калории. Секој кој сака да ослабе треба да се придржува на ова правило, а салатите да не ги полева со масло, вели Ружиќ.rnrnЗатоа, маслиновото масло не смее да се користи претерано. Но, добра вест е што за разлика од растителните масла или масти, маслиновото масло има ниско количество на холестерол. Исто така, маслиновото масло е силен антиоксидант кој има високи хранливи вредности. Важно е само да се користи умерено.rnrnСледно, дознајте кои се придобивките од секојдневното пиење маслиново масло.rn

  • Користите алуминиумска фолија кога печете храна? После ова ќе престанете

    Користите алуминиумска фолија кога печете храна? После ова ќе престанете

    Алуминиумската фолија може да биде практична бидејќи го забрзува готвењето, ги чува соковите во храната, па дури и го олеснува миењето на садовите. Сепак, алуминиумската фолија носи некои здравствени ризици.rnrnКористите алуминиумска фолија кога печете храна? После ова ќе престанетеrn

    Внесуваме премногу алуминиум

    rnАлуминиумската фолија се појавила пред околу сто години во САД. На почетокот била користена како обвивка за чоколади, бонбони и гуми за џвакање. Подоцна се појавила и во готвењето за печење риба, зеленчук, па дури и овошје, а се користи и за правење скара. Денес користиме алуминиумска фолија со тони, па затоа експертите започнуваат да се загрижуваат. Зошто?rnrnПри готвењето, дел од алуминиумот може да се пренесе и на храната, и долгорочно да ви предизвика здравствени проблеми. Според Светската здравствена организација, нашето тело може да се исчисти од само мала количина алуминиум. Безопасно е дневно да внесуваме 40 милиграми алуминиум по килограм од нашата тежина. За жал, некои внесуваат многу повеќе. Научниците ја истражувале потенцијалната опасност од преголемата изложеност на алуминиум и откриле некои работи кои се вознемирувачки.rnrnБило откриено дека луѓето заболени од Алцхајмерова болест имаат висока концентрација на алуминиум во мозочното ткиво. Исто така, поголемото внесување на алуминиум може да биде поврзано со намалениот раст на клетките. Тоа може да биде потенцијално многу опасно за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите и коските.rn

    Како всушност алуминиумот истекува во храната кога користиме фолии?

    rnТоа зависи од киселоста на храната која ја готвиме во фолија. На пример, доматот и рибата имаат висока киселост. Исто, зависи и од температурата. Алуминиумската фолија употребена за готвење или печење го внесува тој метал во организмот. Колку е повисока температурата, толку повеќе алуминиум истекува во храната.rnrnКолку навистина алуминиумот му штети на нашето тело зависи од повеќе фактори. Пред сѐ, тука е нашата севкупна состојба и способноста на нашето тело да толерира алуминиум. Сепак, едно е сигурно. Алуминиумската фолија треба да се одбегнува при готвење или барем поретко да се користи.rnrnИако треба да се одбегнува во исхраната, еве 9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле.

  • Ова е вашето тело за време на кето диетата

    Ова е вашето тело за време на кето диетата

    Кето диетата не е нова, но стана популарна последниве години. Многумина се одлучија да се обидат да ја намалат својата тежина преку внесувањето повеќе здрави масти како замена за јаглехидратите. Ова се некои работи што треба да ги знаете за оваа диета пред да ја започнете.rnrnОва е вашето тело за време на кето диетатаrnrnДодека сте на кето диета, вашите клетки горат масти бидејќи немаат јаглехидрати, со што всушност најчесто „се хранат“. Оваа диета нема ограничувања како број на калории што не треба да го надминете или количество на храна која смеете да ја изедете. Плановите за кето исхрана имаат многу морска храна, црвено месо, пилешко месо, сирење, растенија кои немаат многу јаглехидрати, јајца, јогурт и здрави масти. Треба да се одбегнуваат намирници кои имаат шеќер и јаглехидрати.rnrnВаквиот начин на исхрана може да доведе до разни последици бидејќи на телото му е потребно време да се прилагоди на промената. Следуваат најчестите.rn

    Се чувствувате како да имате грип

    rnДодека се прилагодат на новата исхрана, многумина имаат симптоми слични на грипот или настинката, како главоболка, заматеност и вртоглавици. Во овој случај, најдобро е да пиете многу вода и да внесувате доволно сол.rn

    Чувствувате потреба за јаглехидрати

    rnНормално е да чувствувате потреба за јаглехидрати доколку претходно сте ги консумирале во огромно количество. Оваа потреба ќе се намалува со текот на времето. Сепак, јаглехидратите не се „непријател“ и може да внесувате малку од нив.rn

    Ви се намалува апетитот

    rnНајчесто, диетите прават да ни се јаде повеќе, но ова не е случајот со кето диетата. Тоа се случува бидејќи не го ограничувате количеството на храна кое го внесувате, туку само видот. Згора на тоа, на желудникот му треба повеќе време да ги преработи протеините и мастите отколку јаглехидратите.rn

    Почесто мокрите

    rnВо првите денови од кето диетата ќе исфрлате многу вода бидејќи телото ја гори резервната глукоза во црниот дроб и мускулите. При често мокрење се губат електролити и минерали, а тоа може да доведе до дехидратација. Пијте многу вода за да го одбегнете ова.rn

    Проблеми со столицата

    rnСекогаш кога се губат течности се појавуваат и проблеми со столицата. За да го спречите ова, пиењето доволно вода е многу важно. Исто така, се препорачува јадење намирници кои содржат многу влакна.rn

    Пад на енергијата

    rnЌе забележите пад на енергијата на самиот почеток на кето диетата. Меѓутоа, телото набргу ќе се врати во нормала и ќе се чувствувате енергични.rnrnПред да започнете со овој режим на исхрана прочитајте за 16-те можни опасности од кето диетата за кои треба да знаете.