КАФЕ ПАУЗА

Tag: интервју

  • Интервју со Елена Грнчарова: Единствената блогерка од Македонија која соработува со светски глобални брендови

    Интервју со Елена Грнчарова: Единствената блогерка од Македонија која соработува со светски глобални брендови

    Елена Грнчарова е единствена во Македонија која соработува со светски глобални брендови, па и со наши. Соработува и со најдобрата Retail компанија за мода Revolve и е една од четирите модни блогерки на Балканот кои успеале да соработуваат со нив. Таа е мајка на две мали принцези и исто така соработува и со добри детски брендови. Покрај модното блогерство, Елена е голем поддржувач на жените кои се борат со рак на дојки.rnrnВо продолжение прочитајте од каде потекнува нејзината љубов кон модата и какви совети би им дала на сите оние кои сакаат да започнат со модно блогерство.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

    rnrn

    rnrn

    1. Дали можеш да ни кажеш нешто за тебе? Која всушност е Елена? На колку години започна со модно блогерство?

    rnЉубовта кон модата ја имав отсекогаш. Имав убаво детство така што сум била прилично мала кога од обични ќеси правев фустани и пантолони. Тогаш следев и гледав канали за светска мода и сѐ поврзано со мода, стил, дизајн, итн. Подоцна со текот на времето, продолжив со истото хоби и започнав да имам уште поголема желба да се вклучам во тој сектор со што се одлучив да завршам струка за мода и дизајн.rnrn

    rnrn

    2. Што те инспирираше да започнеш со таа кариера?

    rnИнспирација ми беа сите тие светски настани како Golden Globes, The Academy Awards, Fashion Runways, MTV awards. Најинтересно ми беше кога некоја славна личност ќе биде прашана каков модел на фустан носи или штикли, од кого е дизајнот, итн. Тоа ми даваше инспирација дека сакам да сум на било кој начин вклучена во светот на модата. Во 2014 година започнав со модното блогерство. Имено бев и првата девојка во Македонија која имаше моден блог и тогаш најчесто имав соработки со македонски брендови и повеќе бев насочена кон домашниот пазар. Со модниот блог завршив пред две години, а гордо го користев четири години. Моментално не работам со нашиот пазар, но пресреќна сум за целото искуство и сите убави соработки кои ги имав со нашите брендови и компании. Сега сум насочена кон светскиот маркет и морам да признам дека е разликата е огромна кога станува збор за модно блогерство со домашни соработки и модно блогерство со странски и актуелни модни брендови.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

    rnrn

    rnrn

    3. Дали почетокот беше тежок и дали имаше моменти во кои сакаше да се откажеш? Дали имаше поддршка од твоите најблиски?

    rnПочетокот беше тежок, пред сѐ, бидејќи баш на самиот мој почеток бев два пати бремена за краток период и имав тешки бремености, но за цела среќа се породив со живи и здрави деца. Тие сега се мојата најголема инспирација, мотивација и поддршка. Секако дека немаше да успеам во ништо доколку немав поддршка и од најблиските, а пред сѐ од мојот сопруг.rnrn

    rnrn

    4. Која позната личност ти е модна инспирација? Како би го опишала твојот личен стил и дали омилените стилисти/модели имаат влијание врз твојот стил?

    rnИмам повеќе, но би ги издвоила Камила Коељо и Кјара Ферањи. Веќе неколку пати сликав за колекцијата на Камила Коељо и е една преголема чест да се биде дел од тоа. Кога станува збор за мој личен стил, тој секогаш се менува, бидејќи го одредувам по тоа што моментално е актуелно. Можете да го видите тоа на мојот профил на Инстаграм. Секој месец има некој нов тренд, некоја нова колекција. Секако дека омилените стилисти имаат преголемо влијание врз сечиј стил, а не само врз мојот. Како и да е, поголемо влијание имаат дизајнерите. Веќе два пати сликам за креации од познатиот Мајкл Костељо. Можам да кажам дека стилистите и сите други во областа на модата би биле ништо, доколку немаат генијални дизајнери кои креираат маестрални и легендарни колекции.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

    rnrn

    rnrn

    5. Кои се позитивните и негативните страни на модното блогерство? Дали можеш да ни раскажеш повеќе за некој момент од твојата кариера кој ти оставил најголем позитивен впечаток?

    rnИма доста позитивни и негативни ситуации. Ќе кажам дека позитивно е кога веќе сте на успешен пат и заработувате доволно за да живеете од тоа. Исто така е многу убаво, бидејќи секогаш учите нешто ново, дознавате нешто ново, и се развивате постојано. Јас лично запознав многу светски блогерки преку Инстаграм. Останав и во контакт со нив и некогаш можеби и ќе направам некоја соработка или фотосесија со некоја од нив. Никогаш не се знае што може да ти донесе тоа што го работиш со цело срце и со премногу љубов. Негативни страни на блогерството знаат да се брендовите и компаниите кои некогаш бараат премногу и се доста неразумни. Исто така, како и во секоја област исто и во оваа има премногу негативци кои шират омраза. Луѓето можат слободно да критикуваат доколку тоа е конструктивно. Би рекла дека тоа воопшто не допира до мене. Најбитна е самодовербата.rnrn

    rnrn

    6. Покрај модното блогерство на Инстаграм дали имаш некои други интереси и хоби? Како изгледа твојот нормален ден?

    rnПокрај модното блогерство обожавам да гледам филмови и да вежбам, но омилено хоби ми е времето поминато со моите две мали ќеркички Каја и Никол. Обожавам да ги слушам, гледам, гушкам и да растеме заедно. Децата се вистинската смисла и богатство во животот.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Elena Grncharova (@elenagrncarova) el

    rnrn

    rnrn

    7. Дали можеш да ни кажеш повеќе за кампањата за поддршка на жените кои се борат со рак на дојки?

    rnЗа кампањата можам да ви кажам дека сум овде за да ги поддржувам без разлика дали е преку Инстаграм, донирање или совети. Кампањата и организацијата им помагаат на жените на многу начини. Прекрасни се!rnrn

    rnrn

    8. И за крај, како би ги охрабрилa другите луѓе да започнат со блогерство на Инстаграм? Која е тајната на успешните блогери?

    rnСекој кој што има желба за модно блогерство може да се приклучи во секое време. Желбата и љубовта кон модата сама по себе прави да се прилагодите на секој нов тренд. Некогаш може да се комбинира и светско и наше и од ништо да се направи нешто. Тоа е една од поентите на еден моден блогер. Сѐ друго ќе го научите со текот на времето и ќе се развиете. Ние што неколку години го работиме ова сѐ уште учиме секојдневно по нешто ново. Секој може да научи било што сѐ додека му посветува внимание на тоа што го работи со желба и срце. Бидете свои и позитивни, бидејќи животот е чудо.rnrn

    rnrnПрочитајте и за модната блогерка која покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата.

  • 5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

    5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработување

    Според статистичките податоци, менаџерот носи одлука за избор на одреден кандидат во првите 30 секунди од разговорот. Тој може да го процени начинот на однесување и изгледот на потенцијалниот работник во толку краток временски период. Ова значи дека облеката игра важна улога во оваа ситуација. Повеќето луѓе знаат дека работодавачот не ја цени неуредноста, лошиот стил и облеката што премногу открива. Но, понекогаш работите не се толку едноставни.rnrnЕве што мислат менаџерите за облеката на кандидатите и како стилот на облекување може да влијае врз нивната конечна одлука.rn

    1. Бојата на облеката влијае на тоа како другите луѓе ве перципираат

    rn5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработувањеrnrnНајголемата веб-страница за кариера, „CareerBuilder“, спровела истражување меѓу работодавците за да открие како менаџерите ја перцепираат бојата на облеката што потенцијалните вработени ја избираат да ја носат на интервјуто за работа. Се покажало дека сивата боја е поврзана со професионализмот и логиката. Луѓето кои носат бела облека се сметаат за поорганизирани, додека кандидатите во црно биле поврзувани со лидерството. Виолетовата и зелената боја ги натерале работодавците да ги перцепираат кандидатите како посигурни во себе и покреативни.rnrnСпоред резултатите, портокаловата се смета за „најнепрофесионална“ боја. Работодавците, исто така, брзо се уморуваат од црвената и жолтата боја. Сината облека добила позитивна оцена и менаџерите мислат дека добрите вработени честопати избираат да ја носат оваа боја.rn

    2. Облеката што е премногу светла може да се смета за предупредувачка

    rn5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработувањеrnrnОблеката што е премногу светла и екстравагантна може да укаже на желба за привлекување внимание по секоја цена и тоа може да има негативен ефект врз мислењето на работодавецот. Можеби ваквата боја ќе ги натера да се сомневаат во вистинските карактеристики на кандидатот. Дури и ако аплицирате за некое работно место и работодавачот ја цени вашата креативност, брзо размислување и способност за решавање на проблемите, подобро е да избегнувате да изгледате премногу екстравагантно.rnrnМенаџерите советуваат да ги потенцирате вашите најдобри карактеристики со необични додатоци како брош, часовник или интересни очила. Но, не претерувајте! Подобро е да не привлекувате внимание на повеќе од 2 делови од телото одеднаш. И не заборавајте на чувството за стил и добар вкус. На пример, носењето очила за сонце на челото остава лош впечаток.rn

    3. Работодавачот може брзо да ве отфрли ако смета дека не се „вклопувате“

    rn5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработувањеrnrnПред да се упатите на интервју за работа, обидете се да откриете дали постои кодекс на облекување и како обично се облекуваат вработените во компанијата. Од една страна, за многу професии, строгиот стил на облекување е најдобрата опција. Но, на пример, носењето деловен костум изгледа соодветно за работа во банка, но ако изберете да го носите во агенција за односи со јавноста, ќе изгледате како „црна овца“. Вашиот изглед треба да го натера менаџерот да почувствува дека ги споделувате истите корпоративни вредности и ќе може да се вклопи. Доколку сте премногу различни од останатите вработени, потсвесно сте го натерале работодавецот да одлучи да не ве вработи.rnrnАко сте креативно лице како фотограф, музичар, дизајнер, актер или новинар подобро е да изберете поопуштен изглед кој ќе го истакне вашиот сопствен стил. Истото важи и за компаниите со млади професионалци кои не сакаат да се придржуваат кон строгиот кодекс на облекување.rn

    4. Менаџерот секогаш ќе забележи дали носите нова облека

    rn5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработувањеrnrnАко сте купиле нова облека, заради интервјуто за работа, подобро е да ја облечете барем еднаш пред да одите на интервју. На овој начин ќе можете да осетите дали се чувствувате удобно во неа и да забележите евентуални недостатоци. Во спротивно, носењето на овие сосема нови алишта може да се претвори во катастрофа. Можеби сте заборавиле да ја извадите етикетата или да ја тргнете цената.rn

    5. Кога се чувствувате непријатно во облеката, работодавачот го забележува тоа

    rn5 совети од еден менаџер за стилот на облекување при интервју што ќе ги зголеми вашите шанси за вработувањеrnrnСе разбира, треба да посветите доволно внимание на вашиот изглед. Но, ако одлучите да носите нешто сосема необично за вас, работодавачот ќе го забележи тоа. Овој вид на облека веројатно ќе влијае на начинот на кој се доживувате себе си и на вашата самодоверба.rnrnНе избирајте облека што е премногу тесна или премногу широка. Изберете ткаенини што не се гужваат премногу. Според статистичките податоци, овој проблем со облеката најмногу влијае врз нашата самодоверба. Не избирајте фризура или шминка што не би ја носеле во вашиот секојдневен живот. Едноставно бидете природни.rnrnМожеби бевте одбиени на интервју за работа? Еве 8 работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро.

  • Овие персонализирани слики кои раскажуваат приказни за љубовта, среќата и авантурите ќе го разубават вашиот дом (+ ПОДАРОК)

    Овие персонализирани слики кои раскажуваат приказни за љубовта, среќата и авантурите ќе го разубават вашиот дом (+ ПОДАРОК)

    Ја раскажувате вашата приказна, а потоа добивате внимателно изработена креација која ги отсликува вашите спомени. MAPSY е бренд чија основна дејност е креирање персонализирани слики и илустрации инспирирани од најважните моменти во вашиот живот. Освен што можете да го декорирате домот со вашите спомени, можете да ги нарачате овие креации како уникатен подарок за вашите најсакани. По успешната кариера како модел, Јована Нешова одлучува да се посвети на нешто друго што ја влече веќе подолго време – креативноста и уметноста. Освен тоа, од април започнува да се надоградува во областа на графичкиот дизајн во најдобрата Академија за графички дизајн во Македонија бидејќи сака да учи нови работи и уште повеќе да придонесува за MAPSY. Во продолжение прочитајте како се изработуваат овие уникатни креации.rn

    МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

    rnrn

    View this post on Instagram

    ⭐ <— GIVEAWAY TIME —> ⭐ ⁠ Во соработка со @themapsy подаруваме 3 уникатни постер-слики и илустрации со дизајн од типот: THE ZODIAC, THE STARS и THE BABY ⁠ Правила за учество:⁠ ⁠ 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @themapsy ⁠ 2. Изберете дизајн и тагнете двајца пријатели 3. Можете да тагнувате различни профили повеќе пати ⁠ Добитниците ќе ги избереме во среда (4.3.2020). Со среќа! 🍀⁠ ⁠ #кафепауза #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #илустрации #постери #слики #подарок #уникатно #креативно #персонализирано #арт #ѕид #ѕиднидекорации #уметност #слика #бебе #спомени #ѕвезди #соѕвездија #хороскоп #хороскопскизнаци #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

    A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

    rnrnrnrn

    1. Од каде потекнува инспирацијата за изработка на вакви постер слики и персонализирани илустарции и колку долго се занимаваш со ова?

    rnБизнисот го започнав уште во 2019 година, но официјално започнав со работа и со продажба во јануари 2020 година. По природа сум голем перфекционист, отсекогаш ме привлекувале дизајнот и естетиката и сакам работите кои ги правам да бидат квалитетно изработени и да изгледат убаво. Овој бизнис, пред сè бара време, идеи, чувство за естетика и познавање на графичкиот дизајн. На овој бизнис се работеше макотрпно и со многу љубов. Колекцијата на MAPSY помина низ долг процес и евалуација, внимателно ги избравме дизајните и ги тестиравме за да добиеме еден финален дизајн кој ќе одговара на нашите стандарди за висок квалитет.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MAPSY (@themapsy) on

    rnrn

    rnrn

    2. Како ги изработуваш сликите и во какви бои, димензии и дизајни ги нудиш своите креации?

    rnЗа креирање користиме посебни специјализирани софтвери, а потоа илустративно ги дизајнираме. MAPSY моментално се состои од 6 колекции (THE BABY, THE DOG, THE MOON, THE PLACE, THE STARS и THE ZODIAC) и секоја колекција си има свои дизајни. Сликите се достапни во 3 димензии: 30х40 цм, 50х70 цм и 70х100 цм. За секоја колекција има 2 опции за купување и нарачување.rnrnКолекцијата THE BABY е персонализирана илустрација од бебе во мајчината утроба.rnrnКолекцијата THE DOG е персонализирана илустрација од кучиња, која брои вкупно 95 раси кучиња. Илустрациите на кучињата се дизајнирани според изгледот на расата на кучето (според големината и формата).rnrnКолекцијата THE MOON е персонализирана постер слика од месечевите мени.rnrnКолекцијата THE PLACE е персонализирана постер слика од градови коишто се географски достапни.rnrnКолекцијата THE STARS е персонализирана постер слика од соѕвездијата коишто се точни и прецизни и содржи галактички координати на сите ѕвезди видливи од Земјата со голо око.rnrnКолекцијата THE ZODIAC е персонализирана постер слика на соѕвездијата на Зодијакот.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MAPSY (@themapsy) on

    rnrn

    rnrn

    3. Какви посебни моменти сакаат да овековечат клиентите, на кои детали обрнуваат внимание при нивните побарувања и каква инспирација црпиш од нивните приказни?

    rnВо денешно време станува сè потешко кога треба да се одлучи што треба да се подари за некоја пригода, било да е тоа роденден, годишнина, свадба или за новороденче. Сите тие работи кои стандардно се купуваат се на некој начин привремени, па сакав да креирам нешто што ќе трае долго, нешто што нема да се скрши, да се износи или да избледи, нешто што ќе буди насмевка и убави сеќавања. Клиентите најчесто бираат дизајни за да овековечат принова, годишнина или нечиј роденден. MAPSY постер сликите се совршен и несекојдневен подарок за секоја пригода.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MAPSY (@themapsy) on

    rnrn

    rnrn

    4. Што ти е најтешко за изработка и со која твоја креација си најгорда?

    rnСекоја работа си има своја тежина и секоја креација бара и одзема време. Горда сум буквално на сите креации, а ако сакате да издвојам една тоа би била најновиот дизајн STARS & MOON на колекцијата THE STARS.rnrnrn

    rnrnrnrn

    5. Дали е доволна промоцијата на социјалните мрежи и дали добро се заработува од тоа? Колкава е заинтересираноста за овие производи?

    rnБизнис без промоција и маркетинг не е бизнис. Денес, сè се одвива на социјалните мрежи и бара многу промовирање доколку сакате да бидете видени и забележани. Овој вид производи се многу актуелни во Америка, а во последниве 2 години почнаа да бидат популарни и во Македонија. Заинтересираноста расте секој ден сè повеќе и повеќе и мора да кажам дека дизајнот THE STARS е еден од нашите најпродавани производи.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MAPSY (@themapsy) on

    rnrn

    rnrn

    6. Каков е процесот на нарачка и колку време е потребно за да се изработи една слика?

    rnMAPSY нуди 2 опции за нарачки и купување.rnrnПрвата опција (стандардно или примарно купување) подразбира дека ние ја персонализираме сликата, ја печатиме и ја доставуваме.rnrnВтората опција (секундарно купување) подразбира дека ние ја персонализираме сликата, потоа им ја испраќаме на клиентите на и-меил во PDF-формат со висока резолуција и тие сами си ја печатат сликата.rnrnЗа нарачка е потребно да испратат која е колекцијата што ја сакаат и потоа да ги напишат потребните податоци (на пример: датум, час, текст, град и сл.), сè во зависност од тоа за која колекција се работи. Сликите се готови за 2 дена, но некогаш може да одземе и повеќе време во зависност од обемот на нарачките што ги имаме во тој момент.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MAPSY (@themapsy) on

    rnrn

    rnrnrn 

  • Интервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зона

    Интервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зона

    Даниел Китески има посетено многу скриени и помалку познати дестинации и на неговиот светски познат блог Passport Symphony можете да откриете многу интересни работи за овие места, како и корисни совети за вашите следни патувања. Во продолжение прочитајте од каде потекнува неговата љубов кон патувањата и какви искуства има од дестинациите што ги посетил.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    1. Од каде потекнува твојата страст за патување? На која возраст и на која дестинација се случи твоето прво самостојно патување?

    rnМојата страст за патување потекнува од мали нозе. Уште како мал со душа чекав да дојде лето за да одиме на одмор, а на училиште отсекогаш омилен предмет ми беше географија. Првото самостојно патување го организирав во 2012 година кога сам заминав во Русија на една незаборавна авантура која донесе многу интересни моменти, нови знаења, познанства, а и неколку сега веќе многу добри пријатели.rn

    2. Која ти е омилената дестинација што си ја посетил? На кое место би сакал да се вратиш барем уште еднаш ако имаш можност и дали постои дестинација на која не сакаш да се вратиш никогаш повторно?

    rnМногу луѓе ми го поставуваат ова прашање, но едноставно не можам да изберам една омилена дестинација. Секоја земја и секој град се убави на свој уникатен начин и поради тоа ми е тешко да правам споредби, но ако мора да изберам место на кое би се вратил уште еднаш, би се вратил во Непал, овој пат за да се искачам на Монт Еверест, а никако не би се вратил на островот Фи Фи во Тајланд, веројатно една од најпреценетите туристички дестинации во светот, полна со пијани туристи, хаотични забави и апсолутно никаква автентичност.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    3. Дали постои дестинација која ги надминала твоите очекувања и дестинација што не ги исполнила твоите очекувања и можеби те разочарала?

    rnНајголемото разочарување како што спомнав во претходното прашање беше островот Фи Фи. Местото е премногу комерцијализирано, а сликите изгледаат прекрасно и поради тоа многу луѓе имаат високи очекувања од островот, но реалноста е сосема поинаква. Дестинацијата која ги надмина моите очекувања беше Лаос. Лаос е мала земја во Југоисточна Азија која не излегува на море и не е посетена од многу луѓе бидејќи повеќето туристи одат на одмор во соседните држави Тајланд и Виетнам или пак, го посетуваат славниот Ангкор Ват во Камбоџа. Но, покрај сè, Лаос има што да понуди, посебно од аспект на природни убавини.rn

    4. Која е твојата дестинација од соништата која сè уште не ти е посетена и кои места планираш да ги посетиш во скоро време?

    rnМојата најголема неостварена желба е еден ден да го посетам Антарктикот, додека на агендата за 2020 година се североисточниот дел на Индија, Иран и можеби Нигерија.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    5. Колку долго се подготвуваш за едно патување и колку долго траат твоите патувања?

    rnЗа да се подготвам доволна ми е една вечер, а патувањата траат онолку колку што ќе одлучам. Една од главните предности на блогерската кариера е фактот што може да се работи од каде било и не сум врзан со одредена дестинација.rn

    6. Она што веројатно сите ги интересира, како успеваш да се издржуваш за време на твоите патувања? И воопшто, како ги покриваш трошоците за патување и престој?

    rnСега веќе е многу полесно бидејќи можам да си дозволам и повеќе патувања, а понекогаш престојувам во хотели во замена за промоција на мојата веб-страница, но на почетокот беше многу потешко. Најчесто престојував во хостели каде што запознав многу луѓе од различни страни во светот, а доста често го користев и онлајн-сервисот „Couchsurfing“ престојувајќи во домовите на луѓе од градовите во коишто патував. Но, и покрај сè што слушнав од луѓето кои се обидуваа да ме разубедат да не го користам „Couchsurfing“, немав ниту едно лошо искуство.rnrnrn

    7. Дали си имал непријатни случки во текот на твоите патувања и како си успеал да се справиш со нив?

    rnДа, секако дека сум имал и сè уште имам, посебно во земји каде што поради мојот физички изглед е очигледно дека сум турист. Многу луѓе се обидувале да ме измамат да платам повеќе за нешто што не вреди ни половина од цената што ја кажуваат, да ме вовлечат во некоја шема користена од ситни криминалци кои заработуваат на грбот на наивните туристи, а еднаш дури бев и ограбен од вооружени напаѓачи. Во такви ситуации најважно е да се остане со ладна глава. Секогаш пред да патувам некаде, гледам да научам колку што е можно повеќе не само за типичните измами со кои туристите на тоа место се соочуваат, туку и за културата на локалното население. Ова секогаш ми помага. Едноставно кажано, се надевам на најдоброто, но секогаш сум подготвен за најлошото.rn

    8. Дали би сакал да споделиш некое незаборавно искуство што засекогаш ќе ти остане во сеќавање?

    rnВо претходното прашање спомнав дека заедно со мојот тогашен цимер, Ришаб, бевме ограбени. Тоа се случи во едно планинско село во регионот Кашмир. Она што ме изненади беше тоа што сите луѓе кои ја слушнаа оваа приказна се потрудија да ни помогнат на некаков начин: бесплатен ручек во нивниот ресторан, голем попуст за престој во хотел или нудење бесплатен превоз до следниот град. Но, една работа која никогаш нема да ја заборавам е гостопримливоста на Таши, човек кој не само што се понуди да нѐ превезе до нашата следна дестинација, туку и ни ја отвори вратата од неговиот дом кога слушна за нашата приказна. Кај него останавме неколку дена, а за тоа време посетивме и еден угостителски објект кој неверојатно многу наликуваше на една класична балканска кафеана. За првпат по толку долго време се почувствував како дома и видов како разликата помеѓу „вие“ и „ние“ полека се губи, сфаќајќи дека луѓето од овие далечни земји и не се толку различни од нас.rnrnИнтервју со Даниел Китески: Најголемите животни лекции се наоѓаат надвор од нашата комфорна зонаrn

    9. Како те пречекуваат локалните жители на местата каде што патуваш и дали си се спријателил со некои од нив? Според твоето искуство, во кои земји живеат најљубезните и најгостопримливите луѓе, а во кои земји жителите не се многу пријателски настроени?

    rnВо принцип, секаде има гостопримливи и негостопримливи луѓе, како што има и добри и лоши луѓе, без разлика на нивната етничка припадност или религија. Луѓето од земјите од западната хемисфера, каде што индивидуализмот е понагласен, се за нијанса постудени и не толку склони кон нови познанства, но откако ќе го пробиете тој прв заштитен слој и подобро ќе се запознаете, луѓето стануваат многу потопли. Во Јужна Америка и особено во Азија, луѓето се многу погостопримливи на прв поглед и пријателски настроени кон туристите. Овој факт можеби ќе изненади многумина, но како најгостопримлив регион го доживеав Кашмир. Изненадувачки е бидејќи регионот e растргнат од етнички и религиски тензии кои траат повеќе од 60 години, a вооружените пресметки се секојдневие и луѓето кои живеат овде имаат оправдани причини да бидат скептични кон секој странец што ќе го сретнат и кон неговите намери. Но, и покрај сè, факт е дека сè додека сте пријателски настроени и отворено покажувате почит кон локалната култура и кон нивните традиции и обичаи, може да очекувате топол прием и нови пријателства, без разлика каде патувате.rn

    10. Дали би сакал да споделиш неколку совети со нашите читатели како да го направат своето патување незаборавно?

    rnНајголемите животни лекции лежат надвор од нашата комфорна зона. Затоа, не плашете се да излезете од неа, не плашете се да се спријателите со локалните жители, правете работи кои тие ги прават, пробајте ја храната која тие ја јадат, потрудете се да научите нешто од вашето патување во странство, не одете никаде со големи очекувања и никогаш не судете за книгата според нејзините корици.rnrnПрошетајте низ светот и со блогерката Софија Јанева.

  • Креативноста, фантазијата и наоѓањето радост во малите нешта претставени преку фотографиите на @vasilesk_a

    Креативноста, фантазијата и наоѓањето радост во малите нешта претставени преку фотографиите на @vasilesk_a

    Анита Николовски е забен техничар по професија и добро позната мајка на Инстаграм, чиј талент за фотографирање и креативност ѝ обезбеди голем број следбеници на оваа социјална мрежа. Прочитајте го разговорот со оваа популарна мајка која сподели и неколку корисни совети за жените кои се соочуваат со предизвиците на мајчинството.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    1. Можеш ли да ни кажеш неколку зборови за себе и за твојот профил на Инстаграм – како сето тоа започна, со која цел, од каде се појави идејата?

    rnСопруга, мајка на еден „захтевен“ мамин син. Уште од мали нозе цртав цртежи, добивав награди, шиев, кроев, изработував ланчиња од глина и многу други работи. И мојата професија денес е поврзана со уметништвото – изработка на порцелански заби.rnrnИдејата дојде сама по себе кога започнав да го сликам синот, меѓутоа обврските не ми дозволуваа да водам профил. Како што растеше тој, добивав пораки од многу мајки со содржина „фотографиите се инспиративни“. Така го почнав мојот профил чисто од забава.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    2. Колку време и труд бара работата со твојот Инстаграм профил? Колку време отприлика ти одзема подготвувањето на еден пост/објава?

    rnВремето додека го пијам утринско кафе е доволно за профилот; реализацијата бара доста труд и посветеност. Понекогаш синот знае и да не соработува, па така си имаме доста неуспешни фотосесии зачувани како спомени на кои ќе се смееме кога ќе порасне, а исто така имам и слики кои го чекаат вистинскиот момент за објава. Значи сето ова е за забава и инспирација, не смее да биде премногу нападно и вештачко и направено по секоја цена.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    3. Децата се нервозни кога се пред камера. Како успеваш да ги реализираш сите идеи кои ги имаш замислено?

    rnГолемо е задоволство кога на крајот на денот ќе успееш со деца да реализираш некоја идеја. Чувството е исполнувачко и ми дава поттик за секоја наредна реализација.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    4. Од каде црпиш инспирација за твоите креативни фотографии? Дали претходно ги смислуваш фотографиите или го земаш апаратот и сликаш?

    rnИнспирација црпам од околината што ме опкружува, производите што ги користиме, играчки и слични работи. Таа доаѓа сама по себе. Најчесто моментот е најбитен, а идеите доаѓаат спонтано. Понекогаш планираното нема резултат, но спонтаната идеја инспирирана од некој момент има ефекти.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    5. Иако се многу слатки, децата се нетрпеливи. Дали можеш да ни споделиш неколку лесни трикови за поубави фотографии?

    rnДа бидам искрена, нема трикови, сѐ е спонтано. Колку поспонтано, толку ќе бидат фотографиите поубави. Фотографирам низ забава и игра. Сега е поголем и повеќе сака да игра, а тоа значи и повеќе труд за една фотографија. Има денови кога воопшто не е расположен за пред камера и тогаш оставаме сѐ за некоја следна прилика кога ќе се спојат инспирацијата, идеите и неговата соработка.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    6. Кафето за некого претставува вистински ритуал. Забележавме одлични фотографии од кафе, дали си љубител и кое е твоето омилено кафе?

    rnОбожавам кафе и шолји за кафе, голем кафехолик сум. Макијато, капучино, турско и нес. Сепак, последните две се моите фаворити. Со добра шолја, кафето е вистинско задоволство. Имам доста шолји и од секое патување знам да си подарам нова, а од старите со DIY проект да им дадам нов лик.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    7. Да се биде родител значи почеток на нова авантура. Колку те промени мајчинството. Каков совет имаш за другите мајки?

    rnМојот свет се смени, стана магичен. Само со неколку ситници како неговата насмевка, првиот збор МАМА, првиот чекор… Овие моменти ќе ми бидат најдраги и најдрагоцени спомени. Мајки, бидете трпеливи и уживајте во секоја минута со најмилите, уловете ги моментите и преточете ги во спомени преку фотографии кои ќе останат. Во иднина ќе изнудуваат насмевки на сите.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @vasilesk_a on

    rnrn

    rnrn

    Интервју: Ана Ќурчиевска

  • Рачно изработени дрвени даски за сервирање од епоксидна смола – одлично се вклопуваат во сечиј дом (+ ПОДАРОК)

    Рачно изработени дрвени даски за сервирање од епоксидна смола – одлично се вклопуваат во сечиј дом (+ ПОДАРОК)

    Македонскиот бренд ShOObo Store се занимава со рачна изработка на дрвени даски за сервирање, послужување и приготвување на храна. Интересно е тоа што начинот на изработка е доста необичен – тие користат епоксидна смола која се премачкува на дрво. Инспирирани од природата, секој уникатен дизајн ја доловува убавината на природните пејзажи. Од бојата на морските бранови, до различните шаренила на Земјата, тие користат нијанси што на убав начин се спојуваат заедно за да создадат живописни, мали уметнички дела. Крајниот резултат не само што е пријатен за гледање со очи, туку може и одлично да се вклопи во вашата кујна, трпезарија…rnrnПовеќе за начинот на изработка и материјалите кои што се користат, прочитајте од интервјуто во продолжение.rn

    МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

    rnrn

    View this post on Instagram

    🌊 <— GIVEAWAY TIME —> 🌊⁠ ⁠ Во соработка со @shoobostore подаруваме 2 рачно изработени даски за сервирање од епоксидна смола.⁠ ⁠ Правила за учество:⁠ ⁠ 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @shoobostore ⁠ 2. Тагнете двајца пријатели во коментар⁠ 3. Можете да тагнувате повеќе пати (различни профили)⁠ ⁠ Добитниците ќе ги избереме во петок (11.10.2019). Со среќа! 🍀⁠ ⁠ #кафепауза #shoobostore #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #фотонаденот #фотонанеделата #даски #дрвенидаски #рачнаизработка #подарок #епоксиднасмола #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

    A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

    rnrnrnrn

    1. Како дојдовте до идејата да почнете да изработувате даски за сервирање на храна? Кој стои зад овој концепт и колку време се занимавате со ова?

    rnПред некој ден прославивме 1 година од нашето постоење, а идејата ни беше да направиме нешто поразлично и уникатно од другите, нешто што нема да изгледа едноставно на трпезата туку шарено, како што и ни гласи нашето мото „Не биди едноставен, биди шарен“. 🙂rnrn

    rnrnrnrn

    2. Од каде црпите инспирација за изгледот на една даска – од боите за дизајнот до формата?

    rnНа почеток навистина ни беше тешко да смислиме дизајни и бои, но со текот на самата работа сѐ повеќе добивавме инспирација и нови идеи. Сега навистина ги обожаваме оние кои ни нарачуваат нешто ново, нешто што досега не сме го направиле од аспект на дизајн и бои.rnrn

    rnrnrnrn

    3. Kако изгледа процесот на создавање, од замислата, до потрагата по материјали и самата изработка на даските? Кои материјали најчесто ги користите?

    rnДрвата ги набавуваме во различни димензии, кои подоцна во зависност од нарачката која ја имаме, рачно ги обликуваме и стружиме, па потоа ги спремаме за боење, односно за премачкување со епоксидна смола која е безбедна подлога за храна и многу тешко достапна кај нас. Користиме 3 видови дрва – бука, цреша и орев.rnrn

    rnrnrnrn

    4. Рачната изработка понекогаш знае да потрае подолго. Колку време е потребно да се изработи една даска?

    rnОбликувањето на дрвото и стружењето на една даска трае 2-3 часа. Сушењето на смолата е процес кој бара 3 дена, а на крај заштитното масло со восок, треба да се суши 1 ден. И потоа доаѓа пакувањето. ☺ За да се изработи една даска ни се потребни од 4 до 5 дена.rnrn

    rnrnrnrn

    5. Покрај даските, изработувате и подлоги за чаши. Дали имате идеја за некој друг производ со што би го прошириле вашиот асортиман?

    rnИмаме идеја за нешто ново, но сега нема да го откриеме. ☺rnrn

    rnrnrnrn

    6. Оваа недела славите една година од постоењето на ShOObo Store. Колку е важно користењето на социјалните мрежи за креативни бизниси во Македонија? Што се стремите да постигнете и каков е вашиот план за иднината?

    rnЗа рачни и креативни работи, навистина се многу важни социјалните мрежи. Моментално работиме на нови производи кои исто така ќе бидат практични за во кујна и шарени. ☺rnrn

    rnrnrnrn

    7. Дали може да издвоите една даска со чиј краен резултат сте најгорди? Каде можат да се најдат овие дрвени уметнички дела и кој е процесот за нарачка?

    rnДа бидеме искрени, на секоја изработена даска сме горди, бидејќи го даваме максималното од нас за да изгледа убаво на трпеза. Едноставно, има посебна енергија при изработка на секоја даска.rnrnНемаме продавница со изложени даски, работиме само по нарачка. Нашите производи можат да се видат и нарачаат на нашите Инстаграм и Фејсбук профили.rnrn

    rnrnrnrn

    Интервју: Христијан Киров

  • Инспирирајте се од Инстаграм профилот на @elena.alac и внесете некоја промена во уредувањето на вашиот дом

    Инспирирајте се од Инстаграм профилот на @elena.alac и внесете некоја промена во уредувањето на вашиот дом

    Велат дека домот е онаму каде што е срцето, и тоа е вистина. Со оглед на времето кое го поминуваме во нашиот дом, сите сонуваме за убаво уреден простор како од магазините. Ние се инспириравме од уникатниот профил на @elena.alac, кој изобилува со прекрасни идеи за декорација, впечатливи додатоци и предмети. Доколку немате некоја посебна идеја или замисла како да го освежите домот, овој профил сигурно ќе ви се допадне. Прочитајте го нашето интервју со неа во продолжение.rnrn

    rnrnrnrn

    1. Твојот профил го красат фотографии од твојот преубав дом. Кога се роди љубовта кон уредувањето?

    rnСметам дека љубовта кон уредувањето ја имаме сите, само што таа испливува на површина кога ќе добиеме можност да создадеме сопствен простор за живеење во кој ќе се чувствуваме најудобно, ќе бидеме свои и кој ќе го нарекуваме дом. Кај мене тоа прв пат се случи во тинејџерските години, кога ја реновиравме мојата детска соба, и која благодарение на моите родители, имав можност сама да ја уредам.rnrnУредувањето уште повеќе го засакав кога го реновиравме станот во кој живееме сега со сопругот. Во основа избравме светли, неутрални бои и едноставен мебел, за да можам постојано и максимално да ја вложувам мојата креативност преку „играње“ со останатите детали кои го прават просторот – дом, истовремено внесувајќи личен печат. Често сакам да правам промени, било тоа да е менување на навлаките за пернички во друга боја или разместување на сликите и украсите, бидејќи секоја една промена колку и да е минимална го освежува просторот и му дава нова димензија.rnrn

    rnrnrnrn

    2. Каде најчесто ја наоѓаш инспирацијата за твоите фотографии? Дали постојат профили кои те инспирираат како да го уредиш и декорираш просторот?

    rnДодека бевме во фаза на реновирање на станот, постојано барав идеи на Пинтерест и во тој период заследив и многу homedecor профили на Инстаграм, од кои повеќето беа странски. Не би можела да издвојувам бидејќи навистина ги има многу, а постојано наоѓам и нови и сите ме инспирираат на различен начин.rnrnГи фотографирам сите оние мали промени кои ги правам во домот и убаво ми е кога после неколку месеци ќе погледнам во некоја фотографија и кога истата ќе ме поврзе со некој убав момент или настан што се случил во периодот кога е направена.rnrnrn

    rnrnrn

    3. Декорирањето на домот може да биде многу скапо. Дали постои начин ова да се прави по пристапни цени?

    rnСекако дека постои. Денес на пазарот има широка палета на квалитетни материјали и производи по пристапни цени, како на пример иверки со одлична имитација на дрво, плочки со мермерни дезени и слично, кои се доста поевтини во однос на природните материјали, со што се олеснува начинот да се добие посакуваниот исход од финансиска гледна точка. Исто така, од еден стар и истрошен мебел, со малку вложен труд и минимално финансиски средства, може да се добие луксузно и безвременско парче што изгледа како ново.rnrnШто се однесува до останатите декорации – украсите, мислам дека секој кој има желба може да си изработи нешто и сам од обични материјали што ги има дома. Можностите се навистина огромни, а на Интернет постојат многу блогови и видеа со туторијали кои покажуваат како многу од работите кои би ги гледале како отпад (градежни остатоци, картон, хартија, празни шишиња), можат да завршат како декорации во домот.rnrn

    rnrnrn

    4. Домашните цвеќиња и растенија смируваат и прават една пријатна атмосфера во домот. Дали практикуваш да имаш вазна со свежо сезонско цвеќе?

    rnНе можам да си го замислам домот без собни растенија, без нив би ми било празно. Освен што придонесуваат за пријатната и смирувачка атмосфера, тие истовремено се и прочистувачи на воздухот, а докажани се и здравствените бенефиции од нивното одгледување.rnrnМногу сакам цвеќиња и секогаш гледам да има свежо цвеќе во вазна барем на трпезариската маса. Имам навика да собирам од градината на дедо ми, или пак да донесам дома гранки од багрем, цреша, кајсија, магнолија додека се во периодот на цветање (на пролет), а некогаш знам и да си купам од цвеќара. Ако пак, се погоди некој период да немам свежо цвеќе, тогаш мора да имам чинија со разни сезонски овошја.rnrn

    rnrnrnrn

    5. Забележавме дека споделуваш и превкусни рецепти. Каква храна најмногу сакаш да готвиш? Кое е твоето омилено јадење?

    rnОбожавам да готвам секаква храна, и благо и солено. Кога имам време, знам да останам во кујна со часови, да приготвам нешто ново што не сме го пробале и уживам во тоа, но кога сум во трка со времето приготвувам поедноставни оброци кои се трудам да бидат здрави. Секогаш додавам различни зачини и состојки и ретко кога правам нешто по рецепт, па затоа кај мене никогаш едно исто јадење нема ист вкус. Поради тоа и кујната си ја нарекувам домашна лабораторија во која експериментирањето нема граници.rnrnНемам едно омилено јадење, но од поомилените би издвоила паста, риба и cѐ од нашата македонска традиционална кујна.rnrn

    rnrnrnrn

    6. Што е она поради што добиваш најмногу лајкови на Инстаграм? Дали имаш совет за оние што сакаат да имаат повеќе следбеници на оваа социјална мрежа?

    rnМојот профил на Инстаграм почна да привлекува внимание кога почнав да ставам слики од уредениот стан, во кој штотуку бевме вселени со сопругот, а го уредувавме со многу љубов. И како што на секој би му било задоволство да сподели нешто ново со пријателите на социјалните мрежи, така и мене – и тогаш неочекувано почнав да добивам многу комплименти, нови следбеници, прашања во врска со мебелот и украсите.rnrnМногу брзо потоа сфатив дека Инстаграм е многу повеќе од само социјална мрежа, туку е и еден виртуелен простор за креативно изразување, давање и добивање инспирација. Би кажала дека денес мојот профил е дневник на сите мои хобија: фотографија, уредување на домот, цртање, „направи сам“ проекти, готвење, односно сѐ она што го правам во слободното време и кое ме исполнува.rnrnОд досегашното искуство, мојот совет до сите оние кои сакаат да го зголемат бројот на следбеници е да бидат креативни, константни, но умерени и да изнесат квалитетна содржина на автентичен начин кој ја отсликува нивната персоналност.rnrnrn

    rnrnrn

    Интервју: Ана Ќурчиевска

  • Невообичаени и креативни саксии што ќе го разубават вашиот дом (+ ПОДАРОК!)

    Невообичаени и креативни саксии што ќе го разубават вашиот дом (+ ПОДАРОК!)

    Растенијата не само што ги разубавуваат собите и градините, туку и го прочистуваат воздухот. Ако сте љубител на домашните саксиски цвеќиња, сигурно посветувате внимание и на самите саксии во кои ги чувате омилените растенија. Погледнете ги овие неверојатни саксии кои ги изработува Тамара од студиото Con Home и пронајдете го вашето омилено парче декор кое ќе му даде уникатен изглед и посебна убавина на просторот.rnrn

    МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

    rnrn

    rnrnrnrn

    1. Што ве инспирираше да го создадете брендот „Con home“?

    rnНа почетокот, идејата да се направи нешто од бетон ни се чинеше апсурдна, затоа што во глобала овој материјал се користи само во градежни цели. Инспирирани од разни статии и веб-сајтови, решивме да пробаме. И започнавме… Милион фрлени предмети, илјада искршени, испукани, суви и распарчени производи и сто неуспешни експерименти. Но не се откажавме и по некое време почнавме самоуверено да добиваме квалитетен производ.rnrn

    rnrnrnrn

    2. Како изгледа процесот на изработка на саксиите? Има ли некои фактори што влијаат на квалитетот на крајниот производ?

    rnСовремените архитекти имаат измислено нов пристап кон производство на бетон, кој се нарекува архитектонски бетон. За разлика од вообичаениот, тој е помазен и пријатен на допир. Таквиот бетон остави голем впечаток кај нас и затоа решивме подобро да го запознаеме. При подготовката на бетонот, важно е да се разбере дека крајниот квалитет многу влијае на секоја компонента. Потребно ни беше време и малку трпение за да го пронајдеме идеалниот рецепт. Во процесот на создавање внимателно следиме како бетонот станува силен и се грижиме да не апсорбира вишок влага. Во исто време, се фокусираме да нема нечистотии, кои можат да го расипат изгледот или да влијаат на здравјето на растенијата во саксиите.rnrn

    rnrnrn

    3. Каква е реакцијата на публиката? Дали добивате нарачки за саксии како подарок?

    rnПубликата е воодушевена од нашите производи, затоа што се несекојдневни и уникатни. Нашите саксии се одличен подарок за спротивниот пол.rnrnrn

    rnrnrn

    4. Зошто сукулентите и кактусите се толку популарни? Дали причината е поради нивниот уникатен изглед и голема издржливост?

    rnСукулентите и кактусите едноставно го исполнија целиот интернет и ги освоија нашите срца. Отпрвин тие привлекуваат внимание со нивниот необичен изглед, а кога ќе откриете колку се скромни – разбирате дека сакате да ги имате во вашиот дом.rnrn

    rnrnrn

    5. Кој е процесот за нарачка и како може да ве контактираат заинтересираните купувачи?

    rnРаботиме онлајн, заинтересираните купувачи можат слободно да ни пишат на нашите профили на Фејсбук или Инстаграм, а ние ќе им ги доставиме до нивниот дом.rnrn

    rnrnrn

    Интервју: Ана Ќурчиевска

  • Разубавете ја вашата кожа со природните скрабови од Scrubby (+ ПОДАРОК)

    Разубавете ја вашата кожа со природните скрабови од Scrubby (+ ПОДАРОК)

    Од ден на ден, мртвите клетки и нечистотијата сѐ повеќе се акумулираат на површината на кожата, што може да ја направи сува, ронлива и без сјај, а можна е и појава на акни поради затнатите пори. Ако сте забележале некои од овие неправилности на вашата кожа, можеби треба да размислите за додавање нов производ во вашата рутина за нега. Правилната ексфолијација со скрабови ја отстранува бариерата од мртвите клетки и ослободува нов слој на кожата.rnrnЗа важноста на скрабовите, како неизбежен дел од грижата за нашата кожа, поразговаравме со девојката која стои зад Scrubby – бренд за слатки скрабови чии природни масла ја подмачкуваат и потхрануваат кожата, додека истовремено го изразуваат нејзиниот природен сјај и мекост.rn

    МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

    rnrn

    View this post on Instagram

    🌸 <— GIVEAWAY TIME —> 🌸 Во соработка со @scrubby_mk подаруваме 2 скрабови на природна база направени со одбрани состојки кои ќе ја остават вашата кожа хидратирана, мазна и мека. Правила за учество: 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @scrubby_mk 2. Тагнете двајца пријатели во коментар 3. Можете да тагнувате повеќе пати (различни профили) Добитниците ќе ги избереме во среда (11.09.2019). Со среќа! 🍀 #кафепауза #scrubby_mk #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #fashionistasmk #фотонаденот #фотонанеделата #скраб #скрабови #убавина #кожа #неганакожа #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

    A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

    rnrnrn

    1. Како дојдовте до идејата да почнете да правите органски скрабови и како го развивте концептот? Кој стои зад оваа приказна наречена Scrubby?

    rnПоаѓајќи од фактот дека грижата за себе секогаш треба да биде на прво место, а кожата како најголем орган во човечкото тело заслужува примарно внимание, решивме да создадеме нешто природно, подготвено со одбрани состојки, а сепак пристапно за секого.rnrnЗад Scrubby стои урбана девојка, ентузијаст која и самата секојдневно се потсетува за важноста на грижата за себе. Преку подготвување на слатки скрабови цели кон докажување дека среќата е во малите нешта и започнува со тоа како се грижиме за себе и како се чувствуваме во својата кожа.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    2. Можете ли да ни откриете нешто повеќе за процесот на создавање, од замислата, до избирање на состојките и самата изработка на скрабовите и амбалажата?

    rnЗамислата на Scrubby е да ја пропагира неизбежната грижа за себе којашто многу пати сите ја ставаме во заден план. Во секој скраб преовладува шеќерна компонента обогатена со разни природни масла и суплементи како што е витаминот Е, неопходни за правилен и темелен пилинг и потхранување на кожата. По подготовката скрабовите се пакуваат во стерилна амбалажа, спремни да бидат дел од бањата на секоја девојка.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrnrn

    3. Која е намената на овие скрабови и како делуваат на кожата? Дали треба да се следи некоја рутина и дали одговараат за сите типови кожа?

    rnНамената на секој пилинг е да ги отстрани мртвите клетки од површинскиот слој на кожата со што се овозможува нејзино правилно функционирање. Хранливите масла пак, ја подмачкуваат и хранат кожата, изразувајќи ги нејзиниот природен сјај и мекост.rnrnЗемајќи предвид дека секој тип на кожа има свои карактеристики, Scrubby може да се сретне во неколку различни варијанти. Така на пример, за сува кожа се наменети скрабовите Basic Scrubby, Vanilla Girls и Flower Power, за мрсна Florida Magic и Lemon Sisters, а за комбинирана Oh Berry! и Kiwi Kiss.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrnrn

    4. Инстаграм е одлична алатка за промоција на брендови за нега и убавина. Колку тоа ви помогна во развивање на бизнисот? Дали користите и други канали за промоција и дистрибуција на скрабовите?

    rnМоментално, сите заинтересирани девојки и момци можат да се информираат повеќе за нашите скрабови на @scrubby_mk. Во иднина планирани се разни активности и промоции на базари и слични случувања.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    5. Зошто една жена или девојка треба да користи скраб? Која е пораката што вашиот бренд им ја испраќа на припадничките на понежниот пол?

    rnГрижете се за себе, бидејќи никој тоа нема да го направи добро како самите Вие! Миризлив пилинг по туширање после долг и напорен ден ги опушта сетилата и ја негува кожата.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    6. Користите органски состојки при процесот на изработка на скрабовите. Според вас, колку е тоа важно за еден бренд кој создава производи за нега на кожата? Кој од веќе достапните скрабови е фаворит на вашите купувачи?

    rnВо светот на вештачки изработени препарати за нега на кожа, handmade производ на база на природни состојки кои во ниту една конотација не се штетни за ниедна кожа, е вистинско освежување.rnrnУбедлив фаворит за изминатото лето беше Oh Berry!, иако во водство секогаш е Vanilla Girls.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrnrn

    7. Нови „вкусови“ или нови производи – кој е вашиот план за во иднина? И каков совет би им дале на младите луѓе кои сакаат да започнат свој бизнис?

    rnСо новата сезона очекувајте и нови производи. Scrubby останува да се грижи за своите купувачи!rnrnСоветот за сите млади кои сакаат да започнат нешто свое и ново е едноставен: START TODAY!rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

    rnrn

    rnrn

    Интервју: Христијан Киров

  • Инспирирајте се од уличниот стил и неверојатните модни комбинации на нашата инстаграмџика Никица Ацева

    Инспирирајте се од уличниот стил и неверојатните модни комбинации на нашата инстаграмџика Никица Ацева

    Преку нашето кратко интервју, запознајте ја инстаграмџиката Никица Ацева, инструкторка по зумба во Танцов клуб Сонриса, а воедно и една од македонските блогерки, која доста успешно плива во блогерските води. За себе вели дека не се смета за позната, но има високи цели и амбиции – да изгради еден различен Инстаграм профил, кој ќе биде навистина корисен за нејзините следбеници. Модата е она што најмногу ја привлекува и ги спојува сите сфери на интерес од нејзиниот живот. Прочитајте го нашиот разговор со неа и инспирирајте се од нејзините одлични модни комбинации!rnrn

    rnrnrn

    1. На Инстаграм одлично ги прикажуваш твоите шик модни комбинации, а истовремено водиш и моден блог. Како започна целата оваа приказна и колку време посветуваш на оваа работа?

    rnЦелата приказна, поврзана со мојот блог, а и со мојот Инстаграм профил официјално започна пред помалку од една година, но всушност сето тоа беше краен резултат на повеќе сегменти од мојот живот. Јас сум човек наклонет кон уметности. Со музика се занимавам од мала, поточно со соло пеење, потоа во 2012 година решив музиката да ја поткрепам со танц, а модата постојано го следеше моето патешествие. Сите мои сфери на интерес кои ги следев низ годините решив да ги склопам во една поинаква „инфлуенсерска“ приказна и да покажам една реална слика за секој изглед кој секојдневно го претставувам на социјалните мрежи. Поточно, би ги советувала моите следбеници секогаш да обрнат внимание на малите описи под моите слики, бидејќи секоја слика и модна комбинација има за цел да им помогне на сите оние кои немаат инспирација што да облечат за на работа, концерт, прошетка, настап, патување или пак за некоја посвечена прилика.rnrn

    rnrnrn

    2. Секоја твоја комбинација е интересна и впечатлива. Како би го опишала твојот стил на облекување? Исто така, што би рекла дека е клучно за градење сопствен стил? Која е твојата препорака за оние кои се во потрага по свој препознатлив стил?

    rnМојот стил е всушност комбинација од повеќе стилови. Сакам да си играм и да експериментирам, а мислам и дека моменталните модни трендови го налагаат тоа. Сепак, морам да напоменам дека најмногу ме опишува така наречената „улична мода“. Сите оние кои се во потрага по свој препознатлив стил нека не се плашат од промени. Колку си поуникатен – толку позабележан ќе бидеш.rnrn

    rnrnrn

    3. „Немам што да облечам!“ – Дали, како и повеќето жени, често ја користиш оваа фраза? Како се снаоѓаш кога си во брзање, а немаш соодветна идеја за комбинација во глава?

    rnСекако дека да, хахах. Токму оваа реченица беше тема на еден од моите блог постови и откако убаво го изанализирав овој „проблем“, заклучив дека само треба малку да ја употребиме нашата имагинација и да го опремиме нашиот плакар со облека која трпи повеќе комбинации.rnrnМислам дека идеално решение би било да ја зачестиме примената на здолништа, фармерки и пантолони во неутрални бои кои со разни маици, кошули, чевли, патики и аксесоари можат да бидат прикладни за секаков вид пригода. Впечатливите фустани да ги резервираме само за посебни настани!rnrn

    rnrnrn

    4. Кога станува збор за модните додатоци, имаш ли некое посебно правило што го следиш додека ги комбинираш со некоја облека? Кој е твојот омилен моден додаток?

    rnПокрај многу популарните аксесоари за коса на кои им наоѓам примена буквално во секој аутфит, сакам да ги издвојам хулахопките како мој омилен моден детаљ. Оставаат посебен печат на секоја моја есенско-зимска комбинација.rnrn

    rnrnrnrn

    5. Кое е твоето омилено модно парче што го имаш во плакарот? Што е според тебе задолжително во плакарот на секоја девојка?

    rnХмм, во моментов не можам да се сетам на одредено парче кое би го издвоила како омилено, но ако се задлабочите во мојот Инстаграм профил ќе забележите дека имам барем 8 различни бели маички и кошули. Тоа е интересен факт што и јас скоро го забележав, така што претпоставувам дека бела блуза во сите варијанти ми е едно од омилените парчиња. Инаку сметам дека секоја девојка во плакарот треба да има сѐ што наведов погоре како решение на проблемот: „што да облечам денес?“rnrn

    rnrnrn

    6. Кога би имала можност, со кој моден дизајнер би сакала да соработуваш? Воедно, имаш ли некоја досегашна соработка со бренд која особено ти значи?

    rnСите соработки ми се подеднакво драги, не би можела да издвојам некоја што особено ми значи барем засега. А кога сме кај модните дизајнери ме воодушевуваат делата на Тони Матичевски од нашите имиња, но сѐ уште немам таква аспирација да работам со моден дизајнер, бидејќи се задржувам на уличната мода.rnrn

    rnrnrnrn

    7. За крај, ќе ни ја откриеш ли тајната на твојот успех – како се станува популарен на Инстаграм?

    rnИскрено не знам. 😁 Не се сметам за популарна личност, но се надевам дека трудот и желбата ќе се исплатат и дека ќе ја дознаам тајната на успехот до нашето следно интервју.rnrn

    rnrnrn

    Интервју: Ана Ќурчиевска