КАФЕ ПАУЗА

Tag: интервју

  • Интервју со Serpentine Fire

    Интервју со Serpentine Fire

    Интервју со Serpentine FireБенд: Serpentine Fire rnrnОснован: април, 2005 rnrnСостав: Филип Златковски – ритам гитара, Дамјан Јанев – соло гитара, Игор Панев – вокал, Милош Дејановиќ – бас и Љубомир Јовановиќ – тапани rnrnТип музика: хеви метал со примеси на треш метал и прогресивrnrnИздадени албуми: Out to the lightrnrn___________________________________________________________________________________________rnSerpentine Fire е хеви метал бенд кој годинава обележува 6 години од своето постоење. Зад себе имаат еден самоиздаден албум и неиздаден материјал од 2010 кој е бесплатно споделен преку интернет, а во подготовка е вториот албум, кој планираат да го завршат годинава. Секој во бендот си има своја улога: Игор ги прави вокалните линии и текстовите заедно со Милош, Филип и Дамјан се грижат за компонирањето и аранжманот на песните, а Бубе доволно е само да тропа :). Но на крајот, сите заедно одлучуваат за сè, не постои „газда“ во бендот. Редовни настапи како „тезгари“ немаат, а позначајните свирки им биле на Рок Фест, Плагијат и Дојди Веслај во Струга.rn___________________________________________________________________________________________rnИнтервју со Serpentine Firern

      rn011

    • rn

      Кои странски музички изведувачи се вашиот фаворит и главна инспирација?

      rn

    • rn

    rn

    Странските бендови кои влијаеле на нас со текот на годините се менувале, како и нашиот стил, но едни од фаворитите кои на сите нас ни извршиле влијание се бендови како KIng DIamond, Pantera, Flotsam and Jetsam, Forbidden и многу многу други. Горе-доле нашата музика е комбинација од стиловите на овие бендови, додека инспирацијата доаѓа директно од душата, не од некој бенд.

    rn

      rn011

    • rn

      Колку често правите проби?

      rn

    • rn

    rn

    Се трудиме тоа да биде колку можеме почесто, со оглед на обврските кои ги имаме сите, така што релативно е, но тоа се движи од ниеднаш до 2-3 пати неделно.

    rn

      rn011

    • rn

      Кога и каде можат да ве чујат фановите? Кои песни може да се чујат на вашите свирки?

      rn

    • rn

    rn

    Нашите фанови знаат кај да не најдат. Тоа најчесто е или Кастро или Хавана. Секој што сака да слушне добар и моќен метал нема да има проблем да не најде. Воглавно свириме наши песни, но одвреме навреме знаеме да отсвириме и некоја преработка од некои од познатите бендови. Целта ни е само луѓето да си поминат убаво на свирка и да им се исплатат парите кои ги дале.

    rn

      rn

      rn.

      rn011

    • rn

      Што правите кога не се занимавате со музика?

      rn

    • rn

    rn

    Постарите во бендот работат, помладите студираат :). Имено: Игор е доктор, јас (Филип) работам со ентериери, Милош и Дамјан се студенти, а Бубе држи Фаст фуд ресторан. Останатото време кулираме и чат-пат некоја песна може да излезе од дремењето по дома.

    rn

      rn011

    • rn

      Текстовите на вашите песни се на англиски јазик. Зошто?

      rn

    • rn

    rn

    Па, од една страна на англиски е многу полесно изразувањето поради тоа што има голем фонд на зборови и нивни варијации, додека македонскиот е поограничен во тој поглед, а од друга страна сакаме нашата музика да ја разбираат во секој дел од светот, не само во Македонија. Но, тоа не значи дека во иднина не би направиле песна на македонски јазик.

    rn

      rn011

    • rn

      Која песна е ваш фаворит?

      rn

    • rn

    rn

    На сите најголем фаворит ни е „Hypocrisy of Life“ која исто така ја сметаме за нашиот најголем успех. И најверојатно во таа насока ќе се движи бендот во наредните години.

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • rn

      Кои македонски бендови или изведувачи особено ги почитувате?

      rn

    • rn

    rn

    Од постарите бендови, би ги наброиле Sanatorium и Orion, кои влијаеле на доста генерации, а од нашите сегашни колеги Vandal, Raven, Furion и многу други кои доста добро си ја вршат својата работа.

    rn

      rn011

    • rn

      Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на вашиот бенд?

      rn

    • rn

    rn

    Обично одговорот на ова прашање би бил издавање за позната издавачка куќа, турнеи низ цел свет и многу жени и пари (што не би било далеку од вистината :)), но искрено не сме во потрага по успех кој само би не направил познати. Сакаме нашата музика да допре до што повеќе луѓе и да не почитуваат само поради нашата музика, прилично искрено го работиме ова и сакаме поради тоа да бидеме ценети.

    rn

      rn011

    • rn

      Дали би го смениле стилот на музиката, доколку некој познат продуцент во Македонија ви понуди соработка која ќе го вклучува овој услов?

      rn

    • rn

    rn

    Мислам дека нашите продуценти имаат доволно кловнови, така да не верувам дека сме им ние потребни само за да им пркосиме на неквалитетот. Но кога би дошло до тоа најверојатно би им рекле: „SCREW YOU GUYS, WE’RE GOING HOME“.

    rnИнтервју со Serpentine Firern

      rn011

    • rn

      Како го гледате бендот после 25 години?

      rn

    • rn

    rn

    Па се надеваме дека ќе оставиме печат на македонската андерграунд сцена, како бенд кој истрајал, има барем 5-6 албуми позади него и многу концерти. Се разбира, сакаме да бидеме бенд кој би влијаел на идните генерации и да бидеме инспирација за некој да направи поголем успех.

  • Што е забрането на интервју за работа?

    Што е забрането на интервју за работа?

    Сте се потрудиле околу личната биографија и писмото за мотивација. Работодавецот е импресиониран од тоа и следниот чекор е да ве повика на интервју. Помислата од тоа да се сретнете лице в лице со работодавецот или некој од неговите подредени, неретко знае да предизвика нервоза, нетрпеливост и вознемиреност.Што е забрането на интервју за работа?Треба да знаете дека постојат неколку работи на кои апликантите треба да обрнат поголемо внимание за време на интервјуто за работа. Еве листа на грешки кои треба да гледате да не ги направите наредниот пат кога ќе отидете на интервју за работа:rn
    rn

    Доцнење

    rnШто е забрането на интервју за работа?Прво и најважно правило од кое нема ниеден исклучок! Доцнењето, во која било држава е знак на непочитување. Затоа, подобро е да дојдете неколку минути порано на договореното место и да се напиете кафе некаде во близина, отколку да задоцните. Се разбира, понекогаш се случуваат чудни работи токму на денот кога нешто важно ви се случува – метеж во сообраќајот, неодложна семејна работа и сл. Во таков случај, јавете му се на лицето кое ве контактирало за интервјуто и известете го за можното доцнење или во краен случај недоаѓање и воедно замолете го да ви го презакаже интервјуто за друг ден.rn
    rn

    (Не)запознаеност со светот на бизнисот

    rnАко сте невработени не значи дека не треба да ги знаете основите во светот на бизнисот и тоа како тече еден работен ден. Потрошете малку време за да се запознаете со овие работи пред самото интервју. Работодавците скоро секогаш закажуваат интервју за работа за време на работниот ден, а не после него. Затоа, ако чекате да ве поканат на интервју или веќе ви се јавуваат, треба да имате неколку слободни часови од 9 до 17 часот.rn
    rn

    (Не)професионален изглед

    rn

    Што е забрането на интервју за работа?Треба да обрнете внимание на тоа како ќе бидете облечени кога одите на интервју. Облеката, говорот на телото и гестикулациите се клучни за да делувате професионално. Откако ќе се вработите, веќе можете да се подослободите и да се обидете да се вклопите со стилот според кодексот на облекување кој важи во работната околина.rn
    rnrn

    (Не)заблагодарување за дадената шанса

    rnШто е забрането на интервју за работа?Ако ви се посреќило и сте се покажале во најдобро светло, интервјуто може да резултира со потпишување договор за работа. Доколку насетувате дека ова ќе се случи, убаво е да се заблагодарите за укажаната шанса да бидете дел од работниот тим. Немојте долго да чекате за ова. Преку електронска пошта или рачно напишано писмо, изборот е ваш, но сторете го тоа. Ако се одлучите да пратите имејл до повеќе луѓе кои учествувале на интервјуто, тогаш никако не користете ја опцијата cc (carbon copy) за да пратите една порака до повеќемина. Пратете посебни пораки.rn
    rn

    Ѕвонење на телефонот

    rnВо сите професионални ситуации, вработените им се покоруваат на оние со поголема моќ. Тоа значи дека ако му заѕвони мобилниот телефон на шефот додека ве интервјуира, не значи дека и вам ви е дозволено да ви се случи истото. Не залажувајте се. Телефонот исклучете го (не на бип, ниту на вибрации) уште пред да влезете во канцеларијата. Плус, играјте на сигурно – не дозволувајте да ве фатат како скришно зборувате на мобилниот телефон ниту додека чекате во ходникот.rn
    rn

    (Не)покажување почит кон вработените

    rnШто е забрането на интервју за работа?Вработените од административниот персонал, од правната служба и секретарите се често срцето и душата на компанијата. Нивното мислење се цени од „врвот“, така што треба да внимавате како ќе се однесувате со нив. Исто така, тие често се хиперчувствителни поради тоа што се помалку платени од другите. Не ги омаловажувајте и не им ја отежнувајте работата. Можеби наскоро ќе ви станат колеги.rn
    rn

    Кој кого тука интервјуира?

    rnШто е забрането на интервју за работа?Некои мислат дека ако почнат да прашуваат многу прашања за време на интервјуто, така ќе ги импресионираат оние кои интервјуираат. Грешка! Кога сте повикани на интервју за работа, многу добро се знае кој е кандидатот, а кој го врши интервјуто. Неколку пристојни прашања со кои ќе се нагласи вашето познавање за компанијата е она на што треба да се посветите.rn
    rn

    (Не)нормален однос

    rnРаботодавачите треба да определат дали можете да се вклопите во организационата култура што е воспоставена во компанијата. Пред да влезете во просторијата за интервјуирање, анализирајте го однесувањето на другите вработени кои поминуваат во холот, од јачината и темпото на зборување, до говорот на телото и потоа искористете го ова за време на разговорот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Паметно барање работа

    Паметно барање работа

    Има разлика помеѓу оние кои бараат работа и оние кои бараат вработување. Навидум, и двете се сведуваат на истото, но според тоа како ќе се поставите, може да значи дека ќе ја добиете работата или ќе ја изгубите шансата да бидете вработени. Прочитајте што подразбира паметното барање работа:rn.rn

    1. Потенцијалната работа е насекаде

    rnПаметно барање работаПаметното барање работа подразбира да немате срам кажувајќи им на вашите пријатели, членови во вежбалната, родителите на вашите пријатели, дека немате работа и дека постојано барате. Ако молчите и не зборувате многу, никогаш нема да дознаете дека мајката на пријателот на вашиот пријател има стоматолошка ординација или е правник.rn.rn

    2. Бидете отворени

    rnПаметно барање работаАко гледајќи огласи за работа во весник или на интернет порталите, прочитате за некоја компанија, фирма која не ви е позната, не ја одбивајте веднаш. Побарајте на ја интернет или распрашајте се наоколу за неа. Можеби е нова или не многу позната.rn.rn

    3. Потрудете се околу мотивационото писмо и си-ви-то

    rnПаметно барање работаПотрошеното време за подготвување на јасно прецизно и концизно си-ви и убаво напишано мотивационо писмо, зборува многу за вас. Обидете се да го напишете без ниедна грешка, јасно и разбирливо. Многу е важно да видите дали во делот „вештини“ од си-ви-то, се напишани потребните вештини кои ви се потребни за работното место за кое аплицирате.rn.rn

    4. Однесувајте се и изгледајте како професионалци

    rn

    Паметно барање работаОва е многу јасен и ефективен совет: пристигнете на време за интервјуто, облечете се соодветно, слушајте и зборувајте, покажете самодоверба во начинот на размислување и во однесувањето.rn.

    rnrn

    5. Дајте до знаење дека ја сакате токму таа работна позиција

    rnЗа време на интервјуто за работа, покажете дека сте најдобриот кандидат за работата.rn.rn

    6. Не избрзувајте!

    rnКолку и живо да ве интересира унапредувањето, покачувањето на платата и слободните денови, паметниот кандидат никогаш не избрзува и не ги поставува овие прашања за време на првото интервју за работа. Тоа дава неубав впечаток за вас, бидејќи тоа се работи кои работодавецот треба да ви ги каже.rn.rn

    7. Слушнете, прашајте и заблагодарете се

    rnСлушањето и прашувањето се работи кои никако не смеете да ги заборавите додека сте на интервју. Заблагодарете се за одвоеното време и покажете дека сте возбудени за работата. Запомнете го името на оној кој ве интервјуирал. На тој начин ќе оставите одличен впечаток.

  • 4 знаци дека треба да најдете друга работа

    4 знаци дека треба да најдете друга работа

    Без разлика дали сте моментално вработени, барате работа или утре одите на интервју за работа, прочитајте на што треба да внимавате кога сте во работното опкружување.rn

    1. Ви поставуваат чудни прашања

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnВнимавајте на прашањата кои имаат за цел да откријат интимни делови од вашиот живот. Која е вашата сексуална определба, кое ви е омилено кафуле, дали некогаш сте се сликале за фотосесија во списание и сл. се прашања кои не треба да се очекуваат од идниот работодавец (освен ако прашањата се директно поврзани со местото за работа за кое аплицирате). Дури и прашањата да не ви се чинат лични, верувајте дека тие се премногу интимни за да ви ги поставува работодавецот за време на интервјуто за работа или после некое време од работењето во неговата компанија.rn

    Еден вработен бил викнат во канцеларијата на неговиот работодавец каде бил прашан: „Дали се навредуваш кога некој упатува пцости спрема тебе?“ Вработениот одговорил: „Не, понекогаш и јас пцујам. Не е тоа ништо“. Потоа, кога разговорот продолжил, вработениот сфатил дека секоја реченица на работодавецот била со пцости. Ги употребувал дури и во деловната комуникација преку е-mail. Вработениот се почувствувал навреден и дал отказ.

    rn

    2. Никој не изгледа среќно во компанијата

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnКога одите на разговор за работа, погледнете ги луѓето кои работат во компанијата. Ако се насмеани, среќни, позитивни и весели, тоа е добар знак. Тоа значи дека ја сакаат работата која ја работат и дека условите во кои работат се одлични. Но, ако човекот кој ќе ве пречека на рецепција не ви се насмевне, тоа е знак дека во компанијата работите не се баш како што треба. Едноставно, набљудувајте го однесувањето на оној кој ве интервјуира. Ако тој му „зборува на носот“, постојано проверува електронска пошта, одговара на телефонските повици кои ги добива во текот на разговорот, тоа е знак дека тој нема доволно почит спрема вас и вашата работна позиција за која аплицирате.rn

    3. Вашата работна позиција нема звање

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗа време на интервјуто за работа, оној кој ве интервјуира размислува едно, а вие друго. Вас ви е важно да ве примат на работа, а на другиот му е важно да пополни место во компанијата. За време на интервјуто, покажете интерес и прашувајте прашања за тоа што точно е вашата работа и кое е звањето кое ќе го имате. Ако на почеток не го знаете вашето звање, потоа е потешко истото да го добиете. Дајте му до знаење на работодавецот дека вам ви значи која позиција ќе ја имате во неговата компанија.rn

    4. Верувајте му на внатрешното чувство

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗборуваме за интуиција – чувството кое ви кажува што да направите. Понекогаш, дури и сè да ви изгледа убаво и совршено, внатрешниот глас е посилен и не треба да се занемарува. Послушајте се самите себе кога нешто „не ви штима“. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, тоа веројатно е така. Затоа, верувајте во самите себе.

  • Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Интервјуата за работа се еден вид натпревар. Се прашувате како токму вие да победите во „морето“ од дипломирани и магистрирани луѓе? Не губете надеж! За секого има место во овој свет. Она за кое треба да се борите е да се прикажете себеси во најдоброто можно светло, но притоа да не делувате премногу ентузијастички настроени.

    rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?Секое интервју е различно искуство, па затоа обидете се да го „прочитате“ говорот на телото и фацијалните експресии на вашиот соговорник додека зборувате. Дали тој/таа ве гледа во очи додека вие се обидувате да ѝ придадете значење на некоја ваша способност или карактерна особина? Тоа е обично добар знак. Дали тој што ви го прави интервјуто вообразено се потсмевнува, го трга погледот од вашите очи и се потпира со грбот на столот? Тоа не е добар знак.rnrnВо продолжение следуваат 5 клучни работи кои не смеете да ги занемарите во текот на интервјуто.rn.rn

    1. Страст за работата

    rnДајте му на знаење на вашиот потенцијален шеф дека со голема страст и волја ќе ги извршувате вашите работни обврски. Последното нешто кое работодавачите го сакаат, е вработен кој работи само за да преживее или за да се испроба во конкретната област.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    2. Човечки капитал

    rnОдењето на работа не е исто што и стажирање, а тоа значи дека работодавачот не сака да слушне дека вие сте аплицирале да работите во неговата фирма затоа што сте сакале нешто да „научите“. Она што сака да го чуе, е дека вие поседувате одредени квалификации, способности и квалитети кои ќе му донесат поголема заработувачка. Сè што треба да направите, е да го убедите шефот дека компанијата ќе има голема полза од вас.rn

    3. Комуникативност

    rnКвалитет број 1 според работодавачите е вештината за ефективна комуникација на своите вработени. Способноста за јасно изразување на вашите идеи и перспективи на колегите и на надворешните соработници е од мошне големо значење за вашиот работодавач.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    4. Брзо учење и напредување

    rnДоколку вчера сте излегле од академските клупи, невозможно е да имате големо работно искуство зад себе. Бидејќи работодавачите се по малку скептични за вработување на луѓе без искуство, вие ќе мора да го убедите вашиот потенцијален газда дека доволно би ви било одредена задача еднаш да ви биде објаснета, за потоа самостојно да се усовршувате во извршувањето на истата.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    5. Практичност

    rnПовеќето луѓе кои штотуку дипломирале едвај чекаат да ја пронајдат првата вистинска работа и да „скокнат“ во својата позиција со полна пареа. Ентузијазмот е двигател на мотивацијата на вработените, но преголемото возбудување може лошо да биде сфатено од страна на работодавачите. Тие тоа го доживуваат како особина на младите да избрзуваат со ветување работи кои не можат да ги исполнат. На тој начин, многу е важно да го уверите вашиот потенцијален работодавач дека ќе ги исполнувате вашите работни задачи служејќи се со вашата здрава логика, реалистичност и практичност.rnrnrnrnrnrn