КАФЕ ПАУЗА

Tag: интервју

  • Интервју со бендот High Control

    Интервју со бендот High Control

    Интервју со бендот High ControlБенд: High Controlrnrn Основан: 2005 годинаrnrn Музика: алтернативен рокrnrn Албуми: „In every way“ (2009), „Report“ (2011)rnrn Состав: Роберт Матовски (вокал, гитара), Игор Мариниќ (бас), Гоце  Симоновски (гитара) и Јосип Сензел (тапани)rn
    rn


    Дека македонската музичка сцена навистина има квалитет со кој може да се гордее, покажаа момците од бендот High Control. Со многубројни настапи и ангажмани, веќе два албума зад себе и промоција на новиот, петти по ред официјален видео запис за песната „Доста“, навистина ја покажаа нивната посветеност кон музиката и сигурноста со која чекорат кон сè поголеми успеси.rnrnБендот е оформен во 2005 година, но самиот состав претрпел одредени промени па така сегашниот тим работи заедно од 2007 година и може да се забележи дека функционира одлично. Нивната музика според најголем дел од критичарите е категоризирана како алтернативен рок, но дефинитивно станува збор за препознатлив, жив звук одличен за многубројните свирки на кои бендот постојано е ангажиран. rnrnФановите секогаш можат да најдат плус информации во врска со идните свирки, настапи и други битни информации за бендот на нивниот официјален веб-сајт www.highcontrolmusic.com, и што е најбитно и двата албуми можат да си ги симнат бесплатно. Освен што се навистина посветени на нивната музика и напорно работат, момците од High Control се одлично расположени и за муабет, па така со задоволство ви пренесуваме што открија во интервјуто за Кафе пауза.rnrn


    rn
    rnИнтервју со бендот High Control Зад себе имате веќе два албума, одлични хитови и неверојатни настапи… Ви недостасуваат почетоците, првите свирки, собирањето во гаражи или пак во суштина работите и не се толку променети?rnrnИако сме подобрени во однос на тоа како сме го добиле своето место на сцената, во суштина работите не се многу изменети во однос на собирањето по гаражи, процесот на создавање музика – сепак таму амбиентот е најдобар за работа. А од првите почетоци и свирки можеби недостига оној предизвик за самодокажување, како и желбата да те „слушне“ некој.rnrn Како настана „Report“ и колку долго работевте на албумот?rnrnНа „Report“ работевме околу една и пол година, бидејќи после првиот албум „In Every Way“, кога сè уште некако се баравме и експериментиравме, со овој албум веќе знаевме што сакаме, знаевме каде одиме, т.е. имавме визија како тој ќе звучи, а крајниот производ беше повеќе од задоволителен.rnrn Песните очигледно испраќаат јасна порака до публиката, не може, а да не се забележи таа поврзувачка нишка на „Are you blind?“, „Tired of lies“ или „Brainwashed“… Мислите ли дека дојде време младите конечно да се освестат за сè што се случува околу нас?rnrnВремето не само што е дојдено, туку дури е и одминато, ама се добива некој впечаток дека кај младите постои своевидна индолентност, како да владее една општа апатија и затоа малку сме скептични во однос на ова прашање, бидејќи како да не постои веќе онаа движечка сила која би требала да биде манифестирана од страна на младите, како да недостига креативност, самосвест, желба за подобро. Сепак, наше е да ги искажеме работите кои нè мачат и да се надеваме дека ќе допрат до некого.rnrnОд што ви е „доста“?rnrnДоста ни е од насилници, убијци, лажговци, лицемери, профитери кои заработуваат на сметка на маката на другите, празни, неисполнети ветувања, лоши вести, заплашувања… Доста ни е од сè она што веќе со децении нè оптоварува.rnrn

    rnrnКако и дали воопшто се смени вашата музичка и уметничка визија од времето кога почнавте со формирањето на бендот? Дали се движите во посакуваната насока за High Control, онаа која ја замисливте при самите почетоци? Би промениле ли нешто?rnrnМузиката созрева заедно со нас. На почетокот имавме некоја визија за создавање на основа на сето она што е изградено до денес, но сè уште градиме – тоа е еден процес кој никогаш не запира. Мислиме дека се движиме во вистинска насока и сега за сега не би менувале ништо, но не се исклучува можноста за експериментирање со нови инструменти, технологии, соработка со други музичари и слично.rnrnШто ве инспирира? Кои се вашите идоли?rnrnГенерално инспирација црпиме од нашето секојдневие. Животот е полн со убави и не толку убави работи, предизвици, пречки, а сето тоа е доволно за да ве инспирира. Ако зборуваме за идоли, тогаш идоли ни се сите добри луѓе, кои што успеале да задржат од доброто во себе во овие тешки и лицемерни времиња. На музички план, идоли ни се оние музичари кои успеале да останат искрени во својата музика, а сепак да допрат до голем аудиториум и да бидат влијателни.rnrnНаоѓате ли време и за некое хоби покрај ангажманите на музички план? Што прават High Control во слободно време?rnrnHigh Control во слободно време работат макотрпно на финиширање на третиот албум! Хаха, мала шега која не е многу далеку од вистината, но сите приватно сме ангажирани кој со работа, кој со факултет, кој и со двете, па сепак работата на музиката која ја сфаќаме сериозно т.е. претставува нешто што навистина ни е важно – всушност ни преставува и едно хоби и издувен вентил.rnrn

    rnrnКога би ви се понудила можност за милионски договор од некоја светска издавачка куќа под услов да го промените стилот на музиката, би прифатиле ли?rnrnТоа би значело дека ни нудат договор заради погрешни причини или скриени намери, а не заради нашата музика. Повеќе би сакале да ни понудат милионски договор за да продолжиме да го работиме она што најдобро го работиме т.е. да создаваме музика онака како што ние сакаме. Тоа веќе би значело нешто големо!rnrnСе чини дека во последно време, повеќе од кога било, музиката и модата едноставно не одат едно без друго, музичарите кои се пробиваат постојано се трудат да изнајдат некој препознатлив, дури ексцентричен стил… Да речеме, „Hurts“ не може човек да ги замисли без костуми. Начин на уметничко изразување или желба за привлекување внимание? Може ли да се очекува нешто такво од High Control?rnrnНе сме размислувале на тоа да го поставиме имиџот во некој „тренди“ елемент, затоа што размислувањата ни одат во насока дека треба да бидеме препознаени според нашата музика и според она кое ние навистина сме, без да додаваме некоја ексцентричност и да го промениме тој впечаток.rnrnКои настапи ви останале во особено сеќавање?rnrnБи можеле да издвоиме неколку, и тоа од: Winner Fest, Total Demo Fest (каде што освоивме прво место и како награда го снимивме првиот албум „In Every Way“), Пиволенд, Битола Отворен Град, Music Without Borders (Вуковар – Хрватска) двата настапи на EXIT (Нови Сад), па сè до еден од попозитивните настапи на Пикник Рок Фест (Куманово) пред околу 6-7.000 публика со многу позитивна енергија.rnrn

    rnrn Каков е вкусот на славата? Дали ви се допаѓа идејата луѓето да ве препознаваат каде и да одите?rnrnХахаха, па не би рекле дека некој тука во Македонија може да се пофали со некоја слава или дека е ѕвезда и слично. Поимот ѕвезда е изваден тука кај нас од контекст, бидејќи за да бидеш ѕвезда треба да продаваш милионски тиражи на албуми и преку цела година да си на турнеја низ светот, така што едноставно ние се задоволуваме со тоа што ќе сретнеме нови луѓе, а сме сретнале многу прекрасни луѓе со кои сме изградиле пријателски односи, ќе презентираме дел од она што сме успеале да го сработиме и ќе се задоволиме со позитивен повратен ефект од публиката, сè другото е бонус.rnrnШто би им препорачале на читателите на „Кафе пауза“?rnrnДа го читаат вашиот портал, бидејќи изобилува со интересни и квалитетни содржини, нека се надградуваат во животот, нека го живеат со полн здив, нека работат макотрпно на остварување на соништата и никогаш нека не се предаваат – не постои друга формула за да се биде среќен и исполнет.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Бидејќи конкуренцијата за вработување е поголема од кога било, многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај потенцијалниот работодавец. Резимеата и интервјуата се само дел од можностите кои кандидатите за работа можат да ги употребат во своја корист. И покрај тоа што не ви гарантираме дека ќе ја добиете работата која ја посакувате, овие 10 клучни зборови со сигурност можат многу да ви помогнат доколку правилно ги употребите во вашето резиме или пак на интервјуто за работа.Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работаУпорност – Потенцијалните кандидати за работа би требало да нагласат дека упорноста им е една од најдобрите карактеристики. Најмувањето интелигентни личности е добра бизнис-практика, но интелигенција без упорност и доследност ретко води кон долготраен успех. Упорните вработени не се откажуваат така лесно и со време продуцираат подобри резултати.rnrnПризнание – Многу е важно во резимето да ги нагласите претходните достигнувања за кои имате добиено признанија. Запишете ги сите специјални награди од работа или од професионалните асоцијации во кои сте членувале. Работодавците сакаат да вработат некој кој претходно бил сметан за „ѕвезда.“rnrnРезултати – На крајот, работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе ја завршат работата како што треба и поради тоа многу е важно да се употреби зборот „резултати“ во секое интервју. За да ја добиете работата, мора да го убедите оној кој го одржува интервјуто дека со сигурност ќе завршите на време сè што се очекува од вас. За да ја поддржите ваквата изјава, бидете подготвени да покажете дека ги имате потребните способности и карактеристики врз база на вашето досегашно искуство.rnrnВлијание – За време на интервјуто, работодавците сакаат да слушнат каков вид позитивно влијание би можеле вие да имате во нивната компанија. Тие се заинтересирани за вредноста која може потенцијалниот кандидат да ја донесе во организацијата и начините на кои позитивно ќе влијае, посебно помеѓу вработените.rnrnКомпетентност – Овој збор е клучен, но малкумина од потенцијалните кандидати го употребуваат. Секој работодавец сака да слушне дека новиот вработен ќе може да ги исполнува задачите согласно работното место кое ќе му биде доделено.rnrnДиректност – Комуникацијата е критична за успешен бизнис и поради тоа работодавците сакаат да слушнат колку директни можат да бидат нивните потенцијални вработени. Во денешно време комуникацијата на работа е „бојно поле“ од емоции, правни работи и технологии. Способноста да се помине преку сите овие работи и при тоа да се завршат добро обврските е нешто што секој работодавец го посакува од своите вработени.rnrnСпособност за учење – Работодавците сакаат да се сигурни дека нивните вработени нема да ги прават истите грешки од минатото. Сите ние имаме неуспеси позади нас, но важно е да ги сфатиме како лекција и да не ги повториме во иднина.rnrnПосветеност – Повеќе од кога било, работодавците бараат од своите вработени да бидат посветени на нивната работа и на компанијата. Поради тоа многу е добро да ја нагласите таа ваша намера во интервјуто за работата. Размислете добро на што сте посветени и како таа посветеност ќе ù помогне на компанијата – тој одговор со сигурност ќе ви ги зголеми поените за работното место кое го посакувате.rnrnФлексибилност – Во денешната работна околина, каде што сè се одвива премногу брзо, многу е важно да ја нагласите својата флексибилност. Работната околина константно се менува и воопшто не е важно со какви способности ќе влезете во компанијата, туку потребно е да можете лесно да се адаптирате.rnrnРешенија – Работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе можат да бидат способни да ги решат сите проблеми на кои ќе налетаат. Тие честопати се привлечени од личности кои „зборуваат“ со јазикот на решавањето проблеми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Во најголемите светски компании од типот на Гугл, Мајкрософт и Фејсбук работат извонредни работници кои поминуваат низ жесток и внимателен процес на избор. Во интервјуата, кандидатите треба да одговорат на некои необични прашања кои многу зборуваат за нивниот начин на размислување. Ако и вие сте спремни да ги одговорите, тогаш сте спремни за кариера во некоја од нив.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?1. Зошто шахтите имаат округла форма? Ова прашање прво почнале да го користат во Мајкрософт, а целта е да видат како размислува кандидатот кога е соочен со проблем кој има повеќе можни решенија. На тој начин тие ја покажуваат својата креативност и самодоверба.rnrn2. Во три реченици, објаснете му на вашиот осумгодишен внук што е датотека. Вака Гугл проверува дали апликантот може на едноставен и разбирлив начин да ги доближи производите на компанијата до потрошувачите на кои технологија не им е јака страна.rnrn3. Објаснете ми што се случуваше во земјава во последните десет години. Преку одговорот на ова прашање во Бостон Консалтинг можат да видат на кој начин кандидатот може да ги сумира фактите и да ги пренесе на клиентот. Покрај тоа, може многу да се научи за еден човек кога ќе каже кои настани биле важни во последната декада.rnrn4. Штотуку сте наследиле пицерија од вујко ви. Што ќе правите со неа? Вака Фолксваген проверува што сметаат кандидатите за позицијата бизнис аналитичар дека е клучно за успех во бизнисот. Тие треба да истакнат дали веднаш ќе ја продадат пицеријата, дали ќе го разгледаат финансискиот извештај или ќе направат нешто сосема друго.rnrn5. Што имаат заедничко дрвото и алкохолот? Најголемата компанија за обезбедување во САД, Гардсмарк, ги прашува апликантите што е заедничко за дрвото и алкохолот за да добие претстава како тие ги класифицираат информациите и како ги издвојуваат сомнителните од нив. Покрај тоа, покажуваат и како комуницираат со другите луѓе.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?6. Како ќе истражите одредена технологија без другите да дознаат дека го правите тоа? Епл секогаш успеваат своите чуда од технологија да ги држи во најголема тајност сè додека самите не ги промовираат. Апликантот што ќе одговори правилно на ова прашање ќе докаже дека може да го стори истото. Покрај тоа, ќе даде слика и за способностите за креативно размислување.rnrn7. Автомат за купување храна, за производ од 75 центи ќе ви земе банкнота од еден долар без да ви врати кусур. Каде е проблемот во системот? Напорното интервју во Епл го содржи и ова прашање, а намерата им е да видат како кандидатот го лоцира проблемот, како ги бара причините кои го создаваат и како прави план за негово надминување.rnrn8. Колку топчиња за голф собира во школски автобус? Никој не знае колкав волумен има автобусот, а топчињата за голф се користат само ако единица мерка. Гугл поставува вакво прашање, не за да го натера апликантот да постави математичка формула, туку за да добие претстава за процесот преку кој што тој ги решава проблемите.rnrn9. Користејќи „поголемо“ и „помало“, кој е минималниот број на обиди да погодиш број помеѓу 1 и 1.000? Одговорот на ова прашање ги покажува математичките вештини и начинот на којшто размислува кандидатот за софтверски инженер во Фејсбук во насока на пронаоѓање решение.rnrn10. Вие сте со големина на молив и сте ставени во блендер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите? Голдман Сакс инвестира на пазари на кои многу често се менуваат условите. Нивните вработени постојано наидуваат на проблеми со кои не се соочиле претходно, а ова прашање го става апликантот токму во таква улога. Покрај тоа, проверува како тој пронаоѓа нови невообичаени решенија за тие проблеми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работа

    Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работа

    Можеби не треба на овој настан да му пристапуваме со преголема количина на стрес, но сепак, станува збор за интервју за работа, кое може да ви го донесе посакуваното работно место. Многу текстови, книги и прирачници даваат совети за ваквите видови интервју.rnrnСтив Шипсајд (Steve Shipside), во еден дел од својот прирачник „Ефективна комуникација“, детално му пристапува на овој проблем, решавајќи многу дилеми и давајќи совети за поуспешно интервју за работа.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаrnrn

    1. Соодветна подготовка

    rnНавидум интервјуто за работа би требало да биде лесно, треба да зборуваме за себе, а кој не сака да зборува за своите доблести? Како и да е, нервозата и тремата навистина можат да застанат на патот.rnrnКако да се подготвите? – Вежбајте дома, како ќе седнете, како ќе се движите, што би можеле да кажете. Подгответе одговори на прашањата кои би можеле да ви бидат поставени. Вежбајте со пријател или член на вашето семејство, тој нека биде вашиот работодавач и нека ви поставува прашања. Она што никогаш не смеете да го прескокнете, без разлика за каква работа станува збор, е секогаш да бидете информирани за компанијата и работното место. Истражете нешто повеќе за фирмата каде одите на интервју за работа, од кога постои, што работи, кои се најпознатите проекти или производи и сл.rnrnКои се вашите квалитети? – Бидете подготвени да ги наведете вашите квалитети и добри страни, всушност бидете свесни за тоа кои се вашите вештини соодветни за таа работа. Што ќе биде кога ќе ве прашаат кои се вашите квалитети, а вие не знаете што да одговорите? Кога ќе ги кажувате вашите квалитети и добри карактеристики, внимавајте да не звучи како фалење, вие ги поседувате тие квалитети зошто сте се труделе да ги стекнете.rnrnКако да се справите во последните минути пред интервјуто? – Еден ден пред интервјуто може да се чувствувате како да сте целосно спремни и опуштени, но како што интервјуто се приближува, вашата трема ќе расте. Земете контрола и не дозволувајте да ве надвладее. Само запомнете колку ја сакате таа работа и колку не вреди заради тремата да си ги упропастите шансите. Клучни се петте минути пред интервјуто. Еве што советува Стив:rn
    rn

    „Проверете како изгледате, дали е сè во ред со вашата облека и вашата коса. Така ќе имате поголема самодоверба во текот на интервјуто.rnrnПовторете си ги главните информации и податоци кои сте ги спремиле.rnrnЗемете воздух и полека издишете. Повторете го ова неколку пати за да се смирите и релаксирате.“

    rn
    rn

    2. Ефективен тек на интервјуто

    rnИнтервјуто е најдобра шанса да зборувате за себе и бидете сигурни дека оној кој ве слуша, во случајов навистина сака да знае многу работи за вас. Зборувајте ефективно и направете секој ваш кажан збор да значи нешто.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаКако да зборувате? – Зборувајте полека и смирено. Темпото на зборување прилагодете го според она на личноста која ве интервјуира. Не зборувајте ни погласно, ни побрзо од неа. Концентрирајте се на прашањето, а не на тоа колку сте нервозни во моментот. Доколку не сте сигурни дали сте го разбрале прашањето, побарајте да ви биде повторено. Тоа е многу подобро отколку да зборувате работи кои не се поврзани со прашањето. Секогаш давајте сè од себе, не трудете се да одговорите најкратко што можете па да молчите. Дајте им до знаење дека сте информирани, способни и дека навистина ја сакате работата. Запомнете, колку и да сакате да ја добиете работата, личноста која интервјуира уште повеќе има желба да го најде вистинскиот човек за таа работна позиција.rnrnКако да се мотивирате? – Внимавајте на работите кои треба да ги кажете и секогаш мотивирајте се мислејќи на погодностите кои ви следуваат од добивањето на таа работа. Секогаш кога барем малку ќе „заглавите“ во текот на интервјуто, запомнете дека мора да ја добиете работата, мотивирајте се и изборете се за саканата цел!rnrnКако да се облечете? – Тука најчесто настанува дилема, но најмногу зависи работното место за кое сте аплицирале. Не претерувајте со деловниот изглед, особено ако не станува збор за канцелариска работа. Но од друга страна, не се однесувајте како да ви е сеедно и како воопшто да не сте обрнале внимание на вашиот изглед. Најголема грешка која девојките и жените ја прават е премногу разголеност на интервјуто за работа. Совесниот менаџер, без разлика дали е машко или женско, ги сака вистинските кандидати за работното место. Дури и да сте паметни и квалификувани, со провокативност ќе оставите впечаток како да сакате да привлечете внимание со својата облека, а не со своето знаење.rn
    rn

    3. Најчести прашања на интервју за работа

    rnМожеби многу работи зависат од видот на работното место, но постојат стандарди прашања кои се поставуваат скоро во сите интервјуа за работа. Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаВежбајте ги одговорите на следните прашања:rnrnЗошто ја сакате оваа работа? – Овде нагласувате зошто сакате да ја добиете работата и како вашите вештини би можеле да ви донесат голем успех на таа работна позиција.rnrnЗошто сакате да работите за нас? – Дадете комплименти за нивниот углед, менаџерското уредување, нивниот успех и слично. Но не претерувајте, тие можат да ги препознаат вашите лаги и лицемерие. Бидете искрени. Мора да постојат причини зошто сте се одлучиле да аплицирате токму за тоа работно место, кажете ги.rnrnШто мислиш, какви вештини бара оваа работа? – Набројте ги квалитетите кои соодветствуваат со работното место и ненаметливо дајте им до знаење дека вие ги поседувате истите.rnrnКако можете да придонесете за развој? – Дадете пример за нешто во што сте навистина добри и како компанијата може да стане поуспешна поради таа ваша вештина.rnrnКои се вашите слаби точки? – Штом ве прашуваат кои се вашите доблести, сигурно дека ќе ве прашаат и кои се вашите маани. Никогаш не одговарајте дека немате слаби точки. Секогаш нагласете дека може лесно да управувате со своите слабости и да се подобрите.rn
    rn

    3. За и против на интервју за работа

    rnОдредени работи ќе придонесат до поголем успех, други пак можат да ви ги уништат шансите за добивање на работата.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаДобро е да го направите следново:rn

      rn011

    • Прашајте за искуството на оној кој ве интервјуира во таа фирма.
    • rn011

    • Прашајте за шансите и можностите кои таа работа ви ги дава за да се развиете како личност.
    • rn011

    • Поставете прашање базирано на вашето знаење за работната организација, можеби податоци од некакво истражување и слично.
    • rn

    rnНегативно е следново:rn

      rn011

    • Да преминете во интервјуер. Внимавајте, вие сте тие кои треба да одговараат на прашања. Добро е да поставите неколку прашања, но секогаш во склоп со некое нивно прашање или кон крајот на интервјуто кога и атмосферата ќе биде поопуштена.
    • rn011

    • Не прашувајте за плата, не нагласувајте дека парите се единствен мотив. Во интервјуто гледајте да ги нагласите вашите доблести и квалификации.
    • rn011

    • Не бидете пасивни, не одговарајте само со „Да“ или „Не“ и не изгледајте како умот да ви е на друго место.
    • rn

    rn
    rn

    4. Панел интервју

    rnМногу е важно да знаете да се снајдете кога има повеќе луѓе кои ви поставуваат прашања. Групните интервјуа им даваат можност на оние кои ве интервјуираат да дознаат какви сте во група од луѓе, како се однесувате и како ги искажувате своите мислења. Секогаш нагласете дека сте тимски играч и дека совршено се снаоѓате во поголема група на луѓе.Дајте го најдоброто од себе на интервјуто за работаИако за многумина групното интервју е стресно, не дозволувајте стресот да ве надвладее. Замислете си дека зборувате со ваши другари и познаници. Најважно е да го вклучите секој член од оние кои ви поставуваат прашања. Дури и некој кој навидум е пасивен и не ве прашува ништо, ве анализира вас и вашето однесување. Кога одговарате прашања, не го гледајте само оној кој ви го поставил прашањето. Гестикулирајте и воспоставувајте контакт со очи со останатите членови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со уметникот Славчо Максимовски

    Интервју со уметникот Славчо Максимовски

    Автор: Симона РистоскаrnrnТалентиран, интелигентен и неверојатно освестен млад човек, Славчо Максимовски (23) е пример за посветеност и љубов кон уметноста. Моментално ја привршува својата дипломска работа на Факултетот за уметности, при Државниот Универзитет во Тетово, а за себе вели дека не постои нешто друго во животот што би можел да го прави.rn
    rn

    „Не знам и не можам да се занимавам со нешто друго освен со креативна работа, првенствено сликарството“

    rn Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиСтудирал на отсекот графика, а за својата дипломска работа се одлучил за темата „Погледи“ затоа што како што вели самиот, кај луѓето најважно му е она што имаат да го кажат очите.rn
    rn

    „Погледот и бојата на гласот е она што ми останува во сеќавања секогаш кога запознавам некого“.

    rnИако мислев дека најголем дел од нашиот разговор ќе се врти околу неговото сликање, Славчо успеа на интересен начин да ја поврзе неговата пасија за уметноста, со сè што го опкружува и ми дозволи барем за кратко да гледам на светот преку неговите очи. Дел од разговорот и повеќе за неговото сликарство можете да прочитате подолу.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиОд каде произлезе интересот за сликарството? Од кога почна да се занимаваш со четките и платното?rnrnХмм… не би знаел да кажам кога бил почетокот, но мислам дека интересот за уметност кај мене постои од кога знам за себе. Веројатно почетокот бил со некои чудни и апстрактни детски цртежи и уште како мал ме има маѓепсано нејзиното височество бојата, гледајќи како сликарите се забавуваат и креираат со истата. Си чува таа во себе една посебна и чудна страст. Убава е и нуди многу! Може многу да ти открие ако почнеш да другаруваш со неа.rnrnПрво неа ја засакав, четките ми се пријателчиња од детството, а платното ми стана пријател во подоцнежните години во основно училиште. Ама вистински пријател, ако знаеш што да кажеш и што да прашаш, ти дозволува некогаш да го галиш, а не ти се лути ако понекогаш врз него ја истуриш својата агресија. Супер е…Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиШто е она што преовладува во твоите дела? Дали е важно само да нацрташ нешто убаво или да пренесеш некоја порака, да побудиш некоја емоција…?rnrnУметноста во суштина се раѓа преку емоција! И секако е тука за преку неа уметниците да пренесат одредена порака и свој став. А јас се трудам да сум уметник на своето време и го сликам секојдневието онака како што јас го чувствувам и гледам, затоа што мислам дека времето на излитени и банални слики на мртва природа одамна е поминато. Во денешно време уметноста си бара поинакви начини за да ја каже својата порака. Го сакам потемниот колорит, особено црната боја, можеби е чудно, но дава душа и е премногу силна.rnrnСи имал ли можност да бидеш дел од некоја изложба?rnrnДо сега сум учествувал само на групни изложби, но се надевам дека желбата за самостојна изложба ќе ми се исполни во најскоро време.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиСите кои се занимаваат со каков било облик на уметничко изразување обично имаат некоја личност која на некој начин ги поттикнала, инспирирала… Кои се твоите идоли? Од каде ја црпиш инспирацијата?rnrnАко морам да изберам некој кој би го вброил меѓу своите идоли, тоа сигурно би бил великанот Дирер. Ме фасцинира неговото творештво и мислам дека е еден од најдобрите примери за секој млад уметник. Од нашиве би ги издвоил Петар Мазев и Владимир Георгиевски, сликари кои страшно многу ги почитувам.rnrnИнспирацијата е насекаде околу нас, некогаш ја има повеќе некогаш помалку, но ја има… си доаѓа од секојдневни настани до кои сетилата допираат, инспирација е животот, луѓето, нивните судбини, радости или страдања. Инспирација секако е и некоја убава музика, таа и уметноста си имаат своја чудно поврзана интима и суптилна енергија, едната преку звук и мелодија, а другата преку светлината. И ќе го заборавев најважното, најубавото и највозвишеното – жената! Како вечен и бескраен мотив и инспирација… сепак, јаготката доаѓа на врвот од шлагот… хехе…Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиКреативните луѓе секогаш наоѓаат нови начини да се изразат. Имаш ли други вентили освен платното?rnrnИма многу можности за да се креира нешто, не мора да е само на платно, треба само да си ја пуштиме нашата фантазија – таа прави чуда. Како и да е, јас сум млад и сакам да експериментирам. Сакам стрит арт и боди арт, тоа знае секогаш да биде супер предизвик. Но, уживам и во убава фотографија и добра поeзија.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиВерувам дека сите твои дела ти се драги, но има ли некое за кое си особено приврзан?rnrnСекоја слика си има свое значење и со себе си носи свое време, одредена вредност и чувства и неблагодарно е да се споредува. Но, кога би морал да издвојам една, постои една слика која е доста стара, некаде од средношколските денови и кога некој друг би ја перцепирал би помислил нешто сосема друго, но за мене, иако можеби не е ништо посебно, има преголемо значење, така што мислам дека не би ја продал за ниедни пари на светов.rnrnКои се твоите планови за во иднина?rnrnrnПланови… секој од нас ги има, но јас ги мразам! Ги мразам затоа што сè она за кое премногу планираме, се надеваме, сè она што нè опседнува и навечер нè остава без сон, токму таму лежи најголемата фрустрација ако не се исполни. Плановите се лоши, а случајностите се слатки и убави! Времето ќе си покаже, сè се случува со некаква причина, така што сега тишината што ја дава молкот е совршено убава.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиМислиш ли дека може да се заработува од сликарството во Македонија?rnrn За прашањево…  Само ќе се насмеам, затоа што, немам намера да плачам… хехе… Верувам дека ќе дојдат барем малку поубави денови за културата во ова наше просторче, дека ќе се потрудиме да станеме нормални и да си го цениме своето. Крајно време е веќе, се надевам дека можеме да бидеме паметни и да го погребаме мизерниов ужас, за да се радува културата и да може да дише спокојно.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиЛиковна култура кај нас?rnrnМислам дека во последно време сè повеќе има млади кои се интересираат за уметноста, сакаат да ги посетуваат галериите и се трудат да успеат да видат, а тоа е супер. Менталитетот е таков како што е, но мислам дека мора сами да си го средиме тоа.  Лошо е тоа што сè што е однадвор го прифаќаме како нешто  „добро“. Но, како и да е, без позитивна мисла не може, па така надежта е дека доаѓа полека, но сигурно.Интервју со уметникот Славчо Максимовски
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со „Steel Temple“

    Интервју со „Steel Temple“

    Интервју со „Steel Temple“Бенд: „Steel Temple“rnrnОснован: 1999 годинаrnrnМузика: хеви метал со прогресив елементиrnrnИздадени албуми: „Барајќи го спасот“, вториот е во подготовкаrnrnСостав: Филип Филиповски – вокал, Урош Вељковиќ – тапани, Дениз Адил – гитара, Маријан Петровски – бас и на клавијатури Дарко Поповски – Блуз rn
    rn


    По неколкугодишна пауза, мaкедонскиот хеви метал состав  „Steel Temple“ повторно се врати на сцената. Зад себе има 13 години музицирање, свирки во речиси секој град во Македонија, второ место на реномираниот „Rock fest“, настап како предгрупа на легендарните „Whitesnake“…rnrnКако резултат на повторното соединување, најавуваат нов спот, а на 2-ри јуни и голем самостоен концерт, со поддршка на неколку македонски бендови.


    rn
    rnИнтервју со „Steel Temple“ Како дојдовте до идеја да го формирате бендот и кој е неговиот кум?rnrnБендот е првично формиран на почеток на 1999 година, под името „Made in Macedonia“. Главната ориентација во тоа време беа „cover“ настапите или сега популарно наречени „тезги“. Но, не се пронајдовме во тоа, иако имавме бројни, успешни свирки со по 400-500 продадени карти на вечер, па почнавме да правиме авторска музика и се пријавивме на „Рок Фест“, како веќе етаблирана манифестација, за да докажеме што знаеме. Тогаш настапивме во истиот состав во кој свириме и денес, освен вокалот (во тој период беше Влатко Илиевски). Освоивме 2-ро место од публиката, што за таа конкуренција, во тоа време, беше многу голем успех.rnrnНа наша среќа, се разидoвме со Влатко и почнaвме да правиме вистинска (авторска) музика. На негово место, некаде 2001 година, дојде Филип. Во ваков состав, бендот почна доста активно да твори, по што го променивме името во „Steel Temple“, или во превод „Храм на металот“.rnrnКако ја класифицирате вашата музика и од каде црпите инспирација? Од македонската или од странската метал-сцена? За што пеете?rnrnНашата музика, ако веќе треба да се категоризира, тогаш се испреплетуваат повеќе правци. Секој член на бендот слуша различна музика и доаѓа до еден интересен спој на хеви метал со прогресив елементи, зачинето со симфо рок-метал делници. Инспирацијата се црпи од самите нас, спојот на пет различни енергии доминира инспиративно.rnrnНекако немаме многу инфлуенци од која било сцена, затоа што се создаде стил што лесно се распознава. Ретко кој рекол дека нашата музика го потсетила на нешто, а текстовите во песните се од различен карактер. Пееме за живот, смрт, фантазии, сон, социјални неправди, љубов и сл.rn

    rn

    Долго сте присутни на македонската метал-сцена. Може ли да направите споредба како таа изгледаше на вашите почетоци, а каква е денеска? Имам впечаток дека одамна не сме виделе нов состав, зад кој се кренало прашина…

    rnПа,  ќе делуваме смешно ако кажеме пред 13 години… Сепак, првата проба е далеку од денес. Имаме сменето дваесетина објекти за вежбање, од гаражи до подруми. Во моментот можеме да си дозволиме квалитетно студио за изразување на нашата музичка креативност.rnrnСега условите за креирање музика се полесни, новите генерации имаат полесен пристап кон квалитетна опрема. Но, сепак, во последно време, тие сè поретко се охрабруваат да издадат носач на звук, најмногу поради финансиската ситуација во која се наоѓаме. rnrnСте имале голем број свирки, а меѓу другото бевте и предгрупа на „Вајт Снејк“. Дали е тоа можеби вашиот омилен настап?rnrnИдејата да настапиме како предгрупа на „Whitesnake“ дојде многу порано од нивното гостување кај нас. Авалон нè поканија да бидеме гости на нивниот концерт во Софија во 2004 година, меѓутоа поради некои револти на тогаш поетаблирани бендови, не го искористивме правото на настап, а воедно ниту еден македонски бенд што беше тогаш во план. Тотален нон сенс беше да се бунат зошто толку млад бенд се праќа на таков настан.rnrnСепак, 2006 година, бевме повторно поканети од организаторот и успеавме да настапиме, што би рекле рамо до рамо, со еден од  најголемите хеви метал состави. По настапот пред петилјадната публика на лизгалиште, гитаристот на „Белата змија“ дојде позади бина, ни честиташе и го пофали неговиот колега со зборовите: „Браво, одамна немам чуено квалитетен гитарист како тебе.“rnrnНо, на наша несреќа, некако тој публицитет и таа медиумска експонираност тогаш не ја искористивме. Почнавме студиски да работиме на нашиот втор албум и наместо да продолжиме со успешни настапи, презафатеноста на сите членови резултираше со тригодишна пауза од јавни настапи. А, кога ќе нè прашаат дали тој настап ни е најголем успех што сме го оствариле како бенд, секогаш одговараме: „Kога Whitesnake ќе ни биде предгрупа на нас, тогаш ќе биде големиот успех.“ Се разбира, се шегуваме. 🙂rn

    rn

    Можете ли да издвоите некоја интересна случка поврзана со вашите почетоци, со првите проби во гаражите или настапите пред вашата публика?

    rnСекоја свирка па, и секоја проба, е исполнета со некоја интересна случка, но ќе одвоиме една. Настапивме пред преполн амфитеатар во Велес, и нормално, со омилениот наш превоз, железничкиот, на враќање, нашиот тапанар Урош под дејство на нашата омилена течност за развеселување, алкохолот, отиде кај машиновозачот за да му побара да сврти едно кругче со возот, поради тоа што дедо му бил од истата професија.rnrnМногу нормално тоа не се случи, но го снема извесно време и по потрага низ целиот воз видовме дека една од вратите беше отворена и сите мислевме дека се фрлил од возот. Почнавме да креваме паника, да викаме и да го бараме надвор, иако возот веќе помина некој километар повеќе. Во целата паника и четири наведнати  глави низ вратата, Урош се појави позади нас и љубопитно нè праша што правиме…rn

    Како комуницирате со вашите фанови? Ги користите ли социјалните мрежи?

    rnПа, експанзијата на „мајспејсот“ ни донесе доста добра шанса да се промовираме на интернет мрежата, но згасна и тоа пред некое време, па другиве профили многу ретко ги користиме. Сепак, ја користиме секоја можна прилика да закачиме по некоја нова работа на јутјуб.rnrnА, главната комуникација со фановите е низ град. Имаме среќа да живееме во мало место каде што сакал-нејќел, сите те знаат.rnrnКој фестивал ви е предизвик? Колку би ви значело ако ваш спот се емитува на Ем-Ти-Ви Адрија?rnrnНекоја поголема желба за настап на некој фестивал немаме, иако не би било лошо да се настапи да кажеме со едни „Camelot“, „Dream theater“ или „Queensryche“.rnrnИмаме направено три спота што реално е многу малку, меѓутоа не верувамe дека би се вклопиле во целата концепција на Ем-Ти-Ви. Сепак, во денешно време за разлика од порано повеќе се ориентирани кон комерцијална музика.rn

    rn

    Дали ви значат парите и славата?

    rnРеално гледано, од нашава музика не можат да се направат пари. Од договорите, нашиот концерт што ќе го одржиме во брзо време да биде во „Младинскиот културниот центар“, испадна дека за да настапиш авторски и самостојно, ќе имаш повеќе трошоци отколку заработувачка. Такви ни се условите. А, и во какво време живееме, не можеш да ставиш голема цена на карта, затоа што никој нема да ти дојде.rnrnСлавата не е битна сама по себе. Битно е пораката до нашите фанови да биде адекватно сфатена и почитувана. Денес е тешко да инспирираш поголема народна маса. Нивната поддршка, секако е наша инспирација за наредното творење и создавање нова музика.rnrnКаде се гледате после 20 години?rnrnИскрено, живи и здрави на истите места, со истото пиво и желба за гласно изразување на нашите чувства преку музика.rnrnКолку често правите кафе паузи и кој од вас е најголем кафеџија?rnrnНашиот гитарист е антички Македонец со турско потекло. Па, тука лежи одговорот. :-)rnrnПосле проба, често знаеме да одиме на кафе поради фактот што само тогаш се гледаме, затоа што секој е зафатен со својата работа. Неделата ни е задолжителен термин за музицирање и е сериозно сфатена, па затоа делуваме како тој ден да одиме на работа.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со бендот „Т.Б. Трачери“

    Интервју со бендот „Т.Б. Трачери“

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnИнтервју со бендот „Т.Б. Трачери“Група: Т.Б. Трачериrnrn Основана: 1991 годинаrnrnТип музика: рокенролrnrnИздадени албуми: „Клати и тркалај“ (2001), „Купи ме“ (2003), „Шлагери од Содома“ (2005), „Кинки во нервозна џунгла“ (2011)rn.
    rnСостав: Кирчо Арсовски – гитара и вокал, Кирил Арсов – бас, придружни вокали и гитара, Андреј Анастасов – тапани и придружни вокали, Ивица Димитријевиќ – гитара, Александра Поповска – придружни вокали, Марија Арсова – придружни вокали.rn
    rn


    Т.Б. Трачери како бенд постои уште од 1991 година. Сепак, од тогаш до денес составот на групата е променет, a сегашната постава на Трачери настапува веќе 7 години. Пред настапи не вежбаат, бидејќи немаат потреба за тоа, а кога не настапуваат и не работат, слободното време го користат да прочитаат некоја книга, како што велат тие – „да не заглупавиме“.rnrnАктуелни се со својот последен албум „Кинки во нервозна џунгла“ (2011), кој привлече голем интерес кај нивните фанови. Како бенд, препознатливи се по своите песни кои се мелодични, лесни за паметење и одлични за играње. Сепак, текстовите многумина би ги опишале како да се без „влакна на јазикот“. Имаат профил само на фејсбук, каде ги известуваат сите свои фанови за тоа каде ќе имаат свирки, како и за најновите случувања поврзани со бендот. Вокалот на групата – Кирчо Арсовски, ќе ни открие нешто повеќе за бендот.


    rn
    rnИнтервју со бендот „Т.Б. Трачери“Т.Б. Трачери официјално ѝ се претстави на публиката во новиот милениум со првиот свој албум „Клати и Тркалај“(2001). Но, бендот постои многу одамна. Кога беа вашите почетоци и по што најмногу ќе ги паметите?rnrnПочетоците скоро и да не ги паметам. Одамна не постои првата постава на Трачери. Сè беше некако романтично и глупаво, како и секое прво заљубување.rnrnТ.Б. Трачери е всушност скратеница од Терористичка Банда Трачери. Од каде е идејата за името на бендот? rnrnИдејата дојде после една пијанка во еден кафич. Занимлив е парадоксот на Трачери како терористи. Но, кога ќе погледнеш од друга страна, еден трач може да ти донесе многу проблеми. Има нешто терористичко во него.rn

    rnКоја е вашата главна инспирација за создавање на песните?rnrnОвој живот.rnrnНа вашите концерти можат да се видат луѓе од различни генерации. На што се должи тоа?rnrnТоа се должи на нашиот квалитет како музичари и на мене како композитор, пејач и појава.rnrnНајпознати песни по кои публиката ве препознава се „Елтон факинг Џон“, „Мама не ти дава“, „Шиз а бомб“, „Јас сум кинки“. Дали се тоа и песните кои мора да ги отсвирите на секоја свирка?rnrnНе мора сите нив. Но, барем една од овие што ги наброја. Тие се нашиот бренд, по тоа нè препознаваат.Интервју со бендот „Т.Б. Трачери“Која е пораката која им ја праќате на фановите со своите песни?rnrnПораката е да бидат добри луѓе и да се сакаат со своите ближни.rnrnДали сте свиреле на свадби или сте имале понуди за свирење?rnrnНе, никогаш не сме свиреле на свадби. Рокенролот е измислен на некое друго место, поинакво од она каде што се прават свадби.rn

    rnНеодамна настапивте на реномираниот фестивал „Таксират 13“, рамо до рамо со многу познати странски и домашни изведувачи. На кои други позначајни концерти имате свирено?rnrnСекој наш настап е значаен, било да е Таксират или настап во некое кафуле или клуб. Никогаш не сме биле во ситуација да ја потценуваме публиката. Таа за нас е свето нешто.rnrnКаде може да ве слушнат фановите?rnrnРок музиката не е популарна доволно кај нас, затоа немаме редовни настапи. Кога свириме, публиката е известена преку Фејсбук.rnrnШто би им препорачале на младите генерации?rnrnНека ги слушаат Трачери.rnrnЗа крај, каде се гледате после 10 години?rnrnНе знам ни утре што ќе биде, а камо ли за десет години. Најбитно е здравјето.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со бендот „Melissa Macedonia“

    Интервју со бендот „Melissa Macedonia“

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnИнтервју со „Melissa Macedonia“Бенд: Melissa MacedoniarnrnОснован: јануари, 2010rnrnСостав: Никола Пејоски  (вокал и гитара), Љупчо Стефаноски (бас гитара и придружен вокал), Зоран Стефаноски (тапани) и Емилијан Пејоски (гитара)rnrnТип музика: метал со примеси на гранџ, прогресив и етноrnrnИздадени албуми: „Stairs to the Universe“rn
    rn


    „Melissa“ е метал бенд кој веќе две години постои на македонската андерграунд сцена. Тие започнуваат како трио, бидејќи првиот состав на бендот го сочинуваат Никола Пејоски, Љупчо Стефаноски и Бојан Јованоски на тапани. Како трио тие имаат издадено еден албум кој го носи насловот „Stairs to the Universe“. Албумот е снимен за само 9 дена во студиото на Евгениј Каревски – Гени во Скопје и пуштен е во продажба во декември, 2010 година.rnrnНа бендот во мај, 2011 му се приклучува нов член – Емилијан Пејоски, а од јануари оваа година имаат и нов тапанар – Зоран Стефаноски. Новата постава на „Melissa“ работи на нивниот нов албум, кој треба да почне да се снима во април, а да излезе негде кон крајот на оваа година. Интересно е да се напомене дека финалната верзија на бендот ја сочинуваат двајца браќа и двајца братучеди. Разговаравме со фронтменот на бендот Никола – Нино.rnrnrn


    rn
    rn

    rnИнтервју со „Melissa Macedonia“rnrnЖенско име, а моќен метал бенд. Како дојдовте до идеја за името на бендот?rnrnИдејата за името на бендот е моја, сакав да е женско име, универзално и моќно. „Melissa“ на латински и на грчки значи пчела, а во логото на нашиот бенд е вметната мала пчеличка како заштитен знак.rnrnКолку често правите проби?rnrnПробите на бендот зависат од обврските, како и да е, знаеме да засвириме и по 3-4 часа дневно.Интервју со „Melissa Macedonia“rn

    rnДа ни издвоите некој поважен, можеби и омилен настап. И каде може да ве чујат вашите фановиrnrnНовата „четворка“ сè уште нема јавни настапи, бидејќи главно сме сконцентрирани на новите песни. Од досегашните настапи на триото би ги издвоил настапите на „Аларм“ (Alternative Stage) во Љубаништа, Охрид,  „Калефест“, Кичево, свирките во „Дом на млади“ во Штип, како и клубските настапи во „КОД Кафе“ во Битола, „Апореа“, Прилеп и низ многуте кичевски клубови.rnrnОдбравте да пеете на англиски јазик. Зошто?rnrnНе знам точно и јас зошто текстовите ми се на англиски, изгледа имав еден долг период кога размислував на англиски, па најверојатно ми останало од тогаш. Англискиот е пофлексибилен и секој во светов ќе може да разбере што сакаш да пренесеш, каква порака носиш. Текстовите се апстрактни и носат искрена порака.Интервју со „Melissa Macedonia“Како се дружите надвор од музиката? Имате ли некоја стандардна кафе шема?rnrnНадвор од музиката, се дружиме на кафе, по свирки и слично. Некоја редовна кафе шема немаме, сè е со претходен договор и според можностите.rnrnДали би направиле екстремна промена на стилот на музиката, ако некој ви понуди многу пари?rnrnНе, мислам дека никогаш нема да направиме промена на музичкиот стил. Тоа сме ние и тоа излегува од нас.rn

    rnИнтервју со „Melissa Macedonia“За крај, имате ли некое мото кон кое се придржувате?rnrn„Melissa“ е постојано во потрага по вистината.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчестите грешки на интервју за работа

    Најчестите грешки на интервју за работа

    Интервјуата за работа се навистина стресни. Испрашувањето за животот, претходното работно искуство, способностите и доблестите  за многумина претставува напната ситуација, особено кога за истата позиција се пријавени стотици лица со слични квалификации. За да се покажете во вистинско светло потребно е однапред да се ослободите од потенцијалните препреки. За таа цел ние ви ги претставуваме четирите најчести грешки кои можат да го уништат вашето интервју за работа.Најчестите грешки на интервју за работаrn

    Трема

    rnДали сте се нашле во ситуација кога јазикот ви е побрз од умот, па кажувате нешто што на крајот излегува поинаку од она што сте го мислеле? Тремата и напнатоста во ваквите ситуации може многу да ви наштети. За да ги избегнете смешните одговори, пробајте да импровизирате неколку интервјуа со вашите домашни или со пријателите. На тој начин ќе си ги изострите вашите комуникациски способности и ќе добиете поголема самодоверба. Ќе се чувствувате спремни и сигурни, а на интервјуто ќе имате далеку помала трема.rn
    rn

    Гледање само на својот интерес

    rnНајлошото нешто што можете да го сторите на интервјуто за работа е вие да го испрашувате работодавецот кои ќе бидат вашите бенефиции доколку се вработите таму. Прашањата за плата, слободни денови, користење службена опрема и возило оставете ги за малку покасно. Така вие ќе создадете слика на чесен работник кој сака да придонесе за градење на фирмата. Наместо тоа подобро е пред интервјуто убаво да проучите со што точно се занимава фирмата за да бидете целосно упатени во нивните тековни активности.rn
    rn

    Непристојна облека

    rnМногу психолози тврдат дека првиот разговор за работа е најважен, а облеката која ја носите тогаш може да каже многу за вас. Колку и да ви се чини дека работодавецот е лежерен и дека не му е битно што носите, ваша задача е да се дотерате најпристојно што можете. Тоа значи дека во комбинација влегува сако, костум, здолниште и кошула. Избегнувајте спортски комбинации, деколте и провокативни парчиња, бидејќи тие можат да остават многу погрешна слика за вас.rn
    rn

    Невистини во вашето CV

    rnДоколку сметате дека вашето CV делува сиромашно и сметате дека треба да додадете уште некој странски јазик, плус некоја година работно искуство или пак уште еден факултет или можеби магистерски труд, тогаш подобро да не го сторите тоа.  Дури и најситната промена на вистината може да биде лесно проверена, а вие фатени во лага. Наместо да ризикувате, спремете се подобро за да ги истакнете вашите вистински квалитети.rn
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со Хипхоплетика

    Интервју со Хипхоплетика

    Интервју со ХипхоплетикаГрупа: ХипхоплетикаrnОснована: јуни, 2009rnСостав: Тофра, Нож, Драгс, Деки о2, Страчка, Далтон, Мастер Јо, Баже, Крле, Викс (почесен член), Мара (единствениот женски вокал, ама зашто се многу хардкор, уште немаат песна со неа) rnТип музика: хардкор рапrnИздадени албуми: во подготовка е првиотrn___________________________________________________________________________________________rnХипхоплетика е настаната како фузија на повеќе групи и емсија на шакалските клупи во Кисела Вода. Името е кованица од зборовите Хип и Хоплетика (наука за оружјето), а кум е Драгс. Секогаш ја следат странската и домашната сцена, но нивната поента е да извадат нешто свежо, тазе, така што гледаат да не создаваат идоли. Сите рецитираат, а покрај тоа, Баже, Климе и Далтон се продуценти, а Драгс е диџеј. Проби прават најчесто кај некој дома, и тоа обично пред настапи, чисто за загревање. Редовен термин за настап во некој клуб немаат бидејќи, како што велат тие, владее тезгата.rn___________________________________________________________________________________________Интервју со Хипхоплетика

    rnrn

      rn011

    • rn

      Колку песни имате досега? На кои социјални медиуми имате профили?

      rn

    • rn

    rn

    Хипхоплетика има извадено неколку песни, десетина ако не се лажам. Албум нема… требаше да има, но имавме технички проблеми, па сè уште се работи на него. Инаку, имаме профили на Фејсбук и на Мајспејс и таму обично објавуваме новости. Тоа што до сега го имаме извадено може да се чуе на овие канали, каде што има и постар материјал на секој од членовите.

    rn

      rn011

    • rn

      Дали сте настапувале на некои позначајни настани?

      rn

    • rn

    rn

    Може да се издвојат Хипхопијадата на Бела Ноќ и концертот на Легијата во Охрид како позначајни.

    rn

      rn011

    • rn

      Дали паралелно имате и соло кариери или настапи со други групи?

      rn

    • rn

    rn

    Да, секако. Има соработка со други групи, многу се, нека ни простат што нема да ги спомнеме. Секој си брка соло на страна, башка работи кои не се поврзани директно со рап, прилично активни момци сме.

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • rn

      Дали сметате дека ќе успеете да се занимавате со рап до крајот на животот и плус добро да заработувате од тоа?

      rn

    • rn

    rn

    Се надеваме дека ќе има некој денар, но и без него ќе правиме рап, како и до сега.

    rn

      rn011

    • rn

      Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на Хипхоплетика?

      rn

    • rn

    rn

    Задоволни сме и со досега постигнатото, но секогаш целиме кон повеќе, на пример самостоен концерт… или греми.

    rn

      rn

      rn.

    rn

      rn011

    • rn

      Дали би го смениле стилот на музиката, доколку некој познат продуцент во Македонија ви понуди соработка и ви постави ваков услов?

      rn

    • rn

    rn

    Ова е најраперското прашање. Нема да го смениме стилот, продуценти веќе имаме тројца, одлични се. Не гледам причина да бараме друг. Доколку му се допаѓа на некој нашата музика, отворени сме за соработка, во спротивно може да разговараме за кладилница или нешто друго.

    rn

      rn011

    • rn

      Имате ли да споделите некоја интересна случка од настап?

      rn

    • rn

    rn

    При гостувањето во емисијата Бумбокс на канал 103,  испивме „малу појќе“ и бевме многу безобразни. Копчето за цензура не работеше и згора на сè емисијата траеше два часа повеќе од дозволеното. За жал, после ова емисијата беше забранета.

    rnИнтервју со Хипхоплетикаrn

      rn011

    • rn

      Што правите кога не се занимавате со музика?

      rn

    • rn

    rn

    Кога не правиме рап, и си го ладиме, ние сме тројца вработени, петторица студенти и еден дипломиран машинец во бегство.

    rn

      rn011

    • rn

      Како ја гледате „Хипхоплетика“ после 10 години?

      rn

    • rn

    rn

    И по 10 години – „Лади си го!“

    rn

    rn.rn

      rn011

    • rn

      Дали редовно правите кафе пауза?

      rn

    • rn

    rn

    rn

    Кафе пауза цел ден, секој ден.

    rn

    rn

    rn