КАФЕ ПАУЗА

Tag: интервју

  • На кафе со Александра Спасеска – Везилка

    На кафе со Александра Спасеска – Везилка

    Автор: Софија СионоваrnrnКафето, со неговата силна арома и вкус освен што има моќ да ве расони и да ве подготви за предизвиците со кои треба да се справите во денот, може и да ви донесе добро друштво за муабет. Случајно, додека се шетавме од ревија на ревија на модната недела, налетавме на блогерката Александра Спасеска, или за македонската јавност и обожавателите на модата, само Везилка, која одвои малку време за едно топло кафенце и пријатен разговор со нас.rnrn1-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mkrn

    1. Што ве привлече кон модното блогирање?

    rnМодата секогаш била моја голема страст и составувањето модни приказни ми е вистинско уживање и начин за изразување на креативноста и индивидуалноста. По неколкугодишно следење на светските и регионалните модни блогерки почувствував дека е дојдено времето ваквите онлајн модни дневници да дојдат и кај нас. За кратко време блогерската заедница се прошири и најдов прекрасни девојки со кои заедно ја споделуваме љубовта кон модата и стилот.rn

    2. Што видовме и на FWSK?

    rnМодниот викенд Скопје е најголемиот ваков настан кај нас и сум пресреќна што веќе три сезони имам можност да го следам од првите редови. Моите фаворити Ирина Тошева, Бобан Илиевски и Стефанија Насеска ги надминаа моите очекувања за претстојната сезона пролет/лето и понудија парчиња што можам да ги замислам на нашите улици. Вистинско освежување беше Оливера Штакоска со нејзините етно мотиви и мислам дека веќе си најде своја публика кај нас.rn

    3. Кој ви е омилен тренд сезонава?

    rnОбожавам здолништа и фустани и пак навивам за ѕвонестите модели во А-линија со висока половина, а сакам да видам и широки шорцеви од лесни, природни материјали (иако јас со мојата градба не би ги носела). Сандалите на висока дрвена потпетица во комбинација со тенки чорапчиња до глужд е контроверзна, но јас ја сакам и ќе ја носам оваа сезона. Неизбежни ќе бидат и поексцентричните очила за сонце со додатоци.rn

    4. Кое парче најмногу обожавате да го носите?

    rnВолуменозни миди здолништа. Во секое годишно време, во сите бои и со цветни дезени.rnrn4-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mkrn

    5. Хоби освен модното блогирање?

    rnПишувам поезија, чувам четири мачки и се обидувам да ја одржам градината во живот.rnrn5-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mkrn

    6. Дали некогаш сте направиле модно промашување?

    rnКој не направил нека го фрли првиот камен (хахаха). Израснав во 90-тите и тогаш се носеа маички со флуоресцентни детали. Имав 3-4, признавам. Кога ја зголемив тежината малку се борев со збогувањето со тесните фармерки, ама сега не помислувам да ги облечам.rn

    7. Кој ви претставува најголема инспирација?

    rnКога станува збор за стилот, Одри Хепберн и Грејс Кели. Ѕвездите на златното доба на Холивуд во 50-тите и 60-тите. А во животот, драгите пријатели и семејството.rn

    8. Кој ви е омилен дизајнер од Македонија, а кој од светот?

    rnИрина Тошева е беспрекорна во изработката, да сум повита би носела сè што прави! Ги обожавам здолништата од новите колекции на Стефанија Насеска и АТАМИ. Ги сакам постарите колекции на Дона Каран и секако Мијуча Прада и Алберта Ферети.rnrn

    6-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mk
    Креација на Ирина Тошева
    rn

    9. Парче што никогаш не би го облекле?

    rnМрежести хулахопки. И чевли со kitten штикла.rn

    10. Кога би требало животот да го поминете во само една комбинација која би била таа?

    rnОваа.rnrn7-na-kafe-so-aleksandra-spaseska-vezilka-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

    Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

    Секому му се случува да добие отказ. Тоа е многу непријатно искуство кое по некое време се преболува, но последиците од тој чин може да се почувствуваат и многу подоцна, кога луѓето кои ги спроведуваат интервјуата за работа го поставуваат прашањето „Зошто го напуштивте последното работно место?“ За да се појавите подготвени за ова прашање следете ги следните неколку совети од Џени Фос, експерт од областа на човечките ресурси.rnrnКако да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?rnrn

    Помирете се со отказот

    rnТоа веќе се случило и не можете ништо да промените. Морате да се помирите со отказот пред да преминете на наредните интервјуа за работа. Дајте си време, колку и да ви е потребно, затоа што ако не ги средите емоциите не ќе можете мирно да зборувате за тоа со потенцијалниот работодавач.rnrn

    Убаво објаснете што се случило

    rnРеченица како: „За жал, бев ослободен од обврските“ е доволна. Ако потоа ве потпрашаат како се случило тоа, можете да дадете објаснување кое ќе биде кратко, јасно и прецизно. Претераното објаснување со повторување на работите ќе остави впечаток како да сакате да го убедите соговорникот во нешто што самите сметате дека не е вистина.rnrn

    Истакнете што сте научиле од тој отказ

    rnДоколку отказот сте го добиле по ваша вина, признајте го тоа и истакнете што сте научиле од целата работа. Вашите зборови би можеле да изгледаат вака:rn
    rn

    „Откако изгубивме важен клиент, делумно и поради моја грешка, поминав многу време во опсервирање на искуствата на нашите клиенти и барав начини како да го задржам интересот на клиентот како врвен приоритет. Сметам дека тоа многу ќе ми помогне во мојата следна работа.“

    rn

    Без навреди за поранешниот работодавач

    rnБез разлика колку сте биле обесправени од претходниот работодавач кога сте го загубиле работното место, немојте да го навредувате пред потенцијалниот нов работодавач. Тоа ќе остави лош впечаток за вас, а не за поранешниот шеф.rnrn

    Објаснете како можете да придонесете на новото работно место

    rnrnНа крај, вели Фос, немојте да заборавите да ги истакнете сите позитивни работи со кои можете да придонесете за компанијата која ве интервјуира. Објаснете им дека можете да им го понудите тоа што им треба, без оглед на тоа што ви се случило во минатото.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

    7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

    Ниту еден женски плакар не е целосен доколку во него нема барем еден фустан. Без разлика на тоа што голем број жени се чувствуваат многу покомотно во фармерки, сепак понекогаш е клучно да имате соодветен фустан за одредени прилики. На пример, состанок со личноста која многу ви се допаѓа, интервју за работата од вашите соништа или пак, летна забава со вашите пријатели. Токму поради овие причини постојат неколку видови фустани кои секоја жена би требало да ги поседува.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrn

    1. Малиот црн фустан

    rnНајважниот фустан во вашиот плакар е токму овој мал црн фустан. Тоа е фустан кој ви стои одлично, има совршена должина за вашата висина и е според најновата мода. Малиот црн фустан е соодветен за најразлични ситуации почнувајќи од забави, погреби, службени вечери, па сè до свадби. Со помош на неколку додатоци како џемпер, високи штикли, чанта и накит можете да го комбинирате за буквално сите дневни и вечерни настани.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrn

    2. Кежуал бел фустан

    rnОвој фустан е совршен за дневна прошетка во топлите летни денови или пак, за на плажа. Тој ќе се истакнува на фотографиите со вашите пријатели и ќе ја нагласува бојата која сте ја добиле со сончање.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrn

    3. Совршениот фустан за состанок

    rnОвој фустан е погоден за посебна ноќ со вашиот партнер. Можете да го носите на вечера, во кино како и за прошетка низ градот. Тој би требало да биде фустан во кој се чувствувате прекрасно, кој е удобен и кој одговара на вашиот тен. Исто така треба да одговара и со високи потпетици и со балетанки за да можете да го носите на разни видови состаноци.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrn

    4. Фустан за интервју за работа

    rnКога одите на интервју за работа, посебно кога станува збор за покорпоративна или поелитна работа, секогаш е добра идеја да се облечете малку подобро од вашата стандардна работна „униформа“. Овој фустан би требало да биде поконзервативен и модерен, никогаш да не биде со должина над колената, да нема длабоко деколте и да биде со подолги ракави. Целта е да бидете елегантни без да покажувате премногу кожа.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrn

    5. Фустан за на свадба

    rnСекоја девојка треба да има еден фустан кој ќе го чува за посебни прилики како свадби. Во овој фустан треба да се чувствувате убаво и удобно. Можеби ќе запознаете некоја посебна личност таму или пак ако ништо друго, барем ќе изгледате прекрасно за големиот ден на невестата.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrn

    6. Фустан за класични настани

    rnБез разлика дали станува збор за настан каде што треба јавно да настапите или настан организиран од работа, секогаш треба да имате фустан кој ќе одговара на оваа ситуација. Тој би требало да биде модерен и конзервативен во исто време.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrn

    7. Фустан за забава

    rnСекоја девојка треба да има најмалку еден фустан за забава. Во овој фустан би требало да се чувствувате младо, забавно и авантуристично. Одберете модерен фустан со забавни и живи бои. И најважно од сè, нека биде со стил.rnrn7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакарrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

    Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

    Оваа инспиративна приказна одлично ќе им дојде на сите кои сакаат да ослабат, а немаат инспирација за тоа. Ова е приказната на Виктор Цветиќ, 21-годишно момче од Скопје кое успеало со труд и дисциплина да намали 70 килограми од својата телесна тежина за само 11 месеци.rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnИако до четиринаесетгодишна возраст бил спортски активен како голман во еден скопски фудбалски клуб, поради сплет на околности, Виктор почнал утехата да ја бара во храната и за само 4 години достигнал 150 килограми. Тогаш решил да каже стоп и да преземе нешто за своето здравје и за својот изглед.rn
    rn

    „Големо предупредување добив кога бев да ми земат крв за испитување. Резултатите беа катастрофални, имав покачен крвен притисок, холестеролот ми беше на високо ниво, ми беа замастени виталните органи. Тогаш докторот ми рече – ‘Дечко, ако продолжиш вака нема да доживееш 40 години.’“

    rnrnПокрај здравствените проблеми и предупредувањата од докторите имало уште еден интересен момент кој за Виктор претставува пресврт и поттик да промени нешто во начинот на живеење.rn
    rn

    „Како капак на мојата одлука, дојде и моментот кога запознав една девојка и нормално машко како машко го фаќа инат. :)“

    rnrnНеговото дневно мени цели 11 месеци се состоело од чаша свежо исцеден сок од портокали за појадок и две чаши јогурт за вечера. За ручек, три дена во неделата јадел месо и риба, а останатите денови во неделата 1 килограм диња. Покрај тоа, секојдневно пиел и по огромни количини вода.rnrnНо, одењето по овој трнлив пат не било воопшто лесно, бидејќи лошите навики не е лесно да ги промениш. Сепак, за ништо не се кае и се гордее на својата одлука и решителност.rn
    rn

    „Дефинитивно најтешко ми беше да се откажам од брзата храна, бидејќи имав создадено лоша навика да ја јадам секојдневно. Секогаш гледав да јадам брзо зготвена храна, којашто најчесто се состоеше од греење или подготвување на секаков вид тестенини и месо во микробранова печка.rnrnТоа беше голгота од 11 месеци, којашто беше исполнета со секојдневни напори. Најголемиот проблем беше да се уништат старите навики кон исхраната. Добри 4-5 пати ми дојде да се откажам, но секој пат, кога и да ми дојдеа такви мисли, се потсетував на една стара изјава на легендарниот боксер Касиус Клеј (подоцна Мoхамед Али) – ‘Го мразев секој момент од моите тренинзи, но секој пат си викав во себе, страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион’.rnrnМожам да кажам дека откога почнав да вежбам, апсолутно за ништо не зажалив. Од самиот момент кога одлучив, работите тргнаа на подобро. Тоа беше мојата најважна животна одлука, зад којашто стојам до ден-денеска и до која ќе стојам до крајот на животот.“

    rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnПокрај режимот на исхрана, Виктор секојдневно вежбал, а вежбите и интензитетот се зголемувале како што се намалувале килограмите. Покрај тоа внимавал и на спиењето.rn
    rn

    „Почетокот како почеток – започнав од нула, односно само со одење по кејот на Вардар по 5 километри на ден. Кога стигнав до 130 килограми, малку по малку почнав да се пренасочам на возење велосипед. Тренирав секојдневно, а кардио вежбите ми беа приоритет. Како слабеев сѐ повеќе и повеќе, применував вежби со повисок интензитет, за на крајот да успеам да извозам тури со велосипедисти од над 100 километри во еден ден.“

    rnrn

    „Спиев минимум 6 часа на ден. Строго легнував најкасно во 1 часот и се будев секое утро во 7 часот, за да го започнам денот со добра прошетка на планина или на кејот на Вардар.“

    rnrnНа прашањето колку му се променил животот за време на овој процес и отпосле, тој најмногу се осврнува на промената на погледите во животот и поместување на границите и лимитирањата.rn
    rn

    „Мојот живот не се смени толку, колку што ми се смени погледот кон животот. Промената најмногу ја почувствував во мојот карактер, бидејќи успеав да си докажам на себеси дека не постои пречка којашто ќе ме оддалечи од успехот.rnrnМи се поместија границите во животот, а тоа мислам дека беше најголемата награда после целиот процес на слабеење. Ако до вчера бев личност за којашто успех беше да изигра добра партија на компјутер со пријателите, денеска успех ми е да пренесам порака којашто ќе ги смени животите на многу луѓе.“

    rnrnОткако успеал да се врати на нормална тежина, тој не прекинал тука. Виктор постојано внимава на исхраната и вежбањето. Не само што го одржува својот изглед, туку и секогаш цели на едно скалило повисоко.rn
    rn

    „Се разбира кога нели ќе ја исполните целта станувате гладен за поголем успех. Па така до 2013 година се ориентирав кон чистење од масти, бидејќи тоа е процес којшто е макотрпен и долг. Пред сѐ, главен проблем е храната, бидејќи треба да се привикнете на алкалната диета односно јадење исклучиво суров зеленчук и овошје. Вака успеав да го симнам присуството на масти во моето тело на 7 проценти.rnrnПоследниве шест месеци, сакав успехот да го кренам на малку повисоко ниво, па се придржував на исхрана за зголемување на мускулната маса, односно консумација на многу месо и јаглехидрати и секојдневно посетување на тератана. Ја зголемив мојата телесна маса од 80 килограми на 94 килограми, а последниве 2 недели сум на чистење односно намалување на мастите во моето тело. Моментално тежам 89 килограми, а до 10 ти август според планирањето, со соодветни тренинзи би требало да стигнам до 85 килограми со 6-7 проценти присуство на масти.“

    rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnОвие неколку збора за крај, можат да ви бидат инспирација за успех на секое поле од животот. Виктор успеа, зошто да не и вие?rn
    rn

    „Здравјето е најважното нешто што човекот може да го поседува во текот на животот. Ако вие не се грижите самите за себе, не очекувајте луѓето околу да се грижат за вас. Луѓето се обесхрабруваат најмногу од туѓите мислења. Само одлучете дека сакаат да ослабнете… нема причина зашто не би ја постигнале целта ако цврсто се решите. Општо за сите работи во животот, треба да ја жртвуваме сегашноста за иднината.rnrnДодека јас бев во процесот на слабеење, имав многу критики од домашните, од пријателите, од познаници… секоја можна критика ја примив, секоја можна препрека ја поминав … многу работи ми кажаа само една не ми кажаа – како да се откажам. Сфатете ја вредноста на животот, затоа што животот нема реприза.“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Интервју со бендот „Бета Хаус“

    Интервју со бендот „Бета Хаус“

    Интервју со бендот „Бета Хаус“ Бенд: Бета ХаусrnrnОснован: септември, 2009 годинаrnrnСостав: Александар Алексов (гитара), Стефан Стојчев (бас гитара), Бодин Попов (тапани), Раде Кекеновски (вокал и гитара)rnrnТип музика: рок, поп, реге, фанк, дискоrnrn rnrn


    rnrnМлад рок бенд, кој не се ограничува во стилот на музика и експериментира со реге ритмови, диско и фанк гитари и слично…rnrn


    rnrnИнтервју со бендот „Бета Хаус“Како дојдовте до идеја за името на бендот?rnrnМногу спонтано. 🙂 Свиревме на некоја журка и требаше сето тоа некако да се најави, па на Бодин (тапанарот) му текна дека гледал филм во кој Бета Хаус праеле супер журки. И така некако остана името.rnrnКолку често правите проби?rnrnНеделно, два или три пати. Некогаш помалку, некогаш повеќе во зависност колку настапи и обврски имаме.rnrnМожете ли да издвоите некој поважен или можеби омилен настап? И каде може да ве чујат вашите фанови?rnrnСекој настап си има некоја своја убавина, но ако треба да издвоиме, тогаш настапите на фестивалите. Голема сцена, огромен број луѓе, многу енергија, настап на отворено небо – тоа секогаш се памти. Свириме скоро во сите скопски клубови, а кога зборуваме за фестивали ќе настапуваме во понеделник на „Schools Out“ на 10 јуни во Градскиот парк на Школка. Така да, бујрум!Интервју со бендот „Бета Хаус“Дали би направиле екстремна промена во стилот на музиката, ако некој ви понуди многу пари? rnrnЕве нека биде кратко и јасно. Не :)rnrnЧеститки за вашата прва авторска песна. Кажете ни нешто повеќе за неа?rnrnДа, деновиве излезе првиот сингл „Мона Лиза“. Летна песна во даб реге стил. Моментално се врти на сите национални радио станици, а спотот е во подготовка.rn

    rnДали сте свиреле на свадби или сте имале понуди за свирење?rnrnНе сме свиреле, а додуша не сме имале ни понуди. Чекаме да ни подостари генерацијата уште малку, да почнат да се женат и мажат, па да нè бараат.rnrnШто правите кога не се занимавате со музика?rnrnСекој со своето, главно сите студираат или завршуваат факултети.rnrnКои македонски бендови или изведувачи особено ги почитувате?rnrnНашата генерација порасна со „Суперхикс“. Ние и фамилијарно сме поврзани со нив, а и комшиски, бидејќи на исто место правиме проби. Но, ги почитуваме и „Нокаут“, „Леб и Сол“, „Ареа“, „Д.Н.О.“ и други.Интервју со бендот „Бета Хаус“Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на вашиот бенд?rnrnСакаме да правиме квалитетна македонска музика. Сметаме дека има недостаток на таква музика кај нас. Ако барем малку придонесеме кон тоа, македонската музика да биде подобра, послушана и помодерна, би биле среќни.rnrnКако го гледате бендот после 25 години?rnrnАуу, па не гледаме толку далеку. Ние во моментов се фокусираме на свирење и правење музика. За иднината нека се грижи Сабина од Амазон. :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 12 работи во кои жените се подобри од мажите

    12 работи во кои жените се подобри од мажите

    Сте помислиле ли некогаш дека жените имаат генетска предиспозиција да бидат подобри во учењето, водењето хигиена, комуникацијата со други луѓе или менаџирањето? Резултатите на многу истражувања покажуваат дека жената е подобра од мажот во многу работи. Кои се дел од нив?12 работи во кои жените се подобри од мажитеrn

    1. Жените се подобри во учењето

    rnДоколку споредите тетратка на момче и девојче кое учат во ист клас во основно училиште, ќе сфатите кој негува поуредни и поорганизирани навики во учењето. Истражувањата на универзитетите во Џорџија и Колумбија, покажале дека жените имаат подобар пристап кон учењето. Дамите се повнимателни, поодговорни, поуредни и поорганизирани од мажите. Баш поради тоа, дамите речиси секогаш подобро и навремено ги извршуваат своите работни задачи, за разлика од своите машки колеги.rn

    2. Попаметни се

    rnИстражувачот Џејмс Флин го тестирал коефициентот на интелигенција на луѓето ширум светот. Опфатени биле: САД, Европа, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија. Погодете кој пол во просек покажувал повисоко ниво на IQ!rn

    3. Повеќе внимаваат на хигиената

    rnИстражувањето на универзитетот во Сан Диего покажало дека во просек, канцелариските бироа на мажите содржат 10-20% повеќе бактерии отколку оние на жените. Жените се поуредни и многу повеќе внимаваат на личната хигиена, како и на хигиената на просторот околу себе, за разлика од мажите.12 работи во кои жените се подобри од мажитеrn

    4. Подобро минуваат на интервјуата за работа

    rnУниверзитетот во Западен Онтарио спровел истражување кое покажало дека жените подобро се носат со стресот поради разговорот за работа. Иако се понервозни пред да започне интервјуто, жените во просек подобро минуваат на ваквите интервјуа бидејќи понапорно се подготвуваат, обрнувајќи внимание на секој детаљ.rn

    5. Жените со еволуцијата стануваат сè поубави

    rnНедамнешно истражување покажало дека, со текот на еволуцијата, жените стануваат сè поубави, а мажите остануваат исти. Во истражувањето биле следени над 2.000 луѓе во текот на 40 години, а резултатите покажале дека привлечните жени имаат 16% повеќе деца од жените со просечен изглед, и дека убавите луѓе имаат 36% поголема веројатност дека првото дете ќе им биде женско. А тоа значи дека како што доаѓаат новите генерации, се раѓаат сè поубави жени.rn

    6. Жените се подобри возачи од мажите

    rnКолку и да сте биле убедени во спротивното, жените се повнимателни возачи, повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и многу поголем процент од сообраќајните несреќи се предизвикани од мажи.12 работи во кои жените се подобри од мажитеrn

    7. Подобри се во барање утеха

    rnСпроведената анкета на 2.000 луѓе покажала дека жените почесто зборуваат за своите чувства и умеат полесно да ги искажат своите емоции, за разлика од мажите. Дури 53% од жените зборуваат со своите пријателки за она што ги мачи, додека тоа го прават само 29% од мажите.rn

    8. Поголем е бројот на жени кои дипломираат

    rnИако образованието на жените во минатото била контроверзна тема, во денешно време поголем е бројот на жени кои завршуваат факултет. Мажите во просек студираат 5 години подолго од жените, а поголем е и бројот на мажи кои се откажуваат од факултетот.12 работи во кои жените се подобри од мажитеrn

    9. Поздраво се хранат

    rnСпоред студиите на универзитетот во Минесота, направени врз 14.000 личности, жените консумираат поздрава храна за разлика од мажите и обрнуваат повеќе внимание на својата исхрана. Додека исхраната на мажите повеќе содржи брза храна и црвено месо, во исхраната на жените повеќе доминира овошје и зеленчук.rn

    10. Имаат појак имунитет и живеат подолго

    rnТајното оружје за борба против инфекција на жените е естрогенот, кој содржи ензими што спречуваат појава на бактерии и вируси. Исто така, меѓу светската популација која живее подолго од 100 години, 85% се жени. Во просек, жените живеат 5-10 години подолго од мажите.rn

    11. Подобри се во менаџирање и мултитаскинг

    rnМногу истражувања покажуваат дека жените се подобри ментори и подобри шефови бидејќи повеќе слушаат и имаат поголемо разбирање за разлика од мажите. Жените се полукави и знаат како да го најдат вистинскиот начин за да ги мотивираат работниците. Исто така, жените се подобри во мултитаскинг, што е краен резултат на многу истражувања. Ова се должи на фактот што жените многу пологично им пристапуваат на работите, додека мажите постапуваат водени од својот инстинкт.12 работи во кои жените се подобри од мажитеrn

    12. Жените инвестираат помудро

    rnСпоред истражувањето врз 100.000 инвестициски фондови, женските инвестиции се подобри од оние на мажите. Тоа се должи на фактот што жените повнимателно носат одлуки и повеќе размислуваат на долгорочни патеки, како во љубовните врски, така и за сè останато во животот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сè што треба да знаете пред да одите на интервју за работа

    Сè што треба да знаете пред да одите на интервју за работа

    Просечната должина на едно интервју е околу 40 минути. Но, во едно истражување, 33% од 2.000 работодавци изјавиле дека уште во првите 90 секунди знаеле дали ќе го вработат кандидатот. За успешно интервју мора претходно добро да се подготвите. Научете нешто повеќе за организацијата, секогаш имајте специфична работа на ум, прегледајте ги своите квалификации за работата и бидете подготвени накратко да го опишете вашето досегашно искуство. Погледнете ги и останатите резултати од ова истражување кои ќе ви помогнат полесно да стигнете до работата од вашите соништа…rnrnСе што треба да знаете пред да одите на интервју за работаrn

    Најчести невербални грешки кои се прават на интервју за работа се:

    rn

      rn011

    • Играње со косата или допирање на лицето (21%)
    • rn011

    • Немање доволно знаење за компанијата во која се аплицира за работа (47%)
    • rn011

    • Неможност да се воспостави контакт со очите (67%)
    • rn011

    • Недостиг на насмевка (38%)
    • rn011

    • Лошо држење на телото (33%)
    • rn011

    • Прекстување на рацете над градите (21%)
    • rn011

    • Употреба на премногу гестови со рацете (9%)
    • rn011

    • Премногу слабо ракување (26%)
    • rn011

    • Прекумерно нервозно гестикулирање (33%)
    • rn

    rn

    Статистиките покажуваат дека кога се запознавате со нови луѓе, големо влијание на впечатокот имаат и:

    rn

      rn011

    • Вашите одговори на поставените прашања (7%)
    • rn011

    • Квалитетот на изразување, како и општата самодоверба (38%)
    • rn011

    • Начинот на кој се облекувате, однесувањето, како и начинот на кој влегувате низ вратата (55%)
    • rn

    rn

    Видот и бојата на облеката исто така влијае на првиот впечаток:

    rn

      rn011

    • Голем број од работодавците изјавиле дека премногу светли бои ги намалуваат вашите шанси за вработување
    • rn011

    • Не е потребно облеката да биде по најнова мода (70%)
    • rn011

    • Облеката може да помогне при донесување на одлуката помеѓу два слични кандидати (65%)
    • rn

    rnСе што треба да знаете пред да одите на интервју за работаrn

    Прашања кои најчесто се поставуваат за време на интерјвуата:

    rn

      rn011

    • Кажете ми нешто повеќе за вашето искуство во…
    • rn011

    • Зошто сакате да работите за нас?
    • rn011

    • Што знаете за нашата компанија?
    • rn011

    • Зошто ја напуштивте претходната работа?
    • rn011

    • Кажете ми нешто повеќе за себе…
    • rn

    rn

    Најчестите грешки кои можете да ги направите на интервју:

    rn

      rn011

    • Премногу објаснување за тоа зошто сте ја изгубиле претходната работа.
    • rn011

    • Давање до знаење дека сè уште не сте завршиле со претходната работа.
    • rn011

    • Недостиг на хумор, топлина и личност.
    • rn011

    • Непокажување никаков интерес или ентузијазам.
    • rn011

    • Недоволно истражување за вашиот потенцијален работодавец.
    • rn011

    • Прекумерено концетрирање на она што вие го сакате.
    • rn011

    • Да се обидувате да бидете сè за сите луѓе.
    • rn011

    • Да го „преземете“ интервјуто.
    • rn011

    • Неможноста да се издвоите себеси од останатите кандидати.
    • rn011

    • Да не се обидете да ја побарате работата.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со бендот „Омниа“

    Интервју со бендот „Омниа“

    Интервју со бендот Омниа Бенд: „Омниа“rnrnОснован: 2012rnrnМузика: рокrnrnСостав: Наташа Михајлова (вокал), Дамир Пух (гитара)rnrnСингл: Знамrn
    rn


    rnОд неодамна на македонската музичка сцена се приклучи и новиот бенд „Омниа“, а ние од тимот на Кафе пауза како вистински вљубеници во квалитетната музика, решивме подобро да ги запознаеме. „Омниа“ се претставија со своето првенче „Знам“ коешто сè почесто може да се слушне на радио станиците. rnrnДвајцата се многу долг период активни на полето на музиката со бројни успеси зад себе. Дамир е посветен на гитарата, има членувано во неколку различни бендови свирејќи различни видови музика. Во 2007 година на еден од нашите најстари музички фестивали – Рок Фест освојува „Награда за најдобар гитарист“.  Со цел да ги надополни своите музички достигнувања започнува со презентирање на својата работа на YouTube, па оттука стартуваат неговите ангажмани како онлајн инструктор. Во 2010 година учествува на натпреварот „Мастер 2010“ во Загреб каде е еден од шестте финалисти избрани од Балканот. Истата година освојува прво место на првиот интернационален натпревар организиран од страна на www.live4guitar.com. rnrnНаташа е апсолвент на Факултетот за музичка уметност – Скопје на отсек соло пеење, има учествувано на четири државни натпревари каде има освоено 4 први награди по солфеж и 1 втора награда по камерна музика. Освен во класичната музика се пронаоѓа себеси во многу правци на рок музиката, па така краток период настапува како вокал со бендот „Mainstream“, а подоцна ја започнува својата соработка со „Misplaced“, каде всушност заедно првпат настапуваат со Дамир. Што открија Дамир и Наташа во интервјуто за Кафе пауза можете да прочитате подолу.rnrn


    rn
    rnИнтервју со бендот ОмниаНајпрво честитки за вашиот прв сингл. Какво е чувството да се претставите за првпат на ваков начин пред поширока публика и тоа со сопствено авторско дело?rnrnД: Ти благодариме! Чувството е одлично, реакциите од публиката се доста позитивни што нè тера и понатаму да работиме со уште поголем интензитет.rnrnН: Среќни сме што успеавме со една ваква енергична песна да се презентираме пред пошироката јавност и горди сме на постигнатиот резултат!rnrnКако настана „Омниа“? Дали идејата ја развивавте подолго време или настана сосема спонтано? Која е позадината на името?rnrnД: „Омниа“ е резултат на нашата желба да креираме авторски дела, што во прв план ќе ги задоволат нашите музички амбиции и секако, желбата да дадеме мал придонес на македонската музичка сцена.rnrnН: „Омниа“ настана многу спонтано, двајцата се согласивме дека сега е вистинското време да започнеме со создавање авторска музика. Со оглед на тоа дека „Знам“ е наше заедничко дело, почнувајќи од музиката, текстот, аранжманот, продукцијата и студиото во кое е снимена песната – псевдонимот „Омниа“ ни дојде како „кец на десетка“, бидејќи латинското значење на зборот омниа  е „сè“.rnrnИако Дамир е гитарист, а Наташа е посветена на класичната музика, сепак успеавте да ја соедините љубовта кон музиката, да пронајдете заеднички јазик и да направите нешто одлично. Претставуваше ли предизвик да соработувате заедно?rnrnН: Секако. Предизвикот е голем бидејќи и двајцата имаме големи познавања од две сосема различни области, кои се трудиме да ги сплотиме во едно. Различен пристап и принцип на работа, различно гледиште и перцепција. Иако ние двајца се познаваме долго време, сепак постоеше период на адаптација, бидејќи на почетокот не се разбиравме доволно добро, хахаха за среќа, меѓу нас постои многу надополнување и споделување на знаење.rnrnД: Наташа и јас сме од два сосема различни света кога станува збор за музичкото образование, влијанијата и методите на работа, но и покрај тоа имаме многу слични вкусови за музика, мал милион бендови/изведувачи што ни се омилени и на двајцата и што е најважно, делиме слична визија за идните планови на „Омниа“.rn

    rnКаде ја пронајдовте инспирацијата за песната? Има ли некоја позадина?rnrnД: Првичната идеја за „Знам“ дојде сосема спонтано, во еден момент на инспирација настана главниот риф од кој ја изградивме целата песна и напишавме текст кој носи силна порака и кој е во склад со музичката позадина.rnrnН: Со текстот сакаме да го разбудиме духот на луѓето, особено на младите. Во денешно време сè е некако еднолично, сиво, бидејќи повеќето не се залагаат за она во што веруваат. Пораката на „Знам“ е токму спротивното.rnrnКои се вашите планови за во иднина? Дали можеме да очекуваме нови песни, па и албум во скоро време?rnrnН: Во подготовка е нова песна. Немаме долгорочни планови, сакаме работите да се одвиваат постепено и спонтано колку што е тоа возможно. Единствено нешто што ни е во план и кое сакаме да го реализираме е да создаваме квалитетна музика.rnrnД: Ни претстои доста интересен период. Имаме доволно идеи, сакаме да експериментираме со нив, па ќе видиме каков резултат ќе даде сето тоа.rnrnДали можеби сте размислувале за некаков препознатлив имиџ на „Омниа“?rnrnД: Работиме напорно да изградиме препознатлив музички стил, уникатна звучна слика и тоа е нашиот приоритет во моментов. За сè останато гледаме да сме што поприродни и подоследни на себе. Одлично се чувствуваме во сопствената кожа.rnrnСигурно е потребно многу напорна работа (и многу кафе 🙂 за да се постигне ова ниво на кое што сте вие сега. Која е тајната?rnrnД: За нас ова претставува забава пред сè. Без разлика дали се работи за совладување некој инструмент или креирање музика, забавниот елемент е тој што те движи напред – напорната работа, жртвите и целосното посветување доаѓаат после тоа. Со текот на годините учиш  кога треба да форсираш, а кога да си дадеш оддишка. А ние имаме уште многу за учење.rnrnН: И секако, кафето си има удел во целата приказна, посебно кога инспирацијата ќе „те удри“ после полноќ, што често знае да се случи.Интервју со бендот ОмниаДамир, во 2010 победи на првиот натпревар организиран од страна на Live4Guitar Community, а исто така си активен и со онлајн часовите по гитара. Јасно е дека голем дел од твојата работа се одвива во виртуелниот свет. Колку мислиш дека тоа ти помогна од аспект на стекнување искуство и промовирање?rnrnД: Резултатите од неколкуте гитарски натпревари и мојата активност во виртуелниот свет имаат големо влијание во тоа што сум денес како музичар. Среќен сум што живееме во време кога е многу лесно да се промовира сопственото дело и да се остварат контакти преку интернет. Токму тоа искуство ми е од голема помош за секој нареден проект затоа што не почнувам од апсолутна нула.rnrnНаташа,  одлично успеваш да ги избалансираш љубовта кон класичната и рок музиката, но зборувајќи долгорочно, сметаш ли дека ќе успееш да го одржиш тој баланс?rnrnН: Се сметам себеси за доволно силна личност која успешно ќе направи баланс помеѓу класичната и рок музиката, но тука не запирам. Музиката е уметност која нема граници, па зошто тогаш јас да се ограничувам? Ме чека многу работа. Се отвораат многу нови врати и сето ова не знам до каде ќе ме доведе. Мојата цел е еден ден да успеам како комплетен музичар.rnrnИ за крај, што би им препорачале на читателите на „Кафе пауза“?rnrn Д и Н: Поздрав до сите ваши читатели, уживајте во секој момент од животот, слушајте квалитетна музика и не заборавајте да го започнете денот со добро кафе и секако со Кафе пауза!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модели на приврзување кај возрасните

    Модели на приврзување кај возрасните

    Системот на приврзување работи на многу едноставен начин. Ако сè е во ред (безбедно) тогаш не ни чувствувате како тој работи. Но, кога работите излегуваат од границите, системот на приврзување се активира и се појавуваат одредени однесувања кои ве доближуваат до личноста која би можела добро да се грижи за вас. Близината создава или обновува сигурна основа, чувство за безбедност и удобност од кои одредена личност откако ќе ја пронајде може да започне со истражување на светот околу неа.Модели на приврзување кај возраснитеИнтервјуто за приврзување кај возрасните (Adult Attachment Interview) е основна метода за проценување на ставот кон вашиот партнер. Според оваа метода описот на личноста се проценува преку 2 примарни димензии. Првата димензија е доследноста, а втората димензија е способноста да се рефлектираат мотивите од другите. Доследноста поконкретно се однесува на одговори кои овозможуваат чисти и убедливи описи, кои се веродостојни, концизни, целосни и се презентирани на чист и уреден начин.rnrnВо понатамошното испитување се следат уште 4 димензии како:rn

      rn011

    • Квалитет – да се биде искрен и да се има докази кои ќе го поддржуваат кажаното.
    • rn011

    • Квантитет – да се биде концизен и целосен. Дадените информации мора да ги содржат потребните податоци, но ништо повеќе од тоа.
    • rn011

    • Важност – способноста за издвојување само релевантни информации.
    • rn011

    • Начин на однесување – јасни/нејасни изразувања, јасно искажување на мислите/двосмисленост…
    • rn

    rnПо интервјуто можете да дознаете во која од наредниве категории припаѓате:rn
    rn

    Безбедност

    rnЛичностите со безбеден модел на приврзување имаат способност многу реално да ги гледаат другите околу нив. Тие ги ценат врските, емоциите и обврските. За време на интервјуто целосно соработуваат со психологот и нивните одговори се доследни, концизни и јасни. Приврзувањето за нив има големо значење, но истовремено тие и објективно ги гледаат сите настани/врски.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Негирање

    rnЛичностите со негирачки модели на приврзување имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека не треба да им поставуваат многу барања на оние кои се грижат за нив кога станува збор за нивните потреби. Овие личности ги отфрлаат сите искуства и врски во кои има можност за поврзување. Нивните одговори често се премногу општи и неспецифични. Тие исто така немаат конкретни примери и докази кои можат да го поддржат нивниот став и честопати при навраќање на одредено прашање знаат да дадат контрадикторни одговори.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Преокупираност

    rnЛичностите со преокупирачки модел на приврзување исто така имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека единствениот начин да го привлечат вниманието на оној кој се грижи за нив е да имаат премногу барања и очекувања. Нивните одговори многу често не се доследни. Овие личности се преокупирани со претходните врски и искуства. Тие во разговорот изгледаат многу нервозно, пасивно или исплашено. Употребуваат долги реченици, граматички испреплетени и со многу простор (испуштајќи гласови како „ааа“ или „хмм“) помеѓу мислите. Исто така внесуваат многу непотребни детали при обидот да го поддржат својот став.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Неорганизираност

    rnЛичностите со неорганизиран модел на приврзување немаат јасно видливи причини за нивното нереално гледање на останатите. Како деца најверојатно имале родители кои биле на некој начин застрашувачки. Во голем број од случаите тие доживеале хронично запоставување во врска која би можело да ја објасни значајната дисфункција во нивната способност да формираат емоционално значајна врска. Голем број од оние кои имаат некаков вид психолошко нарушување го поседуваат овој модел на приврзување. Исто така нивните врски се бурни, непостојани и понекогаш насилни.Модели на приврзување кај возраснитеШто мислите, кој е вашиот модел на приврзување? Препознавте ли некои од дадените однесувања?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?

    Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?

    Гугл спаѓа во групата на најпосакувани работодавци, но судејќи според прашањата кои им се поставуваат на кандидатите за вработување, тешко се стига до некое од работните места.rnrnДали сте доволно паметни да работите за „Гугл“?rnrnВилијам Паундстон, авторот на книгата „Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?“ објаснува какви сè задачи и загатки им се поставуваат на потенцијалните вработени во компанијата. Тој во својата книга открива како да бидете брилијантни на вашето интервју, доколку конкурирате во оваа компанија, а открива и некои од можните прашања кои можат да ви бидат поставени.rnrnКако што тој тврди во книгата, одделот за човечки ресурси од одговорите може да утврди дали некој од кандидатите со задоволство би ја работел понудената работа. На листата се наоѓаат и овие неколку прашања:rn

      rn011

    • Зашто капаците од шахтите се округли?
    • rn011

    • Колку тоалетна хартија е потребна за да се прекрие цел Тексас?
    • rn011

    • Ве смалуваат во големина на една монета и ве фрлаат во миксер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите?
    • rn011

    • Колку би наплатиле за бришењето на сите прозорци во Сиетл?
    • rn011

    • Колку правосмукалки се произведуваат годишно?
    • rn011

    • Смислете план за евакуација на Сан Франциско.
    • rn011

    • Кој број е следен во низата: 10, 9, 60, 90, 70, 66 ?
    • rn011

    • Во што побрзо се плива, во вода или во сируп?
    • rn011

    • Колку пати во денот стрелките на часовникот се преклопуваат?
    • rn011

    • Маж го туркал својот автомобил до некој хотел и го изгубил целото свое богатство? Што се случило?
    • rn

    rnСега за сега од компанијата немаат коментар за оваа книга и задачите кои се опишани во неа, но една поранешна вработена во Гугл тврди дека никогаш на интервју не се давале такви загатки за решавање.