КАФЕ ПАУЗА

Tag: интернет

  • Облеката на кралицата која наликува на „зелен екран“ поттикна урнебесна реакција на Интернет

    Облеката на кралицата која наликува на „зелен екран“ поттикна урнебесна реакција на Интернет

    Кога одбирате облека за вашиот роденден, многу е важно да се запрашате неколку клучни прашања. Дали облеката е во тон? Дали ќе соодветствува со облеката на другите гости? Дали ќе ве прави да изгледате одлично? И најважното од сè, дали овој избор ќе направи да изгледате како зелениот екран кој се користи за пост-продукција на филмските специјални ефекти.rnrn(1) Облеката на кралицата која наликува на „зелен екран“ поттикна урнебесна реакција на ИнтернетrnrnЗа жал кралицата Елизабета заборавила да си го постави последното прашање кога ја одбирала облеката за нејзината роденденска прослава оваа сабота. И како и секогаш претходно, Интернетот не ја пропуштил можноста да ја потсети на оваа епска грешка бидејќи за што друго е корисен ако не и за да потсмев на 90-годишни старици на нивниот роденден?rnrn

  • 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

    10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

    Малку се оние коишто не се зависни од својот телефон. Повеќето, а особено младите, се опседнати со интернет и социјалните мрежи. Секако дека користењето на телефонот носи многу придобивки, но треба да се користи разумно. Воопшто не е пријатна ситуацијата кога ги игнорирате вашите пријатели, само затоа што сте нашле нешто интересно на социјалните мрежи. Постојат уште неколку знаци коишто покажуваат дека е време малку да одморите од користење на вашиот телефон. Во продолжение ви ги издвојуваме најважните.rnrnrn

    1. Не ја довршувате започнатата реченица затоа што ве прекинува телефонот

    rnПозната ли ви е ситуацијата кога ќе започнете нешто да раскажувате, а притоа не успевате да се докажете затоа што имате нова Фејсбук нотификација?rnrn(1) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    2. Постојано го проверувате телефонот

    rnМожеби некој ве барал, а не сте виделе. Не смеете да пропуштите повик или порака!rnrn(2) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    3. Почетната страница на социјалните мрежи ви е преполна со веќе видена содржина

    rnВеќе знаете кој каде е и кој што споделил. Позната ви е секоја објава на вашите пријатели. Па и како не би ви била, кога последен пат кога сте биле онлајн било пред некоја минута.rnrn(3) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    4. Го користите телефонот и во несоодветно време

    rnТолку често го користите својот телефон што дури повеќе не внимавате дали ситуацијата го дозволува тоа. Без разлика што се случува околу вас, вие морате да бидете онлајн.rnrn(4) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    5. Ги прашувате вашите пријатели бесмислени прашања, само за да можат да ви одговараат

    rnКому му е важно што разговорот нема цел, важно е вие да пишувате!rnrn(5) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    6. Зјапате во екранот без да бидете свесни за тоа

    rnИ така повеќе пати се фаќате себеси како одново и одново непрекинато гледате во екранот на вашиот телефон.rnrn(6) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    7. Поминувате 10 минути барајќи ги совршените емотикони

    rnИмате толку многу емотикони на располагање што навистина ви претставува потешкотија да ја најдете совршената за одредена ситуација.rnrn(7) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    8. Се јавувате некому на телефон туку-така

    rnСамо да ги чуете вашите најдобри пријатели или пак, да им го кажете најновиот трач…rnrn(8) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    9. Гледате повеќе во својот телефон отколку во својот партнер

    rnИако сте вљубени до уши, сепак, вашиот телефон добива повеќе погледи и внимание отколку вашиот партнер!rnrn(9) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    10. Телефонот ви паѓа на лицето

    rnНевозможно е да се разделите од омилениот предмет дури и кога сте во кревет.rnrn(10) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

  • Како Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?

    Како Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?

    Над популарното тврдење дека светот на блогерите е циркус кој става вредност на лицето, постои доменот на дигиталниот простор кој служи и како политички простор. Не само за конкретните блогови кои ги анализираат разните политички теми, туку и оние за личен стил и изразување. Како тие навлегуваат во политичките територии?rnrnКако Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?rnrnДобро е познато дека социјалните мрежи се еден вид новинарство, особено поради начинот на кој се испраќа и прима пораката. Нивниот подем не произведува само генерации на блогери, социјални гуруа или фотографи. Она што најчесто се пропушта е потенцијалот на колективната интелигенција.rnrnЛуѓето не се само консументи, туку и произведувачи на содржини. Културата на производството и социјалните мрежи полека стануваат синоними. Како што медиумите стануваат сѐ повеќе и повеќе влијателни, корисниците на Интернетот, блогерите, влогерите и слично, се пионерската колективна интелигенција која активно го реформира популарниот јавен дискурс каде малцинствата конечно можат слободно да го кажат своето мислење.rnrnЦенетите вредности на објективноста секогаш ќе имаат место во формалното новинарство, но нарацијата во прво лице може експлицитно да го обележи обидот сите маргинализирани гласови да дејствуваат на правото на раскажување на својата приказна. Да ги реконструираат своите идентитети и да се уверат дека нивниот глас е навистина слушнат.rnrnЗатоа, секој креатор на содржини на Интернетот треба да се стреми да споделува повеќе од фотографиите од новите парчиња облека. Да се стреми да ни го покаже неговиот или нејзиниот стил, идеологија, мотивација и нарација уникатна само нив. Сечија приказна е важна.

  • 10 корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат

    10 корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат

    Во денешно време ретко кој не користи Фејсбук, бидејќи тој може да биде навистина корисен кога треба да се информирате за настаните што се случуваат, да се договорите со поголема група луѓе, да ги добиете потребните материјали за испит и да останете во контакт со луѓето од странство кои сте ги запознале на одмор. Сепак, малкумина знаат да го искористат целиот потенцијал на оваа социјална мрежа. Да погледнеме кои се помалку познатите опции со кои Марк Закерберг ја збогатил оваа негова револуционерна креација.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    1. Прочитајте ги скриените пораки

    rnМалкумина знаат дека Фејсбук всушност има две сандачиња за пораки. Второто е наменето за пораките што стигнуваат од луѓе со кои не сте пријатели на Фејсбук. Ако до сега не сте знаеле за второто сандаче, најверојатно имате пропуштено некои покани за различни настани од поранешни колеги и соученици (или сте се поштедиле себеси од читање пораки од непознати луѓе кои го прогонуваат вашиот профил). За да ги прочитате овие пораки, кликнете на икончето „Пораки“ потоа на „Барања за пораки“ и стиснете на „See filtered requests“.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    2. Проверете од каде сте се логирале

    rnАко се прашувате дали сте се одјавиле од компјутерот на вашиот пријател, можете да кликнете на малата стрелка за надолу во горниот десен агол од екранот. Одберете „Поставки“, стиснете „Безбедност“ од листата на лево и потоа одберете „Каде си најавен“. Сега можете да ги следите сите пребарувачи од каде што сте најавени. За да се одјавите од кој било од нив, одберете „Запри активност“.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    3. Бидете сигурни дека никој нема да може да ви „влезе“ на Фејсбук

    rnАко се сомневате во безбедносниот систем на Фејсбук, можеби опцијата „Одобрување најава“ во делот „Безбедност“ ќе може да ви помогне. Благодарение на овој систем секогаш кога некој ќе проба да се најави на вашиот профил од непознат прелистувач, ќе мора да внесе соодветна лозинка. Ако сакате да се најавите од прелистувач што не сте го користеле претходно, ќе мора да ја употребите лозинката што ќе ви биде пратена преку порака на вашиот телефон.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    4. Одберете пријател кој ќе биде одговорен за вашиот профил

    rnСте се запрашале ли што ќе се случи со вашиот профил на социјалната мрежа ако не сте во можност да го користите повеќе? Фејсбук нуди можност да одберете човек кој ќе биде одговорен за вашиот профил доколку ви се случи несреќа. Кликнете на „Доверливи контакти“ од делот „Безбедност“. Доверливите контакти нема да можат да објавуваат или да „четуваат“ во ваше име. Нивната работа е да ја менуваат вашата слика на профилот и да одговараат на понудите за пријателство.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    5. Како да се справите со носталгичноста?

    rnПонекогаш сите сакаме да се потсетиме на некои стари смешни фотографии или стари разговори со нашите најдобри пријатели. За да го направите ова не треба да „скролате“ надолу, доволно е да кликнете на икончето со три точки на профилот на вашиот пријател и да стиснете „Види пријателство“.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    6. Сакате да се потсетите на вашите поранешни активност на Фејсбук

    rnФејсбук има опција која овозможува да видите сè што некогаш ви се допаднало, како и сè што сте коментирале или објавувале. Само одете на вашиот профил и кликнете „Дневник на активности“.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    7. Сакате да бидете на местото на вашите пријатели

    rnАко сакате да дознаете како луѓето кои не ви се пријатели го гледаат вашиот профил, кликнете на икончето со три точки на вашиот профил и одберете „Приказ за…“ Ова ќе ви даде одлична можност да го видите вашиот профил низ очите на луѓето кои не ги познавате.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    8. Сакате да комуницирате очи во очи

    rnБлагодарение на Фејсбук не мора да комуницирате само преку текстуални пораки, туку можете да го сторите тоа и преку видео. За да воспоставите видео повик, кликнете на икончето за камера во горниот син дел од прозорчето на разговорот. Сега можете и да се гледате со вашите пријатели.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    9. Одберете ги објавите што сакате да ги видите

    rnДвете опции „Види прво“ и „Блиски пријатели“ ви помагаат да бидете сигурни дека нема да ги пропуштите информациите кои ве интересираат. Опцијата „Види прво“ ги сместува објавите од луѓето што сте ги одбрале на прво место на вашата почетна страна, но не ви праќа известувања за новите објави како опцијата „Блиски пријатели“.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користитеrn

    10. Зачувајте објава за подоцна

    rnФејсбук е преполн со информации и слободно може да го замени кој било весник. За оние што немаат многу слободно време, Фејсбук нуди опција која овозможува да зачувате интересни објави и линкови за да можете подоцна да ги прочитате. Кликнете на стрелката за надолу во горниот десен агол на објавата што ви се допаѓа и одберете „Зачувај ја објавата“ или „Зачувај ја врската“. Зачуваниот материјал може да го видите во делот „Зачувано“ кој се наоѓа на левата страна од вашата почетна страна.rnrn10 неверојатно корисни на Фејсбук кои веројатно не ги користите

  • Запознајте ги домашните миленичиња со најдобар стил ширум светот

    Запознајте ги домашните миленичиња со најдобар стил ширум светот

    Покрај тоа што уживаат во секој миг поминат со нив, повеќето од љубителите на домашни миленичиња обожаваат и кога ги облекуваат, дотеруваат и фотографираат своите крзнени пријателчиња и потоа ги споделуваат нивните фотографии на Интернет со остатокот од светот. Тука можат да се забележат миленичиња со перики, со плетенки, или пак со цветни круни – сè што би посакале да видите кај овие неодоливи суштества. Погледнете ја галеријата со овие слатки животни коишто ќе го пленат вашето срце и ќе ви го разубават денот.rnrnrnrn

  • Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

    Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

    Живееме во свет во кој често ја гледаме уредената верзија на животот на луѓето. Пријателите на Фејсбук изгледаат како постојано да ги споделуваат своите прекрасни моменти. Видеата на Јутјуб ги покажуваат неверојатните таленти на обичните луѓе и вистинските херои. Сето тоа е за восхит и за жал, исто така е и многу деморализирачко. Понекогаш ни е тешко да не се обидеме да се споредиме со другите, мислејќи дека нивните животи се совршени. А, што се однесува до нас, се чувствуваме како да не можеме да се вклопиме и тука лежи проблемот. Но, постојат начини да се надмине оваа состојба и да се ослободиме од ваквите чувства, кои вреди да се научат.rnrnСоцијалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?rnrnКлучот во избегнувањето на несигурностите е целосно да се разбере што значи тоа да се биде човек. Сите луѓе имаат и силни и слаби страни, и тоа треба да се цени. Сите се соочуваме со чувства на тага, повреда, осаменост и ред други ранливи емоции. Само затоа што луѓето не сакаат да ги истакнуваат своите патења не значи и дека тие не постојат. Набљудувајте ги тие околу вас и ќе сфатите дека не сте сами, и во оној момент кога ќе го сфатите тоа, сочувствувајте со себе.rnrnДа се има сочувство за самите себеси не значи да си дадете дозвола да се откажете и да се прифатите себеси како инфериорни. Напротив, тоа значи препознавање на фактот дека вашите маки се разбирливо тешки и вие ги делите со другите. Значи да останете поврзани со една поголема смисла за самите себеси – онаа која ги вклучува вашите силни страни, таленти, интереси и вредности. Кога ќе обрнете внимание на оние делови од вашиот карактер кои ќе ги цените, природно ќе се чувствувате подобро во својата кожа. Ќе сакате да го правите она што е најдобро за вас.rnrnПолека ќе се ослободувате од сите несигурности и ќе почнете да се огледувате на луѓето кои успешно ги пребродиле сите свои патења и недостатоци. Ќе ги користите како примери кои ќе ви помогнат да ги прифатите своите слабости и маани, паралелно фокусирајќи се на тоа што го правите добро. Помислете на Стивен Хокинг, Хелен Келер, Реј Чарлс или на кои било други личности од вашиот секојдневен живот кои ги сметате за херои. Кога ќе ја пренасочите енергијата и вашето внимание кон попозитивната перспектива ќе забележите многу моменти во кои сте ослободени од самокритичноста.rnrnНо, ќе забележите и дека негативните мисли и чувства можат многу лесно да се вратат. Кога тоа ќе се случи, на вас е да одлучите како ќе реагирате. Можете да изберете да останете заглавени во старите навики или можете да изберете одново да се групирате и фокусирате. Наместо да пронаоѓате доказ за вашата инфериорност, изберете да се потсетите дека не сте сами – вие се соочувате со животот исто како што и секој друг човек на светот. Гледањето и разбирањето на вистината може да ви помогне да бидете посилни личности и да го кренете својот морал.

  • Еве зошто понекогаш вреди да ја исклучите конекцијата и да го оставите вашиот телефон

    Еве зошто понекогаш вреди да ја исклучите конекцијата и да го оставите вашиот телефон

    „Луѓето се осамени бидејќи градат ѕидови, наместо мостови.“ – Џозеф Њутон

    rnМожете ли да си го замислите животот без мобилен телефон? Тешко е, се разбира. Повеќето од нас секојдневно го користиме мобилниот телефон, без разлика дали е за да зборуваме со нашите блиски, да добиеме некаква информација или пак за забава. Но, сте се запрашале ли што би се случило доколку не сте во можност во секое време да се потпрете на вашиот мобилен телефон? Тогаш сигурно би погледнале и би забележале различни убави нешта околу себе.rnrnИронично е тоа што уредот што е измислен да ја олесни комуникацијата, може да биде пречка за комуницирање во реалниот живот. Постојат четири поголеми причини поради коишто треба да ја намалите употребата на вашиот мобилен телефон, а нив проследете ги во продолжение.rnrnrn

    1. Не мора да бидете достапни во секоја секунда од денот

    rnСигурно повеќето од вас сте во таква позиција којашто ви овозможува одвреме-навреме да ги исклучите своите телефони. Освен ако не сте на работна позиција којашто од вас бара да бидете постојано достапни на телефон, можете да се оддалечите од електронските уреди. Не грижете се доколку веднаш не оговорите на некоја порака или на некој имејл, затоа што не е крај на светот. Всушност, ова може да ви помогне подобро да размислите како ќе одговорите, а исто така ви дава мир. Научете повеќе да го цените сегашниот момент.rn

    2. Телефоните се направени за комуницирање со луѓето, а не за нивно избегнување

    rnДали ви се случило некогаш да зборувате со некој, а сè што слушате како одговор е слабо мрморење додека тој/таа зјапа во својот телефон или лаптоп? Или пак можеби некогаш сте биле премногу зафатени со случувањата на вашиот телефон, па не сте забележале некој околу вас? Ако ви се случило ова, тогаш запрашајте се: Зошто се чувствувате поудобно во некои моменти додека го користите вашиот телефон? Дали тоа се случува поради тоа што имате итна потреба или пак едноставно сакате да го избегнете чувството на неудобност? Не сите неудобности се лоши. Неудобноста може да биде знак на раст. Всушност, тоа е еден вид можност да се поврзете со другите и притоа да научите нешто ново.rn

    3. Телефонот не го заменува дружењето

    rnИако телефонот ја олеснува комуникацијата на која било далечина, сепак, во никој случај тоа не е подобро отколку средбата лице в лице. Дури и кога би поминувале месеци или години комуницирајќи со некој преку телефон, не би можеле да се чувствувате исто сè додека вистински не се запознаете со личноста. Имајте на ум дека треба да ја одржувате рамнотежата помеѓу времето поминато на телефон и времето поминато во средби со луѓето.rn

    4. Телефоните се корисни, но користете ги мудро

    rnБез сомнение, телефоните се одлични за многу нешта. Тие може да ви помогнат при закажувањето состаноци, со нив имате брз и лесен пристап до информации и многу други корисни работи коишто може да ви го олеснат секојдневието. Но, не заборавајте да поставите граница помеѓу електронските уреди и вашите животи. Со сигурност можеме да кажеме дека телефоните не можат да ја заменат радоста и смеата споделени со вашите блиски, ниту пак може да ви откријат нови места и да ве запознаат со нови луѓе. Затоа, користете ги правилно доколку сакате да бидете исполнети и среќни.

  • 8-те најпопуларни настани кои ги одбележаа социјалните мрежи во 2015

    8-те најпопуларни настани кои ги одбележаа социјалните мрежи во 2015

    Социјалните мрежи и оваа година повторно се соочуваа со најразлични предизвици. Многу статуси, твитови, лајкови кои на момент го спојуваа целиот свет. Погледнете ја листата на овогодишните настани кои на момент го срушија и запреа интернетот.rnrn1. На модната ревија на Валентино, на 10-ти март, гостите пријатно се изненадија кога познатите актери Бен Стилер и Овен Вилсон ја прошетаа пистата за да го најават вториот дел од филмот „Зулендер“. Ова беше модниот настан за кој најмногу се коментираше оваа година.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn2. Кога Кејтлин Џенер за првпат се појави како жена на насловната страница на списанието „Vanity Fair“. Потоа ги објави фотографиите на Твитер и Инстаграм, каде што повторно ги собори рекордите.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn3. Дали се сеќавате кога целиот свет на социјалните мрежи дебатираше дали фустанот е сино-црн или златно-бел?rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn4. Кога претседателот на САД, Барак Обама, објави на Твитер дека геј браковите се дозволени во целата земја. Хаштагот #LoveWins се прошири низ сите социјални мрежи во светот.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn5. За време на настапот на Кети Пери на полувремето на „Super Bowl“ биле разменети неверојатни 28 милиони твитови.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn6. „Дружината“ на Тејлор Свифт, која се состои од најпопуларните модели и познати личности, беше дел од нејзината турнеја насловена „1989“, а на Инстаграм и Твитер публиката постојано ги фотографираше и коментираше нивните настапи.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn7. Еден трагичен настан ја одбележа 2015-та година, а тоа беше терористичкиот напад во Париз. Хаштаговите #PrayForParis и #JeSuisParis го обиколија целиот свет.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn8. Трејлерот за новото продолжение на популарниот серијал „Војна на ѕвездите“ е прегледан 70 милиони пати. Популарноста на социјалните мрежи сѐ уште расте, со оглед на тоа што филмот штотуку почна да се прикажува.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015

  • Само за најхрабрите: Неколку идеи за интернет нокти

    Само за најхрабрите: Неколку идеи за интернет нокти

    Со оглед на тоа дека се приближува новогодишната вечер и празниците, слободно можеме да си дозволиме одредена доза храброст кога е во прашање нашиот изглед, од кој, секако, битен дел се и ноктите. Денес ви откривме неколку занимливи идеи за уметност на вашите нокти. Дали ви изгледа примамливо спојот на ноктите и интернетот? За ова сигурно не сте слушнале!rnrn00-samo-za-najhrabrite-nekolku-idei-za-internet-nokti-kafepauza.mk copyrnrnПогледнете како да го направите тоа.rn

    1. Снепчет линии

    rnЦртањето линии на толку мала површина не е воопшто едноставно. Неопходна ви е тенка четка за цртање на ноктите. За да спречите да ви се помешаат боите, почнете од краевите и продолжете кон внатрешноста.rnrnrn

    2. Смајли на вашите нокти

    rnЗа да постигнете совршен круг за вашето смајли, користите коса четка за француски маникир. За лицето на смајли фаците користете тенка четка или пак шаблони за нокти.rnrnrn

    3. Ефект на светлоста од екранот

    rnДоколку сакате вашите нокти да сјаат како светлото од екранот, користете фолија за нокти. Исечете ја на парчиња и залепете ја на вашите нокти.rnrnrn

    4. Батерија од телефон

    rnКога ќе го правите ова, осигурете се дека добро сте ги подготвиле плочите на ноктите за да изгледаат беспрекорно. Така вашите нокти ќе изгледаат уредно, со оглед на тоа дека ваквиот маникир ги открива сите маани на нив. Доколку не можете добро да ги средите, препорачливо е пред цртањето да ги налакирате со лак во месо боја, којшто ќе има за цел да ги маскира сите маани на вашите нокти.rnrnrn

    5. Хаштаг „hot“

    rnФотографиите на Инстаграм не се целосни без добар хаштаг. За овој изглед на ноктите препорачуваме златен металик лак, а за натписот можете да користите црн. За пишувањето послужете се со тенка четка за нокти.rnrnrn

    6. WiFi француски маникир

    rnФранцускиот маникир е класичен изглед на ноктите којшто сигурно сте го носеле многу пати. Меѓутоа, доколку сакате да го задржите класичниот изглед, а сепак да пробате нешто ново – ова е вистинската работа за вас!rnrn

  • ХОЛОГРАМСКИ ДОПИР: Ќе можеме да го прегрнеме својот пријател во текот на видео разговор!

    ХОЛОГРАМСКИ ДОПИР: Ќе можеме да го прегрнеме својот пријател во текот на видео разговор!

    Јапонски научници успеаја да создадат нов вид технологија со холограми кои можат да се допрат. Ваквите трoдимензионални проекции се наречени „Fairy Lights“.rnrnrnrnСистемот, при големи брзини, произведува ласерски зраци со висока резолуција кои траат многу кратко (милионити дел од милијардитиот дел од секундата). Кога раката ја попречува проекцијата, таа може да манипулира со холограмските пиксели.rnrnНаучниците веруваат дека оваа технологија може да има широка примена во медицината, архитектурата и секако во забавната индустрија.rn

    „Сегашната состојба на светлечката технологија не им овозможува на луѓето да имаат некаква интеракција со неа, ниту пак да ја почувствуваат светлоста како материјал, но ‘опипливиот холограм’ има потенцијал да го промени тоа. Вие не можете да ги почувствувате видеата и фотографиите кои ги емитува класичниот проектор. Но кога би проектирале 3Д слика која може да се допре, чувството би било неверојатно“ – изјави д-р Јоичи Очиаи од универзитетот Сукуба.

    rnТој верува дека ваквата технологија, во редовна употреба, би го променила човечкото секојдневие.rnrnНаучниот портал „Pulse Headlines“, проценува дека со развојот на оваа технологија, ќе може да се креира холограмска тастатура, со чија помош би можеле да ја допреме другата личност која е на голема оддалеченост од нас, во текот на еден видео разговор.rnrn