КАФЕ ПАУЗА

Tag: интересен

  • Како да бидете поинтересна личност?

    Како да бидете поинтересна личност?

    Да бидете интересни значи да имате способност позитивно да влијаете на некоја личност со помош на вашето однесување и размислување. Оваа карактеристика е многу значајна бидејќи најчесто е основата за добра љубовна врска или пријателство. Добрата вест е дека да се биде интересен не е нешто што може да се пренесе преку гените или со наследство. Тоа е повеќе како способност или вештина, нешто што може да биде научено и извежбано. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да станете многу поинтересна личност.rnrn

    Подобрете го вашето знаење

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnЕдна од карактеристиките на забавната индивидуа е тоа што секогаш придонесува во разговорите. Тој/таа секогаш знае нешто интересно за споделување, како на пример, некои факти кои ве ќе изненадат или замислат. Оваа личност никогаш не стои на страна, слушајќи и кимајќи со главата на она што другите го говорат. Токму поради тоа, почнете да учите. Гледајте документарни филмови, читајте книги, сурфајте по интернет или едноставно учете од вашето лично искуство. На овој начин, вашите идеи и мисли побрзо ќе се создаваат и ќе имате многу нешта кои би можеле да ги споделите со вашите пријатели. Вие не само што ќе бидете позабавна личност, туку ќе бидете и во тек со она што се случува во светот.rnrn

    Бидете социјално активни

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnКриењето во една просторија и поминувањето многу време со самите себе на никој начин не е интересно. Секој од нас одвреме-навреме има потреба да се изолира од светот, но не дозволувајте тоа да ви премине во навика. Забавните личности се секогаш опколени со други луѓе. Тие лесно започнуваат разговори, дури и со непознати луѓе. Токму поради тоа, почнете повеќе да излегувате од дома. Одете со пријателите во парк, на кафе или пак на забави. На овој начин ќе го проширите вашиот круг на познанства и истовремено ќе се забавувате многу повеќе од порано.rnrn

    Смејте се

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnИнтересните личности едноставно знаат како да го привлечат вниманието на луѓето околу нив. И ништо на светов не може да привлече онолку внимание како среќата и смеењето. Овие две нешта функционираат како магнети за внимание. Доколку сакате да бидете во добро расположение, обидете се да бидете околу среќни луѓе. Избегнувајте ги оние кои секогаш ви префрлаат негативно расположение и тага.rnrn

    Бидете онаа личност која навистина сте

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnИнтересните индивидуи никогаш не се обидуваат да бидат нешто што не се. Тие не ги имитираат останатите и не се преправаат дека се интересни. И најважно од сè, знаат дека доколку лажат, вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина и со тоа брзо ќе ја изгубат својата репутација. За да го одржувате вашето вистинско ЈАС, најдобро е да бидете во контакт со луѓе кои ве прифаќаат онакви какви што навистина сте. Обидувајте се да го намалите контактот со луѓето кои се обидуваат на каков било начин да ве сменат.rnrn

    Правете го она за што сте страсни

    rnКако да бидете поинтересна личностrnrnОна што ги одделува забавните луѓе од оние кои не се е нивната страст. Тие се опседнати со тоа што го прават и секогаш го прават она што ги прави среќни. Токму поради тоа планирајте ги вашите активности така што подоцна ќе ве одведат до она за што сте страсни. Исто така многу е добро доколку никогаш не престанете да го практикувате вашето омилено хоби.rnrn

  • 10 знаци дека тој е вистинскиот човек за вас

    10 знаци дека тој е вистинскиот човек за вас

    Во ниеден момент од животот не е едноставно да знаете дали е некој, оној вистинскиот за вас, дали е тоа вашиот партнер за целиот живот. Но, некои постапки и внатрешното чувство кое тој маж ви го побудува, можат многу да откријат за вас како пар и за вашата иднина. Дали вашата врска е минлива или е тоа долготрајна љубов, е вечно прашање за кое жените размислуваат повеќе од мажите. Во проценката за тоа дали врската долготрајно ќе опстане, треба да се земат предвид најважните фактори што ја прават жената среќна.rnrnДесет знаци дека тој е вистинскиот човек за васrnrnДоколку во вашата врска има девет од овие десет фактори, потрудете се таа да успее, бидејќи има голема веројатност дека партнерот ќе ве направи среќни за целиот живот. Но, ако има помалку од тоа, тогаш треба уште еднаш да размислите за вашите критериуми или да се запрашате дали можеби сте во врска само за да не бидете сами.rn

    1. Ве засмејува

    rnСмислата за хумор е многу важна особина и една од најпривлечните кои човекот ги има. Заедничките шеги, насмевките и задевањето ги зближуваат луѓето дури и во лоши ситуации. Ако смеењето и забавата се застапени во вашата врска, и покрај тоа што сте долго време заедно, негувајте го тоа за да можете така да се смеете и кога ќе остарите.rn

    2. Сакате исти работи во животот

    rnВие сакате дете, а и тој го сака тоа, вие сакате да патувате, а тој веќе планира каде ќе одите. Според љубовните терапевти, тоа е рецепт за траен однос. Тие истакнуваат дека и покрај тоа што компромисот е задолжителен во врската, луѓето кои премногу се прилагодуваат, го губат чувството за сопствениот идентитет и на крајот тоа му го замеруваат на партнерот.rn

    3. Најубави сте му без шминка

    rnИ покрај тоа што можеби ви се чини дека ве лаже кога ви зборува дека сте му најубави без шминка, многу е веројатно да ја зборува вистината. Мажите кои постојано ги поттикнуваат партнерките да се дотеруваат, да се облекуваат заводливо и многу да се шминкаат, најчесто се заљубени само во нивниот надворешен изглед. Ако за некого сте убави, убави сте му секогаш, па дури и кога сте облечени во обична тренерка.rn

    4. Свесни сте за неговите мани, но сеедно го сакате

    rnМногу е погрешно да мислите дека најдобриот партнер за вас не треба да има мани или барем не оние кои вас ве нервираат. Со тоа што ги забележуваме, покажуваме дека сме рационални во љубовта, а со тоа што сме свесни за нив, му покажуваме на партнерот дека го сакаме штом сме сè уште со него и покрај неговата несовршеност.rn

    5. Ве поддржува во сè што сакате да направите

    rnАко сакате да напредувате на работното место, да скокате со падобран или само да излезете со пријателките на пијалак, вистинскиот партнер ќе ве поддржи во вашите желби. Кога две личности вистински се сакаат, тоа подразбира меѓусебна толеранција и почитување, но ако на оној другиот желбите му се сосема неразбирливи, треба да се запрашате дали имате слични ставови и желби во животот.rn

    6. Му верувате потполно

    rnАко некогаш во минатото сте биле повредени и ви се чинело дека никогаш повторно нема да му верувате некому, вистинскиот партнер ќе ве разувери. Тој ќе се потруди да ја заслужи вашата доверба, на тој начин што ќе го исполни тоа што ќе го каже и ќе ве почитува. И покрај тоа што неограничената доверба е ретка, скоро невозможна, доволно е да му верувате 99% за да имате складен однос.rn

    7. Сите ваши блиски го сакаат

    rnНе би требало да биде важно што мислат другите луѓе за вашата врска, но она што го покажуваат вашите најблиски, па дури и домашните миленичиња кон вашиот партнер, е добар показател за тоа како се однесува кон вас. Имено, блиските луѓе ви посакуваат сè најдобро и се грижат за вашата среќа, а нивната проценка на вашиот партнер, се темели на неговото однесување кон вас.rn

    8. Се будите среќни секој ден

    rnНаутро кога се будите и ќе го видите него, добивате желба да го прегрнете и бакнете. Ако е така, тоа е доказ за вашите вистински чувства и задоволство. Доколку не можете да замислите никој друг покрај себе и сте толку среќни и задоволни, многу е можно токму тој да е најдобрата опција за партнер за вас.rn

    9. Не ги забележувате згодните мажи

    rnНе го забележувате згодниот келнер во кафулето, колегата од работа повеќе не ви се чини толку привлечен, а вашето момче ви изгледа како најсекси маж на светот. Сето ова е знак дека сте заљубени. И покрај тоа што заљубеноста ќе помине и ќе прерасне во љубов, темелот на вистинската врска сепак мора да биде голема почетна заљубеност.rn

    10. Тоа едноставно го знаете

    rnВо животот не постои момент во кој дефинирате дека некој е вистинскиот маж за вас. Тоа сознание доаѓа постепено, преку секој убав гест и збор, но најмногу преку моментите кога партнерот одново ве освојува. Тогаш едноставно знаете дека тој е вистинскиот за вас и ја планирате својата иднина со него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.