Фотографот Мурад Осман и неговата девојка Натали Закарова обожаваат да патуваат, но со тек на време таа сè повеќе и повеќе почнувала да се чувствува запоставена, додека тој бил преокупиран со фотографирање на пејзажите за време на нивните авантури. Токму затоа, таа се нашла во ситуација буквално да го влече за рака, со цел да го натера да продолжат да се движат.rnrnМосква, РусијаrnrnТокму оваа перспектива, во која Мурад бил воден за рака од страна на Натали, претставувала инспирација за ултрапопуларната серија фотографии, која ги освои социјалните мрежи, во февруари оваа година. Веќе имавме можност да видиме дел од местата кои ги посетила оваа интересна двојка, но бидејќи тие постојано се во движење, нивната колекција не престанува да се надополнува. Погледнете дел и од новите фотографии…rnrnЕзе, ФранцијаrnrnХотел Практик – Мадрид, ШпанијаrnrnБарселона, ШпанијаrnrnЦентрал Парк – ЊујоркrnrnУлицата Брик Лејн – Лондон, АнглијаrnrnСината Џамија – Истанбул, ТурцијаrnrnМонакоrnrnУметноста на Леандро Ерлик – Источен ЛондонrnrnКаса Мила – Барселона, ШпанијаrnrnРезиденцијата Версаче – Мајами, ФлоридаrnrnСулејмановата Џамија – Истанбул, ТурцијаrnrnИстанбул, ТурцијаrnrnБенидорм, ШпанијаrnrnТврдината Алхамбра – Гранада, Шпанијаrnrn
Инстаграмерот Шота Цкамото од Токио, гордо го фотографира неговото милениче еж кое се вика Дарси, но е најдобро познато како @darcytheflyinghedgehog. Дарси без конкуренција е едно од најслатките мали ежиња во светот. Боцкавото мало девојче е неодоливо додека удобно си седи во своите чевли, се одмара на шпил карти, љубопитно истражува четка за коса или пак, спие на дланката од својот сопственик.rnrnrnrnСлаткото мало милениче е 3-годишен еж кој го добил своето име според поранешниот басист од бендот „The Smashing Pumpkins“ и според Цкамото, во некои карактеристики таа навистина наликува на девојката која била инспирација за нејзиното име. Без разлика на нејзините боцки и фактот дека ежињата најчесто се заштитнички и претпазливи, Дарси е топла, таа е мало животинче кое едноставно не можете да не го засакате.rnrnrnrnСекоја фотографија на Инстаграм-профилот на Цкамото е послатка од претходната и токму поради тоа нема да можете да престанете да го гледате ова мало домашно животно и неговите неодоливи авантури. Гледајќи ги фотографиите дури ќе се запрашате што размислува Дарси додека го истражува големиот свет околу неа. Нејзиниот сопственик вели дека никогаш не пишува наслови под фотографиите бидејќи сака да им овозможи на гледачите со помош на нивната фантазија да создадат своја приказна за Дарси. Тој исто така изјавил дека можеби ќе издаде детска книга и ние целосно ја поддржуваме неговата идеја.rnrnrnrn
Ahlam Alnajdi е 30-годишна саудиска фотографка и артистка, која стана интернет-сензација со нејзините неверојатни скулптури од глина, кои личат на неодоливо вкусна храна. Таа создава минијатурни, реалистични скулптури од глина, ги фотографира, а потоа ги објавува на нејзиниот профил на Инстаграм.rnrnrnrnПред неколку недели, оваа жена се здобила со бројка од 1 милион следачи, со што станала најследената Саудијка, надминувајќи го и познатиот пејач и судија на арапскиот „Идол“ Ahlam Al Shamsi. Таа и ги обележува големите бројки на следачи со глинена храна, на овој начин.rnrnrnrnСаудијците се всушност многу тренди луѓе кога станува збор за социјалните мрежи. Едно истражување открило дека овие луѓе се најактивните корисници на Твитер во целиот свет. Како што истакнува Би-Би-СИ, социјалните мрежи можат да бидат излез за жените од Саудиска Арабија кои живеат ограничен јавен живот, како резултат на забраната за возење за жени и други рестриктивни закони.rnrnrnrnИнаку Ahlam објавува фотографии од многу брендови, но таа вели дека тие не ја плаќаат, а тоа го прави бидејќи тие се сеприсутни и популарни. Сепак, таа профитира од нејзината работа. Има напишано две книги за нејзината уметност, од кои вели дека создава пристоен приход. Таа сега има и свој мал тим од артисти кои ги има најмено за да ѝ помагаат да ги создаде и фотографира скулптурите.rnrnrn
„Мислам дека мојата работа докажува дека со малку амбиција и упорност, возможно е една млада жена од Саудиска Арабија да изгради успешен бизнис. Луѓето се гордеат со мене и мислам дека сум добар пример за една Арапка која успева да допре до луѓето ширум светот, преку нејзината работа.“ – објаснува таа
Иако Инстаграм постои од октомври, 2010 година, сепак дури оваа година го постигна својот врв на популарноста. За време на последните 12 месеци на оваа интересна социјална мрежа може да се видат голем број интересни, неочекувани и впечатливи фотографии. rnrnrnrnКако и на другите социјални мрежи, така и на оваа голем хит се профилите на кои се објавуваат слики од миленици. Ова се неколку фотографии на кои се прикажани најинтересните фотографии со животни на Инстаграм за оваа година.rnrnrnrn
Голем број историски моменти се напишани или илустрирани во книги и раскажувани од страна на професори и учители. Но, што би било ако отсекогаш постоеше интернетот? Замислете сите историски ликови да имале свој профил на Инстаграм и постојано да ги објавувале работите кои моментално ги прават.rnrnИнспирирани од оваа идеја дуото, Gusto NYC и Gavin Alaoen го направиле веб-сајтот „Histagrams“ на кој прикажуваат историски моменти преку објави на Инстаграм. Нивната креативност ќе ве изнасмее. Погледнете дел од нивните најдобри дела досега.rnrnЧарлс ДарвинrnrnМерлин МонроrnrnСтив ЏобсrnrnБил КлинтонrnrnМахатма ГандиrnrnНил АрмстронгrnrnЛеонардо да ВинчиrnrnИсак ЊутнrnrnАлберт АјнштајнrnrnМохамед Алиrnrn
Запознајте ја Туна, мешавина од чивава и јазовичар, која стопи милиони срца ширум светот. Првите сопственици на Туна ја напуштиле и ја оставиле на улица во Сан Диего, Калифорнија.Ова необично кученце има нарушена функција на горната вилица, која најверојатно е резултат на несоодветно парење. Но, Туна, која некогаш беше нарекувана најгрдото куче на светот, докажа дека карактерот е поважен од изгледот и денес има над 500.000 следачи на Инстаграм.Туна била пронајдена на улицата од страна на спасителка на животни, кој првин ја нарекла Ворми. Потоа таа го огласила кученцето за некој да го усвои во својот дом. Тогаш Ворми се запознала со Кортни Дашер, која веднаш се заљубила во кучето од расата чивини, го удомила и му пружила соодветна нега.Таа му го сменила името во господин Бурнс, бидејќи премногу личи на карактерот од ТВ серијата Симпсонови. Потоа го нарекла Туни, бидејќи ја потсетувал на карактерите од цртаните „Looney Tunes“, а на крај решила да му го даде името Туна. Откако објавила неколку фотографии од милото куче на Инстаграм, Туна започна полека да го освојува светот со своето уникатно лице. Денес, тоа има „своја“ линија на човечки и кучешки маици, шолји, навлаки за мобилни телефони, таблети и други производи.Ја забележувате сличноста? :)rnrnrnrn
Профилот FashionKids на Инстаграм е креиран во Бразил од страна на Вилсон Доригон во февруари, 2012 година за да ги инспирира родителите и сите оние кои сакаат мода за деца.rnrnrnrnНа почетокот тука се објавувале едноставни дневни комбинации кои ги носеле локалните деца, но многу набрзо потоа профилот брзо се раширил и сега го следат повеќе од 1,2 милиони луѓе.rnrnrnrnЦелта на овој профил е да се креира „инспиративно место“ на кое ќе се зборува за детската мода во позитивен контекст и тоа да се претставува како нормално нешто. Креаторот вели дека нема да дозволува каков било говор на омраза во коментарите на сликите.rnrnrnrnДневно пристигнуваат огромен број фотографии од модерно облечени дечиња, кои родителите сакаат да бидат објавени на овој профил. Засега не постои ригорозна селекција кои фотографии ќе бидат објавени. Погледнете еден мал дел од досега објавените фотографии, а за повеќе посетете го профилот на Инстаграм.rnrn rn
Фотографирањето е апсолутен тренд, зараза која многумина од нас лесно ја префатија. Најголеми виновници за ова се онлајн-сервисите за споделување фотографии, посебно Инстаграм, кој со неколку ефекти прави сите да се чувствуваме како професионални фотографи.rnrnАко сите срциња на Инстаграм и лајкови на Фејсбук не ви се доволни, еве како да ја пренесете креативноста во вашиот дом, па да почнете да добивате комплименти и во живо од вашите гости. Ви нудиме 10 различни идеи да ги овековечите омилените креативни фотографии на стариот добар начин – во печатена форма.rnrn1.Направете огромна мрежа од фотографии на вашиот ѕид. Залепете ги фотографиите со леплива лента. Изберете фотографии со слични сцени за да ѝ дадете на мрежата единствен изглед. Предност – оваа мрежа лесно се отстранува, па кога ќе ви здосади или тргнете ја сосема или заменете ја со нови креативни фотографии.rnrnrnrn2.Фотографиите во тегла или друг стаклен сад свртен наопаку се навистина убава замена за класичните рамки. Изгледаат како стаклени топки наполнети со лични спомени.rnrnrnrn3.Земете класична рамка за големи слики и на белата површина налепете ги фотографиите од одредено патување, од вашата свадба или од роденденот на вашето синче. Употребувајте селотејп кој лепи од двете страни. Испечатете ги фотографиите во форма на квадрат и внимавајте на подредувањето и растојанието меѓу нив.rnrnrnrn4. Со помош на штипки и декоративни шајчиња или боцки прицврстете ги омилените фотографии на ѕидот или на плоча.rnrnrnrn5.Земете фотографии во различни големини и наредете ги околу рамката на вратата. Можете да додадете леплива хартија на рабовите на сликите за да направите уште поинтересен ефект.rnrnrnrn6. Употребете обични пластични садови во квадратна форма за да чувате куп испечатени фотографии во домот. Ова е секогаш интересна занимација за гостите.rnrnrnrn7.Мрежа од фотографии на ѕидот можете да направите и во колоритна варијанта. Го разигрува просторот во дневната соба, ги интригира гостите и предизвикува пријатни насмевки и воздишки секогаш кога ќе поминете крај неа. За полесно да ги подредите правилно користете леплива хартија (креп трака) и потоа редете по неа.rnrnrnrnДруга варијанта на мрежа од фотографии е да купите мали магнетчиња и да ги залепите за задниот дел од испечатените фотографии. Потоа можете да го украсите фрижидерот.rnrnrnrn8.Поставете неколку фотографии (9 или 16) на парче платно со рамка, збиени една до друга.rnrnrnrn9.Испечатете ги омилените фотографии и направете си личен албум во убава тетратка или тефтер.rnrnrnrn10. Направете дневник за фаќање креативни белешки во моментите на инспирација. Креативноста се развива со креативност. Изберете ги омилените фотографии и облепете ги кориците на тетратката. Потоа носете го вашиот дневник секаде со вас и запишувајте ги внатре сите креативни идеи кои ќе ви дојдат на памет.rnrnrnrn rnrn
Хотелот „1888“ во Сиднеј, популарно познат како „Инстаграм хотел“ им нуди на своите гости бесплатно сместување, доколку на познатата друштвена мрежа имаат повеќе од 10.000 следачи.Единствен услов кој се бара од нив е да се сликаат во една огромна рамка за слика, поставена во лобито на хотелот и истата да ја споделат на нивниот профил на Инстаграм, со што хотелот добива огромен бесплатен публицитет. Најдобрите слики се закачуваат и во некоја од 90-те соби кои ги има хотелот.rnrnКако што може да се очекува, во целиот хотел има бесплатна безжична интернет конекција, а во секоја соба има и по еден ајпад.Пол Фишер, извршниот директор на компанијата „8Hotels“ во чија сопственост е и овој хотел, вели дека тие нудат сѐ што му е потребно на еден модерен патник.rnrn
„Луѓето не сакаат само да посетуваат убави места, туку сакаат да се фотографираат и да ги споделуваат фотографиите на социјалните мрежи.“
rnОва не е првиот хотел инспириран од социјалните мрежи. Во август во Мајорка се отвори хотел во кој гостите можат да нарачуваат собна услуга, да споделуваат фотографии, да муабетат со останатите гости и да се одјават од хотелот преку Твитер.rnrn
Францускиот булдог Тротер е голема сензација на социјалната мрежа Инстаграм. Ова црно кученце на секоја своја слика добива по барем 10.000 лајкови, а на својот профил има повеќе од 166.000 следачи. Неговата сопственичка Соња Ју секогаш знае да направи интересна фотка, облекувајќи го на креативен начин. Погледнете дел од фотографиите со Тротер.rnrn