Да бидеме искрени, сите ние вложуваме многу време и труд одржувајќи го својот Инстаграм профил. Прво треба да се направат 100 фотки од една иста работа, потоа да се изберат неколку и да се стават во колаж, па на крајот доаѓаат филтрите после кои следува слатката објава и нервозното исчекување на срценцата од оние кои нè следат. Тешка работа… Но, доколку не сте знаеле, постојат одреден тип фотографии на Инстаграм кои уживаат најголема популарност, па според тоа тие имаат и најголема веројатност да добијат најмногу лајкови.rnrn
rnrnОва е мал водич за почетници кои најмногу од сè сакаат што повеќе лајкови на нивните фотографии.rn
1. Излегувања
rnСликите на кои девојките се во секси издание, излезени некаде, со омилената пијачка за сликање (чаша шампањ) или пак со шише Вотка на масата, со малку пијан поглед и провокативно или погрешно напишан статус се апсолутен хит. Екстра поени ќе заработите доколку тагнете погрешни луѓе на фотката, на пример вашиот бивш. :)rn
2. Храна
rnШто помрсна и понездрава, тоа подобро. Најдобро ќе пројдат фотките на кои се наоѓате во друштво на енормно големи порции храна како пица, хамбургер, скара и сл. Никој не мора да знае ако потоа тоа не го изедете.rn
3. Патувања
rnСо оглед на фактот дека поголемиот дел од времето го поминуваме во канцеларија, на кревет, во образовни институции и слично, сосема е природно што сакаме да се пофалиме на социјалните мрежи кога конечно ќе го напуштиме нашето прибежиште. Посебно е значајно ако се работи за друга земја, но и викенд патување во околината со добар филтер и мотивациски цитат ќе заврши сосема добра работа.rn
4. Миленичиња
rnКој може да одолее на слатките домашни миленичиња и нивните моменти на слава кои се овековечени на Инстаграм? Ако можете, мора да имате ладно срце.rn
5. Семејни фотографии
rnСелфи со детето, мајката, бабата, таткото, дедото, внуците… сè тоа спаѓа во една од најпопуларните категории на слики кои со сигурност ќе добијат повеќе лајкови од сите други фотки што ги имате објавено заедно.rn
6. Теретана
rnДобро ќе помине слика од справа или тегови, но најдобро поминуваат оние кои се направени пред огледало и покажуваат нова фигура после упорното вежбање. Ако пак во прашање е јога, нема грешка.rn
7. Романтика
rnОва се фотки на кои двајцата партнери се толку слатки што никој не може да им одолее и мора да стисне лајк. Па на крајот на краиштата, сите сакаме љубов.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rnrnСледниот пат кога ќе се разбудите и ќе посегнете по телефонот, побарајте ги овие Инстаграм диви кои ќе ве натераат поинаку да го гледате плакарот.rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rnrnНик е канадски модел и глумец. Роден е 18 ноември 1986 година, во Онтарио. Вежба карате од својата четврта година, и покрај сите медали кои ги има освоено, три години држел своја школа за карате. Од школата се откажал за да ја оствари својата втора голема љубов – глумата. Почнува да се занимава како модел од својата 20-та година. Во својата кариера како модел работел за многу познати брендови, а има шетано по пистите во Милано, Њујорк и Мајами.rnrn





rnrnРоден е на 19 мај 1985 во Шпанија. Има работено за кампањи на Версаче, Кавали, Етро, Дизел, Лагерфилд и Армани. Магазинот Форбс во јуни, 2009 год. го стави на листата на десет најуспешни машки модели. Исто така, тој се занимава со глума. За себе вели дека е непоправлив романтичар.rnrn





rnrnТој ја започна својата кариера кога неговата баба го запознала со еден семеен пријател кој воедно имал модна агенција. Од тогаш до денес Марлон работел со голем број познати дизајнери, а колку е успешен зборува фактот дека тој се наоѓа на седмото место на листата на 50 машки модели кои ја објавува Models.com. Интересно за ова момче е неговото потекло. Тој е роден во Бразил, но има португалска, индијанска и јапонска крв. Интересно е и тоа што го има истетовирано името на својата мајка, Клаудија, на бутот, близу препоните.rnrn





rnrnЏон и Зак се откриени во 2011 година и од тогаш до денес имаат направено кариера за која многумина може само да сонуваат. Уште на самиот почеток се очекувало такво нешто. Овие близнаци за прв пат се прошетаа на пистата на миланската недела на модата и тоа за Келвин Клајн. Во нивната биографија се наоѓаат и соработката со Том Форд и Ралф Лорен, како и со многу други познати дизајнери и модни фотографи. Во родената Австралија студирале агроекономија.rnrn





rnrnДваесет и четири годишниот австралиски модел има соработувано со многу светски дизајнери. Дебитирал на њујоршката модна недела. Негов заштитен знак е неговата брада за која вели дека ја обожава и дека нема да ја избричи иако неколку негови клиенти го побарале тоа од него.rnrn






rnrn

















rnrn rn
rnrn rnrn


rnrnХели и Брајтон учествувале во играта на Инстаграм наречена твининг во рамките на која две личности носат ист стил во текот на еден ден. Погледнете ја галеријата и обидете се да одлучите каде изгледаат најслатко.rnrn




























