Нашите најпрви пријателства нѐ учат на доверба, љубов и како да се справиме со туѓите емоции. Исто така, најдобрите пријатели се првите луѓе со кои ги започнуваме нашите авантури и животни патешествија. Еверли Сутас и Ева Фоули се најдобри пријателки кои се заљубени во модата, а имаат само по две години.rnrn
rnrnДевојчињата, кои се разлика само една недела, нивното време го поминуваат така што позираат како модели за нивниот Инстаграм профил ForEverAndForAva. Идејата започнала кога нивните мајки Савана Сутас и Мишел Фаули (исто така најдобри пријателки) ја отвориле продавницата за детска облека, а Сутас, која е професионален фотограф ги сликала девојчињата и нивните фотографии ги објавила на Инстаграм.rnrn
rnrnНабрзо, нивната љубов кон модата и уживањето во друштвото на другата го привлекло вниманието на луѓето. Денес, овие девојчиња зад себе имаат искуство како модели за преку 400 брендови и имаат 147 илјади следачи на Инстаграм. Не само што водат супер бизнис уште од најмали нозе, туку тие изгледаат како навистина да сакаат да се облекуваат и да бидат една со друга. Во денови кога не се заедно, тие се договараат на ФејсТајм за да одберат иста облека.rnrn
Tag: Инстаграм
-

Ева и Еверли: Овие 2-годишни најдобри пријателки имаат повеќе Инстаграм следачи од вас!
-

Запознајте ја Фазберта, морското прасе со најслатките мали костими
Доколку се удобни, костимите за мачки и кучиња можат да бидат брилијанти, но досега не сме имале можност да видиме олку мали изданија, како за ова малечко морско прасе. Станува збор за Фaзберта, неодоливото животинче кое е вистинска дива и која обожава да облекува разновидни костими и да споделува фотографии од нив на Инстаграм. Фазберта, заедно со својата поголема сестра се толку слатки што нема да можете да го тргнете вашиот поглед од нив. Погледнете…rnrn
rnrn -

19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм
Доколку не ги познавате овие имиња, тогаш дефинитивно веднаш треба да ги запознаете. Овие силни жени кои објавуваат фотографии и видеа од нив како креваат тешки тегови и покажувајќи ги своите неверојатно исцртани тела можат скоро инстантно да ве натераат да започнете со вежбање. Па, ајде, ако ви е потребна мала фитнес мотивација, веднаш заследете ги…rn
1. Крисмас Абот
rn
rnrnДоколку имате сомнежи за способностите на жените кои креваат тегови, тогаш оваа девојка која има 245.000 следачи ќе ви покаже дека ништо не е невозможно.rn2. Аманда Биск
rn
rnrnОваа Австралиска божица има повеќе од 339.000 следачи. Таа е психолог за вежбање, јога инструктор и тренер која нема да ве остави рамнодушни.rn3. Каиса и Џенифер
rn
rnrnКаиса е магистер во науката за вежбањето, додека пак Џенифер е специјалист нутриционист. Заедно тие имаат 354.000 следачи.rn4. Кејси Хо
rn
rnrnКејси е верификуван фитнес инструктор и тренер за пилатес која има над 963.000 следачи на Инстаграм. Нејзините фотографии ќе ве научат на интересни пилатес движења, надополнети со здрава исхрана.rn5. Џенет Џенкинс
rn
rnrnЗа нејзините 286.000 следачи, таа објавува мотивациски цитати и голем број фотографии од фитнес центри и други интересни локации за вежбање.rn6. Емили Скај
rn
rnrnПрекрасниот модел од Австралија која неодамна станала личен тренер има над 919.000 следачи и одлични фотографии од цврсти стомачни мускули.rn7. Лита Луис
rn
rnrnЛита објавува видеа за вежбање со мотивациски цитати кои позитивно влијаат врз своите 332.000 следачи ширум светот.rn8. Џенел Салазар
rn
rnrnТаа не само што е инструктор за фитнес, туку истовремено е и мајка која на своите 363.000 следачи им дава одлични и креативни идеи за вежбање.rn9. Лајзабет Лопез
rn
rnrnОколу 1,8 милиони следачи се опседнати со неверојатниот изглед на оваа инструкторка од Канада. Нејзиното тело има форма на песочен часовник и тоа една од најголемите причини зошто привлекува внимание насекаде ширум светот.rn10. Мејси Арија
rn
rnrnПозната по своите мотивациски цитати и позитивно однесување, овој верификуван тренер има неверојатни 1,7 милиони следачи кои секојдневно бараат совети од неа.rnrn -

Колажите никогаш не изгледале поубаво: Апликации кои ќе ги разубават вашите Инстаграм фотки
Скоро сите Инстаграм корисници делат една заедничка дилема – од една страна, секој ден имаат толку многу фотографии за споделување, а од друга страна не сакаат претерано да им досаѓаат на своите следачи. Решението е во фотоколажите.rnrn
rnrnИако постојат многу апликации за оваа намена, некои од нив не се бесплатни, а други пак не нудат доволно напредни можности. Но, овие 5 интересни апликации се бесплатни и нудат одлични опции. Се надеваме дека меѓу нив ќе ја пронајдете вашата омилена.rn1. Moldiv
rnОваа апликација (ајфон, андроид) ви овозможува на своите слики да им додадете текст, разни позадини и „балончиња за дијалози и размислувања“, а посебно е погодна за оние кои сакаат јасни и прецизни колажи наменети за објавување на веб-сајтови и блогови.rn
2. Photo Grid
rnЗа корисниците кои сакаат повеќе можности од едноставното креирање колажи, оваа апликација (ајфон, андроид) нуди алатки како што се видео слајдови, колажи-потсетници и сл.rn
3. Fuzel
rnОваа апликација (ајфон, андроид) ги нуди едноставните, но и некои посебни алатки за уредување на фотографиите. Тука можете да додавате налепници и специјални ефекти на вашите слики.rn
4. Pic Stitch
rnВо оваа апликација (ајфон, андроид) имате можност да одберете повеќе од 245 различни изгледи за вашите фотографии. Тука од едно место имате пристап до разни специјални ефекти, рамки и мемиња за содржината која сакате да ја споделите со вашите следачи.
-

Запознајте го Воли, зајачето со најголемите крилести уши
Воли е англиски ангорски зајак кој живее во Масачусетс, САД, и има уши кои личат на ангелски крилја. Тој и неговата сопственичка Моли, неодамна станаа популарни на Инстаграм заради мудрите коментари, слатките сцени и лудите фризури.rnrn
rnrnВоли е роден во јули, 2014, што значи дека во хороскоп е Рак. Ангорските зајаци се раса кои се познати по нивното долго, меко крзно и се еден од најстарите видови домашни зајаци. Тие прво се појавиле во Анкара, Турција, а станале популарни во 18 век во Франција. Нивното крзно е помеко од кашмир.rnrn
rnrnАнглиските ангорки се популарни како миленичиња бидејќи често изгледаат како кутриња или како плишени мечиња.rnrn
rnrn -

17 познати жени кои совршено возвратија на злобните коментари за нивната тежина
Луѓето секогаш имаат замерки, или си премногу дебела, премногу слаба, дури и „премногу“ бремена. Злобните усти секогаш имаат што да кажат, а ни малку не се поштедени познатите жени во шоу-бизнисот. Ова се дел од жените кои совршено возвратија на злобните коментари и со достоинство си го одбранија своето тело. Погледнете ги најдобрите контраудари на злобните коментари поврзани со тежината.rnrn
rn1. Кели Кларксон
rnОткако ТВ ѕвездата Кејти Хопкинс злобно искоментира дека талентираната Кели Кларксон изгледа како да ги изела своите придружни вокали, ѕвездата која скоро стана мајка, возврати: „Баш ми е гајле, јас сум неверојатна!“ Подоцна, во шоуто на Елен додаде: „Едноставно ти си тоа што си. Не значи дека ќе си таков/ва засекогаш. Некогаш сум во форма и боксувам кик бокс како луда, а некогаш не сум и порадо би се напила чаша вино.“rnrn
rn2. Габори Сидиби
rnПо церемонијата Златен глобус 2014, Габори Сидиби доби многу негативни коментари за својата тежина, на што за возврат твитна: „За сите оние кои пишуваат злобни коментари за моите слики од Златниот глобус, бидете сигурни дека синоќа се отепав од плачење поради тоа на мојот приватен авион додека се упатував кон мојата работа од соништата #ЈК (само се шегувам).“rnrn
rn3. Пинк
rnПо добротворниот настан за борба против ракот, организиран од нејзина пријателка, Пинк доби многу негативни коментари за зголемувањето на нејзината тежина. Гневна што луѓето не се фокусираат на целта на настанот туку поважна им е нејзината тежина, таа возврати: „Ќе признаам дека фустанот не изгледаше толку добро како кога се сликав во мојата кујна, но исто ќе признаам дека се чувствував убава. Совршено сум добра, среќна, и моето здраво, стрвно и лудачки силно тело е на сосема заслужен одмор.“ Пинк во истата прилика додаде и дека кога нејзината ќеркичка ја допирала за стомакот прашувајќи ја зошто е толку мека, таа ѝ одговорила дека е така бидејќи е среќна.rnrn
rn4. Алиса Милано
rnОткако комичарот Џеј Мор искоментира дека актерката по породувањето решила да не се грижи за своето тело, таа совршено возврати, „убивајќи“ го со љубезност: „Многу ми е жал што почувствува потреба јавно да ме исмееш поради мојата тежина. Секое добро. Поздрав и многу љубов за твојата убава жена.“rnrn
rn5. Аријана Гранде
rnОткако Аријана постави видео од нејзиниот настап со Ники Минаж, не стивнаа коментарите за тоа дека таа има мал задник. На тоа Аријана без ронка срам одговори дека го тресе својот убав и сладок, мал но згоден задник заедно со големиот задник на Ники, и дека и двете имаат навистина совршени задници. „Што велите да имаме поголема почит кон изгледот на луѓето и да ги охрабриме да се чувствуваат секси без разлика како изгледаат?!“rnrn
rn6. Лејди Гага
rnОткако Гага објави фотографија на која јасно се гледа промената во нејзината телесна тежина, доби еден куп коментари за вишокот килограми. На тоа возврати: „Па што ако имам голем стомак понекогаш, некогаш немам. На светот има луѓе кои гладуваат.“ Исто така додаде: „Порадо би била дебела отколку плитка.“rnrn
rn7. Деми Ловато
rnПо нејзиното враќање од рехабилитација поради проблемите со депресија и булимија, Деми Ловато повторно зачекори на црвениот тепих. На негативните коментари возврати: „Погодете што, јас сум здрава и среќна, а ако коментирате лошо за мене, очигледно вие не сте.“rnrn
rn8. Џесика Симпсон
rnЗа време на нејзината бременост во 2012, Џесика доби навистина многу злобни коментари за нејзината тежина. Еве што имаше таа да каже по породувањето: „Мислам дека секоја жена која е бремена и носи во себе нов живот има право да јаде сè што сака, сè додека е среќна. Немаше да им дозволам на медиумите да ми го одземат еден од најсреќните мигови во мојот живот.“rnrn
rn9. Клои Кардашијан
rnКлои целиот свој живот добива негативни коментари за нејзиното тело (иако, реално, изгледа прекрасно), дури и од нејзината мајка. Откако и нејзиниот брат доби лавина коментари за наглото зголемување на неговата тежина, таа жестоко возврати: „Колку сте плитки. Толку е одвратно да се критикува некој само поради надворешниот изглед. Пораснете!“rnrn
rn10. Адел
rnУспешната и неверојатно талентирана британска пејачка целиот свој живот се соочува со вакви критики. Во една пригода има изјавено дека никогаш не сакала да изгледа како моделите од насловните страни. „Го претставувам мнозинството жени и навистина сум горда на тоа.“rnrn
rn11. Џенифер Лоренс
rnМладата актерка отворено раскажала дека на почетокот на нејзината кариера ја советувале дека ќе биде поуспешна доколку ја намали тежината. „Ми покажаа мои слики на кои бев речиси гола и ми рекоа дека ќе ми послужат како мотивација.“ Иако одбила да го промени своето тело за да стекне повеќе слава, сега Џенифер Лоренс важи за една од најуспешните актерки, а наградите со кои се кити нејзиното име на толку млада возраст прават да биде импресивна. „Ако некој макар се осмели да ми дошепне диета, едноставно му велам да од*бе.“rnrn
rn12. Ејми Шумер
rnОткако беше наречена „буцкаста“, актерката и комичарка Ејми Шумер возврати со постирање на топлес фотографија со опис во кој вели дека нема план да го промени својот конфекциски број и дека луѓето едноставно може или да ја прифатат како таква или не. „Од сè срце ви велам, ич не ми е гајле.“rnrn
rn13. Мелиса Мекартни
rnНа оваа откачена актерка ѝ беа упатени злобни коментари дека е со големина на трактор и дека ја посветила својата кратка кариера само за да се дебели и да биде непривлечна, совршено успевајќи и во двете работи, на што таа возврати: „Едноставно помислив дека тој човек мора да е во навистина лоша ситуација во својот живот, додека јас сум во навистина среќна.“ Исто, Мелиса додаде колку нејзиниот сопруг и нејзините деца ја прават среќна секој божји ден.rnrn
rn14. Ким Золчак
rnОткако Ким објави фотографија на Инстаграм на која доби коментари дека има „дебелки“ нозе, ријалити ѕвездата изјави: „Да, имам големи, или како што некои од моите следачи ги нарекоа дебелки нозе, секогаш сум имала и сакам што се такви.“ За време на своето патување, таа продолжи да постира фотографии во бикини.rnrn
rn15. Тајра Бенкс
rnОткако беше исмеана поради големиот задник на една фотографија, убавата Тајра во своето шоу го облече истиот костим, порачувајќи им на „хејтерите“ дека може слободно да го бакнат нејзиниот дебел задник.rnrn
rn16. Сара Миликан
rnПо нејзиното појавување на наградите БАФТА, Сара беше критикувана за нејзината тежина и за тоа како ѝ стои фустанот. Таа возврати со есеј на Радио Тајмс, а една од најсилните пораки беше: „Се извинувам. Мислев дека ме поканија на таков настан бидејќи сум добра во она што го правам.“rnrn
rn17. Кристен Бел
rnДодека беше бремена, американската актерка и пејачка Кристен Бел беше критикувана за нејзината фигура. Таа едноставно одговори: „Не сум жена чие достоинство се мери со големината на нејзиниот фустан.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да го спречите негативното влијание на социјалните мрежи на вашата самодоверба?
Дали некогаш сте се нашле во ситуација детално да прегледувате нечиј Фејсбук или Инстаграм профил, потајно споредувајќи го вашиот живот со нивниот? Дали сте им се восхитувале на одредени личности поради луксузот во кој уживаат, нивниот изглед или партнер? На социјалните мрежи многу лесно нечиј живот изгледа совршено. Луѓето многу внимателно ги одбираат сликите кои ги постигаат, а секако, тука се и фото ефектите за сè да изгледа уште посовршено.rnrnСоцијалните мрежи се одличен и лесен начин на комуникација, ширење мисли и идеи и добивање инспирација, но уште полесно можат да станат главен виновник за недостигот на самодоверба. Еве како да го спречите тоа.rnrn
rnСфатете дека има навистина одлични работи и во вашиот живот
rnДодека сте зафатени размислувајќи за нечиј успех или убав момент во неговиот/нејзиниот живот, дали имате време да размислите за сите убави нешта кои се случуваат во вашиот? Тоа што не го сликате секој можен момент кој ви го одзема здивот не значи дека сите тие моменти не се случиле.rn
Заменете ја самокритиката со инспирација
rnДа речеме дека на почетна ви излегува девојка на која навистина ѝ се восхитувате поради беспрекорниот стил и вкус за облека. Наместо да се критикувате што немате таков стил, поттикнете се себеси повеќе да работите на вашиот имиџ. Што е тоа по што сте препознатливи и уникатни? Заборавете на зависта и самокритикувањето, префрлете се на креативноста и инспирацијата, анализирајте го стилот на луѓето на кои им се восхитувате и тргнете од тука. Секако, во целиот овој процес не заборавајте да бидете свои.rn
Направете список со нешта за кои сте благодарни
rnОва ќе ви звучи како клише, но само кога ќе се сетите на сите оние нешта во кои уживате и сите оние работи за кои сте благодарни ќе научите повеќе да го цените сопствениот живот.rn
Сфатете дека никому не му е сè така розово
rnНа пример, на Инстаграм следите личност на која просто ѝ завидувате поради работата која ја има. Сè изгледа така добро, нејзината работа е динамична и авантуристичка. Мора да сфатите дека не постои совршенство и никој не живее идеален живот. Всушност, многумина и не би знаеле да одговорат точно на прашањето што е идеален и совршен живот за нив. Истата таа личност можеби се соочува со многу тешки моменти кои нема да ги најдете на Инстаграм.rnrn
rnОсврнете се кон оние моменти кои ве прават среќни
rnМожеби кога после долгиот ден ќе го видите вашиот партнер или кога се собирате на семеен ручек во недела. Не заборавајте на нештата кои ве прават среќни и секогаш наоѓајте време за нив. Кога ќе сфатите дека пребарувате по нечиј профил, излезете на прошетка со вашето куче, нешто што секогаш ве расположува.rn
Веднаш донесете одлука за промена
rnАко нешто не ви се допаѓа во вашиот животен стил, ако за нешто упорно се критикувате себеси, сменете го уште веднаш! Станете, направете план, тргнете кон промената која ја сакате. Пасивното седење и споредувањето на вашиот живот со нечиј друг нема да ви донесе промена.rn
Бидете креативни
rnСетете се колку сте талентирани и решителни кога сакате нешто. Вашето слободно време искористете го за некој интересен „направи сам“ проект, згответе нешто вкусно или направете креативна и уникатна декорација. Истото сликајте го и гордо погледнете го вашето дело.rn
Секогаш испраќајте позитивни мисли
rnНаместо да му завидувате некому или да го критикувате, не дозволувајте од вашата уста да излезе лош збор. Испратете позитивни вибрации бидејќи го добивате токму она што го давате. Ако навистина има добро тело, притиснете „лајк“. На крајот на краиштата, секој има нешто за што се гордее, само не заборавајте дека истото важи и за вас. Не влегувајте во виртуелни натпревари за тоа кој има подобар живот, едноставно живејте го вашиот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Седа коса – нов тренд кај жените
Иако индустријата за производство бои за коса сè уште цвета, се чини дека постојат жени кои денеска се млади, но кога ќе бидат повозрасни нема да сакаат да ги скријат седите влакна кога ќе се појават и ќе ја најават староста. Овие слики преземени од Инстаграм се доказ за тоа. Можеби овие девојки сакаат да изгледаат поразлично од другите, можеби сакаат да им дадат поддршка на своите мајки и баби во борбата со изгледот кој го носат годините, но како и да е тие успеваат да привлечат внимание и очигледно веќе да воспостават и нов моден тренд.rnrn
rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Жешки момци со кучиња – Инстаграм ги спојува вашите две омилени нешта во една фотографија
Доколку сте љубители на згодни момци и слатки кучиња, тогаш сигурно ќе ви се допадне идејата за фотографии каде што тие се едни до други. Профилот на Инстаграм кој е наречен „Жешки момци со кучиња“ бил отворен пред само неколку денови, а веќе има над 10 илјади следачи. Погледнете дел од фотографиите на овој профил кој едноставно ќе ве стопат…rnrn
rnrnrn -

Згодни момци кои читаат – Најголемиот хит на Инстаграм во моментов
HotDudesReading е еден од најголемите хитови на Инстаграм во овој момент. Тоа е профил на којшто може да се најдат фотографии од згодни момци кои читаат книги додека се возат во њујоршкото метро. Сопственикот на профилот, кој не е познат, бара од останатите корисници на социјалната мрежа да праќаат нивни фотографии на истата тема, а единствениот критериум е книгите да бидат во печатено издание. Читање книги во електронска форма не се прифаќа. Фотографиите кои следуваат се сите 13 кои засега се поставени на профилот.rnrn
rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn


































































































