КАФЕ ПАУЗА

Tag: инспиративни

  • Секој ден по нешто позитивно

    Секој ден по нешто позитивно

    Клубот на уметнички директори од Денвер секоја година организира приредба на која им оддава признание на неколку талентирани студенти кои веќе се истакнале со својата работа на полето на уметноста. Годинава една од наградите ја доби 26-годишниот студент Бади Браво за својата серија од 5 инспиративни постери наречена „Секој ден по нешто позитивно“.rnrnrn

    Секој ден по нешто позитивно
    Пеј додека се тушираш
    rnrnЗа своите постери тој вели дека се обидел да им пренесе оптимизам на гледачите.rn
    rn

    „Тоа се огласи. Јас не продавам некаков производ или настан. Наместо тоа, јас ‘продавам’ став или изглед. Мислам дека едноставниот оптимизам може да стигне далеку. Едноставно, ако можеш да направиш нешто позитивно за да се почувствуваш подобро, тогаш можеш тоа да го пренесеш и на другите. Сакам луѓето да се чувствуваат убаво,“ вели Бади Браво.

    rn

    Секој ден по нешто позитивно
    Помирисај ги розите
    rnrn
    Секој ден по нешто позитивно
    Донирај тоа што имаш
    rnrn
    Секој ден по нешто позитивно
    Танцувај сам
    rnrn
    Секој ден по нешто позитивно
    Фати капка дожд

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 40 инспиративни говори во 2 минути

    40 инспиративни говори во 2 минути

    Метју Белинки успеал во две минути да спакува делови од 40 филмски реплики и да ги претвори во еден моќен говор, кој најпрво можете да го погледнете во видеото подолу, а потоа и да го прочитате…rn40 инспиративни говори во 2 минутиУживајте и инспирирајте се! :)rn

    rn„Ќе се борите ли? Не! Ќе бегаме! Ќе живееме! Срамота. Ова може да биде најдобрата ноќ во нашите животи, но вие ќе дозволите да стане најлоша. И гарантирам нема да помине недела во вашите животи, а да не зажалите што сте заминале, дозволувајќи им да го земат најдоброто од вас. Јас нема да заминам дома. Дојдовме предалеку! Ќе останам овде и ќе се борам за изгубената кауза. Може да дојде денот кога храброста на луѓето ќе потфрли… но тоа не е овој ден. Линијата мора да биде повлечена тука. До овде, не подалеку!rnrnНе велам дека ќе биде лесно. Ќе работите напорно, како што никогаш досега не сте работеле. Но, тоа е во ред, само држете се заедно. Кога човек ќе ги стисне забите и ќе покаже вистинска одлучност, неуспехот не е опција. Така се добива битката! Верувајте ми кога ви велам ние можеме да ја скршиме армијата, и да освоиме победа за Гипер. Но, ќе ви го кажам она што секој воин го знае уште од дамнина: морате да се налутите. Како лудо злобно куче. Ако сакате да бидете слободни луѓе, тогаш морате да се борите за да го исполните тоа ветување!rnrnДозволете постепено, по еден инч да им ја скратиме храброста, и ќе знаат што сè можеме да направиме! Никој да не заборави каква закана претставуваме. Ние сме лавови! Ти си како голема мечка, човеку! Ова е вашето време! Зграпчете го денот, никогаш не предавајте се, победа или смрт… тоа е начинот! Кој е со мене? Ракоплескајте! Ракоплескајте! Немојте да дозволите Тинк да умре! Ракоплескајте! Добро! Ајде сега да летаме! И господата во Англија ќе знаат моето име е Господ, кога им велам на непријателите дека можат да ни ги одземат животите, но никогаш нема да ни го одземат Денот на независноста!“rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

    Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

    Со текот на времето, жените успеаа да се изборат за своето место во области кои се сметаа за типично машки, како што се политиката, авијацијата, биологијата, па дури и комедијата. Следниве актерки, водачи и пронаоѓачи се само дел од жените кои нè инспирираа низ историјата.rn

    Коко Шанел

    rnФранцуската дизајнерка Коко Шанел имала големо влијание врз светската мода. Откако научила да шие според инструкциите на нејзините роднини и ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки, таа развила посовремен пристап кон модата, вклучувајќи креирање на едноставна, но сепак елегантна облека.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrn

    Фрида Кало

    rnПозната по своите надреални, понекогаш дури и прогонувачки автопортрети, мексиканската сликарка Фрида Кало е симбол на мексиканското традиционално наследство и на феминистичкото движење. За жал, јавноста го препозна нејзиниот талент неколку години по нејзината смрт.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrn

    Марија Кири

    rnЕдна од најпознатите жени-научници во историјата, полската физичарка и хемичарка Марија Кири е првата жена која добила Нобелова награда и единствена која била два пати наградена за нејзините достигнувања во областа на радиоактивноста.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrn

    Индира Ганди

    rnИндира Ганди е единствената жена-премиер која најдолго се задржала на премиерското место. Таа, меѓу другото, ги национализирала банките и воспоставила програма за употреба на нуклеарно оружје. Над неа бил извршен атентат додека работела на планот за отстранување на вооружените бунтовници.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrn

    Жозефин Бејкер

    rnАмериканската комедијантка со француско потекло, Жозефин Бејкер, била обичен уличен изведувач пред да почне да настапува во шоу во нејзиниот роден град Сент Луис. Подоцна таа станала првата афро-американска актерка која добила филмска улога.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrn

    Амелија Ерхарт

    rnКако авијатичар, Амелија Ерхарт поставила многу рекорди, меѓу кои бил и фактот што таа била првата жена која сама го прелетала Атлантскиот Океан, со што поттикнала многу жени да тргнат по нејзините стапки. Иако таа трагично исчезна обидувајќи се да ја прелета Земјата, сеќавањето на нејзиниот дух денес останува инспирација за многу жени.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrn

    Евита Перон

    rnПрвата дама на Аргентина, Евита Перон, се залагала за подобрување на работничките права и за правото на глас на жените. Иако таа не била избрана на чело на државата, Ева имала огромно влијание врз народот, кој, пак, толку многу ја сакал што за неа организирал погреб со највисоки државни почести.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrn

    Флоренс Најтингел

    rnНајпознатата медицинска сестра во историјата, Флоренс Најтингел, е одговорна за намалувањето на стапката на смртност за време на Кримската војна, од 42% на 2%. Таа се смета за основоположник на нејзината професија, а нејзината книга „Белешки за медицинските сестри“ служела како основа во нејзиното училиште каде што се образувале идните медицински сестри.rnrnЖени од минатото кои нè инспирираат до ден-денесrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 цитати од Џони Деп кои ќе ве замислат

    10 цитати од Џони Деп кои ќе ве замислат

    Во личноста на Џони Деп се крие многу повеќе отколку само убаво лице и актерски способности. Тој е страстен за животот, за љубовта и за своето семејство. Преку неговите зборови светот може да разбере каков е и што го мотивира низ животот како татко, сопруг, актер и пред сѐ, како личност. Работите кои тој ги кажува се брилијантни и ќе ве натераат длабоко да размислите. Прочитајте ги 10-те негови најинтересни изјави.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    1.Сите сме оштетени на некој начин. Никој не е совршен. Мислам дека сите сме на некој начин по малку луди. Буквално секој од нас.“

    rnДеп има одлична поента со оваа своја мисла. Никој од нас не е совршен. Сите знаеме да ја оплескаме работата. Дури и оние луѓе кои најмногу ги почитуваме и сметаме дека се безгрешни човечки битија, исто така не се совршени. Ова е многу важно да се запамети.rn
    rn

    2.Животот е прилично добар, а зошто не би бил? На крајот на краиштата, јас сум пират.“

    rnЗошто еден пират да не може да е задоволен од својот живот? Секој од нас може да биде среќен, доколку навистина верува дека, земено во целина, животот е убав. Неверојатен е начинот на кој Џони се соживува со улогата на Џек Спероу во „Пиратите од Карибите“. Тој едноставно се забавува со сѐ што прави.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    3.Мислам дека никој не е подготвен за смртта. Можеш само да се надеваш дека кога таа ќе настапи, ќе се чувствуваш дека си го кажал сето она кое си сакал да го кажеш. Никој не сака да си замине на сред реченица.“

    rnОва е навистина длабока, тешка, но сепак и забавна реченица. Тоа е Џони Деп – интелигентен, сериозен, а сепак многу духовит.rn
    rn

    4.Ако сакаш две личности истовремено, одбери ја втората, бидејќи ако навистина си ја сакал првата, немало да се заљубиш во втората.“

    rnИ повторно тој е во право. Ако некогаш сте биле изневерени, овој цитат на Деп можеби ќе ви отвори стара рана, но сепак ве советува дека ако вашиот партнер решил паралелно да биде со некој друг, никогаш не ве сакал доволно за да бидете единствените во неговото/нејзиното срце.rn
    rn

    5.Постојат 4 битни прашања кои треба да си ги поставиме во животот: „Што е свето? Од што е создадена човечката душа? За што е вредно да се живее и за што е вредно да се умре? Одговорот на сите прашања е ист – само љубовта.“

    rnОва е еден од најслатките и најромантични цитати на Џони Деп. Прекрасен е неговиот начин на размислување, дека нашите души се креирани од љубовта и поради тоа се свети. Кој не би се согласил дека вреди да се живее и да се умре само за љубовта?!rn
    rn

    6.Единствените суштества кои можат да почувствуваат и пренесат чиста љубов, се кучињата и бебињата.“

    rnАко некогаш сте имале куче или сте држеле в раце новороденче, тогаш ја сфаќате оваа мисла на Џони Деп. Бебињата и кучињата го имаат оној опоен љубовен поглед во нивните очиња; тие се толку невини и чисти во душата. Погледот кон нивните очиња, е навистина нешто што не може да се опише, туку само да се доживее.rn
    rn

    7.Кога децата полнат една година, тоа е како да се шеташ со минијатурна пијаница. Мораш да ги држиш покрај себе. Тие се удираат во предмети. Се смеат и плачат. Уринираат. Блујат.“

    rnНавистина смешна реченица. Има ли нешто позабавно од гледање на едногодишно детенце како се тркала наоколу и се сопнува како некоја стара пијаница. Размислете за момент – ова е навистина многу соодветен опис на луѓето во првата година од својот живот.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    8.Една стара жена во хотелски ресторан во Лондон, ја праша мојата ќерка што работи нејзиниот татко. Таа одговори: „Тој е пират.“ Бев многу горд на нејзиниот одговор.“

    rnКолку се само децата невини, искрени и слатки. Исто така, прекрасно е и тоа што Деп го обожавал одговорот на неговата ќерка.rn
    rn

    9. Не можете да ја испланирате длабочината на љубовта која ќе ја имате кон вашите деца. Постанувањето татко за мене не беше свесна одлука. Тоа беше дел од прекрасното патување на кое бев. Тоа беше судбина, к’смет. Целата математика конечно профункционира.“

    rnНавистина е прекрасно да се слушне, дека Џони Деп бил толку возбуден и трогнат кога постанал татко, без разлика на тоа дали е холивудска ѕвезда или не. Имањето свое дете навистина го менува животот, но реткост е да чуете некој татко да зборува за татковството на ваков мил и интелигентен начин.rn
    rn

    10.Ако воопшто можам да извлечам некаква порака од мојата работа, е дека на крајот на краиштата, ОК е да се биде различен, добро е да се биде различен и треба да се преиспитаме себеси пред да дадеме суд за некого дека изгледа поинаку, се однесува поинаку, зборува поинаку или има различна боја.“

    rnБаш убава порака испраќа Џони до светот. Сите ние треба меѓусебно да си ги прифатиме разликите, да не се оптоваруваме со површни работи, туку да го прославуваме човештвото со добрина и љубов. Ова е една од најдобрите изјави на Деп, бидејќи испраќа една длабока порака за толеранција и меѓусебно прифаќање на различните.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кратки животни инструкции

    Кратки животни инструкции

    Секој го живее животот на свој начин и по свои правила. Овие кратки инструкции се инспиративни, ведри, дел од нив дури и смешни, но сепак, во суштина сите се реални. Интересни да се прочитаат, а поучни за да се применат. Споделете и вие некој краток совет, правило според кое вие го живеете животот.rnrnКратки животни инструкцииrnrn1. Ракувај се цврсто!rnrn2. Гледај ги луѓето во очи!rnrn3. Пеј додека се тушираш!rnrn4. Доколку се впуштиш во тепачка, гледај да удриш прв и да биде тоа силен удар. :)rnrn5. Чувај тајни!rnrn6. Редовно спортувај!rnrn7. Не откажувај се од никого! Чуда се случуваат секојдневно.rnrn8. Секогаш прифаќај подадена рака!rnrn9. Биди храбар! Дури и да не си, преправај се дека си, никој нема да познае.rnrn10. Не биди саркастичен!rnrn11. Избирај го партнерот внимателно! Од оваа одлука зависи твојата среќа во иднина.rnrn12. Прави добри нешта за луѓе кои никогаш нема да дознаат за тоа!rnrn13. Позајмувај ги само оние книги, за кои нема да ти биде грижа дали повторно ќе ги видиш.rnrn14. Кога се натпреваруваш со деца, остави ги да победат.rnrn15. Не одземај му ја надежта на никого! Можеби тоа е сè што таа личност има.rnrn16. Давај втора шанса, но не и трета!rnrn17. Биди романтичен.rnrn18. Биди позитивен и ентузијаст.rnrn19. Опушти се! Секоја ситуација во животот не е толку сериозна колку што изгледа на прв поглед.rnrn20. Биди добар губитник!rnrn21. Биди уште подобар победник!rnrn22. Размисли два пати пред да довериш некому тајна.rnrn23. Кога некој те прегрнува, почекај тој прв да се тргне.rnrn24. Поедноставувај ги работите!rnrn25. Пази се од личности кои немаат што да загубат!rnrn26. Не пропуштај прилика за да му соопштиш некому дека го сакаш.rnrn27. Запомни, никој не успева сам!rnrn28. Кога ѕвони телефонот, одговарај со ентузијазам и енергија во гласот.rnrn29. До креветот чувај си тефтер и пенкало. Добрите идеи знаат да дојдат и во 3 часот наутро.rnrn30. Почнувај го секој ден со твојата омилена музика!rnrn31. Стапи во брак само поради љубов.rnrn32. Давај му комплимент на готвачот, кога јадеш на гости!rnrn33. Запомни дека 80% од успехот во која било работа зависи од способноста да се справиш со луѓето.rnrn34. Не очекувај животот да биде фер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.