КАФЕ ПАУЗА

Tag: инспиративни

  • 7 инспиративни пораки кои ќе ве натераат да почнете да се грижите за своето здравје

    7 инспиративни пораки кои ќе ве натераат да почнете да се грижите за своето здравје

    Сите ние ги мразиме денешните клишеа кои се вртат за женското и машкото тело. Мора да сме слаби, мора да сме витки, мора ова да јадеме, мора тоа да вежбаме… Навистина, убавината не е во физичкиот изглед. Но тргајќи ги настрана сите тие правила кои ни ги наметнува искомплексираното општество во кое живееме, факт е дека грижата за сопственото тело е неопходна. Телото е нашиот храм. Грижејќи се да биде здраво и силно, ние се грижиме за себе, за нашето добро, си овозможуваме подолг и посреќен живот.rnrnИ ако диетата е нешто што не секој може да го издржи, за физичките вежби не постои изговор. Замислете какво е чувството да имате тело кое е во одлична форма? Убаво, нели? А сега помислете колку тоа ќе ви ја подигне самодовербата и ќе направи да се чувствувате убаво. Ќе се чувствувате самоуверени и сигурни во себе, ќе се чувствувате здрави и силни, подготвени за нови предизвици. А сè што некогаш ви е потребно е само малку инспирација…rnrn(1)-7-inspirativni-poraki-koi-kje-ve-nateraat-da-pochnete-da-se-grizhite-za-svoeto-zdravje-kafepauza.mkrn

    „Бидете упорни и секоја цел кон поздраво утре ќе ви стане автоматска и несвесна навика.“

    rn

    „Дали знаете дека два од најзначајните знаци на здраво стареење се силината на стисокот на раката и способноста да станете од земја без да ги употребите рацете? Затоа ве молам, спуштете ги настрана бебешките тегови и започнете посериозно да ги предизвикувате своите мускули.“

    rn

    „Мојот број 1 совет за намалување на стресот е всушност да конзумирате што помалку информации. Не ви се потребни повеќе информации, потребни ви се вистинските информации.“

    rn

    „За да живеете долг и здрав живот:rn

      rn011

    • Најдете нешто што го сакате и целете кон тоа.
    • rn011

    • Јадете повеќе зелени работи и помалку шеќер.
    • rn011

    • Движете се повеќе, спијте повеќе, дишете повеќе.“
    • rn

    rn

    rn(2)-7-inspirativni-poraki-koi-kje-ve-nateraat-da-pochnete-da-se-grizhite-za-svoeto-zdravje-kafepauza.mkrn

    „Ако немате ништо убаво да си кажете себеси, тогаш воопшто не зборувајте ништо. Цврсто верувам дека негативното зборување за самите себе предизвикува побрзо стареење.“

    rn

    „Две навики на кои мора веднаш да им ставите крај: пушењето и пиењето. Тие се двете најштетни активности за вашето здравје. И двете ја зголемуваат штетата од слободните радикали во вашето тело која директно го забрзува процесот на стареење. Пушењето треба да биде забрането, нема никакви искупувачки квалитети. А ако мора да пиете, ве молам придржувајте се до мерката: не повеќе од 3 пијачки неделно. Верувајте ми, вашиот мозок и вашиот црн дроб ќе ви бидат благодарни.“

    rn

    „Како да си го вратите назад вашиот талисман? Видете, ние луѓето сме организми кои постојано одат кон некоја цел. Кога ќе си поставите моќна цел, па дури и мала, вашиот мозок ќе стане опседнат, туркајќи ве кон постигнување на таа цел. Денес, напишете една цел на хартија. Наведете датум и ставете ја некаде каде ќе можете да ја видите во секое време. Вашите зборови ќе ви служат како полнач и потсетник дека работите кон остварување на инспиративна крајна цел.“

  • 9 лекции кои можеме да ги научиме од жени кои ја изгубиле својата коса поради рак

    9 лекции кои можеме да ги научиме од жени кои ја изгубиле својата коса поради рак

    За многу жени косата е многу повеќе од моден додаток. Таа е дел од нивниот идентитет и затоа начинот на кој ја носат може многу лесно да се промени под влијание на начинот на кој се чувствуваат за себе. Па, некои од нив носат долги локни со цел да покажат самодоверба, ја врзуваат пред вежбање со цел да си овозможат удобност или пак, ја скратуваат или менуваат бојата со цел да се почувствуваат помоќно.rnrn9 лекции кои можеме да ги научиме од жени кои ја изгубиле својата коса поради ракrnrnНо, што се случува кога жената ќе ја изгуби својата коса? За да го открие одговорот на ова прашање, „Vogue“ спровеле анкета на оние жени кои ја изгубиле нивната коса поради рак и потоа ги споделиле нивните неверојатно одговори преку инспиративно видео и фотографии.rn

    1. Вие можете да одберете да се ослободите од оние ситуации кои не можете да ги промените

    rnrn

    „Беше многу тешко да се избричи и да се отстрани тоа сигурносно ќебе, но потоа сфатив дека нема да го имам тоа веќе и одлучив самата да си го земам со цел да не се држам за нешто што повеќе не е тука.“ – Ели Мејдеј.

    rn

    2. Убавината е во прифаќањето

    rnrn

    „Убавината и феминизмот не вклучуваат само истакнување на вашите најдобри карактеристики, туку и прифаќање на мааните и на онаа личност која навистина сте. Целосно.“ – Сулеика Џаоа

    rn

    3. Ние треба да ги прифатиме и славиме туѓите разлики

    rnrn

    „Кога ја тргнав периката мојот пријател ми рече ‘Ох, Боже, ти си прекрасна и никогаш повеќе не треба да ја ставиш таа перика.’ Никој претходно ми го нема кажано тоа.“ – Рејчел Флејт

    rn

    4. Тешките ситуации можат да создадат можности за одново дефинирање на вашите идеали

    rnrn

    „Убавината за мене беше желбата да припаѓам, а сега сè што сакам е да се истакнувам.“ – Миа Сидарос.

    rn

    5. Кај сите можете да пронајдете специјални карактеристики кои ги издвојуваат од останатите доколку одвоите малку време за да ги побарате

    rnrn

    „Забележував прекрасни карактеристики на лицата кај сите луѓе. Некои можеби имаа прекрасни очи или големи полни усни или одлични јаболкници. Сите имаа своја посебна карактеристика. Кога немате коса вие многу лесно можете да откриете која е таа карактеристика.“ – Кејт Амбрози

    rn

    6. Откријте што најдобро функционира за вас и не се плашете да правите некарактеристични промени

    rnrn

    „Повеќе не носам перики, но првите три месеци тие беа одлични за мене. Навистина ми помогнаа во тежок период кога не сакав да бидам без коса. Но, кога полека почнав да се менувам, го најдов својот сопствен стил и сфатив дека некој кој е толку млад како мене, не ни мора да носи перика.“ – Карли Северн

    rn

    7. Дури и наједноставните нешта можат да ја зголемат вашата самодоверба

    rnrn

    „Има едно нешто кое сакам да го носам секојдневно. Тоа е маскарата. Таа едноставно ги враќа работите во својата природна состојба. Не е потребно многу за да се биде убава.“ – Валисија Лекае

    rn

    8. Понекогаш потребно е да се изгуби нешто за да се разбере неговата значајност

    rnrn

    „Имав долга, луда и кадрава коса. Едно време мислев дека таа е мојата најдобра карактеристика. Сега кога ќе погледнам наназад сфаќам дека јас сум се криела зад мојата коса многу повеќе одошто сум сфаќала.“ – Сулеика Џаоа

    rn

    9. Вие самите можете да го дефинирате она што ве прави убави

    rn

    „Убавината е она што е внатре и тоа е најважната порака. Токму тоа е она што е најубаво.“ – Ели Мејдеј

    rn

  • Инспиративни цитати за животот од познатите цртани јунаци од детството

    Инспиративни цитати за животот од познатите цртани јунаци од детството

    Возрасните честопати знаат да кажат дека цртаните филмови се со детски и незрели содржини. Но, понекогаш може пријатно да ве изненадат колку многу мудрости за животот и неговата убавина имаат кажано токму овие цртани јунаци. Погледнете ги овие инспиративни цитати кои ќе ве замислат, расположат и ќе ви дадат нов поглед на животот.rnrn1-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_rn

    „За некои луѓе вреди да се стопиш.“ – Олаф, „Замрзнато“

    rn

    „Нашата надеж живее во нас, треба само да бидете доволно храбри за да ја видите.“ – Мерида, „Храбра“

    rn

    „Љубовта е отворена врата.“ – Ана, „Замрзнато“

    rn

    „Вложувајте надвор од вашата удобна зона. Наградата е вредна за тоа.“ – Рапанзел, „Заплеткано“

    rn2-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_rn

    „Нека вашата совест секогаш биде вашиот водич.“ – Сината вила, „Пинокио“

    rn

    „Ние имаме многу заеднички работи, иста земја, ист воздух, исто небо… Можеби, ако почнеме да гледаме што имаме заедничко наместо секогаш да бараме што ни е поразлично… па, кој знае?“ – Мјау, „Покемон“

    rn

    „Колку прекрасни цветови имаме оваа година. Но види, ова задоцнило. Но, се обложувам дека кога ќе расцвета ќе биде најубаво од сите.“ – Фа Зоу, „Мулан“

    rn

    „Понекогаш треба да навлеземе длабоко во себе за да ги решиме своите проблеми.“ – Патрик, „Сунѓерот Боб“

    rn

    „Никогаш нема да бидете премногу стари за да сè чувствувате младо.“ Снежана, „Снежана и седумте џуџиња“

    rn3-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_rn

    „Неуспехот во нешто е првиот чекор за да станете многу добри во некоја работа.“ – Џејк, „Време за авантура“

    rn

    „Охана значи семејство. Семејство пак, значи никој да не биде оставен или пак заборавен.“ – Стич, „Лило и Стич“

    rn

    „Не можам да се вратам вчера, бидејќи тогаш бев поинаква личност.“ – Алиса, „Алиса во земјата на чудата“

    rn

    „Вистинскиот херој не сè мери со големината на неговата сила, туку во силата на неговото срце.“ – Зевс, „Херкулес“

    rn

    „Само затоа што не можам да го видам, не значи дека не можам да верувам во тоа.“ – Џек Скелингтон, „Кошмарот пред Божиќ“

    rn

    „Ох да, минатото може да боли. Но, ти може да бегаш од него или пак да научиш од него.“ – Рафики, „Кралот Лав“

    rn

    „Дури и за чудата е потребно малку време.“ – Добрата вила, „Пепелашка“

    rn4-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_rn

    „Бајките може да станат реалност. Мора да направите да се случат. Сè зависи од вас.“ – Тијана, „Принцезата и жабата“

    rn

    „Да се смееш на себе е да се сакаш себе.“ – Мики Маус, „Мики Маус“

    rn

    „Сè е возможно кога имате внатрешен мир.“ – Мастер Шифу, „Кунг фу Панда“

    rn

    „Во секоја работа што треба да сè направи има малку забава.“ – Мери Попинс, „Мери Попинс“

  • 20 инспиративни совети за подобар однос со сите

    20 инспиративни совети за подобар однос со сите

    Автор: Сара ТурановиќrnrnОслободете се од негативните мисли и прифатете ги луѓето онакви какви што се! Прочитајте ги овие инспиративни совети со кои ќе се подобрите себеси како личност, но и односите со своите пријатели, фамилијата, партнерот.rnrn20-inspirativni-soveti-za-podobar-odnos-so-site-kafepauza.mkrn

      rn011

    1. Ослободете се од негативните луѓе.
    2. rn011

    3. Оставете ги во минатото луѓето кои заминале.
    4. rn011

    5. Дајте им шанса на оние кои не ги познавате.
    6. rn011

    7. Бидете љубезни со сите и покажете почит.
    8. rn011

    9. Прифатете ги луѓето такви какви што се.
    10. rn011

    11. Охрабрете ги другите и бидете среќни за нив.
    12. rn011

    13. Бидете совршено несовршени.
    14. rn011

    15. Пронајдете начин да простите и да продолжите понатаму.
    16. rn011

    17. Направете секој ден по некој мал гест за некого.
    18. rn011

    19. Секогаш бидете верни.
    20. rn011

    21. Бидете во подобар контакт со оние кои ви значат.
    22. rn011

    23. Исполнувајте ги ветувањата и зборувајте ја вистината.
    24. rn011

    25. Дадете го она што сакате да го добиете.
    26. rn011

    27. Кажете го она што го мислите и мислете го она што сте го кажале.
    28. rn011

    29. Дозволете им на другите да донесат одлуки за себе.
    30. rn011

    31. Зборувајте помалку, а слушајте повеќе.
    32. rn011

    33. Не слушајте жалења.
    34. rn011

    35. Посветете внимание на врската со самите себе.
    36. rn011

    37. Обрнете внимание на тоа кои ви се вистински пријатели.
    38. rn011

    39. Нека не допираат до вас негативни, неконструктивни коментари.
    40. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 знаци дека си ја сакате работата иако не ви изгледа дека е така

    9 знаци дека си ја сакате работата иако не ви изгледа дека е така

    Прекрасно е да се биде на работно место кое ви годи и ве тера да го вложите максимумот од себе. Тоа е работа која ве мотивира и го извлекува најдоброто од вас. Ако ја сакате вашата работа значи дека сте вистински среќници. Многумина минуваат низ животот заглавени на работни места кои не им годат.rnrnРаботното место може да биде како љубовните врски. Иако знаете дека ја сакате личноста со која сте во врска, може да доживеете периоди кога заборавате колку сте благословени. Исто е со вашата работна позиција. Тоа што сте презафатени и преуморни денес, тоа што денот ви бил стресен, не значи дека не си ја сакате работата. Обрнете внимание на овие 9 знаци кои укажуваат на тоа дека уживате во она што го работите. А, доколку не е така, можеби е паметно да размислите дали сакате да останете на тоа работно место.rnrn9 знаци дека си ја сакате работата иако не ви изгледа дека е такаrn

    1. Немате доволно време за да постигнете сè што сакате

    rnПостојано имате работа и готов план за утре. Но, тоа не ве измачува. Може во разговор да се пожалите дека сте до уши во работа, но во суштина знаете дека таа зафатеност ви годи. Често и самите си давате задачи надвор од вашите задолженија за да постигнете повеќе или да придонесете повеќе. Ви се чини дека ви се потребни повеќе од 24 часа дневно за да постигнете сè што сакате, но работата под полна пареа ви годи и длабоко во себе знаете дека не би се откажале од тоа темпо.rn

    2. Знаете кон што целите и вашата цел е видлива

    rnВо моментите на напорна работа со сите тие мали задачи кои ви го преокупираат мозокот, сепак може да земете здив, да запрете за миг и да се потсетите дека имате цел, дека одите кон нешто и со секој миг напорна работа вие сте чекор поблиску до целта. Може во овој момент работата да ви изгледа како да ви ја цица енергијата и бара многу жртви од вас. Но, сè додека можете да ја видите целта, сè додека знаете за што работите и дека вашиот труд ќе се исплати, вие сте на работното место што го сакате.rn

    3. Перфекционисти сте и ве фрустрира тоа што другите не се

    rnДури и ако по природа не сте перфекционисти, се трудите секоја ваша работна задача да биде изработена до перфекција. Се внесувате во она што го работите и ве нервираат и најмалите нешта кои не се во рамките на нормала. Со оваа ваша навика да ги извршувате задачите до перфекција, станувате нервозни кога гледате дека другите не го прават истото. Сметате дека секогаш нештата може да бидат подобри и гледате да не повторите ни една, макар најмала грешка или пропуст што сте ги направиле.rn

    4. Често зборувате за вашата професија

    rnСекогаш имате добри анегдоти и случки за раскажување, па редовно ги „апдејтувате“ пријателите за време на вечера или кафе-муабет. Кога некој ќе ве праша нешто поврзано со вашата струка односно професија, може да зборувате без престан. Секако, внимавајте да не им здодеете на луѓето, но во секој случај вие имате работа која што ја сакате и со полно срце ја „промовирате“ пред другите.rn

    5. Многу брзо ви минува времето

    rnВи се чини дека работното време почна пред 5 минути а веќе е пауза за ручек? Вие сте благословени со работно место кое го сакате и работа која уживате да ја правите до толку што времето буквално ви лета.rn

    6. На крајот на секој работен ден може да ја измерите вашата продуктивност

    rnСамо еден ден работа а вие сте поблиску до вашата моментална цел. Денес усреќивте многумина, услуживте неколку ваши клиенти, направивте добра промена. Не седите пасивно на работното место чекајќи да дојде време да се вратите дома. На крајот на секој работен ден може да направите листа со ваши придонеси и извршени задачи.rn

    7. Постојано сте инспирирани и инспирирате

    rnТоа што другите често ве восхитуваат и инспирираат е поради вашата смиреност и исполнетост на работното место што ве прави отворени за нови искуства. Исто така, со вашето навремено доаѓање на работа, позитивата што ја ширите и одговорноста како ваша карактеристика, неретко ги инспирирате и другите. Дали вашиот, претходно пасивен колега изненадувачки се заинтересира откако влезе во вашиот тим? Најверојатно причината е позитивата што ја ширите.rn

    8. Не се исклучувате сосем од работата по завршувањето на работното време

    rnСекако, секогаш треба да направите простор за вашиот живот, но вашиот мозок не се исклучува автоматски по напуштањето на работното место. Додека пиете кафе со пријателите, на пример, ненадејно на ум ви доаѓа брилијантна идеја која наредниот ден на работа ќе ја спроведете во пракса.rn

    9. Не паѓате во депресија во недела навечер

    rnЗа многумина недела вечер е период рамен на депресија. Но, иако другите негодуваат поради тоа што од другиот ден ќе мора да се вратат на работното место, вие на тоа гледате како можност да се вратите на работа откако сте ги „наполниле батериите“ за време на викендот и сте се посветиле на семејството и домот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 карактеристики на оние кои живеат со страст

    15 карактеристики на оние кои живеат со страст

    Секојдневно сме сведоци на луѓе кои работат и живеат со страст, кои ја вложуваат целата своја способност и сиот свој труд во она што го работат и го прават до перфекција. Ова се 15 работи кои луѓето што живеат со страст ги прават поразлично од останатите. Присвојте ги како свои навики уште веднаш.rnrn 15 карактеристики на оние кои живеат со страстrn

    1. Возбудата е дел од нивното секојдневие

    rnВозбудата е гориво со кое се движат иновативноста и успехот. Иако за другите навидум е смешно и несфатливо, оние кои живеат со страст се возбудуваат и на најмали нешта, креирајќи во мислите некаква цел или совршен план за пат до успехот. Најдете возбуда во секој проект или задача која ви е дадена, направете си сами проекти и предизвици, посветете им се целосно и безрезервно бидејќи токму тоа го прават оние кои живеат со страст.rn

    2. Ги посветуваат своите животи на соништата

    rnКога го сакате она што го правите и кога сте навистина страсни за тоа, вие ги храните своите соништа со љубов и грижа кои им се потребни за да станат реалност. Целосната посветеност можеби е ризик, но останува на оние кои го вдишуваат секој здив со страст да откријат дали одреден ризик ќе им се исплати или не. Ако одговорот е негативен, секогаш ќе бидат побогати за едно искуство повеќе.rn

    3. Нивната работа станува дел од нив самите

    rnКога ќе најдете нешто што вистински го сакате, лесно ќе стане дел од вашиот живот. Оние кои го искусуваат животот со страст наоѓаат начин да ја внесат работата во секој аспект од својот живот. Тоа не значи дека треба да бидете преокупирани со работа, туку да најдете начин вашата работа да престане да ви биде обврска туку уживање. Ширете го вашиот талент и знаење, инспирирајте ги другите и дозволете да бидете инспирирани. Она што го сакате и го работите со страст е дел од вашиот живот и дел од она што сте.rn

    4. Оптимисти се за иднината

    rnКога верувате во себе и го вложувате својот максимум, имате помалку страв од иднината бидејќи и не е сè толку неизвесно кога знаете кон што се стремите. Оние кои живеат со страст се радуваат чекајќи ја иднината и се отворени на сите предизвици кои таа би можела да ги донесе.rn

    5. Секогаш на ум ја имаат својата страст

    rnБараат начини како да го подобрат она што го прават, како да се инспирираат, како да се унапредат, и никогаш не престануваат да се борат со цел од ден во ден да стануваат сè подобра верзија од себеси.rn

    6. Отворени се на ризици

    rnОној кој не ризикува не добива. Без разлика дали станува збор за напуштање на работно место кое ги спречува да ги остварат своите соништа, или голем влог во нешто, оние кои живеат со страст свесни се дека животот носи многу ризици.rnrn 15 карактеристики на оние кои живеат со страстrn

    7. Ги прифаќаат последиците

    rnСекоја наша одлука носи последици и самите треба да се сносиме со последиците од нашите одлуки. Токму ова е принципот по кој се раководат ваквите личности наместо да одберат да ги обвинуваат другите за последиците со кои мора да се носат.rn

    8. Работите кон кои негуваат страст ги назначуваат за приоритети

    rnАко сакаш да успееш најди го она за што негуваш страст, направи го приоритет, вложувај во него и верувај во себе. Постојат премногу неважни работи, доволно моќни да ни го одвлечат вниманието и времето од она што е вистински важно.rn

    9. Не се предаваат

    rnСекој во животот се соочува со предизвици и константни потсетувачи на некои минати неуспеси. Но, тие кои живеат со страст кон животот не ѝ се предаваат на ваквата игра. Туѓите сомнежи и обиди за обесхрабрување ги доживуваат како инспирација.rn

    10. Се фокусираат на она што е важно

    rnЗнаат да се фокусираат на она што е важно, на нивните цели и на она за што се борат. Вложуваат 100% од себеси, фокусирајќи се на она што го работат.rn

    11. Не тапкаат во место

    rnВо природата на човекот е да се стреми кон повеќе и да научи повеќе. Да, треба да бидеме задоволни со она што сме го постигнале, но нашата работа во која вложуваме страст треба да нè надградува и мотивира за повеќе.rn

    12. Не сонуваат напразно

    rnРазликата меѓу едни и други сонувачи е во тоа што едните одбираат да се разбудат и да ги реализираат своите соништа а не да останат пасивни.rn

    13. Ги инспирираат другите

    rnСтраста е заразна. Кога ќе видите човек кој ја работи својата работа со страст, кој вложува страст макар и во најмалите работи кои ги прави, ве инспирира истото да го сторите и вие. Живејте со страст и инспирирајте ги другите да го прават токму истото. Кога сите ние би вложиле повеќе љубов во она што го работиме, светот би бил многу подобро место за живеење.rnrn 15 карактеристики на оние кои живеат со страстrn

    14. Знаат да го преболат неуспехот

    rnНеуспехот е дел од сечиј живот. Тоа не значи дека вие не вредите или дека нема никогаш да успеете. Тоа е само една лекција која ве донела поблиску до она што моментално сте си го зацртале како цел.rn

    15. Зрачат со страст кон животот

    rnЗрачат со позитивност и желба за успех, желба да го подобрат светот онолку колку што се во можност, желба да променат нешто. Таквите личности се познаваат од километар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни мисли од Коко Шанел

    Инспиративни мисли од Коко Шанел

    Коко Шанел била француска дизајнерка, најпозната по своите безвремени и едноставни дизајни. Нејзините креации го вклучуваат и парфемот „Chanel No 5“ како и „малиот црн фустан“. Таа била прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе во 20-от век според магазинот Тајм и мораме да признаеме дека оваа иконска француска модна дизајнерка има многу да каже за животот. Погледнете ја нареднава колекција од нејзините најинспиративни цитати.rnrnИнспиративни мисли од Коко Шанелrn
    rn

    „Доколку сте родени без крилја, не правете ништо со што би ги спречиле да ви пораснат“.

    rn

    „Животот не ме задоволуваше, па затоа си создадов мој живот“.

    rn

    „И најголемата љубов мора да се издржи“.

    rn

    „За да бидеш незаменлив, мора да бидеш различен“.

    rn

    „Колку грижи губи една личност кога ќе одлучи да не биде нешто, туку некој…“

    rnrnИнспиративни мисли од Коко Шанелrn
    rn

    „Кога веќе сè ни е во главите, подобро да не ги изгубиме“.

    rn

    „Најхраброто дело е да продолжиш да размислуваш за себе. На глас“.

    rn

    „Постојат луѓе кои имаат пари и луѓе кои се богати“.

    rn

    „Жената има онолку години колку што заслужува“.

    rn

    „Една девојка треба да биде две нешта: елегантна и неверојатна“.

    rnИнспиративни мисли од Коко Шанелrn
    rn

    „Ќе живеете само еднаш, па затоа гледајте да бидете забавни“.

    rn

    „Не губете време удирајќи се во ѕид со надеж дека ќе го трансформирате во врата“.

    rn

    „Барајте ја жената во фустан. Ако нема жена, нема да има ни фустан“.

    rn

    „Можете да бидете прекрасни во триесеттите, шармантни во четириесеттите и неодоливи до крајот на вашиот живот“.

    rn

    „Сè додека знаете дека мажите се како деца, знаете сè!“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 13 моќни и инспиративни цитати на Опра Винфри

    13 моќни и инспиративни цитати на Опра Винфри

    Опра Винфри има на што да биде горда и сосема заслужено е идол на многу жени ширум целиот свет, а исто е почитувана и од многу мажи. Таа е телевизиска водителка со сопствено ТВ шоу, филантроп, актерка, продуцентка, а воедно и една од највлијателните жени во светот. Винфри е првата афро-американска жена која стана милијардер, а со тоа е жив доказ дека со напорна работа можат да се срушат сите бариери кои се поставени од општеството. Ова се 13-те најмоќни цитати на Опра Винфри.rnrn13 моќни и инспиративни цитати на Опра Винфриrnrn rn

    „Не се гледам себеси како кутра, отфрлена девојка од гето која успеала. Се гледам како личност која уште од раната возраст била свесна дека е одговорна самата за себе и дека мора да успее.“

    rnОпра е родена на 29-ти јануари 1954 во Мисисипи, од страна на самохрана мајка–тинејџерка. Таа е израсната во сиромашен кварт каде живеела со баба си, додека мајка ѝ заминала на север во потрага по работа. Баба ѝ се грижела за неа и на рана возраст ја научила да чита.rnrnНо, нејзиниот живот се менува кога на 6-годишна возраст е пратена да живее со мајка си. На многу млада и ранлива возраст Опра била сексуално злоупотребувана од нејзините машки роднини и други посетители во куќата на мајка ѝ. Останува бремена на 14 години, но нејзиниот син умира уште како новороденче.rn
    rn

    „Претворете ги вашите рани во мудрост.“

    rnПо тешкиот и трауматичен период во нејзиниот живот, Опра сфатила дека животот секогаш дава нова шанса и затоа одлучила своите рани да ги претвори во мудрост, со други зборови да ги искористи како животно искуство, а не како нешто што никогаш нема да ѝ дозволи да успее.rnrnПо загубата на својот син, таа заминува да живее кај својот татко во Тенеси. Со помош на дисциплинското воспитување на татко ѝ, Опра се враќа на правиот пат во животот и се покажува како одлична ученичка.rn
    rn

    „Најголемата авантура која може да ви се случи е да го живеете животот од вашите соништа.“

    rnЗапочнувајќи да работи во радио уште додека била во средно училиште, и како ко-водителка на локално шоу на 19-годишна возраст, Опра продолжила да се стреми кон остварување на своите соништа основајќи дневно тoк-шоу и своја сопствена продукција. Останатото веќе добро го знаеме. Опра Винфри денес е интернационална ѕвезда, една од највлијателните жени со големо и добродушно срце.rn
    rn

    „Израснав со вербата дека извонредноста е најголема одбрана од расизмот или сексизмот. Токму така оперирам во животот.“

    rnВо времето кога Опра ја започнала својата кариера, немало други афро-американски жени со свои сопствени ТВ емисии. Овој цитат потврдува дека личната способност и напорната работа секогаш ќе им ги затворат устите на оние кои мислат дека се подобри само затоа што се припадници на одредена раса или пол.rnrn13 моќни и инспиративни цитати на Опра Винфриrnrn rn

    „Има многу работи кои треба да си ги докажам себеси. Една од нив е дека можам да го живеам својот живот без стравови.“

    rnОпра знае како да допре до луѓето. Таа креираше едно поинакво шоу каде луѓето се чувствуваат безбедно за да ги кажат своите најголеми стравови, проблеми и предизвици. Без влакна на јазикот, таа слободно може да се вмеша во приватноста на познатите личности кои гостуваат во нејзината емисија за тие сосема да ја соголат својата душа. Често слушајќи најинтимни исповеди од различни личности, Опра одбира да го живее својот живот без стравови.rn
    rn

    „Страста е енергија. Почувствувајте ја моќта која доаѓа од фокусирањето на она што ве возбудува.“

    rnВо 1986 Опра била номинирана за Голден Глоуб за најдобра споредна улога во филмот „Бојата на пурпурот“. Таа наоѓа проекти кои ја будат нејзината креативност и ја докажуваат нејзината способност и се насочува кон истите. Баш поради тоа, 20 години подоцна таа го освои Бродвеј со истоимениот мјузикл „Бојата на пурпурот“.rn
    rn

    „Верувам дека секој од нас има лично обележје кое е единствено исто како отпечатокот од прстот. Најдобриот пат кон успехот е да го откриете она што го сакате и да најдете начин да им го понудите на другите во форма на услуга, преку напорна работа и дозволувајќи да ве води енергијата на универзумот.“

    rnВо 1998, Опра ја основаше таканаречената Ангелска мрежа, која е хуманитарна организација со цел да ги поттикне луѓето да им помагаат на оние кои се помалку привилегирани во животот. Опра лично ги покрива сите административни трошоци, а откако е формирана, Ангелската мрежа има собрано милионски суми кои одат во добротворни цели.rnrnВо 2002-та, Опра Винфри ја доби наградата за хуманитарност – Bob Hope Humanitarian Award.rn
    rn

    „Освен ако не правите големи дела, не е важно колкава моќ имате.“

    rnВинфри е свесна колкаво е нејзиното влијание врз светот и го користи тоа за хуманитарни цели. После ураганот Катрина, во Ангелската мрежа беа собрани 11 милиони од страна на гледачите и поддржувачите на Опра, а таа самата донираше 10 милиони за да се покријат штетите направени од природната катастрофа.rnrn13 моќни и инспиративни цитати на Опра Винфриrnrn rn

    „Она што навистина го сакате е да сте опкружени со луѓе кои ги сакате и цените и луѓе кои ве вреднуваат вам. Токму тогаш вие сте вистински богати.“

    rnНа нашата самодоверба и благосостојба многу влијаат луѓето со кои сме постојано опкружени. Само тогаш кога оние кои ги сметаме за најблиски веруваат во нас, нè ценат и поттикнуваат за нови остварувања, може да речеме дека сме богати, но не материјално туку духовно, она што впрочем е побитно од сè останато.rn
    rn

    „Колку повеќе го славите својот живот, толку повеќе имате што да прославите.“

    rnСекогаш има нешто за кое треба да бидеме благодарни во животот. Самиот факт што сме живи и дишеме е чудо. Колку повеќе сме благодарни и го цениме животот толку повеќе ќе има за што да бидеме благодарни.rn
    rn

    „Не можеме да станеме она што треба да бидеме останувајќи она што сме.“

    rnКако би станале подобри личности доколку воопшто не се трудиме да се промениме? Животот значи постојано унапредување, користење на нашите способности и надградување на нашата личност. Во животот треба постојано да еволуираме во подобрата верзија од нас самите и да наоѓаме начини за да го дадеме најдоброто од себе. Опра поставува добар пример со тоа што постојано работи на себе и на подобрување на она што е.rn
    rn

    „Давањето сè од себе во овој момент ве става во подобра положба во наредниот момент.“

    rnДајте го најдоброто од вас. Кога работите нешто изработете го до перфекција. Така постојано поставувате добра основа за успех во иднина. Но никогаш не прекинувајте. Секој голем успех треба да ве мотивира да успеете уште повеќе, а не да живете на стара слава.rnrnОпра Винфри е најдобар пример за личност која не престанува да се труди да го даде најдоброто од себе.rn
    rn

    „Размислувајте како кралица. Кралицата не се плаши од неуспех. Секој неуспех е важен чекор на патеката до успехот.“

    rnАко се плашите од неуспех тогаш тоа е исто како да се плашите од успех. Да, ќе паднете еднаш, двапати, трипати, и со секој пад вие ќе бидете поблиску до успехот бидејќи ќе знаете на што да внимавате наредниот пат. Најважно е никогаш да не престанете да се трудите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 цитати кои ќе ве инспирираат да ги победите предизвиците

    5 цитати кои ќе ве инспирираат да ги победите предизвиците

    „Луѓето често велат дека ефектот на мотивацијата не трае долго. Но, не трае ни оној на туширањето, затоа се препорачува да се прави секојдневно“. – Зиг Зиглар, мотивациски говорител.

    rnИмате идеја за нешто ново, пред вас е некаков предизвик, клучен фактор за да остварите некоја цел, да си го остварите сонот? Дали понекогаш помислувате дека она што сте наумиле да го направите е невозможно и дека никогаш нема да ви успее? Размислете добро. Ова се 5 цитати кои ќе ве инспирираат да се соочите со предизвиците и да излезете како апсолутен победник.5 цитати кои ќе ве инспирираат да ги победите предизвиците
    rn

    1. „Во дваесеттите години од мојот живот НИЕДНАШ не зедов слободен ден“. – Бил Гејтс, ко-основач на Мајкрософт

    rnВо ред, можеби не треба ова да се сфати буквално, но главната порака е многу јасна. Додека вие кревате раце од вашиот сон мислејќи дека не сте доволно добри, некој го „загрева“ столчето и смислува начин да ја победи својата конкуренција, односно вас. Секако дека во младоста треба да се ужива, но младоста е клучен период кога имате доволно енергија и желба да внесете промени во светот, а жалосно е таквата енергија да се потроши залудно.rn
    rn

    2. „Може да имате милион идеи, но сите се безвредни доколку не преземете нешто за да ги реализирате“. – Лаурен Амаранте, основач на Светскиот ден на претприемништвото

    rnМожеби сакате да основате свој бизнис, да креирате нешто ново, да продолжите со вашето образование, и секогаш си велите себеси дека не е вистинското време. А кога всушност ќе дојде правото време за да станете од кревет и да го реализирате замисленото? Вистинскиот момент не постои, треба сами да го создадете. Вие можеби во вашата глава имате решение за некој светски проблем, но тоа е залудно сè додека не преземете акција.rn
    rn

    3. „Чекањето совршенство никогаш не е толку паметно колку правењето напредок“. – Сет Годин, претприемач, автор, јавен говорител, основач на Squidoo

    rnСлично како претходниот цитат, но со една важна разлика. Доколку сте опседнати со совршенство, голема е веројатноста да не постигнете ништо. Во групата перфекционисти би ни се придружиле многумина, но колку што е добро да се биде перфекционист, толку е и негативно. Во животот треба да оставиме некои работи да минат несовршено, за да знаеме да ги изработиме до перфекција нареден пат. Да се преземе нешто, значи да се научи лекција доколку не излезе како што треба, да се чека за совршениот момент значи да не се напредува воопшто.rn
    rn

    4. „Најопасниот отров е чувството на успех. Противотровот е секој ден да се размислува што може да се направи за подобро утре“. – Ингвар Кампрад, основач на ИКЕА

    rnВо животот секој доживува успеси. Разликата е во тоа што некој дозволува да се заслади и да биде заслепен од неколку успеси па прекинува со работа, а друг продолжува да се надградува и достигнува повеќе. Успехот прави да сакате повеќе, и во ред е одвреме-навреме да запрете за момент и да земете здив, но лошо е да кренете раце задоволувајќи се со почетнички успех кога можете многу повеќе.rn
    rn

    5. „Тогаш кога ќе сакате да се откажете сте многу поблиску отколку што мислите“. – Боб Парсонс, ко-основач на GoDaddy

    rnЗарем успешните личности никогаш не доживеале падови, зарем ним никој никогаш не им рекол дека нема да успеат, мислите дека не доживеале моменти кога помислиле едноставно да се откажат од сè? Но сепак, продолжиле да се обидуваат. Целта може да ви биде пред нос, никогаш не кревајте раце од вашиот сон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат

    10 инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат

    Понекогаш инспирацијата е тешко да ја пронајдете. Во тешките мигови ни паѓа на памет едноставно да се откажеме од сè. Но, потребен е труд и надеж дека еден ден тој вложен труд ќе се исплати. Ова се 10 инспиративни цитати на познати писатели, историчари, филозофи и говорители.rn
    rn

    „Го мразев секој миг од тренингот, но си реков: „Не се откажувај. Страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион.“ – Мухамед Али, поранешен американски боксер

    rnrn10 инспиративни цитати кои ќе ве мотивираатrn
    rn

    „Проблемот со немањето цел во животот е во тоа што може да го поминете целиот живот трчајќи по теренот без да постигнете гол.“ – Бил Коупленд, историчар, поет, писател

    rn

    „Верувајте во она што постои во вас.“ – Андре Жид, француски писател и критичар

    rn

    „Не оценувај го денот според она што си го набрал, туку по семето кое си го посеал.“ – Роберт Луис Стивенсон, шкотски писател, поет и есеист

    rn

    „Среќата не е нешто што се одложува за во иднина, туку нешто што се креира во сегашноста.“ – Џим Рон, американски претприемач, автор и мотивациски говорител

    rn

    „Вербата ги креира вистинските дела.“ – Вилијам Џејмс, познат психолог и филозоф

    rn

    „Постојат два начини на ширење на светлината: да бидете свеќата или огледалото во кое таа се одразува.“ – Едит Вартон, американска писателка и дизајнерка

    rn

    „Менувајќи ги вашите мисли го менувате и вашиот свет.“ – Норман Винсет Пил, американски министер и автор

    rn

    „Не е измислен материјал издржлив колку човековиот дух.“ – Берн Вилијамс, програмер и консултант

    rn

    „Секој уметник некогаш бил аматер.“ – Ралф Валдо Емерсон, есеист и поет


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn