КАФЕ ПАУЗА

Tag: инспиративни

  • Инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток

    Инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток

    Новите почетоци се секогаш најтешки. Но, тие се случуваат со причина. Иако се многу болни, тие се здрави и најчесто се вистинскиот избор. Без разлика дали станува збор за работа, партнер, пријател или место на живеење, овие работи сте ги оставиле зад себе затоа што токму тоа требало да го направите. Вдишете длабоко и продолжете понатаму. Првата недела е најтешка, па затоа послужете се со следниве инспиративни цитати за мотивација.rnrnИнспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочетокrnrnТие ќе ви помогнат да ги пребродите моментите кога ќе се каете поради она што сте го напуштиле. Но, не заборавајте дека сте биле повредени, а тоа не го заслужувате. Овие цитати ќе ви помогнат да сфатите дека она што сте го оставиле зад себе не било тоа што ви треба. Нормално е понекогаш да заборавате зошто всушност сте заминале. Меѓутоа, новиот живот ќе ве остави без зборови за разлика од претходниот.rnrnСледниве цитати ќе ве потсетат дека новите почетоци се корисни. Прифатете го вашиот нов стан, работа или сингл живот. Немојте да се откажувате кога нештата ќе се влошат. Сега сте посилни од кога било! Прочитајте ги овие инспиративни цитати што ќе ви ја дадат потребната мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток…rn

    Исправете се, рацете на колковите и гордо чекорете

    rn

    „Сега ќе го направам она што е најдобро за мене.“ – Џон Грин

    rn

    Наредниот пат нема да боли толку многу

    rn

    „Вдишете длабоко, соберете се, избришете ја прашината од себе и почнете отпочеток.“ – Непознат автор

    rn

    Зошто продолжувањето понатаму се вика нов почеток?

    rn

    „Она што изгледа како крај, најчесто е нов почеток.“ – Непознат автор

    rn

    Можете да го сторите тоа!

    rn

    „Можете да ги сакате, да им простите, да им посакувате сѐ најдобро, но сепак да продолжите понатаму без нив.“ – Менди Хејл

    rn

    Во името на подобрите и посветлите работи!

    rn

    „Живеете, учите, се усовршувате.“ – Непознат автор

    rnИнспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочетокrn

    Прекрасна пеперутка!

    rn

    „Само што гасеницата помислила дека дошол крајот на светот, се претворила во пеперутка.“ – Непознат автор

    rn

    Ја имате потребната сила!

    rn

    „Ако нешто ви значи, никогаш не е предоцна да станете личноста којашто посакувате да бидете. Се надевам дека ќе живеете живот на кој ќе се гордеете, а ако дознаете дека тоа не е така, се надевам дека ќе имате сила да почнете отпочеток.“ – Ф. Скот Фицџералд

    rn

    Главата горе, гордо исправете се и гледајте напред!

    rn

    „Има многу многу подобри нешта што нѐ чекаат напред, за разлика од оние што сме ги оставиле зад себе.“ – К. С. Луис

    rn

    Секој ден почнувајте го постепено

    rn

    „Прво кафе, па потоа светот.“ – Непознат автор

    rn

    Вие го заслужувате тоа!

    rn

    „Кога не можете да се сетите на причина за да продолжите понатаму, мора да смислите причина за да почнете отпочеток.“ – Линда Поиндекстер

    rn

    Зграпчете ја оваа шанса и бегајте!

    rn

    „Не плашете се да почнете отпочеток. Тоа е нова шанса одново да го изградите она што навистина го сакате.“ – Непознат автор

    rn

    Бидете позитивни кога ќе почнувате отпочеток

    rn

    „Наместо да кажете ’Јас сум оштетен/а, јас сум скршен/а, јас имам проблеми со довербата’, кажете ’Јас заздравувам, јас одново се пронаоѓам себеси, јас почнувам отпочеток’.“ – Хорацио Џоунс

    rn

    Верувајте дека ќе можете да поминете низ сите потешкотии

    rn

    „И одеднаш ќе знаете дека е време да почнете нешто ново и да ѝ верувате на магијата на почетоците.“ – Непознат автор

    rnПрочитајте ги и следниве 10 цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација.

  • Цитати од филмот „Вондер Вуман“ што ќе ги инспирираат сите жени да станат суперхеројки

    Цитати од филмот „Вондер Вуман“ што ќе ги инспирираат сите жени да станат суперхеројки

    „Вондер Вуман“ (Wonder Woman) е филм што ни претставува силен и непобедлив женски лик кој може да им послужи како пример на сите девојчиња и жени. Чудесната жена многу добро знае која е и каква е и не прифаќа ништо помалку од она што го заслужува. Тоа е нешто што многу девојки го забораваат во денешно време, па затоа одвреме-навреме им треба мало потсетување. Моќната Дијана не само што ќе ви ја зголеми самодовербата, туку и ќе ви даде надеж за идните генерации. Прочитајте ги следниве цитати од Вондер Вуман што ќе ве инспирираат да станете вистински суперхеројки…rnrnЦитати од Вондер Вуман што ќе ги инспирираат сите жени да станат суперхеројкиrn

    За потрагата по луѓето кои ве заслужуваат

    rn

    „Бидете внимателни со луѓето. Тие не ве заслужуваат.“

    rn

    За одбраната на светот

    rn

    „Ако никој друг нема да го брани светот, тогаш јас ќе морам да го сторам тоа.“

    rn

    За доброто и злото

    rn

    „Порано сакав да го спасам светот, да им ставам крај на војните и да му подарам мир на човештвото. Но, тогаш ја забележав темнината што живее во неговата светлина. Научив дека во секој човек постојат и двете. Секој мора сам да го направи својот избор и тоа е нешто што ниту еден херој не може да го победи.“

    rn

    За вербата во љубовта

    rn

    „Важно е тоа во кое верувате. А јас верувам во љубов. Само љубовта може навистина да го спаси светот.“

    rn

    За борбата за другите

    rn

    „Ќе се борам за оние кои не можат да се борат самите.“

    rn

    За значењето на мажите

    rn

    „Кога станува збор за размножување, мажите се од големо значење, но не се потребни за доживување задоволство.“

    rn

    За должноста во животот

    rn

    „Наша света должност е да го одбраниме светот.“

    rn

    За борбата

    rn

    „Борењето нема да ве направи херои.“

    rn

    За ветувањата

    rn

    „Договорот е ветување, а ветувањето е некршливо.“

    rn

    За личните битки

    rn

    „Сите водат свои сопствени битки исто како што вие ги водите вашите.“

    rnДоколку ви се допаднаа овие мисли, прочитајте ги и следниве моќни и инспиративни феминистички цитати од познати жени.

  • До сите дипломци: Инспиративни цитати за љубовта кон животот, созревањето и соништата

    До сите дипломци: Инспиративни цитати за љубовта кон животот, созревањето и соништата

    Доколку штотуку ја земавте факултетска диплома можеби мислите дека сте завршиле со учење, но вистината е дека постојат уште толку многу работи што треба да ги дознаете. Крајот на образованието не го означува и крајот на учењето. Следниве инспиративни цитати ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот пат, ќе ве поттикнат да ги проширите хоризонтите и ќе ве охрабрат да ги следите вашите соништа…rnrnДо сите дипломци: Инспиративни цитати за љубовта кон животот, созревањето и соништатаrn

    „Следете го вашиот сон. Тој ќе ве одведе до смислата на вашето постоење.“ – Опра Винфри

    rn

    „Постојано ќе паѓате, но на светот не му е грижа колку падови имате сѐ додека нивниот број е помал од оној на вашите станувања.“ – Ерон Соркин

    rn

    „По 20 години ќе бидете поразочарани од работите што не сте ги направиле отколку од оние што сте ги направиле.“ – Марк Твен

    rn

    „Не ни треба магија за да го смениме светот, ние веќе ја носиме моќта што ни треба длабоко во себе. Имаме сила за да замислуваме подобар живот.“ – Џ. К. Роулинг

    rn

    „Бидете храбри. Преземајте ризици. Ништо не може да го замени искуството.“ – Пауло Коелјо

    rn

    „Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“ – Елеонор Рузвелт

    rn

    „Давајте сѐ од себе додека не станете попаметни. Кога ќе станете попаметни, бидете подобри.“ – Маја Ангелоу

    rn

    „Имате мозок во главите. Имате стапала во чевлите. Можете да се движите во која насока сакате. Препуштени сте сами на себе. Го знаете она што го знаете. Вие сте тие кои одлучуваат каде ќе одите.“ – Доктор Сус

    rn

    „Единственото место каде што се постигнува успех пред да се вложи труд се наоѓа во речникот.“ – Видал Сасун

    rn

    „Потребна е храброст за да созреете и да станете она што навистина сте.“ – Е. Е. Камингс

    rnПрочитајте ги и овие цитати за сите апсолвенти кои ќе ве потсетат дека можете да го промените светот.

  • Иронични цитати за сите луѓе кои ги мразат инспиративните цитати

    Иронични цитати за сите луѓе кои ги мразат инспиративните цитати

    Интернетот е секојдневно преплавен со инспиративни цитати и мотивациони говори кои би требало да ни го подигнат расположението и да ни ја зголемат самодовербата. Меѓутоа, понекогаш се претерува со овој лажен оптимизам, па сосема разбирливо е тоа што постојат толку многу скептици кои ги мразат инспиративните цитати. Доколку и вие сте едни од нив, тогаш сигурно ќе се пронајдете во следниве иронични и крајно неинспиративни цитати…rnrnИронични цитати за сите луѓе кои ги мразат инспиративните цитатиrn

    „Најдобрите нешта во животот се всушност навистина многу скапи.“

    rn

    „Сѐ е за никаде и сите се глупави.“

    rn

    „Немојте да ги мразите луѓето поради тоа како изгледаат однадвор. Мразете ги поради тоа колкави кретени се однатре.“

    rn

    „Јадете како да нема кој да ве види голи.“

    rn

    „Бидете тоа што сте. И онака никој друг не сака да биде како вас.“

    rn

    „Ако не успеете по првиот обид, веројатно никогаш нема да успеете.“

    rn

    „Уживајте во убавите моменти, бидејќи сигурно ќе се случи нешто ужасно во брзо време.“

    rn

    „Вежбањето е одличен начин за да изгледате привлечно додека полека се приближувате кон смртта.“

    rn

    „Ако се мразите себеси, запаметете дека не сте сами. Има и други луѓе кои ве мразат.“

    rn

    „Единствениот начин да ја спасите планетата Земја е да престанете да создавате нови луѓе.“

    rn

    „Ако продолжите да ги следите вашите соништа, тие ќе побараат забрана за приближување.“

    rn

    „Вистинска љубов е кога двајца луѓе си ги спуштаат критериумите на исто ниво.“

    rn

    „Луѓето се супер, сѐ додека не ги запознаете.“

    rn

    „Ако напишете инспиративен цитат во описот на вашето селфи, никој нема да ја забележи вашата нарцисоидност.“ – Ганди

    rnДоколку ви се допаднаа изреките со доза иронија во нив, прочитајте ги и овие урнебесно смешни цитати.

  • Инспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразата

    Инспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразата

    Ели Визел е еден од најзначајните луѓе кои некогаш постоеле. Тој бил писател, професор, политички активист и добитник на Нобелова награда кој го преживеал холокаустот. Тој успеал да го долови ужасот на холокаустот на таков начин што предизвикал сочувство и емпатија кај сите луѓе ширум светот. Нема сомнеж дека неговите искуства оставиле голем белег во историјата на човештвото. Во таа чест, прочитајте ги неговите инспиративни цитати за мирот, толеранцијата и омразата…rnrnИнспиративни цитати од нобеловецот Ели Визел за мирот, толеранцијата и омразатаrn

    „Мора да одбереме страна. Неутралноста му помага на поробувачот, но никогаш на жртвата. Молкот го охрабрува мачителот, но никогаш маченикот.“

    rn

    „Човек што мрази одредена група, ќе почне да ги мрази сите, а на крајот ќе се замрази и самиот себе.“

    rn

    „Спротивно на љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.“

    rn

    „Можеби ќе има периоди кога ќе бидеме немоќни да ја спречиме неправдата, но никогаш не смееме да заборавиме да протестираме.“

    rn

    „Ниту една човечка раса не е супериорна, ниту една вера не е инфериорна. Сите колективни осуди се погрешни. Само расистите ги практикуваат.“

    rn

    „Човештвото мора да запамети дека мирот не е Божји дар. Мирот е подарок што меѓусебно треба да си го даруваме.“

    rn

    „Кога човек не е благодарен, нешто недостасува во неговото или нејзиното човештво. Човекот може да се дефинира според неговиот или нејзиниот став кон благодарноста.“

    rn

    „Пријателството го обележува животот многу подлабоко од љубовта. Кај љубовта постои ризик да премине во опсесија, а пријателството никогаш не е ништо повеќе од споделување искуства.“

    rn

    „Човечките суштества треба да бидат одговорни сами за себе. Оставете го Господ на мира. Тој си има доволно проблеми.“

    rn

    „Исто како што очајот се пренесува од едно на друго човечко суштество, така и надежта може да се пренесе само од човек на човек.“

    rn

    „Ако не го пренесете искуството, тоа е исто како да сте го изневериле.“

    rn

    „Кога ќе донесете живот на овој свет, мора да го заштитите. Мора да го заштитиме со тоа што ќе го промениме светот.“

    rn

    „Понекогаш, во некои благородни моменти, зборовите можат да вредат исто толку колку и делата.“

    rn

    „Да бев сам на светов, ќе имав право да одберам очај и самотија. Ама не сум сам.“

    rn

    „Во кое било општество, фанатиците не ме мразат само мене, ве мразат и вас исто така. Тие ги мразат сите.“

    rn

    „Религијата не ја претставува врската меѓу човек и Бог, туку врската меѓу луѓето.“

    rn

    „Повеќето луѓе мислат дека сенките ги следат, ги водат или ги опкружуваат суштествата и предметите. Вистината е дека тие исто така ги опкружуваат зборовите, идеите, желбите, делата, чувствата и сеќавањата.“

    rn

    „Секаде каде што мажите и жените се прогонувани поради нивната раса, религија или политички убедувања, тие места, во тој момент, мора да станат центар на универзумот.

    rnВо продолжение прочитајте ги и овие цитати од Мајка Тереза кои ќе ви помогнат да станете подобри луѓе.

  • Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважно

    Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважно

    Празниците полека пристигнуваат и тоа значи дека ве очекуваат многу фамилијарни собири и средби што понекогаш знае да биде стресно. Можеби ваквите настани ви се здодевни и подготвени сте да сторите сѐ само за да ги одбегнете, но сепак не треба да заборавите на суштинските вредности. Би требало да се сметате себеси за многу среќни доколку имате семејство што ве сака и се грижи за вас. Овие прекрасни цитати ќе ве потсетат зошто семејството секогаш треба да ви биде приоритет…rnrnИнспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважноrn

    „Семејствата се како гранки од дрво. Растат во различна насока, но имаат ист корен.“

    rn

    „Семејството е добитна комбинација на хаос и љубов.“

    rn

    „Моето омилено место е онаму каде што сме заедно.“

    rn

    „Кога го сакате она што го имате, тогаш имате сѐ што ви е потребно.“

    rn

    „Најдете го вашето племе и сакајте го силно.“

    rn

    „Денешните убави моменти стануваат утрешни скапоцени сеќавања.“

    rn

    „Семејството не го сочинуваат само луѓето со кои сте крвно поврзани. Го сочинуваат и луѓето во вашиот живот кои сакаат да ве имаат во нивниот. Луѓето кои ве прифаќаат такви какви што сте. Луѓето кои би сториле сѐ за да ве видат насмеани и кои безусловно ве сакаат.“

    rn

    „Да се има семејство значи да се биде дел од нешто прекрасно. Тоа значи дека ќе сакате и ќе бидете сакани до крајот на вашиот живот без оглед на сѐ.“

    rn

    „Не е важно колку е голема куќата, туку колку е среќен домот.“

    rn

    „Не бевме свесни дека создаваме сеќавање. Ние само знаевме дека се забавуваме.“

    rnИнспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважноrn

    „Колку постари станувате, толку повеќе ќе го разбирате значењето на приватноста и негувањето на вашиот близок круг во кого треба да им дозволите влез само на одредени луѓе. Можете да бидете отворени, искрени и директни и истовремено да разбирате дека не заслужуваат сите место во вашиот живот.“

    rn

    „Постојат два подарока што треба да им ги дадете на вашите деца. Едниот е вашите корени, а другиот вашите крилја.“

    rn

    „Домот не е место, туку чувство.“

    rn

    „Треба да бидете благодарни за сите проблематични луѓе во вашиот живот. Тие ви покажуваат какви луѓе не треба да бидете.“

    rn

    „Љубовта најдобро расте во мали куќи каде собите се поделени со помалку ѕидови. Во местата каде што јадете и спиете блиску едни до други и не можете да не комуницирате. Доколку постоеја повеќе соби меѓу вас, замислете колку работи би пропуштиле. Љубовта најдобро расте во ваквите куќи.“

    rn

    „Сите сме по малку скршени. Но, она што треба да го сфатите е дека и скршените боички бојат на ист начин.“

    rn

    „Се карате со луѓето кои најмногу ви значат, бидејќи вреди да се борите за тие врски.“

    rn

    „Не се плашите да бидете свои со луѓето кои ви се најважни, бидејќи знаете дека тие ќе ве сакаат без оглед на сѐ.“

    rn

    „Вашиот дом нека биде место каде што пријателите ќе се дружат, семејството ќе се собира, а љубовта ќе расте.“

  • Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа

    Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа

    Сите имаат соништа и амбиции. Можеби сакате да напредувате во вашата кариера, да патувате околу светот или да пронајдете вистинска љубов. Но, понекогаш навистина е тешко да се претворат тие соништа во реалност. Соништата се сепак само соништа и не мора да значи дека ќе ги оствариме по секоја цена.rnrnИнспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништаrnrnВерувале или не, соништата навистина се остваруваат, но само доколку ги следите. Понекогаш сѐ што ви треба е малку мотивација за да го направите првиот чекор. Можете да најдете инспирација од многу различни места, но денес вашиот поттик нека бидат овие инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа… – rn

    „Ако можете да го сонувате, можете и да го направите.“ – Волт Дизни

    rn

    „Не мора да ги видите сите скалила за да го направите првиот чекор.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор

    rn

    „Променете го животот денес. Не коцкајте се со иднината, дејствувајте денес, без одложување.“ – Симон де Бовоар

    rn

    „Верувајте дека можете и веќе сте на половина пат до успехот.“ – Теодор Рузвелт

    rn

    „Најчестиот начин на кој луѓето се откажуваат од нивната моќ е размислувањето дека немаат никаква моќ.“ – Алис Вокер

    rn

    „Паднете седум пати, но станете осмиот пат.“ – Јапонска поговорка

    rn

    „Движете се самоуверено во насока на вашите соништа. Живејте го животот што отсекогаш сте си го замислувале.“ – Хенри Дејвид Торо

    rn

    „Не може да паднете ако не се качувате. Но, нема задоволство од животот поминат само на земја.“ – Непознат автор

    rn

    „Ограничувањата постојат само во нашиот ум. Но, ако ја користиме нашата имагинација, можностите ќе станат безгранични.“ – Џејми Паолинети

    rn

    „Никогаш не е предоцна да станете она што сте можеле да бидете.“ – Џорџ Елиот

    rn

    „Сонувајте на големо и не плашете се од неуспехот.“ – Норман Вон

    rn

    „Дејството е основниот клуч за успехот.“ – Пабло Пикасо

    rnИнспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништаrn

    „Смислата на животот не е да се пронајдете себеси. Смислата на животот е да се создадете себеси.“ – Џорџ Бернард Шо

    rn

    „Целта е сон со краен рок.“ – Наполеон Хил

    rn

    „Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“ – Елеонор Рузвлет

    rn

    „Држете се цврсто до вашите соништа, бидејќи ако соништата умрат, животот ќе стане една птица со скршени крилја што не може да лета.“ – Ленгстон Хјуз

    rn

    „Колку повеќе дејствувате, толку повеќе работи ќе можете да направите.“ – Лусил Бол

    rn

    „Сонувајте како да ќе живеете вечно, живејте како да ќе умрете денес.“ – Џејмс Дин

    rn

    „Можноста дека соништата ќе се остварат е таа што го прави животот интересен.“ – Пауло Коелјо

    rn

    „Никогаш нема да бидете премногу стари за да си поставите нова цел или за да сонувате нов сон.“ – К. С. Луис

    rn

    „Никогаш не се откажувајте од вашите соништа само затоа што ќе ви треба повеќе време за да ги остварите. Времето си минува како и да е.“ – Непознат автор

    rn

    „Нишанете кон месечината. Ако ја утнете, можеби ќе погодите некоја ѕвезда.“ – В. Клемент Стоун

    rn

    „За да постигнеме големи нешта, не треба само да дејствуваме, туку и да сонуваме. Не треба само да планираме, туку и да веруваме.“ – Анатол Франс

  • Инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да ја внесете потребната промена во животот

    Инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да ја внесете потребната промена во животот

    Сите се плашиме од промени иако знаеме дека тие се добри за нас. Времето лета. Веќе измина повеќе од половина од годината. Како да беше вчера кога правевме планови за новата 2016-та година од типот да се храниме здраво, да вежбаме, да читаме повеќе, повеќе да се трудиме на работа и слично. Колку од тие планови имате остварено? Веројатно многу малку. И секоја година се случува истото. Зошто е тоа така? Најпростото објаснување е дека животот е таков. Наидуваме на постојани пречки на патот поради што забораваме на нашите приоритети, а понекогаш се случуваат непредвидени ситуации за кои не можеме да бидеме подготвени. Тоа е сосема нормално и не треба да се чувствувате лошо. Има уште 4 месеци до крајот на годината за да ги реализирате направените планови. Сѐ што ви треба е малку мотивација. Лесно е да се најде мотивација, но многу потешко е да се задржи истата. Можете да си купите нов убав бележник, можете да го исполните телефонот со потсетници и аларми или едноставно да го замолите вашиот најдобар пријател да ви кажува по некој мотивирачки збор одвреме-навреме кога ќе се обесхрабрите.rnrnИнспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да ја внесете потребната промена во живототrnrnСите имаме една голема цел која сакаме да ја оствариме до крајот на годината, но речиси секогаш ја оставаме за наредната година. Вашиот изговор сигурно гласи: „Немам мотивација сега тоа да го правам!“ и тоа звучи уверливо, но што ако само се плашите од промена? Можеби го одложувате аплицирањето за нова работа или посетата во салата за вежбање затоа што вака сте свикнале да живеете и вака ви е удобно. Но, запрашајте се дали сте навистина среќни. Нема ништо лошо во тоа да се биде исплашен, но тој страв може да ве спречи да станете личноста која сакате да бидете, а тоа е многу штетно за личниот развој. Следниве инспиративни цитати ќе ве поттикнат да почнете да работите на остварувањето на вашите цели и ќе ви ја дадат потребната мотивација…rn

    Никогаш не е доцна да ја смените насоката во која се движите

    rn

    „Не е важно колку далеку сте стигнале на погрешниот пат, бидејќи секогаш можете да се вратите назад.“

    rn

    Секој ден стремете се кон тоа да ги постигнете вашите цели

    rn

    „Запрашајте се дали тоа што го правите денес ве носи поблиску до она што сакате да бидете утре.“

    rn

    Не ги мешајте работите

    rn

    „Запрашајте се: Дали сте навистина среќни или само ви е удобно онаму каде што сте?“

    rn

    Нема ништо полошо од тоа самите да си ја уништувате можноста да бидете среќни

    rn

    „Развојот е болен. Промената болна. Но, ништо не е поболно од тоа да останете заглавени некаде каде што не припаѓате.“

    rn

    Дури и најмалите чекори прават разлика

    rn

    „Не е важно колку бавно се движите сѐ додека не застанете.“ – Конфучие

    rn

    Потребно е време за да се направи промена

    rn

    „Не размислувајте за тоа што може да се случи за еден месец. Не размислувајте за тоа што може да се случи за една година. Фокусирајте се на 24-те часа пред вас и направете сѐ што можете за да се приближите до крајната цел.“

    rnИнспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да ја внесете потребната промена во живототrn

    Никогаш нема да бидете целосно подготвени за најважните моменти во животот

    rn

    „Ако чекаме да дојде времето кога ќе бидеме подготвени, ќе чекаме до крајот на животот.“ – Лемони Сникет

    rn

    Никогаш не се откажувајте од она што најмногу ви значи

    rn

    „Бидете тврдоглави кога се работи за вашите цели и флексибилни кога се работи за вашите методи.“

    rn

    Најдобрите делови од животот се надвор од вашата зона на удобност

    rn

    „Најубавите нешта никогаш не потекнуваат од удобните зони.“

    rn

    Ве очекуваат толку многу прекрасни работи

    rn

    „Вашиот живот содржи многу поглавја. Немојте да се изгубите во оние каде што сте сега.“

    rn

    Секогаш гледајте напред кон иднината

    rn

    „Тајната на промената лежи во тоа да ја насочите целата ваша енергија не во борбата со старото, туку во изградбата на новото.“ – Сократ

  • Инспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и жената

    Инспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и жената

    Леонард Коен е канадски музичар, поет и текстописец познат по неговото поетско творештво кое говори за религијата, осаменоста, меланхолијата и сложените меѓучовечки односи. Во 2008 година тој бил примен во Рокенрол куќата на славните поради неговиот статус на „најголем и највлијателен меѓу текстописците“. Во продолжение прочитајте некои од неговите најславни цитати за животот, поезијата и жената…rnrnИнспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и женатаrn

    „Жената со тешкотија внимава на своето тело, како да се работи за некој недоверлив сојузник во битката за љубов.“

    rn

    „Дејствувајте како личноста која би сакале да бидете и наскоро такви и ќе станете.“

    rn

    „Јас не се сметам за песимист. Според мене песимист е некој кој го чека дождот. Јас се чувствувам како да сум целиот мокар.“

    rn

    „Песимисти се луѓето кои носат чадор и кога нема трага од облаци.“

    rn

    „Нека судиите потајно почувствуваат недостаток од правда: Нивните одлуки ќе бидат построги. Нека генералите потајно почувствуваат недостаток од триумф: Убивањето ќе биде озлогласено. Нека свештениците потајно почувствуваат недостаток од вера: Нивното сочувство ќе биде искрено.“

    rn

    „Поезијата е само доказ за животот. Ако вашиот живот горел добро, поезијата е само пепелта.“

    rn

    „Ниту една жена не е толку убава за да не сака нејзината убавина да биде опеана во стихови.“

    rn

    „Поимот клиничка депресија денес премногу често се појавува во разговорите. Човек би помислил дека се случила катастрофа во областа на психологијата.“

    rn

    „Во сѐ постои пукнатина, на тој начин се пробива светлината.“

    rn

    „На секој народ земјата му е условно дадена. Без разлика дали луѓето се свесни за тоа или не, постои договор над уставот, над гарантираната сувереност и над најголемите соништа на нацијата за самоостварување.“

    rn

    „Кога сѐ ви тргнало наопаку, подигнете ја чашата, тропнете со стапалата и заиграјте. Тоа е сѐ што можете да направите.“

    rn

    „Децата ги покажуваат нивните лузни како да се медали. Љубовниците ги користат како тајни кои треба да бидат откриени. Лузната се случува кога зборот се материјализира.“

  • Инспиративни цитати кои ќе направат да се чувствувате прекрасно

    Инспиративни цитати кои ќе направат да се чувствувате прекрасно

    Социјалните мрежи и медиумите се преплавени со девојки кои изгледаат совршено и поставуваат недостижни идеали за убавина. Поради тоа голем број млади девојки се чувствуваат несигурни во себе и не се сметаат за доволно убави. Вистината е дека секоја девојка е прекрасна на свој начин и што побрзо го сфати тоа, тоа побрзо и другите ќе ја забележат нејзината убавина. Доколку чувствувате дека ви недостасува самодоверба, прочитајте ги следниве инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да го промените вашиот став и да ја согледате вашата уникатна убавина…rnrnИнспиративни цитати кои ќе направат да се чувствувате прекрасноrn

    „Никој не може да направи да се чувствувате инфериорни без ваша согласност.“ – Елеонор Рузвелт

    rn

    „Најубавата работа што можете да ја носите е вашата самодоверба.“ – Блејк Лајвли

    rn

    „Понекогаш луѓето се убави. Не поради изгледот. Не поради тоа што го кажуваат. Туку едноставно поради тоа што се.“ – Марк Зузак

    rn

    „Најубавите луѓе што ги знаеме се оние кои се соочиле со пораз, страдање, борба, загуба и успеале да го најдат излезот од длабочините на тагата. Овие луѓе знаат да го ценат, чувствуваат и разбираат животот и тоа ги исполнува со сочувствување, нежност и искрена грижа. Убавите луѓе не се појавуваат туку-така.“ – Елизабет Кублер-Рос

    rn

    „Убавината е поврзана со она што го чувствувате внатре, и тоа се покажува во вашите очи. Не се работи за нешто физичко.“ – Софија Лорен

    rn

    „Среќните девојки се најубави.“ – Одри Хепберн

    rnИнспиративни цитати кои ќе направат да се чувствувате прекрасноrn

    „За мене убавината значи да се чувствуваш удобно во сопствената кожа. Тоа, или опасен црвен кармин.“ – Гвинет Палтроу

    rn

    „Убавината е реалноста видена низ очите на љубовта.“ – Евелин Андерхил

    rn

    „До сите девојки кои мислат дека се дебели затоа што немаат 50 килограми: Вие сте убавите. Општеството е грдо.“ – Мерилин Монро

    rn

    „Клучот за убавината е секогаш да го гледате оној кој вистински ве сака.“ – Џулија Робертс

    rn

    „Никогаш не дозволувајте некој да ви вели дека не можете да бидете токму она што сте.“ – Лејди Гага

    rn

    „Убавината е кога можете да се цените себеси. Кога се сакате себеси, тогаш сте најубави.“ – Зои Кравиц