Сите по малку им се радуваме на ниските температури бидејќи не секогаш сакаме да се средуваме кога можеме да сокриеме сè под слоевите облека. Сепак, еден дел од телото постојано останува видлив, па треба и постојано да го средуваме.rnrn
rnrnСе разбира, станува збор за ноктите. Благодарение на социјалните мрежи и на Интернетот можете да пронајдете безброј инспирации. Веројатно веќе имате забележано дека „главни“ се потемните нијанси, но секогаш можете да додадете циркони, светки и некои геометриски фигури. Ако сè уште немате идеја за вашиот есенски маникир, овие фотографии сигурно ќе ве инспирираат.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете и некои од тренди есенските парчиња облека што го преплавија Инстаграм.
Tag: инспирација
-

10 идеи за маникир што ќе бидат хит оваа есен
-

12 нешта што треба да ги гледате како ваши предности, а не како недостатоци
Денес често ќе слушнете дека треба да бидете силни, да не им верувате на сите, дека не сите заслужуваат прошка… Но, всушност овие нешта не се толку лоши. Сосема во ред е да плачете и за најмали работи, да правите грешки и да им простувате на сите. Погледнете кои нешта се всушност вашите силни страни, а не вашите недостатоци.rnrn
rn1. Ранливост
rnПлачењето пред другите и слободното искажување на емоциите не значи дека сте послаби од луѓето околу вас, туку токму спротивното. Потребна е храброст за директно да се соочите со вашите емоции наместо да ги потиснувате длабоко во себе. Треба да бидете горди на вашата ранливост и да ја прифатите.rn
2. Претерано грижење
rnИако поради ова често сте повредени, никогаш не треба да ви биде срам од тоа што сте грижлива и добра личност. Би требало да се грижите за доброто на другите. Би требало да знаете дали саканите се во ред. Би требало да се грижите за нешто повеќе од себе. Не е погрешно премногу да се грижите. Грешка прават другите луѓе што ја свртуваат нивната глава.rn
3. Лесно приврзување
rnИако можеби ова ви го скршило срцето веќе неколку пати, тоа значи дека го гледате најдоброто кај сите. Го носите вашето срце на дланка и без страв се впуштате во непознатото.rn
4. Давање комплименти
rnМногу луѓе самите се цензурираат за не изгледаат како премногу приврзани за некого. Но не и вие, вие сте автентични. Вие сте полни со ентузијазам. Вие правите другите да се чувствуваат добро бидејќи никогаш не штедите на комплименти. Вие ја ширите љубовта наместо да ја пригушувате.rn
5. Високи очекувања
rnСекогаш се притискате да направите повеќе. Секогаш се движите напред. Никогаш не сте задоволни онаму каде што сте, па поради тоа сте во постојан развој.rn
6. Интровертност
rnКолку повеќе време минувате сами, толку подобро ќе се познавате. Ова е еден од најважните чекори за достигнување на саканиот успех во љубовта и кариерата.rn
7. „Прегласно“ љубење
rnНекои луѓе никогаш нема да го ценат сето она што го правите за нив, но вистинската личност ќе се чувствува посебно што ве има во нејзиниот живот. Таа ќе го сака вашето меко срце и со гордост ќе ве покажува на другите.rn
8. Желба за учење
rnМожеби како мали правеле шеги на ваша сметка бидејќи сте биле бубалица, но сега вие сте тој што се шегува. Гордејте се со вашата интелигенција.rn
9. Простување
rnПонекогаш им простувате на погрешните луѓе. Понекогаш не требало да дадете втора шанса. Но, вашата волја да простувате е нешто навистина добро бидејќи така ќе научите да си простите и самите на себе. Можете да се разделите од вашето мрачно минато и да продолжите кон светлата иднина.rn
10. Мал круг пријатели
rnВие сакате квалитет наместо квантитет. Имате само неколку пријатели, но тие би направиле сè за вас. Тие се пријатели што ќе ве поддржуваат и охрабруваат да го постигнете вашиот вистински потенцијал.rn
11. Транспарентност
rnНе треба да сакате да бидете личност која го лаже светот и се лаже себеси. Добро е што сте отворени. Добро е што сте искрени за вашите желби и соништа.rn
12. Необичност
rnВие сте уникатни. Вие сте единствени. Вие не сте здодевни и предвидливи. Вие сте навистина убава и неверојатна личност.rnrnДали знаете кои „лоши“ карактерни особини можат да бидат добри за вас?
-

19 цитати од Џ. Д. Селинџер што ќе ве импресионираат и инспирираат
Џером Дејвид Селинџер бил американски писател, најмногу познат по неговата новела „Ловец во ржта“ (Catcher in the Rye). Селинџер се вљубил во литературата и пишувањето уште додека бил многу млад, но бидејќи татко му не го поддржувал во неговата страст, пишувал кратки приказни навечер, криејќи се под неговото ќебе.rnrn
rnrnИако не му се допаѓало формалното образование, Селинџер одел на универзитетите во Њујорк и Колумбија, а потоа решил целото свое време да го посвети на пишување. Тој сакал неговите дела да бидат прочитани од многумина, но сепак Селинџер останува мистерија. По издавањето на „Ловец во ‘ржта“ авторот се справувал со непосакувано внимание и секогаш се обидувал да се држи настрана од оние кои сакале да ѕиркаат во неговиот приватен живот. Прочитајте некои од неговите најдобри цитати.rn„Мислам дека еден ден ќе треба да сфатите каде сакате да одите. И потоа да почнете да се движите во таа насока. Но веднаш. Не можете да си дозволите да изгубите ни минута.“
rn
„Знакот за незрел маж е тоа што сака да умре благородно со причина. Знакот за зрел маж е тоа што сака да живее скромно со причина.“
rn
„Не сакам само да ми се допаѓаат луѓето. Се молам да запознаам некој што ќе можам да го почитувам.“
rn
„Некои нешта треба да останат онакви какви што се. Треба да ги ставите во некоја голема кутија и да ги оставите на мира.“
rn
„Имам лузни на моите раце од допирање одредени луѓе. Одредени глави, одредени бои и текстури на човечка коса оставаат трајни белези на мене.“
rn
„Сите морони мразат кога ќе ги наречете морони.“
rn
„Смешно е. Сè што треба да направите е да кажете нешто што никој не го разбира и потоа сите ќе прават што и да им кажете.“
rn
„Сè уште постојат неколку мажи кои љубат очајно.“
rn
„Јас сум параноичен, ама обратно. Се сомневам дека луѓето сакаат да ме направат среќен.“
rn
„Кој сака цветови откако ќе умре? Никој.“
rn
„Стапете во брак со некој којшто се смее на истите нешта како и вие.“
rn
„Здосадено ми е од егото. И од моето и од егото на сите.“
rn
„Таа не правеше ништо што можев да видам, само стоеше навалена на балконот и го држеше универзумот во целост.“
rn
„Ако направите нешто премногу добро, по некое време, ако не внимавате, ќе почнете да се фалите. Тогаш ќе престанете да бидете толку добри.“
rn
„Ако девојката изгледа неверојатно кога ќе се сретнете, што има врска што доцнела?“
rn
„Проклети пари. Секогаш ве прават неверојатно тажни.“
rn
„Луѓето ракоплескаат од погрешни причини.“
rn
„Фактот е секогаш очигледен многу подоцна, но најголемата разлика помеѓу среќата и радоста е тоа што среќата е тврда, а радоста течна.“
rn
„Не знам од каква корист ви е да знаете толку многу и да бидете паметни ако сето тоа не ве прави среќни.“
rnПрочитајте ги и цитатите од Маргарет Атвуд коишто ќе го разбудат писателот во вас.
-

16 цитати од Енди Ворхол што ќе ви помогнат да најдете вредност во секој момент од животот
Талентираниот Енди Ворхол бил роден на 6-ти август, 1928-ма година и се смета за еден од најуспешните и најплатените комерцијални илустратори во Њујорк. Ворхол го добил првиот час по цртање од мајка му кога имал 8 години. Откако добил хореја, невролошко нарушување карактеризирано со неконтролирани движења, Енди неколку месеци бил заробен во кревет, па цртањето му станало омилена активност за бегство.rnrn
rnrnВo доцните 50-ти, Енди го посветил неговото време на цртање и го смислил концептот поп-арт – нова форма на уметничко изразување со фокус на масовно произведените комерцијални добра.rnrnВеројатно имате слушнато за шишињата Кока-кола на Ворхол или портретите на познатите личности како Мерлин Монро, Елвис Присли, Елизабет Тејлор и Мик Џегер. Па, прочитајте неколку цитати од Енди Ворхол што ќе ви помогнат да најдете вредност во секој момент од вашиот живот.rn„Понекогаш малите нешта за кои мислите дека се ништо додека се случуваат, обележуваат цел период од вашиот живот.“
rn
„Луѓето би требало да се вљубуваат со затворени очи.“
rn
„Не е важно колку бавно се движите, сè додека не застанувате.“
rn
„Потребно е да им дозволите на малите нешта кои обично ви се здодевни, одеднаш да ве воодушеват.“
rn
„Веднаш штом ќе престанете да сакате нешто, ќе го добиете.“
rn
„Луѓето треба да бидат свесни за потребата да научат како да живеат, бидејќи животот е брз и понекогаш завршува пребрзо.“
rn
„Не ми е страв да умрам, само не сакам да бидам таму кога ќе се случи тоа.“
rn
„Луѓето се менуваат кога тие се подготвени за тоа. Никогаш не го прават тоа претходно, а понекогаш умираат пред воопшто да успеат.“
rn
„Најдоброто нешто кај една слика е тоа што никогаш не се менува, дури и кога ќе се променат луѓето на неа.“
rn
„Секогаш велат дека времето ги менува работите, но всушност вие самите треба да ги промените.“
rn
„Понекогаш луѓето му дозволуваат на истиот проблем да ги прави мизерни со години кога едноставно можат да кажат: ‘Па, што’. Тоа ми е едно од омилените нешта за кажување. Па што.“
rn
„Чекањето на нешто го прави повозбудливо.“
rn
„Секоја песна има сеќавање. Секоја песна има способност да ви го исполни или скрши срцето, да ви го затвори срцето и да ви ги отвори очите. Но, се плашам дека ако предолго гледате во нешто, тоа го губи целото значење.“
rn
„Додека вашиот живот се случува, нема никаква атмосфера сè додека не стане сеќавање.“
rn
„Не обрнувајте внимание на она што го пишуваат за вас. Само мерете го во инчи.“
rn
„Само затоа што луѓето фрлаат нешто и немаат никаква корист од тоа, не значи дека е ѓубре.“
rnПрочитајте ги и овие моќни цитати што ќе ви ја вратат вербата во себе.
-

10 цитати што ќе ве инспирираат да ги следите своите соништа и да остварите сè што сте наумиле
Дали чувствувате како да ви недостига мотивација? Можеби сте разочарани од нештата што моментално ви се случуваат на професионално поле, па целосно сте обесхрабрени дека ќе успеете? Или пак, заглавени сте во кариерата што сте ја почнале и сметате дека сте одбрале погрешна насока? Одвојте пет минути за да ги прочитате овие инспиративни цитати и поттикнете го вашиот мозок на размислување. Можеби токму овие зборови ви биле потребни за да ја најдете својата инспирација…rnrn
rn„Изберете работа што ја сакате и нема да треба да работите ниту еден ден во животот.“ – Конфучие
rnrn
„Вашата кариера ќе биде одбележана од ситуациите што сте успеале да ги совладате, а не од вашите успеси.“ – Карлтон Фиск
rnrn
„Работете за да станете некој, а не за да стекнете нешто.“ – Елберт Хабард
rnrn
„Откријте во што сте најдобри и потоа најдете некој што ќе ви плаќа да го работите токму тоа.“ – Кетрин Вајторн
rnrn
„Неуспехот не значи дека сте неуспешни. Тоа значи дека сè уште не сте успеале.“ – Роберт Х. Шилер
rnrn
„Најдобриот начин да ја предвидите иднината е истата самата да ја создадете.“ – Абрахам Линколн
rnrn
„Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурниот начин да успеете е да пробате уште еднаш.“ – Томас Едисон
rnrn
„Мислам дека сите треба да доживеат пораз барем еднаш во текот на својата кариера. Од него може многу да се научи.“ – Лу Холц
rnrn
„Сакам еден ден да се свртам и кога ќе ја погледнам мојата кариера да бидам горд на работата што сум ја направил и горд на себе затоа што сум пробал сè.“ – Џон Стјуарт
rnrn
„Желба! Тоа е единствената тајна за успешна кариера на секој човек. Не образование. Не поседување скриен талент. Желба.“ – Џони Карсон
rnПрочитајте ги и овие цитати од легендарниот Леонардо ДиКаприо кои ќе ве придвижат напред!
-

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство
Танчар, актер и музичар се најчестите професии од соништата кај децата. Но, само 6% од луѓето го следат она што ги инспирирало во детството. Со возраста луѓето стануваат прагматични и помалку ги слушаат своите желби. Но, постојат и оние кои навистина ги исполниле соништата од нивното детство.rn
1. Слабо девојче со силна волја
rn
rnrnЏенифер Брикер била родена без нозе и нејзините родители ја напуштиле. Подоцна била посвоена од семејството Брикер кое ја научило никогаш да не вели „Не можам“. Како дете Џенифер била навистина активна и се одлучила сериозно да се бави со гимнастика. На 11-годишна возраст таа го добила првото место на натпревар во Илиноис и четвртото место на Детските олимписки игри. Била фасцинирана од американската гимнастичарка Доминик Мосеану. На 16-годишна возраст открила дека нејзиниот идол е всушност нејзината постара сестра. Џенифер се сретнала со нејзиното биолошко семејство, била дел од турнеја на Бритни Спирс и напишала свои мемоари. Денес е акробат.rn2. Активистка за образование освои Нобелова награда
rn
rnrnМалала Јусaфзаи од Пакистан отсекогаш сакала да учи. Во 2009-та година кога таа имала 11 години напишала блог за ВВС во кој зборувала за нејзиниот живот под талибанскиот режим каде што училиштата се уништени, а на девојчињата им е забрането да посетуваат настава. Благодарение на нејзиниот активизам, во 2012-та година бил направен обид за атентат. Таа била застрелана во близина на училиштен автобус додека одела дома. Но, закрепнала и продолжила со нејзиниот активизам. Малала добила безброј награди, зборувала пред Обединетите нации, издала книга и се запознала со многу политичари. Таа го продолжува нејзиното образование и ја создала Организацијата Малала со цел да им помогне на женските деца да се образуваат. Во 2014-та година стана најмладиот добитник на Нобелова награда.rn3. Женски пожарникар
rn
rnrnРазликата помеѓу овие две фотографии е 17 години. Оваа девојка им нуди медицинска помош на жртвите во пожарот и вели дека без разлика на нејзиниот пол, морала да ги исполни физичките барања за да стане пожарникар.rn„Сега сум 4-та генерација пожарникари за истиот оддел во кој служеше татко ми. Јас сум 5-тата девојка во одделот.“
rn
4. Следете го вашиот план
rn
rnrn„Војна на ѕвездите“ го разбуди интересот за вселената кај многу деца. Александар Мисуркин е еден од нив. Кога имал 12 години, тој без сомнение знаел дека ќе стане астронаут. Направил план и го следел. Со цел да се доближи до својот сон тој почнал да посетува аероклуб. Потоа станал пилот, а 7 години подоцна се пријавил како кандидат за космонаут. Александар веќе има направено 2 лета во траење од 334 денови, 11 часа и 29 минути и има отидено надвор во вселената 4 пати.rn5. Не секој ден можете да го живеете сонот од детството
rn
rnrnОткако канадскиот хокеј играч Џон Таварес потпишал договор со Toronto Maple Leafs, тој објавил фотографија од неговото детство за да ги информира фановите за овој важен настан. Можете да забележите дека постелнината на фотографијата е покриена со името и логото на неговиот тим. Џон сакал да биде дел од овој тим уште од неговото детство, а на 27-годишна возраст неговиот сон станал реалност.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да го живеете најдобриот живот
Вашиот поглед кон животот е многу различен од оној на другите луѓе. Вам можеби ви е важна љубовта, додека на некои им е важно богатството или судбината. Без разлика како го гледате животот, сè се сведува на желбата да бидете среќни и исполнети. Сепак имаме само еден живот, па правете грешки, почнувајте одново, танцувајте, љубете и живејте. Искористете го максимумот од секој момент, а овие цитати ќе ве инспирираат да го направите токму тоа.rnrn
rnЦитати за задоволство
rn
„Сјајот на една топла мисла за мене вреди повеќе од пари.“ – Томас Џеферсон
rn
„Секој ден носи свои дарови.“ – Марко Аврелиј
rn
„Ако го гледате она што го имате во животот, секогаш ќе имате повеќе.“ – Опра Винфри
rn
„Секогаш едноставното е она што го произведува неверојатното.“ – Амелија Бар
rn
„Нема поголем дар што можете да го подарите или добиете од ценењето на вашиот повик. Тоа e причината што сте родени и начинот на кој ќе станете навистина живи.“ – Опра Винфри
rn
Цитати за важноста на вербата во себе
rn
„Штом ќе веруваме во себе, можеме да ризикуваме со љубопитност, чудење, спонтаност или кое било искуство што го открива човечкиот дух.“ – Е. Е. Камингс
rn
„Следете го вашето задоволство и универзумот ќе отвори врати онаму каде што имало ѕидови.“ – Џозеф Кампбел
rn
„Доволни сте онакви какви што сте.“ – Меган Маркл
rn
„Мојата мисија во животот не е само да преживеам, туку да напредувам.“ – Маја Анџелоу
rn
„Не е важно од каде сте дошле, важно е каде одите.“ – Ела Фицџералд
rn
„Ако не можам да правам големи нешта, можам да правам мали нешта на голем начин.“ – Мартин Лутер Кинг Џуниор
rn
Цитати за моќта на имагинацијата
rn
„Моќта на имагинацијата нè прави бескрајни.“ – Џон Муир
rn
„Еден молив и сон можат да ве однесат секаде.“ – Џојс Мајер
rn
Цитати за исполнување на соништата
rn
„Сè што ви е потребно се планот, мапата и храброста да тргнете кон вашата дестинација.“ – Ерл Најтингејл
rn
„Ајде сега да ја создадеме нашата иднина и ајде да ги направиме соништата утрешната реалност.“ – Малала Јусуфзаи
rn
„Живеам во можности.“ – Емили Диксон
rn
„Се будам полн со волја и енергија знаејќи за успехот кој се наоѓа пред мене.“ – Зане Греј
rn
„Тајната за успехот е постојаноста кон целта.“ – Бенџамин Дисраели
rn
„Никогаш не сте премногу стари за да поставите нова цел или да сонувате нов сон.“ – К. С. Луис
rn
Цитати за тајната на среќата
rn
„Среќата не е нешто што го одложувате за во иднина. Тоа е нешто што го дизајнирате за сегашноста.“ – Џим Рон
rn
„Среќата е пеперуга која кога ја бркате секогаш ви е надвор од дофат. Но ако седите мирно, можеби ќе слета на вас.“ – Натаниел Хортон
rn
„Среќата не е случајност, туку избор.“ – Џим Рон
rn
„Среќата често се провлекува низ врата која не сте знаеле дека сте ја оставиле отворена.“ – Џон Баримор
rn
„Не го наоѓате среќниот живот. Го создавате.“ – Камилија Ејринг Кимбол
rn
„Најистрошени денови се оние без смеа.“ – Е. Е. Камингс
rn
Цитати за добрината
rn
„Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно“ – Роналд Дал
rn
„Го добивате она што го давате.“ – Џенифер Лопез
rn
„Обидете се да бидете виножито во нечиј облак.“ – Маја Анџелоу
rnПродолжува на следната страница…rnrn
-

10 моќни причини зошто да почнете да ги следите вашите соништа
Можете да бидете толку многу зафатени што сметате дека воопшто не вреди да ги следите вашите соништа. Но пред да се откажете од себе и од она што сакате да го постигнете, имајте ги на ум овие причини зошто треба да ги следите вашите соништа.rnrn
rn1. Животот е краток
rnМинутите се претвораат во часови, часовите во денови. Дури да се свртите може да исчезне сè што имате. Една од најважните причини зошто треба да ги следите вашите соништа е тоа што животот е премногу краток за да не го направите тоа. Премногу луѓе го минуваат животот движејќи се во круг и прашувајќи се која е смислата. Одговорот е многу едноставен – следете ги вашите соништа. Размислете, поминувате 70, 80 години на оваа планета. Тоа е доволно за да сфатите што сакате и да почнете да го следите тоа. Немојте да го поминете целиот живот правејќи нешто што го мразите.rn
2. Направете го тоа за себе
rnСоништата секогаш изгледаат како тешки за достигнување, но токму поради тоа се наречени соништа. Нема чувство кое може да се спореди со радоста кога ќе го постигнете она што отсекогаш сте го сакале. Па, следете ги соништата за само една причина – вие. Направете го тоа бидејќи заслужувате да се чувствувате гордо и ги заслужувате само најдобрите нешта во животот.rn
3. Докажете им го спротивното на оние кои не ве поддржуваат
rnСоништата изгледаат недостижни бидејќи секогаш постојат луѓе кои ќе се сомневаат во вас и ќе ви велат дека никогаш нема да ги достигнете. Нема ништо пофрустрирачко од тоа да слушате како некој ви вели дека не можете да направите нешто. А ова ќе го слушате долг период од животот. Сепак тоа не значи дека треба да ги послушате овие луѓе и да се откажете од вашите соништа. Гледајте го секој темен период од животот како можност. Вратете се на нозе посилни од кога било порано.rn
4. Направете го за вашата среќа
rnСоништата доаѓаат во сите форми и големини. Можеби само сакате да постигнете некоја мала цел, како слабеење, или сакате да се најдете на листата на најбогати личности. Големи или мали, крајниот резултат секогаш ќе биде задоволително искуство. Да имате нешто што сте го сакале од мали е најдоброто чувство. Замислете да го правите тоа до крајот на вашиот живот, одново и одново. Да ја работите работата од соништата значи дека сте победиле во животот.rn
5. Никој нема да го направи тоа за вас
rnСледете ги вашите соништа бидејќи никој нема да ги следи за вас. Сакате да бидете следната Џ. К. Роулинг или Амелија Ерхарт? Тоа е одлично, но мора да се тестирате и напорно да работите за да стигнете до таму. Вашите ментори, колеги и пријатели не можат да ви помогнат ако вие не го водите движењето. Желбата треба да дојде од вас. Можете да побарате помош од другите, но тоа нема да го промени фактот дека вие треба да преземете нешто.rn
6. Работењето ќе стане поподносливо
rnСамо малкумина ја добиваат работата од соништата од прв обид. Повеќето се помируваат со здодевни работни места само колку да ги покријат нивните трошоци. Тоа е сосема во ред. Работата е дел од животот и не мора да се чувствувате заглавено бидејќи работите нешто што не сакате. Она што ќе ве мотивира е работењето на некој ваш проект настрана. Инвестирајте го слободното време во исполнување на соништата.rn
7. Имате потенцијал да заработите повеќе
rnСтрасните бизнисмени се поуспешни бидејќи имаат непресушен извор на ентузијазам. Можат да заработат повеќе бидејќи нема да се помират со помалку. Кога го живеете вашиот сон и правите сè што е во ваша моќ за да созреете како личност, она што го имате ќе го правите подобро. Многу е полесно да работите напорно за нешто што го сакате.rn
8. На луѓето им е потребна секојдневна инспирација
rnЗамислете си дека сте ги исполниле соништата и го живеете животот што го сакате. Можете да се вратите назад и да се сетите на личноста којашто сте биле и да се чудите на вашата способност да стигнете до овде. Ќе ги помните моментите кога сте биле изгубени и обесхрабрени. Околу вас постојат луѓе кои го чувствуваат тоа и продолжуваат да се сомневаат во себе. Луѓе кои се инспирирани, но сè уште не стигнале до нивната дестинација. Кога ќе ги исполните вашите соништа, ќе станете симбол за надеж за овие луѓе.rn
9. Ќе сретнете „сродни“ души
rnКако што ќе се одвива вашето патување, ќе среќавате луѓе кои се до истата фаза како вас. Ќе се среќавате со луѓе кои се подготвени да се откажат од сè за соништата. Кога ќе се најдете во друштво на „сонувачи“, ќе бидете оптимисти и за вашиот сон.rn
10. Ќе се чувствувате исполнето
rnЕдно од најважните прашања што си ги поставуваме е: „Што правам овде?“ Минуваме многу време обидувајќи се да сфатиме која е нашата улога во универзумот. Правејќи го она што го сакате ќе се чувствувате среќно, и најважно од сè – исполнето.rnrnАко навистина ви е потребна добра причина да ги следите вашите соништа, следете ги бидејќи си должите да бидете среќни до крајот на вашиот живот.rnrnОвие инспиративни цитати ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.
-

26 неверојатни фотографии кои ќе ви го одземат здивот
Помеѓу милионите слични фотографии можат да се најдат неколку кои заслужуваат да бидат наречени уметнички. Со талент, среќа и вештина, фотографите можат да создадат навистина магични дела. Овие фотографии сигурно ќе ве импресионираат, а можеби и ќе ве инспирираат и вие да се обидете да создадете ваше ремек-дело. Уживајте!rn
1. „Оваа ми е омилена и ми беше потребно долго да ја направам“
rn
rn2. Ледени пештери во Исланд
rn
rn3. Моментот пред
rn
rn4. „Мојата мачка и витраж“
rn
rn5. „Мојата девојка со огнена коса“
rn
rn6. По туширање
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Кафулиња во кои ќе се чувствувате како да сте во филм од Вес Андерсон
Овој режисер повеќе од две децении работи на развој на сосема нов суб-жанр на филмови, полни со меланхолија, неверојатна естетка, исклучително внимание на детали и внимателно одбрана алт-фолк музика. На тој начин и станал препознатлив во целата поп култура. Да го гледате светот од Андерсонова перспектива значи да уживате во екстремната симетрија и интензивните детали. Токму таа естетика се препознава во рестораните, кафулињата, дизајнот на кориците на книгите и во излозите. Додајте и малку пастелни бои, и веднаш делува како сцена од филм. А ако сакате да го почувствувате ова, тогаш следниве кафулиња се одличен избор за вас!rn
1. Café Bar Luce, Милано, Италија
rn
rnrnОва кафуле го зазема првото место на оваа листа бидејќи самиот Андерсон бил дизајнерот. Тој вели дека се трудел да го направи автентично и живописно место, односно кафуле во кое и самиот би сакал да ги поминува своите попладниња.rn2. The Budapest Café, Ченгду, Кина
rn
rnrnБудимпешта во Кина? Самото име на ова кафуле ни дава до знаење што можеме да очекуваме од ентериерот. Инспириран од Андерсоновиот филм Големиот хотел Будимпешта (Grand Budapest Hotel), тој е како портал што води во паралелен универзум.rn3. Pink Zebra, Канпур, Индија
rn
rnrnОвој простор се одликува со црни линии кои се преклопуваат со розови нијанси. И овој дизајн е инспириран од филмовите на Вес Андерсон, особено во однос на изборот на боите и прецизната симетрија – нешта што се како печат за режисерот.rn4. Café Congreso, Малолос, Филипини
rn
rnrnАко пиете кафе во ова кафуле, вие ќе се чувствувате како да седите во облак од розови шеќерни памуци. Целиот дизајн е со ретро вибрации, а тиркизните ѕидови и златните детали се само уште еден знак дека дизајнерот бил инспириран од познатиот Андерсон.rn5. Superbaba, Викторија, Канада
rn
rnrnОва кафуле на многу специфичен начин ги обединило Андерсоновата естетика со блискоисточната атмосфера. Ако сте некогаш во Канада, особено во градот Викторија, и сте големи љубители на стилот на овој режисер, тогаш дефинитивно не треба да го пропуштите ова место!rnrnПогледнете ги и овие 12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат!