КАФЕ ПАУЗА

Tag: инспирација

  • Погледнете зошто е одлично да бидете жена

    Погледнете зошто е одлично да бидете жена

    Дали некогаш сте посакале да си го смените местото со некој маж? Можеби го посакувате ова кога нивниот живот ви изгледа полесен, кога мислите дека мажите имаат помали очекувања и задоволни се со она што им се случува. Можеби мислите дека не се оптоварени со планирање, предвидување и неизвесност и можат да живеат целосно во сегашниот момент.rnrnПогледнете зошто е одлично да бидете женаrnrnДа бидете жена значи да се справувате со тешки задачи. Жените се мајки, љубовници, сопруги, домаќинки, уметници, со успешна кариера, пријателки, ќерки, и тоа сè одеднаш. Погледнете ги причините зошто е добро да бидете жена.rn

    Подобро бараат и даваат утеха

    rnЖените многу често ги решаваат проблемите со помош на разговор. Без проблем разговараат со пријателките, бараат помош и разбирање, а го даваат тоа кога некој ќе го побара од нив.rn

    Имаат посилен имунитет

    rnСпоред научниците, високото ниво на естроген им дава на жените сила во борбата против вирусите и бактериите, па тие имаат посилен имунитет. Поради ова жената може да се грижи за болниот маж и болното дете без да се разболи и самата.rn

    Од еволуциона гледна точка, жените многу напреднале

    rnАко погледнеме наназад кон историјата, жените станале поубави, понежни, пограциозни. Од друга страна, мажите не се промениле многу.rn

    Жените поретко остануваат без работа

    rnКога ќе изгубат работа, жените многу побрзо наоѓаат друга. Можеби нивната грижа за иднината и неизвесноста им помага да го направат ова.rn

    Поретко се дел од сообраќајни несреќи

    rnЖените поретко се учесници во сообраќајните несреќи и поретко ги предизвикуваат. Како возачи, тие се повнимателни и поодговорни.rn

    Шефицата е подобра од шефот, без разлика колку е строга

    rnБидејќи жените можат да слушаат и ги разбираат проблемите на нивните вработени, често се подобри шефови. Исто така тие брзо на наоѓаат решение и го спроведуваат ефикасно и најбрзо што можат.rn

    Повеќе зборуваат и се подобри во комуникацијата

    rnЖените зборуваат повеќе, поради што подобро се служат со зборовите и се подобри во комуникацијата. Во партнерските односи тие често иницираат разговор и настојуваат да покажат трпение и разбирање. Секогаш го одбираат вистинскиот момент за разговор и успеваат да ги избегнат расправиите и мирно да дојдат до решение.rn

    Подобро и побрзо се прилагодуваат на промените

    rnНикој не сака промени, особено не оние наметнатите. Но жените се способни да се прилагодат на промените што не ги барале, да се соочат со реалноста и да направат што можат за да се снајдат. Јасно им е дека на овој начин ќе си го олеснат целиот процес. Од друга страна на мажите им е потешко да прифатат кога немаат контрола над ситуацијата.rnrnПогледнете ги и жените кои предизвикаа вистинска бура на Интернет и покажаа колку се моќни.

  • 20 потсетници што ви се потребни кога сакате да се откажете

    20 потсетници што ви се потребни кога сакате да се откажете

    Секој барем еднаш ќе се соочи со тешкотии во животот. Во овие периоди лесно е да ја заборавите големата слика и да мислите дека за вас нема надеж. Сметате дека единственото нешто што ви останува е да се откажете. Но кога ќе се најдете во таква состојба, секогаш сетете се на следниве работи.rnrn20 потсетници што ви се потребни кога сакате да се откажетеrnrn1. Секогаш гледајте колку многу сте поминале, наместо уште колку треба да поминете. Сè додека продолжите да се движите, ќе стигнете таму каде што треба да бидете.rnrn2. Не обрнувајте премногу внимание на она што другите ви го кажуваат или го мислат за вас. Верувајте им само на неколкуте блиски пријатели кои вистински ве познаваат.rnrn3. Немојте да се споредувате со другите и да се чувствувате несоодветно. Нивното патување не е исто како и вашето, а нивниот успех не значи ваш неуспех.rnrn4. Запомнете дека и претходно сте поминале низ тежок период и само сте станале посилни. Секој предизвик ве прави посилни.rnrn5. Плачењето не е знак на слабост. Слабоста и тагата не се исто нешто. Плачењето значи дека ви станува подобро и дека се ослободувате од целиот гнев во вас.rnrn6. Правењето грешки е дел од животот и не значи дека не успевате, туку дека се обидувате. Грешките само ве пренасочуваат кон друга насока.rnrn7. Не треба да ја мерите вашата вредност според оние кои не ве сакаат или оние кои не ја ценат вашата љубов.rnrn8. Запомнете дека секогаш има некој што сака да ви помогне. Пријатели, семејство, ментори, професори, терапевти, па дури и вашиот сосед. Понекогаш сè што треба да направите е да побарате помош и ќе се изненадите.rnrn9. Прифатете дека промената е единствената константа во животот и дека ќе се промените многупати без разлика дали сте подготвени за тоа или не. Ништо нема да биде безбедно или предвидливо, па само треба да ја зајакнете вашата отпорност и да ја зачувате вашата верба.rnrn10. Понекогаш е прикриен благослов да не го добиете она што го сакате. Понекогаш тоа е знак дека треба да побарате нешто подобро.rnrn11. Запомнете дека болката и страдањето понекогаш го извлекуваат најдоброто од нас. Тие ги истакнуваат нашите таленти, нашата добрина и нашето сочувство. Болката ги прави луѓето подобри.rnrn12. Ова чувство е привремено. Со текот на времето ќе го надминете и ќе се чувствувате подобро. Нема засекогаш да бидете заглавени овде.rnrn13. Запомнете дека не сте сами. Има книги, текстови и видеа за она низ коешто минувате. Само треба да ги најдете.rnrn14. Трансформацијата не е лесна. Често ѝ претходат хаос, мизерија и сомнеж. Вашето распаѓање кога-тогаш ќе се претвори во нешто убаво.rnrn15. Минувате низ ова бидејќи еден ден ќе инспирирате некого, а можеби и ќе станете инспирација за илјадници луѓе. Треба да ги споделите вашите предизвици со некој на кого му е потребна ваша помош.rnrn16. Не барајте ја совршеноста поради она што го гледате околу вас. Барајте напредок и она што навистина го сакате, без разлика што мислат другите за тоа.rnrn17. Направете пауза и сетете се на сите нешта во вашиот живот за коишто сте благодарни. Понекогаш ги забораваме важните нешта. Не дозволувајте ѝ на болката да ја засени вашата благодарност.rnrn18. Понекогаш давањето кога немате ништо е најдобрата терапија. Помагањето на другите ќе ве излечи.rnrn19. Стравот можеби ќе ве спречи да направите нови нешта, но секогаш би требало барем да се обидете и тој ќе исчезне.rnrn20. Без разлика колку е тешко, ако се откажете од себе ќе ви стане потешко. Потребно е да застанете на нозе бидејќи можете да го направите тоа и само така ќе излезете од дупката.rnrnЗапомнете ги и овие 5 работи кога сакате да се откажете.

  • 50 моќни потсетници од терапевти за личен развој

    50 моќни потсетници од терапевти за личен развој

    Сите се соочиле со тежок период во некој момент од животот. Во тие периоди може да ви биде навистина тешко да најдете каква било надеж за подобра иднина. Но сè што ви е потребно е друга перспектива. Доколку минувате низ тежок период, овие потсетници од терапевти ќе ви помогнат да го надминете тоа.rnrn50 моќни потсетници од терапевти за личен развојrnrn1. Замислете си дека стоите на железничка станица, а лошите мисли се возовите што поминуваат. Нема потреба да се качите на секој воз, набљудувајте го и оставете го да замине.rnrn2. Пред да трошите време и енергија решавајќи проблем, осигурете се дека е ваш проблемот.rnrn3. Престанете да очекувате дека ќе најдете утеха. Понекогаш тоа нема да се случи. Фактот дека врската завршила е единствената утеха што ќе ја добиете.rnrn4. Вашите време и енергија се вредни и се трошат исто како и парите. Сигурно не ги трошите тешко заработените пари на нешта што се непотребни и што прават да се чувствувате ужасно, па престанете да ги трошите времето и енергијата на луѓе и нешта кои се непотребни и прават да се чувствувате ужасно.rnrn5. Набројте што е можно повеќе срамни моменти за некој друг во една минута. Веројатно нема да се сетите на многу. Токму вака другите ги гледаат вашите срамни моменти.rnrn6. Третирајте се себеси како што би третирале мало дете. Дали би му дале нездрава храна? Дали би му забраниле да спие? Дали би му дозволиле цел ден да го помине во кревет?rnrn7. Вие го контролирате вашиот живот, не вашите родители, пријатели, шефот или општеството. Можеби тие ве оформиле, но не можете да го живеете животот обвинувајќи ги нив за сè, без да направите нешто за да си ја подобрите ситуацијата.rnrn8. Само затоа што некој не купува куќа од милион евра, не значи дека куќата вреди помалку.rnrn9. Не е преболување, туку движење напред.rnrn10. Не обвинувајте се себеси за сè. Личноста којашто сте станале не е целосно поради вас, па престанете да се чувствувате лошо за тоа и престанете да се обидувате да се вратите назад во времето и да го поправите тоа. Но, можете да научите како да се справите со исходот.rnrn11. Ова е вашиот круг. Одлуките што ги правите се во овој круг. Можете свесно да им дозволите на луѓето да влијаат на вашите одлуки, но дури и тоа е нешто што сте го направиле во вашиот круг. Постои и кругот на другите. Не сте одговорни за она што го прават луѓето во нивниот круг. Не можете да го живеете животот правејќи нешта во вашиот круг со цел да ги спречите другите да направат нешто во нивниот, и обратно.rnrn12. Не можете да обвинувате некого за тоа како бил одгледан и што искусил, но можете да го направите одговорен за тоа како се однесува со другите поради тоа.rnrn13. Престанете да се обидувате да ги разберете чувствата, само чувствувајте ги.rnrn14. Немојте да бидете гневни на себе бидејќи не правите скокови и голем напредок. Напредокот е напредок, без разлика колку е мал.rnrn15. Не чувајте ги нештата во себе. Замислете си дека сте балон – ако воздухот излегува бавно ќе биде многу попријатно отколку целосно да се наполни и да пукне.rnrn16. Бидете со себе наместо да бидете сами.rnrn17. Вашето минато можеби влијае на тоа кои сте, но не мора да ве држи како сидро.rnrn18. Споредбата е крадец на среќата.rnrn19. Што ако само си заминевте? Дали заборавивте дека можете да одлучите што ќе правите?rnrn20. Не можете да ги спасите луѓето.rnrn21. Никогаш нема да бидете среќни ако постојано се обидувате да им се допаднете на сите.rnrn22. Бидете со луѓе какви што сакате да бидете.rnrn23. Немојте да живеете во негативен емоционален момент. Негативните чувства како омраза, љубомора и гнев ќе поминат. Па почекајте да поминат пред да донесете одлука или да направите нешто важно.rnrn24. Вашите симптоми на анксиозност се неудобни, но не се смртоносни. Обидете се да ги гледате како настинка. Лекувајте се, но ќе ви бидат потребни време и трпение.rnrn25. Само затоа што нешто мислите, не значи дека е вистина.rnrn26. Добрите луѓе можат да направат лоши нешта.rnrn27. Не држете се за старите грешки. Ако почнете да ги анализирате, препознајте ги негативните мисли, а потоа почнете да поставувате цели или да мислите на нешто што го сакате. Обидете се да се фокусирате на позитивното и со текот на времето ќе го „истренирате“ вашиот мозок природно да размислува така.rnrn28. Сè додека дишете… има време за промена.rnrn29. Заменете ги старите лоши сеќавања со нови, добри сеќавања.rnrn30. Кога луѓето сакаат да се убијат, многу ретко навистина сакаат да умрат. Тие сакаат да престане болката и се толку очајни што не можат да ја видат разликата.rnrn31. Секое семејство е нефункционално, само на различни начини.rnrn32. Одбирајте ги вашите битки. Животот е премногу краток, а вашиот мир скапоцен за да се грижите за нештата што воопшто не се важни.rnrn33. Единственото нешто што можете да го промените е себеси.rnrn34. Прифатете ги вашите проблеми и обидете се да живеете со нив. Животот не е совршен и секогаш ќе имате некаков проблем. Бидете благодарни за животот дури и ако не се чувствувате добро. Позитивноста е единственото нешто што нè прави среќни.rnrn35. Животот не ви се случува на вас, туку се случува за вас.rnrn36. Само затоа што се семејство не значи дека треба да ги сакате и да бидат дел од вашиот живот.rnrn37. Ако плачењето ви е единствена опција, во ред е да го правите.rnrn38. Размислете што е најверојатно да се случи наместо што е најлошото што може да се случи.rnrn39. Обидете се да уживате во животот, а не само да „минувате“ низ него.rnrn40. Да, ќе се чувствувате одвратно некое време, но сепак ќе го надминете и тоа.rnrn41. Ако има лав зад вас, продолжете да одите. Само затоа што е зад вас не значи дека ќе ве нападне. Справете се со проблемите што ве напаѓаат во овој момент.rnrn42. Во текот на денот кога не правите ништо, фокусирајте се на ништо. Затворете ги очите. Вдишете длабоко.rnrn43. Никогаш не ја прифаќајте емоцијата од ситуацијата. Ако го направите тоа, ситуацијата ве контролира.rnrn44. Не сте одговорни за постапките и однесувањето на вашиот татко.rnrn45. Ако мислите дека повеќе не ви се потребни лековите, значи функционираат. Продолжете да ги земате.rnrn46. Не сте правеле нешто отсекогаш, па не мора да го правите засекогаш. Секогаш можете да се вратите назад.rnrn47. Советувањето нема секогаш цел да ја спаси врската. Негова задача е да ви помогне да сфатите што сакате и што е најдобро за вас.rnrn48. Отфрлете го туѓото мислење. Не ви е потребно ничие признание.rnrn49. Не треба да се потпирате на другите за вашата среќа, само ќе им ставите товар со вашите проблеми. Истото важи и за нив – не треба да се потпираат на вас за нивната среќа.rnrn50. Навистина не изгледа дека сакате да умрете, само не сакате да страдате. Сосема нормална реакција е да не сакате да страдате, па работете да го намалите тоа.rnrnПрочитајте ги и најкратките совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.

  • Корисници на Редит ги споделиле зборовите што им го промениле животот

    Корисници на Редит ги споделиле зборовите што им го промениле животот

    Еднаш Брус Ли изјавил:rn

    „Прилагоди се на она што е корисно, одбиј го она што е бескорисно и додај го она што е само твое.“

    rnКорисници на Редит ги споделиле зборовите што им го промениле живототrnrnОва може да важи и за зборовите кои секојдневно ги слушате, а се всушност прикриени совети. Понекогаш и наједноставните зборови можат навистина да ви го променат вашиот живот. Во продолжение погледнете ги зборовите што им ги промениле животите на неколку корисници на Редит.rn

    „Сретнав личност којашто беше во инвалидска количка. Раскажуваше за тоа како еднаш некој го прашал дали му е тешко што е заробен во количка. Тој одговорил: ‘Јас сум ослободен од неа. Мојата количка е причината што можам слободно да се движам и да одам каде што сакам. Во спротивно би бил заробен во креветот и би ми било навистина тешко да ја напуштам просторијата или куќата.’“

    rn

    „Кога вашиот гнев ќе помине, врската сè уште ќе биде овде. Всушност, кога повеќе не сте гневни, штетата што сте ја направиле во врската додека сте делувале поради гневот останува и може трајно да ја повреди врската.“

    rn

    „Немој да бидеш злобен кон твоето куче. Тоа е овде неколку години од твојот живот, но ти си целиот негов живот.“

    rn

    „Кога бев млад и кога го имав првиот сериозен разговор за врската со мојата прва вистинска девојка ѝ реков дека само сакам да ја најдам вистинската личност. Таа веднаш ми рече: ‘Секој ја бара вистинската личност, а никој не се обидува да биде вистинската личност.’“

    rn

    „Пораснав во сиромашно семејство, па секогаш бев несигурна за одење на убави и скапи места. Не се чувствував толку добро како и другите луѓе таму. Еднаш бев на состанок во убав ресторан со едно момче и тој ми рече: ‘Плаќаш за својот оброк како секој овде. Заслужуваш да бидеш овде исто колку и нив.’“

    rn

    „Мајка ми беше во болница и беше сериозно болна. Мојот најдобар пријател ми рече: ‘Го имаш целиот живот да паничиш за ова, не прави го тоа пред неа.’ Навистина разбрав нешто тој ден – чувствата не се секогаш важни. Понекогаш треба да ги одложиш за твое добро.“

    rn

    „Луѓето нема да ги запомнат зборовите што сте ги кажале, но ќе запомнат како сте направиле да се чувствуваат.“

    rn

    „Ова беше за време на аплицирање за факултет и откако бев одбиен од неколку познати факултети во првата недела, малку изгубив надеж. Татко ми (кој е писател) ми рече: ‘Бев одбиен од Стенфорд 3 пати, а сега моите книги се во нивната библиотека. Мора да си подобар од нив.’“

    rn

    „Помислете на момент кога сте биле засрамени. Лесно е, зарем не? Сега помислете на момент кога некој друг бил засрамен. Потешко е, нели? Нема потреба да се грижам за моментите кога сум бил засрамен бидејќи не ги помни никој освен мене!“

    rn

    „Во доцните 30-ти (38 да бидам точен) размислував да се запишам на 2-годишни студии по радиографија. Разговарав за ова со еден од најдобрите пријатели и му реков: ‘Нели мислиш дека е доцна да го започнам тоа? Ќе имам 40 години додека да ја добијам дипломата.’ Пријателот ми рече: ‘Ако не го направиш, пак ќе имаш 40 години, ама ќе бидеш без диплома.’ Сега имам 60 години и да бидам искрен, таа диплома направи голема разлика. Сега заработувам повеќе и живеам подобар живот.“

    rn

    „’Депресијата се прикажува со маската на рационалната мисла.’ Кажано од мојот чичко.“

    rn

    „Следната година ќе посакаш да си започнел денес.“

    rn

    „’Образованието е скапо, но без образование е уште поскапо.’ Дефинитивно посериозно го сфатив училиштето откако некој ми го кажа ова.“

    rn

    „Имав лош ден и кажував нешта како : ‘Зошто јас?’ Тогаш еден колега ми рече: ‘Зошто не ти?’ Па, никој всушност не размислува така и тој имаше добра поента, па немав друг избор освен да замолчам.“

    rn

    „’Секој што ќе го сретнеш знае нешто што ти не го знаеш.’ Дедо ми ми го кажа ова и ме потсети дека има учители насекаде.“

    rn

    „Знаете дека сте возрасни кога можете да бидете во право без да ѝ докажете на другата личност дека греши.“

    rn

    „Парите што ги штедите за да купите лоша храна, подоцна ќе ги потрошите на сметки за лекување.“

    rn

    „’Сите ќе умреме еден ден. Ништо не може да го спречи тоа. Прави што сакаш да правиш. Не сакаш еден ден на смртната постела да мислиш за сите нешта што не си ги направил бидејќи глупавите луѓе ќе имале глупаво мислење за тоа. Тие и онака се само љубоморни.’ Дедо ми ми го кажа ова неколку месеци пред да почине на 89-годишна возраст.“

    rn

    „Татко ми секогаш ми кажуваше: ‘Ако си најпаметната личност во просторијата, тогаш си во погрешна просторија.’“

    rnПрочитајте ги и овие цитати што ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа.

  • Цитати од персискиот поет Руми што вистински ќе ве инспирираат

    Цитати од персискиот поет Руми што вистински ќе ве инспирираат

    Досега веројатно имате слушнато за персискиот поет Руми. Неговата мудрост никогаш не била ограничена од национални или културни граници, а неговиот поглед кон светот ни е навистина потребен во овој период на омраза и војни. Во продолжение прочитајте некои од неговите најдобри цитати кои навистина имаат моќ да ве инспирираат.rnrnЦитати од персискиот поет Руми што вистински ќе ве инспирираатrn

    „Немојте да тагувате. Сè што ќе изгубите се враќа во друга форма.“

    rn

    „Вчера бев паметен, па сакав да го променам светот. Денес сум мудар, па се променувам себеси.“

    rn

    „Родени сте со крилја, па зошто сакате да лазите низ животот?“

    rn

    „Сè што е направено убаво, направено e за очите на оној којшто гледа.“

    rn

    „Зошто да бидам несреќен? Секој дел од моето битие е во полн цут.“

    rn

    „Повишете ги вашите зборови, а не гласот. Дождот прави цвеќињата да растат, а не громот.“

    rn

    „Игнорирајте ги оние кои ве прават исплашени и тажни, кои ве деградираат кон болест и смрт.“

    rn

    „Има свеќа во вашето срце подготвена да разгори. Има празнина во вашата душа подготвена да биде исполнета. Ги чувствувате, зарем не?“

    rn

    „Зборовите се изговор. Внатрешната врска е онаа којашто ги привлекува луѓето едни кон други, не зборовите.“

    rn

    „Збогувањата се само за оние кои љубат со нивните очи. Бидејќи за оние кои љубат со срцето и душата не постои нешто како разделба.“

    rn

    „Знам дека си уморен но дојди, ова е патот.“

    rn

    „Раната е местото од коешто светлината влегува во вас.“

    rn

    „Каде и да сте и што и да правите, бидете вљубени.“

    rn

    „Причината е немоќна во искажувањето на љубовта.“

    rn

    „Треба да го кршите вашето срце сè додека не се отвори.“

    rn

    „Болките што ги чувствувате се гласници. Слушајте ги.“

    rn

    „Вашето срце е големо колку океан. Пронајдете се себеси во неговите скриени длабочини.“

    rn

    „Сакам да пеам како што пеат птиците, без грижа кој слуша или што мисли.“

    rn

    „Лавот изгледа најдобро кога бара храна.“

    rn

    „Сè уште не знаете? Вашата светлина е онаа која ги осветлува световите.“

    rn

    „Љубовта е мостот помеѓу вас и сè.“

    rn

    „Да го славите сонцето значи да ги славите вашите очи.“

    rn

    „Танцувајте сè додека не се распарчите.“

    rn

    „Зошто останувате во затвор кога вратата ви е толку ширум отворена?“

    rn

    „Како што ќе почнете да одите по патот, патот ќе се појави.“

    rn

    „Она што ве повредува, ве благословува. Темнината е вашата свеќа.“

    rn

    „Затворете ги очите, вљубете се, останете таму.“

    rn

    „Ако светлината е во вашето срце, ќе си го најдете патот до дома.“

    rn

    „Ова е суптилна вистина. Она што го сакате тоа сте.“

    rnПрочитајте ги и овие моќни совети од Руми.

  • Како да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?

    Како да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?

    Сем Бернс е момче со мудрост што ја надминува неговата возраст. Иако за жал повеќе не е жив, неговата неверојатна приказна ќе ја помниме уште долго. Воопшто не е лесно да останете позитивни ако се најдете во ситуација како неговата. Кога имал само 2 години, Сем бил дијагностициран со ретка болест која го забрзува стареењето, позната како прогерија.rnrnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnОва екстремно ретко и смртоносно генетско нарушување е карактеризирано со забрзано стареење кај децата. Повеќето заболени не стигнуваат ни до полнолетство. Само еден месец пред неговата смрт, Сем одржал говор во Вашингтон и ја споделил неговата филозофија за среќен живот. Претходно тој се појавил во документарецот на НВО „Животот според Сем“ (Life According to Sam). Тој ги прифатил неговите околности, и на почетокот на филмот изјавува:rn

    „Не се ставам пред вас за да се чувствувате лошо за мене. Се ставам пред вас за да ви дадам до знаење дека не треба да се чувствувате лошо за мене. Сакам да ме знаете. Ова е мојот живот и прогеријата е дел од него. Не е голем дел, но сепак е дел од него.“

    rnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnВо периодот кога го дијагностицирале, неговата мајка била практикант во болница, а татко му бил педијатар. Откако дознала за болеста на нејзиното дете, мајка му ја посветила кариерата на проучување на нарушувањето. Со помош на нејзиниот сопруг и семејство, таа ја основала Фондацијата за истражување на прогерија. Фондацијата ја води нејзината сестра и заедно успеале да соберат околу 1 милион евра со цел да го идентификуваат генот што е одговорен за нарушувањето.rnrnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnНеверојатното нешто за Сем е тоа што болеста не е најголемиот дел од неговиот живот. Никогаш не размислувал за проблемите што му ги предизвикувала, ниту пак сакал некој да се чувствува лошо за него. Ова можете да го сфатите и според начинот на којашто размислувал и се однесувал. Неговиот живот бил посветен на надминување на пречките и движење напред, без разлика на неговата состојба.rnrnВо неговиот говор, тој се сетил на прашање што му го поставил еден новинар:rn

    „Што е најважното нешто што луѓето би требало да го знаат за тебе.“

    rnСем скромно одговорил:rn

    „Имам многу среќен живот.“

    rnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnНишто не го спречило да го извлечеe максимумот од животот. Тој бил неверојатен ученик, знаел да свири музички инструмент, бил дел од училишниот бенд, имал пријатели што го сакаат… листата како да нема крај. Додека бил жив, мајка му изјавила:rn

    „Добивате нешто и важно е она што го правите со него, а токму тоа го прави Сем. Постојано сум импресионирана од него.“

    rnНеговата филозофија за среќен живот е сведена на 3 важни клучни точки:rnrn1. Помирете се со она што не можете да го направите бидејќи постои толку многу што можете да направите.rnrn2. Опкружете се со луѓе кои сакаат да бидете до нив.rnrn3. Продолжете да се движите напред. Ова вклучува постојано да размислувате напред. Се обидувам да не трошам енергија чувствувајќи се лошо за себе, бидејќи знам дека кога го правам тоа заглавувам во парадокс каде што нема место за среќа или која било друга емоција.rnrnКако да живеете среќен живот според филозофијата на момче со смртоносна болест?rnrnИако било јасно дека неговиот живот ќе биде краток, тој секогаш бил позитивен и оптимист за неговата иднина. За да го покаже ова, еднаш го цитирал Волт Дизни:rn

    „Овде не гледаме назад многу долго. Продолжуваме да се движиме напред отворајќи нови врати и правејќи нови нешта.“

    rnДокументарецот и говорот на Сем продолжуваат да ги допираат срцето на многу луѓе ширум светот. Неговиот живот можеби бил краток, но наследството од неговата храброст ќе трае уште долго.rn

    „Да се биде храбар не треба да биде лесно, но тоа е клучно за движењето напред.“

    rnВо продолжение можете да го изгледате и неговиот неверојатен говор што нема да ве остави рамнодушни.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=36m1o-tM05grnrnПогледнете и што значи убавината според едно 7-годишно девојче со Даунов синдром.

  • 5 секојдневни навики што можете да ги „украдете“ од Џ. К. Роулинг

    5 секојдневни навики што можете да ги „украдете“ од Џ. К. Роулинг

    Иако постојат голем број писатели, малкумина стануваат име што сите го знаат. Изминативе две децении, Џ. К. Роулинг стана еден од најпрепознатливите автори на денешницата. Иако таа е автор, филантроп, продуцент и сценарист, сепак е најпозната по серијалот „Хари Потер“ кој е најпродаван на сите времиња – продадени се 500 милиони копии ширум целиот свет.rnrn5 секојдневни навики што можете да ги „украдете“ од Џ. К. РоулингrnrnОткако се родило нејзиното прво дете, откако починала мајка ѝ и откако поминала низ тежок развод, таа го развивала концептот за Хари Потер. Била одбиена безброј пати и кога била објавена првата книга, таа живеела од социјална помош.rnrnДенес таа е првиот автор милијардер во светот и е одбрана за Личност на годината во 2007-ма година. Во 2010-та година беше прогласена за Највлијателната жена во Британија и има богатство од околу 1 милијарда. И покрај целата слава и богатство, таа останува скромна и донира многу од нејзините пари. Дури го изгубила статусот милијардер поради добротворните акции. Сигурно ве интересира како изгледа денот на оваа неверојатна жена? Дознајте 5 од нејзините секојдневни навики.rn

    1. Се фокусира на нејзиниот развој

    rnНе можете да живеете со само неколку евра дневно, а потоа да станете најплатен автор без голема храброст. Овде потребни ви се и грижа и свесност за себе. Оние кои постојано целат да бидат подобри, попаметни и посилни обично успеваат во тоа, а самата Роулинг е жив доказ. Ова честопати значи да му дозволите на животот да ве однесе онаму каде што треба да бидете и да го извлечете најдоброто од сите искуства. Кога им се обраќала на студентите на Харвард, Роулинг изјавила:rn

    „Личната среќа живее во знаењето дека животот не е листа со достигнувања. Вашите квалификации и резиме за работа не се вашиот живот.“

    rnРоулинг исто така обрнува внимание на она што предизвикува промени кај неа и што ѝ помага да ги постигне нејзините цели.rn

    „Имањето дете ме присили да ја завршам проклетата книга. Не бидејќи мислев дека ќе нè спаси, туку бидејќи мислев дека тоа ќе ми биде последна шанса да ја завршам.“

    rn

    2. Напредува со неуспех

    rnСекој автор, професионален или аматер, ќе ви каже дека критиките се дел од описот на работното место. Без разлика во која индустрија се наоѓате, важно е да имате силен грб и да им дозволите на критиките да ве водат, наместо да ве натераат да се сомневате во себе. Роулинг верува во моќта на неуспехот и секогаш со отворени раце ги пречекува предизвиците.rn

    „Невозможно е да живеете без неуспех во нешто, освен ако живеете толку внимателно што како да не сте живееле воопшто. Во овој случај секогаш доживувате неуспех.“rnrn„Интересно кај неуспехот е тоа што откако навистина ќе успеете, нема да има ништо послатко. Многуте падови го прават искачувањето до врвот уште повредно. Тогаш немав никаква самодоверба. Но го сакав тоа премногу, немаше да се откажам. И мислам дека оттогаш немам почувствувано ништо како во моментот кога сфатив дека ќе бидам објавена.“

    rn

    3. Останува скромна

    rnМилионерите, или во овој случај милијардерите, кои сами го стекнале нивното богатство имаат друга перспектива за парите, за разлика од оние кои пораснале во богати семејства. Бидејќи самите го заработиле богатството, овие луѓе често остануваат скромни, без разлика колку нули има на нивната сметка. Всушност, Роулинг еднаш изјавила дека ѝ било тешко да го прифати новиот животен стил и сите несигурности што доаѓале со него.rn

    „Да, сега знам дека ќе бидам богата засекогаш. Кога бев бремена со син ми имав вистинска грижа за парите што беше целосно ирационална и мислам дека тоа беше поврзано со стрес – имав книга која требаше да се објави и бебе кое треба да се роди. Мислам дека тоа беше сеќавање на последниот пат кога бев бремена, кога бев навистина сиромашна.“

    rnРоулинг редовно донира во многу организации, а направила и нејзина непрофитна организација, Lumos, која има за цел да го спречи сместувањето на децата во институции низ целиот свет.rn

    4. Нејзината кожа останува „дебела“

    rnБидејќи критиките се дел од нејзиниот живот, Роулинг не дозволува премногу да влијаат на неа. Секогаш си го задржува доброто расположение и е фокусирана. Всушност, не очекува да одбива само комплименти и ги прифаќа корисните совети.rn

    „Ако очекувате да стоите под туш од постојаното фалење, нешто не е во ред со вас. Ќе добиете критики и јас го знаев тоа. Смешното е што не сум, никогаш не сум била личност со самодоверба. Постојат делови од мојот живот каде што сум со дебела кожа, но не во оваа област. Во оваа област сметам дека е правилно и дека треба да бидам критикувана – тоа е литературата.“

    rn

    5. Си замислува подобар свет

    rnИма ли нешто поважно од позитивноста? Без разлика дали разговарате за кариерата, пријателите, семејството или врските, имањето надеж е клучно за среќата, успехот и напредокот. Роулинг верува дека нејзината цел е да го направи светот подобро место и напорно работи за да го постигне тоа.rn

    „Ако одберете да ги искористите вашите статус и влијание за да зборувате за оние кои немаат глас. Ако одберете да се идентификувате не само со моќните, туку и со немоќните. Ако ја задржите способноста да се замислите во животите на оние кои ја немаат вашата предност, тогаш нема само семејството да го слави вашето постоење, туку илјадници и милиони луѓе чија реалност сте ја промениле. Не ни е потребна магија да го трансформираме светот. Ја имаме сета потребна моќ во нас. Имаме моќ да замислиме подобро.“

    rnДознајте нешто повеќе и за секојдневните навики на светските милијардери.

  • 7 нешта што не треба да ги заборавите кога животот ќе стане тежок

    7 нешта што не треба да ги заборавите кога животот ќе стане тежок

    Кога животот ви изгледа тежок и сакате да се откажете, обидете се да се сетите на некоја од овие 7 работи. Тие ќе ви помогнат да ги најдете потребните сила, храброст и доверба за да се придвижите напред и да ги направите нештата што знаете дека треба да бидат направени.rnrn7 нешта што не треба да ги заборавите кога животот ќе стане тежокrn

    1. Сетете се на приказната за Давид и Голијат

    rnЈа знаете ли библиската приказна за младиот Давид и џинот Голијат? Иако Давид не бил ништо освен овчар, а Голијат бил воин од неговата младост, Давид сепак успева да го победи. Не дозволувајќи им на надворешните околности да влијаат на него, тој се фокусирал на неговата внатрешност и на моќта која знаел дека се наоѓа во него. Како резултат на ова, тој го победил Голијат. Па, обидете се да бидете Давид. Не ѝ дозволувајте на големината на проблемите да ве заплаши.rn

    2. Животот можеби е тежок, но вие сте силни

    rnБез разлика колку предизвици ќе ви приреди животот и без разлика колку големи ви изгледаат проблемите, редовно потсетувајте се дека вие сте поголеми од сите ваши проблеми заедно. Ова ќе ви помогне да се справите со што било што ќе ви излезе на патот. Посилни сте отколку што мислите.rn

    3. Дијамантите се создадени под притисок

    rnМожеби ви е познат цитатот на Питер Маршал:rnrn„Кога сакаме живот без потешкотии, потсетете нè дека дабот расте силен само со ветар, а дијамантите се создадени под притисок.“rnrnКако и дијамантот, така и вие треба да почувствувате притисок за да се покажете во најдобро светло. Потребни ви се ветриштата за да станете силни, храбри и полни со самодоверба.rn

    4. Секој проблем доаѓа со дар

    rnСекој проблем доаѓа со дар, па ако имате планина проблеми за решавање, наскоро ќе имате планина дарови во кои ќе уживате. Ова е нешто на коешто дефинитивно треба да се сетите кога сакате да се откажете од вашата цел.rn

    5. Нема лотос без кал

    rnСите сакаат живот без болка, тага, темнина и тешкотии, но овие нешта се дел од животот. Како што на лотосот му е потребна кал за да расте, вам ви се потребни овие предизвици за да се исчистите од самите себе и да станете она што треба да бидете.rn

    6. Животот е патување

    rnЖивотот е патување, а не дестинација. Со секое искуство и интеракција, без разлика дали се добри или лоши, животот ве оформува, ве води и ви помага да го изградите она за коешто сонувате.rn

    7. Вашиот живот е ваша приказна

    rnВие сте главниот лик во вашиот живот. Кога ќе дојде време да го напуштите овој свет, кога ќе ги погледнете сите предизвици и потешкотии, ќе ги сфатите многу поразлично отколку сега. Ќе се сеќавате на нив со благодарност бидејќи ќе знаете дека тие ви помогнале да станете личноста којашто сакате да бидете.rnrnДоколку ви е потребно малку повеќе инспирација, потсетете се и на овие нешта.

  • 9-те најинспиративни видеа на Јутјуб

    9-те најинспиративни видеа на Јутјуб

    Од неговото основање во 2005-та година, Јутјуб стана дом за видео материјалите во дигиталната ера. На овој веб-сајт можете да најдете секаква содржина, вклучувајќи и дел од најпознатите мотивациони говори и видеа на сите времиња.rnrn9-те најинспиративни видеа на ЈутјубrnrnБез разлика дали ви е потребна малку утринска инспирација, или минувате низ тежок период од вашиот живот и потребна ви е инспирација да продолжите понатаму, овие видеа ќе ви го дадат тоа.rn

    1. „Дали само барате изговори?“ (Are You Just Making Excuses?)

    rnhttps://youtu.be/U_Smadi5izwrnrnКласичната реклама на Најк со познатиот Мајкл Џордан раскажува моќна приказна. Ги гледаме најуспешните луѓе на светот и мислиме дека се родиле такви. Но овој успех ги чинел часови напорна работа, жртви и долгорочна посветеност на нивните цели.rn

    2. „Овие 3 реченици ќе ви го променат животот“ (Тhese 3 Sentences Will Change Your Life)

    rnhttps://youtu.be/eWUs2QS1mJYrnrnГоворот на тренерот за самоподобрување, Лиса Николс, е за сознавање на вашата вредност. Како што ќе видите и самите, таа добро знае што значи да дозволите некому да ви го диктира животот. Но таа го надминала тоа и направила нешто неверојатно од нејзиното минато, а нејзината приказна ќе ви помогне да го направите истото.rn

    3. „Сон“ (Dream)

    rnhttps://youtu.be/g-jwWYX7JlornrnОва е првото од двете видеа на Матеусз М на оваа листа, кој е познат по правењето на некои од најневеројатните инспиративни видеа на денешницата. Ова видео ќе ве потсети на вредноста на вашиот сон. Ќе ве потсети дека е тешко, но возможно доколку навистина вложите во него.rn

    4. „Еве што се наоѓа на другиот крај од стравот“ (Here’s What Lies on the Other Side of Fear)

    rnhttps://youtu.be/m0xijHHvN2IrnrnГоворот на Вил Смит раскажува што се случува кога ќе го наминеме стравот. Потенцијалот, среќата и значењето ќе ги најдете само кога ќе се надминете за нешто поголемо. Стравот е господар на многумина од нас и нè тера да живееме живот кој е помалку од она што сме го замислувале како деца. Но вие сте способни и во вас постои потенцијал да го надминете стравот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Последните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот живот

    Последните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот живот

    Кирзајда Родригез, популарна блогерка од Доминиканска Република, почина по 10-месечна борба со рак на стомакот. 40-годишната блогерка била дијагностицирана со рак во четврта фаза минатиот ноември и секогаш отворено зборувала за нејзиниот третман. Редовно објавувала за нејзината хемотерапија и за губењето на косата.rnrnПоследните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот животrnrnРодригез ја следела модата до нејзиниот последен здив. Често пишувала за тоа како животот со рак ја натерал да ги цени малите нешта во животот. Во август ги известила нејзините следбеници дека ќе престане со хемотерапијата бидејќи не ѝ помагала како што сакала.rnrnПоследните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот животrn

    „Ќе престанам со хемотерапија и радијација бидејќи третманот не работи како што се надевав. Се одлучив да престанам со лекувањето за да можам да уживам во последните денови од животот со пријателите и семејството со што е можно помалку болка.“

    rnПоследните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот животrnrnРодригез која е и мајка на едно дете, имала речиси половина милион следбеници на Инстаграм. Во нејзината последна објава таа ги охрабрила нејзините следбеници и им кажала дека најважното нешто во животот е љубовта.rn

    „Имам нов автомобил паркиран надвор кој не може да направи ништо за мене. Имам секаква дизајнерска облека, обувки и чанти кои не можат да направат ништо за мене. Имам пари на мојата сметка кои не можат да направат ништо за мене. Имам прекрасна куќа што не може да направи ништо за мене. Погледнете, лежам во болнички кревет. Можам да се качам во авион во кој било ден од неделата, но тоа не може да направи ништо за мене… Па не дозволувајте некој да направи да се чувствувате лошо за нештата што ги немате, туку бидете среќни за нештата што ги имате. Ако имате кров над главата, кој се грижи каков мебел има внатре… Најдоброто нешто во животот е љубовта. За крај, уживајте со саканите.“

    rnПоследните зборови на модната блогерка која почина од рак ќе ве потсетат да го живеете најдобриот животrnrnЗа жал, на 9-ти септември нејзините сакани изјавиле дека починала, помалку од една година по дијагнозата. Кирзајда Родригез ќе биде запомнета не само како модна икона, туку и по нејзиниот оптимизам и влијание.rnrnПрочитајте ги и животните лекции на 24-годишно момче коешто умира од рак.