Без разлика дали сте имале низа лоши први состаноци или едвај чекате да започнете сериозна врска, барањето љубов понекогаш изгледа како работа со полно работно време. Доколку барате љубов и почнувате да се чувствувате безнадежно, овие позитивни афирмации ќе ви помогнат да си го подобрите расположението. Повторувањето на позитивните мисли може да ви помогне да добиете нова перспектива и да ве ослободи од верувањата кои се последица на скршеното срце или лошото искуство со некој потенцијален партнер. Па доколку барате љубов, секојдневно кажувајте си ги овие нешта.rnrn
rn
„Јас сум целосен/на и комплетен/на сосема сам/а. Љубовта не ме прави поисполнет/а или повреден/на.“
rn
„Доколку нешто не функционира или доколку не уживам, во ред е да си заминам во кој било момент, поради која било причина.“
rn
„Мојата вредност не зависи од начинот на којшто ме гледаат другите.“
rn
„Јас сум неверојатен/на. Јас сум паметен/на. Секој би бил среќен да биде со мене.“
rn
„Јас го контролирам мојот живот. Можам да делувам според моите чувства кога го сакам тоа.“
rn
„Јас имам самодоверба. Јас сум моќен/на. Јас ќе ја покажам најдобрата верзија од мене.“
rn
„Сосема во ред е да не успеам.“
rn
„Љубовта не е линеарна. Ова е само еден чекор од моето животно патување кон созревањето и себеоткривањето.“
rn
„Романтичната љубов не е единствениот вид љубов. Јас сум полн/а со љубов од моите пријатели, семејство, колеги и разните врски.“
rn
„Во ред е да знам што точно сакам и да го кажам тоа кога ќе ме прашаат.“
rn
„Не треба да знам што сакам. Дозволено ми е да се премислам.“
rn
„Ќе бидам отворен/а и искрен/а и очекувам отвореност и искреност за возврат.“
rn
„Состанувањето може да биде забавно. Тоа не треба да биде стресно или само за наоѓање партнер. Можам да се забавувам и да уживам во средбите со луѓе.“
rn
„Во ред е да бидам нервозен/на и исплашен/а и никој нема да ми суди за моите чувства. Ѝ верувам на мојата интуиција и го правам она што е правилно за мене.“
rn
„Сосема во ред е да имам стандарди и да се држам до нив. Доколку нешто не ми се допаѓа, во ред е да си заминам.“
rn
„Сите сме несовршени, но и јас сум личност којашто можат да ја љубат. И јас заслужувам љубов и не треба да се менувам за да бидам сакан/а.“
rnПовторувањето на афирмациите може да биде одличен начин да го најдете вашиот центар пред да излезете надвор. Без разлика дали ќе ги запишете афирмациите или ќе ги повторувате секое утро, кога барате љубов, најдобро е да почнете со љубовта кон себе.rnrnПогледнете и што треба да направите за да ја најдете вистинската љубов.

rnrnОна што ги прави различни од другите е нивното верување дека секое кршење на срцето води кон нешто подобро.rnrnКога се чувствувате неуспешно, важно е да знаете дека не сте сами. Некои од најбрилијантните умови во светот одново и одново доживувале неуспех, пред вистински да успеат. Тие ја вложиле целата нивна енергија во нивните идеи, работеле напорно, но сепак биле одбивани.rnrnОна што ги прави различни од другите е нивната посветеност да се обидат повторно.rnrnКога чувствувате ужасна тага, важно е да знаете дека не сте сами. Некои од најсреќните луѓе во светот одново и одново останувале без нивната среќа, пред да го најдат задоволството во постоењето. Тие го ценеле секој момент, се фокусирале на позитивното, но среќата сепак им избегала од раце.rnrnОна што ги прави различни од другите е нивната верба дека после облаците, секогаш има сонце.rnrnКога мислите дека не можете да продолжите понатаму, важно е да знаете дека не сте сами. Некои од најмотивираните луѓе во светот се нашле во ситуација кога не можеле да дадат чекор напред, пред да сфатат дека самите мораат да го изодат патот. Тие верувале дека универзумот не сака да ги повреди, тие верувале дека саканите засекогаш ќе бидат во нивниот живот, но сепак се соочиле со загуба.rnrnОна што ги прави различни од другите е нивната надеж за подобро утре.rnrnДоколку се чувствувате изгубено, важно е да знаете дека не сте сами. Луѓето со најголема самодоверба одново и одново се чувствувале збунето, пред да сфатат кон каде одат. Тие ја проучувале секоја мапа, ги следеле мудрите совети, но сепак се сомневале во нивната цел.rnrnОна што ги прави различни од другите е нивната верба дека на крај, сè ќе излезе како што треба.rnrnВажно е да знаете дека не сте сами. Секое кршење на срцето ќе ве однесе кон нешто подобро, како што им се случило на многу луѓе. Потребно е да се обидувате одново и одново, како многу други луѓе. Сонцето ќе се врати откако ќе помине темнината, како што се случило и за многу други луѓе. Ќе најдете надеж за подобро утре, како и многу други. Сè ќе излезе како што треба, исто како и во животот на многу други луѓе.
rnrnОдеднаш, станувате свесни за сè што ве опкружува. Гледате колку им е лесно на луѓето да минуваат покрај вас. Колку им е лесно да се смеат и да продолжат со нивните животи. Вашиот внатрешен свет можеби се распаѓа. Можеби се гушите во празнотијата на вашето постоење, а никому не му е грижа за тоа.rnrnНо дури и ако им е, тие не го искусуваат истото нешто како и вие. Вашето страдање е ваше и само ваше. Битката што ја водите со сè погрешно е само ваша.rnrnМожете да си го одвлечете вниманието. Одете на сладолед. Спијте. Испијте некоја чашка повеќе. Ќе можете да го избегнете собирањето на чувствата, но очајот никогаш нема да избледи. Не ви се прави ништо. Летаргични сте. Вашиот живот е во застој, сè додека не можете да се соочите со очајот. Сè додека не го прифатите фактот дека да, животот не е фер.rnrnБез разлика колку не го заслужувате она што ви се случило, сепак се случило. Ве повредува и ве уништува. Ви ја руши самодовербата и верувањата и мислите дека полудувате. Нема да бидете истата личност. Како можете да останете истата личност кога сте успеале да го надминете сето тоа?rnrnСте станале посилни. Сте го нашле најсилното оружје што постои – одлуката да продолжите напред. Животот е тешка луда железница, која не се качува нагоре пред да се спушти надолу. Без разлика колку длабоко ќе паднете, ќе бидете различни поради тоа. Не подобри, туку различни. Таа разлика ќе ве однесе подалеку и ќе ви открие патишта за кои не сте ни знаеле дека ви требаат.rnrnСè се случува со причина. Секој застој ќе ви даде ресурси кои ќе ве однесат на нов пат. Животот може да биде неподнослив, но сепак е ваш живот. Тоа е уникатен живот што не му припаѓа на никој друг. Она што се случува во вашиот живот, секогаш ќе биде правилното нешто за вас.rnrnПогледнете и 
rnrnВи го претставуваме Алсак, магичниот регион во Франција познат по живописните села. Цртаниот филм на Дизни е направен според оригинална приказна на Габриел-Сузан Барбо де Вилнев, француска писателка од 19-тиот век. Малиот „провинциски град“ од кој доаѓа Бел, навистина е мал провинциски град. Продуцентите одбрале села како Колмар за да го создадат родното место на Бел, а резултатот сигурно ќе ѝ се допадне и на Габриел-Сузан.rn
rnrnНајстарата принцеза на Дизни е инспирирана од германска народна приказна на браќата Грим. Според некои истражувања, приказната можеби била вистина, а темната шума, џуџињата и стаклениот ковчег се наоѓале околу замокот Лор и шумата Шпесарт.rn
rnrnЏон Маск, еден од режисерите, ја добил идејата за филмот од книга која го опишувала полинезискиот митски херој Мауи. Со цел да истражува, тој патувал низ многуте рајски острови во Јужниот Пацифик. Фиџи, Самоа и Тахити се некои од островите кои ги посетил со цел да научи за културата на домородното население, но и за да го создаде неверојатниот остров на Моана.rn
rnrnФилмот е базиран на познатата книга од Карло Лоренцини, а дејството се случува во родното место на неговата мајка – италијанското село Колоди. Бидејќи ова село му било толку значајно, авторот почнал да го користи и псевдонимот Карло Колоди. Малите куќички, калдрмите и куполите го направиле ова село совршено за приказната на Пинокио.rn
rnrnНе е тајна дека филмот е сместен во Шкотските Гори. Средновековниот замок Дунотар, кој е опкружен со најзелениот пејзаж во светот, е совршено место за авантурите на Мерида. Не е ни чудно овде да очекувате магија, натпревари во стрелаштво и шкотски акцент.rnrnПродолжува на 
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПрочитајте ги и овие 
rn
rnrnМожете да погледнете во тоа огледало и да ја видите истата девојка, без разлика дали го имате најдобриот ден од животот, или буквално се распаѓате. Дури и кога вашето срце боли и кога очите ронат тивки солзи, истата „прибрана“ девојка гледа во вас. Истата девојка која се појавува, која го лаже светот, но не може да ве излаже и вам.rnrnНикој не ја знае вистината освен вие… сè додека не ја кажете. Никој не знае колку сте повредени или колку празно се чувствувате. Другите само гледаат убава девојка, со совршена коса и совршена шминка. Никој не гледа доволно блиску за да ги забележи сенките под вашите очи. Никој освен вас не го чувствува дополнителниот напор што го вложувате, само за да му се насмевнете на колегата или да вратите на пораката од пријателот. Никој освен вас не знае дека сте спиеле само три часа вечерта или дека ви било потребно речиси сè за да станете од вашиот кревет. Никој не знае, освен вие.rnrnСепак, овде сте. Се појавувате. Се појавувате со неверојатната облека и лажната насмевка. Се појавувате без разлика колку лошо се чувствувате и без разлика колку анксиозноста ве јаде однатре. Се појавувате дури и кога вашите срце и тело се целосно исцедени од енергија и живот. Се појавувате и покрај тоа што сакате да исчезнете во вашата осамена спална. Се појавувате, несигурни и разочарани, осамени и анксиозни. Се појавувате без разлика на сè.rnrnМожеби не мислите дека сте постигнале нешто со појавувањето. Можеби се чувствувате целосно победено и слабо бидејќи сакате да плачете, кога всушност треба да работите.rnrnМожеби ви е срам што ви е тешко наутро да станете од креветот. Можеби сте анксиозни поради самата анксиозност, или сте засрамени бидејќи се чувствувате лошо. Можеби сте депресивни поради депресијата. Можеби сте мизерни и тажни. Безнадежни и тажни. Сè што сакате да направите е да си заминете, да се сокриете од сите. Да се сокриете од мизеријата, да се сокриете од срамот. Да се сокриете од притисокот што ве тера да помислите дека ќе ви експлодира главата.rnrnНо, сепак сте овде. Сепак се појавивте. Успеавте да станете од кревет, што значи воопшто не сте победени. Вие воопшто не сте слаби и нема потреба да се срамите од ништо. Нема потреба да се чувствувате слабо бидејќи се чувствувате тажно, исплашено или осамено. Не треба да се обвинувате себеси за овие чувства. Овие чувства се реални, но тие се привремени. Тоа што ги чувствувате, а сепак станувате од кревет значи дека вие сте неверојатно силни. Ги чувствувате овие ужасни нешта, а сепак излегувате надвор. Ги чувствувате, а сепак правите чекор напред, понатаму од креветот. А за ова, треба да бидете особено горди.rnrnДа се појавите е огромен подвиг. Појавувањето е дело на чиста храброст. Појавувањето кога ви се плаче од замор значи дека вие сте неверојатно силни. Појавувањето значи дека вие сте похрабри отколку што мислите. Иако е тешко, иако можеби ова е најтешкиот ден од вашиот живот, сепак успеавте.rnrnА штом сте стигнале олку далеку, длабоко во вас постои надеж. Надеж дека ќе се случи нешто подобро, надеж за посреќни денови. Надеж за денови без депресија, без самотија. Таа надеж постои, во вас е, во спротивно не би станале од кревет.rnrnПа ако се појавивте, ако станавте од кревет, треба да знаете дека доаѓаат подобри нешта. Подобрите денови се пред вас. Денови во кои ќе можете да ја погледнете девојката во огледало и да видите искрена насмевка. Денови во кои одразот во огледалото нема да крие толку многу болка. Денови во кои девојката во огледалото не го лаже светот. Денови во кои девојката во огледалото конечно се чувствува добро…rnrnПрочитајте ги и овие 






rn