КАФЕ ПАУЗА

Tag: инспирација

  • Цитати од Кијану Ривс кои ќе ви дадат поинаква перспектива на животот

    Цитати од Кијану Ривс кои ќе ви дадат поинаква перспектива на животот

    Кијану Ривс е прекрасна личност. За жал, тоа не било доволно за има убав живот, и покрај тоа што е супер филмска ѕвезда. Неговата ќерка почина при раѓање, а неговата сестра е дијагностицирана со леукемија – би можеле да кажеме дека сигурно не му е лесно. Има направено многу скромни и благородни нешта – од возење во подземното метро на враќање од работа, до анонимно отворање добротворни организации. Тој е едноставно холивудски крал.rnrnЦитати од Кијану Ривс кои ќе ви дадат поинаква перспектива на живототrnrnЕве 25 цитати од него.rn

    „Секоја борба во животот ве има обликувано во личноста којашто сте денес. Бидете благодарни за тешките времиња, тие само ве прават поцврсти.“

    rn

    „Ако можете да насмеете жена, ќе го видите најубавото нешто што постои на Земјата.“

    rn

    „Утрешниот ден не е гаранција, затоа живејте денес!“

    rn

    „Мора да си го промените животот ако не сте среќни и да се разбудите ако гледате дека нештата не одат како што сакате.“

    rn

    „Понекогаш непријателите се нашите најдобри учители. Луѓето можат да научат многу од грешките. Уништувањето некогаш значи преродба.“

    rn

    „Тагата ја менува формата, но никогаш не престанува.“

    rn

    „Одвреме-навреме, обидете се да не бидете во право. Тоа добро ќе ви делува.“

    rn

    „На крајот на краиштата, мислам дека сите би се сложиле дека дури и во случај на трагедија, одличната личност и понатаму ќе продолжи да цути. Што и да ви се случува во животот – можете да го надминете! Животот е вреден за живеење.“

    rn

    „Понекогаш наједноставните работи е најтешко да се постигнат.“

    rn

    „Никој од нас не си заминува одовде жив, затоа престанете да се третирате себеси како да не сте важни. Јадете вкусна храна. Шетајте под сонцето. Скокнете во океанот!“

    rn

    „Ако сте биле брутално скршени, а сепак имате храброст да бидете сочувствителни кон другите живи суштества, тогаш вие сте бестрашно цврста личност со ангелско срце.“

    rn

    „Бакнувањето е доста интимно нешто, всушност многу интимно, и срцето некако секогаш ви прескокнува отчукување пред да го направите тоа.“

    rn

    „Ме воспитале да се однесувам со луѓето точно онака како што сакам другите да се однесуваат со мене. Тоа се вика почит.“

    rn

    „Нашите соништа можат да нѐ научат, да нѐ водат, да нѐ збунат и понекогаш мислам дека треба да бидат земени предвид. Тие се прилика и мислам дека со сигурност можат да се искористат за да се фокусираме, да се обидеме и да постигнеме – без разлика дали се работи за нашата потрага по некого, потребно ни е влијание или можеби инспирација.“

    rn

    „Кога не се чувствувам слободен и не можам да го правам она што сакам, едноставно реагирам. Одам против тоа.“

    rn

    „Секогаш ќе бидам заљубен во љубовта.“

    rn

    „Мултикултурата е вистинската култура во светот – чиста раса не постои.“

    rn

    „Личноста која ме одвлекуваше од мојата среќа бев самиот јас.“

    rn

    „Добар [љубовен] состанок е кога двајцата сте опиени еден од друг и сѐ станува добро во светот.“

    rn

    „Енергијата не може да се создаде или уништи, таа тече. Мора да тече во некоја насока, според некоја внатрешна, емотивна, спиритуална насока. Мора да има ефект некаде.“

    rn

    „Забавно е да се биде безнадежно вљубен. Опасно, но забавно.“

    rn

    „Секој ден им се заблагодарувам на небото и земјата за сите можности кои сум ги имал.“

    rn

    „Можете далеку да отидете доколку само практикувате да обрнувате внимание.“

    rn

    „Какви девојки сакам? – Сите се ангели.“

    rn

    „Некогаш толку се внесуваме во нашите секојдневни животи што забораваме да си дадеме време и да уживаме во убавината на животот. Како да сме зомбиња. Погледнете нагоре и тргнете ги слушалките од уши. Кажете му некому ‘Здраво’ и по можност гушнете некого кој изгледа како да му е тешко.“

    rnПрочитајте ги и овие 5 лекции кои можеме да ги научиме од тешката животна приказна на актерот Кијану Ривс.

  • Уникатно домашно изработени кафе барови што ќе ги обожаваат љубителите на кафето

    Уникатно домашно изработени кафе барови што ќе ги обожаваат љубителите на кафето

    Секојдневно пиете кафе во удобноста на вашиот дом или можеби посетувате локални кафулиња за целокупно доживување на атмосферата? Лошата вест е што некогаш посетувањето на кафулиња може да биде скапо и да чини малку повеќе од вашиот буџет кој го имате на располагање. Добрата вест е што можете да си направите кафе бар во домашни услови! Така нема да го надминете буџетот, но и целосно ќе уживате во ритуалот на пиење на вашиот омилен кофеински пијалак. Ви претставуваме домашно изработени кафе барови со помош на полици, кујни креденци и кутии од кои можете да се инспирирате и да си направите сопствено катче за пиење кафе. Погледнете ги овие уникатни изработки и добијте идеја за уредување на вашиот простор!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на втората страница…rn

  • 22 восхитувачки тетоважи што изгледаат магично

    22 восхитувачки тетоважи што изгледаат магично

    Постојат 2 типа луѓе – едни сакаат тетоважи, а други не се нивни големи љубители. Има и такви кои не сакаат да се тетовираат, но убаво им изгледаат тетоважите на друго тело. Без оглед на кој тип луѓе припаѓате, убаво е да се види какви тетоважи ставаат луѓето. Некои се инспирирани од природата и растенијата, некои од летните денови, а некои во нив имаат друг свет и треба да ги погледнете двапати. Погледнете ги следниве восхитувачки дизајни, па доколку планирате да ставите тетоважа, сигурни сме дека ќе ве инспирираат!rn

    1. Ова пролетно цвеќе убаво изгледа на клучната коска

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Pis Saro🍃 (@pissaro_tattoo) on

    rnrn

    rnrn

    2.Овој тату-артист се инспирирал од растенија

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by tattoo-artist🌿 (@rit.kit.tattoo) on

    rnrn

    rnrn

    3. Класика која никогаш не старее

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Oozy (@oozy_tattoo) on

    rnrn

    rnrn

    4. Совршен микс од линии и сенчење

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Axel Ejsmont (@axelejsmont) on

    rnrn

    rnrn

    5. Златната рипка не мора да биде златна за да изгледа одлично

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Mini Tattoo (@mini_tattooer) on

    rnrn

    rnrn

    6. Мала и нежна тетоважа е совршен избор

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by •Gülşah KARACA• (@gullsahkaraca) on

    rnrn

    rnrn

    7. Малечка тетоважа инспирирана од една од најдобрите приказни

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by z Erdem Gungor (@frappeink) on

    rnrn

    rn

    rn8. Едноставни линии, а толку многу чувства

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    A post shared by Monsta Truck Tattoo (@monstatrucktattoo) on

    rnrn

    rnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • За сите трендсетерки: Најдобрите модни ТВ серии на сите времиња

    За сите трендсетерки: Најдобрите модни ТВ серии на сите времиња

    Сите ние обожаваме ТВ серии. Особено оние во кои можеме да видиме модерни жени, преубава облека, обувки и модни додатоци. Ова се секако работи кои секоја жена ги забележува. Во овие ТВ серии пронаоѓаме инспирација за модни комбинации и дознаваме повеќе за светот на модата.rnrn(1) najdobrite-modni-tv-serii-na-site-vreminja-www.kafepauzarnrnПа, за кои ТВ серии станува збор? Во продолжение ви ги претставуваме најдобрите приказни на малите екрани во кои се испреплетуваат различни стилови и во кои главните глумци се крајно ентузијастички настроени кога станува збор за модата и сè што е поврзано со неа. Некои од овие ТВ серии подоцна станаа и филмови.rnrn

    „Sex and the City“ (Сексот и градот)

    rnДолго време оваа ТВ серија се наоѓаше на врвот на најгледаните. Во неа се раскажува за четири пријателки од Њујорк кои зборуваат за нивниот сексуален живот и се обидуваат да пронајдат нови начини да се справат со тоа како е да се биде жена во 90-тите.rnrnhttps://youtu.be/t-rQk0TULOkrn

    Absolutely Fabulous (Апсолутно фантастични)

    rnОваа ТВ серија ги прикажува лудите несреќни авантури на Едина Монсун (Џенифер Сондерс) и нејзината најдобра пријателка Петси Стоун (Џоана Ламли), кои живеат во постојана магла од дрогирана и пијана себичност.rnrnhttps://youtu.be/ZAfmM06pVUwrn

    Gossip Girl (Озборувачка)

    rnВо оваа ТВ серија станува збор за привилегирани тинејџери кои живеат на горната источна страна во Њујорк, кои не можат да ги сокријат своите тајни од немилосрдниот блогер кој постојано ги надгледува.rnrnhttps://youtu.be/eCg1RN-dyQkrn

    The Nanny (Дадилката)

    rnОткако е отпуштена од работа и оставена од дечко ѝ, продавачка на козметика станува дадилка на три деца на еден богат англиски вдовец. Како што минува времето, тие почнуваат да се заљубуваат.rnrnhttps://youtu.be/OHK-1WTRQAMrn

    Dynasty (Династија)

    rnДинастија го прикажува животот на две богати семејства од Америка кои се борат за контрола на нивните деца и богатството.rnrnhttps://youtu.be/Uq0soWMpkv8rnrnДајте им шанса и на овие нови ТВ серии кои дефинитивно треба да ги изгледате за време на викендот што следува.

  • Без диета и големи ограничувања: Оваа жена изгубила 36 килограми благодарение на мали промени

    Без диета и големи ограничувања: Оваа жена изгубила 36 килограми благодарение на мали промени

    Битката со тежината не е едноставен процес. Бара многу жртвување и откажувања. Сепак, добрите вести се дека секој може да биде победник во таа битка. Многумина од вас знаат точно за што станува збор затоа што веруваме дека секој се има најдено во ситуација да мора да симне некое кило. Меѓутоа не е воопшто лесно ниту кога треба да се симне едноцифрена бројка. Со цел да ве мотивираме, ви ја пренесуваме приказната на Ренди која извојувала успешна битка со килограмите.rnrnБез диета и големи ограничувања: Оваа жена изгубила 36 килограми благодарение на мали промениrn

    „Одеднаш сфатив дека ситуацијата ќе станува сè полоша и полоша ако не почнам да воведувам промени во мојот живот одма“, објаснува таа.

    rnРенди Васкез од американската држава Тенеси отсекогаш била „буцкаста“, но тоа никогаш не ѝ влијаело на самодовербата.rn

    „Секогаш се чувствував добро во својата кожа. Не ми беше страв да носам бикини или друга модерна облека. Не бев секогаш задоволна од својот изглед во огледало, но никогаш не дозволив тоа да ме спречува“, раскажува 27-годишната девојка.

    rnНо, после завршувањето со образование Ренди паднала во депресија затоа што не можела да најде работа каква што сакала и ѝ било тешко да се прилагоди. Воглавно, се потпирала на брза храна, а омилени јадења ѝ биле похувано пилешко и вафли. Во една прилика таа и нејзината цимерка посетувале ист ресторан за брза храна дури и по 3 пати на ден, т.е. за појадок, ручек и вечера.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Randi Vasquez (@burgerstoburpees) on

    rnrn

    rnrn

    „Станував сè потешка и потешка“, вели Ренди. „Почнав да забележувам дека самодовербата нагло ми паѓа и немав мотивација за ништо. Одеднаш сфатив дека ситуацијата ќе стане полоша доколку одма не почнам да воведувам промени во својот живот.“

    rnТежината почнала да ѝ смета и кога работела како фотограф за венчавки.rn

    „Се сеќавам дека морав да фотографирам венчавање на планина и требаше брзо да се искачам и да се спуштам по планинската патека. Не можев да го следам парот и многу ми беше непријатно затоа што брзо бев исцрпена“, раскажува таа.

    rnПосле тоа тргнала во теретана која редовно ја посетувала два пати дневно. После 5 месеци успеала да изгуби 9 килограми благодарение исклучиво на теретаната.rn

    „Телото започна да ми се менува и тоа ми беше најголема мотивација“, вели Ренди.

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Randi Vasquez (@burgerstoburpees) on

    rnrn

    rnrnrnДевојката исто така почнала да готви голем дел од своите оброци и нејзин избор биле здрави опции. Се придржувала до диети со мало количество јаглехидрати, но не ги исфрлила во целост од исхраната. Не сакала да воведува премногу рестрикции затоа што знаела дека нема да се придржува, па затоа повремено правела мали промени кон здравата исхрана кои на крајот вродиле со плод. Таа изјавила дека најголемата поддршка ѝ биле луѓето од нејзината околина кои исто така воделе битки против килограмите.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Randi Vasquez (@burgerstoburpees) on

    rnrn

    rnrnrnРенди во рок од две години успеала да изгуби дури 36 килограми.rn

    „Намалувањето на тежина ви дава чувство на мотивација во сите области од животот. Можам да трчкам насекаде. Неодамна фотографирав уште едно венчавање и бев насекаде. Повеќе не чувствував дека тежината ме спречува. Не сфаќав колкава пречка ми била таа во животот додека конечно не ослабев“, заклучува Ренди.

    rnПрочитајте ја и оваа инспиративна приказна на жена што тврди дека и во менопаузата можат да се имаат стомачни.

  • 25 незаборавни цитати од Никола Тесла

    25 незаборавни цитати од Никола Тесла

    Ако некогаш постоел човек што можел да ја смени реалноста, тоа дефинитивно бил Тесла. Бил нарекуван фантазер и неговите идеи биле исмејувани, но времето го средило ова.rnrn25 незаборавни цитати од Никола ТеслаrnrnСамиот тој изјавил дека техничките решенија сами му доаѓаат, а многумина го сметаат за еден од најгенијалните луѓе на сите времиња. Неговата работа го овозможи развојот на модерната електротехника, а неговите пронајдоци биле цел век пред нивното време. Во продолжение прочитајте некои од неговите најдобри цитати.rn

    „Делувањето дури и на малите битија води до промени во целиот универзум.“

    rn

    „Мојот мозок е само приемник. Во вселената постои езеро од коешто црпиме знаење, сила, инспирација. Не сум ги открил тајните на ова езеро, но знам дека постои.“

    rn

    „Не ми се потребни модели, цртежи, експерименти. Кога ми се раѓаат идеи, почнувам да го градам уредот во фантазијата, ја менувам конструкцијата, го подобрувам и го вклучувам. Целосно ми е неважно дали ги спроведувам истражувањата во мислите или во лабораторија – резултатите се исти.“

    rn

    „Позната ли ви е изреката ‘Не можете да скокнете повисоко од вашата глава’? Ова е заблуда. Човекот може да направи сè.“

    rn

    „Големата мистерија на нашето постоење треба допрва да се открие, може да се претпостави дека дури и смртта не е крај.“

    rn

    „Најголемата цел на човечкиот развој е целосна доминација на свеста над материјалниот свет, употреба на силата на природата за задоволување на човечките потреби.“

    rn

    „Животот е, и секогаш ќе биде равенка која не се решава, иако содржи неколку познати фактори.“

    rn

    „Современите научници размислуваат длабоко наместо да размислуваат јасно. За да размислувате јасно, мора да имате здрав разум, а за длабоко размислување можете да бидете и целосно луди.“

    rn

    „Ова е проблем за многу пронаоѓачи – им недостига трпение. Им недостига силата на волјата да направат нешто во својот ум полека, прецизно и јасно, така што точно ќе почувствуваат како ќе функционира тоа. Сакаат веднаш да ја испитаат првата идеја што ќе им дојде и како резултат на тоа, трошат многу пари и многу добри материјали, за само емпириски да утврдат дека работат во погрешен правец. Сите правиме грешки и подобро да ги направиме пред да почнеме да работиме нешто.“

    rn

    „Нашиот свет е потопен во огромен океан со енергија, ние летаме во бесконечниот простор со незамислива брзина. Сè се врти наоколу, сè се движи – сè е енергија. Ние имаме тешка задача – да најдеме начин да ја извлечеме таа енергија. Тогаш, ќе ја извлекуваме од тој неисцрпен извор и човештвото ќе тргне напред со џиновски чекори.“

    rn

    „Ширењето на цивилизацијата може да се спореди со огнот – прво е слаба искра, потоа треперлив пламен, а на крај силен пламен надарен со брзина и сила.“

    rn

    „Колку луѓе ме викаа фантазер, се смееја на моите идеи, нашиот заблуден кратковид свет. Ќе ни суди времето.“

    rn

    „Секој треба да го смета своето тело како непроценлив дар од сите оние кои најмногу ги сака. Неописливата убавина, тајната која лежи во замислата на човечкото постоење толку е суптилна, што зборувањето, дишењето, погледот, па дури и мислите можат да повредат. Неуредноста која ги размножува болеста и смртта не е само уништувачка, туку и неверојатно неморална навика.“

    rn

    „Си го пресеков прстот и тој крвари – тој прст е дел од мене. Ја гледам болката на пријателот и таа болка и мене ме боли – ние сме едно со пријателот. Гледајќи го повредениот непријател, дури и оној за кој би жалел најмалку, сепак чувствувам тага. Зарем тоа не докажува дека сите сме само честичка од една целина?“

    rn

    „Во постојаната самотија, умот станува поостар. За да се мисли и пронаоѓа не е потребна голема лабораторија. Идеите се раѓаат во услови на отсуство на надворешните влијанија врз умот. Тајната на пронаоѓањето е во самотијата. Во самотијата се раѓаат идеите.“

    rn

    „Не постои ништо што би можело да го привлече човечкото внимание и што заслужува да биде предмет на проучување повеќе од природата. Да го разбере нејзиниот огромен организам, да ги открие нејзините сили и да ги знае законите кои управуваат со неа е најголемата цел на човечкиот разум.“

    rn

    „Не е големо зло ако погреши студентот. Но ако погрешат големите умови, светот скапо ќе ги плати нивните грешки.“

    rn

    „Кога сум соочен со некоја исцрпувачка задача, работам на неа и ѝ се враќам одново и одново додека не ја завршам. Така практикував ден за ден, од утро до вечер. На почетокот тоа бара силен ментален напор насочен против склоности и желби, но како што минуваа годините, ова спротивставување слабееше и на крај мојата волја и желба станаа едно исто. Такви се и денес и тоа е тајната за сите мои успеси.“

    rn

    „Интуицијата е нешто што е пред точното знаење. Нашиот мозок поседува, без сомнение, многу чувствителни нервни клетки го ни овозможуваат да ја почувствуваме вистината, дури и кога уште е недостапна со логични заклучоци или други ментални напори.“

    rn

    „Не правам цртежи, не правам макети. Во главата креирам цртеж, по него мисловно го создавам уредот, го тестирам и го пуштам да работи. Во 20 години работа, резултатите на мисловните испитувања и испитувањата во лабораторија секогаш давале исти резултати.“

    rn

    „Ова е парадоксално, но е вистина, кога викаат дека колку повеќе знаеме, толку повеќе не знаеме во апсолутна смисла, бидејќи преку ова просветлување стануваме свесни за своите ограничувања.“

    rn

    „Кога природната желба ќе се развие во копнеж, приближувањето кон целта е со огромни чекори.“

    rn

    „Нашите мани и нашите доблести не се одвоени, како сила и материја. Ако се раздвојат, човекот повеќе не постои.“

    rn

    „Ниту едно општество не може да постои и да се развива без строга дисциплина.“

    rn

    „Мозокот не води постојани записи, не собира знаење. Знаењето е нешто слично на ехото кое ја нарушува тишината за да оживее.“

    rnПрочитајте ги и овие 9 изненадувачки факти за Никола Тесла што сигурно не сте ги чуле досега.

  • Зошто најдобрите нешта се случуваат кога најмалку ги очекуваме?

    Зошто најдобрите нешта се случуваат кога најмалку ги очекуваме?

    Колку пати ви се случило со месеци безуспешно да испраќате апликации за работа, а кога сте се откажале, работата од соништата сама дошла кај вас? Од колку состаноци сте се вратиле разочарани и кога конечно сте се убедиле дека не ви е потребен никој, сосема случајно сте ја сретнале љубовта на вашиот живот? Сите овие ситуации се објаснуваат со изреката „Најубавите нешта се случуваат кога најмалку се надевате“.rnrnЗошто најдобрите нешта се случуваат кога најмалку ги очекуваме?rnrnПостојат неколку факти кои одат во прилог на оваа изрека, па изгледа најдобро е навистина да му дозволиме на животот самиот да се случува. Погледнете зошто.rn

    1. Кога нешто конечно ќе го пуштите, почнувате да гледате појасно

    rnПонекогаш толку силно посакувате да се случи нешто, што не размислувате рационално и самите се буните. Во тој момент, потребно е да ѝ ставите пауза на вашата желба и да го оттргнете фокусот. Кога конечно вниманието ќе го свртите кон нешто друго, ќе имате неспоредливо појасна слика за сè што ви се случувало во последно време. Дури тогаш ќе сфатите колку тоа било добро или лошо за вас. Понекогаш едноставно треба да заборавите на вашите желби, за побрзо и полесно да се остварат пред вас.rn

    2. Морате да се препуштите

    rnПонекогаш ништо не се одвива онака како што сакате, а најдобрите нешта обично се случуваат кога ќе ја тргнете вашата контрола. Понекогаш самите се кочите бидејќи премногу размислувате и им дозволувате на можностите за остварување на соништата да ви поминат пред нос. Во овој момент заборавете на ризик и одете по вашата среќа.rn

    3. Научете да живеете во моментот

    rnОна што не се случило, не ни требало да се случи. А она што допрва ќе се случи, воглавно зависи од она што ви се случува во моментот. Поради ова важно е да научите да го живеете животот без да му се навраќате на минатото и без да ја планирате иднината. Живејте во сегашноста, во моментот кој се случува токму сега. Секој ден од вашиот живот е посебен и ако се обидете да ги правите нештата што ве прават среќни, ќе доживеете многу исполнувачки искуства.rnrnПогледнете и кои се убијците на среќата што ги крадат вашите шанси за успех.

  • Луѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразат

    Луѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразат

    Многу луѓе имаат кариера што е поразлична од она за коешто отсекогаш сонувале. И без разлика колку е добро вашето работно место и колку пари правите, порано или подоцна, сè се сведува на автоматско работење и чекање на викендот.rnrnПосле тоа, се враќате дома без енергија или ентузијазам да станете и да го повторите истото наредниот ден. Сите имаме свои причини зошто можеби се чувствуваме заглавено, но некои луѓе се доволно храбри да направат промена. Во продолжение погледнете неколку вакви луѓе кои можеби ќе ве инспирираат и вие да го направите она што отсекогаш сте го сакале.rn

    „Дадов отказ во сабота, момчето ме напушти во недела, одлично поминав на испитот во понеделник, ја добив работата што ја сакам во вторник, го исплатив долгот во среда и го поминав денот на плажа со моето куче. Беше добра недела“

    rnЛуѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразатrn

    „После 5 години работење во смена од 4 наутро, денес поднесов оставка и ќе почнам со новата работа (од 8 до 16) за 4 недели! Се чувствувам неверојатно“

    rnЛуѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразатrn

    „Дадов отказ за да станам професионален шетач на кучиња. Не жалам… Ова е Зевс!“

    rnЛуѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразатrn

    „Пред 11 месеци дадов отказ, продадов сè што имам и го напуштив Сиетл за да пловам ширум светот“

    rnЛуѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразатrn

    „Дадов отказ, купив комбе и возев од Флорида до Јута. Се расипа, купив друго возило и стигнав на Burning Man точно навреме. Еве неколку фотографии“

    rnЛуѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразатrn

    „Ова е денот кога дадов отказ од последната работа во продавница“

    rnЛуѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразатrn

    „Дадов отказ од работата (која беше ужасно здодевна) и сега сликам!“

    rnЛуѓе кои ги надминале своите стравови и дале отказ од работата што ја мразатrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 нешта од коишто треба да се ослободите за да тргнете напред

    5 нешта од коишто треба да се ослободите за да тргнете напред

    Понекогаш животните околности навистина ве начекуваат неподготвени. Никој не планира денес да остане без работа, без пријател или без член од семејството. Никој не планира да ја раскине врската со саканата личност. Но, овие нешта се случуваат секојдневно. Тие се дел од животот и потребно е да ве научат како да продолжите напред. Кога навистина ќе сакате да продолжите напред, ова се нештата од коишто треба да се ослободите.rnrn5 нешта од коишто треба да се ослободите за да тргнете напредrn

    1. Изборот да не правите ништо

    rnНе можете да одберете како ќе умрете или кога. Можете да одлучите само како ќе живеете во овој момент. Секој ден е нов можност за избор. Одберете да ја промените вашата перспектива. Одберете да го гледате позитивното. Одберете да престанете да губите време на несигурност и сомнежи. Одберете да работите нешто на коешто сте горди. Одберете вистински да живеете во сегашноста.rn

    2. Изговори

    rnПорано или подоцна ќе сфатите дека не е важно она што сте го изгубиле по пат, туку што правите со она што сè уште го имате. Кога ќе простите и кога ќе продолжите напред, нема да го промените минатото, но дефинитивно ќе ја промените иднината.rn

    3. Мислењето дека го немате она што е потребно

    rnНикој нема да ве заслепи повеќе од самиот живот. Понекогаш животот ќе ве сруши на земјата и ќе ве држи таму доколку му дозволите. Но не станува збор за тоа околу силно ќе ве погоди животот, туку колку силно може да ве погоди, а вие да продолжите да се движите напред. Ова е вистинската сила и победа над животот.rn

    4. Занемарување на позитивната страна на животот

    rnОна што го гледаме често зависи од она што го бараме. Направете го најдоброто што можете предајте му се на резултатот. Кога ќе заглавите и ќе почнете да жалите за нештата што би требало да ги имате, испуштате да го видите она што веќе го имате. Ќе биде тешко да останете среќни кога не сте благодарни на убавината во вашиот живот.rn

    5. Дозволување на туѓите предрасуди да управуваат со вашиот живот

    rnЛуѓето го знаат вашето име, но не и вашата приказна Можеби знаат што сте направиле, но не знаат низ што сте поминале. Па, туѓото мислење за вас никогаш не сфаќајте го премногу сериозно. Понекогаш мора да го направите она што е најдобро за себе и за вашиот живот, а не она што е најдобро за сите останати.rnrnПогледнете и како да живеете подобар живот.

  • 15 безвремени цитати од Абрахам Линколн

    15 безвремени цитати од Абрахам Линколн

    Многумина сметаат дека Линколн бил можеби најдобриот претседател на Америка. Роден во февруари 1809-та година, Линколн бил второто дете на Томас и Ненси Хенкс Линколн.rnrn15 безвремени цитати од Абрахам ЛинколнrnrnВо неговата младост, Линколн сфатил дека работењето на фарма не е за него, па решил да му се посвети на образованието. На 4-ти март 1861-ва година, Линколн станал 16-тиот претседател на САД. Тој ги водел неговите луѓе низ граѓанската војна и бил одговорен за мнозинството одлуки на Унијата. Се борел за еднакви права, слобода и демократија, што водело до аболиција на ропството и што го поплочило патот на економијата на САД.rnrnВо 1865-та година бил застрелан и убиен. Во подобри времиња, Линколн го прогласил и Денот на благодарноста за национален празник во САД, а мнозинството луѓе го паметат како храбар маж со силен глас. Во продолжение погледнете дел од неговите најзначајни цитати.rn

    „Луѓето обично се среќни колку што самите ќе одлучат.“

    rn

    „Власта на луѓето, од луѓето, за луѓето, нема да исчезне од Земјата.“

    rn

    „Дајте ми 6 часа да исечам дрво, и ќе ги поминам првите четири острејќи ја секирата.“

    rn

    „Оние кои им ја земаат слободата на другите, не ја заслужуваат за себе.“

    rn

    „Најдоброто нешто за иднината е тоа што се случува ден по ден.“

    rn

    „Оние кои го бараат лошото во луѓето, сигурно ќе го најдат.“

    rn

    „Јас одам бавно, но никогаш не одам назад.“

    rn

    „Најдобриот начин да ја предвидите вашата иднина е да ја креирате.“

    rn

    „Денес сум успешен бидејќи имав пријател кој веруваше во мене и немав срце да го разочарам.“

    rn

    „Карактерот е како дрво а репутацијата е неговата сенка. Сенката е она што мислиме дека е, а дрвото е реалноста.“

    rn

    „Речиси сите мажи можат да издржат катастрофа, но ако сакате да го тестирате нечиј карактер, дајте му моќ.“

    rn

    „Има право да критикува оној кој има срце да помогне.“

    rn

    „Што и да сте, бидете добри во тоа.“

    rn

    „Кога правам добро, се чувствувам добро. Кога правам лошо, се чувствувам лошо. Тоа е мојата религија.“

    rn

    „Мојата голема грижа не е дали сте доживеале неуспех, туку дали сте задоволни од вашиот неуспех.“

    rnПрочитајте ги и овие цитати што ќе ви ја вратат вербата во себе.