Овој рачен часовник е изработен од луксузната швајцарска компанија „Piaget“, која се занимава со изработка на часовници и накит. Моделот е направен за да им оддаде почит на 12 легендарни згради на градот Њујорк, во кои е вклучена и Статуата на слободата.
rn
Зградите се поставени на црната основа на часовникот, помеѓу римските броеви кои ги означуваат часовите. Тој е придвижуван од механизам изработен од самата компанија, кој е составен од 163 компоненти, од кои 27 се скапоцени камења.
Две прекрасни гравури се наоѓаат на двете страни од часовникот, едната прикажувајќи го Менхетен со двата главни мостови, другата прикажувајќи го Њујорк од Статуата на слободата. Круната на часовникот е направена од 18-каратно бело злато со гламурозен дијамант во средината. Ремчињата се од алигаторска кожа.
Од овој модел се изработени само три парчиња, што го прави часовникот уникатен и ексклузивен. Неговата цена засега останува тајна.
rn——————————————————————————————————————————————————————— rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn






Главната сличност помеѓу двата модела е основната боја на телото од моторот, како и хромираните делови. Двата модела ќе бидат ставени на аукција, а парите од продадените чопери ќе бидат предадени за финансирање на истражувањата за пронаоѓање лек за мускулна дистрофија. Засега, според бројот на гласови, во водство е Џуниор и најверојатно неговиот чопер ќе достигне повисока цена на аукцијата.

rn
rnrn


Режија:
На самиот почеток на „Депонија“ се добива впечаток дека ќе имаме приказна за еден уметник со комплекс на Господ кој смета дека може да си игра со луѓето како со марионети само за свое задоволство и притоа ќе ни ја продава приказната дека прави големи општествени добра. Но, како што минуваат минутите таа перцепција на работите се распрскува на парчиња затоа што тие луѓе кои заработуваат во најголем дел како собирачи на отпаден материјал на депонијата, се и најголемите философи во филмот.rnrnСо секој нов кадар тие лупат по едно парче од својата животна приказна на која не можеш да останеш рамнодушен. Луѓе како секој од нас, ниту подобри ниту полоши, кои животните случувања ги ставиле таму каде што се. Тие не се отпадот, туку личности кои со сите сили се обидуваат да заработат за живот и не се препуштаат на она што е најлесно да се прави во Рио, да се продава дрога или пак сопственото тело. Сите се поинакви и носат можеби малку поинаков животен бекграунд и мисла. Но, од нив се гледа дека кренатата глава е најважното нешто во животот, дека никогаш не е доцна за промени, дека лесниот пат најчесто и не е вистинскиот, дека…rnrnВо очите на секој од гледачите на „Депонија“ можеби само една мисла ќе изгледа како најважна, во зависност од она што ви се случува во мозокот, но без исклучок овој филм секого ќе го направи подобар човек.


rn
rn
rnrn
rnrnВо 1993 година, една слика од Лусиен Фројд ја инспирирала да го промени правецот на својата работа. Оттогаш фотографира создавајќи дела кои се на границата помеѓу слики и фотографии.rnrn
rnrnНејзината серија „Насликани дами“ (Painted Ladies) е просто воодушевувачка.rnrn

rnrn rnrn








rnrn











rnrn
rn


























rn