Високите температури понекогаш навистина знаат да ни ги „издолжат“ и онака веќе многу долгите летни денови. Секундите стануваат минути, минутите часови, часовите денови… Ви се случило ли некогаш 3 пати да погледнете во часовникот мислејќи дека поминало многу време од претходното погледнување, но всушност сфаќате дека не поминала ни една минута?rnrnБидејќи знаеме какво е чувството, решивме да ви предложиме една идеја која со сигурност ќе направи времето да почне да ви „лета“. Наместо да лежите цел ден пред телевизорот, постојано менувајќи ги програмите, надевајќи се дека така побрзо ќе пристигне вечерта, употребете го вашето време малку поинаку и дизајнирајте си часовник кој постојано ќе ги збунува вашите најблиски за време на нивните посети. Сè што ви е потребно е многу слободно време, малку трпение и инспирација од наредниве несекојдневни часовници:rnrn
Дали постои универзална формула за среќа? Ако постои, од каде да го најдеме рецептот? Да се биде среќен не е некоја сложена работа и тешка задача. Светот е онаков каков што ние го гледаме. Низ призмата на сивилото е сив, низ призмата на розовото е розов, ништо тешко, ниту пак комплицирано. Хранете се со позитивност, убавина, спокој и насмевки. Уште веднаш бидете посреќни!rnrnrn
Како да бидете посреќни?
rn
rn011
Гледајте помалку телевизија, читајте многу книги.
rn011
Бидете упорни и не откажувајте се лесно.
rn011
Не работете премногу напорно, работете малку повеќе од она што е доволно.
rn011
Верувајте во чуда и случајности.
rn011
Бидете организирани.
rn011
Престанете секаде да барате логика, не размислувајте претерано за нештата.
rn011
Спортувајте.
rn011
Научете да се сакате себеси, онакви какви што навистина сте.
rn011
Престанете сè да планирате однапред, едноставно оставете некои работи да се движат по природен тек.
rn011
Бидете блиски со вашето семејство.
rn011
Верувајте во себе, имајте самодоверба.
rn011
Сакајте го она што го работите.
rn011
Не обидувајте се да бидете нешто што не сте.
rn011
Помагајте им на другите.
rn011
Гласно кажувајте го вашето мислење, не потиснувајте ги своите емоции.
rn011
Ослободете се од личностите и работите кои негативно влијаат на вас и ве прават несреќни.
Ви ја претставуваме Рита Ора (Rita Sahatçiu Ora), 21-годишна девојка со неверојатен глас и впечатлив имиџ. Рита полека, но сигурно ги освојува љубителите на добрата музика низ целиот свет, а како што и самата тврди, најдоброто од неа допрва доаѓа.Родена е на 26 ноември 1990 година. Израсната е во Лондон и на светот му е позната како слатка и талентирана Британка, но по потекло е од Приштина. Рита заедно со своите родители и со нејзината постара сестра, заминале од Косово уште пред таа да наполни една година.Рита Ора не поседува само талент за пеење, таа е и текстописец, а одлично се снаоѓа и во актерството. На самиот почеток на нејзината кариера, се појавува во улога на Росана во Британската криминална драма „Spivs“ во 2004.rnrnВо 2007 и 2008 се појавува со неколку музички хитови, како „Akward“ заедно со Craig David и „Where’s your love“ со Tinchy Stryder. Она што почнува да ја вади од сенка, е обидот да ја претставува Британија на Евровизија во 2009 година, за што и самата признава дека не се чувствувала подготвена, па се повлекува. Ора е забележана од страна на големи музички имиња, па кон крајот на 2009 се приклучува кон издавачката куќа „Рос Нејшн“, чиј основач е Џеј Зи.rn
rn
rnВо текот на 2009 се промовира настапувајќи во барови и клубови во Лондон, а во 2011 издаде видеа со подготовките на нејзиниот деби албум, кој би требало да излезе ова лето. Она што може да го очекуваме од албумот се големи хитови, имајќи ги предвид нејзините гласовни способности и фактот што таа работи на него повеќе од две години. Исто така, соработува со познати музички имиња, како Вил Ај Ем, Дрејк, Канје Вест и други.rn
rnrn
„Ми дадоа три години за да го подготвам мојот албум. Две години за да се пронајдам себеси и речиси една година за да го снимам. Луѓето не го прават тоа во денешно време, но најверојатно тие веруваа во мене.“ – изјави таа
rnНејзиниот прв голем хит е издаден кон крајот на 2011, насловен како „Hot right now“, во соработка со Dj Fresh. Водечкиот сингл на албумот е „How do we do (Party)“.rn
rnШпекулациите дека е во врска со Канадскиот рапер Дрејк, стивнаа откако ја обелодени врската со членот на познатото семејство Кардашијан, Роб, кој во неколку наврати изјави дека е до уши вљубен во слатката и необична Рита. Засега, најновото од неа е појавувањето како гостин во жирито на познатото шоу за таленти „X Factor“, за што видно возбудена „твитна“:rnrn
„Јас сум иста како вас. И јас само што започнав… тука сум за да ви помогнам.“
rnРита ќе ги придружува членовите на популарната група Coldplay за време на нивната летна турнеја.rnrnНејзиниот стил и музика, често е споредуван со оној на Ријана, но многумина ќе речат дека оваа девојка е оригинална и единствена. Всушност, таа отворено признава дека нејзина инспирација е Гвен Стефани, не само во музиката, туку и во градењето на целокупниот имиџ. Исто така, ја наведува и Бијонсе, како личност на која ù се восхитува и ја почитува. Во врска со нејзиниот имиџ, инспирацијата потекнува и од познатата Мерлин Монро, а оваа поврзаност се објаснува со нејзиниот ретро стил.rn
Во денешно време има многу парфеми со потпис на славните личности, но ако барате класика, пробајте ги безвремените парфеми инспирирани од легендарните модни икони.rn
Одри Хепберн
rnПарфемот кој модната компанија на Живанши го создаде специјално за Одри Хепберн беше наречен „Забрането“ затоа што, според гласините, актерката не сакала овој парфем да биде споделен со други жени. Сепак, во 1960 година, парфемот беше претставен пред јавноста. Во рекламната кампања се појави дури и самата актерка.rnrnПарфемот е наменет за: жени кои ги привлекуваат мажите со нивната скромност и срамежливост.rnrnrn
Грета Гарбо
rnТриото парфеми „Мит“, „Сфинга“ и „Божица“ ја сочинуваат колекцијата Grès, инспирирана од Грета Гарбо. Дизајнерот Аликс Бартон ја креираше не само оваа колекција парфеми, туку и облеката на мистериозната шведска актерка. Колекцијата парфеми беше претставена во 2009 година.rnrnПарфемот е наменет за: носталгични жени кои поседуваат талент за актерство.rnrnrn
Принцезата Дајана
rnИнспириран од принцезата Дајана, парфемот е создаден од Вилијам Овен III, чие семејство прави мириси за кралското семејство повеќе од еден век. Овој парфем е именуван според истоимената египетска божица Изида и претставува комбинација од бела роза и темјанушка.rnrnПарфемот е наменет за: невообичаено весели жени со аристократско однесување.rnrnrn
Кетрин Хепберн
rnПарфемот инспириран од Кетрин Хепберн, Vol de Nuit Perfume, бил претставен во 1933 година, како насловна страна на романот „Ноќен лет“ од Антоан де Сент – Егзипери. Овој парфем бил претставуван од Ава Гарднер и Џин Харлоу, но најголема популарност му донела сцената во филмот на Мартин Скорсезе, „Авијатичарот“, во кој една од главните улоги е онаа на Кетрин Хепберн.rnrnПарфемот е наменет за: жени кои копнеат по слободата.rnrnrn
Коко Шанел
rnКреиран од самата Коко Шанел, парфемот „Шанел број 5“ е создаден за модерните и независни жени. Овој парфем бил претставен во 1920 година и претставува мешавина од неколку различни есенции. Се претпоставува дека на Коко Шанел ѝ биле понудени 25 парфеми од кои таа го избрала парфемот број 5, па така настанало неговото име „Шанел број 5“.rnrnПарфемот е наменет за: зрели и независни жени кои не се плашат да ја покажат својата внатрешна сила.rnrnrn
Грејс Кели
rnКолекцијата парфеми „Флора“ била создадена од Родолфо Гучи, а инспирирана од една марама направена специјално за Грејс Кели, откако таа ја посетила продавницата на Гучи во Милано, во 1966 година. Во оваа колекција доминираат нотите на гарденија, тубероза, магнолија, темјанушка и мандарина.rnrnПарфемот е наменет за: романтични жени кои се секогаш заљубени.rnrnrnrn
Кафето е инспирација во многу аспекти од нашите животи. За некои, не е доволно само да го консумираат. Некои од него создаваат уметност, други ја ставаат уметноста на него. Инспирацијата е неисцрпна. Еве и неколку идеи како да направите накит од зрна кафе или пак накит, кој носејќи го на себе јасно ќе покаже дека сте негови големи љубители.rnrnrnrn rnrn
Јусеин Болт е еден од најхаризматичните и најзабавните спортисти на планетата. Неговите изјави секогаш привлекуваат внимание, а кога од нив ќе се создаде песна, тогаш се добива нешто што е и забавно и инспиративно.Следниот ремикс е дело на диџејот Стив Портер, којшто собрал неколку впечатливи изјави од најбрзиот човек во светот и од нив создал оригинална песна којашто може да послужи за инспирација на сите оние кои сакаат да ги издржат напорните тренинзи.rn
Автор: Бојана МандевскаrnrnПостојат моменти кога светот се руши, самодовербата и храброста се на најниско ниво, сè е облачно и тажно. Но, секое лошо е за добро, секоја тага носи нова среќа. Кренете ја главата и продолжете понатаму. Не дозволувајте моменталните неуспеси и разочарувања да ве депримираат. Ниедна тага не е вечна. Секогаш бидете тоа што сте. Никогаш не обидувајте се да сокриете кои сте. Најголемиот срам во животот е да имате срам. Секогаш стојте зад она во коешто верувате. Не жалете за минатото, тоа е само губење време. Сè се случува со причина, секоја грешка, секој момент на слабост, секој страв со кој се соочувате се начини на кои растете и созревате. Единствен начин да стекнете туѓа почит е да покажете дека самите се почитувате. И најважно од сè, никогаш не барајте извинување за тоа што сте.rnrnrn
„Кога светот вели ‘откажи се’, надежта шепоти ‘пробај уште еднаш’.“ – анонимен автор
rn
„За бидеш најдобар, потребно е да се справиш со најлошото.“ – Вилсон Канади
rn
„Никогаш не дозволувајте вашето минато да ви диктира кои сте, но сепак нека биде дел од она што ќе станете.“ – Џони Магања
rn
„Луѓето кои нè повредуваат ни ги даваат најголемите лекции во животот.“ – анонимен автор
rn
„Следете го вашето срце без сомневање. Ако е во право, ќе успеете, ако не, ќе научите.“ – Вилсон Канади
rn
„Од добрите работи учиме да бидеме благодарни, а од лошите да бидеме силни личности.“ – Вилсон Канади
rn
„Не можам да го сменам правецот на ветерот, но можам да ги прилагодам моите едра да ме однесат до мојата цел.“ – непознат автор
rn
„Секогаш борете се за она што го сакате, не откажувајте се од тоа без разлика колку изгледа безнадежно. И кога ќе немате веќе надеж, запрашајте се дали после 10 години би посакале да се обидевте уште еднаш, бидејќи најубавите работи во животот не се случуваат ‘бесплатно’.“ – Досонс Крик
rn
„Сништата се денешните одговори на утрешните прашања.“ – непознат автор
rn
„Вашиот проблем не е навистина ваш проблем. Вашата реакција на проблемот е всушност ваш проблем.“ – Брајан Кинси
rn
„Нашите животи се подобруваат кога ризикуваме, а првиот и најтежок ризик кој можеме да го преземеме е да бидеме искрени со себеси.“ – Волтер Андерсон
rn
„Само оние кои ризикуваат да отидат предалеку знаат до каде може да стигнат.“ – непознат автор
rn
„Не очекувајте ништо и ќе бидете изненадени од нешто.“ – Вилсон Канади
rn
„Ако си роден сиромашен тоа не е твоја грешка, но ако умреш сиромашен тоа ‘е’ твоја грешка.“ – Бил Гејтс
rn
„Не плашете се да покажете кои сте навистина, бидејќи сè додека сте среќни и задоволни од себе, туѓите мислења не се важни.“ – непознат автор
rn
„За тие кои се на врвот – не бидете премногу горди, за тие кои се на дното – не бидете засрамени. Ништо не е дефинитивно, сè уште нешто може да се промени.“ – Вилсон Канади
rn
„Не категоризирајте се себеси, создадете нова категорија.“ – Ентони Ривера
rn
„Не обидувајте се да бидете добри во сè. Бидете добри во нешто. Тоа е она што ве прави посебни.“ – Вилсон Канади
rn
„Кога треба да донесете тешка одлука фрлете паричка. Кога паричката ќе биде во воздух ќе сфатите на што се надевате.“ – непознат автор
rn
„Искушението да се откажете е најголемо во моментот кога сте на прагот од успехот.“ – Кинеска поговорка
rn
„Секое утро ви нуди две можности: да продолжите со спиење и сонување или да станете и да почнете со остварување на вашите сни. Изборот е ваш!“ – непознат автор
rn
„Постојат две можности во животот, да следиш или да бидеш следен. Не можеш да бидеш и возач и патник во исто време.“ – Вилсон Канади
rn
„Моментот кога ќе престанеш да се грижиш за тоа што другите мислат, почнуваш да бидеш тоа што навистина си.“ – непознат автор
rn
„После дождот се појавува виножито, по бурата е мирно, по ноќта доаѓа утрото, по завршетокот доаѓа нов почеток.“ – непознат автор
Автор: Александра ЧакаровскаrnrnНаучно-фантастичните филмови се одлична инспирација на композиторите да создадат уникатна и специфична музика. Музичките ноти кои треба да ја доловат волшебната вселена, леталата од иднината, натприродните сили на разните чудовишта и безброј други неверојатни нешта, се вистински предизвик за секој креатор на музика. Поради својата препознатливост, токму музиката од овој жанр на филмови, е една од најдобрите која се прави за потребите на филмот. Во продолжение, погледнете ги некои од најдобрите музики на сите времиња.rnrnЏурасик Парк (Jurassic Park), музика компонирана од Џон Вилијамсrn
rnВраќање во иднината (Back to the Future), музика компонирана од Алан Силвестриrn
rnСтар Трек IV: Патот кон дома (Star Trek IV: The Voyage Home), музика компонирана од Леонард Розенманrn
rnПочеток (Inception), музика компонирана од Ханс Зимерrn
rnСпокојство (Serenity), музика компонирана од Дејвид Њуманrn
rnВонземјанец (Alien), музика компонирана од Џери Голдсмитrn
rnВојна на ѕвездите (Star Wars), музика компонирана од Џон Вилијамсrn
rnТерминатор 2: Судниот ден (Terminator 2: Judgement Day), музика компонирана од Бред Фиделrn
rnРобокоп (RoboCop), музика компонирана од Басил Поледоурисrn
rnТрон (Tron), музика компонирана од Венди Карлосrn
Автор: Петар ТодоровскиrnrnТатјана Плахова е млад талентиран уметник од Москва која што има две сосема различни професии. Откако магистрирала на социјална психологија, се запишала на Високата академија за графички дизајн во Москва за да може да се занимава со нејзината најголема страст – фотографијата. Таа многу умешно ги соединува знаењата од двете области и создава уметност која не може да се спореди со ничија друга.Татјана смета дека светот се развива во насока на културна комплексност, па токму преку своите дела се обидува да ја прикаже разновидноста на опкружувањето во кое живее, црпејќи инспирација од најразлични извори – релјефот, фолклорните елементи, геометријата, па дури и биологијата.rnrn
Сите нас, повеќе или помалку, нè интересира од каде доаѓаат добрите идеи. Сакаме да сме покреативни, поиновативни, да ни паѓаат на памет подобри идеи. По долго истражување, Стивен Џонсон верува дека дошол до одговорот на тоа прашање. Тој верува дека постојат неколку шеми, кои постојано се повторуваат при создавање на необично иновативна околина пред да дојде до појава на добра идеја.rnrnrnrnЕдна од тие шеми Џонсон ја нарекува бавно претчувство. Најголемите откритија досега настанале кога најмалку се очекувало, во ненадеен момент на инспирација. Најдобар пример е моментот „Еурека“ на Архимед. Голем број идеи остануваат долго скриени во вас, сè додека не се појави момент кога токму тие ќе ви бидат најкорисни во тој период од вашиот живот. Тоа се случува поради фактот дека добрите идеи најчесто настануваат поради судирот на неколку помали претчувства.rnrnПонекогаш потребни се двајца за создавање на една целосна идеја. Почетокот на идејата се наоѓа во форма на претчувство кај една личност, додека пак крајот кај друга личност. Ненадејно започнат разговор на таа тема може инстантно да доведе до појава на една одлична нова идеја. Тоа добро го потврдува и познатата изрека „Со две глави подобро се мисли“.rnrnСпоред Џонсон интернетот во денешно време има огромна улога во создавањето на добри идеи. Поврзаноста на луѓето низ целиот свет овозможува на најразлични начини да се зголеми иновативната околина и притоа полесно да се доаѓа до нови откритија.rnrnПозајмувањето на претчувствата на другите луѓе може многу да ви помогне во формирање на една нова, уникатна и добра идеја која се криела во вас подолг период.rnrnПогледнете го и ова видео во кое Стивен Џонсон на многу интересен начин објаснува од каде доаѓаат добрите идеи…rnrnrnrn