КАФЕ ПАУЗА

Tag: иновација

  • Од каде доаѓаат добрите идеи?

    Од каде доаѓаат добрите идеи?

    Сите нас, повеќе или помалку, нè интересира од каде доаѓаат добрите идеи. Сакаме да сме покреативни, поиновативни, да ни паѓаат на памет подобри идеи. По долго истражување, Стивен Џонсон верува дека дошол до одговорот на тоа прашање. Тој верува дека постојат неколку шеми, кои постојано се повторуваат при создавање на необично иновативна околина пред да дојде до појава на добра идеја.rnrnОд каде доаѓаат добрите идеи?rnrnЕдна од тие шеми Џонсон ја нарекува бавно претчувство. Најголемите откритија досега настанале кога најмалку се очекувало, во ненадеен момент на инспирација. Најдобар пример е моментот „Еурека“ на Архимед. Голем број идеи остануваат долго скриени во вас, сè додека не се појави момент кога токму тие ќе ви бидат најкорисни во тој период од вашиот живот. Тоа се случува поради фактот дека добрите идеи најчесто настануваат поради судирот на неколку помали претчувства.rnrnПонекогаш потребни се двајца за создавање на една целосна идеја. Почетокот на идејата се наоѓа во форма на претчувство кај една личност, додека пак крајот кај друга личност. Ненадејно започнат разговор на таа тема може инстантно да доведе до појава на една одлична нова идеја. Тоа добро го потврдува и познатата изрека „Со две глави подобро се мисли“.rnrnСпоред Џонсон интернетот во денешно време има огромна улога во создавањето на добри идеи. Поврзаноста на луѓето низ целиот свет овозможува на најразлични начини да се зголеми иновативната околина и притоа полесно да се доаѓа до нови откритија.rnrnПозајмувањето на претчувствата на другите луѓе може многу да ви помогне во формирање на една нова, уникатна и добра идеја која се криела во вас подолг период.rnrnПогледнете го и ова видео во кое Стивен Џонсон на многу интересен начин објаснува од каде доаѓаат добрите идеи…rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Производи инспирирани од Фејсбук

    Производи инспирирани од Фејсбук

    Обидувајќи се да бидат поинвентивни, а преку тоа да привлечат поголем интерес кај купувачите, производителите почнаа да ја употребуваат моќта на Фејсбук. Но, овој пат не станува збор за промоција и маркетинг, туку за нешто сосема поинакво. На доста итар начин, многу иноватори се обидуваат да ја искористат популарноста на оваа социјална мрежа и лесно да заработат некоја пара повеќе, преку креирање оригинални производи, кои потсетуваат или носат некое обележје на најмасовната зараза на 21 век. Мора да се признае, некои од нив се доста интересни.Производи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од ФејсбукПроизводи инспирирани од Фејсбук

  • Проѕирен телевизор

    Проѕирен телевизор

    Од црно-бели и мали, па поголеми и масивни, до огромни, а сепак тенки, дизајнот и формата на телевизорите значително се менуваше низ годините, паралелно со технологиите на кои тие се базираат. Најновото нешто што може да направи значителна разлика во начинот на кој телевизорот се доживува е Loewe Invisio – невидливиот телевизор кој се претопува во околината на домот.rnrnПроѕирен телевизорrnrnДизајниран од Michael Friebe, невидливиот телевизор влезе во селекција за наградите IF Concept Design 2011, меѓународен натпревар за професионалци од  областа на дизајнот, архитектурата, маркетингот и инженерството.rnrnПроѕирен телевизорrnrnТелевизорот е секако невидлив додека не се користи, инаку не би можел да ја остварува својата основна функција – да прикажува подвижни слики. Претставува чиста стаклена површина која ќе овозможи задржување на визуелно непроменета состојба во собата во која се наоѓа.rnrnПроѕирен телевизор
    rn

    „Како прв од овој тип, Loewe Invisio претставува техничка иновација, комбинирајќи ја вообичаената LCD со најновата технологија на екрани – TOLED. Ова овозможува да се создава непроѕирна површина со подвижни слики, јака репродукција на бои и целосен контраст од мрак црна до беспрекорно бела боја“, изјавува креаторот.

    rnrnПроѕирен телевизор
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нај иновации од Google за изминатава година

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    Како и секоја година, така и оваа, Гугл ги изненадиja своите корисници и поддржувачи со интересни иновации, но не сите го заслужија вниманието кое барем на почетокот го имаа. Следува листа на 10-те најдобри и најлоши иновации на гугл за изминатата година.rn

    1. Автомобилот кој сам се вози ✔

    rnВо октомври оваа година, гугл ни открија дека работат на развивање технологија со која ќе биде возможно автомобилите сами да возат.rnrnАвтомобилите користат видео камери, радарски сензори и пронаоѓач на ласер на далечина кој може да ги „гледа“ другите возила во сообраќајот, како и детални мапи за навигирање по патиштата. Гугл велат дека нивните автомобили имаат поминато повеќе од 225 000 km, но ако сте нетрпеливи да си набавите примерок од ова откритие, сепак ќе мора да почекате додека возилата бидат сигурни за пуштање во продажба.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    2. Google TV ✔

    rnНа овогодишната I/O конференција на гугл, беше презентиран „новиот начин на кој размислуваме за телевизијата“ – Google TV. Тоа е платформа која ги комбинира ТВ програмите и интернетот.rnrnКако функционира? – На вашиот ТВ екран треба да го впишете она што го барате и Google TV ќе го пронајде за вас, пребарувајќи низ вашите канали, снимени серии, видеа од Јутјуб и други веб-сајтови. Можете да си ги зачувате вашите омилени фотографии, албуми, канали, сајтови и друго на вашиот домашен екран за полесен пристап во иднина.rnrnНекои нови телевизори ќе ја имаат оваа карактеристика, но за да гледате ТВ на овој начин, можете и да си набавите посебен уред кој ќе го поврзете со телевизорот кој веќе го поседувате.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    3. Google Buzz ✘

    rnВо февруари, гугл го најави Google Buzz, алатка за споделување линкови, фотографии, видеа, статуси и коментари, како интегрален дел од инбокс-сандачето на корисниците на Џимејл.rnrnМногу брзо по пуштањето на алатката, гугл се најде во тесно поради проблемите со приватноста кои таа ги предизвикуваше. Со основните поставки, Google Buzz јавно ги прикажуваше контактите на корисниците со кои тие скоро разговарале или размениле имејл пораки, на тој начин откривајќи осетливи податоци за самите корисници и за нивните контакти.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    rnrn

    4. Google Replay ✔

    rnРазбирајќи ја важноста на пораките кои се разменуваат преку Твитер, гугл почна да ги архивира сите твитови во вид на т.н. Replay, пребарувачка функција која графички ја прикажува популарноста на твитовите во одредено време и креира листи на поврзани твитови во хронолошки редослед.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    5. Priority Inbox ✔

    rnЗа оние кои секојдневно добиваат голем број имејл пораки во нивното сандаче на џимејл, гугл неодамна ја претставија алатката Priority Inbox која ги одделува важните од неважните пораки и ги организира на начин кој помага корисникот да го задржи фокусот на она што е навистина важно. Еве како.rnrn

    6. Google Wave ✘

    rnОваа веб-апликација наменета за комуникација и колаборација во реално време, едноставно не беше прифатена од страна на корисниците како што гугл се надеваа. Можеби затоа што кренаа многу врева и ги загреваа потенцијалните корисници со ексклузивно праќање пораки за користење на сервисот малку по малку, но многу брзо потоа, тие беа истите кои покажаа големо разочарување од она што го видоа. До крајот на годинава, сервисот и понатаму ќе остане достапен, но потоа веќе нема да се развива како самостоен производ.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    rnrn

    7. Google Street View ✔

    rnОваа карактеристика на Google Maps која овозможува разгледување на слики на ниво на улици, беше првпат претставена во 2007. Тогаш, вклучуваше само слики од градови во САД, но 3 години подоцна Google Street View ги посети сите 7 континенти, вклучувајќи го и Антарктик.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    8. Calling phones од Gmail ✔

    rnЗа луѓето кои поминуваат голем дел од своето време во канцеларија, правејќи повеќе или помалку важни телефонски повици, летово гугл објавија опција која ги користи микрофонот и слушалките поврзани на компјутерот на корисникот за да може тој да се јавува на секој кој има телефон, директно преку џимејл. Повиците во САД и во Канада се бесплатни до крајот на годината, а за другите земји можат да бидат ниски до 0,02 долари по минута.rnrn

    9. Google Reader Play ✔

    rnПрегледувањето на вашата Google Reader страница може да делува малку монотоно доколку го правите тоа секое утро. Google Reader Play е нов начин за прелистување низ содржини, блогови и воопшто низ целиот веб. За да започнете со користење, посетете го сајтот и лизгајте низ содржините со стрелките за лево и десно од тастатурата.rnrnReader Play ја користи истата технологија за препорачани содржини која функционира и во самиот Google Reader, а која ги идентификува најинтересните страници на интернет.  Кога ја користите оваа алатка, гугл се обидува да следи што ви се допаѓа, што споделувате и што означувате како омилено и потоа ви прикажува слични содржини, следниот пат кога ќе го посетите сајтот. Истите овие содржини ги префрла и во вашата корисничка сметка на Google Reader. Дополнително, алатката има вградена ТВ икона, која доколку ја притиснете, почнува слајдшоу од вашите непрегледани содржини.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    10. Google Nexus One ✘

    rnЗа времето за кое Епл успеаја да продадат 1 милион ајфони, гугл успеаја да продадат околу 135 000 парчиња од својот Nexus One. Во јули, гугл објавија дека добиле наредба од производителот на телефонот, да престане продажбата во САД, иако и понатаму ќе се продава во Европа и Кореја.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

  • Џиновски iPhone?

    Џиновски iPhone?

    Table Connect е всушност 58-инчна маса која може да се користи како iPhone за да се работи во одредени апликации, да се разгледуваат фотографии или да се сурфа на интернет.Џиновски iPhone?Multi-touch површината се поврзува со вашиот iPhone 4 преку 30-пински конектор по што масата магично се преобразува во iPhone.За да профункционира масата, треба да го поврзете вашиот iPhone кој треба да има поминато jailbreak и така површината почнува да функционира како екран на далечина.Џиновски iPhone?Многумина се сомневаат во сериозноста на овој уред, но луѓето од Table Connect велат дека ова ќе биде вистински производ кој ќе може да се купи, за сега, по непозната сума.Џиновски iPhone?Погледнете како Table Connect изгледа во акција:rn

  • Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

    Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

    Ако досега ви се случило да ви биде напорно читањето, па во потрага по олеснување сте наишле на конвертор кој текстот го претвора во аудио, денес е веќе возможно и спротивното. Бејблфиск е уред во вид на очила кој ги претвора изговорените зборови во текст и тоа директно пред очите на оној кој ги носи.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиrn

    Видете го она што го зборувате.

    rnОчила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиТоа е всушност софтвер за препознавање на говор кој се базира на алгоритми за помагање на слушањето кои овозможуваат препознавање на говор дури и во бучни средини. Штом зборовите се чуени, тие веднаш се преобразуваат во текст. Оваа функција ја овозможуваат вградените конторлори, додека двата микрофони детектираат од каде доаѓа звукот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиОвој иновативен уред може да најде различна примена. Мрзеливите ученици можат да го применат за да се покажат при презентирање на училишните проекти, додека студентите би можеле полесно да си поминат при полагање испити. Бејблфиск може практично да се примени и во работни услови, како на пример за време на состаноци или предавања. Сепак, најкорисен е за луѓето кои имаат оштетување на слухот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиСлушнатото со Бејблфиск веднаш се зачувува на флеш меморија во аудио и во текст формат, заради што е достапно и за понатамошна употреба. Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиАко вам ви паднат пар Бејблфиск очила во рака, сами одлучете дали ќе ги употребите или злоупотребите. Не ја обвинувајте иновативноста и креативноста за сè што може да произлезе од неа.