Можеби си мислевте дека инстант кафето не се користи повеќе, но индиското капучино ќе ви го докаже спротивното. Во Индија инстант кафето е многу популарно, бидејќи кога ќе се измати во комбинација со шеќер се добива вкусен кофеински пијалак кој е исто толку кремаст колку класичното италијанско капучино. Немојте да штедите на шеќерот бидејќи тој ја прави потребната пена.rnrn
rnrnИндиското капучино е кафе што можете да го направите ако измешате инстант кафе, шеќер и сосема малку вода или млеко. Матете ги состојките додека не добиете густа и кремаста смеса со светла боја. На сличен начин се прави и познатото кубанско кафе, само што Кубанците користат еспресо наместо инстант кафе. Потоа, треба да додадете топло млеко во смесата за да добиете пијалак сличен на капучиното кој целосно ќе ви го промени мислењето за инстант кафето.rnrnОвој пијалак е познат и како матено кафе, бидејќи понекогаш потребно е да ги матите кафето и шеќерот околу 10 минути за да ја добиете вистинската густина. Ќе треба малку да се помачите, но трудот нема да ви биде залуден.rnrnОдберете го најдоброто инстант кафе и започнете го денот со индиско капучино! Погледнете го и видеото кое ќе ви покаже подетално како да го направите овој вкусен пијалак…rnrnrnrnВо продолжение прочитајте и како се прави индиско еспресо кафе.
Tag: индиско
-

Започнете го денот со индиско капучино!
-

Индиско еспресо кафе
Пенеста магија во шолја со кафе, полна со јак, кремаст и сладок вкус
Потребни состојкиrn- rn011
- 1 лажица инстант кафе во прав
- 2 лажици шеќер
- 225 мл млеко (или 170 мл млеко + 55 мл вода)
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка: во шолја за кафе или во друг сад ставете ги шеќерот и кафето и сипете неколку капки вода. Смесата треба да е густа и не многу влажна. Матете со маталка, лажица или со електричен миксер сè додека не добиете многу пенеста смеса со светла боја. Загрејте го млекото и потоа сипете го врз смесата. Мешајте додека не ја изедначите. Смесата треба да стане пенеста и мазна. Или, може прво да го сипете млекото и целиот сад да го ставите во микробранова печка, па потоа да мешате. На крајот пропрскајте со неколку трошки кафе во прав.rnrnИако ова кафе содржи „еспресо“ во називот, тоа всушност многу повеќе наликува на капучино. Во секој случај, со начинот на подготовката ќе добиете нешто како индиското еспресо кафе кое се служи во Индија.rnrnЗемете неколку суви колачи или бисквити со подготвеното индиско еспресо кафе и оптегнете се пред телевизорот. Време е за одмор.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Индиско макијато
Ист вкус, различна подготовка во индиски стил
Потребно за две шолји:rn- rn011
- 2 лажици инстант кафе
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица ладно млеко
- 200 мл ладно млеко
- 100 мл топло млеко
- какао во прав
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПодготовка: Во сад ставете ги кафето и шеќерот. Убаво измешајте ги, па ставете 1 лажица ладно млеко. Со лажица мешајте додека да се растопи шеќерот и потоа уште околу 7-8 минути додека да добиете густа, но мазна смеса. Во две чаши ставете по 50 мл топло млеко. Во млекото распоредете го миксот од кафе и шеќер. Убаво измешајте додека да се соедини. На крај, дополнете ги чашите со по 100 мл ладно млеко и декорирајте со какао.rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.