КАФЕ ПАУЗА

Tag: индијански

  • Мудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во животот

    Мудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во животот

    Поговорките се едно од најголемите богатства во фолклорот на секој народ. Луѓето создавале поговорки за да пренесат мудрост и искуството на идните генерации.rnrnМудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во живототrnrnВо секоја поговорка се крие длабока мудрост. Тие помагаат во пронаоѓање решенија, справување со тешки ситуации и донесување правилни одлуки. Денес ви споделуваме индијански поговорки кои сигурно ќе ве воодушеват со својата мудрост.rn

    „Дури кога ќе се исече последното дрво, кога ќе се улови последната риба и ќе се отруе последната река, ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“

    rn

    „Не дозволувајте вчерашниот ден да ви троши премногу време и енергија од денешниот ден.“

    rn

    „Во секој од нас се борат два волци. Првиот е зол, вториот е добар… Кој волк ќе победи? Оној што го храните.“

    rn

    „Лесно е да се биде храбар од далечина.“

    rn

    „Веќе имате сè што ви треба за да бидете одлични.“

    rn

    „Ниту една река не може да се врати на својот извор, но сите реки мора да имаат почеток.“

    rn

    „Не можете да разбудите личност која се преправа дека спие.“

    rn

    „Добро постапувајте со земјата: не ви ја дадоа вашите родители туку вашите деца ви ја позајмија. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ја позајмуваме од нашите деца.“

    rn

    „Не се потребни многу зборови за да се каже вистината.“

    rn

    „Колку повеќе знаете, толку повеќе ќе верувате и помалку ќе се плашите.“

    rn

    „Пазете се од човек што не зборува и куче што не лае.“

    rnОткако ги прочитавте овие индијански поговорки, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 17 јапонски поговорки што ќе ги променат вашите ставови кон животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Индијанска поука: Тајната на вечната љубов

    Индијанска поука: Тајната на вечната љубов

    Кога се проучува филозофијата на животот и сите нејзини неоткриени мистерии, тогаш не постои подобар учител од индијанската мудрост. Независно дали станува збор за мирот, војната, спокојството, слободата, стравот или љубовта, старите индијански племиња отсекогаш го имале вистинскиот одговор за сите животни прашања. Со тврдењето дека човекот е едно со природата, бидејќи токму таа му го дарила животот, Индијанците имале многу поинакви и позрели мислења за љубовта и нејзиното значење. Тие сметале дека слободата игра клучна улога и дека една љубов не мора да биде овековечена со некаква заедница помеѓу двајцата заљубени за да остане силна, трајна и вечна. Во тој контекст, прочитајте ја оваа поучна приказна која ја крие тајната за вечната љубов.rnrnИндијанска поука: Тајната на вечната љубовrnrnЕднаш, двајца Индијанци се упатиле до поглаварот на племето и одлучно му рекле:rnrn„Ние сме заљубени еден во друг! Сакаме да ни го дадеш твојот благослов и да нѐ поучиш што треба да правиме за нашата љубов вечно да трае“, рекле тие.rnrn„Добро“, им одговорил поглаварот. „Ќе ви кажам што треба да направите. Пред да појдете со мене во планината, пронајдете два орли и понесете ги со себе, а после ќе видиме што ќе биде понатаму.“rnrnЗаљубените тргнале во различни правци и по кратко време, секој од нив донел по еден орел. Кога стигнале на врвот на планината, поглаварот им рекол: „Земете го сега ова кратко јаже и заврзете ги неговите краеви на двете нозе од орлите.“rnrnТие го послушале и ги врзале нозете на птиците.rnrn„Сега пуштете ги да летаат“, дополнил поглаварот.rnrnМладичот и девојката ги пуштиле птиците кон небото, но орлите не можеле да полетаат бидејќи нозете им биле меѓусебно врзани. Тие паднале на земјата и почнале да се борат еден со друг, сакајќи да се ослободат од јажето со кое биле врзани.rnrn„Сега, пресечете го јажето!“ – извикал поглаварот.rnrnМладите ја извршиле и таа наредба, го пресекле јажето и повторно ги пуштиле орлите кон небото. Овој пат, птиците брзо се издигнале во вис, се свртиле неколку пати во круг и конечно се насочиле кон врвовите на околните планини.rnrnТогаш поглаварот рекол:rnrn„Ете, тоа е тајната на вечната љубов: Ако луѓето се ‘врзани’ едни со други, никогаш нема да им успее да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но не и да бидете ‘врзани’. А, ако сепак се врзете, тогаш нема да можете да ја осознаете вистинската љубов и мирот кој таа го носи.

  • Индијански хороскоп

    Индијански хороскоп

    Во многу сегменти индијанскиот хороскоп е сличен на обичниот, но неговите знаци се поврзани исклучиво со животни и со нивната улога во природата. Исто така тој е поврзан и со тотемите кои играат важна улога во индијанската култура и вера, но и со природните појави кои влијаат на животот на животните. Во индијанскиот хороскоп карактеристиките на животните се пренесуваат на луѓето. Дознајте кој знак сте според овој хороскоп и кои се главните карактеристики на тој знак.rnrnИндијански хороскопrn

    Видра (20.01 – 18.02)

    rnГлавна карактеристика: креативностrnЖивотно мото: „Секогаш подготвени за нови идеи и предизвици!“rnНајдобро се согласува со: гавран, сокол и еленrnБоја: сребренаrnrnЛуѓето кои се родени во знакот видра се многу снаодливи, темпераменти, динамични и непредвидливи. Тие се и многу комуникативни личности и добри говорници, што од своја страна им помага за одржување на нивниот слободен дух и подигање на креативноста. Видрите се против какви било наметнати друштвени норми на однесување, многу се слободоумни, па и непослушни. Имаат високоразвиена интуиција и најчесто се емоционално неоптоварени.rnrnДоколку се случи вистинска љубовна искра помеѓу маж или жена родена во знакот видра и некој од спротивниот пол, таа најчесто се претвора во прекрасна врска, бидејќи видрите се сметаат за магични љубовници. Флертувањето им е интересно и може да трае со часови, но потоа видрата ќе се повлече и ќе се прави дека ништо не се случило.rn
    rn

    Волк (19.02 – 20.03)

    rnГлавна карактеристика: лојалностrnЖивотно мото: „За сé постои решение.“rnНајдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и змијаrnБоја: тиркизнаrnrnЛичностите родени во овој знак се снажни и интуитивни. Од една страна тие се многу моќни, а од друга, плашливи луѓе. Поседуваат уметничка и креативна душа, а ако почувствуваат дека ги почитувате, за возврат ќе ви покажат големо разбирање и толеранција. Главна животна цел им претставува пронаоѓањето на љубовта на нивниот живот. Женските претставнички на овој знак се многу женствени и сакаат нежности. Машките пак, имаат високо развиено чувство за еротика. Кога волците се заљубени, бидете сигурни дека таа љубов е длабока и прекрасна како расцветена роза.rn
    rn

    Сокол (21.03 – 19.04)

    rnГлавна карактеристика: динамичностrnЖивотно мото: „После мене доаѓа потоп.“rnНајдобро се согласува со: лосос и бувrnБоја: жолто-зеленаrnrnЛичностите родени во знакот сокол се секогаш во лов на нови идеи, иницијативи, искуства и љубов. Тие се динамични, секогаш спремни за авантура и се родени лидери, но понекогаш нивната импулсивна страна може премногу да им доаѓа до израз. Жените родени во овој знак, се во потрага по маж кој ќе биде некаков вид супер херој или поточно кажано да се однесува баш така, за да му се восхитуваат другите луѓе. Машките претставници пак, се во потрага по принцеза, која мора да им дозволи тие да бидат „главните“ во врската. Посесивни и љубоморни, соколите се и жешки љубовници, на кои не им е дојдено до прегратки, предигри и нежности, туку до демонстрирање страсти.rn
    rn

    Дабар (20.04 – 20.05)

    rnГлавна карактеристика: доследностrnЖивотно мото: „Ја сакам слободата.“rnНајдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и гускаrnБоја: жолтаrnrnДабрите се вистински креативци, вредни работници и трпеливи луѓе, за кои ниеден проблем не е нерешлив. Упорни се, стабилни и многу издржливи. Тие се материјалисти, кои сакаат да стекнат големо богатство, кое ќе им служи за да се докажат пред луѓето дека успеале во животот. Женските дабри се многу нежни и не му дозволуваат на кој било маж да им се доближи. Машките дабри пак, се големи шармери и се многу романтични. И едните и другите се верни љубовни партнери.rn
    rn

    Елен (21.05 – 20.06)

    rnГлавна карактеристика: силаrnЖивотно мото: рамнотежа помеѓу разумот и чувстватаrnНајдобро се согласува со: гавран и видраrnБоја: портокаловаrnrnЛичностите родени во знакот елен имаат високоразвиено чувство за интуиција, неуморни се и оддаваат впечаток на смиреност и интелигенција. Можат да бидат многу забавни и интересни, но исто така се склони кон сарказам и навредување. Бидејќи се многу снаодливи, честопати имаат по неколку професии. Елените се немирни и неуморни и секогаш се надеваат дека ќе ги променат нештата со сопственото делување. Тие се креативни и интуитивни личности кои имаат јака волја, а се и прилично великодушни. Женските елени се привлечни и провокативни, па можат да го имаат секој маж што ќе го посакаат. Мажите од овој знак се често пати неверни и сакаат флерт. И двата пола се креативни во кревет.rn
    rn

    Клукајдрвец (21.06 – 21.07)

    rnГлавна карактеристика: чувствителностrnЖивотно мото: „Да ја направам среќна личноста што ја сакам.“rnНајдобро се согласува со: змија, волк и дабарrnБоја: розоваrnrnЛичностите родени во знакот клукајдрвец се многу чувствителни, па дури пречувствителни и со многу благ карактер. Жените имаат особено изразен мајчински инстинкт и сакаат дом и семејство во кој бараат сигурност и заштита. Тие сакаат долго да се галат и да разменуваат нежности. Кај мажите од овој знак ситуацијата е нешто поинаква. Честопати својата желба за секс не ја изразуваат до крај, но емоционалното задоволување на потребите им значи повеќе од физичкото. И едните и другите се особено добри животни партнери.rn
    rn

    Лосос (22.07 – 21.08)

    rnГлавна карактеристика: самодовербаrnЖивотно мото: „Да се живее интензивно…“rnНајдобро се согласува со: був и соколrnБоја: црвенаrnrnРодените во овој знак „пукаат“ од сила, гордост и енергија. Тие ја бараат целта во животот, спонтани се, храбри и амбициозни. Сакаат да бидат во сé најдобри и доминантни, па поради тоа понекогаш се вообразени и арогантни, но во душа се многу добри. Тие сакаат да измислуваат разни приказни и потоа да ги прераскажуваат. Жените лососи сакаат да бидат главни во кревет, а љубат интензивно и страсно. Тие се заводливи и мажите ги вртат околу малиот прст. Исто така сакаат да драматизираат и да прават сцени. Мажите лососи се страсни и чувствителни љубовници. Љубовната игра може толку да ги понесе, па би можеле да ја водат цела ноќ.rn
    rn

    Кафеава мечка (22.08 – 21.09)

    rnГлавна карактеристика: практичностrnЖивотно мото: „Да се открие и постигне смислата на животот…“rnНајдобро се согласува со: гуска и дабарrnБоја: костенлива и виолетоваrnrnМечтаењето е една од нивните најзначајни карактеристики и можат потполно да му се препуштат. Имаат многу низок степен на толеранција. Сакаат да се впуштаат во расправии со надеж дека ќе го прифатите нивното мислење. Можат да бидат многу добри пријатели, но исто така и подмолни. И мажите и жените од овој знак од партнерите бараат да им посветат многу време, а кога ќе се заљубат се искрени, посветени и верни партнери. Кога ќе ја пронајдат вистинската љубов сакаат да се венчаат и да имаат семејство.rn
    rn

    Гавран (22.09 – 22.10)

    rnГлавна карактеристика: дипломатијаrnЖивотно мото: хармонична соработкаrnНајдобро се согласува со: клукајдрвец, кафеава мечка и змијаrnБоја: тиркизнаrnrnЛичностите родени во знакот гавран лесно се прилагодуваат на осаменички живот, но и на живот во друштво. Дружељубиви се и лесно прифатени во секое друштво. Понекогаш се несигурни и недоследни, но во себе имаат енергија да се справат со многу нешта. Многу бргу го менуваат расположението, што може да доведе до конфликтни ситуации. Кога ќе се заљубат ја даваат сета своја љубов, а во кревет се нежни, но незаситни. Жените од овој знак се просто неодоливи за мажите.rn
    rn

    Змија (23.10 – 22.11)

    rnГлавна карактеристика: опстанокrnЖивотно мото: „Да се почне од почеток…“rnНајдобро се согласува со: клукајдрвец и волкrnБоја: виолетоваrnrnЛичностите од  овој знак се паметни, непредвидливи, реалистични и имаат јака интуиција и способност за расудување. Најдобро функционираат во некакви крајности бидејќи за нив не постои нешто помеѓу тоа. Главната мисла што ги движи е желбата за промена. Во еден момент тие можат да бидат на дното, а во следниот на самиот врв. Жената змија е многу арогантна, а во сексот дива и страсна, повеќе од кој било друг знак. Во љубовта се верни и сакаат да го усреќат својот партнер.rn
    rn

    Був (23.11 – 21.12)

    rnГлавна карактеристика: мудростrnЖивотно мото: пронаоѓањето на животната целrnНајдобро се согласува со: сокол и лососrnБоја: златнаrnrnПоради нивната моќ за перцепција, ретко кое случување околу нив ќе го остават незабележано. Тие се љубопитни и дарежливи, горди и луцидни луѓе. Отворено ќе ви го кажат нивното мислење, но своеволно одлучуваат дали нешто сакаат да прават или не. Бувовите се спонтани, идеалистички настроени ентузијасти, желни за авантура и ја обожаваат природата. И женските и машките претставници на овој знак во кревет се жешки, страсни љубовници, кои обожаваат да експериментираат. Не сакаат премногу да се приврзуваат, бидејќи преферираат да останат во нивниот вечен освојувачки поход. Доколку сакате со некој був да бидете нешто повеќе од љубовници, потребно е долго да ги „бркате“, сé додека не ги уловите во вашата љубовна мрежа.rn
    rn

    Гуска (22.12 – 19.01)

    rnГлавна карактеристика: упорностrnЖивотно мото: задржување на постигнатотоrnНајдобро се согласува со: кафеава мечка и гавранrnБоја: белаrnrnЛичностите родени во знакот гуска се одлучни и амбициозни. Тие се многу внимателни и лесно се прилагодуваат на новонастанатите ситуации, но нивната потреба од совршенство може да ги одведе на сосема погрешен пат. Заштитнички се однесуваат спрема луѓето што ги сакаат, но се склони кон горделивост. Женските гуски се многу имагинативни и нежни во сексот, а машките претставници се неуморни љубовници. И машките и женските гуски тешко се заљубуваат, а кога тоа ќе се случи, тие блескаат.rnrnСте си го прочитале африканскиот хороскоп?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.