КАФЕ ПАУЗА

Tag: имунитет

  • Напиток од цвекло за појаки мускули и подобар имунитет

    Напиток од цвекло за појаки мускули и подобар имунитет

    Цвеклото е природен лек за слабокрвност, овозможува детоксикација на организмот и го подобрува целокупниот имунитет. Тоа е популарно и помеѓу спортистите бидејќи ја зголемува издржливоста при вежбањето.rnrnОва својство цвеклото го има благодарение на нитратите. Експертите велат дека со редовно конзумирање на напиток од цвекло, нивото на нитратите двојно се зголемува, што позитивно влијае на издржливоста на мускулите, а крвниот притисок пак, значајно се намалува.rnrnНапиток од цвекло за појаки мускули и подобар имунитетrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 кг цвекло
    • rn011

    • 1 голема лажица мед
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn

    rnЦвеклото ситно изрендајте го, додадете го медот и исцедете го сокот од лимонот во смесата. Лимонот помага да се неутрализира вкусот на земја што може да го дава цвеклото. Оставете ја смесата да отстои 3 часа, а потоа поминете ја низ сито, притоа силно гмечејќи одозгора. На овој начин ќе добиете бистра течност со интензивна црвена боја. Свежиот сок пијте го наутро.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 моќни својства на боровинките

    10 моќни својства на боровинките

    Покрај јаготките, боровинките се најпопуларните зрнести плодови. Намален ризик од рак и други болести, зголемен имун систем, поголемо чувство на задоволство, зголемено памтење се само некои од благодетите што со себе ги носи ова овошје. Еве кои се нивните десет најмоќни својства.rnrn10 моќни својства на боровинкитеrnrn1. Антиоксидансот кој на боровинката ѝ дава сина боја е природен пигмент, кој се вика антоцијанин. Антоцијанините се корисни при превенцијата од рак, значително намалувајќи го ширењето на малигни клетки. Боровинките можеби не се чудотворен лек, но повременото јадење во одредена количина, значително ќе го намали ризикот од рак на дојката, црниот дроб и на белите дробови.rnrn2. Боровинките се полни со железо, што пак го подобрува имуниот систем, преку зголемување на нивото на кислород во крвта. Ова значи дека ќе бидете помалку подложни на кашлици и настинки.rnrn3. Содржат бакар, кој се смета за најдобро оружје во човековото тело против токсини и бактерии. Тоа значи дека консумирањето боровинки ќе го зачува вашиот имун систем и ќе ве одржи здрави и без инфекции.rnrn4. Боровинките ја спречуваат појавата на Алцхајмерова болест. Неодамнешна студија покажала дека редовното јадење боровинки може да го одложи намалувањето на умствените способности кај постарите лица за две и пол години.rnrn5. Исто така, боровинките помагаат при намалувањето на телесната тежина – поточно, ги намалуваат мастите во пределот на стомакот, затоа што влијаат на начинот на кој телото ги складира гликозата и шеќерот. Но, ова не значи дека треба да заборавите на вежбањето и да јадете само боровинки.  Катехините во боровинките вистина го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат нивото на холестерол. Така, тие се одлични при превенирањето на дијабетес тип 2.rnrn7. Полни се со витамин Ц, што придонесува за подобар имун систем.rnrn8. Го поттикнуваат излачувањето на допамин во мозокот, што прави да не се чувствувате истоштено, туку задоволно и среќно.rnrn9. Содржат висок процент на растителни влакна, што го одржува нормалното ниво на холестерол во крвта и го подобрува функционирањето на дигестивниот систем.rnrn10. Лесни се за консумирање. Наполнете ја раката со 10-15 боровинки и фрлете ги одеднаш во устата. Веднаш набавете. Пробајте. Превкусно и здраво!rnrnСвежи, во колачиња, или со палачинки. Како и да ги консумирате, никогаш не можете да згрешите со боровинките.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошен коктел кој го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението

    Овошен коктел кој го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението

    Овошјето може да биде лек против стресот и лошото здравје. Покрај тоа што овој овошен коктел е многу вкусен, полн е со витамини, особено оние кои штитат од настинки и грип. Затоа, редовно пијте го овој овошен микс, кој ќе ви го штити здравјето и ќе ве исполнува со позитивна енергија.rnrnОвошен коктел кој го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението rnrnКивите, лимонот и портокалот ќе му обезбедат на вашето тело витамин Ц и хранливи материи кои ќе го подобрат вашиот имунитет.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 шолја свежо исцеден сок од портокал
    • rn011

    • 100 г исечкан ананас, свеж или од конзерва
    • rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • ½ шолја цеден лимон и цедено киви
    • rn011

    • 1 лажица мед и исечкан ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги на средна брзина околу 10 секунди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одвојте 10 минути дневно за вашето здравје

    Одвојте 10 минути дневно за вашето здравје

    За будење на организмот и зајакнување на вашиот имунитет потребни ви се само 10 минути дневно. Затоа заборавете на изговорите и почнете да мислите на вашето здравје.Одвојте 10 минути дневно за вашето здравјеЕдна минута за смеење: Само 60 секунди му се доволни на мозокот за да почне да лачи ендорфин, кој ги опушта мускулите.rnrnТри минути за појадок: За брз и здрав појадок спремете јајца. Тие се богати со хранливи состојки, лесно се подготвуваат, а се погодни и за оние кои сакаат да ослабат.rnrnПет минути за физичка активност: Само пет минути вежбање дневно можат да имаат позитивно дејство на вашето здравје и да го покренат метаболизмот. Познатиот тренер Бен Гринфилд советува секое утро да правите 25 кратки скокови, 20 стомачни, 10 лесни склекови и 15 сквотови.rnrnЕдна минута за заблагодарување: Научете да кажувате благодарам. Не само што ќе му го подобрите расположението на оној што му ја упатувате благодарноста, туку ова магично зборче ќе има многу позитивно влијание и на вашето здравје. Разбирањето и вреднувањето има позитивен ефект на срцето и го зајакнува имунолошкиот систем.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здравствени придобивки од мастурбирањето за мажите

    Здравствени придобивки од мастурбирањето за мажите

    Новото истражување на продавницата за возрасни AdamandEve.com открива дека 27% од Американците признаваат дека мастурбираат еднаш или двапати неделно. Иако бројката е изненадувачки ниска, бидејќи испитуваните се луѓе кои сурфале низ сајт за секс-играчки, да се владее со својата машкост има и низа здравствени придобивки.rn

    „Мастурбирањето е дел од здравиот сексуален живот. Тоа е тотално безбедно и безопасно. Дури е поздраво од секојдневното миење на забите“ – изјавува д-р Глорија Брејм, клинички сексолог.

    rnЗдравствени придобивки од мастурбирањето за мажитеrnrnИсто како што секој ден треба да ги чистите вашите заби, така редовно треба да ги прочистувате и вашите „цевки“. Еве 5 причини зошто да се фатите за работа веднаш:rnrnСпречува рак – Австралиска студија од 2003 покажува дека мажите кои ејакулирале повеќе од 5 пати неделно имале 3 пати помалку шанси да заболат од рак на простатата. „Токсините кои се предизвикувачи на болести се насобираат во урогениталниот тракт, така што со мастурбирањето се ослободувате од нив“, вели д-р Брејм.rnrnГо зацврстува – Како што ќе стареете, природно ќе губите мускулна маса, дури и таму долу. Со редовен секс или мастурбација, вие ги вежбате карличните мускули со што спречувате еректилна дисфункционалност и неможност за воздржување. „Ви го одржува вашето висало под ‘жив’ агол“, вели Брејм. Целете на 3-5 пати неделно за солидни резултати.rnrnВи помага да издржувате подолго – Олеснувањето со помош на вашата рака ќе ви помогне во одржување на подолги сексуални сесии. „Доколку мастурбирате еден час пред вашиот состанок со девојка, ќе имате повеќе контрола“, вели Брејм. „Тренирајте се на тој начин што ќе мерите колку време ви треба за оргазам“, предлага д-р Ава Кадел, основач на сајтот loveologyuniversity.com. Ако ви требаат 2 минути кога тоа го правите сами, обидете се да достигнете 3 следниот пат. Или пак, бројте колку движења ви се потребни. Ако плискате после 50, целете на 60.rn

    „Повеќето мажи можат да го удвојат бројот на замавнувања и времето за еден месец“ – вели Кадел.

    rnВи го подобрува имунитетот „Ејакулирањето го зголемува нивото на хормонот кортизол“, вели Џенифер Ланда, специјалист за хормонална терапија. Кортизолот кој е познат по неговото влијание на стресот, всушност помага во регулирање и одржување на добриот имунитет кога е во мали количини. „Мастурбирањето може да ја создаде идеалната околина за зајакнат имунолошки систем“, додава таа.rnrnВи го подобрува расположението – Мастурбирањето испушта мноштво неврохемикалии кои прават да се чувствувате добро, како допаминот и окситоцинот, кои ви го подигнуваат расположението, ви го зголемуваат задоволството и го активираат системот за наградување во мозокот.rn

    „Оргазмот е најголемиот ненаркотичен извор на допамин кој е достапен. Слика од скенирање на мозокот на некој кој доживува оргазам изгледа исто како на зависник од хероин“ – вели Брејм.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ве чека доколку спиете помалку од 6 часа дневно?

    Што ве чека доколку спиете помалку од 6 часа дневно?

    Доколку спиете по помалку од 6 часа дневно, за само една недела ќе ги осетите негативните последици по вашето здравје, ќе ви опадне имунитетот, а ќе ви се зголеми желбата за внесување на јаглехидрати и поголем број калории.rnrnШто ве чека доколку спиете помалку од 6 часа дневно?rnrnСледствено на тоа ќе ви се намали и моќта за концентрирање и памтење, а поради лишувањето од сон ќе се зголеми појавата на агресивни испади, негативно размислување и нервоза, велат заклучоците од спроведеното истражување на британскиот универзитет во Сари.rnrnСекој осми човек на планетава, спие по помалку од шест часа навечер, а лошиот сон влијае на повеќе од 700 различни гени.rnrnДоколку го нарушите сонот, вие преку тоа го нарушувате целокупното функционирање на организмот. Иако телото може да се приспособи на помалку спиење, помалку од 6 часа сон дневно е крајно нездраво и предизвикува голем број болести, смета лидерот на истражувањето Дерк Јан Дијк.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да останете здрави кога времето е ладно?

    Како да останете здрави кога времето е ладно?

    Кога времето заладува и мириса на снег, се појавуваат настинките. Додека температурите се ниски и најмалите работи влијаат врз нашето здравје. Еве како да останете здрави кога времето е ладно.rnrnКако да останете здрави кога времето е ладноrn

    Чај или сок од портокал?

    rnКога чувствувате дека настинувате, би се запрашале дали е подобро да се напиете чај или сок од портокал. Одговорот е чај. Иако сокот од портокал содржи многу витамин Ц, кој е добар борец против настинките, преферирајте да конзумирате чај. Поради високата количина на шеќери, соковите го слабеат вашиот имунитет и ве прават поподложни на настинки. Според едно истражување, со конзумирање 100 грама јаглехидрати во форма на гликоза, фруктоза, мед или сок од портокал, значително се намалува функцијата на белите крвни клетки кои придонесуваат за здрав имунолошки систем. Додека сте настинати важно е конзумирање на големи количини течности, но подобро конзумирајте чај, кој покрај другото ги отвара дишните патишта. Напијте се шолја чај и внесете витамин Ц преку овошје или таблети.rnrnКако да останете здрави кога времето е ладноrn

    Чај со млеко или чај со лимон?

    rnИ покрај тоа што некои ја преферираат комбинацијата чај и млеко, истражувањата покажале дека протеинот кој го содржи млекото, ги намалува здравствените придобивки од чајот. Одделно, зелениот чај и протеинската исхрана, го забрзуваат метаболизмот и ги горат мастите. Но, кога ќе се комбинираат ефектот е поинаков.rn

    Одмор од обврските или нивно извршување и покрај настинката?

    rnНе одете во кревет порано од вообичаено, не нарушувајте го својот распоред. Иако е многу тешко да се остане на нозе кога настинката ве притиска, најдобро е за време на викендот да се одмарате по десетина до петнаесет минути по што ќе им се враќате на обврските. Не мора да работите тешка физичка работа, но останете свесни, будни и во движење. Доколку спиете час или час и половина, ќе се чувствувате уште поуморни, поспани и ќе ѝ се покорите на настинката. Внесувајте витамини, пијте чаеви и не се излежувајте предолго за да го зајакнете имунолошкиот систем.rnrnКако да останете здрави кога времето е ладноrn

    Да се облечеме премногу или доволно?

    rnКога се работи за лесна настинка, не останувајте постојано дома. За време на вашите прошетки облекувајте се како надвор да е потопло за неколку степени отколку што навистина е. Можеби на почеток ќе ви биде ладно, но ќе се загреете. Ако сте премногу облечени полесно ќе се испотите и ќе си ја влошите состојбата. Плус, докажано е дека ладното време не ги предизвикува настинките.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на музиката

    Моќта на музиката

    Дури и лошата музика може позитивно да ни влијае, покажуваат некои истражувања. Музиката може да нè релаксира после напорниот работен ден, но и да нè извади од најдлабоките емотивни кризи и да ни помогне да ги надминеме сериозните здравствени проблеми… Еве некои од нејзините позитивни ефекти:rn

    1. Го репарира оштетениот мозок

    rnМузиката има моќ да помогне во справувањето со последиците од мозочен удар. Таа може делумно да ги подобри и другите повреди и оштетувања на мозокот, кои доведуваат до намалување на видот или на говорот. Во некои случаи музиката може дури и да ги врати овие изгубени сетила кај пациентите. Лицата со оштетувања на левата мозочна хемисфера, кои тешко говорат, зборовите можат да ги изустат пеејќи ги и тоа без потешкотии и без претходно вежбање. После тоа, повторно со моќта на музиката и со малку повеќе напор, прашање е на време, кога овие пациенти ќе почнат да изговараат едноставни, но цели реченици. Ова некои го коментираат како шлаканица за неврологијата.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Терапијата со музика, односно феноменот пеење, кај пациентите кои не можат или едвај зборуваат, се должи на тоа што функциите за говорот се лоцирани во левата страна од мозокот, а музиката ја чувствуваме, примаме и обработуваме преку десната. Во случај, мозочен удар да ни го оштети или одземе говорот, музиката го тренира десниот дел од мозокот да ја преземе оваа функција. Во кратки црти, таа го масира мозокот и го активира лачењето на допаминот, кој едноставно ја подобрува неговата работа. Музиката го зголемува и хормонот на среќата, серотонинот.rn

    2. Се справува со зависностите

    rnМузиката е пожелна во фазата на детоксикација на организмот, кој се одвикнува од болестите на зависност. Свирењето на некој музички инструмент и слушањето музика, на пациентите можат да им помогнат полесно да им се спротивстават на негативните импулси и емоции и да ја зголемат нивната самоконтрола. На зависниците од дрога им овозможува да се справат со апстиненцијата, а редовното слушање на нивните омилени песни може да им ја намали телесната болка. Кај љубителите на музиката се намалуваат срцевите отчукувања, крвниот притисок, тензијата во мускулите… Пожелно е да се слуша по 12 минути на почетокот на денот и пред спиење.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Музиката директно влијае на невротрансмитерите, задолжени за пренос на информациите во нашата глава. Така делуваат и лековите, но за разлика од музиката, тие го прават нашиот мозок мрзлив, му наредуваат да престане да ги произведува неопходните супстанци и ја преземаат таа улога. Ова ја нарушува функцијата на мозокот, кој по престанокот на земањето лекови, тешко се осамостојува.rn

    3. Го зголемува имунитетот

    rnИзненадување за грипосаните читатели. Добро е да знаете дека дејството на супите и чајчињата може да се зголеми со слушање музика. Таа го зајакнува нашиот имунолошки систем. Им ја подобрува состојбата и на хронично болните лица, а одлична е дури и за обична настинка. Кревкиот организам, нападнат од вируси и бактерии, подобро ќе се бори со нив, ако слушате музика. Се препорачува џез, софт-рок или блуграс.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: За почеток, музиката го намалува стресот, преку редуцирање на нивото на кортизол во мозокот. Тоа е супстанца која предизвикува чувство на стрес, кој пак го напаѓа имунитетот. Правците како џез, софт-рок и блуграс, се особено ефикасни во намалување на оваа непријатна појава. Тие имаат слични музички квалитети и затоа идентично делуваат на здравјето. Создаваат повеќе антитела, кои се борат со болеста.rn

    4. Спречува напади

    rnМузиката на Моцарт ги редуцира нападите. Резултатите се видливи по 5 минути изложеност на композициите на овој гениј, отсвирени на пијано, а во некои случаи дури и за покусо време. Моцарт позитивно влијае и кај пациентите во кома. Експериментирањето со други форми на музика, покажало минимални резултати.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: На науката сè уште не ù е познато зошто на нашиот мозок највеќе му одговараат звуците на пијаното. Јасно е дека ја стимулираат кората на големиот мозок, но зошто баш Моцарт, нема објаснување.rn

    5. Ја враќа загубената меморија

    rnАко го заборавивте првиот бакнеж, пуштете ја вашата омилена музика, опуштете се и спомените ќе надојдат. Се надеваме само дека нема да ги активираат вашите лоши сеќавања. Музиката поволно влијае и врз  пациентите со Алцхајмерова болест, им помага да се сетат на делови од минатото.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Слушањето музика ангажира многу области во мозокот, особено во десната хемисфера. Она што го може музиката, не го може ниту најдлабокиот разговор со психијатрите. Со нашите омилени звуци, се активира и областа во мозокот наречена хипокампус. Тој е задолжен за долготрајната меморија.rn

    6. Ја зголемува моќта за просторно расудување

    rnИ тука Моцарт се покажал како најуспешен. Неговите композиции отсвирени на пијано, може да ја подигнат моќта на расудување во просек за 9 IQ поени. Што значи дека кај некои луѓе звуците на пијаното можат да го зголемат нивото на интелегенција и многу повеќе.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Постојат многу теории за ова. Некои од нив, тврдат дека музиката на Моцарт се фокусира повеќе на слушателот. Други пак, се базираат на тврдењето дека композициите отсвирени на пијано, ја зголемуваат активноста во критичните региони во мозокот.rn

    7. Лечи Паркинсонова болест?

    rnТука најверојатно веднаш се прашувате дали позитивното влијание на музиката врз мозокот може да ги подобри и телесните функции? Истражувањата велат дека може. Ако имате Паркинсонова болест, ритамот на  музиката може да ви помогне и физички да закрепнете. Експертите, како пример ја земаат Rande Gedaliah, на која во 2003 година ѝ била дијагностицирана Паркинсонова болест. Симптомите карактеристични за заболувањето, проблемите со рамнотежата и мускулните грчеви нагло ѝ се влошувале. Но, еден ден додека слушала музика, таа забележала дека со леснотија ги движи екстремитетите, односно дека ритамот на музиката го диктира нивното темпо. Со ова заболување веќе подолго време се справува и познатиот актер, Мајкл Џ. Фокс.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Дали сте забележале дека кога сте затворени во соба и слушате музика, стапалото ви игра самото од себе? Тоа е така, затоа што делови од мозокот, кои се справуваат со ритамот и движењето, се до толку автоматизирани, што не е потребно свесно да ги контролираме потезите. Со музиката, и пациентите со брадикинезија (забавено движење) полесно функционираат. Кога нивниот мозок ги прима звуците, веднаш испраќа лажни сигнали до нозете и ги поттикнува да се движат. Позитивно влијание врз болните има и свирењето на некој инструмент.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава храна за оптимално здравје

    Здрава храна за оптимално здравје

    Во денешно време луѓето многу повеќе се грижат за нивната работа и успех, отколку за одржувањето на доброто здравје. Видот слабее од постојаното гледање во монитор, мускулатурата ослабува од недоволната физичка активност, имунитетот опаѓа од лошата исхрана, а се појавуваат и разни срцеви болести и заболувања од рак. Консумирајте ги овие 8 видови храна секој ден, за да си покажете себеси дека доброто здравје ви е сè уште приоритет број еден во вашиот живот.rn

    1. Спанаќ

    rn

      rn011

    • Ја зголемува сексуалната моќ
    • rn011

    • Помага за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn011

    • Ги зајакнува коските
    • rn011

    • Го подобрува видот
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnСпанаќот можеби изгледа како обично зелено ливче, но тој е одличен пријател на мажите. Спанаќот е билдер на бицепсите и е богат со омега 3 и фолна киселина, кои го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, срцев удар и остеопороза. Бонус: фолната киселина, исто така, го зголемува протокот на крв во пенисот. Лутеинот кој се содржи во спанаќот, се бори против старечкото слепило. Дневната препорачлива доза на свеж спанаќ е 200 г.rnrnЗамена: кељ, марула, кинеска зелкаrn

    2. Јогурт

    rn

      rn011

    • Се бори против заболување од рак
    • rn011

    • Ги зајакнува коските
    • rn011

    • Го зајакнува имунолошкиот систем
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnМногу различни култури тврдат дека тие го измислиле јогуртот, но здравите придобивки од 2000-годишниот пијалак не се тема на расправа. Ферментацијата размножува стотици милиони пробиотски организми, кои служат како засилување  на корисните бактерии во вашето тело, го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против заболување од рак. Не е секој јогурт органски пробиотски, па затоа осигурајте се дека на амбалажата пишува „живи и активни бактериски култури“. Препорачливо е секојдневно да внесувате по една чаша јогурт богат со калциум и протеини.rnrnЗамена: кефир, јогурт од сојаrn

    3. Домат

    rn

      rn011

    • Се бори против заболување од рак
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn011

    • Го зајакнува имунолошкиот систем
    • rn

    rn

    Здрава храна за оптимално здравјеИма две работи кои треба да ги знаете за доматите. Прво, црвените се најдобри бидејќи изобилуваат со ликопен (јак антиоксиданс од групата каротеноиди) кој многу поволно делува на работата на срцето. Второ, обработените домати се исто толку моќни како и свежите, бидејќи преку нивното консумирање му е полесно на организмот да го апсорбира ликопенот. Истражувањата покажале дека диетата богата со ликопен може да го намали ризикот од рак на бешика, бели дробови, простата, кожа и стомак, а го намалува и ризикот од појава на коронарна артериска болест (болест на срцето поради затнување на артерии). Препорачливо е секој ден да консумирате по 2 домати или една чаша џус од домати.

    rnЗамена: лубеница, црвен цитрон, папаја, гуава, јапонско јаболкоrn

    4. Моркови

    rn

      rn011

    • Се борат против заболување од рак
    • rn011

    • Го зајакнуваат имунолошкиот систем
    • rn011

    • Го подобруваат видот
    • rn

    rn

    Здрава храна за оптимално здравјеПовеќето црвени, жолти и портокалови зеленчуци и овошја се богати со каротеноиди – соединенија растворливи во масти, кои помагаат во борбата против заболување од разни видови рак, а го намалуваат ризикот и сериозноста на воспалителните состојби, како што се астмата и ревматоиден артритис. Препорачлива дневна доза на морков е 100 грама.

    rnЗамена: благ компир, тиква, манго, жолта бабураrn

    5. Боровинки

    rn

      rn011

    • Го стимулираат мозокот
    • rn011

    • Се борат против заболување од рак
    • rn011

    • Го подобруваат здравјето на срцето
    • rn011

    • Го зајакнуваат имунолошкиот систем
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnВо однос на другите овошја, боровинките содржат најмногу антиоксиданси и помагаат во спречување на заболувањето од рак, дијабетес и губење на помнењето со текот на стареењето. Истражувањата покажале дека боровинките, кои се богати со растителни влакна и витамини А и Ц, го подобруваат кардиоваскуларното здравје.  Препорачливо е дневно да се консумираат околу 250 грама свежи боровинки.rnrnЗамена: малини, капини, црно грозје, суви сливи, суво грозје, јагодиrn

    6. Црн грав

    rn

      rn011

    • Го стимулира мозокот
    • rn011

    • Помага за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnСекоја врста грав е добра за здравјето, но ниту една не може да ја покрене моќноста на мозокот како црниот грав. Тоа е така, бидејќи зрната се полни со антоцијани, антиоксидантни соединенија кои покажале дека ги подобруваат функциите на мозокот. Препорачлива дневна доза за консумирање е 125 грама, со која ќе внесете 8 грама протеини и 7,5 грама растителни влакна. Исто така црното гравче е ниско калорично и не содржи заситени масти.rnrnЗамена: грашок, леќа, шарен грав, лимски гравrn

    7. Ореви

    rn

      rn011

    • Го стимулираат мозокот
    • rn011

    • Помагаат за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобруваат здравјето на срцето
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnПобогати се со омега 3 (кој е добар за срцето) дури и од лососот, имаат повеќе анти-воспалителни полифеноли од црвеното вино и содржат половина од протеините кои ги има во пилешкото место. Повеќето јаткасти плодови, содржат една или две од овие карактеристики, но ниедна не ги содржи сите 3 како оревите. Препорачливо е да се јаде порција од 30 грама во кое било време, особено после вежбање.rnrnЗамена: бадеми, кикирики, ф‘стаци, индиски ореви, лешнициrn

    8. Овес

    rn

      rn011

    • Го стимулира мозокот
    • rn011

    • Помага за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnЕден од главните пропагатори на здравата храна содржи растворливи влакна кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Овесот е полн со јаглехидрати, но ослободувањето на шеќерите е забавено токму од растворливите влакна. Во порција од 100 грама, овесот содржи 10 грама протеини, што го прави одлична храна за енергија при вежбање.rnrnЗамена: ленено семе, оризrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здравствените придобивки од редовниот секс

    Здравствените придобивки од редовниот секс

    Многу луѓе уживаат да водат здрав сексуален живот, бидејќи сексот прави да се чувствуваме задоволни. Придржувањето до редовен сексуален режим, може во голем степен да ви го подобри физичкото и психичкото здравје. После овој текст, мажите ќе можат да им кажуваат на своите љубени, дека сексот не е само за забава, туку е исклучително важен за здравјето и дека нивните животи ќе зависат од неговото почесто практикување. :)rnrnЗдравствените придобивки од редовниот сексrn

    Редовен секс за појак имунолошки систем

    rnЕдно истражување спроведено на универзитетот Вилкес во Пенсилванија, покажало дека студентите кои водат љубов еднаш до два пати неделно, имаат значително поодбранбен имунолошки систем во однос на настинка и грип, за разлика од оние кои апстинираат од секс или го имаат повеќе од три пати неделно.rnrnЗдравствените придобивки од редовниот сексrn

    Ги намалува болките

    rnСтимулација на г-точката за време на секс може да ја намали главоболката, менструалните болки, артритис, па дури и некои хронични болки, за временски период од неколку минути до 24 часа, најверојатно како резултат на ослободувањето на ендорфин во мозокот, кој делува како опојно средство. Дразнењето на г-точката може да ја намали болката до 80%, а ако жената доживее оргазам и до 100% – вели д-р Беверли Випл, професорка на државниот универзитетот Рутџерс, Њу Џерси.rnrnЗдравствените придобивки од редовниот сексrn

    Живејте долг и среќен живот

    rnРедовниот секс ги одржува телесната фигура и бракот со години и го зголемува чувството на севкупна среќа, благосостојба и квалитетен живот кај двата пола. Во едно 10-годишно истражување на универзитетот Бристол во Англија, бил испитуван односот помеѓу зачестеноста на ејакулацијата и смртноста кај 918 мажи, на возраст од 45 до 59 години во Јужен Велс. Било заклучено дека кај мажите кои во текот на тие 10 години имале два или повеќе пати оргазам неделно, постоел 50% помал ризик од смртност, во однос на оние кои ејакулирале еднаш месечно.rnrnЗдравствените придобивки од редовниот сексrn

    Го намалува ризикот од рак на простата

    rnКај жените во периодот после менопаузата, редовниот секс (три или повеќе пати месечно) може да го спречи атрофирањето и сушењето на вагината. Причината за тоа е во следново: кај жените кои имаат редовна сексуална активност, поголем број природни естрогени циркулираат во телото, кои го заштитуваат вагиналното ткиво.rnrnКај повозрасните мажи, честите ејакулации не се поврзани со подобрување на функцијата на нивните органи, но затоа тие го намалуваат ризикот од рак на простата. Во едно истражување во националниот центар за рак во САД, било откриено дека кај мажите кои имаат 21 или повеќе ејакулации месечно, ризикот за рак на простата се намалува за 33%, во споредба со оние кои ејакулираат 4 до 7 пати месечно.rnrnЗдравствените придобивки од редовниот сексrn

    Ги регулира хормоните

    rnСпоред истражувањето на биологот Винифред Катлер, жените кои се сексуално активни барем еднаш неделно (кога не се во циклус), стареат побавно, имаат многу поредовна менструација, се поплодни и имаат повисоко ниво на естроген, од оние кои се помалку сексуално активни. И после менопаузата, редовниот секс на жените им ја подобрува коскената густина, кардиоваскуларното здравје и го намалува ризикот од топлотни удари.rnrnЗдравствените придобивки од редовниот сексrnrnЗаклучок: Редовниот секс со некој што го сакате, не е добар само за вашата љубовна врска, туку е добар и за вашиот физички изглед, здрав дух и заштита од сериозни болести.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.