КАФЕ ПАУЗА

Tag: имунитет

  • Астролошки здравствен картон: Каква ќе биде состојбата на вашето здравје во 2020 година?

    Астролошки здравствен картон: Каква ќе биде состојбата на вашето здравје во 2020 година?

    Дали во 2020 година ќе бидете здрави како дрен или ќе треба да промените некои навики за да имате добра здравствена состојба? Прочитајте што ви открива астрологијата.rnrnАстролошки здравствен картон: Каква ќе биде состојбата на вашето здравје во 2020 година?rn

    Овен

    rnВо 2020 година е потребно да најдете простор за доволно одмор, за релаксација и за спиење. Ќе потрошите многу енергија, па можно е да имате повремен пад на имунитетот. Втората половина од годината можеби ќе ви донесе почести проблеми со ‘рбетот, со зглобовите и со тетивите.rn

    Бик

    rnКрвните садови, вените и циркулацијата ќе ви бидат чувствителни, а можеби ќе имате и проблеми со осцилациите на притисокот. Исто така, ќе ви се зголеми нивото на стрес, така што треба да пронајдете начин да се опуштите. Пролетта е најдобриот период за промена на начинот на исхрана.rn

    Близнаци

    rnЌе мора повеќе да се грижите за вашиот имунитет бидејќи ќе биде послаб за разлика од претходните години. Исто така, вашиот уринарен тракт и ‘рбетот се многу чувствителни. Постарите луѓе ќе имаат почести ревматски проблеми. Жените родени во овој хороскопски знак треба да посветат посебно внимание на статусот на хормоните и да практикуваат редовни гинеколошки прегледи.rn

    Рак

    rnОбрнете повеќе внимание на здравствениот сегмент бидејќи имате брзо темпо на живот, а сте прилично чувствителни и кревки. Постои можност за пад на имунитетот и почести настинки, но и проблеми со коските и со зглобовите. Чувајте ги бронхиите и белите дробови особено напролет и за време на раната есен.rn

    Лав

    rnВо следната година треба да ги промените животните навики ако сакате да се чувствувате и да функционирате подобро. Вториот дел од годината носи повеќе стрес и зголемена потрошувачка на енергија, така што во овој период вашиот имунитет ќе биде разнишан. Можни се и проблеми со ‘рбетот, со срцето и со крвните садови.rn

    Девица

    rnПостарите лица можеби ќе имаат проблеми со ‘рбетот, со зглобовите, со колената, како и ревматски проблеми. Жените треба да ги проверат своите хормони и тироидната жлезда. Вашата здравствената состојба генерално ќе биде добра, со повремени и краткорочни проблеми.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Седум работи што лошо влијаат врз вашиот имунитет

    Седум работи што лошо влијаат врз вашиот имунитет

    Претераното вежбање, осаменоста и уште многу „обични“ работи го нарушуваат имунитетот, а не сме свесни за тоа.rnrnЧовечкиот имунолошки систем е составен од различни сегменти и е одговорен за борба против бактериите и вирусите на кои сте изложени секој ден. Постојат седум работи што може негативно да влијаат на вашиот имунолошки систем.rnrnИако е можно вашиот имунолошки систем да се оптимизира со вклучување на добри навики, како што се добрата исхрана и доволното спиење, има голем број неочекувани фактори кои можат да го загрозат, без оглед на тоа колку се трудите да останете здрави.rnrnrn

    1. Премногу вежбање

    rnЗарем вежбите не се наменети за зајакнување на имунолошкиот систем? Секако, но напорното вежбање може да си го земе „својот данок“. Кога ја тестирате вашата издржливост преку трчање маратон, го оштетувате вашето тело бидејќи тоа постојано мора да заздравува од долгите часови на тркачките патеки и во салата за вежбање за време на подготовките. Студиите кои се занимаваат со оваа проблематика, исто така откриваат дека „екстремните“ тркачи се посклони кон респираторни заболувања и секундарни инфекции од вирусот на грипот.rnrnСепак, не мора да бидете врвен спортист за да го компромитирате вашиот имунолошки систем. Дури и честите посети во салата за вежбање можат да ја зголемат можноста да се заразите со разни бактерии преку користење на заедничките справи, како статичните велосипеди или теговите. Секогаш бришете ја опремата со која вежбате пред да започнете да ја користите и без оглед на тоа колку уживате во вежбањето, слушајте го своето тело и оставете си доволно време да се вратите во нормала помеѓу напорните сесии.rn

    2. Осаменост и изолација

    rnКога постојано сте на релација помеѓу канцеларијата и вашиот дом и едвај наоѓате време за вашите пријатели, тоа има и свои предности, затоа што избегнувате бактерии. Сепак, осаменоста и недостатокот на социјален живот всушност може да го уништат вашиот имунолошки систем бидејќи самувањето може да ја зголеми концентрацијата на кортизол, хормон на стресот во вашето тело, што пак може негативно да влијае на организмот.rn

    3. Ултравиолетово зрачење

    rnИ додека сончевата светлина и свежиот воздух може да направат чуда во организмот, преголемата изложеност на УВ зраците може да влијае на вашиот имунолошки систем. Постојат различни УВ зраци – сите знаеме за природните УВА и УВБ зраци што ги добиваме од сончевата светлина, но има и вештачки зраци кои доаѓаат од екраните на компјутерите и мобилните телефони. Според Светската здравствена организација (СЗО), постојат докази дека изложеноста на УВ зраци може да ја промени активноста и дистрибуцијата на некои клетки во имунолошкиот систем. Значи, заштитете се со нанесување на добар заштитен крем, носење капа и очила за сонце. Исто така, ограничете ја вашата изложеност на УВ зрачење и променете ги поставките на екранот за да се елиминира штетното влијание.rn

    4. Песимистички поглед кон животот

    rnИнтензивираното движење, здравата исхрана и вежбањето, за жал, може да бидат од мала корист кога животот го сфаќате премногу сериозно и кога постојано сте под стрес, покажуваат истражувањата. За да се спротивставите на многуте предизвикувачи на стрес во секојдневниот живот, важно е да најдете среќа во едноставните работи, затоа што здравиот поглед кон животот ќе ве задржи во форма.rn

    5. Пасивно пушење

    rnАко не пушите или неодамна се откажавте од пушењето, тоа е добро. Сепак, дружењето со пријателите и членовите на семејството околу вас кои пушат може да му наштети на вашиот имунолошки систем. Истражувањата покажале дека изложеноста на чад убива околу 600.000 луѓе секоја година и го зголемува ризикот од акутни респираторни инфекции и хронично опструктивно белодробно заболување (ХОББ). Имунолошкиот систем е исто така под влијание на чадот од тутун, но како тоа делува врз него останува мистерија.rn

    6. Редовна употреба на антибиотици

    rnРедовното трчање на лекар и инсистирањето на антибиотици и за најмала инфекција може да го загрози дури и најздравиот имунолошки систем. Неодамнешните истражувања спроведени од истражувачи од Универзитетот Харвард, МИТ и Институтот Вис откриле дека антибиотиците всушност може да дејствуваат против организмот и да го ослабат начинот на кој имунолошкиот систем го чува организмот.rn

    7. Контаминирани површини

    rnМожеби редовно ги чистите вашето работно биро и телефонот, но има и многу други работи што секојдневно ги допирате, а кои може да бидат полни со бактерии. Кошницата за пазарување, скалилата, па дури и пенкалото на некој друг може да биде извор на многу бактерии. Па, што може да направите? Иако е тешко соодветно да се борите против ова, имајте кај себе антибактериски средства за чистење на рацете и влажни марамчиња и секогаш чувајте го пенкалото во чантата.rnrnМожеби сакате да дознаете и нешто повеќе за тоа како да ги избегнете настинките по природен пат? Погледнете ги овие рецепти и совети за засилување на имунитетот.

  • Есенска детоксикација: Подгответе го телото за зима во само 5 чекори

    Есенска детоксикација: Подгответе го телото за зима во само 5 чекори

    Есента е тука, а со неа доаѓаат вирусите и бактериите, па затоа е време да почнете да се заштитувате од негативните влијанија и да го зајакнете имунитетот. Иако есента сама по себе е прекрасна, ретко имаме шанса да уживаме во неа поради големиот број болести. Па, доколку сакате да научите како да ги избегнете овие непријатни здравствени проблеми и да го зајакнете телото за зимата, тогаш сè што треба да направите е да ги следите овие 5 чекори.rnrnrn

    1. Заменете го кафето со чај

    rnМожеби ви звучи како научна фантастика, но обидете се барем на неколку дена да го замените кафето со чај. Тој може да се консумира во поголеми количини, и доколку изберете органски, може да биде рај за вашите бубрези.rn

    2. Пијте јогурт секој ден

    rnСите знаеме дека јогуртот е навистина здрав и добар за вашето тело, па затоа и треба да го вметнете во вашата секојдневна исхрана. Ако не сте љубител на неговиот вкус, тогаш пробајте го следниов рецепт за смуди со јогурт.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 230 милилитри јогурт
    • rn 011

    • 1 исечкана банана
    • rn 011

    • 5-6 листови кељ
    • rn 011

    • 1 лажица мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса.rn

    3. Пијте многу вода

    rnНајдобриот начин да направите детоксикација на вашето тело е доколку го опуштите, а со него и вашите мисли. Но, нема потреба да бидете премногу строги кон себе бидејќи и тоа носи дополнителен стрес. Едноставно пијте вода и ќе забележите дека веднаш се чувствувате подобро. Исто така започнувајте го секој ден со чаша млака вода и исцеден лимон.rn

    4. Одете во сауна

    rnКога станува збор за студените есенски и зимски денови, нема подобра идеја од сауната. Доволно ви е само саат време во текот на неделата за да ги исфрлите сите насобрани токсини преку потење. Сауната исто така може да се комбинира со базен, за малку да ја подобрите циркулацијата.rn

    5. Не заборавајте на физичката активност

    rnНе морате да тргнете во теретана или да трчате додека ве држат нозе за да бидете во топ форма. За почеток, доволно е само малку да се раздвижите со едноставно шетање, и како што ќе ја подобрувате својата кондиција, така и да го зголемувате интензитетот на вежбањето.rnrn 

  • Како да ги победите есенските и зимските настинки?

    Како да ги победите есенските и зимските настинки?

    Иако есента и зимата доаѓаат со прекрасни работи како што се убави лисја, удобни џемпери и многу празници, тие исто така ни носат и многу настинки. Покрај покривањето на устата кога кивате, редовното миење на рацете и внесувањето витамини, постојат уште многу други природни трикови што ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот. Прочитајте за што станува збор…rnrnКако да ги победите есенските и зимските настинки?rn

    Јадете повеќе лук

    rnМожеби здивот нема да ви мириса најубаво, но според најновите истражувања лукот е вистински борец против бактериите и зајакнувач на имунитетот. Меѓутоа, имајте на ум дека топлината ги деактивира неговите моќи, така што ако готвите со него, додадете го пред самото послужување на храната или ставете го во ладна салата за да ги зачините другите зеленчуци.rn

    Спијте доволно

    rnНедоволното спиење не само што го уништува имунитетот туку и предизвикува потешкотии во борбата со вирусите. Според едно германско истражување, спиењето и биоритамот се силни регулатори на имунолошките процеси. Подолгиот недостаток од сон доведува до производство на клетки што предизвикуваат намален имунитет.rn

    Вежбајте повеќе

    rnКако што станува поладно, сѐ поголемо е искушението да го замените одењето во теретана со топлото ќебенце дома и гледањето филмови. Тоа не е добра идеја, бидејќи редовното вежбање е неопходно за нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Вежбањето им помага на белите крвни клетки да циркулираат побрзо, што му овозможува на имунолошкиот систем побрзо да ги открие болестите и да ги исфрли бактериите од белите дробови. Освен тоа, честото вежбање го подобрува сонот, а како што веќе кажавме, тоа има позитивно влијание и на здравјето.rnrnКако да ги победите есенските и зимските настинки?rn

    Поминувајте повеќе време на сонце

    rnПоминувањето време на сонце обично го поврзуваме со летото, но многу е важно да примате сончеви зраци дури и кога надвор е ладно. Освен што ќе ви го подобри расположението, сонцето може да ве заштити и од болести. Изложеноста на сончева светлина ги активира т-клетките што играат многу важна улога во имунолошкиот систем кај луѓето.rn

    Смејте се повеќе

    rn„Смеата е најдобриот лек“ не е само изрека. Смеењето навистина го намалува нивото на стрес хормоните и го зголемува бројот на бели крвни клетки што се борат против инфекции. Одвојте неколку часа за да погледнете некоја добра комедија или пак неколку минути за да се насмеете со неколку смешни видеа на Јутјуб. Се работи за вашето здравје!rn

    Ограничете ја консумацијата на алкохол

    rnНе грижете, не треба да се откажете од вашата чаша вино што ја пиете пред спиење. Но, немојте да претерувате со алкохолот, бидејќи тоа доведува до нарушен имунолошки систем и зголемен ризик од белодробни инфекции.rnrnПогледнете ги и овие 6 домашни лекови за спречување настинка.

  • Како влијаат емоциите на нашиот имунитет?

    Како влијаат емоциите на нашиот имунитет?

    Автоимуните нарушувања се група нарушувања при кои нашите имунолошки клетки ни уништуваат други клетки во организмот. Нарушувањата во работата на тироидната жлезда, дијабетесот и лупусот се некои од автоимуните болести. Повеќето од болестите во нашето тело се третираат со имунолошки клетки. Но дали знаете како нашите емоции ги контролираат овие клетки?rnrnkako-vlijaat-emociite-na-nashiot-imunitet-kafepauza.mkrnrnДоктор Кендис Перт направила истражување и открила дека клетките во нашето тело комуницираат едни со други, и тоа преку невропептиди. Овие невропептиди имаат улога на „возило“ кое ги пренесува информациите од една клетка до друга. Тие пренесуваат информации до ДНК-та на клетката и предизвикуваат неверојатни реакции кај неа. Овој процес на спојување е познат и како „секс на молекуларно ниво.“rnrnНо, пресврт во истражувањето било кога доктор Перт открила дека 85-90% од невропептидите се наоѓаат во лимбичкиот систем, а во овој дел од мозокот се сместени нашите емоции. Со други зборови, лимбичкиот систем пренесува информации за емоции до овие невропептиди.rnrnПодоцна таа открила дека рецепторите на овие невропептиди се наоѓаат и во имунолошките клетки. За секој невропептид во мозокот, имунолошката клетка има ист рецептор во неа. Ова докажува дека нашиот имунолошки систем комуницира со лимбичкиот систем, односно дека емоциите се пренесуваат до имунолошките клетки.rnrnПриродата на емоциите точно го прикажувала однесувањето на имунолошките клетки. Ако емоциите биле деструктивни, и имунолошките клетки покажувале вакво однесување, притоа напаѓајќи ги сопствените телесни клетки. Од друга страна, позитивните емоции имале моќ целосно да ги излечат и да ги средат имунолшките нарушувања кај пациентите.rnrnСо „програмирање“ и контролирање на нашите емоции, ние можеме да ја програмираме и функцијата на имунолошките клетки, а можеби и да ги избегнеме автоимуните заболувања.rnrnЗа да дознаете повеќе, погледнете какво е влијанието на разните емоции на нашето тело.

  • Пролетен еликсир за подобрување на имунитетот: Зелен чај со јаболков оцет

    Пролетен еликсир за подобрување на имунитетот: Зелен чај со јаболков оцет

    Оваа напивка е одлична за подобрување на вашиот имунитет и за целосна детоксикација на организмот…

    rnПролетен еликсир за подобрување на имунитетот: Зелен чај со јаболков оцетrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица јаболков оцет
    • rn011

    • 230 милилитри зелен чај
    • rn011

    • 1 кафена лажичка лимонов сок
    • rn011

    • 1 кафена лажичка мед
    • rn011

    • Ситно парче ѓумбир
    • rn011

    • Прстофат цимет во прав (или изрендан свеж)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНаправете го чајот како и секогаш претходно, па додајте ги во шолјата и останатите состојки. Дозволете му на ѓумбирот повеќе време да отстои за да се добие поинтензивен вкус. Пред да пиете, извадете го ѓумбирот од шолјата.

  • Секој родител на планетата Земја треба да го погледне овој 8-секунден гиф

    Секој родител на планетата Земја треба да го погледне овој 8-секунден гиф

    Можноста нивните деца да се здобијат со сериозна болест е голема грижа за секој родител. За среќа, модерната медицина нашла начини како да ги намали шансите ова да се случи до самиот минимум. Токму затоа и кога голем број луѓе се вакцинирани за одредена заразна болест, тие создаваат заштита и за оние што не се вакцинирани. Ова е познато како „имунитет на стадо“. Истражувајќи повеќе на оваа тема, наидовме на ова брилијантно гифче што го покажува начинот на кој оваа заштита функционира. Тоа ни покажува дека колку повеќе е распространета вакцинацијата, толку потешко им е на болестите да се шират – што е и логично.rnrnСекој родител на планетата Земја треба да го погледне овој 8-секунден гифrnrnКако што можете да видите на самиот гиф, постојат 6 сценарија во зависност од тоа колку проценти од населението е вакцинирано. Првата категорија вклучува 0% вакцинација, додека последната е со 95% вакцинирани субјекти. Црвената боја се однесува на оние што се заразени, сината на невакцинираните и жолтата боја на оние што ја добиле својата вакцина. Како што можете и самите да видите, брзината и големината на заразата зависи единствено од бројот на вакцинирани. Имајќи го ова на ум, се поставува прашањето зошто сè поголем број родители одлучуваат да не ги вакцинираат своите најмали, притоа намалувајќи им ја заштитата од застрашувачки заразни болести…

  • Храна која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линија

    Храна која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линија

    Јануари, кој се смета за најдепресивен месец во годината, за среќа веќе помина. По само неколку дена „опуштање“, забележувате вишок килограми, на вирусите и настинките не може да влијаете, а ниту пак на студеното време кое ги руши вашите планови. Нема причина зошто да западнете во ваквите состојби на незадоволство. Напротив, треба да научите како да се зајакнете себеси така што ќе уживате во секој нов ден и ќе останете здрави и во добра форма.rnrnХрана која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линијаrn

    Зошто не треба да држите диета после празниците?

    rnПо изминувањето на празниците, на повеќето луѓе најпрво им паѓа на ум да држат диета. Но, ова е голема грешка. Прво, со популарните јо-јо диети нема да остварите резултати на долга патека, а причини за славење и празнување ќе има во текот на целата година. Но, дали тоа значи дека секогаш треба да барате помош во брзите диети? Решението е во умереноста. Модерните диети честопати бараат да се откажете од најважните состојки како што се шеќерите, односно јаглехидрати, што е уште една голема грешка. Шеќерот е гориво на телото кое нуди задоволство и ви дава енергија. Второ, во зимската сезона, кога секое излегување на ниски температури на некој начин го исцрпува организмот и кога владеат вируси, важно е да ги внесувате сите потребни хранливи материи со исхраната.rn

    Како да ги изгубите килограмите кои сте ги добиле за време на празниците?

    rnЗдравото слабеење се заснова на одземање 500 од 2.000 калории, колку што изнесуваат дневните енергетски потреби на една просечна жена. Ако еден килограм содржи 7.000 калории, тоа значи дека би изгубиле по 1 килограм на секои 2 недели. Нутриционистите истакнуваат дека само бавното слабеење, комбинирано со физичка активност, може да оствари резултати на долг рок, а исто така и промената на исхраната со што би се осигуриле дека килограмите нема да ви се вратат.rn

    Предности на здравото слабеење:

    rn

      rn011

    • Не го исцрпувате организмот
    • rn011

    • Не се враќаат килограмите
    • rn011

    • Не чувствувате недостаток на некои намирници во исхраната
    • rn011

    • Одржувате енергетски баланс
    • rn011

    • Го чувате имунитетот
    • rn

    rnХрана која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линијаrn

    Кои намирници се од клучно значење за зимските денови?

    rnПротеини! Благодарение на нив вие му давате сила на вашето тело и го чувате она што веќе го имате. Пилешкото или мисиркино месо, варените јајца, лешниците и бадемите се одличен извор на Б6 и Б12 и тие ќе ве чуваат од вируси и настинки. На возрасните им се препорачува 50 грама протеини дневно, а на бремените жени и доилките, уште повеќе.rn

    Храна која одржува витка линија и имунитет

    rn

      rn011

    • Кромидот содржи селен, антиоксиданс заслужен за имунитетот.
    • rn011

    • Сирењето содржи линолова киселина и здрави масти кои треба да ги внесувате секој ден.
    • rn011

    • Јогуртот и другите млечни производи содржат пробиотици кои се ефикасни против бактериите.
    • rn011

    • Млекото содржи витамин Д, а доколку го внесувате доволно, ќе ја намалите шансата да се разболите.
    • rn011

    • Цинкот, кој се наоѓа во црвеното месото и кикириките, исто така игра огромна улога во одбраната од грипот.
    • rn

    rnВитаминот Б6 се состои во следниве намирници: Пилешко/мисиркино месо, мешунки, компир, спанаќ, жолчка, суви сливи, грозје, банани.rnrnЦинкот можете да го најдете во: Говедско/јагнешко/свинско месо, бадеми, кикирики, житарки, морски плодови.rnrnВитаминот Б12 е присутен во: Пилешко/мисиркино месо, млеко, риба, јајца, сирење, црн дроб.rnrnХрана која го чува вашиот имунитет и придонесува за витка линијаrn

    Трик за ублажување на мачнините

    rnНе е необично освен со респираторните заболувања, да се соочите и со стомачни вируси кои предизвикуваат мачнини и дијареа. Мачнините најдобро можете да ги ублажите со чај од ѓумбир, така што ќе ставите 30 грама ѓумбир во половина литар вода, ќе го покриете и ќе го оставите да се олади десетина минути, а потоа можете да додадете лимон и мед за подобар вкус. Инаку, исто така е познато дека газираните, ниско калорични пијалаци, може да ги ублажат симптомите на мачнина.rn

    Дали е точно дека пилешката супа го лекува грипот?

    rnДа, тоа е точно. Пулмологот Ервин Зимент докажал дека пилешката супа може да ги ублажи симптомите на грип, затоа што аминокиселината цистеин која се наоѓа во оваа супа е основна состојка на лековите кои се препишуваат против бронхитис и други болести поврзани со дишните органи. Ефективноста на супата се зголемува ако додадете лук и малку бибер.rnrnПа, доколку сакате да имате здрав организам треба да практикувате навремено да се одморате, да јадете сѐ, но умерено, редовно да вежбате, да го намалите нивото на стрес во околината и да престанете да внесувате тутун.

  • Дали можете да се разболите ако постојано се чувствувате уморни?

    Дали можете да се разболите ако постојано се чувствувате уморни?

    Сигурно не сте уживале многу во ноќите што сте ги поминале будни бидејќи сте имале за учење или работа. Но, дали можете навистина да се разболите од чувството на умор? Според неодамнешното истражување спроведено на Универзитетот во Вашингтон, постојат докази дека хроничната исцрпеност влијае на работата на имуниот систем и тоа не на начин што може да ве претвори во човек со супермоќи кој никогаш не се разболува.rnrnДали можете да се разболите ако постојано се чувствувате уморни?rnrnИмено, истражувачите земале примерок од крв од 11 пара идентични близнаци кои ги откриле нивните навики за спиење. Две недели испитаниците носеле направа како бразлетна на раката која го мерела траењето на нивниот сон. На крајот од истражувањето, била направена споредба помеѓу примероците од крв на близнаците.rnrnРезултатите покажале дека кај близнакот кој спиел помалку имало знаци на намален имунитет.rn

    „Зачестениот недостаток на сон е поврзан со зголемувањето на бројот на гените кои учествуваат во процесот на транскрипција, транслација, оксидациска фосфорилација и рибозомите. Од друга страна, пак, недостатокот на сон го намалува бројот на гените кои се присутни во имуниот систем“, објасниле истражувачите.

    rnСо други зборови, хроничниот недостаток на сон ја прекинува работата на имуниот систем.rn

    „Нашето истражување ја докажува врската меѓу недостатокот на сон и негативните метаболични, кардиоваскуларни и воспалителни последици“, заклучиле истражувачите.

    rnНивното откритие е поддржано и од едно претходно истражување кое го докажало значењето на сонот за регулацијата на работата на имуниот систем. Наводно, недостатокот на сонот ја попречува неговата работа. Според едно европско истражување од 2012 година, сериозниот недостаток на сон ја поттикнува истата реакција на имуниот систем што ја поттикнува и физичкиот стрес, особено во однос на белите крвна зрнца. Освен тоа, едно друго истражување открило дека недостатокот на сон го ослабува ефектот на вакцините. Со текот на времето, недоволното спиење може да доведе до сериозни здравствени последици.rnrnНедостатокот на сон навистина може да ве направи подложни на многу болести. За среќа, решението е многу едноставно: Спијте повеќе! И покрај тоа што лесно може да се заборави на спиењето во периодите кога сте презафатени, станува збор за неопходен дел од грижата за сопственото здравје. Нареден пат кога ќе паднете во искушение да изгледате 50 епизоди одеднаш од вашата омилена серија, сетете се на ова истражување, исклучете го лаптопот и наспијте се убаво.rnrnЗа да добиете повеќе информации на оваа тема, прочитајте зошто имаме потреба од спиење.

  • Како да го зајакнете вашиот имунитет за само 15 секунди?

    Како да го зајакнете вашиот имунитет за само 15 секунди?

    За време на сезоната кога настинките се честа појава, овој едноставен и брз метод може да ве заштити од голем број здравствени потешкотии. Во продолжение прочитајте како со еден едноставен трик да го зајакнете вашиот имунитет.rnrnКако да го зајакнете вашиот имунитет за само 15 секунди?rnrnПрофесорот Сергеј Бубновскиј, познат руски експерт за кинезитерапија, тврди дека постои едноставна метода за зајакнување на имунитетот за која ќе треба да издвоите само 15 секунди. Тој препорачува секој ден во мал леген да ставите студена вода, можеби дури и ледена и во неа да ги потопите вашите стапала. Доволно е да ги задржите под вода 15 секунди и потоа да ги избришете со пешкир и да навлечете на нив дебели волнени чорапи. Повторувајте го ова секоја вечер пред спиење.rnrnОд друга страна пак, ако веќе страдате од некаков вид настинка, тогаш практикувајте го овој метод што почесто, можеби дури и на секој 4 часа. Професорот истакнува дека вашата здравствена состојба нема да се влоши поради ладната вода, туку баш напротив, таа ќе се подобри. Би пробале?