КАФЕ ПАУЗА

Tag: играчки

  • Што да правите со старите излитени чорапи?

    Што да правите со старите излитени чорапи?

    Есента е совршено време за реорганизирање на облеката и средување на плакарот. Фармерките, блузите и маиците, секогаш можеме да му ги подариме некому или да ги донираме, но што да правиме со старите излитени чорапи?rnrnШто да правите со старите излитени чорапиrnrnНаместо да ги фрлите во кантата за отпадоци, овие фотографии можат да ве инспирираат од нив да направите интересни работи кои можат да ви се најдат во извршувањето на секојдневните работи. Од стар чорап можете да си направите стегач за рака во кој ќе го чувате мобилниот телефон додека трчате, интересна кукла за вашите деца, да создадете разни украси за низ дома и многу други креативни изработки.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

    7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

    Доколку го очекувате вашето прво бебе, освен што се чувствувате возбудени, воедно се прашувате што ве очекува кога тоа ќе пристигне на овој свет и дали вашиот живот ќе се промени. Голем дел од идните мајки си мислат дека сè ќе остане исто во нивните животи, освен фактот дека ќе имаат бебенце, но вистината е дека и покрај тоа што ќе ги сакате истите работи како и претходно, дефинитивно ќе забележите убави промени додека кај вас се буди родителскиот инстинкт.rnrn 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебеrn

    1. Ќе станете ранобудник

    rnЕдна од работите која дефинитивно ќе се промени кога ќе го родите вашето прво бебе, е времето на спиење. Доколку претходно сте биле ноќна птица, сега ќе мора да се прилагодите на потребите за спиење на вашето новороденче и ќе почнете да станувате многу рано наутро и да си легнувате рано навечер.rn

    2. Детските играчки се навистина возбудливи

    rnЌе се потсетите колку ви било интересно играњето со играчки како дете. Кога ќе здогледате играчка која знаете дека вашето дете ќе ја обожава, ќе се возбудувате дури и повеќе од него.rnrn 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебеrn

    3. Играњето со вашето дете е забавно

    rnМожеби претходно никогаш не сте помислувале дека би можеле да гледате куклена претстава, да се смеете на цртани филмови или да седите на клупа додека вашето детенце си игра во паркот, но откако ќе станете родител ќе сфатите дека ваквите активности и тоа како ве исполнуваат. Ќе ви биде забавно исто колку што му е забавно на вашето дете, а можеби и повеќе.rnrn 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебеrn

    4. Ќе почнете брзо да размислувате

    rnКога сте родител, итни ситуации се случуваат речиси секој ден. Поради тоа, ќе научите како веднаш да донесувате одлуки и да кроите план „Б“ доколку првиот се покаже како неуспешен. Почнувате да губите контрола во јавност? Сендвичот ви се распрска на вашата облека? Кога ќе станете мајка, ќе научите како да воздивнете и да најдете инстантно решение за проблемите.rn

    5. Ќе се разнежните

    rnМожеби додека сте биле девојка сте биле нежни, можеби сте биле „хардкор“, но кога ќе родите бебе дефинитивно ќе станете многу поемотивни. Срцето ќе ви се топи секогаш кога вашето дете ќе ви каже „те сакам мамо“. Ќе го грабнете в раце и ќе му подарите безброј бакнежи и прегратки, бидејќи мајчината љубов е бескрајно чувство.rnrn 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебеrn

    6. Ќе ви се врати празничната магија

    rnКога станувате возрасни и животот и обврските ви стануваат посериозни, се чувствувате исцрпено, па празниците ги доживувате само како совршено време за излежување и спиење. Но, откако ќе донесете бебе на овој свет, еуфоричната празнична магија повторно ќе се врати во вашиот живот. Ќе сакате да верувате дека Дедо Мраз навистина постои и ќе му донесе подарок под елката на вашето најмило.rn

    7. Тренерките се најудобна облека

    rnОткако ќе станете мајка ќе ви биде сосема јасно зошто тренерките се најудобна работа на светот. Нема да ве стегаат, потат или да ви сметаат додека го бркате вашето дете низ паркот. Тесни фармерки и штикли, едноставно не се соодветен избор кога имате брзо човече за кое треба да се грижите.

  • Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“

    Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“

    Седумгодишниот Лука Апс парите кои ги собрал за Божиќ минатата година ги потрошил на еден сет играчки од „ЛЕГО“. Најголемиот проблем со играчките од компанијата „ЛЕГО“ е тоа што се многу ситни и лесно можеш да ги загубиш.Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“Па така, еден ден, Лука без одобрение од својот татко понел една од играчките додека биле на пазарење и ја загубил. Откако се вратил дома, решил да им пише писмо на вработените во компанијата, замолувајќи ги да му пратат нова, бидејќи без неа сетот нема да му биде комплетен.rnrnВо писмото Лука напишал:rn
    rn

    Здраво.rnrnМоето име е Лука Апс и имам седум години.rnrnСо сите пари што ги собрав за Божиќ го купив сетот „Ninjago“ од „Ultrasonic Raider“. Серискиот број е 9449. Навистина е добар.rnrnТатко ми ме однесе во „Sainsburys“ и ми рече да ги оставам играчките дома, но јас ги земав и го изгубив Jay ZX некаде во продавницата, бидејќи ми паднал од моето палто.rnrnНавистина сум вознемирен што го изгубив. Татко ми ми рече да ви пратам имејл, за да ве прашам дали би ми пратиле нова играчка.rnrnВетувам дека нема да го носам веќе по продавници.rnrn– Лука

    rnПосле кусо време, Лука добил повратен мејл од страна на Ричард, претставник од корисничката поддршка на „ЛЕГО“. Во писмото тој му напишал дека „разговарал“ со Сенсеи Ву, главната играчка во сетот.rn
    rn

    Лука,rnrnму пренесов на Сенсеи Ву дека губењето на играчката од твоја страна била несреќна околност и дека никогаш повеќе нема да допуштиш истото да се случи.rnrnТој ми рече да ти пренесам: „Лука твојот татко делува како мудар човек. Секогаш мораш да ги заштитуваш играчките ‘Ninjago’ како што змејовите ги заштитуваат оружјата од ‘Spinjitzu’!“rnrnСенси исто така ми кажа дека е во ред да ти испратиме нова играчка и ми дозволи да ти испратам неколку дополнителни играчки, бидејќи секој што ги потрошил своите заштедени пари од Божиќ за да ги купи играчките од „Ultrasonic Raider“ мора да е навистина голем обожавател на „Ninjago“.rnrnПа, се надевам дека сега ќе уживаш во твојата нова играчка придружена со сите оружја. Всушност, ти ќе бидеш единствениот што ќе ја има играчката која ги комбинира сите три во една. Исто така ќе ти испратам и еден негативец, за да има со кого да војува.rnrnСамо запомни што рече Сенси Ву: заштитувај ги своите играчки… и се разбира, секогаш слушај го твојот татко.

    rnОва е типичен пример како големите компании си обезбедуваат целоживотен и задоволен купувач.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

    Италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти обожава да патува околу светот, во потрага по некоја нова авантура, добра приказна и интересни луѓе. За неговиот последен проект насловен „Toy Stories“ тој потрошил 18 месеци фотографирајќи деца од разни делови од светот, со нивните омилени играчки.rnrn

    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Чива – Мекинчи, Малави
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Жаклин – Манила, Филипини
    rnrnТој не очекувал да открие нешто што веќе не го знаеме: На таа возраст, сите деца се прилично исти. Тие сакаат само да си играат.“ Но, начинот на кој си играат, очигледно се разликува од земја до земја. Галимберти открил дека децата во побогатите држави се попосесивни кон нивните играчки и не дозволуваат некој друг да им ги допре. Во сиромашните држави, некои деца имале само 2-3 играчки, но не им претставувало проблем ако некој друг им ги користи. Така, во Африка децата најмногу си играле надвор, со нивните другарчиња.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Тангавитси – Кикорок, Кенија
    rnrnНо, сепак постојат и голем број сличности помеѓу децата, во однос на улогата која ја имаат играчките во нивните животни. Така, едно 6-годишно момче од Тексас и 4-годишно девојче од Малави си играат со исти играчки – пластични диносауруси, за кои обајцата сметаат дека ги штитат од опасностите коишто ги чекаат во ноќите.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Јулија – Тирана, Албанија
    rnrnВоедно, интересно е тоа дека играчките честопати го рефлектираат и родното место на децата. Момчето од рурално Мексико обожава камиони, бидејќи секојдневно ги гледа како поминуваат низ неговото село, кога се движат накај шеќерната плантажа во близина. Дете од Летонија, сака да си игра со минијатурни колички бидејќи неговата мајка возела такси, додека пак едно девојче, ќерка на италијански фармер, има цел асортиман од пластично гребло, мотика и лопата.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Орли – Браунсвил, Тексас
    rnrnРаботејќи за овој проект, Галимберти научил и многу работи за родителите на децата. Така, родителите од средниот Исток и Азија ги терале нивните деца да се фотографираат, без разлика што тие биле на почетокот нервозни или вознемирени. Од друга страна, родителите од Јужна Америка биле многу релаксирани и му рекле на фотографот дека може да си ја работи работата како сака, сѐ додека нивните деца немаат ништо против тоа.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Ботел – Маун, Боцвана
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Ли Ја Чен – Шенјанг, Кина
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Алесија – Кастиљон Фиорентино, Италија
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Енеа – Болдер, Колорадо
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Абел – Нопалтепек, Мексико
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Лукас – Сиднеј, Австралија
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Наја – Манагва, Никарагва
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Ралф – Рига, Летонија
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Арафа и Аиша – Бубубу, Занзибар
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Тајра – Стокхолм, Шведска
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Мауди – Калулуши, Замбија

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Авион трансформиран во детска градинка

    Авион трансформиран во детска градинка

    Во грузискиот град Рустави, еден стар, но функционален авион од типот Yakovlev Yak-42 е целосно трансформиран во детска градинка. Главниот учител Gari Chapidze го купил овој авион од грузиската авиокомпанија „Georgian Airways“ и организирал да го транспортираат до градот Рустави.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаrnrnТаму го реновирал ентериерот и го надополнил со едукативна опрема и разни детски играчки, но ги оставил недопрени механизмите за управување во пилотската кабина, за да послужат како играчки за дечињата. Има околу 1.500 копчиња во малата кабина, во која 15 деца од градинката, можат да си играат и да глумат вистински пилоти кои се подготвуваат за полетување.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаrnrnРеновирањето на авионот траело неколку месеци и професорот бил загрижен дека на луѓето можеби нема да им се допадне неговата необична идеја за забавување на децата, но уникатната „градинка“ набрзо станала хит и кај родителите.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаrnrnНегувателите во градинката се надеваат дека оваа забавна околина во која има толку многу копчиња и алатки за „управување“, ќе им помогне на децата да ги развијат нивните технички способности.rnrnАвион трансформиран во детска градинка
    rn

    Идејата беше да создадеме градинка во која децата ќе доаѓаат со задоволство. Понекогаш, децата имаат тешкотии да се навикнат на градинките и на новата средина. Решивме да им помогнеме во тоа, правејќи ја градинката забавна.“ – вели директорот на Институтот за грузиско-украински односи со јавност, кој управува со оваа авио-градинка.

    rnАвион трансформиран во детска градинкаrnrnНавистина, ова е добро промислен начин да се поттикне креативноста кај децата и развојот на образованието од најмалата возраст.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поттикнете го развојот на вашето дете во првата година од неговиот живот

    Поттикнете го развојот на вашето дете во првата година од неговиот живот

    Првата година од животот на децата е најважна, кога станува збор за развојот на мозочните келии. Во текот на овој период, мозокот на децата се развива со неверојатна брзина, а во таквиот развој додатно помага и опкружувањето во кое детето се наоѓа. Поради тоа, многу е важна секојдневната интеракција со вашето дете, со цел неговата околина да биде што е можно повеќе стимулативна за развојот на неговите мозочни келии.Поттикнете го развојот на вашето дете во првата година од неговиот живот1. Вклучете го детето во домашните активности. Покажете му како изгледа просторот и околината во којашто живее. Поминете некое време шетајќи го низ вашиот дом, запознајте го со предметите, облиците, текстурите и боите во куќата.rnrn2. Читајте му на детето сликовници. Запознајте го со звуците кои ги претставуваат различните животни, објаснете му како изгледаат. Измислете своја приказна која честопати ќе му ја повторувате, притоа поврзувајќи ја со некоја ситуација која вам ви се случила во текот на тој ден.rnrn3. Запознајте го детето со неговите врсници, со постари деца и со други повозрасни личности. Често одете на игралишта и во парковите. Пуштете го детето да си игра со другите деца, бидејќи тоа ќе му помогне во учењето и стекнувањето социјални вештини.rnrn4. Разговарајте со детето секогаш кога тоа е возможно. Кога си играте, му ја менувате пелената, шетате, јадете или ја правите која било друга активност, разговарајте со него за што било и избегнувајте да користите премногу гестикулации, деминутиви и „детски зборчиња“. Трудете се да користите полни реченици, едноставен и правилен речник, кој би го користеле и при разговор со возрасна личност.rnrn5. Кога купувате играчки, одберете онакви кои ја стимулираат активноста на мозокот. Можете да изберете разни сложувалки, лего коцки, играчки кои произведуваат звуци, светлина и сѐ она што сметате дека ќе го поттикне детето на љубопитност.rnrn6. Декорирајте ја детската соба. Нека биде собата на вашето дете весела, во шарени бои и со различни облици. Визуелната стимулација го поттикнува развојот на мозочните келии, бидејќи боите кај децата создаваат чувство на љубопитност и концентрација. На ѕидот закачете шарени слики и фотографии, а на подот ставете некој весел тепих во бои.rnrn7. Децата имаат различен карактер, па и различен вкус од самото раѓање. Потрудете се да откриете што му се допаѓа на вашето дете, а што не, па прилагодете го опкружувањето според неговите барања.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Богато детство за малку пари

    Богато детство за малку пари

    Ние што сме родени во осумдесеттите и деведесеттите години, сме израснале во период на мачна економска ситуација. Без разлика колку напорно и да работеле нашите родители, никако не можеле да стигнат до приход со кој било возможно да се задоволи и по некоја луксузна потреба.rnrnМногумина не одеа на море секое лето, малкумина знаат како изгледа зимување, автомобил или мотор како подарок за матура беше незамисливо, а немавме ниту скапи играчки на кои го симулиравме реалниот живот. Па сепак, постојат еден куп работи од нашето детство кои со задоволство ќе ги паметиме додека сме живи.rnrnБогато детство за малку париrnrnПовеќето родители се уверени дека потфрлуваат во својата родителска улога со тоа што не можат на детето да му ги обезбедат скапите играчки, скапата облека или патувањата. Тоа секако не е точно. Иако играчките и патувањата се пожелни и би биле многу забавни за детето, неговата среќа може да се предизвика со нешта кои чинат многу помалку или се бесплатни. Убавината на животот е во контактот со другите луѓе.rnrnНајубавите спомени запечатени во меморијата на еден човек се поврзани со доживувања во нечие друштво, а не со предмети. Оттука, правилниот психички и духовен развој на едно дете не се постигнува со подароци, туку со правилен контакт со него. Тој е бесплатен, а е многу поважен од сите тие предмети кои се купуваат со пари.rnrnБогато детство за малку париrnrnСекако, неопходно е да се има доволно за да се задоволат најосновните потреби на децата како храна, облека и образование, но според психологот Кети Сиферт, постојат други работи кои секој родител треба да ги примени со цел да го збогати детството на своето дете.rnrnОвозможете му на детето да си игра – Повеќето родители или се многу рестриктивни кога станува збор за времето за играње или пак го оставаат детето пред компјутер да прави што сака. Скапите играчки не се неопходни за среќно детство. Детската фантазија може да биде толку раскошна што тоа може да си игра со што и да најде во домот. Исто така, детето ќе има прекрасни спомени од дружењето со врсниците, што секако нема да го постигне со играње на компјутер или ако порано го повикате дома затоа што „веќе предолго било надвор“.rnrnЗапознајте го детето со опкружувањето – Покажете му различни растенија, однесете го во зоолошка да ги запознае животните, нека ги види различните форми на градбите околу него, однесете го во парк, во музеј, на спортски натпревар… Со тоа ќе ја запознае околината.rnrnЧитајте му – 15-20 минути читање пред спиење е забава која ќе му ги подобри речникот и фантазијата.rnrnБогато детство за малку париrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Детски цртежи претворени во плишани играчки

    Детски цртежи претворени во плишани играчки

    Child’s Own Studio ја материјализира имагинацијата и креативноста на децата, претворајќи ги нивните цртежи во вистински играчки. Зад оваа брилијантна идеја стои Венди Цао од Ванкувер, Канада. Таа неодамна се сетила да го изненади нејзиниот 4-годишен син, изработувајќи му играчка според ликот од неговиот омилен цртеж.Детски цртежи претворени во плишани играчкиБлагодарение на нејзините вешти раце и на желбата на многу други родители на идентичен начин да ги израдуваат своите најмили, идејата на Венди за кусо време се претворила во сериозен бизнис. Изработката на овие уникатни играчки чини до 400 долари, во зависност од комплексноста на цртежот.Детски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчкиДетски цртежи претворени во плишани играчки
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за играчките кои не сте ги знаеле

    Факти за играчките кои не сте ги знаеле

    Дали знаевте дека вртењето хулахоп било забрането во Јапонија и во Индонезија затоа што делувало премногу провокативно?rnrnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Зборот „играчка“ (toy) потекнува од староанглискиот збор „tool“ што значи „алатка“.
    • rn011

    • Куклите се сметаат за најстарите играчки во светот.
    • rn011

    • Јојото се смета за втора најстара играчка во светот.
    • rn011

    • Зборот „јојо“ потекнува од филипинскиот израз што значи „дојди, дојди“.
    • rn011

    • Во 1985 година, астронаутот Дејвид Григс бил емитуван во живо како си игра со јојо во вселенското летало.
    • rn011

    • Во 16 век, јојото се сметало за оружје.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Компанијата „Лего“ е најголем светски производител на коцки. Оваа компанија произведува 306 милиони коцки годишно.
    • rn011

    • Зборот „лего“ потекнува од данскиот израз „leg godt“ што значи „играј добро“.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Целосното име на куклата Барби е Барбара Робертс, според името на ќерката на креаторот на оваа кукла.
    • rn011

    • Првата барбика била произведена во 1959 година и чинела 3 долари.
    • rn011

    • Денес, секоја секунда се продаваат по две барбики.
    • rn011

    • Ако Барби беше вистинска, нејзините пропорции ќе беа 90-45-90.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Пластелинот прво бил наменет за чистење на тапетите.
    • rn011

    • На почетокот, тој бил само во една боја – бела.
    • rn011

    • Состојките на пластелинот и денес се тајна.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Играта „Дама“ може да се сретне на античките египетски гробници.
    • rn011

    • Најстарата коцка е исто така пронајдена во египетска гробница.
    • rn011

    • Според стандардите, картите треба да се измешаат 7 пати пред да почне играта.
    • rn011

    • Рекордот во играње монопол под вода е 1.080 часа.
    • rn011

    • Браќата Паркер го отфрлиле монополот, цитирајќи 52 недостатоци на играта.
    • rn011

    • Стандардниот монопол вклучува 15.140 долари во една игра.
    • rn

    rnФакти за играчките кои не сте ги знаелеrn

      rn011

    • Хулахопот е измислен во Австралија.
    • rn011

    • На почетокот, тој претставувал „прстен за вежбање“ направен од бамбус кој се користел на часовите по физичко.
    • rn011

    • Британските доктори тврделе дека хулахопот е виновен за зголемениот број повреди на грбот, вратот и стомакот.
    • rn011

    • Во Индонезија хулахопот бил забранет затоа што предизвикувал страст.
    • rn011

    • Во Јапонија било забрането вртењето хулахоп на јавни места.
    • rn011

    • Во Советскиот Сојуз хулахопот бил „симбол на празната американската култура“.
    • rn011

    • Рекорди во вртење хулахоп: најдолгото вртење хулахоп траело 4 часа, при што биле направени повеќе од 18.000 вртежи; најмногу вртени хулахопи истовремено – 14, биле свртени од 11-годишно дете.
    • rn

    rn

    Факти за играчките кои не сте ги знаеле

    rnrn

      rn011

    • Ѕвездата на Мапет шоу, жабата Кермит, е леворака.
    • rn011

    • Во 1968 година, играчката која била репродукција на најновиот модел на Шевролет во тоа време, се нашла во продавниците уште пред вистинскиот автомобил да биде пуштен во продажба.
    • rn011

    • Хемискиот инженер Нил Толотсон случајно создал балон од латекс, додека се обидувал да направи течна гума.
    • rn011

    • Првата аркадна видео игра „Pong“ беше претставена во 1972 година.
    • rn011

    • Најголемиот дистрибутер на играчки во светот е Мекдоналдс.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnУште во далечната 1911 година, кога биле измислени првите кутии за јајца, нивната основна цел била безбедно и сигурно пренесување на јајцата од производителот до потрошувачот. Никој во тоа време не замислувал дека тие можат да најдат сосем друга примена и да се преобразат во вистински ремек-дела. Маса, играчки, фотоапарат, па дури и куќа се само неколку од многуте креации изработени токму од кутии за јајца.rn
    rn

    Слика во стилот на кубизмот

    rn

    Холандскиот уметник Ено Де Крон ја воодушеви неговата публика со прекрасните слики, кој тој ги нарекува „Eggcubism“. Потсетувајќи се на младоста, кога како дете си играл со кутии од јајца и од нив правел различни форми, решил овојпат да црта на нив и да создаде уникатни слики. Според Де Крон, ваквите цртежи овозможуваат уметноста да се перцепира и осознае од сосема поинаков агол.10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rnrn

    Лего-куќа

    rnАвстралиското студио Голденхем, направило уникатна куќа од илјадници рециклирани кутии за јајца, нарекувајќи ја „The Original Dream“. Куќата е направена така што кутиите за јајца се редени како лего-коцки на дрвена основа, па оттаму и самата куќа е позната како лего-куќа.10 извонредни креации направени од кутии за јајца rn

    Креативно осветлување за домот

    rnДоколку сакате интересно и необично осветлување за домот, кое истовремено ќе ѝ даде посебен шарм на вашата просторија, одберете го овој дизајн изработен од кутии за јајца. Интересно е тоа што не морате да потрошите мало богатство, туку можете сами да го изработите.10 извонредни креации направени од кутии за јајцаrn

    Играчки

    rnНајдобар начин да ги научете децата што е тоа рециклирање, е заедно да изработите играчки од кутии за јајца. Истовремено ќе се забавувате и ќе учите.10 извонредни креации направени од кутии за јајца rn

    Маса

    rnСе работи за маса со 3 ногарки, изработена од кутии за јајца, земја, тесто од брашно и семиња. Иако не изгледа стабилна, сепак е доволно цврста да издржи предмети со средна тежина.10 извонредни креации направени од кутии за јајца rn

    Фолксваген камион10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Фотоапарат10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Цвеќиња10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Костим за маскенбал10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Софа

    rnПрилично креативна софа, но дали би се осмелиле да седнете и да се опуштите на неа? 🙂10 извонредни креации направени од кутии за јајцаrnrnЗа крај, прочитајте што сè можете да направите со вашите јајца :).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.