КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • Тест од 1 минута: Тоа што прво ќе го забележите на овој цртеж ја открива вашата блиска иднина

    Тест од 1 минута: Тоа што прво ќе го забележите на овој цртеж ја открива вашата блиска иднина

    Овој краток тест ќе ви помогне за само 1 минута да откриете точно што ве очекува во вашата блиска иднина. Едноставно погледнете го цртежот и фокусирајте се на тоа што прво ќе ви падне во очи, а потоа пронајдете го одговорот подолу и откријте што значи вашиот избор.rnrnТест од 1 минута: Тоа што прво ќе го забележите на овој цртеж ја открива вашата блиска иднинаrn

    Лице

    rnВо вашиот живот следуваат огромни промени. Ослободете се од сите окови, откачете го сидрото на минатото, отпуштете ги јажињата кои ве задржуваат и развијте ги едрата. Вие сте ја избрале вистинската насока за среќен живот.rn

    Цвеќе

    rnАко првото нешто што ви паднало во очи се цвеќиња, тогаш време е да ви честитаме. Ова значи дека во вашиот живот ќе се појави мала (а можеби и поголема) победа. Ова може да биде успех на работа, зголемување на платата, наградата или којзнае, можеби дури ќе добиете и на лотарија.rn

    Гола девојка

    rnОвој симбол на тестот означува нови социјални врски. Вам ве чекаат многу важни познанства, па затоа ако некој ве повика да се сретнете, направете го тоа бидејќи оваа нова личност во вашиот живот ќе ви биде многу важна.rn

    Инсект

    rnВидовте инсект? Тоа значи дека ви следува среќа. Проблемите кои веќе некое време ви претставувале мачнина, конечно ќе успеете да ги решите. Ве чека успех на финансиски план, добро склопен договор, одлични резултати од сработеното и општо – професионален успех.

  • Како да изградите самодоверба за помалку од 5 минути?

    Како да изградите самодоверба за помалку од 5 минути?

    Во случај да се чувствувате несигурно и вознемирено од ситуацијата или од состојбата во која се наоѓате, не очајувајте и најпрво длабоко вдишете. Потоа, испробајте ги овие научно докажани трикови кои ќе ви го променат начинот на размислување и ќе ви ја вратат вербата во себе.rnrn3 трикови како да изградите самодоверба за помалку од 5 минутиrn

    Две минути држете став кој зрачи моќ

    rnПрочуениот психолог Ејми Кади долго време ја истражува темата за говорот на телото и самодовербата. Таа ја објаснува разликата помеѓу луѓето кои две минути пред интервју за работа заземаат позиција која оддава моќ и оние чиј став искажува понизност. Тие кои работат на својот став и држење поминуваат подобро од другите. Според истражувањата, луѓето кои имаат сигурен став, имаат и високо ниво тестостерон и пониско ниво кортизол, кој е одговорен за стресот во телото. Нивната физиологија влијаела на начинот на кој размислуваат и им дозволила да преземат поголем ризик.rnrnПравете ја оваа вежба секое утро пред важните настани, во лифтот или во тоалетот пред огледало. Застанете исправено, подигнете ја главата и рамената, ставете ги рацете на половината, а стапалата поставете ги во ширина на колковите. Чувствувајте се моќно, држете ја таа положба околу две минути и дишете длабоко. Или кренете ги рацете над главата во форма на латинската буква „V“ и замислете дека сте олимписки победник.rn

    Фокусирајте се на големата слика за вашиот живот

    rnИмајте долгорочна перспектива за вас и вашиот живот. Мора да се почитувате доволно за да направите планови за иднината и да можете да дејствувате во согласност со нив. При едно истражување, од испитаниците било побарано да се изјаснат за својата иднина во следните десет години, а потоа на дел од нив им биле покажувани обработени фотографии како тие ќе изгледаат по една деценија. Оние на кои им биле покажани сликите, полесно инвестирале во својата иднина, отколку тие што не ја виделе својата слика. Затоа, доколку сакате да влијаете на иднината, обидете се да ја замислите вашата слика десет години подоцна и што би сакале дотогаш да постигнете.rn

    Научете да бидете благодарни на сегашноста и иднината

    rnКога доживувате големи падови, тешко е да се исправите и повторно да застанете на нозе. Почнете со благодарноста. Благодарноста е одлична почетна точка за сите кои сакаат да успеат во својот живот. Секоја вечер пред спиење размислувајте за сите неверојатни нешта кои сте ги направиле во животот. Секако, потсетете се и на малите нешта со кои се гордеете, како што се пофалбата од шефот или пријателите. Благодарноста ви овозможува да се фокусирате на позитивните нешта во животот и ништо да не земате здраво за готово. Исто така бидете благодарни за нештата кои ве очекуваат, а сѐ уште не се оствариле и за отворените врати кои ве водат кон повисока цел.

  • 17 едноставни потсетници кои ќе ви помогнат да продолжите со животот кога ви е најтешко

    17 едноставни потсетници кои ќе ви помогнат да продолжите со животот кога ви е најтешко

    Кога ќе научите да бидете благодарни за малите нешта во животот веднаш ќе почувствувате разлика од рутината во вашето секојдневие. Прифаќањето на ова гледиште може да нѐ заштити од претераното нагласување на важноста на лошите нешта кои се случуваат во нашите животи. А тоа ќе ни помогне да изградиме здрав и цврст став со кој ќе се справиме со непријатностите кои ги доживуваме во моментот.rnrn17 едноставни потсетници кои ќе ви помогнат да продолжите со животот кога ви е најтешкоrnrnДури и да го добиеме она што го сакаме, ќе се соочиме со нови предизвици и одговорности кои ќе треба да ги надминеме. „Потребно е време да се остварат добрите нешта“ и „Никој досега не открил како“ се два моќни потсетници кои треба да ги повторуваме во себе секогаш кога ќе почувствуваме дека не знаеме што да правиме со нашите животи.rnrn1. Верувајте дека ќе дојде вашата животна инспирација. Трошиме премногу време размислувајќи за тоа што треба да правиме кога ќе се случи тоа, наместо да го следиме нашиот инстинкт или возбудата што ја чувствуваме кон него.rnrn2. Нашата инспирација можеби нема да ни го промени животот, но ќе нѐ насочи во правилната насока.rnrn3. Престанете да размислувате дека вашиот живот треба да биде драматичен. Сите го чекате големиот пресврт, големиот момент кога вашите животи ќе се свртат наопаку, дека ќе се збогатите и ќе патувате низ светот. Лажните верувања водат до разочарување од нашите животи, па се присилуваме себеси на големи промени кои немаат никаква смисла за нас, мислејќи дека тоа е вистинската дефиниција за среќа.rnrn4. Најдобриот начин да сфатите што сакате од вашите животи, е ако продолжите да правите мали чекори кон подобар живот, со мали промени после секој чекор.rnrn5. Штом најдеме инспирација, не смееме да дозволиме да бидеме сопрени од неуспехот. Мора да продолжиме да се обидуваме повторно и повторно. Не постои нешто како почетничка среќа кога е во прашање животната цел. Колку повеќе се обидуваме, толку помудри и поумни ќе стануваме.rnrn6. Не ја идеализирајте иднината и не го обвинувајте минатото. Кога се чувствуваме изгубени, имаме навика да го обвинуваме минатото за нашата моментална состојба, па ја идеализираме убавата иднина без вистински да се промениме.rnrn7. Иако е полесно вината да ја бараме насекаде околу нас кога не сме среќни и не сакаме да ја преземеме одговорноста за нашата судбина, треба да запаметиме дека идеализирањето на иднината без притоа да бараме начини да ја направиме подобра, нема воопшто да ги промени нашите животи.rnrn8. Најдоброто нешто што може да го направиме кога се чувствуваме вака е да се соочиме со себе за лошите работи што се случиле во минатото и да најдеме начин како би можеле да ги поправиме, за да ги избегнеме повторно истите стапици во иднината.rnrn9. Исто така не треба да забораваме дека животот е колекција од контрадикции и нема секогаш да биде онака како што сме го замислиле.rnrn10. Читајте книги и изгаснете го телевизорот. Читањето нѐ води во друг свет од лекции и упатства. Тивките моменти што ги поминуваме додека читаме книга, можат да имаат многу поголем ефект отколку која било серија што ја гледаме на телевизија. Книгите го хранат нашиот мозок и нудат вредни лекции кои нè можеме да ги научиме на ниедно друго место.rnrn11. Успехот е субјективен и нема универзална дефиниција. Не постои вистински пат во животот или една дефиниција за успех. Лесно е да се занесеме во фантазиите, приказните и филмовите околу нас, но на крајот од денот секој ќе треба макотрпно да се потруди да го најде сопствениот пат до успехот.rnrn12. Откривањето на нашите моќи ќе ни помогне да научиме како да ги искористиме во нашите моментални животни улоги и ќе ни даде повеќе самодоверба која ни е потребна во нашиот живот.rnrn13. Првото нешто кое ви е потребно за да се справите со несигурноста во животот е да научите да имате трпение со себе и сѐ околу вас, како и трпение за животот кој го посакувате.rnrn14. Второто нешто е да научите да се откажете од нереалните очекувања кои ги имате, старите навики кои ве задржуваат во минатото и огорченоста која го гризе вашето срце.rnrn15. Семејството и пријателите се тука да ни овозможат поддршка. Тие ќе бидат секогаш тука за нас кога ќе се почувствуваме изгубени и со својата мудрост ќе ни помогнат повторно да застанеме на нозе.rnrn16. Промената е единствената константа во животот, па треба да дадеме сѐ од себе за да ги прифатиме промените кои доаѓаат кон нас и оние што се случуваат во нас.rnrn17. Нашите животи немаат краен рок. Некогаш се обидуваме да направиме нешто за набрзо да сфатиме дека тоа воопшто нема да нѐ задоволи. Но, тоа не е крај на светот. Така ќе дознаеме што не функционира во нашите животи, за да можеме да откриеме како сето тоа да проработи во иднина.

  • Намалете ги грижите со помош на овие 5 совети

    Намалете ги грижите со помош на овие 5 совети

    Дали некогаш се чувствувате како затвореник во сопствената глава? Дали имате тенденција да ги гледате негативните аспекти на нештата и постојано да се навраќате на грешките од минатото? Ако одговоривте со да, тогаш тука сме за да ви помогнеме.rnrn0-namalete-gi-grizite-so-pomos-na-ovie-5-soveti-kafepauza.mkrn

    1. Препознајте го проблемот

    rnПрепознајте го проблемот и бидете свесни за него кога тој ќе се појави. Важно е да го препознавате за потоа да можете да го решите. Често заглавуваме во рутини на негативно размислување, што по извесно време поминува во навика. Тоа се случува несвесно како гризењето нокти или зависноста од социјалните мрежи. Токму затоа следниот пат кога ќе почувствувате дека негативно размислувате, кажете си стоп! Важно е навистина да го изговорите ова за таквите мисли да престанат да кружат во вашата глава.rnrnИсто така обидете се со визуелизација: замислете дека ја земате мислата и ја ставате во канта за ѓубре. Исто така, ако сакате малку поекстремна варијанта, тогаш ставете ластиче на раката и секогаш кога негативно размислувате, оптегнете го на раката за да се потсетите да престанете.rn

    2. Именувајте ја ситуацијата

    rnКога негативно размислуваме секогаш постои некој страв дека ќе се случи нешто лошо. Можеби се прекорувате поради грешка на работното место, или сте рекле нешто погрешно при разговор со пријателите/партнерот. Без разлика која е причината, пробајте да го именувате негативното размислување. Тоа може да биде во една реченица, како на пример: „Страв ми е дека ќе ја изгубам работата.“ или „Му/ѝ се лутам на пријателот/пријателката бидејќи се однесуваше лошо со мене.“rnrnКога можете да го увидите проблемот, тогаш решението е во вашите раце. Ако можете да го именувате вашиот најголем страв или грижа запрашајте се што е најлошото што може да се случи. И дали можете некако да се справите со тоа? Одговорот на ова прашање скоро секогаш е потврден.rn

    3. Вежбајте внимателност

    rnВниманието е состојба на забележување на моменталното искуство. Факт е дека трошиме премногу време жалејќи се, каејќи се или грижејќи се за минатото и иднината. Внимателноста може да ни помогне да го намалиме делот од нас кој постојано размислува и да го активираме оној кој чувствува. Добар пример е кога ќе се фатите себеси како работите ги правите механички.rnrnНа пример, следниот пат кога ручате, одолејте на импулсот да ги проверите социјалните мрежи. Наместо тоа, фокусирајте се на храната, амбиентот и вашите сетила. Вака ќе се вратите во реалноста. Кога чувствувате дека вашето внимание е слабо т.е. талка низ минатото или иднината, едноставно вратете се во сегашниот момент и запомнете: иднината не постои на ниедно друго место освен во вашата глава.rn

    4. Прифатете го проблемот

    rnОдвојте момент и откријте што е она што го предизвикува немирот кај вас. Замислете дека тој е поврзан со идните проекции или болки, или пак, грешки и каења од минатото. Потрудете се да ја прифатите моменталната ситуација. Тешко е, но болката и страдањата стануваат полоши ако повеќе размислуваме за нив. Пробајте да навлезете во чувствата и прифатете ги. Прифатете се себеси онакви какви што сте сега, во моментов. Престанете да посакувате работите да беа поинакви.rnrnКога ќе се фатите себеси како се грижите за минатото или иднината, прашајте се следново: „Што можам да направам околу тоа во моментов?“ Ако одговорот е ништо, тогаш прифатете ги нештата какви што се. Вдишете длабоко и правете нешто што ве усреќува. А, ако одговорот е да, тогаш проценете што можете да направите и направете го тоа.rn

    5. Закажете одмор од грижи

    rnНекогаш тешко е да се заспие поради големиот број грижи кои осцилираат низ нашата глава. Целиот ден ќе се чувствувате добро, но навечер вашиот мозок оди во темното ќоше и ви сервира страшни мисли кои чувствувате дека ве прогонуваат. Врските, имиџот, кариерата, финансиите, иднината, што ќе се јаде и слично – ова се сигурно дел од грижите поради кои не можете да заспиете навечер. Затоа дозволете си да бидете безгрижни како децата, барем на 15-30 минути. А додека се грижите, напишете сѐ што ви лежи на срцето. Навечер, кога не можете да заспиете кажете си: „Ништо не можам да решам во моментов. Време е за спиење. Утре ќе размислувам околу тоа.“

  • Елиминирањето на овие 2 збора од вашиот речник ќе ве направи поуспешни

    Елиминирањето на овие 2 збора од вашиот речник ќе ве направи поуспешни

    Начинот на кој зборуваме го оформува нашето однесување и има огромен ефект врз тоа како луѓето нè перципираат. Промената на еден збор со друг може да направи голема разлика во начинот на кој им се приближуваме на нашите животни цели и аспирации. Ваквиот став го изнесува Бернард Рот, професор по инженерство на Унивезритетот Станфорд и академски директор на Институтот за дизајн „Хасо Платнер“, кој во својата нова книга „Навиката на достигнувањето“ предложува неколку лингвистички трикови кои гарантираат поуспешна иднина.rnrnЕлиминирањето на овие 2 фрази од вашиот речник ќе ве направи поуспешниrn

    1. Заменете го „но“ со „и“

    rnМожете да кажете: „Сакам да одам на кино, но имам работа“.rnrnНаместо тоа, професорот Рот предложува да кажете: „Сакам да одам на кино и имам работа“.rn

    „Кога го користите зборот „но“, вие само си создавате конфликт и понекогаш причина која што често не постои. Со други зборови, можете и да одите на кино и да ги завршите работните обврски. Само треба да најдете решение“, вели професорот.

    rn

    „Од друга страна, со користењето на зборчето „и“, вашиот мозок одлучува како ќе се справи со двата дела од реченицата“, пишува проф. Рот.

    rnМожеби решението е да погледнете пократок филм и правилно да ја селектирате работата.rn

    2. Заменете го „морам“ со „сакам“

    rnПрофесорот Рот препорачува една едноставна вежба: Наредниот пат кога во своите мисли ќе си речете „морам“, заменете го тој збор со „сакам“.rn

    „Оваа вежба е многу ефективна и им помага на луѓето да разберат што е она што навистина сакаат да го прават во својот живот. Дури и оние работи кои се непријатни се всушност нешто што тие самите би го избрале“, објаснува тој.

    rnНа пример, еден од студентите на Рот сметал дека му е потребно да зема часови по математика за успешно да ја совлада материјата од неговата избрана студиска програма, иако не сакал да го направи тоа. Во еден момент, откако ги завршил часовите, сфатил дека не само што му требале туку и дека потсвесно сакал да присуствува на нив, бидејќи користа од завршувањето на студиските задачи била поголема од неудобноста која ја чувствувал додека седел на часовите во кои не уживал.rnrnОвие трикови се базираат врз една клучна компонента во стратегиите за решавање на проблемите, наречена „размислување по дизајн“. Кога ја применувате оваа стратегија вие всушност се обидувате да го предизвикате своето автоматско мислење и да ги гледате работите онакви какви што навистина се. А, кога експериментирате со поинакви ставови, ќе заклучите дека проблемот не е толку нерешлив како што изгледа и дека имате многу поголема контрола врз својот живот отколку што мислите.

  • Само губите време: 10 нешта во кои никогаш нема да ја најдете среќата

    Само губите време: 10 нешта во кои никогаш нема да ја најдете среќата

    Многу често ја трошиме нашата енергија, заглавени во лавиринтите на животот, размислувајќи за тоа како еден ден ќе побегнеме од сѐ. Таа измислена иднина нѐ води напред, или барем така ни изгледа. Но, кога луѓето се несреќни, тоа е затоа што ја бараат среќата на погрешни места. Факт е дека сè додека имаме материјални желби, не е можно да ја пронајдеме совршената среќа. Но, без разлика на сè, вие сигурно нема да ја најдете среќата на овие десет места!rnrn10 места на кои нема да ја најдете среќатаrn

    1. Фантазии за лесен живот

    rnЖивотот е тежок, но вие сте силни. Болката само ќе ве направи посилни, а соочувањето со стравот ќе ве направи похрабри. Некогаш нештата треба да тргнат во непосакуван правец за најпосле да станат исправни. Некогаш треба да поминете низ најлошото, за да стигнете до најдоброто. Вашиот живот не треба да биде лесен, туку да има вредност. Ако не постои борба, нема да има ниту напредок.rn

    2. Минато кое повеќе не постои

    rnВие се менувате, исто како што се менува светот и вселената околу вас. Само затоа што нешто било исправно во минатото, не значи дека сѐ уште е исправно. Без разлика дали се работи за врска, работа, дом, навики… Откажувањето од некои нешта не ве прави слаби, туку напротив, доволно силни и паметни да се откажете од старото, за да направите простор за новото. Не грижете се за вратите кои се затвориле зад вас. Нови врати се отвораат во секој момент и ќе ги откриете само доколку продолжите да се движите кон напред.rn

    3. Иднина која е неизвесна

    rnМногу често ја трошиме нашата енергија, заглавени во лавиринтите на животот, размислувајќи за тоа како еден ден ќе побегнеме од сѐ. Таа измислена иднина нѐ води напред, или барем така ни изгледа. Но, ние никогаш нема да побегнеме. Ние едноставно ги користиме мислите за иднината за да побегнеме од сегашноста, повторно и повторно, сè додека не дојдеме до крајот на нашиот живот, без воопшто да живееме.rn

    4. Изговори за двоумење

    rnНајдобрата работа што можете да ја направите за себе е да престанете да зборувате: „Би сакал/а“, да почнете да велите: „Јас можам“ и да направите нешто по тој повод. Потребно е еден ден да се разбудите и да решите дека не сакате повеќе да се чувствувате како досега. И тогаш направете промена, ете толку е едноставно. Додека чекориме по животниот пат, среќата се случува кога сме подготвени секоја прилика да ја зграпчиме без двоумење.rn

    5. Удобна зона

    rnМоже да се чувствувате пријатно пливајќи во малото езеро на кое сте се навикнале, но ако не излезете од вашата удобна зона и не тргнете во пресрет на големите бранови, никогаш нема да ја откриете убавината на бескрајниот океан, затоа што никогаш нема да знаете ни дека таа постои. Држењето само до она кое ве прави да се чувствувате пријатно може да биде главна причина зошто чувствувате дека нешто недостасува во вашиот живот.rnrn10 места на кои нема да ја најдете среќатаrn

    6. Материјални вредности

    rnНикогаш нема да имате доволно од она што ви е потребно за да бидете среќни. Размислете за тоа. Убаво е да имате пари и богатства кои се купуваат со пари, но важно е да не заборавите на бесценетите нешта кои не можат да се купат со ништо на светот. Не ви е потребно големо богатство за да живеете богат живот. Вредноста на добрите пријатели и семејството се вашето вистинско богатство. Наместо да се фокусирате на она што би сакале да го поседувате, размислете од што би можеле да се ослободите. Исфрлете ги непотребните нешта, оние кои ви претставуваат непотребен товар и ќе почувствувате дека тежината ве напуштила.rn

    7. Посветеност на само едно нешто

    rnАко јадете повеќе отколку што треба, ќе се здебелите. Ако трошите повеќе отколку што имате, ќе бидете сиромашни. Ако премногу работите, ќе му недостасувате на вашето семејство. Ако премногу се забавувате, оставате многу незавршени работи. Среќата зависи од правилното распределување и искористување на времето и ресурсите. Долгорочната среќа никогаш не се наоѓа во само едно нешто, туку е комбинација од балансирање на обврските и потребите во вашиот живот.rn

    8. Погрешна врска

    rnНе е важно да имате безброј врски, туку квалитетни врски. Поминувајте повеќе време со луѓето кои ве прават подобар човек. Опкружете се со луѓе кои ќе ве издигнат на повисоко духовно ниво. Најдете ги луѓето кои ќе ве почитуваат исто како што и вие ги почитувате нив. Негувајте ги односите само со оние кои се среќни и горди што ве имаат во својот живот.rn

    9. Одобрување од неважни луѓе

    rnЗадржете го вашето достоинство и секогаш бидете искрени кон себе. Не дозволувајте им на другите да ви кажуваат кои сте вие. Секогаш ќе постојат луѓе кои го одобруваат или не го одобруваат начинот на кој изгледате, начинот на кој зборувате, работите кои ви се важни, стилот кој ви се допаѓа… Но, вистината е дека мислењето на тие луѓе е потполно неважно. Од вас зависи дали ќе им дозволите да ви го расипат расположението или ќе одлучите цврсто да се држите до вашите ставови и да се прифатите такви какви што сте.rn

    10. Префрлање на вината

    rnАко ги обвинувате другите за она низ кое поминувате, тогаш ја отфрлате вашата одговорност за вашиот живот. Всушност, цената на среќата е во одговорноста. Никој не е одговорен за вас, затоа што вие имате целосна контрола над вашиот живот. Можеби сте научени да ги обвинувате родителите, професорите, образованието, владата… Но, никогаш себеси?! Едноставно вие не сте виновни за ништо… Ова е погрешно. Секогаш грешката е ваша, бидејќи ако сакате да се промените, ако сакате да тргнете напред во животот, единствената личност која може да го направи тоа сте вие.

  • Спојте ги дланките и дознајте што ве чека во љубовта

    Спојте ги дланките и дознајте што ве чека во љубовта

    Дланките се дел од нашето тело преку кои, според некои верувања, може да се прочита судбината на личноста и да се дознае нешто за нејзиниот карактер. Но, не мора да одите кај гатачки и претскажувачи на иднината за да ја дознаете вашата иднина. Имено, од една линија на дланката можете многу лесно да прочитате што ве очекува во љубовта и бракот. rnrnСпојте ги дланките и дознајте што ве чека во љубовтаrnrnНашите дланки имаат три најдолги линии, а ако сакате да дознаете повеќе за вашиот карактер и љубовен живот, обрнете внимание на линијата која е прва под прстите и која соодветно се нарекува линија на бракот.rnrn„Читањето“ од дланките ќе го совладате така што ќе ги отворите дланките и ќе ги споите една со друга. Потоа погледнете дали линиите на десната и левата рака се рамни или едната е подолу, а другата погоре. Во продолжение дознајте што открива положбата на линијата на бракот за вас и вашата љубовна иднина.rn

    1. Линиите на двете дланки се рамни

    rnСпојте ги дланките и дознајте што ве чека во љубовтаrnrnВие сте нежни, чувствителни, ја сакате рутината и ги избегнувате непланираните авантури. Најверојатно ќе стапите во брак со некој кој сите го сакаат и им е драг, па вашиот избор ќе биде одобрен од сите во вашиот живот, вклучувајќи ја и вашата фамилија.rn

    2. Линијата на десната дланка е повисока од онаа на левата дланка

    rnЛинијата на десната дланка е повисока од онаа на левата дланкаrnrnНајдобро се сложувате со постарите лица, па можно е да се венчате со некој кој е постар од вас. Добро го пресудувате карактерот на луѓето и ситуациите во кој се наоѓате, а што другите мислат за вас и не ви е толку важно. Вие дефинитивно не сте конзервативни и не ги следите општествените норми и стандарди. Го правите она што го сакате, а не она што другите го очекуваат од вас.rn

    3. Линијата на левата дланка е повисока од онаа на десната дланка

    rnЛинијата на десната дланка е повисока од онаа на левата дланкаrnrnВие сте енергични и упорни, ги сакате предизвиците, па сакате и љубовната врска да ја исполните со страст. Во брак ќе стапите со некој кој сè уште студира или со личност од друга земја. Атрактивни сте и привлечни, бестрашни и сакате да ги истражувате неконвенционалните методи во сите аспекти на животот.rn

  • Откријте како ќе изгледате за 15 години од сега

    Откријте како ќе изгледате за 15 години од сега

    И покрај тоа што повеќето жени, па и мажи, се трудат да ја задржат својата убавина што подолго, сепак сите ние длабоко во себе знаеме дека таа е минлива. Но, постојат луѓе кои со годините успеваат да изгледаат сè подобро. Откријте дали и вие сте едни од овие луѓе со помош на следниве 4 нешта…rnrnОткријте како ќе изгледате за 15 години од сегаrn

    1. Вашите родители изгледаат добро

    rnОва правило важи во најголемиот број случаи. Ако вашите родители на постари години изгледаат добро, и вие ќе изгледате добро. Ова особено важи за релацијата мајка – ќерка. За добриот изглед најчесто се заслужни добрите гени, но тие сепак не се пресудни. Имајте на ум дека никој не е копија од своите родители, па понекогаш може да се случи и спротивното.rn

    2. Или воопшто не се менувате, или многу бавно

    rnМожеби ве нервира фактот што сите ваши пријатели изгледаат повозрасно и посериозно, додека вие се чувствувате како да сте заглавиле во некој тинејџерски изглед. Верувале или не, на долг рок, оваа карактеристика ќе ви се исплати. Вашиот младолик изглед ќе скрати многу години од вашето лице во иднина.rn

    3. Вложување во изгледот

    rnРетки се оние кои без никаков труд можат да изгледаат одлично. Токму затоа запрашајте се дали доволно вложувате во вашиот изглед, особено во грижата за кожата и телото. Тоа не значи дека треба да купувате секакви производи во првата продавница на која ќе налетате или пак, да ги трошите сите пари на скапи производи. Постојат бројни евтини и делотворни третмани кои можете да ги направите сами во вашиот дом. Не се запоставувајте никогаш, ако се грижите за себе во младоста, вие ќе се грижите и во староста.rn

    4. Вашите пријатели изгледаат добро

    rnМожеби на прв поглед ви делува лудо дека вашиот изглед би можел да зависи од вашите пријатели, но тие се многу поврзани. Личностите кои се во близина на луѓе кои се трудат да изгледаат убаво, самите се обидуваат да го следат нивното темпо. Никој не сака да изгледа најлошо во своето друштво, се согласувате?

  • 3 разговори кои треба да ги направите со вашата љубов пред веридбата

    3 разговори кои треба да ги направите со вашата љубов пред веридбата

    Веридбата е огромен чекор во секоја врска. Во оваа фаза, вие веќе треба да знаете многу нешта за вашиот партнер, како и да сте ги направиле овие 3 разговори кои се важни за вашата иднина. Со нивна помош, вие можете да откриете дали размислувате во истата насока за вашата врска и доколку не се согласувате за некое од нив, можете со време да разјасните дали има шанса за промена или не.rnrn3 разговори кои треба да ги направите со вашата љубов пред веридбатаrn

    1. Деца

    rnЕдно од најважните нешта, пред да почнете сериозно да ја планирате вашата заедничка иднина, е разговорот за основањето семејство и имањето деца. Дали вашиот партнер сака да стане родител или не? Тоа е прашање на кое мора да го знаете одговорот, без разлика дали вие сакате да имате деца или не. Разговорот на оваа важна тема можете да го започнете така што ќе го искажете вашиот став и ќе објасните колку ви е важно да го почитувате. Кога ќе го изнесете своето мислење, прашајте го партнерот какви се неговите или нејзините ставови, односно откријте дали го посакува истото како вас и ако не, дали има шанса за промена на мислењето.rn

    2. Пари

    rnВеридбата најчесто значи и заеднички живот, а тоа води кон делење на финансиите. Токму затоа и вие имате право на увид во финансиската ситуација на вашиот партнер. Прашајте го/ја дали има некои невратени долгови и неотплатени кредити, како и дали има заштедени пари. Исто така разговарајте и за плаќањето на свадбата. Понекогаш е многу тешко да се разговара за пари, но во овие моменти вие мора да бидете искрени. Разговарајте и за приоритетите кога станува збор за трошење пари, како и за начините на кои најдобро можете да заштедите. Многу е важно да ги познавате вашите размислувања на оваа тема со цел да откриете каде се согласуваат, а каде е потребно да се направат компромиси.rn

    3. Навики

    rnБидејќи ќе живеете заедно, треба однапред да откриете точно што ќе ве очекува. Токму затоа разговарајте со партнерот за вашите навики, завршувањето на домашните обврски, дневниот ритам… Вие мора да бидете свесни дека делењето живот со друга личност, без разлика колку сте заљубени во неа, има свои предности, но и маани. Важно е предностите да бидат повеќе од мааните со цел да можете да живеете во хармонија.

  • Вашата иднина е запишана во ѕвездите: Со помош на нумерологијата откријте ја вашата среќа

    Вашата иднина е запишана во ѕвездите: Со помош на нумерологијата откријте ја вашата среќа

    Личниот број се смета за среќен за оној кој го поседува. Постојат девет едноцифрени броеви и според нумерологијата, секој човек има три броеви кои влијаат врз него: духовниот број, судбинскиот број и бројот на името.rnrnВашата иднина е запишана во ѕвездите: Со помош на нумерологијата откријте ја вашата среќаrnrnДуховниот број многу лесно се пресметува. Сè што треба да направите е да ги соберете броевите кои се содржат во вашиот датум на раѓање. На пример, ако сте родени на 23 јули, вашиот духовен број е 2+3=5, односно бројот 5.rnrnСудбинскиот број се добива така што ги собирате броевите во целосната дата на вашето раѓање. На пример, доколку сте родени на 22.05.1988 година, вие треба прво да ги соберете сите броеви поединечно: 2+2+5+1+9+8+8=35, а потоа да продолжите со собирање сè додека не стигнете до едноцифрен број: 3+5=8. Во овој случај, судбинскиот број е 8.rnrnБројот на името се добива така што ги собирате броевите на буквите од вашето име според табелата подолу. Исто како и со судбинскиот број, така и со бројот на името вие треба да собирате сè додека не добиете едноцифрен број.rnrnA, И, Ј = 1rnrnБ K, Ќ, Р =2rnrnЦ, Г, Л, С, Ч, Џ, Ш, Љ =3rnrnД, M, T, Џ, Ѓ =4rnrnЕ, Х, Н, Њ, Ѕ =5rnrnУ, В =6rnrnО, З, Ж =7rnrnФ, П = 8rnrnНа пример, Петар Петровски: 8+5+4+1+2+8+5+4+2+7+6+3+2+1=58; 5+8=13; 1+3=4. Во овој случај, бројот на името на оваа личност е 2.rnrnОткако ќе ги пресметате вашите 3 броеви, погледнете го нивното значење и откријте нешто повеќе за вас и вашата среќа…rnrn1 – Личностите со овој број се силни, а понекогаш и егоистични бидејќи секогаш тргнуваат од себеси. Имаат висока интелигенција и се предодредени за среќа. Тие се енергични, а понекогаш поради емоциите делуваат растроено.rnrn2 – Овој број носи среќа, но и задоволство. Се работи за дарежливи и страсни личности кои се чувствителни, сентиментални и многу романтични.rnrn3 – Станува збор за возвишен број чии припадници најчесто се предодредени за големи нешта. Тие се многу интелигентни, духовни и често имаат шесто сетило. Тие однапред знаат некои нешта, претчувствуваат и неретко служат за пренесување важни пораки на човештвото.rnrn4 – Овој број претставува солидарност, обврска и целосна посветеност од личноста која го носи. Тие се професионални и интелектуални. Нивната предност е слободоумноста, бидејќи во нив не постојат табу теми. Тие се комплексни, одлични пријатели, партнери, деца, родители… На овие личности секогаш можете да сметате.rnrn5 – Социјални личности, вистински светски патници. Тие ја обожаваат природата, дружењето и движењето. Ним најмногу им одговара живот во голем град, како и работа преку која ќе комуницираат со многу луѓе. Освен леснотијата во комуникацијата, тие се одликуваат и со енергичност, веселост и знаење како да уживаат во животот.rnrn6 – Овој број е поврзан со работа, па неговите припадници се секогаш способни и добро подготвени, организирани и често интелигентни. Тие се одговорни родители, а најмногу им лежат професорските позиции.rnrn7 – Станува збор за број кој е инспириран од уметноста. Припадниците на овој број се уметнички души кои се бават со сликарство, музика или нешто слично. Меѓу нив се кријат најголемите уметници, а покрај смислата за убавото, тие често и физички добро изгледаат.rnrn8 – Овој број е кармички, па често неговите припадници живеат различно од другите луѓе. Тие се смирени, често повлечени и својот приватен живот и мисли ги држат за себе, криејќи ги од околината. Тие се мистериозни и таинствени.rnrn9 – На овие личности им треба многу простор, сакаат авантури и ризик. Тие знаат како да уживаат во својот живот. Често се револуционерни, посебни, различни и ја прошируваат свесноста за реформите и за новите начини на живеење. Тие секогаш сакаат промени, нешто различно и нешто ново.