КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • Мост на иднината

    Мост на иднината

    Многу препознатливи мостови се изградени во изминатиов век – мостот Бруклин, мостот Голден Гејт, мостот Сиднеј Харбор се само дел од нив. Но, како ќе изгледаат мостовите во иднината? Одговорот ни го дава архитектонското студио со седиште во Сеул, Planning Korea.(2) Мост на иднинатаОсвен тоа што ќе ја има добро познатата намена (да ги поврзува двата брега), мостот Paik Nam June Media во Сеул, Јужна Кореа, ќе служи и како парк, место за состаноци, трговски центар, музеј и многу повеќе од тоа. Оваа мега градба има должина од 1.080 метри. Воедно, а и многу битно за зачувување на природата, целиот мост ќе биде покриен со соларни панели за производство на сопствена енергија.(3) Мост на иднинатаОбликот на мостот е природен, флуиден и аеродинамичен. Овој мост, со сето она што го нуди, ги тера луѓето да ги остават своите автомобили и пешки или со велосипед да поминат преку него. На секој спрат ќе има хоризонтални и вертикални градини коишто ќе бидат наводнувани од реката и сезонските дождови. Исто така, конструкцијата на мостот може да се искористи како „платно” за разноразни видео проекции и секаков друг вид медија.(4) Мост на иднината(5) Мост на иднината(6) Мост на иднината(7) Мост на иднината(8) Мост на иднината(9) Мост на иднината(10) Мост на иднината(11) Мост на иднината(12) Мост на иднината

  • Далечински ТВ управувач од иднината

    Далечински ТВ управувач од иднината

    Некои далечински управувачи во домот се преголеми, со премногу копчиња, со незгодна форма, а други пак нудат совршено корисничко искуство. Иако, од вториве има помалку, еве еден поинаков модел со футуристички дизајн и функционалност која ја овозможуваат единствено гестикулациите на корисникот во просторот.Далечински ТВ управувач од иднинатаДалечински ТВ управувач од иднинатаДалечнискиот ТВ управувач Gesture Remote овозможува сурфање низ ТВ каналите и другите медиумски содржини само со едноставни гестикулации, без допири. Тој воопшто нема тастатура и е револуционерен токму поради тоа што нема ниту едно копче.rnrnНовата ера ги заматува границите помеѓу традиционалната телевизија и веб-базираните мултимедијални содржини, заради што нашиот однос со уредите кои ги користиме станува значително софистициран. Концептот за далечинскиот управувач Gesture Remote нуди сосема нов начин на интеракција помеѓу корисникот и ТВ приемникот во современиот дом. Гледањето телевизија со користење на Gesture Remote се претвора во  магично и интуитивно искуство.rnrnrnrnВиртуелни карактеристики на Gesture Remote:rnrn- овозможува  интеракција со телевизорот преку движење на палците и тоа за:rn

      rn011

    • лесно влечење и спуштање, позиционирање и селектирање на содржини, со помош на функционалноста на т.н. виртуелно глувче
    • rn011

    • лизгање, ротирање, зумирање, селектирање на канали и контрола на јачината на звукот благодарение на виртуелните лизгачи
    • rn

    rnGesture Remote ја користи технологијата GestIC од компанијата IDENT Technology за детектирање и следење на движењата на дланката, прстите или телото. Затоа е возможно контролирањето на уредите без потреба од допирање на екран, трекпед или тастатура.Далечински ТВ управувач од иднинатаДалечински ТВ управувач од иднинатаТехнологијата GestIC овозможува револуционерен кориснички интерфејс преку тридимензионално следење на позиционирањето и препознавање на гестикулациите. Тоа е уникатна технологија, не само заради тоа што може да ја одреди позиционираноста, туку и заради можноста за одредување на насоките и јачината на движењата во 3Д просторот.

  • Книгата на Илај (The Book of Eli)

    Книгата на Илај (The Book of Eli)

    Филм за однесувањето на луѓето во пост-апокалиптичен свет, за опстанокот и за вербатаrnrnКнигата на Илај (The Book of Eli)Локација и време: С. Америка, во иднинатаrnrnУлоги: Дензел Вашингтон, Гери Олдман, Реј Стивенсон, Мила Кунис, Џенифер БилсrnrnРежисери: Алберт Хаџис, Ален ХаџисrnrnЖанр: акција, трилер, авантура, драма, мистерија, вестернrnrnВреметраење: 118 мин.rnrnПремиера: 15 јануари 2010rnrnЈазик: англискиrnrnВеб-сајт: thebookofeli.warnerbros.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrn[divider scroll_text=””]rnШто се случува со луѓето кога на светот каков што го знаеме сите му дошол крајот? – Тотална анархија, состојба во која луѓето не знаат за чувства и совест… сите живеат за да опстанат, а опстанокот на едните значи загрозување на животите на други. Во потрагата по храна, вода и безбедно преноќиште, малкумината кои го познаваат светот од порано, трагаат и по нешто многу позначајно – изворот на вербата кој може да го врати човечкото во сите.rn[divider scroll_text=””]rnrnrn

    rnrnПриказна: Илај е еден од постарите луѓе кои опстанале по „големиот блесок“. Тој сам тргнува на запад, патем борејќи се за својот живот со секој кој ќе го предизвика и испровоцира. Неговиот пат има цел, но пречките го прават неговото пристигнување неизвесно до самиот крај.rn.rn

    Илај: Сиве овие години ја носев (библијата) со себе и ја читав секојдневно, толку се занесов во чувањето, што заборавив да живеам според она што го научив од неа.

    rnНеговата цел е да ја заштити книгата која ја носи со себе и да ја однесе на запад каде може да добие значење од кое ќе се роди новиот свет. На патот е пресретнат од мафијашот Карнеги кој владее со едно опустошено и разрушено гратче. Откако тој ќе разбере дека Илај ја има светата книга, ќе се обиде да направи се за да ја добие. Имајќи ја, тој би владеел со луѓето.rnrnrnrnКинематографија: „Книгата на Илај“ е спој од уметнички кадри кој го одземаат здивот. Со оглед на тематиката, сосема оправдано се застапени тмурни и еднолични бои, помеѓу кои доминира бојата на земјената прашина. Затоа пак, специфичните локации кои се внимателно избрани (Ново Мексико), силно влијаат за доловување на чувството кое се стреми да го наметне приказната – самотија, напуштеност, суровост, нечовечност. Од ваквите кадри ќе посакате да си направите постер за во дневната соба.rnrnПерфектната кинематографија, специфично развиената приказна и улогата која беспрекорно ја носи Дензел Вашингтон до самиот крај, му даваат на овој филм, квалитети кои дефинитивно го разликуваат од останатите филмови од овој тип..rnrnrn.rn

    Солара: Како беше порано?rnИлај: Луѓето имаа повеќе отколку што им беше потребно. Немавме поим што е скапоцено, а што не е. Фрлавме ствари за кои денес луѓето се убиваат едни со други.

    rnКога и како да го гледате? Филмот гледајте го во друштво за да не се почувствувате како да сте сами во светот кој станал одвратно место за живеење. Сепак, гледајте го внимателно и посветено, иако и нема да можете поинаку. Тој самиот ќе ви го привлече вниманието. Совршено би било филмот да го гледате на филмското платно или барем на голем екран или проекција. Но, ако не сте во можност, направете си мини домашно кино – испружете се на каучот во дневната соба, изгасете го светлото и уживајте на раат, без да ве вознемируваат.rnrnrnrnСлични филмови: „Јас сум легенда“, „Воден свет“, „Пат“ (не го препорачуваме), „Лудиот Макс“rn

    изворот на вербата кој може да го врати човечкото во сите.rnrn