КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • Нова земја (Terra Nova)

    Нова земја (Terra Nova)

    ТВ серија за потрагата по подобар живот во минатото откако иднината станала лошо време за живеењеrnrnНова земја (Terra Nova)Креатори: Крег Силверстин, Кели Марсел, Стивен Лангrn rnrnГлавни улоги: Џејсон О’Мара, Шели Кон, Кристин АдамсrnrnЖанр: научна фантастика, мистерија, авантураrnrnПремиера: 26 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 45 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————-rnКаква иднина нè очекува? Како ќе живееме за 130 години од сега? Кои проблеми ќе го совладаат човештвото? Каде ќе го бараме спасот во иднина кога таа нуди толку неповолни услови за живот? Ќе мора да бараме начини да се вратиме назад, таму каде што нè чека нова шанса за подобар живот, таму од каде ќе можеме да влијаеме за да го спасиме човештвото…rn————————————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Дејството во „Нова земја“ почнува во иднината, во 2149 година, кога животот на Земјата е загрозен од преголема популација и уништување на квалитетот на воздухот. Се живее во затворени услови, во кои најмалите не знаат како изгледаат Сонцето и облаците, се забранува создавање на големо потомство и со „тежок“ воздух се казнува прекршувањето на правилата.Нова земја (Terra Nova)Семејството Шенон е жртва на сурова казна. Казна-затвор за таткото на три деца, кога смеел да има само две. Но, тогаш се создава можност за заминување од Земјата, за проаѓање низ портата која води назад во времето, но од која нема назад во иднината. Петчленото семејство успева нелегално да се протне низ портата на можностите, оставајќи го зад себе суровиот живот.Нова земја (Terra Nova)Нова земја (Terra Nova)Она на што тие наидуваат таму, 85 милиони години во минатото, е далеку од совршен и беспрекорен живот, но така изгледа од перспектива на иднината. И овде треба да се учи, да се работи и заработува, да се внимава на консумирање одредена храна која ќе му одговара на телото… И овде има добри и лоши, почнувајќи од шестаците кои се населеници на Тера Нова со некаква скриена агенда, па сè до месојадните диносауруси и чудните видови птици чиј крик ќе ве остави будни цела ноќ.Нова земја (Terra Nova)Нова земја (Terra Nova)Нова земја (Terra Nova)Компјутерска графика и кинематографија: Технички серијата изгледа солидно, иако графиката на моменти изгледа „бедно“ и вештачки во споредба со познатите филмови и ТВ серии од овој вид. Сцените се сепак пријатни за око, а се снимаат во Австралија.rnrnКога и како да ја гледате: Па, нека биде навечер, но бидете одморени бидејќи ако ве фатила дремка, големи се шансите дека ќе заспиете. Не бидејќи серијата е досадна, туку дека е бавно темпото. Сосема е во ред да ја гледате сами. Приказната „не бара“ друштво.rnrnПрвата епизода е двојна, па трае скоро колку еден цел филм. Бидете подготвени да одвоите доволно време.Нова земја (Terra Nova)Слични филмови и серии: „Изгубени“, „Паркот Јура“, „Аватар“, „Војна на световите“rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn

  • 3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

    3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

    Бенто e компјутерски систем кој вклучува лаптоп, таблет и смартфон во еден компактен мобилен уред, овозможувајќи нивна поврзана работа, како и лесна подвижност на секој од уредите поединечно.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

    rnrn

    rn

    „Нашите алатки варираат по големина и по функција во согласност со нивната специфична функција. Компјутерите исто така, доаѓаат во различни форми, оптимизрани за конкретен контекст. Иако напредокот во дизајнот и инженерството влијаеја на намалување на нивната тежина, корисниците и понатаму носат повеќе уреди наеднаш, бидејќи секој од нив не ги задоволува сите потреби.“

    rn

    rn

    3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред.

    rnrn

    „Ако набљудувате како корисниците ги користат сите тие уреди во текот на денот, ќе заклучите дека не ги користат истовремено.“

    rn

    3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредНо, со Бенто, и ова би било возможно. Сите три уреди можат да функционираат во синергија. Предноста е што секој уред може да се користи независно и како дел од системот. А откако ќе завршите работејќи на секој од нив, ги пакувате во една кутија, наместо да им барате место во чантата.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредСетот од гаџети се состои од еден 15 милиметри тенок лаптоп, кој претставува столб што ги поврзува сите мобилни уреди: мулти тач тастатура, соларна батерија, мобилен телефон и уред за складирање податоци. Кога сите уреди се на своето место, системот станува лаптоп. 3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредТастатурата е всушност таблет, а во улога на тракпад е мобилниот телефон.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредТаблетот може да се користи и како секундарен дисплеј, за цртање или свирење по ноти.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредОвој концепт влезе во потесен круг помеѓу повеќе од 1000 проекти кои беа пријавени за наградата за дизајн од FUJITSU на тема: „Животот со компјутерите во иднина“, организиран во соработка со Designboom.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредКога се сите уреди наполнети, можат да се откачат од системот, но сепак да функционираат поврзано преку безжична врска.rn3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредБенто е сега за сега концепт, зад кој стои дизајнерот Рене Ли, но не би било лошо доколку ваков производ всушност стане достапен на пазарот. Би го купиле?rn3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

  • Светот после апокалипсата

    Светот после апокалипсата

    Човештвото е опседнато со самодеструкција. Благодарение на безбројни религии, митови, легенди и предвидувања, луѓето отсекогаш се запрашувале како ќе наликува светот без нас, по судниот ден. Врз основа на истражувањата и минатото на планетата Земја, речиси е неизбежно дека ќе се случи природно уништување во даден момент во иднината, но за волја на вистината, и човекот има создадено многу методи за вештачко потпомагање на овој процес.rnСветот после апокалипсатаВо последниве години, на филмското платно можевме да погледнеме многу интересни филмови во кои беше прикажан постапокалиптичниот свет, како „Јас сум легенда“, „Денот после утре“, „2012“, „Војна на световите“ и многу други. Оваа колекција од околу 50 слики е направена од различни автори, а на нив можете да видите различни перспективи и гледишта за тоа како би изгледал денешниов свет после катаклизмата.Светот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаСветот после апокалипсатаrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

    Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

    Филм за тинејџерскиот притисок и за „сечењето вени“ поради лошите оценки, девојките, пријателите… и за моментот кога ќе запреш и ќе се завртиш околу себе. Некој тука можеби се бори за „малку од малку“ нормален живот.rnrnТоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Режија: Ана Боден, Рајан ФлекrnrnУлоги: Кеир Гилкрист, Зак Галифианакис и Ема РобертсrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn————————————————————————————————————————————————rnСредношколец си и твоите родители не ти купуваат патики какви што сакаш па мислиш дека секој пат кога се шеташ со старите чевли целото училиште ти се смее. Ти се допаѓа девојка или момче, но си добил „корпа“ и ти се чини како да си ја загубил љубовта на твојот живот додека повторно сите наоколу ти се смеат и те покажуваат со прст поради неуспехот. Кога си тинејџер во натпреварувачка атмосфера секој добиен „кец“ те вади од памет и те прави да мислиш дека нема да се запишеш на факултетот што го сакаш. Ако после пет-десет години се „свртиш“ на ситуациите од ваков тип, едноставно не можеш, а да не се изнасмееш. Сепак, во моментот кога ги преживуваш тие тинејџерски болки, никој не смее да ти каже дека си нерационален, дека претеруваш, дека мора да научиш да се избориш со притисокот. Вистината е дека тоа треба да го сфатиш сам. До сознанието дека не вреди да се кинат нерви за такви работи, најчесто доаѓаш заедно со годините. Но, понекогаш патот може да биде, благо кажано, необичен како оној во „Тоа е еден вид смешна приказна“.rn————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Крег (Кеир Гилкрист) е тинејџер кој има сосема нормално семејство – во ред можеби една нерегуларност е што татко му е „воркохолик“, но во животот и не може сé да е совршено. Тој учи во елитно училиште, треба да аплицира на престижно летно училиште и е вљубен во девојката на својот најдобар пријател. Сиот тој притисок и страв од иднината почнува да го подбутнува Крег кон работ, па тој почнува да се соочува со суицидни мисли. Затоа решава да се пријави самиот себеси во ментална болница. Уште истиот момент кога влегува гледа дека тоа не е местото за него, но сега е доцна. Тука треба да биде минимум пет дена пред  да се направи првичната проценка дали може да си оди. Така започнува патешествието.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Крег се сретнува со средовечниот Боби (Зак Галифианакис) кој е хоспитализиран затоа што неколкупати се обидел да се самоубие. Тука е и младата девојка Ноел (Ема Робертс) која пак се сече по телото. Сепак, тие не се некои опасни откачени ликови од кои треба да се плашиш. Секој има приказна зад себе и зошто му се случило тоа што му се случило. А кога ќе ги погледнеш и дослушаш, тие се „исцртани“ повеќе како симпатични ликови отколку како сериозно лудачки. Најдобар пријател на Крег му станува Боби кој пак, исто така треба да си замине од „лудницата“ за пет дена, но во меѓувреме се бори да најде живеалиште надвор и да почне да ја гледа својата ќеркичка. Со тек на времето, гледајќи ги проблемите на останатите, Крег почнува да се бори и со своите демони. Што е уште поважно, тука не гледаме експресно излекување, туку пред сè, реалистичен приказ на момче кое почнува да станува свесно за себе и за своите мани и е подготвено да работи на нив.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Младите актери Кеир и Ема одлично ги портретираат ликовите на тинејџери загубени во секојдневието. Но, сепак, највпечатлив е Зак („Мамурлак“, Due Date). Не очекувајте дека овој филм е комедија и дека ќе ве заболат стомачните од смеење. Зак не игра комично ниту пак се труди да не засмее, но сепак ненамерно го прави тоа (ако не смеење, барем малце ќе ви се поткренат краевите на усните). Иако тешко излегува од сенката на претходните феноменални комични улоги, сепак во овој филм тоа му оди во прилог.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кинематографија: Речиси целиот „Тоа е еден вид смешна приказна“ се одвива во „лудницата“ освен повремените флешови со кои Крег ни ја објаснува својата приказна и своите стресови. Во филмот се вметнуваат и повремени анимации кои воопшто не доминираат ниту пак ја преоптоваруваат приказната туку напротив само го надополнуваат она што камерата не може. Ниту е претерано, ниту е преусилено. Напротив речиси и како да не ги забележуваш, а сепак си ја имаат својата функција.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кога и како да го гледате: За тинејџерите, „Тоа е еден вид смешна приказна“ треба да има катарзично односно терапевтско дејство, а посебно тоа што приказната ја раскажува нивни врсник. Сепак, тоа не значи дека останатите возрасни групи нема да уживаат. Може да го гледаат луѓе на секоја возраст. Ми се чини дека е подобар во друштво, така што откако ќе заврши ќе можете да поразговарате, за сопствените стресови и бубачки во главата.
  • 7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

    7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

    Марк Твен е роден во 1871 година, како Семјуел Ленгхорн Клеменс во Флорида, Мисури, САД. Тој бил писател и предавач. Го нарекуваат најголемиот американски хуморист на своето време. Ги напишал новелите „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“.rnrnТој има напишано одлични дела кои и денес ги читаат милиони луѓе. Исто така, неколку негови моќни цитати, и денес продолжуваат да живеат заради големата мудрост во нив. Марк Твен беше забавен, духовит и мудар човек. Следниве 7 цитати ќе ве вчудовидат, просветлат и ќе ве развеселат.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Сум поминал низ некои тешки работи во животот. Некои од нив всушност се случија.“

    rnВо животот премногу размислуваме за работи кои никогаш нема да се случат. Се грижиме и се плашиме за работи кои не се имаат случено и веројатно никогаш нема да се случат.rnrnНашите умови не се под наша контрола. Нашите глави се полни со негативни мисли кои немаат реална основа, дури и кога мислиме дека имаат.rnrnВозможно е да се елиминираат лошите мисли, преку методите како EFT (систем на лекување кој го намалува нивото на стрес, кој пак е основа за многу болести) и The Work (идентификување и испитување на мислите кои причинуваат страв, насилство, депресија, фрустрација и страдање). Не е лесно, но обидувањето вреди.rn

    „За 20 години, ќе бидете поразочарани за работите кои не сте ги направиле одошто од работите кои сте ги направиле. Затоа, фрлете ги јажињата. Отпловете далеку од сигурното пристаниште. Почувствувајте ги различните ветрови додека пловите. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.“

    rnСите сакаме да се чувствуваме сигурно. Но, најдобрите животни искуства се случуваат кога не мислиме на сигурноста и поаѓаме напред кон она што вистински го сакаме, без разлика дали притоа се чувствуваме сигурни или не.rnrnЧесто се бориме со ова животно правило. Се самоспречуваме да направиме некои работи зашто не сме сигурни како ќе излезат на крајот. Премногу се грижиме за нашата иднина.rn

    Во реалноста, не знаеме што ќе донесе иднината. Дури и да имате милиони евра во банка, може да ги изгубите за еден ден. Дури ни најздравиот човек на светот, не може да биде потполно сигурен за своето здравје

    rn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Кога луѓето ни покажуваат дека не нè почитуваат, тоа многу нè навредува. Сепак, длабоко во своето срце, ниеден човек не се почитува доволно себеси.“

    rnЗамислете ситуација кога нешто лошо ви се случило. Можеби некој ве навредил или направил нешто со што вие не сте се согласувале. Колку често си го враќате филмот во главата откако сè ќе заврши? Со повторувањето на лошите мисли во главата, си покажуваме на самите себе дека не се почитуваме, што пак, прави да се чувствуваме и однесуваме лошо, кон себеси и кон другите.rn

    „Тајната на постигнувањето повеќе е во тоа дека треба да започнете. Тајната на започнувањето е во кршење на комплексните неиздржливи задачи на мали изводливи задачи и потоа, почнување со првата.“

    rnТрагањето по сопствените соништа може да делува како неиздржлива задача, но тоа е бидејќи се обидувате да визуелизирате нешто во главата што не може да се визуелизира.rnrnТвен е во право кога зборува за делење на работите на помали делчиња. Ова помага бидејќи можете да имате слика во главата за тоа како треба да изгледа крајниот резултат. Наместо да размислувате: „Треба да започнам некој онлајн бизнис“, почнете со: „Мора да отворам блог“. Ако сакате да одите по одреден пат, скршете ја сложената слика на делови. Упростете ја.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Кога сте лути, бројте до 4. Кога сте многу лути, пцујте.“

    rnДобар и смешен цитат. Всушност, овие кратки реченици носат порака дека не треба да се донесуваат одлуки во лутина. Луѓето не се однесуваат нормално кога се лути. Им се истураат на другите и уште повеќе ги влошуваат работите во својот живот.rnrnСледниот пат кога ќе се вознемирите, пробајте да изборите до 4 или уште подобро, нека биде до 10. Смирете се и преспијте го донесувањето на одлуката.rn

    „Не велете дека светот ви го должи животот. Не ви должи ништо, тој бил создаден пред вас.“

    rnСте се чувствувале некогаш дека заслужувате нешто, а не сте го добиле тоа? Сигурно да, на сите ни се случува тоа. Оваа мисла не влијае добро. Ве држи заглавени во едно место, наместо да ве ослободи да се движите напред. Што ако сите работи не се случуваат совршено, како што би требало да се случат? Прилагодете се и продолжете да чекорите по животниот пат.rnrnКојзнае… можеби негативниот исход од нешто не бил толку негативен. Често работите се случуваат со причина, па она што ви се чинело негативно, може да има навистина позитивен пресврт.rn

    „Храброста е отпор кон стравот, но надвладување на стравот, а не негово непостоење.

    rnУспешните луѓе не се бестрашни. Никој не е. Лесно е да верувате дека ако се ослободите од вашите стравови, сè ќе биде во ред, но тоа е само изговор за да не започнете со нешто ново. Секогаш ќе чувствувате малку страв кога ќе запливувате во непознатото. Но, не дозволувајте тоа да ве спречи. Напротив, искористете го како гориво за да ве одржи во движење.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrnrnГи прочитавте животните лекции од Алберт Ајнштајн?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и интуицијата

    Астрологијата и интуицијата

    Вие можеби веќе поседувате моќни интуитивни способности за кои не сте свесни и сè што ви е потребно, е да го идентификувате вашиот најдобар пат кон успех и среќа во животот. Дури и ако не верувате во постоењето интуиција, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека таа ви отвора нови можности за пронаоѓање извори на инспирација, начини на преземање иницијатива, ќе ве научи како да бидете инвентивни, ќе ве натера да се борите за подобра иднина, ќе ја зголеми вашата креативност, ќе ви овозможи да ги читате работите кои се кријат „меѓу редови“, па дури и да ги игнорирате оние работи кои би сакале да не постојат во вашиот живот.rnrnАстрологијата и интуицијатаrnrnСпоред психологот Карл Густав Јунг, сите луѓе го разбираат светот преку емоциите и интуицијата. Интуицијата се базира на претчувствата и вклучува сигнали од потсвеста. Јунг верувал дека секоја личност има дарба за интуиција.rn

    Огнени знаци

    rn

    Овен

    rnИнтуицијата може да биде вашиот најголем извор на информации и поттик за борбеност. Вие имате потенцијал да прераснете во самостојна личност, која истовремено ќе се грижи за нејзиното семејство и ќе се вклопи во секое социјално опкружување. Природно интуитивни, вие можете длабоко да ја разберете вашата и психичката состојба на луѓето околу вас.rnrnВие секогаш имате некоја нова идеја на ум: да прочитате книга, да започнете да работите на нов проект, да фатите нов правец во животот или едноставно целосно да го отворите вашето срце и ум за примање нови информации. Со употреба на вашето тело на различни начини, вие ќе научите повеќе за себеси и ќе ги проширите вашите хоризонти. Вашата медитација може да вклучува визуелизација на пупка роза, како се отвора на сончева светлина и ја открива нејзината фантастична боја и дизајн. Ништо нема да ве чини да се обидете, нели?rn

    Лав

    rnКога вашата интуиција е силна, вашиот процес на донесување одлуки мора да биде рационален, за да бидете способни да ја земете предвид новата информација. Рационалното насочување на вашата интуиција не значи правење голема промена во вашиот живот. Доколку направите мала промена во вашиот ментален фокус, ќе можете да апсорбирате значајни информации и да развиете емоции кои ќе ве одведат до успеси. За да ви оди добро во учењето, кариерата и во разните креативни проекти на кои работите, треба да направите мала промена во начинот на размислување, која ќе ви донесе спектакуларни резултати.rnrnВашата интуиција може да ви предизвика мала ментална или телесна неудобност. Употребете ја таа неудобност како мерка за вашиот степен на прецизност. Размислете дали сте насочени кон реализација на вистинската цел – таквите мисли би требало да ве релаксираат. Дали сте под стрес? – Тоа ви покажува дека правите мала промена во вашата психичка состојба, која може да ви биде од одлична полза.rn

    Стрелец

    rnПродлабочете ги вашите лични вредности со помош на интуицијата. Вие сте свесни дека некои од вашите верувања не се секогаш во согласност со вашето чувство за она што е исправно, а што не и тоа ве спречува да направите прогрес во кариерата, љубовта или во духовниот раст. Треба да сфатите дека вашите стари емоционални навики ќе исчезнат во оној момент кога ќе му кажете „чао“ на вашето минато.rnrnОбрнувајте внимание на луѓето кои ги запознавате, но немојте да им ги кажувате сите детали од вашиот живот. Тие не мораат да знаат сè, а вие можеби ќе се предомислите во врска со нив. Внимателниот пристап не може да ви штети, а истовремено ќе ве заштити од недоразбирања. Вашата интуиција ви ги кажува желбите на луѓето околу вас.rn

    Земјени знаци

    rn

    Бик

    rnДозволете ѝ на вашата интуиција да ги избере дестинациите до кои сакате да отпатувате бидејќи одморањето на некое патување е вашиот начин на медитација. Вашиот љубовен живот и кариерата исто така можат да извлечат корист од вашата интуиција. Однесувајте се понезависно и истовремено обрнувајте повеќе внимание на луѓето околу вас (првиот впечаток може да биде погрешен). Интересни идеи редовно „скокаат“ во вашиот ум, а вашиот начин на резонирање обично ги опфаќа сите сегменти.rnrnАко имате некоја повреда или болест, ќе оздравите многу побрзо доколку се фокусирате на потребите на вашето тело. Интуицијата може да ве одведе до вистинскиот доктор или до најдобрата терапија. Обидете се да си замислите како сте комплетно здрави и тенденциозно насочете се кон забрзување на процесот на вашето оздравување.rn

    Девица

    rnИнтуицијата ви помага да станете посвесни за светот околу вас. Понекогаш длабоката интуиција произлегува од самите вас, благодарение на познатиот глас во вашата потсвест или замислувајќи слики кои ви помагаат успешно да завршите некоја задача. Понекогаш дури и замислување на местото кое сакате да го посетите ви овозможува да стигнете до него. Слушајте го вашиот внатрешен глас и поврзете го со сето она што го гледате пред вашите очи. Љубовта ќе ви биде блескава и здрава, доколку ја внесете вашата психичка интелигенција во врската. Комуницирањето за она што го чувствувате длабоко во вашето срце, е еден од најдобрите начини за да му докажете на вашиот партнер дека му верувате.rn

    Јарец

    rnДругите луѓе ви нудат онолку можности колку што можете максимум да поднесете. Главното прашање е која од овие шанси да ја искористите? Вашата интуиција ви ја прикажува иднината на секоја можност која стои пред вас. Таа ваша способност е речиси исто, како да држите кристална топка во рацете, која ви покажува како ќе завршат работите. Вам исто така ви е лесно да направите мало практично истражување кое ќе ги поддржи вашите одлуки.rnrnИнтуицијата ви помага да ги материјализирате вашите идеи, кои некогаш ви изгледале недостижни. Вашиот љубовен партнер може да ви постане и бизнис партнер, барем во процесот на планирање. Додека разговарате за можностите, вие двајца можете да дојдете до многу подобри одлуки, отколку кога би ги носеле сами.rn

    Воздушни знаци

    rn

    Близнаци

    rnЗборувајте со некој за она што интуитивно го перципирате и веднаш ќе го смените вашиот начин на размислување бидејќи вие имате многу променлива природа. Но, пред да „скокнете“ во автомобилот со неколку скапи работи во вашата торба, проверете што ви кажува вашата интуиција. Дали таму каде што сте се упатиле ве чека работа? Дали ќе пронајдете друштво кое ќе ви одговара? Дали љубовта е дел од таа слика? Со други зборови што се крие зад вашиот интуитивен импулс?rnrnБидејќи вашата интуиција е многу моќна, вие мора да поработите на обрнување подлабоко внимание на нештата околу вас. Не дозволувајте навидум оригинални, но крајно непрактични идеи, да ве дефокусираат од сериозно посветување на вашата работа. Работете на вашата рамнотежа. Бидете присутни во светот на сензациите, само кога тоа го бара од вас самата ситуација.rn

    Вага

    rnВнесете хармонија и баланс во вашиот живот по пат на интуиција. Прво, употребете ги вашиот интелект и интуиција за донесување на клучните одлуки во вашиот живот. Оваа комбинација на ментален процес, произведува подлабок и поточен преглед на секој ваш проблем. Второ, не донесувајте избрзани одлуки. Наместо тоа слушнете што ви кажува вашата интуиција, на начин што ќе ги тестирате резултатите кои може да произлезат од неа, пред да се обврзете на нешто што не сакате. Трето, најдобро ќе ја забележувате вашата интуиција, доколку го стимулирате вашиот ум со нешто. Менталната вежба е добра за вас.rnrnИнтуицијата може да ве одведе до некоја волонтерска работа во вашето соседство или работа во религиозна институција. Вашиот добар резон ви овозможува лесно да се вклопите во група луѓе кои размислуваат слично како вас.rn

    Водолија

    rnВашата интуиција сè повеќе се зајакнува како што вложувате напори да оставите некаков белег на овој свет. Социјалните реформи може да бидат една од вашите цели, но во оној момент кога ќе го доведете вашиот финансиски живот во ред.rnrnМоже да искусите вознемирување додека спиете или при друга телесна состојба, додека ја развивате вашата интуиција. Запомнете дека не морате да ја следите секоја ваша идеја. Вашето тело ви сигнализира кога треба да се концентрирате на нешто, а кога не.rnrnПешачењето или некои други физички активности, можат да ви помогнат да ја поврзете вашата интуиција со практичниот свет. Медитирајте со пешачење. Контактот со реалноста е многу важен за да ги разбирате работите кои се случуваат околу вас и да го пронајдете вашето највисоко ниво на удобност во сопствената кожа, додека искусувате промени во вашиот живот.rn

    Водни знаци

    rn

    Рак

    rnВие обично се вклучувате во активностите на другите луѓе. Точно знаете што следува без многу да размислувате за тоа. Ако имате некои грижи поврзани со вашето здравје, задолжително споделете го со вашиот доктор она што ви го кажува вашата интуиција. Вашите интуитивни сигнали можат да ви помогнат да добиете многу поуспешни третмани. Научете ги основите на хипнозата и телепатијата.rnrnИнтуитивните импулси може да ве одведат до одговорот уште пред да го поставите прашањето. Учењето нешто ново, може да ви овозможи да ги разберете вашите интуитивни способности. Научете кој дел од интуицијата произлегува од вашата здрава логика, а кој од вашите емоции. Ова разграничување ќе ве направи посамоуверени во однос на донесувањето одлуки.rn

    Скорпија

    rnЗа вас, промените се сè во животот. Патувајте на места кои ги сакате, научете да медитирате и истражувајте ги нештата кои ве интересираат. Со секој ваш ментален развој, забележувајте каде ве води вашата интуиција.rnrnВашиот потенцијал самостојно да ги лекувате вашите рани е голем, бидејќи вие умеете истовремено ментално, физички и спиритуално да се сосредоточите. Употребете ја медитацијата за да ја максимизирате вашата моќ на физичко и психичко оздравување. Вашиот внатрешен фокус, ви овозможува да ја употребите исцелителната моќ за решавање на секој проблем. Хипнозата е уште една моќна исцелитена алатка, која може да ви помогне при решавањето на некој физички или емоционален проблем и да ви овозможи да си создадете одлични алтернативи.rn

    Риби

    rnВашата интуиција ви го покажува крајот на стариот круг и почетокот на новиот. Тоа не значи дека треба да се борите против минатото, туку дека вам не ви е проблем да ги напуштите старите навики и начини на однесување. Со напуштање на минатото ќе ја откриете длабочината на љубовта во вашите врски, големата вредност на материјалните нешта кои ги поседувате и задоволството да го гледате светот низ светла призма.rnrnИнтуицијата ви помага да ги видите идните резултати од вашите сегашни активности. Со знаење на мал дел од иднината, сте посамоуверени да го оставите минатото зад себе. Понекогаш можеби ќе се чувствувате неуморно и енергично, а за развој на таквото чувство, можете да допринесете со јадење редовни и здрави оброци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поглед во иднината (FlashForward)

    Поглед во иднината (FlashForward)

    Дали доколку дознаете дел од вашата иднина, ќе продолжите да живеете нормално или ќе промените нешто?

    rn

    Поглед во иднината (FlashForward) Главни улоги: Џозеф Фајнс, Џон Чо, Џек Девенпорт, Захари Најтон, Пејтон Лист и Кристина Вудс

    rn

    Жанр: драма, фантазија, научна фантастика

    rn

    Креатор: Бренон Брага и Дејвид С. Гојер

    rn

    Времетраење: 42 минути

    rn

    Број на сезони: 1

    rn

    Премиера: 24 септември 2009

    rn

    Официјален веб-сајт

    rn

    Наша оценка: 7

    rn

    Ваша оценка: [ratings]rn

    rn

    —————————————————————————————————————————————————rnОваа серија е снимена според истоимената новела, напишана во 1999 година од канадскиот автор Роберт Џ. Соер. Уште од првата епизода напнатоста и возбудата ќе ви го покренат адреналинот, а со секое наредно случување ќе станувате сè позависни од неа. Иако е решено серијата да застане после само една сезона и да се прекине нејзиното снимање, со сигурност заслужува да биде погледната. Целата идеја која струи низ нејзината приказна е како луѓето го живеат својот живот откако ќе видат дел од својата иднина. Актерската екипа и нивната одлична координираност на сцена, е надополнета со одлични ефекти и бројни изненадувања во самото сценарио, од епизода во епизода.rn—————————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rnrnПриказна: Главното дејство се одвива во Лос Анџелес, Калифорнија, а во фокусот на вниманието се неколку ликови помеѓу кои се ФБИ агентот Марк Бенфорд и неговото семејство. Почетна точка на целата серија е „затемнувањето“ кое ќе му се случи на целото светско население на 6 октомври 2009 година. Во тоа „затемнување“ секој човек на планетата Земја ја губи свеста за 2 минути и 17 секунди, притоа имајќи визија што би правел во својот живот на 29 април 2010 година.Поглед во иднината (FlashForward)Поглед во иднината (FlashForward)По „будењето“, катастрофите од овој феномен се огромни, бидејќи многу луѓе ја изгубиле свеста возејќи, паднале многу авиони, многу се удавени, уништени се згради, улици, а најголемиот проблем е стравот кај сите од тоа што го виделе во својата визија. Заплетот на целата серија започнува уште во првата епизода кога ФБИ агентите ќе најдат докази дека сепак некој останал буден во тие 137 секунди и дека натприродниот момент добива размер на човеков свесен деликт. Истрагата продолжува со многу интересни откритија, спојување на визиите и нивна анализа, следење на трагите и остварување на многу нешта од кои сите стравуваат.rn

    Поглед во иднината (FlashForward)Поглед во иднината (FlashForward)Кога и како да ја гледате: Серијата е доста ефектна и моќна, а приказната е испреплетена и со многу детали, кои треба да ги паметите за да го следите нејзиното течение. Доколку сакате да изгледате многу епизоди наеднаш, како што е вообичаено со сериите, овој пат тоа може да не биде случај, па затоа препорачливо е да ја гледате постепено и умерено, а најдобро би било тоа да го правите во слободните денови.rnПоглед во иднината (FlashForward)Слична серија: „Изгубени“ (Lost)

    rnrn

  • Rollerphone – телефон-часовник од иднината

    Rollerphone – телефон-часовник од иднината

    На прв поглед, изгледа како модерен часовник од иднината, со единствена намена да го покажува времето, проектирајќи го на рачниот зглоб. Но, завртете ја раката и оттаму можете да извлечете транспарентен екран со совршена ергономија и дизајн. Зборуваме за Rollerphone, креација на дизајнерот Alexey Chugunnikov.Rollerphone - телефон-часовник од иднинатаRollerphone - телефон-часовник од иднинатаЕкранот се излекува до врвот на прстите, така што зазема совршена позиција за држење помеѓу устата и увото.Rollerphone - телефон-часовник од иднинатаПокрај вообичаените карактеристики на современ мобилен телефон, концептот вклучува и сопствен медија центар, кој овозможува слушање музика, играње игри, четување, гледање видеа и читање е-книги директно од зглобот на раката. Rollerphone - телефон-часовник од иднинатаRollerphone - телефон-часовник од иднинатаКој не би сакал да си го спакува целиот дигитален свет на својата рака? Оваа алка-часовник-мобилен телефон е толку фенси и толку кул, што и хај тек и модните фанатици ќе посакаат да го имаат на својот зглоб. А вие?

  • Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

    Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

    Кога првпат излегуваме со некого на состанок, најчесто не знаеме што ќе произлезе од тоа, долга врска или забава за една ноќ. Но, доколку сакате да дознаете дали исто размислувате со вашиот актуелен партнер, има 3 едноставни прашања кои доколку ги одговорите исто, постои голема веројатност дека ќе опстанете како пар.rnrnТест: Дали си одговарате со вашиот партнер?rnrn1. Сакаш хорор филмови?rn2. Имаш патувано некогаш сам/а надвор од земјата?rn3. Нели би било забавно да баталиш сè и да одиш да живееш на брод?rnrnПрашањата на прв поглед делуваат прости и нереални, но анализата направена од страна на блогот OkCupid опфатила 34.260 успешни љубовни двојки од кои 32% се согласиле на сите прашања.rnrnРазмислете малку наназад, можеби ќе си ги најдете причините за неуспехот на минатите врски, како и повод да ги расчистите овие прашања уште на следниот прв состанок. Секако, никогаш не е доцна да му направите минитест и на вашиот сегашен партнер. Пишете ни го резултатот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од 1 до 101

    Од 1 до 101

    Автор: Високо ЦrnrnВеќе подолго време се прашувам, која е поентата на правење листи и „To Do“ списоци? Некаде прочитав дека повеќе од половината американски граѓани не можат да функционираат без нив.rnrnРазбирам ако, поради некој психолошки фактор, сте добиле задача да составите список на желби и соништа кои сакате да ви се исполнат, кои подоцна некој академик, фројдовски ќе се обиде да го спореди со вашите спомени, што пак ќе му овозможи да ги пронајде вашите стравови и така да ви помогне (доколку воопшто имате проблем). Ама да составите листа и потоа да се „убиете“ од правење сѐ што е во ваша моќ да го исполните зацртаното…rnrn(1) Од 1 до 101rnrnОк ајде, можеби и има смисла. Моќта на потсвеста. Зборував за тоа. Ама сепак.rn

      rn011

    • „…8. До наполнети 10 години мора да имам велосипед…
    • rn011

    • …13. До наполнети 16 години мора да имам девојка/дечко…
    • rn011

    • …22. До наполнети 25 години мора да имам скокано со падобран…
    • rn011

    • …35. До наполнети 30 години мора да имам 2 деца (по можност момче и девојче)…“
    • rn

    rnШто е многу, многу е!rnrnШто ако до наполнети 10 добиете и велосипед и тротинет? Ќе го фрлите едниот? А што ако до 25 години станете пилот? Што ако додека наполните 30, добиете 3-4 дечиња или не добиете ниту едно? Што ако наместо адвокат, станете судија? Што ако наместо актер, станете режисер или писател?rnrnСе прашувам што би имало во листата на еден Французин на пример.rn.rn

    „..16. Утре мора да изедам два кроасани и да испијам една чаша вино…“

    rnА кај Италијанец?rn.rn

    „…1. До недела мора да „запознам“ (чекај да видам: три на ден, седум дена во неделата = …) 21 девојка/жена…“

    rnКај Русин…rn.rn

    „…од 1 до 101. Вотка!?…“

    rnКај Јапонец…rn.rn

    „…од 1 до 1001. Работа, роботи, работа, роботи…“

    rnЗнаете дека се зезам нели? Не сакам никого да навредам. Ниту да осудам. Немам право на тоа. Секој на свој начин го живее животот.rnrnНо, нели сето тоа е малку заморно? Нели е малку напорно? Нели одзема време? Scrapbook со вашите свадбени желби, однапред испланирано време за кога ќе отидете во пензија, кога ќе одите во пензија…rnrnЗошто ги броите деновите? Зошто беспотребно губите време кога токму тоа време можете да го искористите за исполнување на вашите желби? Зошто да чекате?rnrnCarpe diem my friends!!!rnrnНе правете планови до 101 и назад. Направете план од денес за вечер или најдоцна за утре. Не треба да се плашите да нишаните високо, ниту треба да ве плаши старата „Кој високо лета, ниско паѓа.“ Битно е после тоа да станете, да го истресете коленото, да ги измиете дланките и да почнете одново.  И одново и одново, ако треба. Сѐ додека не одлучите дали ќе се борите за да победите, или ќе се откажете. Ама одлуката треба да биде ваша.rnrnЗатоа мои драги, одлучете да не одлучувате предвреме. Тоа е веројатно еден од начините да не се разочарате. Не велам да не сонувате, не велам да не се надевате. Велам, не се ограничувајте.rnrnАко нешто ве прави среќни, уживајте. Ако нешто ви пречи, сменете го.rnrnНа мојата „To Do“ листа, следно е кафе со ореви и добар филм за релаксација.rnrnУтре… утре е сосема нов ден. И ново изненадување!rnrnЕдно е сигурно. Ќе изобилува со љубов!rnrnВисоко Ц