КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • Како луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашноста

    Како луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашноста

    Пред стотина години, кога 21-от век изгледал многу далеку, група француски уметници направиле серија слики на кои ја прикажале својата визија за столетието во кое сега живееме.rnrnКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаrnrnСликите настанале помеѓу 1899 и 1901 година, а некои покасно до 1910 година. Благодарение на занимливите слики може да се види дека луѓето пред повеќе од 100 години имале навистина развиена фантазија кога била во прашање иднината. Така на сликите скоро сите луѓе можат да летаат благодарение на механички крилја, додека жените веќе не ги извршуваат домашните задачи како готвење и чистење, бидејќи тоа го прават роботи, кои ги замениле дури и фризерите.rnrnКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаrnrnНекои од нивните слики навистина се оствариле, како борбите со авиони на небото. Таа слика е направена во 1899 година, а дека овие уметници навистина успеале да ја предвидат иднината, говори фактот дека првиот авион полетал дури во 1903 година.Како луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаКако луѓето пред 100 години си ја замислувале сегашностаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум

    Џенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум

    Со нејзиниот моќен глас и бунтовен карактер, кралицата на блузот Џенис Лин Џоплин за само четири години кариера остави длабока трага во историјата на музиката. Џоплин важи за еден од најдобрите женски вокали на сите времиња. Тексашкиот бунтовник прерано ја заврши својата музичка кариера и не успеа докрај да му ги наметне своите прогресивни ставови на општеството. Алкохолот и дрогата брзо го згаснаа нејзиниот живот. Во историјата замина на 27 години, кусо по смртта на легендарниот Џими Хендрикс.rnrnЏенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум
    rnrn

    „Би ја менувала иднината за вчера.“

    rn

    „Не компромитирај се себеси, ти си сè што имаш.“

    rn

    „Јас сум само една од оние обични, чудни луѓе.“

    rn

    „Мораш да го зграбиш, додека можеш.“

    rn

    „На сцената, водам љубов со 25.000 различни луѓе, а потоа заминувам сама дома.“

    rnrn
    rn

    „Да се биде интелектуалец, значи создавање многу прашања, без одговори. Можеш да го преполниш животот со безброј идеи, а сепак, да одиш сам дома. Сè што навистина имаш, и е важно се чувствата. Тоа е музиката за мене.“

    rn
    rn

    „Грижејќи се за иднината, можеш да ја уништиш сегашноста.“

    rn

    „Секогаш сакав да бидам уметник, што и да значи тоа, како што другите девојки сакаа да станат стјуардеси. Читав. Цртав. Мислев.“

    rn

    „Не можам да зборувам за мојата музика, јас сум внатре во неа. Како можете да опишете нешто однадвор, кога сте внатре во него?“

    rn

    „Слободата е само уште еден збор за тоа дека нема што да загубиш…“

    rnrn
    rn

    „Сега, кога сум тука, каде сум?“

    rn

    „Ниту еден маж не направил да се чувствувам толку добро, како што тоа го прави публиката.“

    rn

    „Знаете ли зошто сме заглавени со митот дека само обоените луѓе имаат душа? Затоа што белите луѓе не им се препуштаат на чувствата.“

    rn

    „Кога пеам се чувствувам како кога првпат се вљубив. Тоа е повеќе од секс.“

    rn

    „Публиката сака и очекува блуз-пејачите да бидат очајни и мизерни.“

    rnrn
    rn

    rn

    „Како што откривме во возот, утре всушност никогаш не се случува. Секој нареден ден е ист како претходниот.“

    rn

    rn

    rn

    „Зошто треба да се враќам наназад и да звучам медиокритетски, само за да можам да звучам исто и по 20 години.“

    rn

    rn

    rn

    „Глупости, животна средина!?“

    rn

    rn

    rn

    „Бидејќи тие не се тоа што го нарекуваме ритам.“

    rn

    rn

    rn

    „Ќе биде долго и тешко патување, но ќе успееме.“

    rn

    rnrn
    rn

    rn

    „Мислам, премногу мислам, затоа пијам.“

    rn

    rn

    rn

    „Жива закопана во блуз.“

    rn

    rn

    rn

    „Требаше да бидам на насловната страница на ‘Newsweek’, но почина претседателот Ајзенхауер. Четиринаесет срцеви удари, а мораше да умре баш во мојата недела.“

    rn

    rn

    rn

    „Татко ми никогаш не би ни купил телевизор, тој не би дозволил да има телевизор во куќата.“

    rn

    rn

    rn

    „Уморна сум од сите овие хипи-глупости.“

    rn

    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Што и кога ни тргна наопаку?

    Што и кога ни тргна наопаку?

    Што и кога ни тргна наопаку? Да успориме за момент и некако да се освестиме за тоа кои се вистинските вредности во животот, зашто има нешто, што сè уште не е откриено што точно е, но тоа нешто сите нас нè води во некаква погрешна насока.rn

      rn011

    • Кога нашите среќни мигови почнаа да зависат од пари?
    • rn011

    • Кога почнавме да излегуваме со главна цел да бидеме видени?
    • rn011

    • Од кога секој трет си замислува дека е филмска ѕвезда?
    • rn011

    • Кога почна секој да се декларира себеси онака како што сака, иако не вложил ни малку труд во она што сака да биде?
    • rn011

    • Кога ù се покоривме на омразата и зависта?
    • rn011

    • Дали сме вистински другари?
    • rn011

    • Колку сме искрени кон самите себе и светот?
    • rn011

    • Каде исчезна сонот на малечкото дете дека може да биде промената која сака да ја види во светот?
    • rn011

    • Кога почнавме да им се покоруваме на непишаните правила кои не ги сакаме?
    • rn011

    • Зошто почнавме да се сликаме за на Фејсбук, наместо за добри спомени?
    • rn011

    • Од кога местата за излегување се претворија во натпревар на модните писти, наместо во места за добра забава?
    • rn011

    • Кога потрагата по совршеното почна да нè заслепува?
    • rn011

    • Нели сме ние младата генерација која може да донесе промени?
    • rn011

    • Кога заборавивме да се заблагодаруваме за секоја ситница?
    • rn011

    • Кога се случи да заборавиме искрено на некого да му посакаме „Добар ден“?
    • rn011

    • Зошто „мрчаторското“ надвладеа со нас?
    • rn011

    • Во кој момент од нашето постоење погрешните работи ни станаа примарна цел во животот?
    • rn

    rnСе живее за да се создаде иднина, за добри пријатели, луди журки, искрени насмевки, за скокоткањата во срцето… За сончевите, а и за тмурните утра, за погледите на саканите, за прегратки, за солзи-радосници, а и за оние помалку радосни солзи… Се величи мудроста, среќата и успехот, храброста и одлучноста. Се почитува човечното и пружената рака. Никогаш не заборавајте го ова!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете секој момент да се важи!

    Направете секој момент да се важи!

    Имам огромен мерак да споделам нешто со вас. Нешто што навистина ми го стопли срцето, а бога ми, ми отвори и тема за размислување и пишување. Одамна ништо ме немаше толку развеселено, како едно 5-годишно девојче. Девојчето продаваше свои цртежи, ме сопре на улица и ме праша дали сакам да купам нешто. А како може да не сакам кога и јас бев таква на нејзина возраст. Па се навратив 15 години наназад, и се видов себеси во ликот на тоа мало девојченце. Се видов како продавам панделки кои сама сум ги изработила, исто како што ова девојче продаваше цртежи со срциња и цветчиња.Направете секој момент да се важи!Во истиот момент застана многу „јака“ типка со добра кола, излезе од колата, а кога девојчето ù понуди цртеж, типкава толку се занесе во некоја си филмска улога, како да не можеше културно да одбие. Баш сакам да знам, дали секогаш била таква вообразена со кренат нос или и таа некогаш била малечко девојче полно со надеж.rnrnСекогаш кога надежта за голем успех и важно достигнување ќе ми спласне, се потсеќам на многу примери од мојот живот, на луѓе кои немале ништо, а добиле многу, оние кои почнале од нула, а се искачиле до сто. Па кога моите врсници ќе почнат да мрчат дека општеството е за нигде, дека немаат доволно пари за да си живеат комфорен живот, дека за бадијала учат факултет кога нема да си најдат работа, јас само се сеќавам на девојчето кое си го собра својот неделен џепарлак продавајќи цртежи. Можеби кон различни цели се стремиме, но таа си ја оствари својата. Зошто? Зашто во неа гори онаа детска надеж, страст, желба за живот, убеденост дека ништо и никој нема да ја запре. Срамота е што дозволуваме таа надеж да ни спласне во дваесеттите години од животот!rnrnСте размислувале за тоа колку успевате во животот? Дали го извлекувате најдоброто, дали давате сè од себе, дали доволно се борите? Дали понекогаш ве фаќа страв од неостварени соништа? Во тој случај преземете нешто. Во животот треба да имаме други цели освен тоа да си ја истераме стандардната кафе-шема. Животот нуди многу, само што има луѓе кои ќе го зграбат тоа „многу“ и други кои ќе чекаат да им падне од небо.rnrnСветот е буквално во наши раце, не постои човек кој може да ме убеди во спротивното! Не сакам на моиве години да ме замараат за нешто што било и завршило пред двесте години, за тоа како било во времето на Тито, едноставно нејќам да ми трошат време додека уживам во сегашноста и вложувам во иднината.rnrnПрашувате до кога ќе се трудите, до кога ќе се борите? Одговорот е СЕКОГАШ. И тоа е добро. Па што ќе биде ако сè ви е подредено под конец, ако сè е совршено? Сè додека се бориш знаеш дека имаш некаква цел со своето постоење. Не дозволувајте да се разбудите еден ден со помислата дека не сте ги оствариле своите соништа. Никогаш нема да бидете помлади од овој момент, со тек на време шансите ќе се намалуваат и полека ќе сфаќате дека сè што лета не се јаде. Ќе дојде момент кога нема да можете да речете: „Ма сеедно, сè уште сум млад/а!“ Не дозволувајте да се случи тоа. Дадете сè од себе, зграбете го најдоброто, извлечете го најголемото искуство и направете секој момент да се важи!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Небесен град на иднината во форма на лотосов цвет

    Небесен град на иднината во форма на лотосов цвет

    Преголемата населеност во градовите, загадувањето, нечистотијата и проблемите со изворите на енергија се предизвици кои пред архитектите поставуваат нови задачи. Во еден од обидите да се разрешат овие проблеми, бугарскиот архитект кој живее и работи во Лондон, Цветан Тошков, го дизајнирал концептот City in the Sky.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНеговата замисла за небесен град има форма на лотосов цвет. Тошков бил инспириран од ова растение затоа што тоа успева да остане на површината на матната вода, а при тоа да ја задржи својата совршена чистота, што всушност е и целта на неговиот проект. Тој него го опишува како „имагинарна мирна оаза над супер развиен и загаден град каде што секој ќе може да побегне од секојдневната бучава, стресот и нечистотијата“. Овој град претставува идеален спој на природни пејзажи и модерна архитектура.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесниот град првично бил замислен како дел од еден поголем проект наречен Мегатрополис кој подоцна бил откажан. Тошков сепак останал упорен во својот обид да ја истурка својата замисла до крај, а ова е резултатот од неговиот труд.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За и против на првиот состанок

    За и против на првиот состанок

    Без разлика какви сте, колку години имате, дали сте срамежливи или не, првиот состанок е секогаш предизвик. Во пролет чувствата се будат, расположени сме за излегување, разговарање, запознавање… па разбудете ја романсата во вас! Сте знаеле дека најмногу први состаноци и најмногу вљубувања се случуваат во пролет? На вас останува да бидете прекрасни и достапни за нови познанства. Еве на што треба да внимавате на првиот состанок.rnrnЗа и против на првиот состанокrnrn1. ПРОТИВ – доцнење – глупаво е, неодговорно и секогаш остава лош впечаток. Доколку тоа се случува вон ваша контрола, навреме најавете го вашето доцнење. Девојките би можеле да задоцнат, но не повеќе од 5 минути, за момците поволно е да се појават малку порано.rnrn2. ЗА – лична хигиена – исчеткајте си ги забите, никој не би сакал да ги види остатоците од вашиот ручек во вашата усна шуплина.rnrn3. ПРОТИВ – носење цвеќе – ова важи за мажите, навистина е старомодно, а може да оставите впечаток дека сте очајни. Да, девојката секогаш заслужува да биде изненадена со цвет, но кога сте во врска, не на првиот состанок.rnrn4. ПРОТИВ – несоодветна облека – не бидете ни премногу ни премалку облечени. Облечете се соодветно на вашите години и согласно со местото и времето. На ова еднакво би требало да внимаваат и девојките и момците, но посебно девојките. Вашата убавина и сексапилност се видливи и преку облеката. Вашата шминка нека не биде премногу јака, на првиот состанок практикувајте лесна шминка и природен изглед.rnrn5. ЗА – плански состанок – Момци, бидете подготвени, имајте план за вашиот состанок, но планот нека ви биде флексибилен. Така би можеле лесно да се снајдете доколку заврне, или на пример, доколку на вашата партнерка не ѝ се допаѓа италијанската кујна. Девојки, бидете подготвени за повеќе пригоди, нека не ве ограничува облеката или времето.rnrn6. ПРОТИВ – претерано конзумирање алкохол – во ред е да пиете нешто алкохолно, всушност така би биле поопуштени, но во никој случај тоа не смее да заврши со пијанство. Доколку пиете премногу, дефинитивно партнерот/ката ќе помисли дека сте алкохоличар, или сте премногу нервозни.rnrn7. ПРОТИВ – нарцисоидност – целта ви е да се запознаете, па во ред е да зборувате за себе. Но не светот да се врти околу вас, не дозволувајте да звучи како фалење. Секогаш внимавајте вашите одговори да се во контекст на поставените прашања. Ако премногу се фалите би изгледале како личност која или нема доволно самодоверба, или ја има премногу.rnrn8. ЗА – блага таинственост – бидете по малку таинствени, разбудете ја интригантноста и љубопитноста. Но, вашата таинственост да не се граничи со онаа на личност која ја прикрива својата склоност кон вршење кривични дела.rnrn9. ПРОТИВ – зборување за вашите бивши партнери – доколку ве праша, одговорете кратко без навлегување во детали. Зборувањето за вашите бивши дава до знаење дека не сте ги преболеле и дека не сте подготвени за влегување во нова врска.rnrn10. ПРОТИВ – дебатирање за политика и религија – ова се осетливи теми, доколку не можете да ги одбегнете, без осудување, ненаметливо кажете го вашиот став.rnrn11. ЗА – внимателно слушање – слушајте што другиот ви зборува, но не изгледајте како пасивни слушатели. Давајте фидбек за да не звучите како да ви е здодевно или како да не сте доволно информирани. Користете насмевки, климање со глава или кратки коментари.rnrn12. ПРОТИВ – гледање во телефон или часовник – некои грешки се прават несвесно. Не враќајте на пораки и не воспоставувајте телефонски повици. Доколку гледате во телефонот или рачниот часовник, би изгледале како да не може да дочекате сето тоа да заврши.rnrn13. ПРОТИВ – флертување со други – дури би било глупаво да објаснуваме зошто, нели?rnrnЗа и против на првиот состанокrnrn14. ЗА – џентлменски став – бидете џентлмени, но не претерувајте. Во ред е таа да нарача прва или да ѝ ја отворите вратата од колата за да влезе, вака дури добивате плус поени. Но внимавајте, девојките секогаш би препознале дека се преправате.rnrn15. ЗА – давање комплименти – момци, делете комплименти, но само кога тоа навистина го мислите. Најбезбеден комплимент е насмевка и пофалба за нејзиниот убав изглед веднаш штом ќе се сретнете.rnrn16. ПРОТИВ – целосно природно однесување – ќе ви речат „бидете свои“. Во ред, но бидете внимателни. Ако сите треба да бидат свои на првиот состанок, зошто тогаш постојат еден куп совети за првите состаноци? Да бидеме искрени, никој не е целосно „свој“ на првиот состанок. Некои ваши навики можеби би изгледале неприфатливи сè додека другиот добро не ве запознае. Сепак, не преправајте се дека сте нешто што ни од далеку не сте.rnrn17. ЗА – внимание што порачувате – не порачувајте премногу храна, ниту храна која е „тешка“ за вашиот желудник. Исто така, одбегнувајте храна која прави неред.rnrn18. ПРОТИВ – дозволување на девојката да ја плати сметката – учтиво е девојката да понуди да плати макар дел од сметката, но логично е момчето да го одбие овој предлог. Колку и да сме рамноправни, првиот состанок носи други правила, тоа е време и место каде треба да внимавате и да бидете џентлмени, со сите ситници кои одат во „пакет“.rnrn19. ПРОТИВ – филозофирање за вашата заедничка иднина – всушност, против какво било филозофирање. Ова е ваш прв состанок, забавувајте се и запознавајте се. Дури и потајно да размислувате за иднина со него/неа, не кажувајте го тоа гласно.rnrn20. ПРОТИВ – оставање впечаток на нестабилна личност – човекот наспроти вас не е психијатар, туку ваш партнер за состанокот. Првиот состанок не е пригода да го спомнете вашиот однос со родителите или кавгата со вашата сестра.rnrn21. ЗА – внимателен крај на состанокот – крајот на состанокот, особено за мажите е критичен момент. Првиот состанок не мора да заврши со бакнеж или со нешто повеќе. Дури е пожелно да ја поздравите со бакнеж во образ и прегратка, но задолжително дајте ѝ до знаење дека е прекрасна личност и би сакале да ја видите повторно. Немојте ни да го одолговлекувате овој чекор зашто по неколку состаноци останувате во фазата пријатели. Девојки, вие не бидете пасивни, доколку сакате да ве бакне поттикнете иницијатива, охрабрете го!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе на иднината

    Кафе на иднината

    Подгответе го утринското кафе со помош на вашиот ајфон или ајпад. Тоа ви го овозможува ултрамодерниот автомат за кафе „Top Brewer“ на компанијата „Scanomat“. Станува збор за врвна машина, компатибилна со овие гаџети. Се состои од елегантна чешма изработена од нерѓосувачки челик, дизајнирана на тој начин што може да биде вградена на секоја маса…rnrnСè што треба да направите е да избушите две мали дупки на масата, една за чешмата, а друга за да поставите одводна цевка, во која ќе се слева исцедокот. Уредот доаѓа со досега најмалиот додаток за правење пена.Кафе на иднинатаАпликацијата за гаџетите е достапна за преземање преку Apple iTunes Store. Преку неа, може да ги прилагодите количината и видот на кафето, во зависност од тоа дали на пример, сакате капучино или еспресо, мало или големо. Аликацијата исто така, ви овозможува и да му издавате команди на апаратот во текот на подготовката на кафето, а ја покажува и неговата температура.rnrnДоколку немате ајфон или ајпад, а сте заинтересирани за машината, тогаш е добро да знаете дека вашиот омилен вкус може да го добиете и без овие гаџети. Командите за подготовка на кафето можете да ги изберете и преку екранот на допир, вграден во самиот апарат.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да отпатувате до вселената?

    Како да отпатувате до вселената?

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnОние кои се горди со тоа дека отпатувале дури до крајот на светот, не можат веќе да се фалат со тоа што биле на Аљаска, на Фиџи или на Антарктикот. Откако Денис Тито во 2001 година стана првиот турист во вселената, само ѕвездите се лимитот за далечните патувања. Ако имате желба да отидете до космосот и оттаму да ја ѕирнете Земјата, еве низ каква процедура треба да поминете.Како да отпатувате до вселената?rn

    Што е потребно за да заминете?

    rnКако и за секое друго патување, потребни ви се само волја и пари, само што овој пат ви требаат во многу поголеми количини. Еден лет во вселената чини помеѓу 20 и 30 милиони долари, цена која што не е фиксна, туку се договара со секој патник посебно. Оние поекстремните можат да доплатат уште 15 милиони за да излезат од бродот и да прошетаат во вселената накратко, но тоа е предизвик кој сѐ уште никој не го прифатил. Можна е уште една опција, а тоа е потенцијалниот патник да го помине тренингот пред заминување, а потоа да го гледа вселенскиот брод како заминува без него, можност која чини 3 милиони долари.Како да отпатувате до вселената?rn

    Пред заминувањето

    rnСо цел да се исклучат можните опасности по здравјето на вселенскиот турист и уживањето да се доведе до максимум, пред заминувањето во вселената неопходно е да се помине одреден тренинг кој ќе го подготви патникот за она што го очекува таму. Прво се прави лекарски преглед со кој би се откриле некои здравствени ризици што некои туристи и покрај големата желба и многуте пари, сепак би ги спречиле да полетаат. Потоа следуваат неколку курсеви на коишто патниците учат како патот да им биде попријатен, како да постапуваат во итни случаи, им објаснуваат за чувството на мачнина, психички ги подготвуваат итн. На крај следуваат пробувањето на скафандерот и првото соочување со бестежинска состојба.Како да отпатувате до вселената?rn

    Полетување

    rnУште пред да зазори, патникот заедно со останатиот дел од екипата заминува кон космодромот, затоа што летот секогаш е закажан за рано наутро. Групата од шест луѓе и двајца пилоти тргнува со 30-минутен лет нагоре, за кое време се прават последните вежби за редуцирање на паниката. Кога ќе се стигне на околу 15 километри висина, капсулата се одвојува од бродот и продолжува кон вселената. За тоа време небесната околина ја менува бојата од сина до пурпурна, а кога капсулата ќе ја напушти атмосферата, конечно сѐ станува црно.Како да отпатувате до вселената?rn

    Во вселената

    rnМоторите се исклучуваат и патниците во капсулата сега веќе можат да ги одврзат ремените и да уживаат во бестежинската состојба и можноста низ прозорците да се воодушевуваат на бесконечноста на вселената. Внатре нема клозет, не се внесува храна, а има само малку вода која туристите ја користат за да си играат со гравитацијата. Сето ова трае четири минути, по кои следува враќањето кон Земјата.Како да отпатувате до вселената?rn

    Враќање назад

    rnВраќањето назад е брзо, а кога гравитацијата ќе почне повторно да се чувствува туристите повторно седнуваат на седиштата и ги ставаат ремените. Капсулата се движи со огромна брзина при што опашката се врти како пердув, а тоа трае до 20 километри од тлото на Земјата, пред повторно да почне да лебди и безбедно да се спушти.Како да отпатувате до вселената?rn

    Очекувањата за во иднина

    rnСѐ повеќе компании се заинтересирани да влезат на пазарот за вселенски патувања и овој засега екстремен авантуризам да го претворат во индустрија и секојдневие. Компанијата Вирџин Галактик планира да воведе евтини летови за само 200.000 долари, за кои веќе имаат десетици резервации. Се претпоставува дека за неколку години овој лет ќе биде достапен за само неколку десетици илјади долари, со што едно вакво патување ќе чини колку на пример, еден поскап автомобил. Ако им се верува на ветувањата, оние кои ќе отпатуваат во вселената би можеле да отседнат во хотел, да спортуваат во арени во бестежинска состојба и многу други подобности за кои денес може само да се фантазира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква технологија нè очекува до 2020 година?

    Каква технологија нè очекува до 2020 година?

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnИстражувања на вселената, совладување на тешките болести, неверојатна компјутерска технологија, супервозила и многу други нешта биле ветувани од страна на научниците кога предвидувале како ќе изгледа светот во иднина. Очекувањата не секогаш биле исполнувани, па затоа одбравме некои технолошки откритија кои не само што се најавуваат, туку на кои веќе се работи, со цел да добиеме некаква слика за она што нè очекува до крајот на оваа декада.rn
    rn

    2012

    rnВеќе во август, 2012 година, нашите сфаќања за вселената може да се сменат зависно од информациите што ќе ги испрати најновата мисија на Марс. Роверот „Curiosity“ ќе обезбеди сознанија околу можноста за населување на најблиската планета, како и информации околу тоа дали некогаш таму постоел живот.Каква технологија не очекува до 2020 годинаrn

    2013

    rnНов современ телескоп наречен „Окото на Гаја“ ќе биде пуштен во вселената во 2013 година, каде што ќе направи фотографии од ѕвезди кои не сме можеле да ги видиме со досегашната технологија, а кои ќе бидат со квалитет од милијарда пиксели. Телескопот ќе испита околу еден процент од ѕвездите на Млечниот пат и уште многу далечни галаксии кои досега беа недостижни.rnrnРечиси сите мобилни телефони ќе користат 4Г технологија, што значи дека симнувањето на податоци на мобилен телефон ќе биде со иста брзина како на компјутер.rnrnШироката примена на електронската хартија е нешто што може да се очекува, со оглед на тоа дека веќе се користи (главно во е-читачи како Киндл), цените на таблет-компјутерите опаѓаат, а весниците се соочуваат со проблем да се одржат во својата традиционална материјална форма. Следниот чекор би бил целосна интеграција на видео содржини во боја и збогување со весниците какви што ги познаваме денес.rn
    rn

    2014

    rnАко компанијата „Бионано Геномикс“ го исполни ветувањето, наскоро за ниска цена ќе може да се испитува ДНК со употребата на нивното откритие наречено нанофлуиден чип. Во ситуација кога, на пример ќе биде откриен тумор, пред себе лекарот ќе има ДНК анализа на пациентот и ќе му препише терапија адекватна на гените, па лекувањето на вакви тешки болести значително ќе се олесни.rnrnИако изгледа како непотребна технолошка инвестиција, сепак SD мемориски картички со капацитет од 1 терабајт веројатно ќе се појават до 2014. Навистина, сè повеќе се ориентираме кон чување на нашите податоци во „облакот“ (на веб), па сепак веројатно е дека ќе дојде време кога ќе ни треба физички простор за да ги чуваме нашите дигитални содржини.rnrnСамо 90 години по првиот лет со авион околу светот, човекот ќе може да направи сличен подвиг со авион кој користи исклучиво сончева енергија.Каква технологија не очекува до 2020 годинаrn

    2015

    rnПечатењето во 3Д техника во моментов е луксуз кој си го дозволуваат само оние кои можат да издвојат голема сума пари за тоа, но за неколку години со развојот на 3Д технологијата, ќе стане дел од сечиј дом.rnrnВо 2015 година се очекува да заврши веќе започната изградба на Масдар Сити, сосема нов град во близина на Абу Даби кој се гради исклучиво од еколошки материјали и кој ќе користи исклучиво обновливи извори на енергија. За почеток ќе вдоми 50.000 луѓе.Каква технологија не очекува до 2020 годинаrn

    2016

    rnВселенскиот туризам ќе стане многу популарен. Денес само Вирџин Галактик нуди вакво задоволство за сума од дваесет до триесет милион долари, но се очекува во следните неколку години, повеќе нови компании да се појават на пазарот, па цената на кратка екскурзија да се спушти на прифатливи десет илјади долари, а подолг престој да чини околу еден милион долари.rnrnМожно е да се појави таблета за заштита од УВ зрачењето. Имајќи ги предвид сознанијата околу заштитата од Сонцето која си ја користат коралните гребени, кај научниците постои оптимизам дека наскоро ќе дојдат до вакво откритие.rnrnАко им се верува на научниците од „Рикен“, центарот за развојна биологија од Јапонија, наскоро ќе можеме во живо да видиме некои видови животни кои досега сме ги гледале само во книгите. Тие веќе успеале да клонираат глушец од друг кој бил смрзнат шеснаесет години претходно, па веруваат дека на ист начин ќе успеат да создадат мамут и други видови кои што се одамна исчезнати.Каква технологија не очекува до 2020 годинаrn

    2017

    rnАко во 2017 година поседувате ласерски уред за зараснување на рани, ќе исчезне опасноста од смрт поради губење големо количество крв. Уредот би требало да личи на пенкало и да го собере во сечиј џеб.rn
    rn

    2018

    rnЗа жал помеѓу најимпресивните технолошки откритија во најава има место и за воената технологија. Американската армија напорно работи да создаде шпионски роботи во форма на инсекти. Малите машини-бубачки ќе бидат опремени со камери кои ќе ги обезбедуваат потребните податоци, а ќе бидат и доста отпорни.rnrnКопирањето на податоци помеѓу компјутерски уреди ќе стане значително побрзо. Можете да очекувате дека во 2018 година ќе копирате податоци со брзина од 100 гигабајти во секунда.rn
    rn

    2019

    rnПостои можност во 2019 година да се случи револуција во обезбедувањето со енергија. На југот на Франција веќе се гради реактор кој преку процесот на фузија, според очекувањата ќе обезбедува огромни количини енергија користејќи многу мала количина ресурси. Машината ќе мора да издржи реакција која настанува на температура од 125.000.000 степени, а целосниот потенцијал би требало да го достигне некаде околу 2030 година.Каква технологија не очекува до 2020 годинаrn

    2020

    rnКон крајот на декадата ќе ги видиме првите некршливи автомобили. Барем такво е ветувањето од Волво, кои најавуваат дека со развојот на технологија која вклучува радар и систем на предупредувања за возачот, ќе создадат автомобил кој сообраќајните несреќи ќе ги направи минато.rnrnВебот бележи развој низ годините, па според големите промени во начинот на кој го користиме, во 2020 веќе ќе биде во својата трета верзија. Иако т.н. веб 3.0 веќе го има во некоја доза, тогаш ќе го користиме во својот целосен потенцијал. Ако веб 1.0 беше базиран на линкови, веб 2.0 е во знакот на споделувањето помеѓу поединци и социјалната интеракција, веб 3.0 претставува комбинација од информации добиени преку социјални врски, но строго рафинирани со персонализиран алгоритам (познат и како семантички веб).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Must do“ листа за девојки до 25 години

    „Must do“ листа за девојки до 25 години

    Сите ние го искусуваме животот на различен начин и секоја од нас си има свои планови и очекувања. Но, ова се работите кои секоја девојка треба да ги искуси до својата 25-та година од животот. Некои се можеби банални и навидум небитни, други се од животна важност, но едно е сигурно – секој треба да се труди да извлече најмногу од тоа што му го нуди животот, но пред сè, да створи убави спомени кои се непроценливи.rnrn„Must do“ – листа за девојки до 25 годиниrnrn1. Да има завршено високо образование.rnrn2. Да има работено каква било сезонска работа.rnrn3. Да има направено сопствена фотосесија, макар со фотограф-аматер.rnrn4. Барем еден нејзин труд да биде јавно објавен.rnrn5. Да има 5-10 пара чевли кои ги обожува.rnrn6. Да има искусено сериозна љубовна врска.rnrn7. Макар еднаш да замине на одмор надвор од државата со своите пријателки.rnrn8. Да има определено свое хоби во кое ќе ужива.rnrn9. Да аплицира за работно место за кое нема доволно квалификации.rnrn10. Да има летна авантура.rnrn11. Да замине на егзотично патување.rnrn12. Да има членувано во некаква хуманитарна организација.rnrn13. Да има колекција од нејзините омилени работи.rnrn14. Да посетува часови по танцување, дури и ако мисли дека е вистински антиталент.rnrn15. Да си направи тетоважа со некаква порака и значење, може и привремена.rnrn16. Да има вистински и верен машки другар кој ќе го гледа како брат.rnrn17. Да организира нечија моминска вечер најмувајќи стриптизер.rnrn18. Да присуствува на некаков спектакл, како доделување награди, ексклузивни премиери и промоции.rnrn19. Да научи вистински да се цени и сака себеси, да го вреднува својот живот и да научи како да ги истакнува своите добри страни и да ги прикрива недостатоците.rnrn20. Да си има поставено јасна цел во животот и да започне да инвестира во својата иднина.rnrn21. Да најде сериозна работа и целосно да ù се посвети, градејќи ја својата кариера.rnrn22. Да почне да живее одделно од своите родители и да се осамостои.rnrn23. Да има прочитано барем неколку добри книги и романи.rnrn24. Да научи како малите работи да ги доживува како огромни.rnrn25. Да има организирано барем неколку забави.rnrn26. Да презема ризици.rnrn27. Да оди на кампување.rnrn28. Да си има свое преслатко домашно милениче.rnrn29. Да направи неколку значителни промени во својот имиџ.rnrn30. Да научи потези за самоодбрана.rnrn31. Да флертува бестрашно и смело.rnrn32. Конечно да се ослободи од старите работи на бившите кои останале во нејзиниот дом колку да прават неред.rnrn33. Да се гледа со „опасен“ тип.rnrn34. Да има најмалку 10 навистина незаборавни вечерни лудувања со пријателките во град и да земе активно учество во што е можно повеќе караоке забави.rnrn35. Да скрши неколку машки срца.rnrn36. Да запознае некој од своите идоли.rnrn37. Да направи неколку забранети работи.rnrn38. Да пробува венчаници со своите пријателки, и покрај тоа што ниедна не стапува во брак во блиска иднина.rnrn39. Да најде маж кој ќе ја третира како божица.rnrn40. Да се вљуби, вистински да се заљуби, чуствувајќи ги пеперутките во стомакот.rnrnЗапомнете, секогаш е во ред да имате свои планови и цели кон кои ќе се стремите, но во меѓувреме ако животот ви понуди повеќе од очекуваното, зграбете ја можноста без колебање, а ако постои нешто што сте сакале да го направите, но не сте успеале, знајте дека никогаш не е доцна. Животот можеби е краток, но е вистински прекрасен, па вреди да уживате во секој негов момент.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.