КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • Филм: Временска јамка (Looper)

    Филм: Временска јамка (Looper)

    Филм за борбата помеѓу сегашните и идните потреби во животот, како и за опстанокот во најсурови условиrnrnФилм: Временска јамка (Looper)Режија: Рајан ЏонсонrnrnУлоги: Џозеф Гордон-Левит, Брус Вилис, Емили БлантrnrnВреметраење: 119 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 28 септември 2012rnrnЖанр: акција, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnВо Канзас во 2074 година, мафијата развила одличен систем за елиминирање на своите непријатели така што ги испраќаат нивните жртви назад во Канзас во 2044 година. Таму ги пресретнуваат платени убијци наречени „лупери“ кои ги добиваат своите инструкции од мафијаш (Џеф Даниелс) кој дошол од иднината. Анонимните жртви се појавуваат буквално од никаде заврзани и со маска на главата, на однапред договорено место каде што убиецот веднаш пука во нив, а потоа се ослободува од телото и ја собира својата награда – сребрени плочки кои се залепени на грбот на нивната жртва.Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Луперот работи сè додека еден ден не пронајде златни плочки на грбот на својата жртва, што значи дека всушност го убил постариот себе. Од тој момент започнува неговата пензија и тој може да го живее својот живот луксузно сè додека по 30 години не го вратат назад во моментот каде што неговата помлада верзија го убива. Исто така, нешто што е многу карактеристично за тој период е појавување на една специфична мутација кај луѓето поради која тие ќе станат способни за телекинеза. На почетокот сите сметале дека ќе станат суперхерои, но како и секогаш „моќта“ носи свои негативни последици…Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Приказната се одвива околу младиот Џо (Џозеф Гордон-Левит) кој е лупер. Тој имал многу лошо минато, пораснал без семејство и единствените совети кои ги добил во својот живот биле од човек од иднината кој му дал пиштол и го научил како да пука. Веднаш ќе забележите и дека Џо има многу проблеми – тој редовно е под дејство на дрога, посетува проститутки… Но, исто така тој има и една добра страна, учи француски, сонува да отпатува на подобро и пософистицирано место од Канзас и посакува да може некако да ѝ помогне на неговата проститутка пријателка (Пајпер Перабо) која има мало дете.Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Кога ќе се појави Џо од иднината (Брус Вилис), работите многу ќе се искомплицираат за младиот Џо. Тој себично и цврсто се држи до својата замисла за иднината и не дозволува никој да ја смени, дури ни личност која го познава подобро и од самиот себе во тој момент. Тогаш настанува битката помеѓу желбата за одреден начин на живот кај младиот Џо и спомените на неверојатна љубов кај стариот Џо. Што мислите кој ќе победи?Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Ако сте расположени за кратко и интензивно бегство од реалноста, погледнете го овој филм со одлична и уникатна содржина кој ќе го задржи вашето внимание до самиот крај, каде што ве очекува неочекуван пресврт кој сериозно ќе ве замисли за животот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ќе возат полицајците во 2025 година?

    Што ќе возат полицајците во 2025 година?

    Ако Мерцедес добие шанса да произведува патролни полициски возила во 2025 година, тогаш тие би изгледале според овој концепт создаден за натпреварот Los Angeles Design Challenge 2012.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Креаторите на концептот Mercedes Benz Ener-G-Force го приспособиле ова возило првенствено за оф-роуд услови затоа што предвидуваат дека слободните активности на луѓето ќе се префрлат во дивината во идниот период. Сепак, тој е вооружан и со соодветна технологија која ќе му овозможува брзо и ефикасно пробивање и во сообраќајните метежи на големите метрополи.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Базиран на модел на Мерцедес од 1979 година, Ener-G-Force има помали прозорци поради тоа што полициските службеници се изложени на голем број опасности, а сигналните светла се сместени на покривот од каде што се лесно видливи. Дизајнот на предниот дел делува смело и застрашувачки. Негова најинтересна карактеристика се предните светла кои наликуваат на буквата G.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Како и секое друго возило на иднината, така и ова ќе „води сметка“ за животната средина. Во него ќе биде вграден посебен уред којшто водата ќе ја претвора во хидроген кој ќе придонесе за работата на електромоторот. Дел од водата до овој уред ќе стигнува од посебен сад инсталиран на покривот, кој ќе ја собира водата од дождовите за подоцна да ја употреби за да го придвижи возилото.Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?Што ќе возат полицајците во 2025 година?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да знаете кога станува збор за вистинска љубов?

    Како да знаете кога станува збор за вистинска љубов?

    „Не можам да живеам без тебе“, „ти си воздухот кој го дишам“, „ти си сè што ми треба, јас и ти сме едно“… Ова се дел од најчестите фрази кои луѓето ги користат со цел да ја искажат својата љубов. Но, доколку љубовта навистина постои, тогаш секоја од овие фрази и многу слични на нив, би биле кажани сосема поинаку.rnrnКако да знаете кога станува збор за вистинска љубов?rn

    Можам да живеам без тебе

    rnЗа да бидете способни во иднина да доживеете стабилна и силна врска, тогаш мора да знаете самите да се грижите за себе и за своите потреби. Факт е дека би преживеале без кој било, вашиот партнер не е клучниот фактор кој ве одржува во живот. Сè додека користиме вакви излитени и невистинити фрази со цел да ја искажеме нашата љубов, таа всушност не е онаа вистинската. Ако некој ве чекал вас цел живот за да почне вистински да живее, ако му требате исто колку што му е потребен кислородот или во состојба е да се убие доколку му раскинете, не залажувајте се, не се тоа симптоми на љубов туку на опседнатост.rn

    Мојата љубов за тебе ќе се промени

    rnВродена карактеристика на секој човек е да сака промени, само што некој ја поседува во помали, а друг во поголеми количини. Како и да е, секој се менува. Во текот на животот  созреваме, ги менуваме нашите интереси, почнуваме да сакаме различни работи, се дебелееме, слабееме, ја менуваме бојата на косата, менуваме имиџ… Исто како што луѓето се менуваат, така се менува и љубовта. Кога некој ќе ви рече дека љубовта која ја има за вас никогаш нема да се промени, лаже! Некогаш љубовта е послаба, некогаш поинтензивна, некогаш поинаку ја чувствуваме… но едно нешто е факт, кога станува збор за вистинска љубов, да, таа се менува, како што изминуваат годините љубовта е поцврста, позрела, поиздржлива.rn

    Ти не си сè што ми треба

    rnНекогаш навистина би се запрашале колку партнерите кои се постојано заедно и еден во друг наоѓаат апсолутно сè што им е потребно, навистина се сакаат или пак станува збор за навика и зависност. Луѓето се „дизајнирани“ да работат во групи, да се надградуваат себеси, да имаат повеќе личности околу себе. Да речете дека вашиот партнер е сè што ви треба во животот е исто како да сте рекле дека бананата ги содржи сите витамини кои ви се потребни. Нам, покрај љубовниците, потребни ни се и пријатели, роднини, родители, колеги… Ако љубовта е вистинска нема да чувствувате дека само вашиот партнер ви е неопходен, туку дека тој совршено исполнува еден дел од вашиот живот.rn

    Нема секогаш да сум блиску до тебе

    rnЛуѓето кои тврдат дека секогаш ќе бидат блиску до вас, ве сакаат исто како што пајаците ги сакаат инсектите – ги ловат, ги врзуваат во мрежа без да ги оспособат слободно да се движат. Да, тој кој ве љуби ќе сака да биде близу до вас, но не 24/7, туку ќе ви ја даде слободата која ви е потребна. Тогаш ќе знаете дека е вистинска љубов.rn

    Ти и јас не сме едно

    rnНа никаков начин не е возможно двајцата да сте едно. Вие не сте камелеон кој се претвора во она што му е во близина. Вие сте своја личност, со сопствени ставови и мислења и оној кој ве сака ќе ужива во вашите разлики и во начинот на кој се надополнувате еден со друг. Вистинските вљубени се со два различни идентитети, нив не ги гледате постојано заедно, тие некогаш имаат различни мислења и различни цели. Тоа што сте вљубени, не значи дека треба да го изгубите вашиот идентитет и да станете едно со некој друг, туку да најдете личност која ќе ве сака и покрај сите разлики меѓу вас.

  • Прекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“

    Прекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“

    Речиси и не постои човек кој нема да заплаче или барем да се наежи читајќи дело на извонредниот американски писател, Николас Спаркс. Кога еднаш ќе прочитате негова книга, кој било друг љубовен роман ќе ви се чини недоволно добар. Живото раскажување, прекрасниот избор на зборови и неверојатните приказни, ги доближуваат читателите до случувањата, во секое од неговите дела. Токму поради оваа причина, многу од неговите дела се преточени во филмови. Задржувајќи се воглавно на теми кои ја опишуваат љубовта како основно чувство на секој човек, Спаркс е еден од најпозитивно критираните автори за изминативе пет години. Читајќи ги неговите книги, ќе се вљубите уште повеќе ако сте веќе вљубени, или ќе посакате да се вљубите доколку не сте.rnrnПрекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“
    rn

    „Јас не сум воопшто посебен, во тоа сум сигурен. Јас сум обичен човек со обични мисли и водев обичен живот. Нема споменици кои ми се посветени мене, а моето име наскоро ќе биде заборавено. Но, имам љубено со целото мое срце и душа, а тоа мене секогаш ми било доволно.“

    rn

    „Те љубам. Јас сум она што сум поради тебе. Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон кој некогаш сум го имал, и без разлика што и да ни се случи во иднина, секој ден поминат со тебе, за мене е најдобриот ден од мојот живот. Секогаш ќе бидам твој.“

    rn

    „Се вљубивме еден во друг и покрај нашите разлики, и во истиот момент се создаде нешто ретко и убаво. Според мене, таква љубов се случува само еднаш и поради тоа секоја минута помината со тебе е врежана во мојата меморија. Никогаш нема да заборавам ни еден единствен миг.“

    rn

    „Ти си ми најдобар пријател, а воедно и љубовник. Не знам во кое од тие две нешта уживам повеќе. Ги вреднувам двете подеднакво, исто како што го вреднувам нашиот заеднички живот.“

    rn

    „Ти си одговор на секоја моја молитва. Ти си песна, сон, шепот, и не знам како сум можел толку долго да живеам без тебе.“

    rnПрекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“
    rn

    „Не се согласуваа за многу работи. Всушност, не се согласуваа за ништо. Постојано се караа и препираа. Но, покрај сите разлики, имаа едно нешто заедничко. И двајцата беа луди еден за друг.“

    rn

    „Во време на тага и очај ќе те држам блиску до себе, правејќи сета твоја тага да биде моја. Кога плачеш плачам и јас, кога чувствуваш бол, боледувам и јас. Заедно ќе преминеме преку реките од солзи и очај и преку сите нерамни патишта во животот.“

    rn

    „Мирно седиме и гледаме како светот се движи околу  нас. Потребно е многу време за човек да научи како да го прави тоа. Се чини дека само старите умеат да седат еден до друг во тишина и сепак да бидат среќни. Младите се нетрпеливи, наметлеиви и мораат секогаш да ја прекинат тишината. Штета, бидејќи тишината е чиста. Тишината е света. Таа ги зближува луѓето, бидејќи само оние кои се чувствуваат удобно еден покрај друг, можат да седат заедно без да зборуваат. Ова е еден голем парадокс.“

    rn

    „Причината поради која нашата разделба е толку болна е бидејќи нашите души се поврзани. Можеби секогаш биле и секогаш ќе бидат. Можеби сме живееле илјадници животи пред овој и секогаш сме се наоѓале еден со друг. Можеби секој пат поради исти причини сме се разделувале. Тоа значи дека ова збогум е збогум за последните десет илјади години, но и најава за она што допрва доаѓа.“

    rn

    „Таа беше мојот сон. Ме направи она што сум. Кога ја држам в раце, тоа за мене е нешто поприродно од отчукувањата на моето срце. Мислам на неа постојано. Дури и сега, додека седам овде мислам на неа. Никогаш не постоеше ниедна друга.“

    rnПрекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“
    rn

    „Кога ја протресе нејзината рака и ги погледна тие впечатливи смарагдни очи, тој уште пред да го земе наредниот здив знаеше дека таа е онаа за која би го потрошил животот барајќи ја, дури и ако знае дека никогаш нема повторно да ја пронајде. Таа изгледаше толку убаво, толку совршено, додека летното ветре задува низ дрвјата.“

    rn

    „Ако ти си птица, и јас сум птица.“

    rn

    „Најголемиот страв кој го носи далечината е тоа што не знаеш дали ќе им недостигаш или ќе те заборават.“

    rn

    „Поезијата, си помисли таа, не е напишана за да биде анализирана. Составена е за да инспирира без причина, да допре до тебе без разбирање.“

    rn

    „Моја најдрага Али. Не можев да спијам минатата ноќ знаејќи дека меѓу нас е готово. Не сум огорчен повеќе, бидејќи знам дека она што го имавме беше вистинско. Ако некогаш во иднина се сретнеме, секој живеејќи го својот живот, ќе ти се насмевнам со радост и ќе помислам на летото кое го поминавме под дрвјта, учејќи еден од друг и сè повеќе вљубувајќи се. Најдобрата љубов е онаа која ја буди душата и нè прави да сакаме уште повеќе, која разгорува оган во нашите срца и ни носи мир во мислите, а токму тоа ти ми го даде мене.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни лекции од пропаднатите врски

    Љубовни лекции од пропаднатите врски

    Имајќи на ум дека не живееме во средниот век, па љубовта и сексот не се табу теми, луѓето, настрана од оние конзервативните, се отворени во тој поглед. Во денешно време имаме можност да запознаваме различни луѓе со различни карактери, да прекинуваме врски и да започнуваме нови… Со еден збор, слободно да го доживееме сè она што се случува на патот до вистинскиот/та.rnrnПред гордо да носите венчален прстен, мора да претрпите макар неколку љубовни грешки. Додека да застанете пред олтарот држејќи го/ја за рака вистинскиот/та, сигурно сте биле со погрешни. Тоа е непишано правило, секоја љубовна врска или макар да била само минлива романса, нè учи на многу работи.rnrnЉубовни лекции од пропаднатите врскиrnrnКои се најчестите лекции од пропаднатите врски?rn

    Ако не можете да бидете свои, врската нема иднина

    rnАко не можете да излезете пред него/неа во вашето вистинско светло, со сите ваши мани и доблести, која е иднината на врската меѓу вас? До кога би можеле да се преправате дека сте нешто што не сте? Ако чувствувате потреба да се преправате, тогаш дефинитивно не сте еден за друг. Врската би требало да ви даде слобода да бидете она што сте, пред партнерот би требало да бидете свои, но доколку чувствувате притисок да се промените поради партнерот, тоа не води никаде и нема да трае долго.rn

    Ако не може да ги искаже емоциите, тогаш не ни постојат

    rnНормално дека постојат личности на кои им е навистина тешко да ги искажат своите емоции, но оној кој има силни чувства ќе најде начин да ги искаже. Можеби не со зборови, но допирите, погледите, постапките кажуваат многу. Доколку гледате дека нема никаков „фидбек“ на чувства од другата страна веќе подолго време, тоа е така бидејќи најверојатно не ни постојат.rn

    Луѓето не се менуваат

    rnПознато ви звучат ветувањата дека ќе се промени или вашите надежи дека навистина ќе биде така? Љубовните врски нè научиле на многу важна лекција, не само за љубовта туку и општо за животот: Луѓето не се менуваат! Можат да променат одредени ситници и постапки, да сменат некои гледишта за нештата, но основата останува иста. Лажгото би можел да се потруди помалку да лаже, но пак ќе го прави тоа.rn

    Ако не го цените она што го имате, ќе го изгубите

    rnЧесто пати во врската, особено ако е подолга, луѓето се опуштаат мислејќи дека веќе го освоиле својот партнер и нема потреба да се трудат веќе околу тоа. Па така се случува она стандардното, почнуваме да подзабораваме важни датуми и места, забораваме да дадеме комплимент или убав збор, да ù укажеме на личноста дека ни го разубавува животот. Ако не го цените она што го имате додека го имате, ќе го цените повеќе откако ќе го изгубите.rn

    Кога еднаш ќе тргне по удолница, нема враќање назад

    rnВо секоја врска има кавги и несогласувања, во секоја без ни еден исклучок! Но кога еднаш тие кавги ќе станат чести, секојдневни, напорни и измачувачки, нервите се губат и веќе нема враќање назад. Штом почнат големите несогласувања и тоа поради мали ситници, залуден е вашиот труд да ја оправите работата, можеби најдобра опција е да ја прекинете врската.rn

    Ако има големо его нема место за вас

    rnАко тој/таа има големо его, тогаш во неговото/нејзиното срце нема место и за вас! Тој што е преполн со самиот себе, што мисли дека неговите потреби мора да се стават на прво место, премногу ретко ќе обрне внимание на она што вам ви одговара и она што вам ви треба. Оној кој е опседнат со својата убавина никогаш нема да ја забележи вашата, оној кој е опседнат со својата вредност не може да забележи колку вредите вие. Со тек на време учиме дека оној кој не нè вреднува, не би требало ни да не има.rn

    Не стремете се кон нешто сериозно со човек кој има фобии од врзување

    rnФобиите од сериозна врска или брак, можеби ќе исчезнат а можеби не, но не дозволувајте му/ù да го тестира тоа на вас. Вашите обиди да се врзете со личност за која од авион се гледа дека најмногу си ја љуби својата слобода, се навистина залудно потрошено време.rn

    Гордоста мора да ја поседувате во одредена мера

    rnНе смеете да заборавите да се цените себеси, не смеете да дозволите некој да си поигрува со вас или да ве понижува. Во тие моменти мора да се сетите на својата гордост и да имате свое цврсто јас. Но од друга страна, ако имате премногу гордост, вашата врска е во опасност. Некогаш треба да попуштите, да признаете вина или едноставно да замолчите за да не предизвикате поголема кавга. Луѓето кои ја поседуваат гордоста во огромни количини, не се способни за ова.rnrnКои и какви се лекциите кои сте ги научиле вие досега?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Она што сте ВИЕ, ОВДЕ и СЕГА

    Она што сте ВИЕ, ОВДЕ и СЕГА

    Да се пронајдеш себеси е тешка работа. Можеби навидум, во денешно време, има многу олеснителни околности. Секојдневна достапност на информации, совети од професионалци, психолошки тестови од типот: Која е идеалната работна позиција за вас, или Каква личност сте вие… Но, од друга страна, баш поради сите овие влијанија, човек лесно може да се изгуби.rnrnАко не знаеш кој си и каде припаѓаш, тогаш се вртиш во бескорисен круг од кој нема излез. Јас лично, стојам до теоријата дека секој е тука поради нешто, секој има своја мисија која треба да ја направи, со секој нов ден имаме нова мисија, макар да станува збор за донесување насмевка на нечие лице. За секого има место под ова сонце, но не секој го пронаоѓа она што му припаѓа нему. Дали ВИЕ сте онаму каде би требало да бидете?Она што сте ВИЕ, ОВДЕ и СЕГАКако да престанеме да бидеме она што не сме? Како да добиваме повеќе од нештата кои нè прават среќни?rnrnДоколку не можете да дефинирате што сте, дефинирајте што не сте. На овој начин половина од работата е веќе завршена. Треба да сфатиме дека сè од минатото и сегашноста е тука СЕГА. Можеби се вика сегашност, но е под константно влијание од минатото и влијае многу на иднината. Вашите избори од вчера, ве направиле она што сте денес, а вашите денешни избори се она што ќе бидете утре. И сега ве прашувам, што ќе направите вие поради тоа? Што ќе преземете сега, знаејќи колку нешта зависат од овој момент? Ќе продолжите ли да си го трошите скапоценото време сонувајќи наместо дејствувајќи? Ќе станете ли од пред телевизор или ќе останете на каучот бидејќи ви е топло и удобно?rnrnМожеби ова е навистина огромен свет во кој ние сме само точки, но во вашиот свет, центарот на внимание сте ВИЕ. Вие управувате со нештата. Па, преземете го водството! Не смеете да си го трошите времето трудејќи се да се вклопите во калапот кој ви бил наметнат, оставете тој да се прилагоди на вас. Не смеете да стравувате од покажување на вашето вистинско јас, дозволете му на светот да ве види онакви какви навистина сте.rnrnИзреволтирана од глупавите нешта кои ги наметнува општеството, би сакала да кажам дека на светот му е потребна колоритност и разновидност. Не се сите еднакви, не се сите исти, не секој е створен за иста работа. Земам прост пример од средношколските клупи, од девојчиња опседнати со тоа дека би требало да личат на некоја си старлета, и сите излегуваат од дома како бледи копии. На нашето општество, со сите глупави комплекси, му треба освежување, ни треба wake up call. За да успееш мора да си свој. Никој не сака копија, што ќе ни е нешто од што веќе имаме еден примерок?rnrnНајчесто кога пишувате нешто, прво ја смислувате содржината, па на крај вашето дело добива и наслов. Исто и во животот, не можете однапред да знаете како ќе се вика вашето поглавје. Најчесто сме нетрпеливи, брзо итаме кон некоја си цел, како муви без глава, пропуштајќи го она најосновното: За големи успеси треба големо трпение.rnrnДенес сакав да ви потенцирам колку е важно да бидете свои. Кога знаеш кој си, знаеш и каде припаѓаш, знаеш кои ти се целите, знаеш што сакаш и како да добиваш повеќе од она што те прави среќен. На моиве млади и луди години, ни јас не знам точно каде припаѓам најмногу. Но кога човек се труди да открие нешто, само прашање на време е кога ќе се случи тоа.rnrnБидете оригинални, инпиративни и инспирирани, желни за нешто ново и нешто различно. Во кутијата е загушливо и не е удобно, затоа размислувајте надвор од неа. Вие сте одлични баш такви какви што сте, со сите ваши маани и позитивности кои ја красат вашата личност. Не плашете се да ги покажете и бидете свои.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Какви промени ќе му се случат на човекот за 1.000 години?

    Какви промени ќе му се случат на човекот за 1.000 години?

    Еволуцијата илјадници години го менувала нашето тело, а тоа и понатаму ќе се случува. Прочитајте како научниците за анатомија, сметаат дека ќе изгледа човекот за 1.000 години од сега.rnrn1. Ќе бидеме повисоки поради подобрувањето на исхраната и напредокот на медицинската наука, а во прилог на тоа оди и податокот дека просечниот американец е повисок за 2,4 цм, во однос на 1960 година.rnrnКакви промени ќе му се случат на човекот за 1000 години?rnrn2. Нашиот желудник ќе се намали за да не консумираме премногу шеќери и масти – природен начин на кој телото го избегнува дебелеењето.rnrn3. Доколку плодноста на жените продолжи да се намалува, мажите ќе имаат помали тестиси.rnrn4. Рацете и прстите ќе станат подолги, а бројот на нервните завршетоци на рацете и прстите ќе се зголеми, како резултат на зголемената употреба на уреди какви што се мобилните телефони, кои бараат прецизна координација.rnrn5. Ќе имаме помали мозоци, најверојатно бидејќи најголем дел од информациите ќе бидат сместени во компјутерите и мобилните телефони.rnrnКакви промени ќе му се случат на човекот за 1000 години?rnrn6. Ќе имаме помалку заби во устата, бидејќи потребно е помалку џвакање на меката храна.rnrn7. Научниците предвидуваат дека храната во иднина ќе биде консумирана во облик на таблети или течности.rnrn8. Ќе имаме подбрадок затоа што нашите тела се дизајнирани да јадеме помалку, а да трошиме повеќе енергија, а тоа е неизводливо во модерниот свет.rnrn9. Сите ќе имаме идентични носови, зошто природата има сѐ помало влијание на ширината на носниците, благодарение на централното греење и климатизерите.rnrnКакви промени ќе му се случат на човекот за 1000 години?rnrn10. Централното греење и топлата облека ќе предизвикаат растење на помалку влакна на човечкото тело, но ќе ни се појават повеќе брчки, поради константното гледање во електричните направи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 електрични спортски автомобили на иднината

    6 електрични спортски автомобили на иднината

    Електричните автомобили не се познати по моќните перформанси, што всушност е цената која треба конструкторот да ја плати за да може да ја заштити животната средина. Сепак, науката оди напред, па веќе се произведуваат сè посилни спортски електрични автомобили кои секој би ги посакал во својата гаража.rn
    rn

    Mercedes Benz SLS AMG Electric Drive

    rnМаксимална брзина од 250 км/ч, забрзување до 100 км/ч за 3,9 секунди, и тоа без да се загадува околината благодарение на употребената технологија од Формула 1 се доволни овој Мерцедес да биде најмоќниот електричен автомобил во светот.6 електрични спортски автомобили на иднинатаrn

    Venturi Fetish

    rnВентури е производител од Монако кој тврди дека прв почнал да конструира електрични суперавтомобили уште во 2005 година. Произведуваат само по нарачка за цена од нешто над 300 илјади евра. Нивниот најпознат модел е Фетиш, двосед кој достигнува 100 км/ч за помалку од четири секунди.6 електрични спортски автомобили на иднинатаrn

    Tesla Roadster

    rnИ Тесла Роудстерот достигнува 100 км/ч пред да поминат четири секунди, но за цена од околу 90.000 евра.6 електрични спортски автомобили на иднинатаrn

    Tesla Model S

    rnОвој модел на Тесла не изгледа толку спортски како претходниот. Има пет седишта, но располага со моќен електромотор кој качува до 100 км/ч за само 4,4 секунди, а максималната брзина му е лимтирана на 200 км/ч. Внатрешноста е опремена со футуристички 17-инчен екран кој на возачот му дава разни податоци поврзани со возењето.6 електрични спортски автомобили на иднинатаrn

    Lightning GT

    rnОвој модел е конструиран во Англија. Во неговиот заден дел е сместена литиум-титаниумска батерија која се полни за импресивни десет минути, а штом стартува ќе стигне до 100 км/ч за пет секунди.6 електрични спортски автомобили на иднинатаrn

    Audi R8 e-tron

    rnВо E-tron линијата на Ауди припаѓаат повеќе модели, но најимпресивен од нив е токму овој, од кој некои примероци доаѓаат со два, а други со четири електромотори. Вторите постигнуваат 100 км/ч за 4,8 секунди.6 електрични спортски автомобили на иднината
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

    12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

    Прочитајте ги овие 12 деструктивни начини на размислување, кои треба веднаш да ги избркате од вашиот мозок, бидејќи вашите денешни мисли се креатори на вашиот утрешен живот.rnrn12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќниrn

    1. „Моето минато ја навестува мојата иднина.“

    rnНемојте да мислите дека вашите падови од минатото го индицираат вашиот иден потенцијал. Наместо тоа, на неуспесите гледајте како на составен дел од вашиот развој. Некоја ситуација не мора да заврши добро, а сепак може да биде едно од највредните искуства во вашиот живот. Кога доаѓаат тешки мигови, земете длабок воздух и имајте на ум дека најубавите работи во животот се случуваат кога најмалку ќе очекувате. Чувството на поразеност е моментално, но дигањето раце од нешто, ја прави таквата состојба перманентна.rn

    2. „Се грижам за мислењето на другите луѓе.“

    rnМорате да научите еднаш засекогаш да ги игнорирате луѓето кои зборуваат зад вашиот грб. Тие припаѓаат токму таму – ЗАД вашиот грб. Да се биде цврст, не значи дека секогаш треба да се вклучувате во борба за битката. Вашата вистинска цврстина ќе ја видите кога ќе препознаете кои луѓе влијаат лошо на вашиот живот и ќе си заминете од нив со главата крената гордо високо.rn

    3. „Еден ден ќе го направам она коешто ме прави среќен/а.“

    rnКористењето на зборот „некогаш“ во вашите мисли, значи дека вие и понатаму ќе се трудите да ги направите сите околу вас среќни, а вие ќе продолжите да се чувствувате мизерно. Имајте на ум дека денес сте најстари од кога било, а воедно и најмлади што некогаш ќе бидете. Звучи малку застрашувачки, но е вистина. Доколку сметате дека ќе постои некој совршен момент во вашиот живот, кога ќе можете да ги остварувате вашите желби и цели, бидете сигурни дека тој момент е само сега и денес!rnrn12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќниrn

    4. „Не можам да го сторам тоа. Прекасно е. Не сум доволно добар/а за тоа…“

    rnНикогаш не знаеме кога ќе дојде крајот на нашето животно патување, но знаеме каде се наоѓаме денес. Затоа, сегашноста е вистинскиот момент да верувате во себе и во вашите вредности. Вашиот став кон работите, ќе има влијание врз идните искуства и нивниот позитивен или негативен крај. Немајте предрасуди. За ништо не е прекасно и вие секогаш можете да направите повеќе одошто мислите.rn

    5. „Постојат многу нешта кои можат да тргнат на лошо.“

    rnПрестанете да се плашите од она што може да тргне на лош пат и почнете да размислувате за оние работи кои можат да тргнат во добра насока. Поточно кажано, фокусирајте се на сето она што е во моментот добро. Бидете среќни за секое раѓање на новото утро, за пријателите кои станале дел од вашето семејство и за изминатите соништа и цели кои постанале реалност. Употребете ги ваквите позитивни мисли за да го поттикнете уште поубавото „утре“.rn

    6. „Никогаш нема да му/ѝ простам.“

    rnПотребно е силно срце за вистински да сакате некого, но потребно е уште поцврсто за да продолжите да ја сакате истата личност откако таа ве повредила. Ако некој ве повреди, ја предаде вашата доверба или ви го скрши срцето, пронајдете начин да ѝ простите, бидејќи тоа искуство ви помогнало да научите нешто повеќе за довербата и значењето на тоа да се биде внимателен кога ќе решите некому да му се отворите со целата душа.rnrn12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќниrn

    7. „Не ми се допаѓа таа личност.“

    rnКако што ќе растете ќе сфатите дека сте благословени што имате две раце: едната за да си помогнете себеси, а другата за да им помогнете на другите луѓе. Бидете човек кој е полн со разбирање и знае да им простува на луѓето за нивните ненамерни грешки. Бидете личност која ќе успее да го види најдоброто во луѓето и ќе ги направи посилни одошто биле пред да ве запознаат вам. Воедно, секогаш бидете внимателни во однос на тоа како им судите на другите луѓе. Не можете да изградите мислење за целокупното постоење на некоја личност, само поради некои ситуации во кои сте ја виделе и според кои сте ја „процениле“.rn

    8. „Премногу сум несреќен/а, за да можам да усреќам некој друг.“

    rnСреќата е како бумеранг. Секогаш кога ќе се забележите себеси дека се чувствувате несреќно, направете нешто ситно, со кое ќе усреќите некоја друга личност. Кога ќе видите дека таа личност се насмевнува, со сигурност ќе ви биде тешко да не се насмевнете и вие назад.rn

    9. „Не можам да му верувам на никој.“

    rnЧестопати го затвораме срцето пред другите луѓе, не бидејќи мислиме дека сите луѓе на светот ќе нѐ напуштат, разочараат или ќе престанат да нѐ сакаат, туку затоа што не си веруваме себеси дека би ја преживеале болката, доколку тие стварно нѐ напуштат, разочараат или престанат да нѐ сакаат. Колку е само иронично тоа што, само преку страдање, човекот сфаќа колкава е неговата сила!? Запомнете дека исто како секое мало засадено семе, доколку сакате високо да пораснете и да се развиете, морате да поминете низ „сито и решето“, односно да ги преживеете мрачните мигови, да стоите цврсто додека дождот поројно ве врне и да се натерате себеси на борбеност, со цел полека, но сигурно да стигнете до светлината.rnrn12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќниrn

    10. „Сите други го прават тоа, па мора да е исправно.“

    rnЖивејте го СВОЈОТ живот и никогаш не кријте се од она што навистина сте. Застанете зад она во коешто верувате. Запрашајте се што ви велат другите луѓе кога чувствувате дека нешто не е во ред. Доколку ја следите толпата, нема да отидете подалеку од неа. Но, доколку зачекорите сами, ја следите вашата интуиција и го исцртате сопствениот пат, ќе видите дека сте стигнале подалеку од кој било друг.rn

    11. „Никогаш нема да биде подобро од денес/Не може да биде полошо од ова.“

    rnКога животот станува груб со вас, сетете се дека нема секогаш да се чувствувате вака. Затоа, живејте го животот ден за ден. Кога животот ви се движи во одлична насока, исто така запаметете дека нема секогаш да остане така. Затоа, ценете го секој момент додека трае.rn

    12. „Немам време за да сонувам.“

    rnВистинската трагедија во животот не се однесува на нереализирање на вашиот сон, туку на немањето сон воопшто. Посветете се себеси на некоја идеја и верувајте во неа. Следете го вашиот инстинкт. Надминете го вашиот страв. Борете се со него. Направете сѐ што е во ваша моќ за да ја остварите вашата цел. И за крај, запаметете дека не мора да го видите целиот пат кон успехот одеднаш. Доволно е да искачувате едно по едно скалило.rnrn12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

  • Првата мултимедијална маица

    Првата мултимедијална маица

    „TshirtOS“ е првото парче облека со мултимедијални карактеристики. Оној што ќе ја облече 100% памучната маица  ќе има можност од своите гради и стомак да праќа пораки, да прави фотографии, а потоа и да ги споделува на социјалните мрежи и да разменува податоци преку блутут. На крај, ќе може да ја стави во машина и да ја испере.Првата мултимедијална маицаПрвата мултимедијална маицаПрвата мултимедијална маицаИзненадувачки, „ТshirtOS“ е последица на соработката на текстилната компанија „CuteCurcuit“ со производителот на виски „Ballanitne’s“. На нејзиниот преден дел е вграден ултратенок екран со диманзии 32х32 цм, кој безжично се поврзува со ајфон. Покрај тоа, на неа ќе биде вградена и мала камера со димензии 2.5х2.9х2.5 мм. На маицата ќе може да се обработуваат фотографиите, да се пушта музика, а достапен ќе биде и „Google Translate“. Сето тоа ќе може да се види на екранот.Првата мултимедијална маицаПрвата мултимедијална маицаЗасега „ТshirtOS“ е само прототип за кој не е одредена ниту цената, ниту времето на пуштање во продажба.rn

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.