КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • 7 нешта кои укажуваат на врска која има иднина

    7 нешта кои укажуваат на врска која има иднина

    Се запрашувате ли дали вашата врска има иднина? Ве интересира ли дали сте го/ја нашле вистинскиот/вистинската или само го губите вашето време? Не грижете се, постојат неколку начини на кои можете да дознаете дали вашата врска има иднина.rnrn7 нешта кои укажуваа на врска која има иднинаrn

    1. Рамноправност и споделување

    rnВо една здрава врска никогаш не би требало да се чувствувате „обврзани“ кон вашиот партнер кога тој ќе направи нешто убаво за вас. Доколку тој/таа ви купи подарок, вие не би требало да чувствувате потреба да му/ѝ купите нешто само за да ги избалансирате нештата. Секако, доколку живеете заедно вие би требало да ги делите сметките. Но, не секогаш тоа мора да биде еднакво и не би требало да чувствувате грижа на совеста доколку едниот плаќа повеќе бидејќи заработува повеќе. Со други зборови, вие и вашиот партнер треба да ги делите нештата доброволно, заеднички да работите на одржувањето и да се чувствувате удобно и рамноправно во врската без грижа на совест во однос на парите.rn

    2. Сѐ е во малите нешта

    rnСекоја врска може да најде начин како да премине преку големите нешта, но оние малите и секојдневни нешта со кои постојано се соочуваме имаат моќ да нѐ полудат. Дали можете да преминете преку фактот што таа ја џвака храната со отворена уста или пак, со тоа дека тој заборава да ја затвори пастата за заби по употреба? Доколку не можете да преминете преку овие ситници и ако тој/таа не се подготвени да се променат за вас, тогаш можеби е време подобро да размислите за вашата врска. Вие би требало да го делите вашиот дом со оваа личност и да живеете во хармонија, а не постојано да полудувате од мали нешта кои ви пречат повеќе од сѐ на светот.rnrn7 нешта кои укажуваат на врска која има иднинаrn

    3. И покрај сѐ, сѐ уште сакате да бидете заедно

    rnДоколку вие и вашиот партнер сте заедно со години и доколку сѐ уште уживате во вашето присуство, тогаш вашата врска со сигурност има иднина. Да сакате да бидете еден покрај друг е една од најважните нешта во врската. Природно е врската со тек на време да се менува, но во оние граници во кои вие се чувствувате удобно.rn

    4. Но, знаете и како да биде одделени

    rnЕден од најдобрите начини да дознаете дали вашата врска има иднина е доколку поминете малку време одделени. Тешко е да се соочувате со секојдневните лудории покрај вашиот партнер, но уште потешко е доколку би требало тоа да го сторите сами. Доколку се чувствувате удобно и кога сте одделени тогаш вашата врска со сигурност има иднина. Вие би требало да си верувате еден на друг. Но, ако се чувствувате несигурно и неподносливо тогаш можеби нешто не е во ред. Исто така доколку сте посреќни кога сте одделени од вашиот партнер тогаш дефинитивно би требало подобро да размислите за вашата иднина со оваа личност.rn7 нешта кои укажуваат на врска која има иднинаrn

    5. Имате слично размислување

    rnДоколку сакате да имате заедничка иднина, тогаш вие и вашиот партнер мора да размислувате на ист начин. Секако, под „ист начин“ не мислиме да се согласувате со сѐ и во секое време (тоа сигурно би било неверојатно досадно), туку да имате заеднички цели за иднината. Доколку вие сакате да патувате низ светот безгрижно, без деца и без хипотеки, а вашиот партнер сака да основа семејство, да има 3 деца и фамилијарен автомобил, тогаш ќе биде многу тешко да најдете компромис. Вие и вашиот партнер мора да имате исти погледи кон иднината доколку сакате и вашата врска да има иднина.rn

    6. Имате отворена комуникација

    rnЕдна врска не може долго да опстои доколку партнерите не комуницираат помеѓу себе. Една од најважните нешта кои морате да ги запомните е дека вашата иднина со оваа личност зависи од фактот дали ќе ја прифатите онаква каква што е, бидејќи колку и да се трудите вие никогаш нема да можете да ја промените. Токму затоа, треба да се осигурате дека можете отворено да му верувате на вашиот партнер. Ако не можете да му кажете сѐ што ви паѓа на памет, тогаш можеби тој не е вистинскиот за вас.rnrn7 нешта кои укажуваат на врска која има иднинаrn

    7. Знаете како да се расправате

    rnДоколку вие и вашиот партнер никогаш не сте се имале расправија, тогаш би требало да направите еден чекор наназад и да размислите за вашата врска. Сите парови се караат и тоа е сосема нормално и здраво. Секако, не би требало да викате, да фрлате предмети еден на друг и да се нарекувате со погрдни имиња, но сепак нормално е да имате несогласувања. Треба да знаете како да се расправате за проблемот и како истиот да го надминете. Доколку можете тоа да го сторите, без постојано да му замерувате на вашиот партнер и да држите лутина, тогаш сте на добар пат до врска која има иднина.rnrnНе секогаш е лесно да се биде во врска, но уште потешко е да ја најдете вистинската личност со која би можеле да го поминете целиот свој живот. Доколку веќе сте успеале во тоа, слободно споделете со нас како знаевте дека вие и вашиот партнер сте совршени еден за друг.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Никогаш не престанувајте да сонувате

    Никогаш не престанувајте да сонувате

    Со правиот начин размислување секој сон може да стане реалност. Еве како треба да размислувате за да успеете во тоа.rnrnНикогаш не престанувајте да сонуватеrn

    Верувајте

    rnВербата е првиот чекор кон остварување на сонот. Доколку длабоко во себе чувствувате дека одредена зделка е добра за компанијата или пак имате добро чувство за почнување нов бизнис, следете го и верувајте. Само така ќе одите напред и ќе се чувствувате задоволни.rn

    Не плашете се од иднината

    rnСекако, скоро секој човек барем еднаш бил љубопитен за својата иднина и посетил астролог. Но, вистината е дека никој точно не може да ја предвиди иднината. Затоа не грижете се што велат видовитите и верувајте во себе и во своите способности.rn

    Не потпаѓајте под туѓо влијание

    rnНе оставајте другите да ја кројат вашата судбина. Тие ќе кажат сешто за да имаат какво и да било влијание врз она што го правите. Не слушајте ги, цврсто верувајте во своите намери и одете напред.rn

    Сонувајте

    rnНикој нема право да ви ги земе соништата. Сонувањето е бесплатно, а толку скапоцено. Никогаш не престанувајте да сонувате.rn

    Почитувајте се

    rnНикогаш немојте да се обесхрабрувате поради мислењата на останатите. Не се сомневајте во себе, бидејќи можеби токму вие имате идеи кои се вредни, носат промени и голем светски успех.rn

    Без каење

    rnСонот никогаш нема да ви се оствари доколку постојано се каете и размислувате за минатото. Бидете поодлучни и верувајте си на донесените одлуки. Само така ќе напредувате и ќе бидете чекор поблиску до остварување и на најголемите соништа.

  • Девојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмо кое го напиша за себеси од иднината пред да умре

    Девојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмо кое го напиша за себеси од иднината пред да умре

    Понекогаш можете да најдете утеха на најнеочекуваните места. Барем таков беше случајот со едни родители од Тенеси кои тагувале за загубата на нивната 12-годишна ќерка која починала поради компликации со пневмонија. Само неколку дена по смртта на Тејлор Смит, нејзините родители пронашле затворен плик кој содржел писмо кое таа го напишала за себе и кое требало да го отвори кога ќе има 22 години. Неверојатното, ведро и мудро писмо станало голема утеха за нејзините родители.rnrnДевојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмото кое го напишала за себе
    rn

    „Да биде отворено само од страна на Тејлор Смит на 13 април 2023 година, освен ако не кажам поинаку,“ напишала Тејлор врз пликот.

    rnДевојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмото кое го напишала за себе
    rn

    „Извини мила, но ние го отворивме,“ изјавил нејзиниот татко Тим за телевизиска станица пред да го прочита писмото со растреперен глас. „Драга Тејлор, како е животот? Животот е прилично едноставен 10 години во твоето минато. Знам дека малку доцнам, но бидејќи го пишувам ова порано: честитки за завршувањето средно! Во случај да не се случило тоа, врати се назад и продолжи да се обидуваш. Земи ја таа диплома! Дали имаш сопствено место за живеење? Ако сме на колеџ, за која насока се решивме? Во моментов сакам да бидам адвокат.“

    rnДевојчето кое светот ќе го помни по трогателното писмото кое го напишала за себеrnrnВо писмото меѓу другото напишала и дека има голема верба во Бог и се охрабрувала себеси да продолжи да верува. Исто така сакала да знае дали сè уште ја интересираат истите нешта како Доливуд, нејзиниот ајпад и дали сè уште се снима нејзината омилена ТВ серија „Доктор Кој“.rn
    rn

    На крај, последната мисла од писмото гласела: „Па, мислам дека тоа е сè, но запомни дека поминаа само 10 години откако го напишав ова. Се случуваат работи, и добри и лоши. Така животот функционира и мора да научиш како да живееш со тоа.“

    rnКутијата во која родителите го нашле писмото содржело голем број поеми, дневници и писма со охрабрувања за личности на кои не успеала да им ги даде. Нејзиниот татко вели дека таа успевала на неверојатен начин да допре до голем број луѓе. Навистина е жалосно што ова мало девојче кое било полно со желба за живот и кое имало многу очекувања од иднината толку рано ја завршило својата авантура. Нејзиниот татко вели дека на почетокот тие чувствувале само шок и бранови на депресија и дека секоја вечер заспивале со мислата дека можеби тоа не се случило, дека не е реално. Но, откако го нашле писмото работите се промениле.rn
    rn

    „Многу луѓе сигурно се прашуваат зошто не го мразам Бог поради тоа што се случи. Единственото нешто што можам да го кажам сега е дека ми е лесно да верувам во него бидејќи моето мало девојче му веруваше,“ вели тој.


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 правила за животот

    7 правила за животот

    Лесно е да се пишуваат правила за животот, но некако тешко е да се живее според нив. Сепак, убаво е да најдеме инспирација во она што произлегува од нас во моментите на мудроста.rnrn7 правила за живототrnrn1. Помири се со минатото за да не ти ја расипе иднината.rnrn2. Што мислат другите не е твоја работа.rnrn3. Времето лечи речиси сè. Дај си време.rnrn4. Не го споредувај својот живот со животот на другите и не ги осудувај. Не знаеш каков е нивниот животен пат.rnrn5. Престани да размислуваш толку многу. Во ред е да не ги знаеш сите одговори на светот. Тие ќе дојдат тогаш кога најмалку ќе ги очекуваш.rnrn6. Никој не е одговорен за твојата среќа освен ти самиот.rnrn7. Насмевни се. Не ги поседуваш сите проблеми на светов!

  • Љ… како љубомора

    Љ… како љубомора

    Точно, и љубов и љубомора започнуваат на „љ“. Ама тоа не значи дека треба да се мешаат во иста каша. Во денешно време е лесно да се биде мудрец по социјалните мрежи, па неодамна прочитав дека за да љубомориш требало да љубиш (со три извичници на крај). Каква мисла. Која длабочина. Со таа реченица тој мудрец стигнал до самата срж на сè што се вика љубов.rnrnЉ... како љубомораrnrnПаметам дека уште бевме средношколки кога на другарка ми ѝ се јави збудалено жениште кое пискаше од другата страна на слушалката прашувајќи ја зошто го бара нејзиниот маж. Се смеевме како будали цел час. Дури мислам дека ја зезавме и ѝ титкавме. Абер немавме ни која е таа, а ниту пак кој е нејзиниот маж. Тоа што го згрешила бројот нам баш ни го разубави денот. Тогаш си го сфатив како добра смешка. Го раскажувавме со денови. Ама денес кога ќе се сетам, жал ми е за неа. Се прашувам, дали уште е со својот сопруг и што тој сторил за да ја направи толку љубоморна? Што е тоа што ги тера луѓето така да се однесуваат? Недоверба, несигурност, во другата личност или во самиот себе?rnrnНекој некогаш (ни знам кој ниту кога, ама многу бил во право), рекол дека љубовта е како песок кој ти стои на дланка. Ако ја стегнеш дланката ќе ти се излизга низ прсти, а ако слободно ја отвориш ќе остане мирна. Едно е сигурно, ако со својата опсесивно-компулсивна љубомора ги загушите оние кои ви значат, гарант ќе ги изгубите и тоа за брзо. Се прашувам, љубомората е доказ за вистинска љубов или доказ дека си шизнал со паметот и дека не си заљубен туку опседнат?rnrnЉубомората е карактеристика на слабите личности со недоволно самодоверба. Да се плашиш да не изгубиш некој, да се грижиш за таа личност, не е исто со љубоморното однесување кое само по себе подразбира држење за врат и кое може да се дијагностицира како патолошка љубомора.rnrnРазмена на пасворди, будно следење на профили, чепкање по телефони… Зошто би ѝ го направиле тоа на личноста која ја сакате? Или уште полошо, која е поентата ако и двајцата сте ок со тоа, и мислите дека тоа е политика на здрав разум?rnrnПо форуми често ќе сретнете теми како „Дечко ми е премногу љубоморен, што да правам???“. Јас велам, остави го. Ако ти кажува да се облечеш поинаку и да го покриеш телото повеќе, ако бара од тебе извештај 24/7, или не дај Боже одлучи да те следи додека си излезена со другарки, значи дека дечкото си има проблем. Мој совет, прашај го да не сака да шеташ по улица прекриена со чаршаф и дали е љубоморен што попот на крштевањето те држел гола в раце. Ако не ја сфати иронијата, удри му ги клоците уште побрзо. Добро, како ја замислувате иднината во таква врска?rnrnДа скратиме. Љубомората се вбројува во лоши и негативни карактеристики. И точка. Нема потреба од дообјаснување. Ако покажувате љубомора, покажувате колку сте несигурни во себе. Не сум разбрала, а и никогаш нема да го разберам крајно љубоморното однесување на одредени личности. На пример, правиш муабет со колега, а женска му од другата страна те гледа како орел. Се прашуваш во кој момент ќе ти скокне за да ти ја искуби косата. И ајде сега барај ти здрав разум.rnrnАко сакате здрава и хармонична врска, ве советувам да заборавите на љубомората. Да, некогаш ќе се почувствувате несигурно, некогаш ќе почувствувате страв да не ја изгубите личноста која ви значи, и сè тоа е ок бидејќи сме смртници и оправдано ни е да чувствуваме страв. Ама тоа е многу различно од опсесивна љубомора.rnrnИ нешто друго ме интересира, дали постојаното висење по телефони, следење на профили по социјални мрежи, забрана за комуникација со личности од спротивен пол и „проверка“ на инбокс во телефони, навистина ќе ви влее сигурност дека личноста никогаш нема да ве изневери? Дали секогаш ќе бидете толку сигурни? До кога мислите да продолжите со следење на секој чекор, цел живот би го правеле ли тоа? И ако во врската чувствувате потреба да го правите тоа, дали некогаш ќе бидете способни да воспоставите хармоничен однос?rnrnЉубовта се гради на доверба, не на љубомора. Ако љубомората беше добра, ќе се опеваше во песните и за неа ќе се раскажуваше во приказните.rnrnЉубете ама не љубоморете.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век?

    Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век?

    Некои од овие интересни слики датираат и од пред повеќе од еден век, а на нив се прикажани футуристички модели на возила за кои луѓето верувале дека ќе постојат во денешно време. Прикажаните возила и модели се навистина интересни, а може да се забележи и дека некои концепти се применети и имплементирани, но со доза на корекции.Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век? Како луѓето си ги замислувале возилата на иднината пред еден век?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    Многу работи во животот можат да нè поучат на нешто. Исклучок не се романтичните филмови. Можеби во многу од нив ќе препознаеме плиткости или клише сцени, сепак, од нив можеме и да извлечеме поуки и лекции. Еве на што нè учат некои од нив.rnrnЉубовни поуки од најпознатите романтични филмовиrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Sex and The City: Научете да се сакате себеси

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Откако Кери беше оставена пред олтарот, таа доби време за себе. Си го реновираше станот, стекна нови пријателства, дури проба и нов имиџ. Не потценувајте го статусот сингл! Секоја девојка мора да научи да се сака себеси и да го цени времето кое го има за себе, а не да биде зависна од некој покрај себе. Понекогаш токму она што ни треба е да бидеме сами. Имаме време да размислиме за себе, за својот живот и за тоа што точно сакаме од него. Потоа зрело можеме да влеземе во врска со многу повеќе сигурност и самодоверба.
    rn

    What’s your Number?: Вистинскиот е во вашата иднина, не во вашето минато

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Али ја отвори својата „црна книга“ и почна да ги прелистува врските од минатото. Лекцијата од овој филм е да не го правите тоа! Преиспитувањето на грешките и случките од минатото не може да донесе добро за сегашноста или иднината. Дури и кога ќе пробате да обновите врска од минатото, по извесен период ќе ви стане јасно зошто еднаш таа врска завршила. Вистинскиот не е во минатото, него ќе го најдете во новите искуства и времето што допрва доаѓа.
    rn

    Crazy, Stupid, Love: Никогаш не дозволувајте искрата да згасне

    rn

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    rn

    Кога бракот на Емили и Кал се распадна, Кал не се откажа. По времето поминато во жалење и напор да го преболи распаднатиот брак, тој се врати во игра откако сфати дека вреди да се бори. Најважно е да се оживее искрата која на некој начин згаснала со тек на време. Она што Кал го направи е повторно организирање на „прв“ состанок. Почувствувајте се како да сте на самиот почеток и „разработете ги“ пеперутките во стомакот. Повторно почувствувајте возбуда и желба еден за друг. Пробајте повторно да ги оживеете најубавите моменти од минатото.
    rn

    Ruby Sparks: Прифатете ги луѓето такви какви што се

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Младиот писател во овој филм има прекрасна девојка покрај себе. Но, кога работите ќе тргнат надолу тој пробува да го направи нејзиниот карактер по негова „мерка“. Наместо да пробуваме да ги промениме луѓето, треба да ги прифатиме како несовршени и да ги исправиме грешките во реалниот живот, наместо во нашата фантазија. Вистинскиот живот носи реални проблеми и луѓе кои се природни и несовршени. Со нив не можеме да манипулираме, само треба да пробаме да ги прифатиме такви какви што се необидувајќи се да ги промениме.
    rn

    Breakfast at Tiffany’s: Срушете ги ѕидовите и ќе ја најдете љубовта

    rn

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    rn

    Секој бил повреден и разочаран. Тоа неретко ги поттикнува луѓето да изградат ѕид околу себе, пробувајќи да се заштитат од повторно кршење на срцето. Работата е во тоа што ако го изградите тој ѕид и го направите непробивлив, вистинската љубов никогаш нема да допре до вас. Во ред е некогаш да ги срушите ѕидовите и да се изложите себеси, макар биле и повредени на крај. Она што мора да го направите е да пробате и да знаете да се носите со што и да се случи во иднина.
    rn

    Hitch: Во ред е да побарате помош од страна

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Секако дека треба да се грижите за својата приватност и да не се изложувате себеси и својата интима. Но, на сите понекогаш ни е потребна помош. Постојат луѓе кои навистина би ви помогнале доколку се одлучите за професионална помош. Во овој случај, станува збор за докторот за љубов, Вил Смит. Филмот не само што ќе ве насмее, туку ќе ве научи дека некогаш е добро да се осврнете кон некој кој ја гледа ситуацијата однадвор и може да ви понуди јасна преспектива за работите.
    rn

    The Notebook: Само затоа што не е љубов на прв поглед, не значи дека не би било ништо во иднина

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Всушност, дали постои љубов на прв поглед? Нели љубовта настапува откако ќе ја запознаете личноста и ќе се осигурате дека може да се носите со нејзините маани? Али првиот пат го одби Ноа, без воопшто да помисли дека тој во иднина би бил нејзината голема љубов. Но, погодете што? Вреди да им се даде шанса на луѓето без предвреме да бидат осудувани. Којзнае што носи иднината?
    rn

    The Ugly Truth: Најдете некој кој ќе ве сака такви какви што сте

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Едно е да сакате да бидете средени и убави, но сосема друго е да се трудите да бидете нешто што не сте, сè со цел да исполните нечија фантазија. Извештачувањето на својот карактер може да биде навистина исцрпувачко, а и таа игра со маски кога-тогаш ќе заврши. Најудобен и најсреќен живот ќе живеете покрај некој кој ве прифатил такви какви што сте.
    rn

    Love Actually: Љубовта нема рок на траење

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Овој филм нагласува дека љубовта нема рок на траење и временски граници. Може да се случи секогаш, во секое време или место и на секоја возраст. Само треба да верувате и себеси да си дадете шанса за да ја искусите. Никогаш не знаете кога ќе ја сретнете вашата голема љубов.
    rn

    He’s Just Not That Into You: Љубовта може да ви биде пред нос и да не ја видите

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Со љубовта никогаш не се знае. Можеби тој кој цело време бил пред вашиот нос, можеби пријател со кого се дружите со години, е вистинскиот за вас. Едноставно никогаш не се знае.
    rn

    Bridesmaids: Цени се себеси

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Врската со лошо момче носи возбуда и адреналин. Но ако некој не ве цени доволно, зошто би дозволиле да бидете потценети? Крајно време е да ја завршите врската со некој кој ве  прави да се чувствувате лошо. Зошто би дозволиле да бидете искористувани? Зошто би преценувале некој кој воопшто не ве цени вас?
    rn

    The Five-Year Engagement: Не откажувате се од нешто што навистина го сакате

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Вајолет и Том имаат прекрасна врска која се одлучуваат да ја крунисаат со брак. По нивната свршувачка, тие ја одложуваат свадбата пробувајќи да доведат некој ред и да си ги средат работите. Тогаш нештата се влошуваат и тие се разделуваат. Сепак, како што времето поминува, тие сфаќаат дека се еден за друг. Да, нештата можат да бидат прилично лоши понекогаш, но целата работа со љубовта е тоа што треба заедно да се пребродат лошите моменти.

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најчести причини поради кои врските и браковите пропаѓаат

    10 најчести причини поради кои врските и браковите пропаѓаат

    Никој не влегува во врска со надеж или очекување дека таа ќе се распадне. Посакуваме среќна иднина и љубовна искра која ќе гори и на стари години. Но, факт е дека многу од врските не успеваат. Особено во денешно време со модерните сфаќања и слободниот избор на партнери, што само по себе воопшто не е лошо, но сепак би требало да знаеме како да градиме цврсти и сериозни врски. Ова се десетте најчести причини поради кои врските и браковите се распаѓаат. Секако имате можност да не ги направите овие грешки.rnrn10 најчести причини поради кои врските и браковите пропаѓаатrn

    1. Работите стануваат сериозни пребрзо

    rnДа се избегне ова е тешко, бидејќи додека сте во фазата на „меден месец“, ви се чини дека вашата врска би пребродела сè и дека тој/таа е вистинскиот/вистинската за вас. Но, по одреден период сфаќате дека не е баш така. Не залетувајте се, дозволете си да се запознаете. Ништо не е со сигурност онака како што изгледа на почетокот. Многу често врските прекинуваат бидејќи станале сериозни пребрзо. Дали се гледате себеси со таа личност во иднина, делите заеднички цели, желби и интереси, ви одговара карактерно? За да бидете сигурни во ова ви треба време. Сепак, не е работата да имате кој било покрај себе, туку личност со која врската вистински ќе ве исполнува.rn

    2. Го/ја правите одговорен/на за вашата среќа

    rnВашата лична среќа е она што влијае на вашата среќа како пар. Најчесто девојките го прават својот партнер одговорен за нивната среќа. Да го поставите како личност чие задолжение е да ве прави среќни постојано е исто како да го правите одговорен за изгревањето на сонцето. И покрај тоа што партнерот треба да придонесува за вашата среќа и благосостојба, некои работи се надвор од негова контрола. Нашата среќа зависи од нас самите, а не е нечија задача.rn

    3. Премолчување на она што ве мачи

    rnНе може да решите проблем ако другата личност не знае што точно чувствувате. Понекогаш очекуваме од луѓето да ни ги читаат мислите. Но, вистината е дека тој/таа нема таква моќ. Ако сакате проблемот да се реши, кажете го. Со константно премолчување и правење другата личност да се чувствува виновна и да претпоставува што и каде згрешила, голема е веројатноста дека ќе ја оттргнете од себе.rn

    4. Непоминување доволно време заедно

    rnСекако дека имате обврски и други личности на кои треба да им посветите внимание. Не значи дека треба да бидете заедно постојано. Но, минувањето исполнето и убаво заедничко време е важно,rnrnсамо што на моменти може да изгледа невозможно, особено ако имате деца или сте претрупани со обврски. Издвојувајте време кое ќе си го посветите еден на друг, спречувајќи искрата страст во вашата врска да згасне. Одберете период во кој ќе се исклучите од останатиот свет, одете на прошетка, на вечера, танцувајте, излезете во клуб, гледајте филм, сеедно, што и да правите, правете го заедно.rn

    5. Не го/ја слушате вистински

    rnМомци, можеби фудбалскиот натпревар ви е поинтересен, или девојките во умот вртат шопинг листа, но кога ви зборува партнерот, слушајте! Заборавете на мултитаскингот и посветете го потребното внимание. Врските добиваат цврстина кога ја слушате другата страна, а така и таа ќе обрати внимание на она што вие го зборувате. Бидете активни слушатели, прашувајте и интересирајте се. Споделете проблеми, случки и видувања.rnrn10 најчести причини поради кои врските и браковите пропаѓаатrn

    6. Немате доверба во партнерот

    rnВо ред е да не ја даваме нашата доверба целосно и пребрзо, но доколку воопшто немате доверба во партнерот, зошто останувате во врска која ќе ве измачува? Таквата врска кога-тогаш ќе заврши. Љубомората е најголемиот непријател на секоја врска или брак. Постојаното проверување на телефонот на вашиот партнер никогаш нема да донесе нешто добро, ниту пак ќе ви ги намали сомнежите. Само ќе ве поттикне да бидете личност која е несигурна во себе.rn

    7. Постојано споменување на проблеми од минатото

    rnКолку пати сте го/ја „потсетиле“ на нешто што се случило пред 5 години? Работата е во тоа што тие проблеми се во минатото. Фокусирајте се на денес, не на вчера. Со споменувањето на минатото може само да ја расипете сегашноста или да го направите сегашниот проблем уште поголем. Кога ќе спомнете нешто од минатото и другата страна ќе спомне нешто исто така, и нема крај. Научете проблемите и несогласувањата да ги оставате зад себе.rn

    8. Игри и тестирања на врската

    rnМожеби ќе му речете дека не сакате ништо за вашата годишнина, бидејќи не е толку важно, но во суштина ви е многу важно. Вашата намера е да го тестирате партнерот и да видите како ќе постапи и што ќе ви купи. Но, ако сте одлучиле да играте игри, подгответе се да изгубите. Животот и онака доволно нè тестира, носејќи нè во различни ситуации, искушенија и проблеми. Вашата врска ќе добие зрелост со тек на време, но вашите обиди да ја тестирате можат пребрзо да ја уништат.rn

    9. Бодување и следење на резултатот

    rnДали „будно“ следите кој колку и во што вложува труд? На пример, колку пати вие сте го фрлиле ѓубрето бидејќи другиот заборавил, или колку пати вие сте подготвиле романтична вечера, а колку пати тоа го сторил вашиот партнер? Заборавете на ваквото ментално бодување. Во врските се добива и се дава. Не може постојано резултатот да биде изедначен, а најважно од сè, можеби и воопшто не бодувате правилно. Не е до тоа колку работи правите за него или тој за вас, туку колку и двајцата вложувате во вашата врска.rn

    10. Не го/ја прифаќате целосно и очекувате да се промени

    rnАко не сте го/ја прифатиле или ако очекувате и сакате да се промени, зошто воопшто сте во врска со таа личност? Не постојат совршени луѓе кои немаат маани. Но постојат луѓе кои се совршени за вас или барем нивните маани ви се подносливи. Колку и да се трудите, тој/таа никогаш нема да се промени. Доколку влегувате во врска со надеж дека другата страна ќе се промени, тогаш залудно губите време.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Светло, камера, АКЦИЈА!

    Светло, камера, АКЦИЈА!

    Ако се спроведе истражување кај младите, би се потврдил запрепастувачкиот факт дека огромен дел од оние кои веќе завршиле факултет или оние кои одлучиле да не студираат воглавно џаболебарат. Дефиниција за џаболебарство: го преспиваш денот, залудно ја трошиш ноќта, најголем напор вложуваш во избор на облека, кога би било изводливо би дозволил некој и храната да ја џвака наместо тебе, со еден збор живееш за џабе, постоиш за да правиш гужва во светов, како статистите во филмовите. И кога ќе ми текне дека зборувам за голем дел од моите врсници, ми доаѓа да урлам. Ама не можам, срамота е, а иронијата е во тоа што никој не ќе ме слушне.rnrnСе рекло „светот на младите останува“, ама не е така, требало да биде „светот останува на младите со визија“. Не е во ред да имаш 22 години, да не знаеш што да правиш со себе, главна преокупација да ти биде терање кафе-шема и пишување статуси на ФБ. Тато носи, мама меси е работава. Па така, околу два попладне, кафулињата се полнат со луѓе кои се „активни џаболебари“. Како е можно? Свесни сме колку сме моќни? Свесни сме што можеме да направиме со себеси? Младост, знаење, моќ, визија, ренесанса… ХА! Не можеме, зафатени сме со водење плитки и површни животи.rnrnСветло, камера, АКЦИЈА!rnrn

    Огромен дел од младите се мрчатори. Да се зачудиш како е можно толку негативна енергија да се собере во човече старо цели 17 години. Ништо не им одговара, сè е за нигде. Образование, статусот на невработеност, јавни институции, места за забава и излегување, начинот на кој птиците летаат над нашата земја, буквално сè што може, дури и она што не може, ќе го искритикуваат. Во ред ли е толку мрчаторска енергија да биде собрана во младината? Од каде идејата дека си интересен ако критикуваш сè и сешто и ако секој твој коментар е полн со иронија? Докажуваме дека сме подобри од некого, поспособни, поуспешни, со повеќе знаење? Што и кому може да се докаже нешто со пишување иронични статуси на ФБ или „жестоки“ твитови на Твитер? Кој колку е компетентен за некого да критикува?

    rnДа заврши факултет не може секој, искрено па факултет не е за секого. Ама во ред, заврши средно и барај работа, кој рече дека факултетот е задолжителен? Сепак не, денес секој може и да се запише и да го заврши факултетот, критериуми речиси и да нема. Не е нешто вау и ако продолжиш на постдипломски, сепак многумина го прават и тоа, биле способни или не. И демек сите во иднина ќе бидеме горди академски граѓани на оваа држава? Моето дете има да биде магистер, море и докторат ќе има. Зошто? Па мое дете е! Е добро де, секој е нечие дете, ама можеби твоето и не е баш толку способно колку што си мислиш. Амбициозни родители и деца со недоволно елан за учење и надградување на себеси – најлоша, но и најчеста комбинација.rnrnСтрашно е и тоа што голем дел од нас младите не сакаат да го дозавршат факултетот, како да се плашиме од иднината. Вака имаме обврска да учиме и да полагаме испити. Ама после тоа ќе имаме обврска да бараме работа и да работиме. Зошто толкав дел од младите со диплома паѓаат во депресија? Не можат да најдат работа? Не знаат што понатаму со себеси? Како всушност одбираме каква работа е погодна за нас? Чекаме да ни се отвори директорско столче? Добро, ситуацијата не е сјајна, ама нигде не сјае, и никој не може  да ми каже дека ако сакаш да работиш нема да најдеш работа. Проблемот е што многумина бараат работа со цел да не најдат, па секогаш е полесно да седиш дома, да мрчиш и некој друг да ти е крив за твојата состојба. Ако си способен/на, што и да работиш ќе те забележат, ќе се истакнеш. Знаете кој е еден од критериумите да се кандидираш за претседател на држава? Да бидеш постар од 40 години. Што сакам да кажам? За големите работи треба искуство, животно и работно. Треба муви да лапаш, со други зборови. Не е срамота да работиш нешто „под твое ниво“, поголема срамота е да не работиш ништо. Седење дома и чекање совршеното работно место да ти падне од небо… Излези, работи, запознавај луѓе, информирај се, зголеми го кругот на пријатели и контакти. Кој е нашиот систем на сфаќање на работите? Зошто да биде срамота да работиш и да заработуваш, да стекнеш работна навика дури си млад? Нели дијагностицираната мрза е поголема срамота?rnrnНапишала статус на ФБ „I don’t work, I’m a princess“. Ха! Ха! А каде тоа, во Македонија? И као демек си наследник на кралската лоза, сина крв? Оди работи нешто или најди си маж, па прави ручек и пеглај кошули. Ќе се разбудиме ние од овој смешен сон или ни треба кофа со ладна вода?rnrnНам младите многу работи не ни се јасни, многу работи допрва ќе ги искусиме, но многу работи намерно се правиме дека не ги  знаеме. Чудо едно, од здрав разум, мозок со капацитет, толкава способност да направиш нешто од себеси, и насила да се правиш дебил. Нашата младина затупува со гледање сапуници, терање патетични кафе-шеми, преокупација со „мода“ и слушање „исцрпни“ турбо-фолк хитови. Незаборавни дружења, добри филмови, позитивни песни, убави стихови, поучни книги, труд, визија, работа и надеж, тоа ни прилега нам како млади и како некои кои се наречени „иднина“.rnrnЖивотот е многу едноставен, само ние луѓето милуваме да го правиме комплициран. Ако ти требаат пари – работи. Ако нешто не ти одговара – промени го. Ако нешто ти смета – тргни се од него. Ако сакаш да успееш – труди се, труди се, труди се. Светло, камера, преземи акција, СЕГА!rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

    Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

    Епска драма за поврзаноста меѓу минатото, сегашноста и иднината

    rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)Режија: Том Тиквер, Енди Вачовски, Лана ВачовскиrnrnУлоги: Том Хенкс, Хали Бери, Хуго Вивинг, Џим Броудбент, Џим Старџис, Хју ГрантrnrnВреметраење: 172 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 октомври 2012rnrnЖанр: научна фантастика, мистерија, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn

    rnrnНе е лесно да се најдат зборови со кои прецизно може да се опише искуството од гледањето на „Атлас на облаците“ (Cloud Atlas). Истражувајќи подрачја кои за филмската индустрија досега биле непознати или малку познати, овој филм изгледа како да е сам во својот жанр.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnДејството е извонредно креиран мозаик од шест различни приказни сместени на шест различни локации во шест различни времиња. Истите ликови се провлекуваат низ сите приказни кои се поврзани меѓу себе така што нивните дела во една ера оставаат последици врз нивните наследници во идните светови. Така, гледаме како карактерите се менуваат низ времето или како еден чин на добрина предизвикува бројни позитивни реакции во иднина.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnОвде не може да се зборува за хронолошко одвивање на дејството како што сме навикнале од другите филмови, затоа што авторите постојано нè носат од една во друга ера. Но, од труењето на млад адвокат во деветнаесеттиот век, преку неприликите на еден музичар во 1936 година, па сè до пост-апокалиптичниот Хаваи каде што останале дел од последните луѓе на овој свет – сите се поврзани. Во поврзувањето на настаните од различни ери многу помагаат и некои мудрости кои ликовите незабележливо ги кажуваат низ дијалозите.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnПокрај уникатниот начин на прикажување на настаните, овој филм брилира и во поглед на техничките ефекти. Ако сакате реални сцени од измислени светови, тогаш оние од „Атлас на облаците“ несомнено ќе ве воодушеват. Сепак, не останува сè само на компјутерските анимации. Овде е собрана фантастична актерска екипа која извонредно си ја врши работата, при што секој од нив толкува по неколку ликови.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnСето ова може да звучи комплицирано, но сигурно нема да ви биде здодевно. Иако трае без малку три часа, еднаш штом го сфатите дејството тоа ќе се претвори во забавно филмско доживување. Не е од оние филмови кои мора да се гледаат по повеќе пати за да се разберат, но сепак морате да бидете трпеливи со него. Неговата тежина е слична со онаа на Дрвото на животот (Tree of Life) или Господин Никој (Mr Nobody). Затоа, препорачливо е кога ќе седнете да го гледате да имате желба да погледнете токму ваков тежок филм и да бидете добро одморени. Оваа епска драма добро ќе ви возврати за тоа.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.