Можна ли е безусловна љубов помеѓу човек и машина?
rn
Режија: Спајк ЏонсrnrnУлоги: Џоакин Финекс, Руни Мара, Скарлет Јохансон, Ејми АдамсrnrnВреметраење: 126 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 февруари 2014rnrnЖанр: драма, романса, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnФилмот „Таа“ е уникатно романтично научно-фантастично двочасовно патување кое ќе ви понуди одлична приказна, емотивно раздразнување и многу размислувања за иднината, технологијата и љубовта.rnrn
rnrnТеодор (Џоакин Финекс) поминува низ тежок период по разводот со неговата поранешна сопруга Кетрин (Руни Мара). Тој работи во агенција за пишување убави романтични писма. Сите луѓе немаат дарба или време да ја изразат својата љубов преку писмо, па во обид да ја одржат романсата, најмуваат друг да ја заврши таа работа за нив. Преку писмата на Теодор, почнуваме да се вљубуваме во неговиот лик.rnrnТој е инаку многу обичен тип, оди на работа и на враќање накај дома редовно си проверува имејл, како што впрочем и многумина од нас веќе прават. Еден ден добива информација за новиот оперативен систем, кој е многу напредна верзија на сето она што досега сме го виделе. Тој не само што може да ги заврши сите комплексни работи на вашиот компјутер или смарфон за многу брзо време, туку може да постане и личноста која вие сакате да биде. Тој може да има пол, име, глас, чувства, па според тоа и да се заљуби во вас. Тео го инсталира новиот оперативен систем и постепено почнува да гради однос со него, или во случајов, со неа – Саманта.rnrn
rnrnАко мислите дека ова е уште еден обид да се направи филм за иднината во кој животот во заедништво со машините ќе биде нормална работа, се лажете. Овде нема роботи, ниту војни помеѓу нив и луѓето. Овде фокусот е на развојот на технологијата на толку паметно, интимно и емотивно ниво што успева целосно да нѐ обземе и да нѐ натера да засакаме еден оперативен систем повеќе од кој било вистински човек околу нас. Ако малку размислите, тоа не е тешко. Кој не би посакал врска со личност која секогаш го прави она што го сакаме, не ни додева кога имаме работа и ги разбира сите наши чувства и потреби? Но, до каде сето тоа може да оди.rnrn
rnrnЛикот на Саманта (оперативниот систем) не го гледаме, секако, но гласот кој го позајмува Скарлет Јохансон многу лесно ни овозможува да си ја замислиме и уште полесно да ја проголтаме приказната во која заемната љубов помеѓу човек и оперативен систем е возможна, остварлива и релативно малку се разликува од онаа меѓу двајца луѓе.rnrnАко имате два слободни часа и сакате да гледате добар филм, воопшто не двоумете се тоа да биде „Таа“. Иако претерувањето во развојот на приказната на моменти може да ве иритира (добро, сепак се работи за научна фантастика), во суштина ќе ви поттикне многу размислувања, и тоа не само за иднината, туку за сегашноста и начинот на кој го живееме животот, доближувајќи се сѐ повеќе до иновациите и технологијата, истовремено оддалечувајќи се од луѓето, и најстрашното од сѐ, прифаќајќи го сето тоа како нормално.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



rnrn










rnrnПрифатете го сегашниот миг, бидејќи колку повеќе давате отпор кон сегашниот миг толку повеќе пружате отпор кон прифаќање на она што навистина сте и толку повеќе се идентификувате со вашата болка која во големи размери е непотребна.rnrn

rn
rn

rn
rn
rn
rn

