КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • 5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личности

    5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личности

    Анксиозност. Многумина ја категоризираат како болест на модерното време или измислена ментална состојба од која лесно може да се излезе само што луѓето сакаат да преувеличуваат. Вистината е дека стресот и брзото темпо на живот ја носи таа анксиозност со која не секогаш е лесно да се справиш. Анксиозните личности се соочуваат со многу грижи, проблеми и очекувања за иднината, чувствувајќи дека нештата лесно би им избегале од контрола.rnrnДенес наголемо се пишува за анксиозноста, но и за справување со неа и нејзино надминување. Овој пат се фокусираме на главните проблеми со кои се соочуваат анксиозните личности. Олеснителна околност е тоа што по читањето на ова ќе сфатите дека не сте единствени, сите ние кои за најверна „пријателка“ ја имаме анксиозноста се соочуваме со овие 5 проблеми.rnrn5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личностиrn

    1. Премногу се грижите за работата

    rnОва не е новост за вас. Уште од средно и факултет вие бевте преокупирани со резултатите кои ќе ги покажете и со тоа дали сте доволно добри. Дававте и давате сè од себе истовремено постојано стравувајќи дека не е доволно. За некој кој не е запознаен со овој проблем, решението е едноставно – даваш сè од себе и затоа си добар во она што го работиш, тогаш што е проблемот? За сите оние кои го мислат ова, фер е да им кажеме дека и ние се согласуваме. И ние на моменти мислиме дека нашите грижи се глупави, со таа разлика што не можеме да излеземе од таа состојба на мислите.rnrnЗнаеме дека е глупаво тоа што се преоптоваруваме, дека ретко кога живееме во моментот и дека по секоја успешно завршена задача ние не му се радуваме на успехот туку размислуваме за тоа што сме можеле да направиме подобро и веднаш преминуваме во грижи за следниот предизвик. Знаеме дека е напорно и дека нема смисла, но сè што можеме да направиме е да почекаме таа неподнослива грижа да спласне малку.rn

    2. Најголемиот проблем е кога ќе завршите некоја задача

    rnСлично со првиот проблем, може слободно да кажеме дека грижите продолжуваат и откако ќе jа завршиме работата. Тука спаѓаат најситните но и најголемите нешта. Не ви се случило да испратите мејл без макар два пати да се вратите во фолдерот на испратени мејлови и да ја препрочитате пораката. Вашата радост на денот на дипломирањето, како и на денот на каков било успех била измешана со чувството дека сте можеле подобро. Во тие моменти повеќе од сè на светот потребна ни е поддршката од најблиските кои треба да ни кажат дека сè е во ред и дека никој не е суперхерој.rn

    3. Размислувањето за иднината е исцрпувачкo

    rnКога размислувате за иднината веднаш помислувате на сите оние нешта кои треба да ги направите со цел да станете она што сакате да бидете, па помислувате на сите нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Најмногу од сè ве плаши губењето на контрола и претекувањето на времето. Како да му помогнете на ваш близок кој се соочува често со ваква анксиозност? Прво, сфатете дека велењето „Сè ќе биде во ред, ќе се наместат коцките“, не помага многу. Иако не можете да ја избркате анксиозноста од луѓето, може да ја направите поподнослива. Помогнете им да минат низ тежок период со тоа што ќе бидете тука за нив.rn

    4. Проблемот не е помал и кога размислувате за блиската иднина

    rnОпседнати сте со пост-ит ливчиња и потсетници и дури и најмалите задачи како подигнување на пратка од пошта може да ви предизвикаат грижи бидејќи сакате да ги планирате. Опседнати сте со планирање на времето и со тоа дека сè треба да мине во најдобар ред. Вашата теорија е дека доколку не ги направите перфектно малите нешта, тогаш што останува за големите?rn

    5. Се трудите да ги задоволите другите

    rnСо намера да бидете најдобри во сè, природно се наметнува вашата желба луѓето да ве сакаат. Давате сè од себе, како некој тоа не би го сфатил? Затоа се трудите да ги задоволите желбите на другите, во што нормално, не успевате бидејќи никој никогаш не успеал да биде обожуван од сите. Како резултат станувате гневни и таа личност ви станува одбивна што го поттикнува чувството на депресија. Натерајте се себеси да сфатите дека обидот за задоволување на сечии апетити секогаш завршува катастрофално. Не секој ќе ве сака или разбира и не секој ќе ве вреднува соодветно, но размислете дали и вие ги третирате сите луѓе како што треба? Престанете да се чувствувате како жртва постојано и сфатете дека едноставно, не секој ќе ве сака. Фокусирајте се на оние кои се фер со вас, кои ве сакаат и прифаќаат.

  • 5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-ти

    5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-ти

    Животот може да биде збунувачки за 20-годишниците. Но, еве што сè треба да знаете во овој период од животот а никој не ви кажува.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    1. Некогаш новите врски и пријателства ќе ве чинат губење на старите

    rnЛуѓето доаѓаат и си одат од нашите животи. Но, мал број луѓе се тука постојано и треба да ги чуваме. Што се однесува на другите, едноставно прифатете го тоа како факт и како нешто што му се случува секому. Имено, едно истражување од Оксфорд покажало дека во просек, секој човек со влегување во нова романтична врска губи по двајца пријатели. Никој не ни кажува дека кругот на пријатели се менува, но тоа е вистината и воопшто не е толку страшно како што звучи. Луѓето растат, ги менуваат приоритетите, се оддалечуваат… Не сте виновни вие.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    2. Вашите колеги и надредени не мора да ви бидат и пријатели

    rnИако вашите нови колеги се баш пријателски настроени, не мора да значи дека треба да ги прифатите како ваши пријатели и во приватниот живот и да чувствувате обврска да се дружите за време на викенд. По некоја пијачка после работа е во ред, но не очекувајте дека задолжително ќе ви станат и најдобри пријатели. Дури и ако не сте блиски ни за време на работа, во ред е, повеќето и не се. Вие сте таму за да си ја вршите својата работа и тие нивната, без притисоци. Ако пак патем станете најдобри пријатели, тоа е секогаш добредојдено.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    3. Во ред е да не знаете што ќе правите во животот

    rnНе мора да ги имате одговорите на сите прашања во овој период од животот. Родителите, пријателите, роднините, сите ќе ве прашаат што понатаму. Во ред е ако не знаете. Имате куп можности пред вас и не се ограничувајте. Никој од вас не бара да знаете сè. Некогаш најнеочекуваните нешта се најслатки и најдобредојдени. Некогаш нема да имате никаков план што ќе правите со себе и за некое време ќе се наместат коцките на најдобар начин, онака како што не сте ни очекувале.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    4. Раскинувањата се секогаш лоши, но и секогаш носат нешто добро

    rnПрекинување на врска или пријателство никогаш не е убава ситуација. Но, по секое раскинување животот ви подарува нова, свежа перспектива на нештата. Без разлика колку е болно, тоа е процес низ кој мора да поминете достоинствено.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    5. Многу сте посилни отколку што мислите

    rnНикој не си ги знае скриените моќи сè додека не дојде време да ги употреби. Многу нешта ве плашат во животот и иднината на нас 20-годишниците ни изгледа како голема нејасна топка во која искрено, се плашиме како би се снашле. Но, верувајте, многу сте посилни отколку што мислите. Ќе бидете во ред, и сè ќе биде во ред бидејќи со што и да се соочите ќе излезете поумни, поискусни и како вистински херои. Затоа, без грижа.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

    Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

    Живеј во моментот! Толку е лесно да се каже, а сепак, сите ние повеќе или помалку се фокусираме на иднината или минатото наместо на сегашниот момент. Модерното време на живеење само по себе ни наметнува стрес и анксиозност, кои нè тераат упорно да живееме во иднината, да го планираме секој наш потег, наместо едноставно да се фокусираме и да уживаме во сегашноста. Иако корисно е и важно да се имаат планови за во иднина, од друга страна е многу лошо кога си преокупиран со тие планови. Еве зошто е неопходно да престанете постојано да планирате и вистински да живеете во сегашниот момент.rnrnЗошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?rn

    Сегашниот момент е единствениот кој може да го контролирате

    rnСегашниот момент е тука и ви е на располагање. Може да одберете да го игнорирате, да го занемарите или максимално да му се посветите и да го искористите. Изборот е ваш. Може да го контролирате само она што ви се случува во моментов. Вие може да ја планирате иднината, но во никој случај нема да знаете што точно ќе биде. Планирањето нема да ви помогне да избегате од сегашноста. Може да ви помогне да остварите некои цели, но нема да ви помогне да го подобрите квалитетот на вашиот живот во моментов. Значи, планирањето не може да ви гарантира дека ќе го добиете она што го сакате во иднина, тогаш зошто да не го прифатите она што може да го контролирате сега?rn

    Секој момент е непроценлив подарок

    rnОва е многу важно. Никогаш не знаете кога ќе биде вашиот последен момент. Сите ние имаме ограничен број моменти на располагање. Времето не можеме да го купиме со пари. Времето го добиваме на подарок и доколку не знаеме правилно да го искористиме, едноставно ќе нè одмине со сите убави моменти кои ги носи сегашниот миг.rn

    Живеењето во сегашниот момент го редуцира стресот и ве прави посреќни

    rnТолку многу грижи имаме на ум, како товар. Минатото, иднината, што ќе правиме, што ќе биде и сл. Ако едноставно се фокусираме на сегашниот момент и оставиме простор за малку спонтаност во иднина, ќе се поштедиме од многу стрес.rnrnЖивеењето во сегашноста е едно од најважните нешта од кои зависи вашата благосостојба. Само со свеста за сегашниот момент може да си дозволите себеси вистински да ги видите малите убави нешта кои ви се случуваат и да живеете среќен живот.rnrnЗошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?rn

    Плановите често не излегуваат по предвиденото

    rnКолку често ви се случува да планирате нешто што воопшто нема да испадне по планираното? Најчесто нештата не излегуваат баш онака како што сме ги планирале. Затоа имајте некоја замисла за утрешниот ден, но примарно живејте го денешниот и бидете подготвени да поднесете сè што тоа утре може непланирано да ви донесе.rn

    Со постојаното планирање вие не живеете вистински

    rnСамо размислете. Ако постојано планирате за тоа што ќе правите или што ќе биде утре, колку вистински живеете денес? Факт е дека животот се случува сега, а ако навикнете постојано да планирате и кога ќе дојде тоа утре вие ќе бидете зафатени планирајќи го следниот ден. На крај ќе испадне дека сте живееле во една голема илузија и фантазија наместо во реалноста. Секогаш кога вашиот мозок ќе почне да размислува за иднината, фокусирајте се на она што се случува сега и вистински живејте во сегашноста.

  • 18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

    18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

    Излегувате подолго време и на памет ви паѓа да го поставите големото прашање? Тогаш продолжете со читање. Ова се знаците кои покажуваат дека сте во врска со девојката која треба да ви биде сопруга.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    1. Ги знае вашите пријатели и се грижи за нив

    rnГи знае по име сите, и блиските и не толку блиските. Знае што се случува во нивните животи и прва ќе крене слушалка да им честита роденден или да им „мести“ некоја пријателка. Никогаш не би сакала да се претворите во оние кои си ги забораваат другарите откако ќе почнат сериозна врска.rn

    2. Кога одите заедно на патување или одмор, не се карате постојано

    rnДури и ако автобусот се расипал или хотелот не бил како на сликите, вие ќе најдете начин да не избувнете и сепак да го извлечете најдоброто од понуденото.rn

    3. Одвреме-навреме ја фаќате како ве мерка од глава до пети

    rnСлатко е кога ќе помислите како ве мерка подгризнувајќи си ги усните, како вие да сте најсекси суштество на светот. Го прави тоа несвесно, исто како „тазе“ заљубените девојки.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    4. Имате исти животни приоритети

    rnДелите исти вредности и приоритети. Се согласувате за најважните животни прашања. Ако вас семејството ви е важно, важно ѝ е и неа.rn

    5. Сака да се фали со вас

    rnНе ве пушта од рака додека разговара со некој друг, ве гледа со заљубен поглед и неретко ќе ве пофали за постигнатото пред други.rn

    6. Кога пријателот се жали за својата врска, воопшто не се пронаоѓате

    rnЗарем така постапила? Тоа е толку различно од вашата девојка. Всушност, кога слушате како пријателот се жали за љубовта ви се чини дека вие сте од друга планета.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    7. Таа е вашата најголема поддршка

    rnЗа што и да треба да одлучите, со каков проблем да се соочувате, таа е тука, и секогаш е на ваша страна. Го сака најдоброто за вас и за вашата иднина, па ќе ви ја даде целосната поддршка дури и тогаш кога од неа се бара пожртвуваност.rn

    8. Слободно ја вклучувате во плановите за иднината

    rnАко, да речеме, свадбата на вашата сестра е за една година, без ни малку да се почувствувате чудно, го планирате вашето заедничко одење.rn

    9. И двајцата сте подготвени на компромис и сте пожртвувани еден за друг

    rnНе сака да биде само по нејзино, и ако тоа ве прави среќни ќе излезе од нејзината зона на комфорот.rn

    10. Не се обидува да ве промени

    rnИако ги знае сите ваши маани и слаби страни, што секој од нас ги има, не се обидува да промени ништо кај вас. Не ве споредува со други, што би ве навредило. Едноставно ве прифаќа такви какви што сте.rn

    11. Им се допаѓа на вашите пријатели

    rnПо толку состаноци кои тргнале наопаку, по толку напорни и токсични врски и флертови, вашите пријатели се среќни што имате таква девојка покрај себе.rn

    12. Може целосно да бидете искрени со неа

    rnНе чувствувате потреба да се преправате ниту пак да прикриете нешто. Може да ѝ кажете што било и се чувствувате слободни со неа.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    13. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога нешто ќе ви се случи

    rnБез разлика дали е тажна или среќна вест, прво кревате слушалка за да ја споделите со неа.rn

    14. Ги прифаќа работите кои се чудни кај вас

    rnКако некоја чудна или неразбирлива навика за која и вие би се срамеле. Гледате дека дури и почнува да ја применува.rn

    15. Имате нескротлива потреба да ја заштитите

    rnПостојано сте загрижени да не ѝ се случи нешто лошо. Кога ќе ви се јави растревожена посакувате да го убиете оној кој направил да се чувствува така.rn

    16. Кога се карате, тоа го правите на фер начин

    rnТаа се кара со вас на фер начин. Нема да спомнува нешто што се случило пред многу време ниту пак ќе гледа да ви ги погоди слабите точки или да ве потсети колку сте згрешиле во нешто.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    17. Има свој живот настрана од вашата врска

    rnСи има свој идентитет, нејзиниот идентитет не е слеан во врската. Неретко ќе излезе сама со другарките или ќе замине некаде без вас. И покрај тоа што многу ве сака, таа е самостојна.rn

    18. Кога сте разделени ви недостига

    rnКога ќе ѝ кажете дека ви недостига, навистина го мислите тоа. Мразите да одите во кревет или да се будите без неа.

  • 20 знаци дека сте подготвени да стапите во брак

    20 знаци дека сте подготвени да стапите во брак

    Дали се сомневате во вашата подготвеност на овој голем чекор? Побарајте ги овие знаци, ако овие нешта важат за вас, тогаш сте подготвени.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    1. Се чувствувате добро за себе, и тогаш кога вашиот партнер не е со вас

    rnЕдноставно на чисто сте со себе, слободни сте во своја кожа, со или без вашиот партнер.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    2. Кога ги слушате пријателите/ките како раскажуваат за нивните состаноци, не чувствувате дека пропуштате нешто

    rnНапротив, мило ви е што го имате вашиот партнер.rn

    3. Точно знаете што барате во вашиот/ата иден/на сопруг/а

    rnКои карактерни особини треба да ги поседува, што треба а што не треба да прави.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    4. Одржувате блиски пријателства

    rnНе сте сами, одржувате долги и топли пријателски односи. Секогаш може да си најдете друштво настрана од вашиот партнер.rn

    5. Сфаќате дека не сè треба да се врти околу вас

    rnЗнаете да заборавите на себичноста и да се жртвувате за друга личност, нешто што можеби не сте можеле да го направите пред неколку години.rn

    6. Сè почесто ги забележувате свршеничките прстени по излозите и на рацете на другите девојки

    rnМожеби бидејќи по малку сте опседнати со облици и модели? :)rn

    7. Кога ќе помислите на вашата иднина, го гледате и вашиот партнер

    rnКога мечтаете за иднината и кога правите планови, едноставно тој/таа е дел од нив.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    8. Со вашиот партнер отворено зборувате за пари

    rnМоже слободно да му/ѝ кажете во каква „каша“ сте, или дека сте добиле ненадеен прилив на пари. Едноставно не се ограничувате што треба да му/ѝ кажете а што не, слободни сте и нема што да криете.rn

    9. Сте зборувале за брак

    rnМожеби не директно за брак меѓу вас двајца, но сè почесто зборувате општо за бракот, за заеднички живот, деца и сл.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    10. Вашите емоции се поврзани

    rnКога тој/таа е лут/а, и вие сте, кога е среќен/на и вие ја чувствувате среќата.rn

    11. Сте ги споделиле вашите несигурности, сомнежи, и сте дозволиле да бидете ранливи пред него/неа

    rnПонекогаш сте хаос во движење, тоа го видел вашиот партнер и сепак е покрај вас.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    12. Тој/таа е вашата личност во итни случаи

    rnШто и да ви се случи, прво ќе го/ја побарате него/неа.rn

    13. Кога ќе чуете добри вести, тој/таа е првата личност на која ѝ се јавувате да ја споделите радоста

    rnНа што вашата мајка се лути понекогаш.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    14. Буквално не ни помислувате на тоа да се вратите во некоја од вашите претходни врски

    rnМолам, во тој хаос? Не, фала.rn

    15. Не чувате омраза и негативни чувства

    rnАко нешто згрешил/а, му/ѝ кажувате, го решавате проблемот и продолжувате понатаму. Не чувате во себе негативни чувства и замерки.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    16. Не се грижите што тој/таа прави кога вие не сте со него/неа

    rnНе сте љубоморни, а дури и да сте малку му/ѝ верувате. Може слободно да ви каже дека е на кафе со пријателите и други личности кои не ги познавате, и вие само да му/ѝ посакате убав помин без ронка грижа.rn

    17. Сте помислиле што би било кога би живееле заедно

    rnИ не само тоа, сте помислиле дека всушност би сакале да живеете заедно.rn

    18. Сте зборувале за тоа колку деца би сакале

    rnИ двајцата сакате ист или приближно ист број деца.rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во бракrn

    19. Не се ни сомневате за неговите/нејзините чувства за вас

    rnЗнаете дека е луд/а по вас.rn

    20. Дури и ако не би ја имале венчавката од вашите соништа, сепак би стапиле во брак со него/неа

    rnПа воопшто и да нема свадбена церемонија, кому му е грижа?rnrn20 знаци дека сте подготвени да стапите во брак

  • Клучот за успехот во врските не е она што вие мислите дека е

    Клучот за успехот во врските не е она што вие мислите дека е

    Конечно наоѓате личност која ви се допаѓа и кон која чувствувате нешто повеќе од привлечност. Поврзаноста помеѓу вас е взаемна и цврста, би можеле дури да кажете и совршена. Токму затоа животот ви изгледа посветол и посреќен и сите оние нешта кои порано ви пречеле сега изгледа како да не допираат до вас. Вашата врска брзо станува сериозна, па дури разговарате и за заеднички живот. Но, како што поминува времето, така работите необјасниво почнуваат да се влошуваат.rnrnКлучот за успехот во врските не е она што вие мислите дека еrnrnЗборот „совршено“ одеднаш го снемува од вашиот речник и сите оние нешта кои некогаш ви пречеле, повторно ги чувствувате како најлошото нешто што може да му се случи на еден човек. Вие и вашиот партнер се губите во комуникацијата, хемијата исчезнува, а на нејзино место се појавуваат негативни чувства. И веќе знаете како завршува оваа приказна. Но, тоа не значи дека секоја врска е осудена на пропаст. Погледнете ги овие 3 пристапи со чија помош ќе создадете цврсти темели на врската кои ќе ви овозможат иднина помеѓу вас и вашиот партнер…rnrn1. Дочекувајте го секој ден со намера да учите – Дури и ако станува збор за нешто многу мало, многу луѓе не ги гледаат врските како нешто од што можат да научат нешто за себе. Тие им даваат отпор на промените, заземаат одбранбен став и најчесто ја обвинуваат другата личност за сè. Но, доколку гледате на вашата врска како на можност да научите нешто ново за себе, за вашиот партнер и општо за динамиката на врската, вие ќе ѝ пристапите на целата ситуација поотворено и пољубопитно, наместо со лутина и осудување.rnrn2. Забележете ги придобивките – Многумина се фокусираат на сите оние нешта кои им недостасуваат на нивните врски и токму затоа воопшто не ги забележуваат оние нешта кои се подобруваат. Работите можеби не се совршени или онакви какви што вие сакате да бидат, но секоја позитивна промена во врската води кон подобра иднина, па токму затоа треба да бидете горди на неа.rnrn3. Сфатете ја улогата на вежбањето при формирање на вештината за справување со проблемите – Секоја вештина има потреба од тренинг. Разберете дека вие, вашиот партнер и вашата врска никогаш нема да бидете совршени, па токму затоа гледајте на врската како на патување, еден вид процес, или искуство кое има свои добри и лоши мигови. Ниту еден проблем во врските не може да се реши набрзина, за сè е потребно време и трпение. Но, не гледајте на конфликтите како на нешто целосно негативно, бидејќи тие се одличен начин да се запознаете подобро. Постои лекција позади секој проблем, а вештината да се справувате со овие проблеми се изградува преку учење од добрите, но и од лошите моменти.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 докази дека патувањето низ времето сепак е можно

    5 докази дека патувањето низ времето сепак е можно

    Не знаеме дали постои патување низ времето и како тоа навистина изгледа, но овие вистинити случки досега никој не успеал да ги објасни.rn

    1. Рачен часовник во Кинеска гробница

    rn1-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mkrnrnКинеските археолози во 2008 година ги истражувале гробниците Си Кинг. Во нив, меѓу другите нешта нашле и мал модерен часовник. Бил застанат на 10:06, а на него пишувало „Швајцарија“. Како овој часовник се нашол во гробницата на династијата Минг, кога во минатите 400 години никој ја немал откопано? Инаку рачните модерни часовници се измислени два века подоцна.rn

    2. Хипстер на фотографијата?

    rn2-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mkrnrnОваа фотографија е направена во 1940 година во Канада на отворањето на мостот „Голд Бриџ“. Ништо невообичаено нели? Освен момчето во средината кое носи модерни очила за сонце, блузон, маица со апликација и камера. Ништо од сето ова не постоело во четириесеттите години на минатиот век.rn

    3. Мобилен телефон

    rnrnrnПогледнете го видеото, внимателно!rnrnОва е снимка од 1938 година од филмот на Чарли Чаплин. Во 1938, мобилен телефон? Ова е само претпоставка која никој никогаш не успеал да ја демантира.rn

    4. Цеде во XIX век

    rn3-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mkrnrnЦедето е измислено во осумдесеттите години. Малку е чудно што се наоѓа прикажано на платно од XIX век, поточно 1800 година. Стручните лица велат дека изгледот и димензиите совршено се поклопуваат.rn

    5. Повреден во сообраќајка

    rn5-5-dokazi-deka-patuvanjeto-niz-vremeto-sepak-e-mozhno-kafepauza.mkrnrnВо средината на јуни во 1950 година бил удрен од автомобил еден млад човек. Човекот бил облечен во склад со модата на XIX век. Кога се разбудил од кома во болницата кажал дека се вика Рудолф Фентз. Потоа откриле дека тој исчезнал во 1876 година. Му нашле и писмо од 1876 година, сметка за продукти за нега на коњ, стари банкноти и други предмети од XIX век.

  • Зошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?

    Зошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?

    Дали некогаш сте се почувствувале како да не го живеете животот за кој сте сонувале? Дали ви се случило да кренете раце од вашите надежи и соништа за иднината? Не дозволувајте си да го минете животот негирајќи ги и запоставувајќи ги вашите соништа и цели кои ви изгледале како наивни производи на надежниот млад ум, па да се свестите по долго време што сте пропуштиле. Не дозволувајте си да ги заборавите вашите соништа и да престанете да тргате по нив. Без разлика колку време поминало не е доцна и немате оправдување да престанете да верувате во себеси. Еве зошто никогаш не смеете да престанете да верувате во вашите соништа.rnrnЗошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?rn

    Животот е краток

    rnОваа изрека е истовремено песимистична и оптимистична. Вие може да ја сфатите како сакате, но вистината е дека животот е краток. Животот е краток за да останете дома пред телевизор и да чекате да ви се случи нешто иако не дејствувате и не вложувате. По 10 години ќе бидете постари за 10 години и ќе се прашувате каде летна времето и што вие направивте со него.rn

    Вашите соништа ве прават она што сте

    rnВие сте вашите соништа, вашите мечти, вашите цели. Кога некој ќе ве праша што работите или што правите во слободно време, вие му кажувате што сте и како работите да станете подобри во вашата работа, ќе му кажете кои се вашите планови за иднината, кон што целите, кои се вашите соништа, и тоа кажува многу за вас. Човек кој нема соништа е како човек без облик. Што сака да стане ако не се стреми кон нешто? Секогаш имајте соништа и „резервни“ соништа – тие ве прават она што сте и она кон што се стремите.rn

    Ако вие не го сторите тоа, тогаш некој друг ќе го стори

    rnЗамислете дека вашиот сон кога сте биле помлади бил да волонтирате за некоја светска организација со хуманитарни цели. Сега замислете дека запознавате личност која ви кажува дека го прави тоа веќе 5 години, дека го запознала својот партнер работејќи го тоа и е пресреќна што го живее својот сон. Ќе почувствувате дека таа всушност го украла вашиот сон. Ќе бидете гневни, но ќе сфатите дека вистината е едноставна: таа имала храброст да излезе и да го направи тоа, а не само да остане на безбедно и да продолжи да сонува.rnrnЗошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?rn

    Вие сте единствената личност која ви стои на патот

    rnМислите дека немате услови? Мислите дека премногу пречки ви стојат на патот? Дека оние кои успеваат во она за што вие сонувате имаат натприродни моќи? Што ве спречува да се стремите кон вашиот сон? Постојат начини, и иако се тешки и бараат многу жртвување, постојат луѓе кои го прават тоа со цел да успеат. Зошто вие не го правите тоа? Се плашите од неуспех? Но зошто, кога единствено вие си стоите на патот. Турнете ги сите замислени бариери и вложете сè од себе. Најдете начин наместо да барате оправдувања. Секогаш постои начин но не секој сака да го види.rn

    Соништата и целите нè придвижуваат кон напред

    rnАко немате соништа и цели, кон што се движите? Која е вашата причина да станете наутро? Чии животи ќе разубавите, каква промена ќе донесете? Во природата на секој човек е да сака повеќе, да придонесе, да се унапреди и еволуира. Токму тоа е задачата на нашите соништа, затоа не смеете да ги запоставите.rnrnЗошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?rn

    Никогаш не сте престари

    rnНикогаш не е доцна, никогаш не сте премногу стари за да тргнете по својот сон. Постојат луѓе кои го патуваат светот во своите 50-ти или 60-ти, кои ја издаваат својата прва книга после 40-тата година од животот и стануваат екстремно добри во она што го прават. Има луѓе кои иако не се млади во години се млади во душата. Кои играат, танцуваат, спортуваат и патуваат небаре имаат 20-и-нешто иако тоа било многу одамна. Но, од друга страна постојат луѓе кои се ограничуваат. Кои се однесуваат како да се постари од она што се. Кои ја наведуваат својата возраст како причина и изговор зошто да не направат нешто.rn

    Соништата ве прават позитивни личности

    rnДа сонуваш значи да се надеваш, а надежта е карактеристика на позитивните личности. Со секој ваш чекор кон моменталната цел, се чувствувате подобро за самите себе. Верувате во себе повеќе, се чувствувате продуктивни и исполнети. Тоа е она што ве прави позитивни и среќни – вашата храброст и смелост да продолжите и да се борите дури и тогаш кога не секој ве поддржува (а реалноста е дека секогаш ќе има некој кој ќе ви вели дека не можете). Вашата самодоверба со секој голем или мал чекор ќе се покачува, исто како и вашата желба и подготвеност за повеќе.rnrnЗошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?rn

    Кога ќе престанеш да сонуваш, престануваш да живееш

    rnВелат дека е добро да сонуваш сè додека знаеш кога да се разбудиш и да преземеш акција за да го оствариш својот сон. Но, што се случува ако сосема заборавиш на својот сон и изгубиш надеж воопшто во своите соништа, аспирации и цели? Тогаш мал дел од тебе умира, заминува заедно со твоите соништа и никогаш не си комплетен. Без разлика колку години имате, каква е вашата ситуација и што ви се случува, никогаш, никогаш не престанувајте да сонувате. Чуда се случуваат, но само кај оние кои знаат да сонуваат.

  • Зошто не треба да се грижите за целулитот?

    Зошто не треба да се грижите за целулитот?

    Дали некогаш ви се случило да се облечете неудобно само поради целулитот на вашите бутови? Дали ви се случило да погледнете некоја девојка која носи шорцеви и да посакате да имавте храброст и вие да носите нешто толку кратко? Грижата за целулитот е нормална појава кај секоја девојка и жена, но доколку ви станува опсесија прочитајте зошто не треба да се грижите за целулитот.rnrnЗошто не треба да се грижите за целулитот?rn

    Вашиот задник не е вашата иднина

    rnПомислете на сите квалитети кои ги имате, на трудот кој го вложувате секој ден, на стремежот кон вашите соништа, на вашата храброст и вашето топло срце кое секојдневно им ги разубавува животите на вашите најблиски. Помислете на вашата иднина, на вашите деца. Каква мајка сакате да имаат? Онаа која ќе биде опседната со своето тело, онаа која ќе пати од комплекси и ќе им ја пренесе својата несигурност, или пак сакате да имаат храбра и пожртвувана мајка која секој ден безрезервно ќе им дарува љубов и ќе ги учи на најважните животни лекции – да не бидат плитки, да бидат паметни, да се стремат кон остварување на своите соништа, а не слободното време да го минуваат пред огледало плачејќи. Вистината е дека животот ни нуди безброј можности, безброј убави работи, многу побитни од неколку дупчиња целулит на бутовите или задникот.rnrnЗошто не треба да се грижите за целулитот?rn

    Вежбате за да се чувствувате добро, а не да бидете слаби

    rnПред да почнете да вежбате, само потсетете се за миг зошто вежбате. На пример, ако практикувате трчање, зошто трчате? Да се ослободите од стресот и анксиозноста, да се ослободите од негативната енергија, да се чувствувате моќно и добро, да видите колку брзо можете да трчате и до каде можете да стигнете. Физичката активност е убава работа и многу важна, но сè додека ја правите за вашето физичко и духовно здравје, а не за да станете коска и кожа.rn

    Никоја од познатите жени низ историјата не е позната поради совршеното тело

    rnЖените кои оставиле белег во историјата биле принцези, кралици, писателки, поетеси, воини, политичарки, пилоти, феминистки, учителки, хуманитарки. Со еден збор, жени кои го промениле светот. Дали некоја од сите тие жени ја имате за ваш идол? Во моментите кога се чувствувате многу несигурно во себе, замислете дека седи до вас. Што ќе помисли за начинот на кој размислувате? Што ќе мисли за начинот на кој го трошите вашето скапоцено време? Само огледајте се на сите тие жени и сфатете ја неизбежната вистина – може да направите толку многу со себеси, престанете да се потценувате.rnrnЗошто не треба да се грижите за целулитот?rn

    Никому не мора да му се извинувате за вашето тело

    rnСо сила и истрајност сте поминале низ многу животни предизвици, некои поминале и низ трауматични искуства како тинејџери токму поради своето тело. Време е да ставите крај. Зошто би се срамеле од она што сте? Станува збор за вашето тело. Сакајте го, почитувајте го, грижете се за него, не го злоупотребувајте со тешки коментари и осудувања кон самите себе.rnrnНе е важно какви сте. Високи, ниски, слаби, или со облини. Имате можност да го впиете денот, да трчате кон вашите соништа, да направите сè што сакате и да ги урнете сите граници и бариери. Ете затоа не треба да се грижите за целулитот.

  • Тест: Изберете врата и откријте каков е вашиот животен пат

    Тест: Изберете врата и откријте каков е вашиот животен пат

    Направете го овој тест кој ќе ви открие некои од главните црти на вашиот карактер. Изберете низ која врата сакате да поминете и дознајте што тоа зборува за вас, но и за тоа каков животен пат навистина сакате.rnrn[column col=”1/3″]1-test-izberete-vrata-i-otkrijte-kakov-e-vashiot-zhivoten-pat-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]2-test-izberete-vrata-i-otkrijte-kakov-e-vashiot-zhivoten-pat-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]3-test-izberete-vrata-i-otkrijte-kakov-e-vashiot-zhivoten-pat-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]4-test-izberete-vrata-i-otkrijte-kakov-e-vashiot-zhivoten-pat-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]5-test-izberete-vrata-i-otkrijte-kakov-e-vashiot-zhivoten-pat-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]6-test-izberete-vrata-i-otkrijte-kakov-e-vashiot-zhivoten-pat-kafepauza.mk[/column]rnrn