КАФЕ ПАУЗА

Tag: иднина

  • Ова не е вистинската личност за вас: 4 добри причини за моментално раскинување

    Ова не е вистинската личност за вас: 4 добри причини за моментално раскинување

    Љубовта е чудна работа. Ви нуди толку многу убавини и безгрижност, ви става розови очила, па затоа и често сте немоќни да ја забележите реалната ситуација. Меѓутоа, кога ќе се случи од облаците да паднете право на ладниот бетон и да ги видите работите такви какви што се, тогаш доаѓа кошмарот и си го поставувате прашањето „Каде бев досега и што правев?“rnrnПосле неколку месеци хармонична врска и љубов, следува логичното прашање „Каде води ова?“ Одговорот кој сите го очекуваме е личноста со која ги делиме сите наши заеднички моменти или постела е да посакува иднина со нас. Секако, не очекувате тој/таа да ви понуди детален план за вашата блиска или далечна иднина, но доволен е мал знак, мало внимание дека ве сака вас како свој сопатник, односно сопатничка во месеците или годините што следат.rnrn0-ne-e-vistinskata-lichnost-za-vas-4-dobri-prichini-za-momentalno-raskinuvanje-kafepauza.mkrnrnДоколку забележувате дека не знаете каде плови бродот на кој сте качени или дека вашиот партнер ги избегнува таквите разговори и на секое прашање добивате несигурен одговор „не знам“, мораме да ви кажеме дека имате голем проблем.rnrnПотрошеното време не можете да го вратите, како ни спомените, но ако навреме спречите лошата врска да стане полоша, поголеми се шансите за оправување.rnrnЗатоа погледнете некои од знаците кои укажуваат дека вашата врска нема иднина (иако се надевате) и дека е време да му/ѝ кажете збогум (колку и лошо тоа да звучи).rn

    1. Се чувствувате осамено во врската

    rnИма ли полошо чувство од она кога знаете дека имате партнер до себе, но се чувствувате како да сте најосаменото суштество на светот?! Проблемот е што тој/таа се дава себеси во трошки, па вие со тек на време станувате зависни без оглед на тоа што во врската не е баш сјајно. Личноста ви станува како дрога која ви штети, но ви е потребна за да преживеете. Секогаш се надевате на подобро и пронаоѓате ситници за да се уверите дека се грижи за вас и дека ситуацијата ќе се смени, а состојбата на осаменост ќе стане минато. За жал, вистината е поразлична. Чувството на осаменост и запоставеност не се лекува лесно, тоа е првиот знак дека личноста до вас не се грижи доволно, бидејќи да се грижи не би дозволила да дојде до тоа чувство.rnrn2-toj-ne-e-vistinskiot-chovek-za-vas-4-dobri-prichini-za-momentalno-raskinuvanje-www.kafepauza.mk_rn

    2. Ја губите самодовербата

    rnКога добивате само трошки од нечие внимание и време, не може а да не се запрашате дали проблемот лежи во вас. Како минува времето, а ситуацијата не се менува, вашата самодоверба ќе го извлече подебелиот крај. Запомнете дека заслужувате онолку колку што давате.rn

    3. Немате планови за иднината

    rnДоколку после некое време сфатите дека со него/неа никогаш нема да го имате она што го сакате и тој/таа ги избегнува разговорите за иднината, време е да престанете да го губите вашето време. После само 6 месеци, парот треба да се запраша што понатаму, а после скоро 2 години да има точна визија дали е тоа она вистинското или не. Немојте да дозволите да бидете со некого кој ве нема во своите планови, бидејќи тоа значи само едно: не ве сака и не му е грижа за вас.rnrn2-ne-e-vistinskata-lichnost-za-vas-4-dobri-prichini-za-momentalno-raskinuvanje-kafepauza.mkrn

    4. Не оставате место за вистинската љубов, ако се борите за погрешната

    rnКога целата ваша енергија ќе ја насочите кон некој кој не ве задоволува физички и психички, но продолжувате да се гледате со него/неа, ја затворате можноста да се појави вистинската личност во вашиот живот. Важно е навреме да препознаете дали вреди да се борите за момчето/девојката кое/која не ги почитува вашите потреби. Колку и да го/ја сакате и се обидувате да го/ја промените, запомнете дека некогаш е подобро да затворите некоја врата, бидејќи постои можност да отворите друга. Доколку навистина сакате вистинска љубов во вашиот живот, не трошете време за поправање и менување на личности кои не ве заслужуваат.

  • 11 футуристички гаџети и технологии кои докажуваат дека иднината не е многу далеку

    11 футуристички гаџети и технологии кои докажуваат дека иднината не е многу далеку

    Иднината е сѐ поблиску и поблиску до нас, но ние тоа не го чувствуваме. Голем дел од гаџетите што ги гледаме по филмовите полека почнуваат да постојат во вистинскиот свет. Кој би рекол дека од обични статични телефони ќе дојдеме до паметните телефони кои ги имаме денес? Освен паметните телефони има и многу други гаџети кои ни ја доближија иднината. А еве кои се тие.rn

    1. „Паметна средина“ е проект кој може да го трансформира секој мал стан во луксузен апартман

    rnКако што ќе се разбудите наутро, невидливите сензори полека ќе го спуштат креветот. Малото лавабо и огледалцето ќе излезат од ѕидот. А користејќи дигитални уреди (како телефон или таблет), гестикулација и говор за да комуницирате со просторот во којшто живеете, можете дневната да ја претворите во спална или кујната во канцеларија.rnrn6-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    2. Егзокостимите ќе ги поместат границите на човечкото тело и ќе им помогнат на луѓето со инвалидитет

    rnВојската на САД веќе ги тестирала овие костими во вежби создадени за да се намали заморот при одење или трчање на долги патеки или при кревање и носење тешки предмети. Исто така, некои од нив им помагаат на луѓето со инвалидитет да си ја повратат мобилноста и независноста. Замислете од количка да преминете на бионички нозе. Тоа би било супер нели?rnrn1-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    3. 3Д печатењето ќе ги елиминира транспортот и шопингот

    rnИако 3Д печатењето е веќе тука, тоа фактички и не е баш тука. Мали се шансите веќе да сте користеле ваков принтер, но тоа наскоро ќе се смени. Во следните неколку години ќе можете да испечатите скоро сѐ што е направено од пластика или гума без да ја напуштите удобноста на сопствениот дом. Супер, сега сме еден чекор поблиску до исчезнување на човечката комуникација.rnrn7-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    4. Невидливите наметки ќе го олеснат избегнувањето на непријатните средби

    rnМоменталната невидлива наметка е невидлива само на радар. Но, научните принципи на вистинската невидлива наметка се скоро исти. Научниците кои го измислија овој уред велат дека истата наука со која се пренасочуваат радио брановите може да се користи за пренасочување на брановите кои ни овозможуваат да ги гледаме луѓето и предметите. Овој гаџет е одличен за тие моменти кога имате непријатна средба со бившиот партнер.rnrn8-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    5. Со помош на нанотехнологијата многу мали нешта ќе можат да направат многу големи работи

    rnНанотехнологијата опфаќа многу ситни жици и струјни кола кои имаат моќ да направат многу големи работи. Сакале или не, најголемиот дел од апликациите на нанотехнологијата се имплантираат внатре во човечкото тело. Истражувањата покажуваат дека нанотехнологијата ќе може да развие спроведување на струја низ мастило, да открие рак уште во првите фази и да го излечи телото од разни болести со помош на самите клетки од телото.rnrn2-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    6. Проектите за десоленизација ќе ја претворат водата од океаните во чиста вода за пиење

    rnПроцесот на употреба на жешки соларни фотонапонски ќелии за да се дестилира чиста вода од солена е веќе започнат во Кипар, Египет и Австралија. А плантажата во Карлсбад, Калифорнија се очекува да се појави онлајн уште оваа година.rnrn9-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    7. Дигиталните графити ќе го разрешат конфликтот помеѓу јавниот имот и уметноста

    rnКористејќи комбинација од дигитална уметност, фотографија и гео-тагирање, графитите можат да се најдат на секој ѕид. Некои апликации од овој вид технологија ви дозволуваат да користите одреден софтвер за да „цртате“ по ѕидовите. Други апликации дозволуваат да означите ѕидови со „скриени“ слики кои можат да се видат само преку паметен телефон или таблет.rnrn3-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    8. Паметната облека ќе се спои со високата мода

    rnПредноста на ваквиот гаџет е тоа што облеката од иднината изгледа сосема нормално и е пријатна за носење. Што ако вашите чорапи би можеле да го следат чукањето на срцето или да пресметаат колку калории сте согориле ? А вашите очила би можеле да го следат движењето на окото за да ви кажат дека е време да ги одморите очите? Или пак материјалот од облеката може да менува бои, па истата сукња да ја носите и на работа и за излегување? Одговорот на овие прашања наскоро пристигнува…rnrn10-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    9. Гео-инженерингот ќе го разбие создавањето на урагани и торнада и можеби дури ќе ја олади Земјата

    rnНаучниците се обидуваат да го контролираат времето уште од 60-тите години на минатиот век, кога почнаа да ставаат сребрен јодид во ураганите за да ги распарчат. Нивната потрага по материјали кои имаат моќ да ги уништат природните катастрофи сѐ уште не завршила и моменталните гео-инженери работат на сите природни катастрофи – урагани, торнада па дури и создавање на пороен дожд во местата зафатени од суша како и отстранување на ефектот на глобалното затоплување.rn

    11-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

    rn

    10. Квантната технологија ќе биде закон!

    rnШто е всушност таа: Основната единица на квантната технологија е кубитот – тој буквално се спротивставува на законите на физиката. Кубитот има можност да биде две нешта одеднаш. Исто така, во моментот кога се обидувате да сфатите како функционира – престанува да функционира. Она што со сигурност го знаеме е дека веќе постои квантен компјутер и тој е многу побрз и помоќен од сето она што моментално постои. Многу, многу помоќен и побрз.rnrn12-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mkrn

    11. Ховербордот е… ХОВЕРБОРД!!!

    rnНишто не асоцира на иднината како ховербордот кој конечно пристигна. Честито луѓе! Успеавме! Ова е иднината! Ние сме иднината!rnrn4-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk 5-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

  • Тест: Замислете јајце од некое животно и погледнете што кажува тоа за вашата иднина

    Тест: Замислете јајце од некое животно и погледнете што кажува тоа за вашата иднина

    Замислете дека има едно јајце на масата пред вас. Тоа јајце може да биде во каква било форма, боја, големина или врста. Го земате јајцето. Какво јајце е тоа?rnrntest-zamislete-jajce-od-nekoe-zhivotno-i-poglednete-shto-kazhuva-toa-za-vashata-idnina-kafepauza.mkrn

      rn011

    1. Јајце од змија
    2. rn011

    3. Јајце од желка
    4. rn011

    5. Јајце од диносаурус
    6. rn011

    7. Јајце од кокошка
    8. rn

    rnЈајцето е симбол на идните генерации и вашите деца. Јајцето кое го избравте има посебно значење и укажува на тоа какви деца сакате да имате или какви деца ќе имате.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]rn

    1. Јајце од змија

    rnЗмијата е симбол на мудроста и скриените богатства, работи кои сакате вашето дете да ги има пред сè. Бидете објективни и не заборавајте дека децата од вас првенствено очекуваат и бараат љубов.rn

    2. Јајце од желка

    rnЖелките насекаде се симбол за здравје и долг живот. Вие пред сè сакате вашите деца да бидат психички и физички здрави.rn

    3. Јајце од диносаурус

    rnОна што најмногу го сакате е вашите деца да израснат во уникатни личности. Вие не сакате тие да се вкалапат во училиштето, работата и воопшто во општеството. Оваа цел која сте ја поставиле е за пофалба, но запаметете дека на патот на израснувањето на вашите деца, првото нешто што тие ќе го направат е – побуна против вас.rn

    4. Јајце од кокошка

    rnВие немате големи соништа и амбиции за вашите деца. Вам ви е важно само тие да се среќни. Сигурноста и обичните задоволства се доволни за нормален живот.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • Доколку сакате да имате здрава љубовна врска, мора отворено да ги признаете овие 9 нешта

    Доколку сакате да имате здрава љубовна врска, мора отворено да ги признаете овие 9 нешта

    Кога ќе почнете да чувствувате дека вашата врска станува сериозна, постојат неколку нешта кои мора отворено да ги признаете и искрено да разговарате за нив. Особено кога станува збор за компатибилност, најмногу затоа што комуникацијата, отвореноста и довербата се темели на секоја здрава врска. Многу често паровите ги избегнуваат овие важни теми или пак, кријат одредени нешта кои понатаму во врската можат само негативно да влијаат. Токму затоа ако сакате вашата врска да биде здрава и долготрајна, погледнете ги овие 9 теми за кои мора искрено да разговарате…rnrnДоколку сакате да имате здрава љубовна врска, мора отворено да ги признаете овие 9 нештаrn

    1. Финансиски статус

    rnДали еден од вас двајца има долг? Дали сте одлични во штедењето или пак, многу трошите? Можеби овие прашања не се многу важни на почетокот на врската, но доколку работите помеѓу вас стануваат посериозни, тогаш потребно е да го поделите товарот.rn

    2. Ставови во однос на парите

    rnВие би требало знаете како вашиот партнер размислува во однос на штедењето и трошењето. Доколку еден ден живеете заедно, дали би сакале да имате заедничка сметка или да ги држите нештата одвоени? Доколку еден од вас заработува помалку пари, како тоа ќе влијае на другиот? Исто така имајќи ја на ум вашата финансиска состојба, треба да разговарате и за летувањето и/или зимувањето.rn

    3. Религиозност

    rnДали еден од вас се идентификува со одредена вера? Колку се силни вашите религиозни верувања? Доколку еден ден планирате да имате деца, дали сакате тие да растат на одреден начин? Можеби во моментов чувствувате дека кога станува збор за религија, љубовта нема граници. Но, и покрај тоа што таа навистина во ретки случаи е препрека, понекогаш добро е да знаете дали во иднина би имала потенцијал негативно да влијае врз вашата врска.rn

    4. Размислувања за деца

    rnПред вашата врска да стане премногу сериозна, вие би требало да разговарате за вашите планови за деца. Откако ќе размислите добро за вашиот став на оваа тема, прашајте го и партнерот што мисли. Доколку се согласувате, преминете на следниот чекор. Кои се вашите погледи во однос на родителството и родовите улоги? Дали некој од вас би се откажал од работата за да ги чува децата или пак, ќе најмите беби-ситерка?rn

    5. Посветеност на работата

    rnАмбиција, посветеност, финансиска стабилност… Можеби овие нешта ви звучат одлично кога сте сингл, но доколку сте „венчани“ за својата работа, тоа понекогаш може да попречи во односот со вашиот партнер. Откријте дали вие и/или личноста со која сте во врска сте способни паралелно да се посветите и на кариерата и на љубовта. Потребно е да знаете како да водите здрав баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот со цел да можете добро да функционирате заедно.rn

    6. Промена на местото на живеење

    rnДали ви се допаѓа животот во местото каде што сте сега или пак, можеби посакувате да се обидете да успеете на некое ново место? Колку сте отворени за можноста да се преселите? Од друга страна пак, доколку еден од вас ја добие работата од соништата во друга држава, дали вие заедно би оделе таму или во тој момент вашата врска ќе дојде до крај?rn

    7. Здравствени проблеми

    rnДали некој од вас има големи здравствени проблеми? Дали станува збор за нешто заразно или пак, нешто што директно влијае врз животниот век? Дали тие би можеле да имаат влијание и врз вашите идни деца? Сите овие прашања мора да се одговорат во што е можно порана фаза од врската со цел да избегнете непријатни изненадувања подоцна.rn

    8. Сексуален живот

    rnСексот е една од најголемите причини за караници во врските. Понекогаш дури и браковите се распаѓаат поради проблеми поврзани со него. Токму затоа многу е важно порано да откриете дали сте сексуално компатибилни и во однос на вашето либидо, но и во степените на „перверзност“ и потреби за задоволување.rn

    9. Социјални навики

    rnСпротивностите се привлекуваат, тоа никој не може да го негира. Но, понекогаш кога ќе се заљубат интроверт и екстроверт работите можат да функционираат многу потешко одошто тие на почетокот мислеле. Токму затоа многу е важно да внимавате на удобноста на вашиот партнер со цел да не дозволите различни социјални ситуации да доведат до оддалечување помеѓу вас.

  • Љубовен тест: Дали сте пар кој ќе остане засекогаш заедно?

    Љубовен тест: Дали сте пар кој ќе остане засекогаш заедно?

    Дали покрај вас се наоѓа вашиот совршен маж? Земете лист и пенкало, одговорете искрено на овие прашања и откријте дали сте во врска која има долга иднина…rnrnЉубовен тест: Дали сте пар кој ќе остане засекогаш заедно?rn

    1. Вие го поканувате на венчавката на вашата најдобра пријателка. Тој:

    rnа) Се согласува, но поголемиот дел од времето ѝ досаѓа на вашата пријателкаrnrnб) Ви помага дури и да изберете подарокrnrnв) Се согласува, но поголемиот дел од времето ѝ се додворува на невестатаrn

    2. Заболувате од грип баш во тој момент кога треба да одите на концерт за кој имате влезници за прв ред. Тој:

    rnа) Прво ви носи пилешка супа и потоа на концертот оди со неговата сестраrnrnб) Ги подарува влезниците на пријатели и доаѓа да се грижи за васrnrnв) Ви вели: „Се надевам дека не си ме заразила и мене“ и го снемува за неколку секундиrn

    3. Вашата стара мачка Бушавка починала. Тој:

    rnа) Ви носи цвеќе и урамена фотографија од Бушавкаrnrnб) Чека неколку недели и потоа ве носи во центар за напуштени животни за да го пронајдете вашето ново миленичеrnrnв) Ви ја претставува Бушавка, новото плишано маче кое тој ви го купилrn

    4. Вашиот бивш дечко неочекувано се појавува на вашата врата. Тој:

    rnа) Му покажува неколку боречки зафатиrnrnб) Го поканува да влезеrnrnв) Ве остава сами за средбата која долго сте ја очекувалеrn

    5. Поминале неколку денови откако тој последен пат ви се јавил. Вие:

    rnа) Му се јавувате во време кога знаете дека не е дома и потоа му пишувате порака да го известите за тоаrnrnб) Му се јавувате и го каните на вечера. Вие не сте една од оние девојки кои си играат игриrnrnв) Почнувате да излегувате на места каде што знаете дека тој често оди. Не би требало да ве избегнуваrn

    6. На една забава, ваш пријател снима со камера и одеднаш ја насочува кон вас и вашиот партнер. Тој:

    rnа) Непријатно му е. Ве прегрнува и помалку се смешкаrnrnб) Се приближува блиску до вас и се смееrnrnв) Вели: „Извини драга, ми сметаш.“rn

    7. Додека тој е на бизнис патување, вие:

    rnа) Наоѓате порака кај него на која пишува „Ми недостасуваш“rnrnб) Секоја вечер ви се јавува за да ви каже добра ноќrnrnв) Воопшто не се слушатеrn

    8. Пораките кои ви ги пишува започнуваат со:

    rnа) „Еј, мала“rnrnб) „Моја најдрага“rnrnв) Вашето имеrn

    9. За време на сексот ви излетуваат зборовите „Те сакам“. Тој:

    rnа) Ви одговара: „Тоа е убаво“rnrnб) Ви кажува: „И јас тебе“rnrnв) Се преправа дека не ве чулrn

    10. Додека се шетате низ парк, поминувате покрај пар со бебе. Тој:

    rnа) Изгледа многу разочарано кога сфаќа дека го хранат бебето со шишеrnrnб) Не кажува ништо, но цврсто ја притиснува вашата ракаrnrnв) Одеднаш одлетува во продавница по нова залиха презервативиrnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]rn

    Најмногу одговори под А

    rnИако оваа врска има потенцијал, вие не ги слушате свадбарските ѕвона. На љубовта ѝ треба време да се развие, па затоа е важно да бидете трпеливи и да уживате во запознавањето. Но, како да знаете дали тој е вистинскиот за вас и дека е вреден за трудот? Ако е отворен за разговор и покажува заинтересираност за доброто на вашата врска, тогаш има големи шанси дека сте со вистинскиот. Но, ако постојано се извлекува и не сака да разговара на овие теми, можеби тој и не е толку добар за вас. Најважно од сè, немојте да мислите дека можете да го промените.rn

    Најмногу одговори под Б

    rnВие сте пар од кој на сите околу вас им е смачено. Постојано се гушкате, се држите за рака… Вие сте постигнале вистинска љубов и двајцата се прифаќате онакви какви што навистина сте. Но, внимавајте и не брзајте со последниот чекор во вашата врска. Експертите препорачуваат да почекате од 6 месеци до 1 година пред да почнете да размислувате за свадба. Ќе бидете многу посигурни доколку си дозволите да најдете уште повеќе заеднички нешта.rn

    Најмногу одговори под В

    rnВие можеби сте заљубени во идејата за љубов и не сакате да се освестите за вистинската состојба, па токму затоа и живеете во заблуда. Но, факт е дека оваа врска сигурно се движи кон крајот. Вистинското прашање во моментов е зошто сте сè уште дел од неа? Престанете постојано да се обидувате да ја поправите оваа непоправлива врска и насочете ја вашата енергија кон подобрување на вашиот живот.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што може да направите во вашите 20-ти за животот да ви биде поубав во 30-тите?

    Што може да направите во вашите 20-ти за животот да ви биде поубав во 30-тите?

    Колку повеќе вложувате во себе на сметката на животот толку повеќе ви се исплаќа со текот на годините. Еве што може да направите во 20-тите години од вашиот живот за да живеете убав, исполнет и успешен живот во вашите 30-ти.rnrnШто може да направите во вашите 20-ти за животот да ви биде поубав во 30-тите?rn

    1. Најдете начин да вметнете физичка активност во секојдневието

    rnФакт: со тек на време нема да ви се намалат обврските, напротив, ќе биде обратно. Затоа, без да наоѓате изговори дека немате време, најдете начин да го вметнете вежбањето во секојдневието, или макар неколку пати неделно. Не само за да ги „скинете“ тие неколку килограми вишок, туку за да се чувствувате подобро, поздраво, поцврсто и да влезете во вашите 30-ти со повеќе самодоверба.rn

    2. Стекнете навика да пиете многу вода

    rnБидејќи пиењето вода во поголеми количини секојдневно прави чуда за вашата кожа, здравје и расположение. Едноставно е и не бара многу труд од вас, само пијте повеќе вода.rn

    3. Одржувајте ги врските со луѓето

    rnНаучете се да одржувате врски во сите можни сфери во животот, во пријателствата, работата, професионални и роднински врски. Луѓето ви се потребни, тоа е факт. Ќе ви бидат потребни контакти за помош или едноставно луѓе на кои можете да им верувате. Не прекинувајте ги врските со луѓето само поради тоа што веќе не работите заедно, на пример. Како што растеме сфаќаме колку се важни контактите кои ги остваруваме.rn

    4. Пробајте (колку и да ви е тешко) да не се грижите што другите мислат за вас

    rnСите знаеме дека не треба да се грижиме што другите мислат за нас, но никако не ни успева да не се грижиме воопшто. Почнете со мали чекори и пробајте да ја совладате оваа техника до 30-тите години од вашиот живот бидејќи ќе ве поштеди од многу главоболки. Луѓето ќе мислат што сакаат, вашата грижа не може да го поправи тоа, ниту пак да им го промени мислењето. Едноставно осврнете се кон оние кои ве сакаат и прифаќаат, живејте оригинално, давајте сè од себе и уживајте во тоа што го правите.rn

    5. Стекнете навика да читате весници секој ден

    rnДа, може и онлајн, само бидете информирани. Не само што ќе знаете за тековните случувања, туку и ќе добивате многу информации кои ќе ви послужат во секојдневието, ќе направат лесно да се вклопувате во друштво, да дискутирате, да формирате мислења и да научите нешто од општа култура. Не сме веќе мали и мора да бидеме информирани.rn

    6. Преземајте ризици

    rnНаучете да стискате заби и одвреме-навреме да преземете по некој голем ризик од кој ви се тресат коските. Дури и да не ви се исплати ќе знаете дека сте пробале и ќе знаете што да направите различно во иднина. Плус, сигурно ќе бидете горди на себе за собраната храброст. Запомнете, оној кој не ризикува можеби не губи, но не ни добива.rn

    7. Патувајте

    rnИскусувајте, создавајте спомени, учете нови нешта, посетувајте нови места. Иако ќе мора да штедите многу за да си го дозволите посакуваното патување, сторете го тоа. Подоцна во животот нема да ви биде криво што сте патувале многу, може само да ви биде криво што не сте патувале повеќе.rn

    8. Конечно, и овој пат вистински, научете се да се грижите за вашето здравје

    rnНикој не е вечно млад, а со негрижата за вашето здравје не си правите услуга. Внимавајте на исхраната, физичката активност, и конечно ставете го вашето здравје пред вашиот изглед. Не е толку важно да изгледате секси колку што е важно да ви биде топло.rn

    9. Грижете се за вашата кожа

    rnЗошто брчките да ви се појават порано? Навикнете се да не излегувате на сонце без крема за соодветна заштита.rn

    10. Помирете се со тоа дека нема сè да биде онака како што планирате

    rnОслободете се од притисокот и очекувањата. Животот е непредвидлив и никогаш не можете да го испланирате во чекор, колку и да се трудите. Колку побрзо го прифатите тоа толку подобро. Слободно планирајте и насочувајте се кон она што го сакате, но давајте си простор и знајте дека не секогаш излегува онака како што сте планирале. Можеби животот во вашите 30-ти нема да биде онака како што сега го замислувате – замислете, може да биде многу, многу подобар!rn

    11. Прекинете ги врските кои не ви одговараат

    rnНе сте принудени да бидете со некој/а кој/а не ве прави среќни. Подобро сторете го тоа во вашите 20-ти. Бидете одлучни за луѓето кои не се добри за вас. Заслужувате луѓе кои ве прават среќни и на кои во секое време може да се потпрете. Формирајте ваков круг.rn

    12. Научете да готвите

    rnИли омажете/оженете се со некој што знае. Домашната храна е поздрава, а и ќе ви заштеди некој денар.rn

    13. Земете си домашно милениче

    rnНаучете како вистински да се грижите за некого чиј живот целосно зависи од вас. Дарувајте му љубов искрено и безрезервно, што ќе ве подготви за родителството. Плус, вашето милениче секогаш со гаранција ќе ви го разубави и најлошиот ден.rn

    14. Научете да раководите со своите финансии како професионалец

    rnИако можеби не сте економисти по професија, станете махери за управување со вашите пари. Вложувајте внимателно, трошете паметно и штедете. Еден интересен трик е да замислите дека на располагање имате помала сума од вашата плата и да се држите до таа сума. Ќе ви биде мило кога на крајот на месецот ќе сфатите дека сте заштедиле некој денар.rn

    15. Конечно прекинете ја љубовната врска која нема иднина

    rnАко реално знаете дека вашата врска нема иднина, тој/таа заслужува да знае, а вие заслужувате да си заштедите време. Во вашите 30-ти ќе си бидете благодарни за оваа одлука.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува

    Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува

    Фокусирајте се на делот од дланката кој е под малиот прст и откријте на колку години ќе стапите во брак, дали ќе бидете среќни во вашата врска како и дали можеби нешто прекрасно ве очекува во брзо време…rnrn(1) Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекуваrn

    1. Во близина на линијата на срцето

    rnДоколку имате две или повеќе линии, одберете ја најдолгата. Тоа е знак за брак во раните години, можеби околу 20-тата.rn

    2. Во близина на основата на малиот прст

    rnИ покрај тоа што е знак за доцен брак, вие сигурно со тек на време ќе најдете добар партнер. Шансите за брак ќе дојдат помеѓу 35 и 50 години, па токму затоа не се откажувајте!rn

    3. Точно на средината помеѓу линијата на срцето и основата на домалиот прст

    rnНиту премногу рано, ниту премногу доцна, вие најверојатно ќе стапите во брак околу 30-тата година.rn

    4. Многу линии

    rnВие имате многу пријатели од спротивниот пол. Доколку постои една подолга линија помеѓу кратките, тогаш тоа е знак дека ќе имате среќа во бракот.rn

    5. Една многу долга линија

    rnВие ќе сакате некого со целото ваше срце. Вие сте благословени со долг и среќен брак.rn

    6. Ѕвезда допрена до линијата на бракот

    rnОва е знак дека наскоро нешто многу добро ќе ви се случи. Можеби ќе започнете со врска, ќе стапите во брак или пак ќе добиете дете. Исто така ќе се зголеми и заинтересираноста кон вас од спротивниот пол.rn

    7. Линијата оди нагоре

    rnТоа е знак дека вашите желби за брак се зголемуваат. Има големи шанси дека набрзо ќе го пронајдете вашиот идеален партнер или пак, доколку веќе сте во врска, со сигурност ќе имате среќен брак.rn

    8. Линијата оди надолу

    rnВие изгледа сте ја изгубиле својата жилавост поради работата или стресот, па токму затоа сега сте премногу внимателни при избирањето партнер. Доколку сте во брак, тоа може да е знак дека сопругот/сопругата собира незадоволство во себе, па можеби е време за отворен разговор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 теми на кои среќните парови редовно дискутираат

    9 теми на кои среќните парови редовно дискутираат

    Постои студија која вели дека паровите кои разговараат на важни теми се посреќни од оние кои прават „празни муабети“. Во ова истражување учествувале 79 студенти чии разговори биле снимани и анализирани. Разликата се состоела од разговори околу храната и времето и дискусии за образование, филозофија и религија. Субјектите кои најмногу уживаат во разговорите посветуваат само 10% на разговори поврзани со секојдневието, а оние кои најмалку уживаат во разговорите со партнерот 28% од нивното време го користат за „празни разговори“.rnrn0-9-temi-koi-sreknite-parovi-gi-diskutiraat-bez-strav-kafepauza.mkrnrnБидејќи студијата сѐ уште се води, истражувачите не можат да заклучат дали луѓето се среќни поради длабочината на разговорите кои ги остваруваат или разговараат на длабоки теми затоа што се среќни. Еленор Рузвелт рекла: „Големите луѓе дискутираат за идеи, а малите за луѓето околу нив“. Без разлика дали се длабоки или не, пронајдовме 9 теми на кои мислиме дека сите парови треба да дискутираат.rn

    1. Најсрамните моменти

    rnАко не можете да ги споделите вашите најсрамни моменти заедно со партнерот, тогаш со кого би ги споделиле?! Не се плашете да ѝ пристапите на темава и да се потсетите на сите глупости од вашите средношколски денови. А кога ќе ги споделите вашите, сигурно и вашиот партнер ќе се отвори на истата тема. Така уште повеќе ќе се запознаете и ако ништо друго, барем искрено ќе се насмевнете.rn

    2. Стравови и несигурности

    rnТоварот станува полесен кога го споделувате со најблиските. Разговарајте со партнерот за сето она што ве плаши. Што е тоа што сакате да го промените кај себе? Да, со тоа што се отворате станувате ранливи и ризикувате да ви судат, но исто така добивате шанса да бидете разбрани и да ви се укаже помош за проблемот со кој се соочувате.rn

    3. Политички ставови

    rnВо држава каде што политиката владее, важно е да ги знаете политичките ставови на вашиот партнер без разлика дали се согласувате со него/неа или не. Треба да имате можност да дискутирате за вашите лични ставови и мислења, а вашиот партнер да не го сфати тоа премногу лично. Тоа е во јадрото на секоја успешна врска.rnrn1-9-temi-koi-sreknite-parovi-gi-diskutiraat-bez-strav-kafepauza.mkrn

    4. Детство

    rnПрашајте го партнерот каков бил за време на детството. Дали лесно се спријателувал/а? Какви игри играл/а? Дали бил/а проблематично дете? Освен потсетувањето на најубавиот период од животот, можете да добиете значајни информации како тој/таа станал/а личноста која е денес.rn

    5. Минати врски

    rnЕдна од најглупавите и најтешките теми кои секоја врска мора да ги помине. Секако, мора да сте расчистиле со минатото и да сте спремни да ѝ пристапите на иднината. Исто така, добро е да го признаете вашето минато, затоа што поради него сте станале личноста која сте денес. Со доволно пракса, среќните парови знаат како да зборуваат за нивните минати врски без да го споредуваат сегашниот партнер со минатиот.rn

    6. Семеен живот

    rnКога го знаете односот на вашиот партнер со неговите/нејзините родители, ќе го дознаете и неговиот/нејзиниот став кон ова прашање. Ако планирате иднина со него/неа тогаш добро е да прашате како стои со неговото/нејзиното семејство бидејќи тоа е најдобриот показател за тоа што тој/таа мисли.rnrn2-9-temi-koi-sreknite-parovi-gi-diskutiraat-bez-strav-kafepauza.mkrn

    7. Моментални случувања

    rnОва не подразбира озборување, туку дискутирање за настани кои се случиле во светот и околу вас. Во време кога информациите се најмоќната валута на времето, скоро и невозможно е да не дознаеме што се случува надвор од нашето место на живеење. Освен што ќе водите значаен разговор, голема е веројатноста да научите нешто ново.rn

    8. Иднината

    rnМожеби и најстрашното нешто на листава и во животот воопшто. Сепак, разговорите поврзани со иднината се од голема важност за врската бидејќи така гледате дали сте на иста бранова должина со партнерот. Секако, не треба да вршите притисок и да разговарате само за брак и деца, туку да ги дознаете неговите/нејзините цели, соништа и аспирации кои ги водат во животот.rn

    9. Филмови и серии

    rnВо споредба со политика и личните афери, ваквата разонода изгледа прилично плитка, но дискусиите поврзани со филмови и серии спаѓаат во „категорија на длабоки теми“. Под услов тема на разговор да биде дејството и карактерот на ликовите, а не колку е згоден главниот лик.rnrn3-9-temi-koi-sreknite-parovi-gi-diskutiraat-bez-strav-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 знаци дека вашата девојка ќе биде добра мајка

    6 знаци дека вашата девојка ќе биде добра мајка

    Откако ќе поминат некое време во врска, мажите почнуваат да размислуваат за заедничка иднина со жената која ја сакаат и едно од најбитните прашања кое си го поставуваат е дали таа може да биде добра мајка за нивните деца. Експертите упатуваат на шест знаци кои треба да ги побарате кај неа за да знаете со каква потенцијална мајка сте во врска.rnrn6 знаци дека вашата девојка ќе биде добра мајкаrn

    1. Дали се интересира за деца?

    rnДевојките кои ќе се претворат во добри мајки уште пред да имаат деца искрено се интересираат за нив. Сакаат да си играат со децата на нивните браќа, сестри или пријатели и добро си поминуваат со нив. Тие можат да бидат забавни мајки за нивните деца.rn

    2. Дали знае да се поврзе со децата?

    rnТаа лесно се поврзува со дечињата. Иако не се нејзини, тие ѝ веруваат, слободни се со неа и лесно се поврзуваат. Ако тоа не се случува, идната мајка би можела да биде обесхрабрена во мајчинството.rn

    3. Дали е трпелива и сочуствителна со децата?

    rnПостоењето на самиот интерес за децата не е доволен за да се предвиди дека некоја девојка ќе биде добра мајка. Потребно е таа во односите со нив да покаже емпатија и да биде трпелива. Со овие особини нема да експлодира кога ќе го види својот двегодишен син како си игра со брашното на подот на кујната знаејќи дека треба да чисти иако е изморена. Во тој момент таа треба да покаже разбирање за начинот на кој размислува детето и да биде трпелива со него.rnrn6 знаци дека вашата девојка ќе биде добра мајкаrn

    4. Дали имате ист поглед во врска со начинот на одгледување деца?

    rnВо ред е ако имате одредени разидувања кои не се големи, но ако таа смета дека смее да го удри детето од „педагошки“ причини, тогаш сигурно треба да размислите дали сакате таа жена да биде мајка на вашето дете. Разликите, доколку постојат, треба да бидат такви што ќе ви овозможат постигнување компромис кога ќе решавате на кој начин ќе го наградувате или казнувате детето.rn

    5. Каков личен систем на вредности има таа?

    rnУбаво е ако е забавна, но морате да бидете сигурни и дека поседува морални вредности кои овозможуваат добро мајчинство. Потребно е таа да биде грижлива, а истовремено и да се обидува да воведе дисциплина и амбиција во животот на детето за да може тоа да успее понатаму.rn

    6. Дали е флексибилна?

    rnТаа ќе има одредени планови, но мора да биде флексибилна кога интересот на децата е во прашање. Децата понекогаш се разболуваат или им треба помош во врска со училишниот материјал, а таа, како и таткото, ќе мора да се приспособи на нивните потреби.

  • ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)

    ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)

    ТВ серија за човекот од иднината кој ќе се врати во сегашноста со цел да ја спречи чумата која го нападнала човештвото

    rnТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)Главни улоги: Арон Стенфорд, Аманда Шул, Ноа БинrnrnЖанр: авантура, драма, мистеријаrnrnКреатори: Тери Маталас, Тревис ФикетrnrnПремиера: 16 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКој може да го заборави легендарниот филм „12 мајмуни“ со Брус Вилис, Меделин Стоу и Бред Пит? Доколку ви се допаѓа приказната во филмот, тогаш со сигурност ќе бидете пресреќни кога ќе дознаете дека таа доби своја ТВ верзија. Овој пат улогата на Кол му припаѓа на Арон Стенфорд кој без сомнение добро се снаоѓа и покрај високите стандарди кои ги има поставено Брус Вилис. Секако, оваа верзија на 12-те мајмуни има промени и уникатни моменти кои ја разликуваат од филмот, но тоа не значи дека таа не е добра за вашето слободно време.rnrnТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)rnrnПриказната започнува со младата и успешна докторка Рејли (Аманда Шул) која држи говор во 2013 година. Таа на враќање кон дома, во својот автомобил ќе биде пресретната од страна на мистериозен човек, Кол, кој ќе тврди дека е од иднината. Тој од неа ќе побара да му ја открие локацијата на Лиланд Фрост, човек кој таа во моментот тврди дека не го познава. По сплет на околности, Кол ќе исчезне, а Рејли ќе остане сама, опколена со многу полицајци и без логично објаснување за она што се случи.rnrnТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys) ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)rnrnПо овој настан, приказната нè води две години подоцна, во 2015 година, кога Рејли повторно ќе се сретне со Кол, но сè уште нема да го познава човекот кој тој го бараше од неа. Со нивната средба откриваме и дека таа ја изгубила својата лиценца, бидејќи сите веруваат дека е луда. Впрочем, која образована личност би поверувала дека човек од иднината ја киднапирал и барал информации од неа кои би спречиле огромна чума во иднината?rnrnТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys) ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)rnrnОваа приказна навистина има потенцијал да ги освои малите екрани, но оставаме на времето да ни покаже дали креаторите добро ќе ја обработат и ќе ни ја овозможат потребната свежина со нови ликови и настани кои ќе ја издвојат од добро познатиот филм. Во секој случај, топло ви ја препорачуваме. Досега се излезени само неколку епизоди, кои лесно можат да се изгледаат и за само неколку часа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.