КАФЕ ПАУЗА

Tag: храброст

  • Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Сер Винстон Ленард Спенсер – Черчил бил британски политичар, најпознат по своето владеење во Велика Британија за време на Втората светска војна. Се смета за еден од најголемите лидери на векот. Покрај политиката тој бил познат и како оратор, офицер во Британската армија, историчар, писател и артист. Черчил е единствениот претседател кој има добиено Нобелова награда во областа на литературата. Еве еден мал дел од неговата колекција на цитати која ќе ве замисли, но истовремено и ќе ве насмее.rnrnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Никогаш, никогаш, никогаш не откажувајте се.“

    rn

    „Најдобрите нешта се едноставни и голем дел од нив можат да бидат изразени со еден збор: слобода, правда, чест, должност, милост, надеж…“

    rn

    „Храброст е она што е потребно за да станете и прозборите; храброст исто така е и она што ви треба за да седнете и слушате.“

    rn

    „Лагата ќе го помине целиот свет пред вистината да добие можност да си ги облече панталоните.“

    rn

    „Ние сме господари на некажаните зборови, но робови на оние кои ќе ни се испуштат.“

    rn

    „Песимистот гледа потешкотии во секоја нова можност, а оптимистот гледа нова можност во секоја потешкотија.“

    rn

    „Ставот е мало нешто кое прави голема разлика.“

    rn

    „Нека нашата предвремена загриженост премине во предвремено размислување и планирање.“

    rn

    „Постојан труд – не сила или интелигенција – е клучот за откривање на нашиот потенцијал.“

    rn

    „Има само една работа која е потешка од борење со сојузниците, тоа е да се борите без нив.“

    rnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Шегата е сериозна работа.“

    rn

    „Постојат 2 нешта кои се потешки од говор после вечера: да се качите на ѕид кој се навалува накај вас и да бакнете девојка која пробува да се тргне од вас.“

    rn

    „Вистината е непроменлива, злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај таа сепак е таму.“

    rn

    „Успех е одење од неуспех во неуспех без губење на ентузијазмот.“

    rn

    „Ако одите низ пеколот, продолжете да се движите.“

    rn

    „Сакам човек кој се потсмева додека се бори.“

    rn

    „Живееме според тоа што го добиваме, но го си го градиме животот според тоа што го даваме.“

    rn

    „Јадењето зборови никогаш не ми предизвикало лошо варење.“

    rn

    „Имате непријатели? Супер. Тоа значи дека некогаш сте се бореле за нешто во вашиот живот.“

    rn

    „Можеби сум пијан госпоѓо, но наредното утро ќе бидам трезен, а вие сè уште ќе бидете грда.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметноста на скијањето

    Уметноста на скијањето

    Секоја чест на светските шампиони во скијање, но сепак некои други се оние кои ги тестираат и поместуваат човечките граници. Скијачите кои практикуваат екстремно скијање се вистинските уметници на овој спорт. Во нивните потези се гледа техника, страст и многу храброст, а следното видео, кое е извонреден колаж од повеќе видеа, ги покажува на дело нивните неверојатни вештини. rnrnУметноста на скијањетоrnrnЕкстремните спортови се доволно возбудливи и само да се следат, па уживајте во следните пет и пол минути со подвизи придружени со одлична музика.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 16 вистини кои нè прават посилни

    16 вистини кои нè прават посилни

    Автор: Викиrn
    rn

    „Потребно е многу повеќе храброст да се откријат на виделина работите за кои не сме сигурни отколку што е потребно за да се скријат, повеќе сила за да се поврземе со луѓето одошто ни треба за да доминираме со нив, повеќе зрелост да се покоруваме на смислените начела отколку на слепиот рефлекс. Цврстината е во душата и во духот, а не во мускулите и во незрелиот ум.“rn- Алекс Карас

    rn16 вистини кои нè прават посилниrn

    1. Животот не е лесен

    rnНапорната работа ги прави луѓето среќни. Тоа е начинот на кој соништата се претвораат во реалност. Така што, почнувајте го секое утро подготвени да истрчате подалеку отколку што сте истрчале вчера и борете се пожестоко од порано.rn

    2. Понекогаш ќе доживеете неуспех

    rnКолку побрзо ќе го прифатите ова, толку побрзо ќе можете да продолжите со својата брилијантност. Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека нешто ќе функционира, но бидете 100% сигурни дека правењето ништо, никогаш нема да профункционира. Затоа, излезете надвор и направете нешто! Или ќе успеете или ќе научите вредна животна лекција. Во секој случај, добивате.rn

    3. Токму во овој момент, има многу нешта кои не ги знаете

    rnДенот кога ќе престанете да учите е денот кога престанувате живеете. Зграпчете ги новите информации, размислувајте за нив и искористете ги за да напредувате!rn

    4. Можеби нема да има утре

    rnБарем не за секого. Токму сега, некој на Земјата планира нешто за утре, без да размислува дека можеби денес ќе умре. Ова е тажна вистина. Затоа денес, потрошете го времето мудро и правете доволно долги паузи за да научите да го цените тоа.rn

    5. Има многу работи чија контрола не е во ваша моќ

    rnГубењето на вашето време, талентот и на емоционалната енергија, на работи кои се надвор од ваша контрола е рецепт за фрустрација, беда и стагнација. Инвестирајте ја вашата енергија во нешта врз кои можете да влијаете.rn

    6. Информацијата не е вистинско знаење

    rnЗнаењето доаѓа од искуството. Можете да разговарате за една работа 100 пати, но овие муабети ќе ви дадат само филозофско гледиште за неа. Мора да ја искусите работата за вистински да ја разберете.rn

    7. Не можете да бидете успешни без да дадете вредности

    rnНе трошете си го времето обидувајќи да станете успешни, трошете го на произведување вредности. Кога ќе бидете вредни за светот околу вас, тогаш сте и успешни.rn

    8. Некој друг секогаш ќе има повеќе од вас

    rnБез разлика дали тоа се пари, пријатели или магични топчиња што сте ги собирале, секогаш ќе има некој што ќе има повеќе од вас. Но запомнете, не се работи за тоа колку имате, се работи за тоа колку страст сте вложиле за да ги добиете тие работи. Уживајте во патувањето, не само во постигнатата цел.rn

    9. Не можете да го смените минатото

    rnКако што еднаш рекла Марија Робинсон: „Никој не може да се врати назад и да почне одново, но секој може да почне денес и да изгради нов крај.“ Вие не можете да го промените она што се случило, но можете да го промените начинот на кој ќе реагирате на тоа.rn

    10. Единствената личност која може да ве направи среќни сте вие

    rnКоренот на личната среќа доаѓа од нашата врска со себеси. Секако, други луѓе можат да имаат краткотрајни ефекти врз вашето расположение, но на крајот ништо не е поважно од тоа како вие се чувствувате однатре.rn

    11. Секогаш ќе има луѓе на кои не сте им драги

    rnНе можете да бидете сè на секого. Без разлика што се трудите да направите, секогаш ќе има некој друг кој ќе мисли поинаку. Затоа, сконцентрирајте се на тоа што сакате да го правите, бидејќи вашето срце секогаш е во право. Што другите мислат и велат за вас, не е важно. Она што е важно е како се чувствувате со самите себеси.rn

    12. Не секогаш ќе го имате тоа што го посакувате

    rnКако што вели Мик Џегер: „Не може секогаш да го добиете она што го сакате, но ако се обидете, понекогаш може да го најдете она што ви е потребно.“ Погледнете наоколу. Ценете ги работите кои ги поседувате во моментот. Многу луѓе не се толку среќни.rn

    13. Во животот, секогаш ќе го добивате она што ќе го вложите

    rnАко сакате да добиете љубов, тогаш пружете љубов. Ако сакате пријатели, однесувајте се како таков. Ако сакате пари, обезбедете вредност. Навистина е волку едноставно.rn

    14. Добрите пријатели ќе доаѓаат и ќе си одат

    rnМногу од вашите средношколски пријатели нема да бидат со вас и на факултет. Многу од вашите колеги од факултет нема да бидат дел од вашиот долгогодишен професионален живот. Многу од вашите колеги на работа нема да бидат тука кога со вашиот брачен другар ќе го носите второто дете на свет. Но, некои ќе бидат со вас во тие моменти. Тие пријатели, оние кои биле тука додека сте го поминувале сето тоа, тие се оние кои навистина се важни.rn

    15. Правењето истата работа секој ден го попречува созревањето

    rnАко го правите она што го правите, ќе продолжите да го добивате она што го добивате. Созревањето се случува кога ќе ги промените работите, кога ќе направите нови работи, кога ќе се протегнете надвор од вашата комфор зона.rn

    16. Никогаш нема да се чувствувате 100% подготвени за нешто ново

    rnНикој никогаш не се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави можност за нешто ново. Повеќето големи можности во животот нè тераат да созреваме надвор од нашата комфор зона, што значи дека нема да се чувствуваме сосема удобно или подготвени за тоа.rn

    И запомнете, обидувајќи се да бидете некој друг, ја губите личноста која навистина сте.rnСилата доаѓа од удобното чувство во сопствената кожа.

    rn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

    7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

    Марк Твен е роден во 1871 година, како Семјуел Ленгхорн Клеменс во Флорида, Мисури, САД. Тој бил писател и предавач. Го нарекуваат најголемиот американски хуморист на своето време. Ги напишал новелите „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“.rnrnТој има напишано одлични дела кои и денес ги читаат милиони луѓе. Исто така, неколку негови моќни цитати, и денес продолжуваат да живеат заради големата мудрост во нив. Марк Твен беше забавен, духовит и мудар човек. Следниве 7 цитати ќе ве вчудовидат, просветлат и ќе ве развеселат.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Сум поминал низ некои тешки работи во животот. Некои од нив всушност се случија.“

    rnВо животот премногу размислуваме за работи кои никогаш нема да се случат. Се грижиме и се плашиме за работи кои не се имаат случено и веројатно никогаш нема да се случат.rnrnНашите умови не се под наша контрола. Нашите глави се полни со негативни мисли кои немаат реална основа, дури и кога мислиме дека имаат.rnrnВозможно е да се елиминираат лошите мисли, преку методите како EFT (систем на лекување кој го намалува нивото на стрес, кој пак е основа за многу болести) и The Work (идентификување и испитување на мислите кои причинуваат страв, насилство, депресија, фрустрација и страдање). Не е лесно, но обидувањето вреди.rn

    „За 20 години, ќе бидете поразочарани за работите кои не сте ги направиле одошто од работите кои сте ги направиле. Затоа, фрлете ги јажињата. Отпловете далеку од сигурното пристаниште. Почувствувајте ги различните ветрови додека пловите. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.“

    rnСите сакаме да се чувствуваме сигурно. Но, најдобрите животни искуства се случуваат кога не мислиме на сигурноста и поаѓаме напред кон она што вистински го сакаме, без разлика дали притоа се чувствуваме сигурни или не.rnrnЧесто се бориме со ова животно правило. Се самоспречуваме да направиме некои работи зашто не сме сигурни како ќе излезат на крајот. Премногу се грижиме за нашата иднина.rn

    Во реалноста, не знаеме што ќе донесе иднината. Дури и да имате милиони евра во банка, може да ги изгубите за еден ден. Дури ни најздравиот човек на светот, не може да биде потполно сигурен за своето здравје

    rn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Кога луѓето ни покажуваат дека не нè почитуваат, тоа многу нè навредува. Сепак, длабоко во своето срце, ниеден човек не се почитува доволно себеси.“

    rnЗамислете ситуација кога нешто лошо ви се случило. Можеби некој ве навредил или направил нешто со што вие не сте се согласувале. Колку често си го враќате филмот во главата откако сè ќе заврши? Со повторувањето на лошите мисли во главата, си покажуваме на самите себе дека не се почитуваме, што пак, прави да се чувствуваме и однесуваме лошо, кон себеси и кон другите.rn

    „Тајната на постигнувањето повеќе е во тоа дека треба да започнете. Тајната на започнувањето е во кршење на комплексните неиздржливи задачи на мали изводливи задачи и потоа, почнување со првата.“

    rnТрагањето по сопствените соништа може да делува како неиздржлива задача, но тоа е бидејќи се обидувате да визуелизирате нешто во главата што не може да се визуелизира.rnrnТвен е во право кога зборува за делење на работите на помали делчиња. Ова помага бидејќи можете да имате слика во главата за тоа како треба да изгледа крајниот резултат. Наместо да размислувате: „Треба да започнам некој онлајн бизнис“, почнете со: „Мора да отворам блог“. Ако сакате да одите по одреден пат, скршете ја сложената слика на делови. Упростете ја.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Кога сте лути, бројте до 4. Кога сте многу лути, пцујте.“

    rnДобар и смешен цитат. Всушност, овие кратки реченици носат порака дека не треба да се донесуваат одлуки во лутина. Луѓето не се однесуваат нормално кога се лути. Им се истураат на другите и уште повеќе ги влошуваат работите во својот живот.rnrnСледниот пат кога ќе се вознемирите, пробајте да изборите до 4 или уште подобро, нека биде до 10. Смирете се и преспијте го донесувањето на одлуката.rn

    „Не велете дека светот ви го должи животот. Не ви должи ништо, тој бил создаден пред вас.“

    rnСте се чувствувале некогаш дека заслужувате нешто, а не сте го добиле тоа? Сигурно да, на сите ни се случува тоа. Оваа мисла не влијае добро. Ве држи заглавени во едно место, наместо да ве ослободи да се движите напред. Што ако сите работи не се случуваат совршено, како што би требало да се случат? Прилагодете се и продолжете да чекорите по животниот пат.rnrnКојзнае… можеби негативниот исход од нешто не бил толку негативен. Често работите се случуваат со причина, па она што ви се чинело негативно, може да има навистина позитивен пресврт.rn

    „Храброста е отпор кон стравот, но надвладување на стравот, а не негово непостоење.

    rnУспешните луѓе не се бестрашни. Никој не е. Лесно е да верувате дека ако се ослободите од вашите стравови, сè ќе биде во ред, но тоа е само изговор за да не започнете со нешто ново. Секогаш ќе чувствувате малку страв кога ќе запливувате во непознатото. Но, не дозволувајте тоа да ве спречи. Напротив, искористете го како гориво за да ве одржи во движење.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrnrnГи прочитавте животните лекции од Алберт Ајнштајн?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екстремно нуркање под мраз

    Екстремно нуркање под мраз

    Автор: Марија СмокварскаrnrnОвој тип на нуркање е специфичен и екстремен заради замрзнатата покривка над главите на нуркачите кои треба да знаат да ја заобиколат за да излезат на воздух. Ова ја прави возбудата поголема, но истовремено и ризикот.Екстремно нуркање под мразПоради условите во кои се одвива (претерано ниска температура на водата и само еден влез и излез), за него е потребна специјална обука која се разликува од онаа која му претходни на класичното нуркање. Таа вклучува добивање податоци за формирањето на мразот, препознавање на тенок мраз, барање на соодветна опрема и сл. Нуркачите, пред да влезат во водата под мразот, на себе ставаат специјални појаси во функција на изолатори од студената вода, а за нив се прикачени големи сајли кои се прикрепени за надворешната површина. Нуркањето под мраз е тимска игра која не само што бара дисциплина, туку и голема храброст.Екстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мразЕкстремно нуркање под мраз

  • Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Автор: Андријана АндоваrnrnФилм за себепронаоѓањето, за храброста да се направи промена, за потрагата по мир и задоволство, за среќата, прво сам со себе, а потоа со другите…rnrnЈади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Режија: Рајан МарфиrnrnГлавни улоги: Џулија Робертс, Хавиер Бардем, Ричард Џенкис, Џејмс ФранкоrnrnЖанр: драма, романсаrnrnВреметраење: 133 минутиrnrnПремиера: 13 август 2010rnrnЈазик: англиски, италијанскиrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnБазиран на книгата од Елизабет Гилберт „Јади, моли се и уживај“rnrn


    rnrnРетки се оние самозадоволни проклети среќници кои нема да се пронајдат барем малку во овој филм, кои нема да размислат за некоја животна одлука и каде таа ги однела. Оние што нема да запрат ниту за секунда и да се запрашаат дали се задоволни со својот живот, дали е време за промени и дали воопшто имаат храброст да ги направат тие промени… Иако ова се работи кои ќе ги заскокоткаат мозочните бразди на повеќето гледачи и може да се обработат на 1001 начин, искрено, приказната во „Јади, моли се и уживај“ е малку лесна, лимонадеста, лесно сварлива. Особено што овој филм го носи проклетството на речиси секое кинематографско парче базирано врз книга – едноставно книгата секогаш, ама секогаш е подобра.rn


    rn
    rn

    rnrnПриказна: Лиз Гилберт е во навидум среќен брак, со добра работа, убава куќа и на чекор пред одлуката дали да роди дете. Но, под таа розова фасада, Лиз пополека се распаѓа. Низ годините се изгубила самата себе и станала, не она што е, туку она што се очекувало од неа. Таа одлучува да остави сè зад себе и да тргне на патешествието на себепронаоѓањето – во Италија за да го закрепне телото, во Индија душата, во Бали за да најде… љубов. На својот пат Лиз сретнува луѓе кои на различен начин ја инспирираат и ја поттурнуваат поблиску до целта.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кинематографија: Уште кога споменавме дека филмот се одвива во Италија, Индија и во Бали, не може сцените да не се живописни, интересни за гледање. Но, една од забелешките е што од овие три земји ни е сервирано само она што сакаме да го видиме (клишето, стереотипот) – па, така, од Италија имаме фонтани и млади на веспи, од Индија луѓе на рикши и оние што просат, а во Бали само природа и природа. Сепак, овој филм колку и да е лесен „за варење“ нема да ве засити веднаш и да ве натера да заспиете, а една од причините е што токму кога ќе почнете да „паѓате“, приказната се сели на ново место, па ќе си речете: чекај да видам што ќе се случи.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кога и како да го гледате? Ве „измасирале“ на работа, сте имале екстра-напорен и нервозен ден и вечерта сакате да се отпуштите со филмче – ова дефинитивно е вашиот избор. Приказната нè поттикнува да мислиме дека во секој од нас стои силата за промени, но, од друга страна, нема толку да ве преоптовари и да ве остави без сон. Oва е дефинитивно женски филм. Наша препорака е да го гледате или сами или во женско друштво бидејќи доколку сте со вашето момче, можеби во знак на одмазда, следната недела ќе се најдете на најновиот филм на Силвестар Сталоне.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Слични филмови: „Сексот и градот 2“ (Sex and the City 2), „Писма за Џулиет“ (Letters to Juliet), „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You), „Ерин Брокович“ (Erin Brockovich)rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.