КАФЕ ПАУЗА

Tag: храброст

  • Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите

    Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите

    И покрај тоа што најчесто лулашките се наоѓаат на игралиште и ги користат децата, овој пат станува збор за застрашувачка авантура наречена „лулашка на крајот од светот“. Таа е наменета само за најхрабрите и за оние кои би го прифатиле ризикот дека можат да паднат од работ на ридот додека се лулаат високо во воздухот. Таа се наоѓа во Банос, Еквадор во „La Casa del Árbol“ (Куќата на дрво) каде што ги пречекува туристите на височина од 2.660 метри.rnrnЛулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабритеrnrnОние кои одлучуваат да се лулаат имаат неверојатна можност да ги видат околните пејзажи од уникатна перспектива, која вклучува и поглед на вулканот Тунгурауа. Оваа активност предизвикува сериозен излив на адреналин, не само поради висината на која се наоѓате, туку и поради фактот што конструкцијата на самата лулалшка изгледа како да не е ништо повеќе од обична дрвена штица закачена со две јажиња за метална шипка.rnrnШто мислите, дали вие би имале храброст да се лулате над оваа огромна бездна?rnrn

    rnrnЛулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да си ја вратите својата внатрешна сила?

    Како да си ја вратите својата внатрешна сила?

    Поминувате низ период кога се чувствувате целосно исцрпено и без волја? Мислите дека не сте способни да се справите со некоја ситуација и вербата дека поседувате способност да излезете на крај со што било, згаснала во вас? Тоа е само период кој треба да го пребродите. Ова се 6 работи кои ќе ви помогнат повторно да се чувствувате храбри и да ја победите несигурноста.rnrnКако да си ја вратите својата внатрешна сила?rn

    Погледнете во минатото

    rnВо период кога сте изгубиле волја и верба во себе многу полесно би набројале многу работи кои некогаш ви тргнале наопаку или многу нешта за кои мислите дека не ве бива. Но најдете начин да се потсетите на сите оние работи кои сте ги направиле правилно, сетете се на некој период кога сте биле горди на себе, кога сте успеале иако никој не го очекувал тоа од вас, на тежок период кој сте го пребродиле како вистински херои.rnrnТоа може да биде финансиска криза од минатото, загубата на некој близок, раѓањето на вашето дете, губењето на вашето работно место… Сте пребродиле и потешки периоди извлекувајќи „жива глава“. Кој ви вели дека сега не сте толку силни?rn

    Не губете верба

    rnВерба, надеж, љубов. Што би биле без овие три основни чувства? Потпрете се на вашата верба во религијата или во општата верба дека нештата се случуваат со причина која најверојатно ќе ви биде јасна на крај.rnrnОна што нема да ве убие ве прави посилни. Тешките периоди во животот ни служат за да зајакнеме како личности, да стекнеме искуство и сила. Нештата на крај ќе си дојдат на свое место. Не преоптоварувајте се бидејќи тоа што имате лош период не значи дека имате лош живот.rnrnСè ќе биде во ред. На крај ќе испадне и подобро отколку што сте очекувале.rnrnКако да си ја вратите својата внатрешна сила?rn

    Престанете да се споредувате со другите

    rnЧесто знаеме да се поистоветуваме со нечиј друг живот, да се споредуваме со личност која според нас подобро се снаоѓа во животот. Споредувајќи се со некого, уште повеќе се уверувате себеси дека не сте ни малку совршени.rnrnУспехот во животот зависи од внатрешната сила на еден човек, а внатрешната сила зависи од самиот човек, а не од некој друг со кого би се споредувал. Да, постојат личности кои полесно ќе излезат на крај со некаква ситуација од вас. Не заборавајте дека важи и обратното. Постојат многу ситуации во кои вие би биле подобри од нив. На крајот на краиштата никој не може со сигурност да каже како му е на некој друг.rnrnНе мерете си ги сопствените способности споредувајќи се со некој друг. Сите сме различни, живееме во различни средини со различни услови и искуства. Како некој друг се снаоѓа или што тој прави не е мерка за вашата способност и квалитет, туку е само различна ситуација од вашата.rnrnКако да си ја вратите својата внатрешна сила?rn

    Кои се вашите силни страни?

    rnДа, имате негативности, но што е тоа што можете да го направите до совршенство? Можеби сте лоши во комуникација со личности кои прв пат ги среќавате, но дали умеете да сослушате и да дадете добар совет? Сите ние сме различни личности со свои предности и маани. А на светот му е потребна таа разноликост. Доколку ви помага, слободно напишете ги вашите добри страни на лист хартија. Кога ќе подзаборавите на нив, погледнете во листата со позитивности.rn

    Соочете се со вашиот страв

    rnНајдобар начин да се справите со нешто кое ве плаши е директно да се соочите со тоа. Имате страв од јавен говор? Пријавете се за некаков облик на јавно излагање. Се плашите од тешкотијата и обемноста на некој проект? Пријавете се да го изработите или барем да помогнете во изработката. Ништо не е невозможно. Можеби ќе ви треба повеќе време или труд но не значи дека нема да го направите. Кога сè ќе заврши ќе бидете горди на себе бидејќи сте се соочиле со стравот и ќе видите дека не било толку опасно. Дури и да не биде сè совршено на почетокот, веќе имате искуство и знаете како понатака.rnrnЗапаметете, многумина ја „утнале“ работата пред да ја изработат до перфекција. Нема некој кој не се плаши од нешто, но работата е да умеете да се соочите со вашите стравови и да ги направите да изгледаат помали.rnrnКако да си ја вратите својата внатрешна сила?rn

    Листа со нештата кои ви штетат

    rnНаправете листа со работи кои ви штетат на каков било начин, ментално или физички. Почнете со нештата во вашата соба. Дали имате навика да оставате храна на бирото или да спиете со вклучен телевизор? Запишете го тоа. Продолжете фокусирајќи се на целото ваше живеалиште, па на работното место, кругот на пријатели и сл. Дали останувате до доцна гледајќи филмови што ви прави потешкотии за да се разбудите порано и да ги завршите обврските? Дали имате навика да бегате од вашите обврски? Дали имате „штетни“ и негативни пријатели кои ве уназадуваат?rnrnОд ден на ден погледнувајќи го списокот фокусирајте се на нештата кои треба да ги оттргнете, исфрлите од вашиот живот или на областите во кои треба да се подобрите. Како што ќе се подобрувате пречкртувајте ја секоја точка во листата. По секое пречкртување ќе се ослободувате себеси и ќе чувствувате дека сте сè поблиску до зајакнување и успех.rn

    Одберете да бидете победници наместо губитници

    rnВо животот многу работи зависат од нас. Секој е задолжен за сопствената благосостојба. Вие самите одбирате дали ќе станете порано и дали ќе ги завршите предвидените обврски. Вие одлучувате дали ќе продолжите да се борите или ќе се предадете. Вие одлучувате дали ќе се стремите кон подобрување или ќе кренете раце од себе префрлајќи ја вината на некој друг.rnrnВие одлучете да бидете победници. Да се оддалечите од луѓето кои ви штетат, да ги исфрлите нештата кои влијаат негативно на вас, да промените многу лоши навики кои ги имате.rnrnСекој живее според дадени услови и нигде не е сјајно, дури и ако навидум ви изгледа така. Ваша задача е според условите кои ги имате да бидете најдобри што можете и да ги срушите бариерите. Одберете да бидете што подобра верзија од себеси.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најоткачениот начин да дадете отказ

    Најоткачениот начин да дадете отказ

    Ако веќе сте решени да си дадете отказ, а немате идеја како да го сторите тоа, 25-годишната девојка Марина Шифрин може да ви даде одлична, креативна инспирација. Како резултат на незадоволството од нејзиното двегодишно работење во Тајван, Марина решила да сними откачено видео, за сликовито да му долови на нејзиниот шеф зошто си оди. Таа планира да се врати во САД за да пронајде работа во фирма која ќе ги цени нејзините способности и која се грижи за своите вработени. Најоткачениот начин да дадете отказЅирнете за што станува збор. Девојкава ќе ви го направи денот! :)rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто е најдобро да ја признаете вашата љубов

    10 причини зошто е најдобро да ја признаете вашата љубов

    Веќе некое време сте во недоумица дали да ги признаете вашите чувства пред одредена личност. Можеби сте веќе заедно или би сакале да бидете во иднина, во секој случај доколку чувствувате љубов треба да ја искажете. Ова се 10 причини зошто треба веднаш да прекинете со премолчување на вашите чувства.rnrn10 причини зошто е најдобро да ја признаете вашата љубовrnrn1. Затоа што личноста ќе знае дека некому многу му значи, а тоа секогаш е благородно чувство.rnrn2. Нема потреба да се плашите од тоа што сакате некого. Секогаш е убаво да бидеш сакан, но потребна е храброст за да љубиш.rnrn3. Најлошото нешто што може да ви се случи е личноста да каже дека не го чувствува истото. Па што? Подобро тоа отколку да си речете дека никогаш не сте пробале.rnrn4. Тој/таа ќе ве цени поради вашата искреност и отвореност.rnrn5. Можеби личноста чека на вас. Доколку и вие чекате другата страна да го преземе првиот чекор, може и двајцата никогаш да не соберете храброст.rnrn6. Девојки, заборавете на непишаното правило дека треба да чекате момците да го направат првиот чекор. Момци, тоа што ќе ја признаете вашата љубов, не ве прави „папучари“ туку храбри.rnrn7. Затоа што со тие едноставни два збора изразувате голема благодарност за сè што личноста прави за вас и сè што таа претставува.rnrn8. Бидејќи неизвесноста кога не знаеш дали те сака е едноставно неподнослива. Скратете му/ѝ ги маките и отворете ги картите.rnrn9. Затоа што со изјавувањето љубов може да ставите крај на караниците или на нестабилниот однос кои траат веќе со денови.rnrn10. Ако некој прави да се чувствувате среќно и исполнето, заслужува да го знае тоа.

  • Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музика

    Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музика

    Џејмс Блант, роден на 22 февруари 1974, е британски пејач, текстописец и поранешен офицер на британската армија. Неговиот татко бил член на британската воздушна армија, така што Џејмс добива лиценца за пилот уште на 16-годишна воздраст. Неговото семејство е познато по долгата традиција на армиски службеници, која датира уште од 10-иот век.Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музикаМузиката на Блант е доказ дека само најхрабрите мажи умеат да ја соголат својата душа покажувајќи ги најсветите чувства во себе. Неговите стихови се пример за тоа како треба да се сака една жена, имаат една карактеристична длабочина во себе и умеат вистински да ја опишат љубовта и загубата, така реално што допираат длабоко во срцето и просто го разнежнуваат секој дел од телото и душата.Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музикаВо 1999, Блант служел како разузнавачки офицер на НАТО во Косово. Најпрво требало да дава изјави за случувањата на македонско-југословенската граница, за подоцна да биде изнесен на борбен терен. Заедно со 30.000 припадници на мировните сили го обезбедувал меѓународниот аеродром во Приштина, но руската единица веќе ја имала контролата над аеродромот, така што му било наредено да ги нападне русите, наредба која Блант одбил да ја изврши. Со тоа спречил многу голем инцидент, а според многумина тој на некој начин спречил нешто што можело да прерасне во Трета светска војна. За време на своите задолженија, Блант ја имал со себе својата гитара, забавувајќи ги другите припадници на мировните сили, како и локалните жители.

    rnПо 6-годишната служба во армијата, Блант активно се посветува на својата музичка кариера. Во својот прв студиски албум Back to Bedlam, ги претставува хитовите You’re beautiful и Goodbye my lover, кои му носат голема слава. Со продадени над 18 милиони копии, овој албум е прогласен за најпродаван во 2000 година во Британија. Има освоено многу музички награди, меѓу кои 2 британски награди, најдобар видео-запис на Ем-Ти-Ви музичките награди, а во 2006 е номиниран за 5 греми награди.rn

    rnВо 2007 го издава својот втор албум, насловен како All the Lost Souls, кој ги содржи хитовите Carry you home, 1973, Annie, Same mistake и други.rn

    rnSome kind of trouble е насловот на неговиот албум од 2010, од кој само во првата седмица беа продадени 100.000 копии. Некои од хитовите од овој албум се: Stay the night, So far gone, I’ll be your man.rnrnМислите дека не сте романтични? Ве предизвикувам да ја преслушате неговата музика, па самите на крај донесете свој заклучок.rn

    rn rn

    Ми го допре срцето, ми ја допре душатаrnrnМи го промени животот и сите мои плановиrnrnЉубовта е слепа и тоа го знаев кога,rnrnМоето срце беше заслепено од тебеrnrnТи ги бакнав усните и те држев за ракаrnrnГи делев твоите соништа и твојата постелаrnrnТе познавам добро, го знам твојот мирисrnrnБев зависен од тебе…

    rn rn

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малиот принц – фотосесија на соништата

    Малиот принц – фотосесија на соништата

    Секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно храбри или силни за да ги остварите сопствените соништа, само погледнете ги овие фотографии и сигурно нема да си дозволите да се откажете. „Малиот принц“ е фотосесија која ќе ви го стопли срцето и истовремено ќе ве потсети на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат луѓето ширум светот.Малиот принц - фотосесија на соништатаНа сликите е прикажан малиот Лукас кој има 12 години и страда од мускулна дистрофија. Суровата болест не му дозволува да биде активен како сите други момчиња на негова возраст и за жал го лишува од едноставните, но убави искуства и спомени. Токму поради тоа, словенскиот психолог и фотограф Матеј Пељхан се решил барем за кратко да ги оствари соништата на малиот Лукас, и тоа на многу креативен начин.Малиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништатаБлагодарение на имагинацијата, Лукас може да нурка, да вози скејтборд, да игра кошарка и барем за кратко да биде обично 12-годишно момче. Матеј веќе подолго време е посветен на работа со деца со посебни потреби, а особено е добар во својата работа благодарение на сопственото животно искуство. Всушност самиот ја изгубил раката и едното око во несреќа кога бил дете и токму поради тешката рехабилитација може полесно да се поврзе со децата кои поминуваат низ истото.Малиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

    30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

    „Вчера е историја, утре е мистерија, а денес е подарок кој го нарекуваме сегашност.“ – Бил Кејн.

    rn30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕrnrn1. Кога ќе се разбудите во нов ден, БИДЕТЕ благодарни што добивате нова шанса.rnrn2. Кога другите си поминуваат по полесниот пат, вие БИДЕТЕ оние што ќе одат по вистинскиот.rnrn3. Кога нешто мора да се направи, БИДЕТЕ проактивни.rnrn4. Кога ќе ви се појават повеќе прилики, БИДЕТЕ решителни кон она што ви е приоритетно.rnrn5. Кога ви е важно да успеете во нешто, БИДЕТЕ отворени за тоа и настојувајте да успеете.rnrn6. Кога вашата работа ви создава притисок, БИДЕТЕ загрижени само за вашиот следен мал чекор.rnrn7. Кога сте загрижени, БИДЕТЕ фокусирани на она што можете да го контролирате.rnrn8. Кога ќе ви се појават вистински проблеми, БИДЕТЕ спремни однапред да ги дочекате.rnrn9. Кога се прават грешки, БИДЕТЕ ОК со нив и учете од нив.rnrn10. Кога имате нешто да кажете, БИДЕТЕ подготвени да го кажете тоа што го мислите.rnrn11. Кога нешто што е направено во минатото сè уште не функционира, БИДЕТЕ вие промената која треба да се случи за тоа да се промени.rnrn12. Кога другите имаат поинакво мислење, БИДЕТЕ отворени за нови идеи.rnrn13. Кога сомнеж го јаде вашиот мозок, БИДЕТЕ сигурни во своите способности.rnrn14. Кога другите инсистираат работите да се направат на одреден начин, БИДЕТЕ оние кои ќе ја следат својата интуиција.rnrn15. Кога сте тажни, БИДЕТЕ доволно храбри да се смеете и без разлика на тоа.rnrn16. Кога чувствувате дека се натрупувате со стрес, само паузирајте за момент, БИДЕТЕ вие и дишете.rnrn17. Кога ќе се случи нешто неочекувано, БИДЕТЕ флексибилни и прилагодливи.rnrn18. Кога нешто нема логика, БИДЕТЕ скептични, барајте докази и поставувајте прашања.rnrn19. Кога некој ќе ве повреди, БИДЕТЕ желни да простите и да сакате повторно.rnrn20. Кога во врската сте постојано повредувани, БИДЕТЕ желни да ја оставите зад себе и да ја рефокусирате љубовта и почитта кон себе.rnrn21. Кога некој има нешто што вие го сакате, БИДЕТЕ среќни за него.rnrn22. Кога сите се натпреваруваат, БИДЕТЕ си вие сами на себе конкуренција – победете ги сопствените рекорди.rnrn23. Кога сте присилени да БИДЕТЕ некој што не сте, само бидете тоа што сте.rnrn24. Кога не сте сигурни што имате да понудите, БИДЕТЕ искрени и понудете ја вашата искреност.rnrn25. Кога ќе наидете на непознат на улица, БИДЕТЕ причина за неговата насмевка.rnrn26. Кога се чувствувате дека сте го освоиле светот, БИДЕТЕ рацете кои ќе ги повлечат и останатите нагоре.rnrn27. Кога на некој кој ви е близок сте му потребни, БИДЕТЕ таму без прашања и колебање.rnrn28. Кога некого вистински сакате, БИДЕТЕ полни со љубов, и преку зборови и преку дела.rnrn29. Кога е време за одмор со вашето семејство, заборавете на сè друго и БИДЕТЕ целосно присутни во моментот.rnrn30. Кога денот конечно ќе заврши, БИДЕТЕ спокојни знаејќи дека сте дале сè од себе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 карактеристики на храбрите луѓе

    6 карактеристики на храбрите луѓе

    Уште од мали сме бомбардирани со примери за храбри луѓе од кои треба да учиме за да бидеме почитувани. Од борбата на Давид против Голијат, преку холивудските суперхерои од типот на Супермен или Рамбо, па сè до бестрашните возачи од „Брзи и бесни“ и девојките кои „имаат храброст“ да се сликаат голи, на располагање имаме мал милион примери за храброста.rnrn6 карактеристики на храбрите луѓеrnrnСепак, таа не може да се врзува само со физичката сила. Постојат и луѓе како Нелсон Мандела, Пауло Коелјо или Стив Џобс кои биле доволно храбри да преземат одредени ризици со цел да го следат својот сон и да ги одбранат идеите во кои веруваат. Ова се шест карактеристки кои се заеднички за нив и за нивниот начин на однесување во моментите на тешки предизвици.rnrn

    Чувствуваат страв, но сепак дејствуваат


    rn

    „Научив дека храброста не значи отсуство на страв, туку победа над него. Храбар човек не е оној кој не чувствува страв, туку оној кој го совладува.“ – Нелсон Мандела

    rnСтравот е сосема природна работа. Самиот ризик дека човек може нешто да загуби неизбежно доведува до страв. Храбрите луѓе се издвојуваат во таквите ситуации со тоа што одлучуваат да се соочат со него и да дејствуваат во насока на остварување на своите цели.rnrn

    Го следат своето срце


    rn

    „И најважно од сè, имај храброст и следи ги срцето и интуицијата. Тие некако веќе сфатиле што навистина сакаш да бидеш.“ – Стив Џобс

    rnПрепораката да се следат срцето и интуицијата може да звучи како излитена фраза, но е подеднакво применлива како и порано. Во моментите кога општеството наметнува одредени стандарди кои можеме, но не мораме да ги прифатиме, важно е човек да погледне во својата душа за да види што навистина сака. А, за тоа треба храброст.rnrn6 карактеристики на храбрите луѓеrn

    Упорни се и кога не им оди


    rn

    „Херојот не е похрабар од просечниот човек, но е храбар пет минути подолго.“ – Ралф Валдо Емерсон

    rnОткако неколку пати по ред нема да успеат во остварување на некоја цел, луѓето се полнат со страв дека по секој нареден обид ги чека истиот поразителен крај. Вистински храбрите луѓе во такви моменти продолжуваат да се обидуваат, го следат срцето и дејствуваат иако се плашат. Кога–тогаш успеваат да постигнат нешто, благодарение на својата храброст.rnrn

    Цврсто се држат до своите вредности


    rn

    „Гневот е увертира кон храброста.“ – Ерик Хофер

    rnСеедно што мисли мнозинството, храброста подразбира одбрана на своите вредности и ставови. Не може да стане збор за храбро однесување ако еден човек се потчинува на одреден авторитет или ако слепо се бунтува против него. Неопходно е да се има сопствен став за тоа што е исправно и тоа да се брани кога ќе се појави потреба.rnrn6 карактеристики на храбрите луѓеrn

    Се стремат кон проширување на своите погледи


    rn

    „Животот се собира и се шири пропорционално со храброста.“ – Анаис Нин

    rnПреиспитувањето на ставовите за животот е неопходност која им е достапна само на храбрите. Тие не се плашат да се соочат со себе и да си ги согледаат своите недостатоци. На крајот, од тоа излегуваат како победници и како подобри луѓе.rnrn

    Достоинствено се соочуваат со страдањето


    rn

    „Нема потреба да се срамите од солзите, затоа што тие сведочат за најголемата храброст, храброста да се страда.“ – Виктор Франкл

    rnСтрадањето е неизбежен дел од животот. Многумина се обидуваат да го избегнат дури и по цена да пропуштат многу убави моменти. За разлика од нив, храбрите ризикуваат, а кога нема да успеат, не се срамат од неуспехот. Го прифаќаат достоинствено, го признаваат без срам и со верба дека следниот пат ќе биде подобро.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чекорење по работ на „CN Tower“ во Торонто

    Чекорење по работ на „CN Tower“ во Торонто

    Најновата екстремна активност во Торонто, Канада е наречена Edge Walk. „Чекорење по работ“ е активност за оние најхрабрите, на кои им се овозможува да чекорат по работ на „CN Tower“, која е една од највисоките кули во светот.Чекорење по работ на „CN Tower“ во ТоронтоПрикачени на безбедносни сајли, на зависниците од адреналин им се овозможува во група од 6 луѓе и придружба од водич, да се движат по самиот раб од кулата, која е висока 553 метри. Би сакале да го направите овој адреналински подвиг?Чекорење по работ на „CN Tower“ во ТоронтоЧекорење по работ на „CN Tower“ во ТоронтоЧекорење по работ на „CN Tower“ во ТоронтоЧекорење по работ на „CN Tower“ во Торонто
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Конфузии и дилеми – мистеријата на првиот состанок

    Конфузии и дилеми – мистеријата на првиот состанок

    По малку нервозно шмркам од кафето навлегувајќи во една тема за размислување. Стојам и гледам во празно, како некој чудак, Бог знае како изгледам од страна… Си мислам колку би било добро да си имаме прирачници за однесување. Не зборам за бонтон или некакви културни изрази на највисоко ниво, туку за она најобичното секојдневие. Сите оние „непишани правила“ да си бидат запишани некаде и тоа нека се продава како книга, како прирачник, како правилник…rn

    Постојат купишта текстови кои те советуваат за одредени теми, конкретно она за што јас размислувам во последно време – првите состаноци. И јас самата сум пишувала совети за првиот состанок, но сето тоа применето во пракса не е толку едноставно, признавам. Ниту во тоа што јас сум го пишувала, ниту во еден куп други текстови кои сум ги читала, не е јасно кажано за очекувањата од првиот состанок и како тој треба да заврши. Некои си експерти ќе набројат одредени изрази, движења со телото и знаци кои покажуваат одобрување, но од кај да знаеш дека тоа е тоа? А најчесто ова паѓа на товар на мажите.

    rn

    Конфузии и дилеми - мистеријата на првиот состанок

    rn

    Што очекуваме од првиот состанок? Мажите со сигурност очекуваат секс, или не? Во ред, можеби и други работи им се значајни, но пред сè – секс! А жените? Најверојатно бакнеж за добра ноќ… И колку всушност тој прв состанок може да биде опуштен? Јас би рекла дека не поминува баш во најопуштена атмосфера, зашто се ставаме под притисок да импресионираме некого. Свесно или не, без разлика дали ќе признаеме, нашата цел е таа – да импресионираме и бидеме импресионирани.

    rnНајлошиот совет за прв состанок – бидете свои! Всушност тоа воопшто не е некој совет, ни за првиот состанок ниту за што било во животот. Според мене, кога некој ќе ти го рече ова, нема многу време да се занимава со тебе – Биди свој, и тоа е тоа! Да, сигурно, е тикви е тоа тоа! Не велам дека треба да бидеме големи хипокрити, лажливци и преправачи, но мора да имаш одредена доза на претпазливост и да не се откриваш целосно. Ако уште веднаш си ја соголиш душата пред некого, готово е  – ти ја откри „цаката“ и нема бегање. Плус, да бидеш свој значи и откривање на твоите луди страни, а не секој може да ги поднесе доколку не те познава добро. Затоа мафнете го овој совет, не бидете свои, бидете претпазливи, вистински ќе ве запознае оној кој ќе го заслужи тоа. Но не навлегувајте во преправање дека сте нешто што ни од далеку не сте!rnrnЕ сега, како ќе заврши состанокот, тоа е веќе дилема, па и трилема, и колку повеќе му ја мислиш, толку позафркнато излегува. Сигурно сте се соочиле со ситуација каде од авион се гледа колку и на двете страни им е непријатно при поттикнувањето на тој фамозен „прв чекор“. На мажите, кои отсекогаш сум ги сметала за визуелисти и фантазери, се обложувам дека сè и сешто им се врти во умот. Додека ти им зборуваш за твоето омилено хоби, во нивните мисли сте заедно во кревет. Па така е, да не се лажеме, не сме деца. А во денешно време како да сме уморни од излегување и запознавање, од правење муабет, па веднаш преминуваме на „главното“, како да ќе ни избега возот. Но дали ние жените сме така добри и наивни и колку храброст ù треба на жената за да го преземе првиот чекор, да даде до знаење дека е подготвена за нешто повеќе? Е не е исто со мажите и жените. Се сеќавате на зборовите на Кери Бредшо во „Сексот и градот“?rn
    rn

    „Кога мажите употребуваат храбри потези, тоа се смета за романтично, а кога жените го прават тоа, тие изгледаат очајно.“

    rnИ навистина е така, а мажите се подготвени на толку многу работи за да го добијат посакуваното. Кога жената се стреми кон она што таа го посакува тоа веќе е друга приказна. Јас би предложила да почнеме храбро да си ги преземаме првите чекори, ама со онаа наша женственост и самоувереност, кај ќе бегаат тогаш?rnrnИ како да се заврши тој фамозен прв состанок, и што после него? Јас би советувала да не се презема пребрзо првиот чекор. Другата страна може да биде несигурна или да оформи погрешно мислење за вас. Но ако го одложувате, со сигурност ќе останете во онаа фаза на пријатели. Никако не ја бива… И што правиме сега, ќе ни треба тој прирачник кој го споменав на почетокот? Ма не, вака ни е позабавно. И да избрзаме можеме да се повлечеме, да си кажеме шега на наша сметка… а ако ни се завлечкаат работите ќе ги убрзаме. Некогаш без никакви финти и скриени знаци отворено ќе си позборуваме, картите на маса и тоа е тоа! Ништо страшно! Значи, намерно ја оставаме оваа конфузија околу првиот состанок неразрешена, чисто онака за да ни биде поинтересно.rnrnСега кафето можеме на раат да го пиеме и да не му ја мислиме многу, што бидне нека бидне.rnrnДо следното читање, она што јас ви го посакувам е успешен прв состанок. 🙂rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.