КАФЕ ПАУЗА

Tag: храброст

  • 9 реакции поради кои вие сте подобра личност од останатите

    9 реакции поради кои вие сте подобра личност од останатите

    Се сеќавате ли кога како мали деца ќе се искаравте со вашиот помал брат, помала сестра или другарче од вашето маало и кога вашите родители ќе ви речеа да бидете подобри и поумни, па да им попуштите? Таквите ситуации не им се случуваат само на мали деца.rn

    9-reakcii-poradi-koi-vie-ste-podobra-lichnost-od-ostanatite-kafepauza.mk

    rnСекојдневно се соочувате со луѓе чии мислења и ставови се разликуваат од вашите, постапки и однесувања кои не можете да ги разберете и зборови кои не ни можете да замислите да ги чуете пак. Немојте воопшто да се сомневате во тоа дека и вие го имате истото влијание врз нив. Но она по кое вие се разликувате од нив (и обратно) е реакцијата која ја имате кога ќе се соочите со некоја од овие ситуации. Да се биде подобрата и попаметна личност не е воопшто лесно, но следниве неколку реакции укажуваат дека вие сепак имате храброст да бидете такви.rn

    1. Не дозволувате да ве изнервираат

    rnЛуѓето прават глупави и непромислени работи секој ден. Логичната реакција за нив би била да се изнервирате и да им покажете што вие мислите за тоа. Но она што во тој момент би заборавиле е дека на тој начин вие се спуштате на нивно ниво и всушност се однесувате исто како и тие – глупаво и непромислено. Со тоа што им вртите глава на тие непромислености, вие на луѓето повторно им го покажувате своето мислење, но на многу подобар начин.rn

    2. Се повлекувате од расправија кога не сте во право

    rnИнаетот знае да биде многу поголем од разумот, па сакајќи да го истерате своето, тој може да ве одведе многу подалеку од една обична расправија за тоа дали ви било кажано да купите млеко или не. Почнувајќи од вакви банални примери, па сѐ до оние сериозните, желбата да се биде во право дури и кога знаете дека не сте, може да ви направи многу проблеми. Вие сте подобра личност бидејќи не дозволувате таа желба да владее со вас.rn

    3. Признавате дека сте згрешиле дури и кога тоа не е вистина

    rnИ додека се подразбира дека ова не се однесува на секоја расправија, некогаш едноставно не вреди да се докажувате со некој дека сте во право. Од која и да е причина што таа личност настојува да признаете дека вие грешите, застанете за момент и размислете дали е тоа толку лоша идеја. Да, неверојатно е тешко да речете погрешив дури и кога навистина е така, но во дадена ситуација тоа може да биде навистина добредојдено. Бидете подобрата личност кога тој наспроти вас не е и дадете си себеси повеќе време за оние важните проблеми.rn

    4. Се радувате за други луѓе

    rnСигурно сте се нашле во ситуација кога за некој кој не ви се допаѓа сте слушнале дека му се случило нешто убаво. Но дали разликите помеѓу вас треба да ве спречат да се радувате за таа личност? Дури и ако се работи за некој кој ви е близок и драг, вие сте подобра личност со тоа што не им оставате слободен пат на љубомората и зависта да ве надвладеат. Верувајте, задоволството е многу поголемо кога и вие ќе имате некој со кој ќе можете да се радувате на вашите успеси и со кој ќе можете да ги споделите вашите среќни моменти.rn

    5. Избегнувате конфликти

    rnИзбегнувањето расправија е често погрешно интерпретирано како кукавичлук и бегање од проблемот. Но паметниот човек знае дека конфликтот не е решение за ниту еден проблем. Па, наместо конфликт, вие во тој момент избирате да премолчите, да заминете и да најдете подобро решение за што и да ви стои на патот. Или едноставно знаете дека тој проблем не вреди за вие да се замерувате со некого.rn

    6. Не го очекувате за возврат она кое вие им го давате на другите

    rnЕдна од најголемите човечки особини е способноста да бидете хумани без да очекувате така да се однесуваат и кон вас. Најдоброто кај секој човек произлегува од несебичната желба да им помага на другите, дури и кога за возврат не добива ни благодарам. Овие луѓе сакаат да направат нешто повеќе бидејќи можат, а се подобри затоа што задоволството кое произлегува од тоа е единственото нешто кое очекуваат да го добијат.rn

    7. Не сте злопамтило

    rnНе секој е доволно голем човек за да ги остави лошите спомени позади себе. Не секој е подготвен да прости некому и да оди напред. Не секој знае како повторно да биде во добри односи со некој кој му има погрешено. Затоа оние кои го можат ова се подобри од останатите. Да бидеш свесен и да простиш за нешто што се случило многу одамна бидејќи не вреди толку за да влијае на можноста за подобра сегашност, е одлика на големите луѓе.rn

    8. Не земате сѐ при срце

    rnЈазикот често работи побрзо од умот. Некогаш дури и самостојно. Но вие како подобра личност го прифаќате тоа. Свесни сте дека луѓето кажуваат зборови кои не ги мислат, прават работи за чии последици не се свесни и едноставно не се грижат за тоа. А вие, кога доаѓате во директен контакт со тие луѓе, знаете подобро. Не ги земате нивните постапки при срце бидејќи, можеби, тие не знаат како поинаку.rn

    9. Прифаќате мислење различно од вашето

    rnНе секогаш ќе имате до себе личност која го мисли истото што и вие. Многу е поверојатно дека ќе се соочувате со луѓе кои не го делат вашиот став. Она на кое не можете да се потпрете е дека тие луѓе ќе знаат како да се справат со таа ситуација, но затоа вие знаете. Вие сте личност која прифаќа различно и поинакво од она за кое се залага и е подобра бидејќи не дозволува тоа да застане на патот на добрите односи.rn

    „Не однесувајте се со луѓето онолку лошо колку што се тие лоши, однесувајте се кон нив онолку добро колку што сте вие добри.“ – Риту Гатури

  • 8 причини зошто би требало да се заљубите токму во девојката со црвен кармин

    8 причини зошто би требало да се заљубите токму во девојката со црвен кармин

    Постои нешто необјасниво кај девојката која носи црвен кармин. Нешто што може да се почувствува, но што не може соодветно да се објасни со зборови. Сигурно сте ја забележале, бидејќи таа лесно се издвојува од останатите. Но, зошто таа е најдобар избор за вас? Прочитајте…rnrn8 причини зошто би требало да се заљубите токму во девојката со црвен карминrn

    1. Таа не е очајна за да ве бакне (и токму тоа ја прави неодолива)

    rnДоколку влезете во дискотека или бар и добро ги погледнете девојките, ќе забележите дека поголемиот дел од нив носат проѕирен сјај на своите усни. Токму тоа е еден од најголемите знаци кои укажуваат на фактот дека тие се очајни за бакнеж, па плашејќи се да не ги избркаат момците со силниот кармин целосно го отфрлаат од својот изглед.rnrnДевојката со црвен кармин воопшто не се грижи дали таа вечерта ќе се бакне со некој или не. Тоа не е нејзината мисија. Таа излегла да танцува, да се забавува, да запознава нови луѓе како и да се дружи со своите пријатели. Таа исто така знае и дека нејзиниот кармин ќе ги привлече само најхрабрите момци, па токму затоа таа би бакнала само личност која не се грижи дали на неговото лице ќе остане малку црвен кармин.rn

    2. Таа е неверојатно секси

    rnНејзините усни се софистицирани, сензуални, страсни и исполнети со тајни и сексуална енергија. Девојката која одбира да привлече внимание со овој дел од себе е силно свесна за нејзината сексуална моќ. Таа сака вие да гледате во нејзините усни и да фантазирате како ги бакнувате.rn

    3. Таа има неверојатно висока самодоверба

    rnНе постои друг збор како самодоверба во нашиот јазик кој соодветно може да ја објасни суштината на девојката која носи црвен кармин. Таа е индивидуа која ги остава сите без здив, движејќи се храбро низ животот со помош на својата неверојатно висока самодоверба. Таа со својот кармин го напаѓа светот и одбива да биде што било помалку од она што навистина е.rn

    4. Таа е класична убавица

    rnБез разлика на нејзиниот стил, девојката која одбира силен црвен кармин за своите усни чувствува слатка носталгија за дамите од минатото и не ѝ се допаѓаат новите трендови на „природна убавина“. Таа е сè освен здодевна и токму тоа се обидува да го покаже со својот смел изглед. Токму затоа е вистинско (и винтиџ) освежување помеѓу останатите девојки околу вас.rn

    5. Таа повеќе ја цени модата отколку функционалноста

    rnСекоја девојка која дозволила кармин со силна црвена боја да се најде во нејзината козметика знае дека оваа боја воопшто не е лесна за носење. Потребно е соодветно планирање на облеката, но и постојано проверување дали карминот е на своето место. Таа би требало да биде бестрашна за да одлучува постојано да го одржува овој стил, а во нејзината ДНК треба да постои нешто кое постојано ќе ја тера да презема ризици, а тоа најмногу се објаснува преку фактот што таа никогаш не знае кога може да погледне во огледалото и да забележи дека има малку кармин на еден од нејзините заби…rnrnДевојката со црвен кармин секогаш ја одбира модата пред функционалноста и во секое време е подготвена да чувствува мала непријатност со цел да придонесе за општиот гламур и убавина во светот. Во денешниот модерен свет овие девојки се реткост, може дури и да се каже дека се загрозен вид, но тоа не значи дека немате доволно среќа да налетате на една од нив… Токму затоа доколку ја забележите, особено во текот на денот, веднаш пристапете ѝ и кажете ѝ колку прекрасно таа изгледа. Овој смел чекор без сомнение ќе ви се исплати понатаму.rn

    6. Таа не се плаши да се обврзе во свет без обврски

    rnНосењето црвен кармин е ултимативно козметичко обврзување, па токму затоа воопшто не нè чуди тоа што сè помалку девојки го одржуваат овој стил. Вие би требало да ја одберете девојката со црвен кармин само затоа што нејзиното длабоко чувство на обврзување може да се пронајде јавно изложено на нејзиното лице, преку карминот. Црвениот кармин може да остави дамки на усните, па токму затоа не можете во кое било време да го отстраните и притоа сè уште да изгледате добро. Имајте го тоа на ум кога ќе размислувате како да ѝ пристапите на оваа девојка!rn

    7. Таа секогаш го кажува она што е во нејзините мисли

    rnЗошто оваа девојка би одбрала да привлекува толку внимание кон својата уста доколку не планира да ја користи? Девојката која не се плаши да ја потенцира својата уста со силна нијанса на црвен кармин со сигурност има многу нешта кои јасно сака да ги искаже преку зборови. Во свет каде што жените се брутално обесправени и постојано замолчувани, црвениот кармин на некој начин е славење за женскиот глас.rn

    8. Таа ги преферира фините нешта во животот

    rnДевојката со црвен кармин покажува висока софистицираност и богатство. Таа која е подготвена да ги носи потемните нијанси на црвената боја е девојка која знае како да ужива во сјајот на животот. Таа знае како да живее и е свесна за своите способности во секој момент. Девојката која постојано ја бои својата уста со црвно ги разбира концептите на исполнетиот живот.

  • Што треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?

    Што треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?

    Некои луѓе ги сакаат понеделниците, за други пак се причина за депресија. Тоа што се враќате назад на вашето работно биро е всушност добро. Еве што сè мора да имате на ум на самиот почеток на новата работна недела.rnrnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    1. Уште од самиот старт на денот вие сте прекрасни, па не мора многу да се трудите.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    2. Најдобар начин да се справите со здодевни и напорни личности е да ги игнорирате. Не земајте си при срце сè што ќе кажат или направат.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    3. Слободно испробајте нов стил и бидете храбри во промените.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    4. Можеби многу порадо би останале да се излежувате во кревет, но и самите знаете дека новата работна недела е нова можност да се покажете, искористете ја!

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    5. Кога ви е тешко, само сетете се колку сте секси. 🙂

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    6. Не дозволувајте секој да се однесува со вас како што сака, имате граници кои другите треба да ги знаат.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    7. Кога денот е напорен радувајте се, тоа значи дека сте постигнале нешто добро.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    8. Физичката активност е секогаш најдоброто решение. Слободно исфрлете ја целата негативна енергија на играње и вежбање по крајот на работното време.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    9. Не плашете се од грешките и падовите, секому му се случуваат, дури и на Бијонсе.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    10. Умешност е да станете по падот исто како никогаш да не ви се случил.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    11. Слободно покажете што знаете, а што се однесува на оние кои имаат нешто лошо да кажат, не заборавајте дека зад добриот коњ прашина се крева.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    12. Кога некој ве нервира, слободно покажете му ја вратата.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    13. Самодовербата е половина пат до успехот.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    14. Тогаш кога ќе помислите да се откажете не заборавајте, сте издржале и полошо и сте поминале низ тоа како херои.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    15. Не плашете се да бидете свои и оригинални.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    16. Тогаш кога ќе ви се смачи од работа и обврски и тогаш кога ќе ве боли глава, само сетете се колку добро ќе ви дојде наредната плата…

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    17. Или дека истата вечер може да ги повикате другарките и лудо да се забавувате.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    18. Подготвени сте за новата работна недела?

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

    Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

    Кому му требаат стрипови, филмови и цртани за суперхерои со неверојатни моќи, кога секој од нас има свој личен, урбан херој?

    rn

    1-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mkНаша оцена: 8/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnДеновиве имав среќа да наидам на една приказна, вистинска и тоа, за бездомникот кој ѝ ги понудил своите последни 3 долари на една девојка која во тој момент останала без пари и не можела да плати превоз за да стигне дома. Девојката благодарна за гестот поттикнала акција по социјалните мрежи за да му се помогне на човекот да си најде топол дом, покрив над глава. По вакви приказни вербата во човештвото расте до плафон, се разбира сè додека не наидам на наредната приказна за некоја бедотија по светов, но тоа е, Интернетот е зезната работа. Како и да е, поентата ми беше дека за мене бездомникот и девојката се школски пример за урбани херои. А за такви луѓе со огромно срце, кое нас другите по малку нè засрамува, пишува и Драган Таневски во неговото првенче „Урбани херои“.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnНеколку кратки приказни испреплетени една со друга, плус неколку дополнителни приказни кои навидум немаат некоја поврзаност, но сепак сите имаат една заедничка работа – раскажуваат за тоа дека вистинските херои се најчесто многу блиску до нас. Главната приказна опфаќа неколку генерации од едно семејство, направени грешки од минатото кои прогонуваат цел живот (тоа многу добро го знаеме, нели?) и ликови кои долги години се борат со последиците сè додека болката и осаменоста не испливаат на површина. Како да се биде на дното и да се живее со срам и пониженост, како да се издигнеш од правта и да продолжиш да живееш, дури и успешно? Мислам дека одговор на најтешкото прашање нема, но сепак секој од нас е доволно херој за да пронајде трoнка волја и да преврти наопаку сè што не чини и конечно да почне да дише.rnrn2-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mkrnrnПриказна за една девојка која се заљубува во фраерот на мотор и дознава дека љубовта е слепа и глупа понекогаш, особено ако фраерот те навлече на дрога и заглави во долгови. Ова исто така е приказна и за тоа дека ангели чувари сепак има (ова не сте го слушнале од мене) и дека кога животот ќе нè турне на земја и ќе ни се закани, ненадејна љубов може да нè спаси од самите себе и од сите други. Обично, мајчинската. Уште поважно, ова е приказна која ќе ве научи дека каењето и самоказнувањето за направените грешки никогаш никому не помогнале и дека најдобар начин е да се истресеш од прашината и да продолжиш понатаму, не погледнувајќи никогаш назад.rnrnКнигата се чита брзо, ослободена од непотребни описи и заплети, авторот често брзо преминува на главното и не остава премногу простор за филозофирање. Со ликовите лесно ќе се поврзете, особено поради секојдневниот говор и жаргонот на кој може да се наиде на моменти. Топла препорака за сите оние на кои деновиве им треба малку повеќе верба во човештвото.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 24 декември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Водич за фаќање дечко: 30 чекори за да го пронајдете за 30 дена

    Водич за фаќање дечко: 30 чекори за да го пронајдете за 30 дена

    Зголемете го својот сексапил и дознајте кога, каде и како да си најдете момче за само еден месец.rnrn1-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mkrn

    Прва недела

    rn1. Прашајте ги пријателите дали имаат некој сингл пријател. Иако таквата отвореност може да ви делува чудно, барем ќе бидете сигурни дека нема да ви препорачуваат лоши момци кои не се за вас.rnrn2. Прифатете ја мантрата „немам што да изгубам“. Иако оваа изрека е клише, сетете се дека храбрите девојки секогаш ги добиваат најдобрите момци.rnrn3. Вашиот поглед е клуч за сè. Нежно наведнете ја главата настрана, погледнете нагоре и истовремено пуштете сензуална насмевка. Овој потег на момците им покажува дека е во ред да ви пријдат. Верувајте, успева!rnrn4. Машките се плашат од големи женски друштва, затоа кога излегувате во кафуле, појдете заедно со најмногу две пријателки. Кога ќе здогледате момче што ви се допаѓа, издвојте се од другарките и разгледајте наоколу. Кога ќе влезе во вашиот видокруг, упатете му го „оној“ поглед. На тој начин како да сте го повикале да ви пријде.rnrn5. Со заводлив говор на телото подарете му насмевка на секој добар тип кој ќе пројде.rnrn6. Во теретана одете малку порано, пред гужвата, за да фатите добро место покрај згодно момче од кое подоцна можете да побарате стручен совет.rnrn7. Кога колегите и соработниците ви праќаат покани за дружење после работа или за вечерни забави, слободно одговорете потврдно.rnrn2-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mkrn

    Втора недела

    rn8. Наместо да ручате во затворен простор, прошетајте низ центарот на градот. Кога ќе забележите згодно момче во некое кафуле или на клупа во паркот, седнете близу до него и спонтано започнете некој неврзан муабет, на пример за храната.rnrn9. Зачленете се во некоја група каде што ќе можете директно да се среќавате со момци, во некој спортски клуб или во невладина организација.rnrn10. Не го барајте бившиот на Фејсбук за да видите што се случува со него. Наместо тоа, побарајте ги момците во кои сте биде заљубени во средно. Испратете им порака дека случајно ви се појавиле преку заеднички пријатели и дека не ви се верува колку се промениле, секако на подобро.rnrn11. Флертувајте со минимум три лика на места на кои тоа порано не сте го правеле. Сврзете збор-два со соседот во лифтот или направете муабет со шанкерот во барот. Ова е одлична вежба за вашите флертувачки вештини.rnrn12. Досега би требало веќе да имате добиено неколку одговори од пријателите кои се обидуваат да ви наместат момче. Речете им слободно да им го дадат бројот на одредени момци за кои би можеле да бидете заинтересирани.rnrn13. Ви текнува на момчето од теретана? Следниот пат кога ќе наидете на него, речете му: Еј, како си?, како да сте стари пријатели. Истражувачите докажале дека луѓето повеќе ги привлекуваат оние кои се однесуваат фамилијарно со нив.rnrn14. Во голем период од годината парковите и теретаните се полни со момци кои се занимаваат со спорт. Ако возите со велосипед, прашајте некое згодно момче за добра патека бидејќи не ви е познат регионот. Можно е да ги добиете насоките, но и неговото друштво.rnrn3-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mkrn

    Трета недела

    rn15. Ако сте запознале кул момче во организацијата во која волонотирате и имате листа со телефонските броеви, јавете му се за да го прашате кога повторно ќе има средба на членството.rnrn16. Излегувајте и во работни денови. Тоа ќе ви помогне да остварите подобра конекција со момците кои навистина ви се допаѓаат, бидејќи тогаш кафулињата обично не се преполни со народ како за време на викендите.rnrn17. После неколку дена би требало веќе да имате одговор од некои од момците од вашето минато. Ако е така, на некој од нив предложете му да се најдете на кафе.rnrn18. Било да сте во локално кафуле или на натпревар, поставете се близу до слаткиот тип и неговиот другар. Кога ќе чуете нешто познато, вклучете им се во муабет: Еј, случајно слушнав, и јас сум од таа населба. Не се сеќавам дека сум ве видела. Да не живете од скоро таму? Како ви се чини натпреваров?rnrn19. Направете коктел забава и поканете неколку пријатели. Речете им на сите гости да понесат по една личност која не ја познавате. Без разлика дали некој ќе ви се допадне или не, ќе го проширите вашиот друштвен круг, бидејќи ако ништо друго, секој од нив познава други луѓе кои можат да бидат кандидати за момче за вас.rnrn20. На пат накај дома, навратете некаде каде што никогаш не сте биле, на пример во некое новоотворено кафуле. Полесно е да излезете од комфорната зона и да направите еден чекор во непозната средина.rnrn21. Ставајте тагови на сите нови пријатели со кои се сликавте претходната вечер. Вашите забавни описи на сликите ќе ги потсетат да ве држат на радар и ќе отвори можност за нови познанства.rnrn22. Организирајте „happy hour“ со згодниот колега и договорете се да земете неколку пријатели. Колегите понекогаш зборуваат и за работи за кои не се зборува на работното место.rnrn23. „Случајно“ налетајте на секси момче во продавница. Тоа е автоматски стартер на разговор (некој прв ќе мора да се извини) и физички контакт кој познанството го прави поинтимно.rnrn4-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mkrn

    Четврта недела

    rn24. Полека стигнуваме до завршната фаза. Без разлика колку застрашувачки може да изгледаат следните неколку идеи, обидете се да ја разбудите вашата внатрешна рок дива. Вечерва излезете во град на свирка на некој локален бенд. Ако нема згодни момци во околината, секогаш можете да почнете разговор со гитаристот за време на паузите.rnrn25. Привлечете го вниманието на некое момче со храбар потег. Пуштете му пијачка или помфрит.rnrn26. Влезете во машка продавница, земете некоја убава кошула, а потоа прашајте го присутното згодно момче што мисли за изборот, бидејќи на вашиот брат му се ближи роденденот, па сакате да му купите нешто што навистина ќе му се допадне.rnrn27. Веќе постанавте вистински професионалец кога е флертот во прашање. Чекор понатаму – време е на еден од сите кандидати да му го дадете својот телефонски број.rnrn28. Предизвикајте се себеси и дајте му визитка на некој секси странец со напомена да ве побара некогаш.rnrn29. Соберете храброст и поразговарајте со симпатијата, без разлика дали е тоа слаткиот поштар или колегата од работа, а потоа разменете имејл адреси.rnrn30. Честитки! За овие 30 храбри денови успеавте да го зголемите сексапилот и да запознаете многу нови момци. Сè што останува е да го изберете среќникот кој гордо ќе ја земе титулата на ваш дечко.

  • Топлата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминати

    Топлата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминати

    Леон Тротски или како што повеќето луѓе го знаат, Прасето на тркала, е мало прасенце кое имало трагична несреќа. Неговата мајка паднала врз него кога сѐ уште бил бебе и сериозно го повредила, оставајќи го без функцијата на задните две нозе. Кога вработените во сиропиталиштето за животни во Австралија го виделе ова неодоливо прасе за прв пат, тие веднаш се заљубиле во него.rnrnТоплата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминатиrnrnОваа организацијата работи за да спасува, рехабилитира како и за да наоѓа домови за животните од фарма колку што е можно повеќе. Бидејќи Леон бил многу мал, нешто повеќе од неколку недели кога бил спасен во април, 2014 година, неговите мали коски биле толку меки и кревки што не можел да биде сместен во типична количка која е наменета да го оттргне притисокот од неговите задни нозе.rnrnТоплата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминатиrnrn rn

    „Но, неопходноста ги надминува и најголемите животни препреки, па како резултат на тоа во комбинација со храброста на Леон, беше создадена специјална количка која денес му овозможува слободно да се движи, без никакви болки, што му помага во заздравување на неговите повредени нозе“, вели тимот од сиропиталиштето.

    rnТрагичната приказна за Леон Тротски се претвори во топла приказна која ни покажува дека дури и едно мало и беспомошно прасенце може да биде доволно силно да ги надмине сите препреки кои животот му ги приредува.rnrnТоплата приказна за неодоливото прасенце на тркала ќе ви покаже дека сите препреки во животот можат да бидат надминатиrnrn

    rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 одлуки на среќните луѓе

    14 одлуки на среќните луѓе

    Секојдневно сме ставени пред многу избори: што да облечеш, дали да го направиш тој телефонски повик или не, каде да заминеш, кога да ги платиш сметките, што да јадеш… и оваа листа нема крај.rnrnНеретко сме ставени и пред многу ментални одлуки за кои треба храброст. Среќните луѓе одбираат да бидат среќни без оглед на сè, па доколку сакате да се водите според нивните одлуки, еве што секогаш треба да изберете:rnrn14 одлуки на среќните луѓеrn

    1. Одберете да простите

    rnСреќните личности се свесни дека простувањето е подарок за самите себе. Колку подолго го чувате бесот во себе толку повеќе си нанесувате зло себеси. Одберете да простите, да заборавите, да продолжите понатаму а со тоа да си ја олесните душата. Дури и ако станува збор за колега од работа кој ве изнервирал, едноставно одберете да му простите. Така ќе си го олесните сопствениот товар, бидејќи колку повеќе нечии зборови и постапки чувате врз плеќите, толку потешко ви станува чекорењето напред.rn

    2. Одберете да живеете во сегашноста

    rnКонстантното живеење во спомените на минатото ве спречува со полни гради да ја вдишете сегашноста. Може да размислувате за иднината и да правите планови, но бидете внимателни и секогаш со мислите останете вистински присутни сега и овде.rn

    3. Одберете да го прифатите лошиот ден како дел од животот

    rnСосема е во ред да имате лош ден, секој го има. Но после дождот секогаш доаѓа сонце. Прифатете ги и лошите моменти како дел од животот, па така нема да ги сфаќате премногу трагично кога ќе треба да се соочите со нив. Запомнете, тоа што сте имале лош ден ни од далеку не значи дека имате лош живот.rn

    4. Не си земајте сè при срце

    rn

    „Кога некој се однесува безобразно и ве третира лошо, не земајте си при срце. Тоа не кажува ништо за вас, но кажува многу за него.“ – Мајкл Џозефсон, јавен говорник и поранешен професор по право.

    rn

    5. Одберете да пробате иако изгледа тешко

    rnОдберете да ризикувате, да го направите потегот иако никој не ви гарантира дека ќе успеете. Речиси ништо во животот не е загарантирано. Кога ќе одлучите да не пробате со сигурност сте ја изгубиле битката однапред.rn

    6. Одберете да се сакате себе и да се прифатите со сите свои одлуки

    rnСекој направил погрешни одлуки или одиграл лошо во одредена ситуација, но тоа не е причина постојано да се осудувате себеси. Грешките гледајте ги како можности за развој и стекнување искуство. Ослободете се од товарот и сакајте се себеси токму какви што сте, бидете единствени, свои и неповторливи.rn

    7. Преземете одговорност

    rnНе префрлајте ја вината на некој друг, туку исправете се и соочете се со проблемот и преземете ја вината. Доколку не сте успеале да добиете унапредување, тоа не е поради колегата кој игра нефер или поради шефот кој не ве сака, едноставно наредниот пат ќе се потрудите подобро. Кога ќе научите да сносувате полна одговорност за вашите постапки ќе престанете да чувате горчина во себе поради постапките на останатите и вистински ќе се потрудите наредниот пат да одиграте подобро. Но ако секогаш ја префрлате вината на друг, никогаш нема да научите како да се натпреварувате со самите себе, станувајќи подобра верзија од себеси.rn

    8. Одберете да се смеете и на малите нешта

    rn

    „Ден минат без смеа е изгубен ден.“ – Чарли Чаплин

    rn14 одлуки на среќните луѓеrn

    9. Одберете да се ослободите од негативните емоции

    rnОслободете се од стравот, од анксиозноста, од постојаната желба да ги промените луѓето околу вас, ослободете се од грижите и од тешките спомени. Оставете животот да ве одведе по вашиот пат а во меѓувреме живејте, учете, сакајте и напредувајте. Никогаш нема да имате апсолутна контрола над сè, па опуштете се и мислете на вашето здравје на кое најмногу му штетат негативните емоции.rn

    10. Одберете да бидете благодарни

    rnИма толку многу нешта за кои треба да бидете благодарни, не заборавајте да ги вреднувате. Кажете благодарам за новиот ден, за сонцето, за облеката која ја имате, за храната, за компјутерот што го користите, за можностите кои ги имате. Бидете им благодарни и на луѓето кои се околу вас, оние кои го формираат кругот на вашите најблиски, но најважно од сè, не заборавајте одвреме-навреме да наоѓате начини да им ја покажувате вашата благодарност. Убаво е да се знае дека си вреднуван од нечија страна.rnrnЛуѓето кои се среќни не значи дека имаат апсолутно сè што би можеле да посакаат, тие се среќни бидејќи знаат да го ценат она што го имаат и да им се радуваат на малите нешта. Бидејќи на крајот на краиштата, среќата не е цел која треба да се достигне, туку е пат по кој се оди. Некои луѓе одбираат еден пат, други одбираат друг. Бидете меѓу оние кои дури и кога облаците ќе го сокријат сонцето, одбираат да бидат благодарни и за облаците.rn

    11. Верувајте

    rnДа, довербата изгледа како скап подарок кој не се дава лесно, но од друга страна, доколку не ја давате никогаш само градите ѕидови околу вас. Ако сте биле повредени еднаш не значи дека ќе бидете повторно. Дајте им шанса на луѓето, кога некој ќе ја изневери вашата доверба сосема е очекувано никогаш да не ја добие назад, но во сите останати ситуации одберете д верувате.rn

    12. Помагајте им на другите

    rnСебичноста не ѝ е сестра на среќата. Колку повеќе давате толку повеќе добивате. Среќните луѓе се хумани и имаат желба да помогнат, тие имаат верба во човештвото и неретко се причината поради која и многумина други веруваат во човештвото исто така.rn

    13. Одберете да си дадете време

    rnИмате лош период во животот? Дајте си време и имајте трпение додека работите не тргнат на добро. Сте преживеале тешка повреда? Дајте си време да заздравите. Некогаш самите очекуваме премногу од себеси, но некогаш е во ред да си дадете време, да побарате одмор, да дозволите да ви се смират мислите.rn

    14. Одберете да бидете среќни

    rnСреќните луѓе немаат посебна ДНК, тие одбираат да бидат среќни. Тие се свесни дека не е сè розово, дека не е сè совршено, дека некогаш нема да успеат и дека некогаш ќе бидат разочарани. Но никогаш нема да ги видите дека креваат раце од животот. Ќе одберат да бидат активни, присутни, одговорни, и ќе одберат со секој атом сила што го поседуваат да го разубават светот околу нив и да ги развеселат и другите околу себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете понаметливи?

    Како да бидете понаметливи?

    Дали често се чувствувате како жртва? Дали сте членот од тимот кој го изработува целиот проект, а потоа им дозволува на другите да го претстават како сопствен труд? Доколку е така, погледнете ги неколкуте начини на кои можете да се промените и да станете понаметливи.rnrnКако да бидете понаметливи? rn

    Побрзо донесувајте одлуки

    rnКога ќе ве прашаат нешто, потрудете се уште веднаш да го кажете мислењето, без многу да размислувате. Така ќе оставите да ве води интуицијата и сигурно нема да погрешите. На пример, доколку имате многу домашна работа, а некој ви се јави да излезете, уште веднаш кажете дека не можете бидејќи тоа е вистинита и едноставно мора така да биде.rn

    Знајте што сакате

    rnМногумина што се чувствуваат како жртви во животот, всушност не знаат што сакаат, па и затоа им е тешко да се борат за себеси. Најважно е да имате визија за она што сакате да го правите, за да навистина успеете. Па така, доколку имате шанса за унапредување на работното место, покажете му на шефот дека вие сте тие што работат сѐ и дека навистина ја заслужувате позицијата.rn

    Поставете си реални очекувања

    rnЗа да бидете понаметливи, треба точно да знаете што може да очекувате од себеси и од другите. Доколку не се трудите доволно, не очекувајте да бидете најуспешни. Поставете си јасни цели и очекувања и постепено остварувајте ги.rn

    Пребродете ги стравовите

    rnМожеби луѓето не ве забележуваат доволно бидејќи самите сакате да се криете во сенка. Доколку вие сте го изработиле целиот проект, не дозволувајте друг, наместо вас, да го презентира јавно пред останатите. Не срамете се и пребродете го стравот од публика. Запомнете, храброста не значи дека не се плашите, туку дека дејствувате и покрај сите стравови.rn

    Преку говорот на телото покажете самодоверба

    rnИ да не сте доволно самоуверени, не дозволувајте другите да го забележат тоа. Користете го говорот на телото за затскривање на стравовите и за проектирање самодоверба. Држете се правилно, со гордо крената глава и не мрдајте нервозно со рацете.rn

    Зборувајте јасно

    rnКога сте нервозни, зборувате тивко и неразбирливо, грешејќи ги дури и наједноставните зборови. Многу подобро ќе биде доколку се смирите и зборувате бавно, јасно и гласно. Не зборувајте брзо бидејќи токму тоа може да ви ја издаде несигурноста.rn

    Внимавајте на облеката

    rnИзгледот не е пресуден, но сепак влијае на тоа како се чувствувате и како другите гледаат на вас. Потрудете се секогаш да носите чиста, средена и испеглана облека. Тоа ќе ви создаде доза на самодоверба, што ќе ви даде сила да бидете понаметливи.rn

    Променете го жртвениот став

    rnНајважно од сѐ е да го промените сопствениот жртвен став. Борете се за она во што верувате и мислите дека е правилно. На пример, кога некој ќе сака да го презентира проектот наместо вас, иако вие сте го изработиле, истапете и не го прифаќајте предлогот. Соберете храброст и верувајте во себе. Не дозволувајте другите да ве газат и покажете му на светот колку вистина вредите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Има моменти во животот кога интуитивно знаеме што треба да направиме и кон што треба да целиме, но понекогаш ги игнорираме таквите чувства и решаваме да дејствуваме разумно. Еве зошто тоа не треба да биде така и зошто треба почесто да ја следите интуицијата.rnrnЗошто треба да си ја следите интуицијата?rn

    Пронаоѓање на вистинската личност

    rnКога станува збор за љубовта, лесно може да потпаднете под влијанието на другарите/другарките и да ги следите единствено советите кои тие ви ги даваат. Колку пати ви се случило да излегувате со некого за кој/а тие мислат дека е супер за вас, а на крајот излегува сосема спротивното? За да ги избегнете таквите ситуации во иднина, престанете да се фокусирате на тоа што другите го мислат и послушајте што има да ви каже интуицијата. Таа сигурно ќе ви го покаже патот кон вистинската личност.rn

    Професионална исполнетост

    rnСо следењето на интуицијата ќе почнете да ги следите и сопствените страсти и ќе градите кариера што вистински ве исполнува, а не ви претставува измачување. Само треба да ги почувствувате и следите сигналите и да верувате во себеси.rn

    Истражување на светот

    rnДодека сѐ уште имате време, истражете го светот и пронајдете го местото каде најубаво се вклопувате и кое најубаво ви одговара. Интуицијата самата ќе ви покаже каде треба да се движите бидејќи таа веќе знае каде вистински припаѓате или барем, кои места би требало да ги посетите.rn

    Целосно искористување на потенцијалите

    rnУспехот не доаѓа со седење и чекање. Младоста е период од животот кога најмногу треба да преземате ризици и да ги остварувате зацртаните цели. Потребна е храброст да се почне, но подоцна таквиот потег секако ќе ви се исплати. Вашата интуиција ќе се погрижи правилно да ве насочи на она место каде ќе бидете во можност максимално да ги покажете своите потенцијали и да напредувате како личност.rn

    Себепочитување

    rnАко животот ви се базира на постојано следење на советите од другите, ќе се претворите во личност која воопшто нема да ја сакате и почитувате еден ден. Вашата интуиција веќе сигурно знае што ви е потребно. Доколку научите да ги препознавате таквите сигнали, веројатно е дека ќе бидете многу поисполнети и позадоволни од себеси. Затоа, не ги задушувајте таквите чувства со силата на разумот и дозволете ѝ на интуицијата да ви покаже што е најдобро за вас.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите

    Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите

    На француските Алпи, поточно на врвот „Aiguille du Midi“ (3.842 метри) е поставена стаклена кабина од која и на најхрабрите ќе им се замрзнат нозете.rnrnСтаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите rnrnОд кабината има фантастичен поглед кон Монблан, а под стаклениот под има амбис од 1.000 метри. За поставување на оваа стаклена кабина биле потребни три години, а Французите гарантираат дека е многу цврста и максимално безбедна. Официјално за посетителите ќе биде отворена на 21 декември оваа година.rnrnСтаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите Стаклена кабина на Алпите од која ќе се исплашат и најхрабрите rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.