КАФЕ ПАУЗА

Tag: храброст

  • 9-те карактерни особини на храбрите умови

    9-те карактерни особини на храбрите умови

    Храбрите и смели ставови и идеали се еден возбудлив начин на живеење. Луѓето кои се обидуваат да зграпчат што повеќе шанси и прилики со помош на нивното размислување искусуваат еден поисполнет, побогат и поинтензивен живот. Во продолжение прочитајте кои карактеристики ги одликуваат храбрите умови и дознајте ги причините за нивниот успешен развој и напредок.rnrn9-те карактерни особини на храбрите умовиrn

    1. Храбрите умови бараат различни перспективи

    rnДодека посмирените луѓе се опкружуваат со личности кои го ценат и практикуваат нивниот начин на размислување, храбрите умови во својот круг на пријатели вклучуваат личности кои имаат различни идеологии. Тие не се обидуваат да се променат или да ги променат другите, туку се отворени и прифатливи кон оние кои го гледаат светот поинаку од нив.rn

    2. Храбрите умови уживаат во предизвикот

    rnБестрашните храбри умови ги привлекува уметноста која го истражува контрадикторното и им открива вистини и наративи кои можат да завршат двосмислено. Нивниот интелект ги цени и вреднува вкусовите – во храната, музиката, филмовите, а добрите вкусови мора прво да се култивираат за да се добијат.rn

    3. Храбрите умови не копнеат по сечие внимание, љубов и почит

    rnВо неговата книга, „Давид и Голијат“, Малком Гладвел открива дека успешните претприемачи ја вреднуваат несогласноста како карактерна особина многу повеќе од обичното население. Тие не се некултурни или нељубезни, туку не бараат прифаќање или благослов од нивните пријатели за да го сторат тоа што мислат дека е правилно.rn

    4. Храбрите умови можат да бидат сами без да бидат осамени

    rnХрабрите умови не дозволуваат нивното внимание да се задржува на телевизијата, социјалните мрежи и сличните тривијални активности, туку се обидуваат да останат будни и свесни во секое време.rn

    5. Храбрите умови се помирени со своите стравови и анксиозноста

    rnТие ги забележуваат своите мисли дури и кога тие се негативни. Не се обидуваат да ги игнорираат или да не ги прифаќаат, туку само ги регистрираат и именуваат додека се присутни и додека не им најдат решение.rn

    6. Храбрите умови го толерираат неразбирањето

    rnЗбунетоста е незапирлива болка на мозокот во развој која постојано расте. Храбрите умови никогаш не ги прават оние работи кои сметаат дека се погрешни.rn

    7. Храбрите умови се и отворени и одлучни

    rnСигурно ви е добро познато правилото: „Два пати мери, еднаш сечи“. Храбрите умови се отворени за дискусија и преговарање пред да донесат некаква одлука и да се посветат на неа.rn

    8. Храбрите умови се скромни и самоуверени

    rnХрабрите умови се свесни за нивните маани и нивните пропусти, па затоа самоуверено и активно работат на нивната способност да ги изгубат и да се ослободат од нив.rn

    9. Храбрите умови го сакаат парадоксот

    rnТие дозволуваат нивниот разум да маринира во комбинирањето на навидум различните поими и затоа успеваат да бидат истовремено и отворени и одлучни, како и скромни, а сепак самоуверени. Храбрите умови го гледаат светот како внатрешно поврзан систем од парадоксалности.

  • Бидете храбри, различни и уникатни – одберете венчаница во боја!

    Бидете храбри, различни и уникатни – одберете венчаница во боја!

    Различното бара храброст, а тоа се однесува и на венчаниците кои традиционално се во бела боја. Но, кој вели дека тоа мора да биде така? Можеби живееме во потрадиционално општество, но мали промени кои никому не наштетуваат се секогаш добредојдени. Па, ако имате какви било сомнежи во врска со белата боја за вашиот невестински фустан, не плашете се да одберете уникатност.rnrn(1)-bidete-hrabro-razlichni-i-unikatni-odberete-venchanica-vo-boja-kafepauza.mkrnrnСе надеваме дека следниве 24 идеи ќе ве инспирираат да бидете уникатно прекрасни на вашиот посебен ден.rnrn

  • 6 работи поради кои секоја жена жали на крајот од животот

    6 работи поради кои секоја жена жали на крајот од животот

    Иако секоја животна приказна е единствена, постојат одредени работи за кои многу од жените жалат на крајот од својот животот. Сепак, не мора да чекате за да биде прекасно. Можете да направите свесни одлуки, сега, за да го живеете животот до максимум и да ја искористите секоја шанса која ја имате. Следните 6 работи, поради кои секоја жена жали на крајот, можат да ве научат како да почнете подобро да го живеете вашиот живот уште денес.rnrn6 работи поради кои секоја жена жали на крајот од живототrn

    1. „Жалам што не покажав повеќе љубов кон луѓето кои најмногу ги сакам“

    rnСекогаш имајте повеќе разбирање, време и грижа за луѓето кои ви се најважни. Немојте да жалите што не сте имале доволно храброст почесто да велите „Те сакам“. Секогаш одвојувајте време за дружење и разговор, или ако вашите најмили не се во близина – напишете им порака или јавете им се.rn

    2. „Жалам што не бев подобар родител, партнер, ќерка“

    rnНикогаш немојте да го земате вашето семејство здраво за готово. Иако тоа можеби не е совршено, факт е дека вашето семејство секогаш ќе ве поддржува и ќе биде со вас кога ви е најпотребно.rn

    3 „Жалам што не бев посреќна и што не уживав повеќе во животот“

    rnНемојте да го поминувате вашето време грижејќи се за оние работи кои се надвор од вашата контрола. Секојдневно поминувајте повеќе време правејќи нешта што ги сакате и што ве исполнуваат.rn

    4. „Жалам што не го живеев својот сон“

    rnЖивотните соништа на многу луѓе остануваат неостварени, бидејќи тие премногу се грижат за тоа дали ќе се исполнат или нема да се исполнат нечии очекувања. Вие сте единствената личност која знае што е најдобро за вас. Допуштете си себеси да бидете отворени за бескрајни можности. Кога размислувате за вашиот сон, сетете се на следната мантра: „Ова, или нешто подобро“.rn

    5. „Жалам што не водев подобра грижа за себе“

    rnГрижата за себе треба да ви биде главен приоритет. Најдете време да одите на прошетка, да вежбате, да медитирате, да читате, поздраво да се храните и да уживате додека ги правите овие работи. Верувајте, секоја секунда вреди.rn

    6. „Жалам што не направив нешто повеќе за другите“

    rnСекогаш нека ви биде цел позитивно да влијаете врз другите луѓе. Помогнете, кога и да можете. Сослушајте, пружете рака, немојте да бидете злопамтило. Никогаш не посакувајте го она на другите што не би си го посакале себеси.

  • 6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви каже

    6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви каже

    Сите имаме некои карактерни маани кои сакаме да исчезнат. Некои луѓе се екстравертни и сакаат да се социјализираат со другите, додека некои се интровертни и не можат да соберат храброст да речат ниту „Здраво“. Секој е различен и секој е способен да се промени, но, понекогаш вие сте тие кои треба да ја иницираат ваквата промена и да го направите првиот чекор. Посебно кога се работи за срамежливите и тивките припадници на посилниот пол.rnrn6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви кажеrnrnСе разбира дека и вие се чувствувате несигурно и исплашено, бидејќи секогаш постои можноста да бидете одбиени. Но, верувајте, храброста многу често се исплати. Еве неколку знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви го каже тоа:rn

    1. Постојано е околу вас

    rnОди во вашето омилено кафуле скоро секој ден. Ако работите заедно, почесто доаѓа во близина на вашето биро или седи покрај вас за време на ручекот. Го гледате почесто до апаратот за вода отколку кој било друг ваш колега.rnrnДобар знак дека му се допаѓате, но премногу се срами да ви каже, е и ако се обидува постојано да биде во ваша близина, без притоа да ви го украде вашето „светло“ и да биде во центарот на вниманието. На овој начин се обидува да открие како да го направи првиот потег.rn

    2. Тој е добар и фин е со вас

    rnНе претерува, но прави работи кои секој добар пријател би ги направил за вас, иако не сте толку блиски. Тој без проблем ќе ви донесе кафе или пак, ќе го сподели својот ручек или што и да јаде во моментот (кога момците ја делат храната, тоа дефинитивно значи нешто). Секогаш е културен и ве почитува. И, најважно, кога е во ваша близина, чувство на топлина резонира од неговото тело.rn

    3. Секогаш ви се насмевнува, но не го задржува контактот со очите

    rnВсушност, вистината е дека не може да одолее да не ви се насмее, но не сака да го покаже тоа. Очајно сака да ве гледа во очите, но се плаши дека вие нема да сакате да го направите истото.rn

    4. Го имате целото негово внимание

    rnКога разговарате, целиот негов фокус му е кон вас. Ова се случува дури и кога сте излезени со повеќе луѓе. Сигурно ве гледа дури и кога ништо не зборувате, но се обидува да го сокрие тоа.rn

    5. Ви дава комплименти дури и за најмалите промени во вашиот изглед

    rnВашата нова фризура. Вашиот нов фустан. Новите чевли, марама, новата боја на кармин. Што и да сте промениле во изгледот, тој тоа ќе го прокоментира. На овој начин сака да ви покаже дека ве забележува. Секако, не ви дава толку комплименти колку што би сакал да ви даде, но, дефинитивно ќе ви даде една искрена пофалба кога ситуацијата така налага.rn

    6. Не ве поканува на средба, иако вие веќе сфаќате дека му се допаѓате

    rnПонекогаш, најдобрите момци се и најсрамежливи. Тие не се гледаат себеси како припадници на поагресивниот тип мажи, па потешко им е да прават работи за кои не се чувствуваат доволно храбри да ги направат. Но, со малку поголема самодоверба, сè ќе биде подобро.rnrnНа крајот од краиштата, ако и вам ви се допаѓа, тогаш вие направете го првиот чекор. Нема што да изгубите.

  • 7 екстремни спортови кои треба да ги пробате

    7 екстремни спортови кои треба да ги пробате

    Екстремните спортови не се само за зависниците од адреналин со долгогодишно искуство. И обичниот човек има можност да ја почувствува акцијата и возбудата. Всушност, никогаш досега не било полесно да се обидете во сноубординг, падобранство или скокање со параглајдер од карпа.rnrn(7)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnВозбудата не може да се спореди со ништо, но секако има и други придобивки. Екстремните спортови ќе ве одржуваат во одлична форма, ќе ве одведат на најубавите места во светот и ќе ве запознаат со многу страсни луѓе. Во продолжение прочитајте за 7-те екстремни спортови кои и вие би можеле да ги пробате, од кои некои се прилично лесни, но некои од нив бараат и голема храброст.rn

    1. Планински велосипедизам

    rn(4)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСлично како и обичниот велосипедизам, планинскиот вклучува возење по земјени и неасфалтирани патеки. Теренот вообичаено овозможува поголем отпор на телото, па токму поради тоа е и одлична вежба за негово обликување. Скоро секој може да се занимава со овој спорт, ако има соодветен велосипед и избере добро место за возење.rn

    2. Болдеринг

    rn(0)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСтанува збор за активност слична на качувањето по карпи, освен што во овој случај нема јажиња и заштитна опрема. Едноставно со голи раце се искачувате по карпите. Да, звучи опасно, но болдерингот всушност се изведува на релативно мали карпи, ретко повисоки од 2 метри. Потребни се специјални чевли за дополнителна сигурност, како и креда за рацете да ви бидат суви. Тоа е одлична можност за тренинг, како и за забава.rn

    3. Сноубординг

    rn(6)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСноубордингот е еден од најпопуларните екстремни спортови во светот затоа што е неверојатно забавен. За почетници секако не е лесен, но кога еднаш ќе воспоставите баланс, веднаш ќе станете зависни.rn

    4. Кајакарство на диви води

    rn(1)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnКајакарството на диви води може да биде навистина тежок и прилично опасен спорт. За да успеете да се справите со дивите бранови треба да имате голема храброст, но токму тоа го прави ова искуство забавно и возбудливо.rn

    5. Скокање со падобран

    rn(2)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСкокањето од авион од илјадници метри височина е екстремно, но денес скоро секој може да го направи тоа. Фактот што поранешниот претседател Џорџ Буш го прославил својот 90-ти роденден со скок со падобран, ни покажува дека никогаш не е доцна да се обидете и вие.rn

    6. Скокање со параглајдер од карпа

    rn(3)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnОва се смета за поопасен спорт од скокањето со падобран, но е неверојатно возбудлив и доколку се изведува под контрола на професионалец и со правилен тренинг, може да го изведе секој страстен аматер.rn

    7. Скокање од карпа во вода

    rn(5)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnАко мислевте дека скокањето од карпа со параглајдер е страшно, обидете се да го направите тоа без него – со скок во вода. Секако, ова е навистина екстремно за почетници, но вреди да се научи. И доброто е што за овој скок не ви потребна посебна опрема.

  • Само храбрите парови ќе го направат ова: Тетоважа наместо веренички прстен

    Само храбрите парови ќе го направат ова: Тетоважа наместо веренички прстен

    Откако моделот Бехати Принслу ја покажа својата „вереничка тетоважа“ – три мали точки кои се поставени вертикално на нејзиниот прст, сите бевме шокирани. Но, после внимателно разгледување и малку истражување, сфативме дека идејата зад правењето на оваа тетоважа е прилично слатка. Таа ја симболизира постојаноста на врската меѓу мажот и жената, а овој тренд е започнат од Адам и Бехати.rnrn01-samo-hrabrite-parovi-kje-go-napravat-ova-tetovazha-namesto-verenichki-prsten-www.kafepauza.mk_rnrnНекои тетоважи се мали и слатки, некои едноставни, некои симболизираат некоја тајна порака. Без разлика како тие изгледаат, едно е сигурно – тие јасно ја прикажуваат силната, непоколеблива љубов која ќе остане засекогаш помеѓу оние кои ги носат.rnrn

  • Цитати за храброста кои ќе ви вдахнат сила да се изборите со потешкотиите

    Цитати за храброста кои ќе ви вдахнат сила да се изборите со потешкотиите

    Автор: Магдалена АрнаудоваrnrnХраброста претставува еден вид сила, моќ или решителност да се соочиме со големите предизвици коишто се исправуваат пред нас. Секогаш кога се соочуваме со потешкотии, застрашувачки или болни времиња, потребна е храброст за да го пребродиме тоа. Во такви тешки времиња, она што ни останува е да собереме храброст и да не дозволиме да нѐ порази нашиот страв. Храброста не значи отсуство на страв, туку одење напред и покрај стравот. Зашто, ако не постои страв, тогаш не е потребна ни храброста.rnrn1-citati-za-hrabrosta-koi-kje-vi-vdahnat-sila-da-se-izborite-so-poteshkotiite-kafepauza.mkrnrnВо продолжение проследете ги неколкуте цитати коишто на некој начин ќе успеат да ви вметнат барем малку храброст.rn

    „Храброста не е недостиг од страв, туку свесност дека нешто друго е поважно од стравот.“ – Амброус Редмун

    rn

    „Имај доволно храброст за да веруваш во љубовта уште еднаш и секогаш уште еднаш.“ – Маја Ангелоу

    rn

    „Она што ги разликува победниците од губитниците е начинот на кој реагираат на секој нов пресврт на судбината.“ – Доналд Трамп

    rn2-citati-za-hrabrosta-koi-kje-vi-vdahnat-sila-da-se-izborite-so-poteshkotiite-kafepauza.mkrn

    „Храброста значи одење од неуспех во неуспех, без губење на ентузијазмот.“ – Винстон Черчил

    rn

    „Храброста не секогаш грми. Понекогаш таа е тивкиот глас на крајот на денот, којшто вели ‘утре ќе се обидам повторно’.“ – Мери Ен Радмахер

    rn

    „Имај храброст да живееш, секој може да умре.“ – Роберт Коди

    rn3-citati-za-hrabrosta-koi-kje-vi-vdahnat-sila-da-se-izborite-so-poteshkotiite-kafepauza.mkrn

    „Животот станува вистински само кога ќе почнеме да се соочуваме и да ги решаваме нашите проблеми. Дотогаш, ние само пливаме во кругови, во голем измислен свет, којшто има тенденција да нѐ прави уморни од живеењето. Не трошете ја енергијата! Соочете се со животот СЕГА!“ – Непознат автор

    rnЗа крај, запаметете дека преминувањето преку стравовите е вештина којашто секој може да ја научи!

  • Жените поседуваат моќ: 20 портрети на храбри жени кои се впишале во историјата

    Жените поседуваат моќ: 20 портрети на храбри жени кои се впишале во историјата

    Мажите отсекогаш биле синоним за моќ и храброст, а местото на жените отсекогаш било во кујната и со децата. Но храброста не е карактеристика само на мажите. Во текот на историјата положбата на жените еволуирала, па дури во 20-тите години на минатиот век жените како Роза Луксембург и Клара Цеткин успеале да стекнат права на работа, едукација и слично, кои претходно биле строго забранети.rnrn0-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mk_rnrnОва е една похрабра слика која ги отсликува жените како еднакви со мажите, а можеби дури и похрабри од нив. Погледнете ги овие 20 жени кои одлучиле да го ризикуваат својот живот, а со тоа и да се впишат во историјата.rn

    1. Ни небото не е граница

    rnМаргарет Бурк – Вајт качена на врвот од зградата Крајслер во 1930 т.е. годината кога ја отвориле. Со повеќе од 300 метри висина, овој облакодер во арт деко стил е највисоката градба до 1931, кога била свечено отворена зградата Емпајр Стејт Билдинг.rnrn1-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    2. Маратонска жена

    rnВо 1967, Кетрин Свицер е првата жена која го истрчала Бостонскиот маратон. И покрај напорите на Џон Семпл да ѝ го откине бројот, таа успешно го завршува маратонот.rnrn2-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    3. Храбар потег

    rnОлимпијката Гертруд Едерл на 6 август 1936 станала првата жена која целосно го препливала Англискиот канал.rnrn3-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    4. Жени во униформи

    rnУште првата година кога на жените им било дозволено да се придружат на војската (1918), група жени влегуваат во Американската морнарица.rnrn4-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    5. Спремна на сѐ

    rn106-годишна Американка е спремна да го брани својот дом за време на протерувањето на Американците од Баку, Азербејџан што започнало во 1990.rnrn5-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    6. Верба и храброст

    rnМуслиманка ја крие жолтата ѕвезда на нејзината комшивка Еврејка под својот вел во Сараево, 1941.rnrn6-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    7. Летачки желби

    rnЖени-пилоти пред тргнување за време на Втората светска војна.rnrn7-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    8. „Вини заварувачката“

    rn„Вини заварувачката“ e име коe им се давало на околу 2.000 жени за време на војната. Оваа слика е направена на Американското бродоградилиште во 1943.rnrn8-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    9. Кошаркарски соништа

    rnУниверзитетот Смитс е првата образовна институција која имала сопствен женски кошаркарски тим (околу 1902 година).rnrn9-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrn

    10. Фри стајл

    rnЕлен О’Нил – првата професионалка во возење скејтборд во 1976.rnrn10-zenite-poseduvaat-mok-20-portreti-na-hrabri-zeni-koi-se-vpisale-vo-istorijata-kafepauza.mkrnrn

  • Викенд книга: „Кога мене ќе ме нема“ – Колин Оукли

    Викенд книга: „Кога мене ќе ме нема“ – Колин Оукли

    Приказна за љубовта соочена со најтешкото прашање – губењето на најважната личност

    rn

    Наша оцена: 8/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rn(1) Викенд книга: „Кога мене ќе ме нема“ - Колин ОуклиrnrnНавистина сакам драми, особено љубовни, кои покрај емоциите кои ми ги предизвикуваат, ме тераат да размислувам и за тешки животни прашања и за тоа какви одлуки би носела во ситуации кои никој од нас не ги посакува, но животот за жал понекогаш ги носи. Сите мислиме дека се познаваме доволно себеси и дека знаеме како би реагирале соочени со проблеми и компликации, но факт е дека животот постојано нè предизвикува и нè менува, па често се изненадуваме од личноста во која сме прераснале. „Кога мене ќе ме нема“ е книга за најтешкиот предизвик и најголемата болка во сечиј живот – болеста и смртта на блиска личност. Уште потажна е помислата дека станува збор за млад брачен пар кој допрва треба да создава семејство и да гради иднина. Книгата навистина ви го крши срцето збор по збор, но додека читате за Дејзи и за нејзината огромна храброст, мислам дека не може а да не откриете нешто повеќе самите за себе…rnrnНа дваесет и седум години Дејзи веќе еднаш ја има победено борбата со ракот, посветена е на здрав животен стил и се труди да биде максимално организирана кога балансира помеѓу активностите од типот на обезбедување органска храна, вежбање, студирање и најважно – грижа за својот сопруг Џек и својот дом. Но, токму кога се подготвуваат да ја прослават третата годишнина од победувањето на ракот, Дејзи дознава дека болеста се вратила и тоа во агресивна фаза. Кога докторот ќе ја потврди трагичната вистина дека овој пат ракот не може да се победи, Дејзи креира план за сите работи кои мора да ги заврши во преостанатите неколку месеци. На листата, некаде помеѓу уредување на куќата и носење одлуки дали сака да биде кремирана, Дејзи ја сместува најважната задача од сите – да најде нова сопруга за Џек.rnrnЏек е интелигентен и амбициозен ветеринар кој ги привршува своите студии и треба да дипломира со почести и тоа со двојна диплома, но кога станува збор за какви било активности поврзани со домот – Џек е крајно неодговорен и неорганизиран. Дејзи на некој начин е столбот на нивниот дом и кога ќе се соочи со реалноста дека за кратко време ќе ја нема, се опседнува со фактот дека Џек нема да може да функционира нормално кога нема да постои некоја организирана личност во неговиот живот, која ќе го сака и ќе го разбере. Дејзи, со помошта на својата луда пријателка Кејлеи, е на мисија да ја најде совршената личност за Џек. Само што, тоа значи признавање на фактот дека таа веќе нема да биде тука, а Џек ќе продолжи со животот и после неа.rnrnДа бидам искрена, целата приказна за барањето нова жена, пред да почнам да ја читам книгата ми звучеше многу бизарно и нереално, особено затоа што Дејзи претпоставува дека Џек туку – така ќе прифати нова жена веднаш штом ќе му почине првата од рак. Но, како што навлегував подлабоко во приказната, сфатив дека ликовите се изградени на тој начин што дури текот на настаните си имаше некоја своја чудна логика. Морам да кажам дека стилот на пишување е навистина посебен, особено ако се земе предвид дека ги читате мислите и чувствувате заедно со Дејзи постојано во текот на нејзината борба. Нетипично за ваква книга, постои и мала доза на црн хумор која е добро испреплетена во одредени ситуации. Книгата всушност во голема мера го анализира и поимот за брак, па ќе почнете да размислувате во насока што истиот значи за вас – нераскинлива врска која не познава време или нешто што се менува и зазема облик зависно животните ситуации на двата партнера?rnrnВо секој случај, книгата рефлектира многу важни прашања и за мене беше откритие сама по себе. Соочувањето со смртноста секако е тешка и болна тема која поголем дел од нас ја избегнуваат, но мислам дека Колин Оукли има завршено добра работа и ни нуди нов начин на размислување додека одредени ситуации ги прикажува во ново светло.rnrnrn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 16 август 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • 23 цитати од Деми Ловато кои ќе ви помогнат да ги пребродите вашите најтешки денови

    23 цитати од Деми Ловато кои ќе ви помогнат да ги пребродите вашите најтешки денови

    На сите ви е добро познато дека Деми водеше голема војна со нејзината депресија, нарушувањето во исхраната и повредите кои си ги нанесуваше самата. Но, сепак во сето тоа има неколку добри страни – таа стана позрела личност, одговорна за своите постапки и најважно од сè, научи дека другите луѓе не може да ја дефинираат нејзината убавина и начинот на којшто таа се чувствува во сопственото тело. Веднаш потоа, таа започна да ги охрабрува своите фанови кои се бореа со истите проблеми како неа. Нејзините искрени, силни и мотивирачки цитати ќе успеат да ве „извлечат“ дури и од најтешките денови во вашиот живот.rnrn1-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_rn

    За борбата против депресијата и ниската самодоверба

    rn

    „Еден од најстрашните моменти во животот е кога ќе сфатите дека единствената личност која може да ви помогне сте самите вие.“

    rn

    „Би сакала луѓето да разберат дека мозокот е најважниот орган во телото. Само затоа што не може да го видите како што не може да ја видете скршената коска, не значи дека (неговата повреда) не е штетна и катастрофална за семејството или поединецот.“

    rn

    „Една од причините поради која бев несреќна со години беше тоа што никогаш не ги прифатив моите емоции и се обидував да ги контролирам. Во третманот, сите негативни работи кои ги правев беа тргнати настрана и морав да почнам да ги обработувам моите емоции.“

    rn

    „Ако минувате низ тежок период, одете кај вашето семејство и пријателите. Не ставајте се себеси во опасност. Од суштинско значење е да ги исфрлете вашите чувства надвор од себе – но, никогаш немојте да го повредувате вашето тело, бидејќи тоа е свето. Би сакала да можам да ѝ кажам на секоја млада девојка која има проблеми со нарушување во исхраната или која се повредила самата на кој било начин, дека таа заслужува да живее и дека животот има смисла. Вие може да поминете и да надминете сè.“

    rn2-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_rn

    За созревањето и пронаоѓањето на сопствената среќа

    rn

    „Јас не дозволувам нечија несигурност, емоции или мислење да ми пречи. Најважно за мене е јас да бидам среќна. И во ред е понекогаш да бидете себични за тоа, бидејќи станува збор за вашата добросостојба. Правете го она што ве прави среќни и не грижете се што мислат другите луѓе за вас.“

    rn

    „Претходно мислев дека самодовербата доаѓа од тоа што другите го мислат за мене, од момчињата и сè останато. Но сега научив дека самодовербата доаѓа од она што јас го чувствувам за себе и од себеуверувањето дека можам да правам сè што сакам и да бидам она што сакам.“

    rn

    „Јас не ја доведувам мојата самопочит во прашање. Знам дека ако мојата кариера утре се распадне – дури и да немам повеќе пари и слава – јас сè уште ќе ја имам вредноста на мојата душа, бидејќи знам дека можам да влијаам врз животот на некој друг.“

    rn

    „Ако не ги сакате вашите недостатоци и несовршености, не може да очекувате некој друг да ги сака. Сите ние сме различни. Пронајдете ги вашите недостатоци и несовршености и започнете да ги прифаќате, бидејќи тие се дел од вас. Бидете горди на својата оригиналност. Не постои никој друг на светот како вас.“

    rn3-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_rn

    За сакањето на сопственото тело и чувствувањето дека сте убави

    rn

    „Мислам дека лузните се како рани од битки – убави, на некој начин. Тие покажуваат низ што сè сте поминале и колку сте силни штом сте излегле од тоа.“

    rn

    „Постојано го слушам изразот ‘простор меѓу бутовите’ а кога го слушате постојано, тоа се заглавува во вашата глава. Мислам дека е важно некој да каже ‘Еј, ако вие го немате ова, не значи дека не сте убави и не значи дека немате убаво тело’. Јас природно немам убаво тело, но се чувствувам пријатно во него. Вежбам и го направив здраво. Јас стигнав далеку и се гордеам на моето тело кое го имам денес – и сакам сите жени да го чувствуваат истото.“

    rn

    „Јас подобро би била силна и среќна отколку да бидам она што општеството го смета за тенко и совршено и да се чувствувам мизерно.“

    rn

    „Сите ние имаме проблематични области. Јас секогаш ќе имам крупни бутови. Не можам да го сменам тоа и опсесијата со тоа само ќе направи да се чувствувам мизерно. Да научиме да бидеме благодарни за нашите тела и да се грижиме за нив – тоа е најдобриот начин да се зајакнеме физички, психички и духовно.“

    rn

    „Треба да има повеќе различност на телевизија, за младите девојки додека растат да не чувствуваат притисок дека треба да изгледаат на специфичен начин. Високи, слаби, заоблени, ниски, какви и да сте, вие сте убави.“

    rn4-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_rn

    За остварувањето на целите и за неоткажувањето

    rn

    „Може да го свртите текот на вашиот живот. Може да поминете низ пеколот и назад. Можно е! Никогаш не се потценувајте себеси. Верувам во вас!“

    rn

    „Јас навистина сум горда што сум сведок на тоа дека жените од сите страни на светот слободно го користат својот глас и зборуваат за еднаквоста – и се обидуваат да направат разлика… Јас мислам дека е важно жените да ја пронајдат својата самодоверба и да не дозволат ништо да ги запре.“

    rn

    „Секогаш ќе има луѓе кои нема да ве сакаат, но не дозволувајте тие да влијаат на вас. Не им дозволувајте да земат дел од вас.“

    rn

    „Без разлика кои сте, од каде доаѓате, низ што сте поминале… Вие може да направите промена во светот.“

    rn

    „Животот е скапоцен и она што го правите со него е она што ве одржува живи однатре. Не е доволно само да живеете и да го земете овој подарок здраво за готово. Секој од нас има стравови, но колку повеќе работиме на нив, толку повеќе сме во можност да уживаме во нашите животи.“

    rn5-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_rn

    За закрепнувањето и останувањето силни

    rn

    „Бидете трпеливи, бидејќи за вистинските промени е потребно време. Јас имав навика да барам на Гугл ‘Како да изгубите тежина за една недела’, но светот не функционира на тој начин. Ако сакате да изгубите тежина, треба да работите на тоа. Ако сакате да станете посилни, треба да работите на тоа. Секој друг начин нема да биде здрав и нема да трае долго време.“

    rn

    „Јас мислам дека нема да постои ден кога нема да мислам на храна и на моето тело, но живеам со тоа. Сакам да им кажам на сите млади девојки да пронајдат безбедно место и да останат таму.“

    rn

    „Сè ќе биде во ред. Без разлика колку силно сте паднале на дното, може да се подигнете и повторно да бидете силни како претходно.“

    rn

    „Знам дека моето минато секогаш ќе биде дел од мене, но не сакам тоа да ме дефинира која сум… Возбудена сум што живеам во сегашноста и со радост гледам напред во иднината.“

    rn

    „Останете силни, бидете храбри, сакајте силно и искрено и ќе нема што да изгубите.“

    rn6-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_