Да простиме некому може да биде голем предизвик, особено ако таа личност навистина нѐ повредила, но тоа што може да биде уште поголем предизвик е да најдеме храброст да си простиме себеси. Простувањето е еден редок дар кој треба внимателно да се чува и негува, бидејќи преку него стекнуваме и учиме нови начини, но и нови причини кои нѐ мотивираат да продолжиме да растеме и да се развиваме.rnrn
rnrnКога не можеме да простиме, се соочуваме со немирна совест и со неможноста да пронајдеме мир во нашите срца, души и ум, бидејќи се губиме во нашите грешки, минатото и моментите кои повеќе не можеме да ги промениме. Но, кога ќе научиме да простиме и да се ослободиме од лутината, тогаш ќе научиме да живееме подобро и побогато, без товарот на омразата потпрен на нашите грбови.rnrn1. Си простувам себеси што не тежнеам секогаш кон ѕвездите. Благодарен/благодарна сум за сите предмети, луѓе и појави кои се околу мене и знам да ги ценам дури и најмалите работи.rnrn2. Си простувам себеси што сум кревок/кревка. Мојата храброст не лежи во физичката сила, туку во разумот.rnrn3. Си простувам себеси за непотребното чувство на вина. Знам дека животот е суров и не е секогаш фер и затоа ги оправдувам сите мои постапки кои сум ги направил/а во границите на разумното.rnrn4. Си простувам себеси што се стремам кон недостижното совршенство. Знам дека никој не може да го достигне совршенството, но исто така знам и дека може да се дојде чекор поблиску до него. Мојата амбиција не мора да има изговор.rnrn5. Си простувам себеси што се вртам против себе. Знам кога не сум во право и умеам да го прифатам тоа.rnrn6. Си простувам себеси што го затворам своето срце кон себе и кон другите. Не е секогаш убаво кога сите ваши чувства и емоции се видливи и луѓето можат да ве прочитаат како отворена книга.rnrn7. Си простувам себеси што ме погодуваат туѓите осуди. Луѓето секогаш ќе осудуваат и во ред е ако понекогаш покажам малку слабост и ранливост. Тоа е само доказ дека сум човек.rnrn8. Си простувам себеси што се обидувам сѐ да предвидам. Друго е кога човек влегува во непознатото неподготвен и друго е кога сака да има малку увид за тоа како се одвиваат работите. Нема ништо лошо во планирањето и анализирањето различни сценарија.rnrn9. Си простувам себеси што понекогаш се мразам. Свесен/свесна сум дека исто како и сите, така и јас доаѓам со ред маани и недостатоци. Самокритичноста е дозволена сѐ додека не стане трајна.rnrn10. Си простувам себеси што сум човечко битие и не сум совршен/а. Само боговите можат да се натпреваруваат кој е подобар. Ние луѓето сме исти и се судиме само по делата кои ги правиме.rnrn11. Си простувам себеси што учам од своите грешки. Човечки е да се греши и уште почовечки е да се учи од грешките. Искуството нѐ прави посилни.rnrnСо тоа што си простувам себеси, учам како да се сакам себеси. Впрочем, како ќе научам да ја делам својата љубов со другите, ако пред тоа не научам како да ја споделам со себе?
Tag: храброст
-

11 нешта за кои треба да си простите уште денес
-

10 талентирани актери кои станале славни после 40-тата година
Успехот не доаѓа преку ноќ. Трпението, храброста и упорноста се клучните фактори на патот кон успехот. Додека некои се двоумат дали да го направат првиот чекор, другите се стекнуваат со светска слава на возраст која не е вообичаена за холивудските стандарди.rnrnПогледнете ја листата од актери кои ја започнале кариерата во нивните 40-ти години.rn
1. Морган Фриман (50 години)
rn
rnrnМорган Фриман навистина требало да се потруди пред да се здобие со светска слава и признание. Тој дебитирал на филмското платно на 34 години, а потоа исчезнал од екраните на подолго време, но станал популарен кога ја добил првата номинација за Оскар за филмот „Возејќи ја госпоѓа Дејзи“ на возраст од 50 години.rn2. Томи Ли Џонс (47 години)
rn
rnrnИ покрај неговиот вроден талент за спортови, а конкретно за американски фудбал, Томи Ли Џонс го посветил неговиот живот на театарот и филмот. Но, на возраст од 47 години, тој добил вистинско признание и бил награден со Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Бегалецот“.rn3. Мелиса Ен МекКарти (41 година)
rn
rnrnМекКарти доживеала најголем успех и слава со филмот „Деверици“ во 2011 година. Таа беше номинирана за многубројни награди, вклучувајќи ја и номинацијата за Оскар за најдобра споредна женска улога и на светот му покажа дека животот не завршува во 40-тите години.rn4. Семјуел Л. Џексон (44 години)
rn
rnrnСемјуел Л. Џексон играл во повеќе од 100 филмови до својата 40-та година. Но, дури подоцна тој конечно бил забележан и добил голем број признанија за улогата во „Евтини Приказни“ на Квентин Тарантино. За овој филм, Џексон добил номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.rn5. Лесли Нилсен (54 години)
rn
rnrnНилсен се стекнал со светска слава на возраст од 54 години, откако прифатил улога во комедијата „Има ли пилот во авионот?“ Овој филм беше пресвртница во неговата кариера како актер и му овозможил голема репутација како комичар.rn6. Кејти Бејтс (42 години)
rn
rnrnКејти Бејтс се разминувала со својата слава како бродови во океан. Таа се појавила во неколку мали улоги во филмови кои добија високи признанија. Но, конечно прославила кога го освоила Оскарот за најдобра актерка на 42 години, играјќи ја главната улога во „Мизерија“.rn7. Пјер Ричард (42 години)
rn
rnrnИ покрај бројните дружби со значајни и славни луѓе, напорите на Пјер Ричард да се стекне со слава биле залудни подолго време. Конечно, тој стекнал светска слава со улогите на несмасен мал човек во многу комедии, на возраст од 42 години.rn8. Стив Карел (43 години)
rn
rnrnСтив Карел работел многу чудни работи. Настапувал со ансамбли, работел како соработник на телевизиско шоу и правел уште многу други нешта. Неговиот талент за комедија бил откриен откако ја добил главната улога во филмот „40-годишна девица“ кога имал 43 години.rn9. Ким Катрал (41 година)
rn
rnrnКим Катрал е најпозната по својата улога во светски познатиот серијал „Сексот и градот“, која ѝ донесе бројни признанија и награди. Само малкумина се свесни дека таа долги години неуспешно учествувала на аудиции и различни кастинзи.rn10. Жан Рено (46 години)
rn
rnrnИако му беа потребни многу години за да стане славен во филмската индустрија, Жан Рено никогаш не се откажувал и одел само напред. Средбата со Лук Бесон на возраст од 46 години го променила неговиот живот. Двајцата добија меѓународно признание за филмот „Метро“. -

7 работи кои треба да ги направите пред да наполните 30 години
Има многу работи кои треба да ги направите пред да влезете во четвртата деценија од вашиот живот. Она што е најважно е да не губите верба во себе и да не се откажувате. Можеби ќе ви бидат потребни неколку години за да ги остварите повеќето работи на оваа листа, можеби ќе ве фати паника и ќе почувствувате замор. Но, едно е сигурно: Ќе бидете среќни што сте ја презеле контролата врз својот живот и што не сте барале изговори за своите постапки. Во продолжение прочитајте ги 7-те работи кои треба да ги направите пред да наполните 30 години.rnrn
rn1. Не мора да ја сакате првата работа
rnДоколку почнувате со кариерата, слободно прифатете работа во која не сте баш „заљубени“ и бидете најдобри во неа. Воодушевете го шефот, работете дополнителни задачи, бидете колегијални. Немојте да се жалите. Можеби платата нема да биде толку добра на почетокот и се разбира тоа нема да биде работата од вашите соништа, но еден ден вашиот труд ќе се исплати и можеби благодарение на оваа работа побрзо ќе ги исполните своите желби.rn
2. Патувајте сами
rnБез најдобрите пријатели, без вашиот партнер, без родителите. Обрнете внимание на деталите, независно дали се работи за проверување на багажот, читање на мапите или снаоѓање низ улиците во некој непознат град. Испробајте ги своите граници и пребродете ги своите стравови. Така ќе научите подобро да комуницирате и со себеси и со другите.rn
3. Доколку постои нешто што силно го посакувате, направете сè за да го остварите
rnЧитајте инспиративни книги кои ќе ви помогнат да сфатите како да дојдете до целта. Направете „табела на визиите“ и залепете ги на неа фотографиите од нештата што ги сакате. Се разбира, обидете се овие работи и да ги остварите. Доколку имате желба да одите на студии во странство, побарајте емотивна и финансиска поддршка од родителите или побарајте работа за сами да заработите за тие студии. Аплицирајте на универзитетите на кои сакате да студирате. Учете го јазикот кој ви е потребен за таа земја. Каква и да е вашата желба, најважно е да се осмелите и да си докажете себеси дека вие тоа го можете.rn
4. Направете нешто лудо, смешно и некарактеристично
rnНешто што секогаш ќе можете да го прераскажувате. Најдобрите работи можете да ги направте кога нема премногу да ги анализирате своите постапки. Опуштете се и играјте како да сте пијани, иако не сте. Патувајте 24 часа без престан, престанете да се дружите со пријателите кои лошо се однесуваат со вас, запејте со непознати луѓе… Списокот е бескраен. Вашите 20-ти години треба да бидат исполнети со моменти на кои секогаш ќе се сеќавате со насмевка на лицето.rn
5. Погрижете се за себе
rnБез оглед на тоа дали од шефот ќе побарате поголема плата бидејќи сметате дека ја заслужувате или ќе речете некому да не ве третира како личност без вредност, вие треба да научите да се заштитите себеси и да бидете малку поагресивни. Научете кога треба да речете „да“ и како на луѓето да им дадете до знаење дека вашето „не“ навистина значи „не“.rn
6. Научете се да се грижите за своите пари
rnНикој не вели дека мора да бидете милионери, но обидете се да заштедите доволно пари за да можете да живеете сами. Правете белешки и водете евиденција за своите трошоци. Доколку земете кредитна картичка, водете сметка како ја користите. Обидете се за заработите и да заштедите доволно пари за самите да си ги платите сметките. Тоа се ваши лични пари и се разбира имате право повремено да се почестите, но бидете одговорни во трошењето.rn
7. Пронајдете партнер кој нема да ве кочи, во ниедна смисла
rnВистинската љубов е онаа која ви овозможува да созревате и да растете како личност. Доколку имате среќа, таквата личност ќе ја пронајдете во своите 20-ти. Вашата мотивација може да биде токму вашата сродна душа, кариерата или пак, вашето хоби. Доколку вашиот партнер е тој кој ве поттикнува, тогаш погрижете се тоа да биде некој кој ќе направи да се чувствувате незаменливи и неопходни. Доколку кариерата е она што ве мотивира во животот, тогаш не би требало никогаш да се чувствувате искористени или принудени. На крај, доколку се работи за вашето хоби, тогаш потрудете се тоа да не ви го одвлекува вниманието од вашите работни обврски.
-

6 начини да ја задржите позитивната енергија дури и во најтешките моменти
Независно дали тежината од поголемите проблеми во вашиот живот ве турка надолу или сте се разочарале од некоја текстуална порака од вашите најблиски, природата на човечкиот стрес ве тера да влезете во еден режим на преживување. Вашиот карактер може да се промени и често не на добро. Не само што ќе се чувствувате лошо со тоа што се однесувате лошо со другите, туку и вашиот внатрешен критичар ќе сака да излезе на површина во што поскоро време. Во тој контекст, прочитајте како можете да вежбате самопочит и љубов кон себе и да останете позитивни дури и во најстресните ситуации.rnrn
rn1. Останете смирени
rnКористете го вашето тело за да го оживеете вашиот посреќен и попаметен мозок. Забавете го дишењето и длабоко дишете за да внесете што повеќе кислород и да ја подобрите работата на мозокот. На тој начин поуспешно ќе ја пренасочите својата изгубена перспектива.rn
2. Разјаснете ги работите
rnФокусирајте се на она што сметате дека е надвор од вашата контрола. Во стресните периоди, човекот природно ги преувеличува работите, ширејќи го чувството на неуспех насекаде околу себе, без претходно да размисли што е тоа што ментално го предизвикува. Кога ќе се запрашате што е тоа што не можете да го контролирате, тогаш ќе можете правилно да го идентификувате и адресирате проблемот и да пронајдете соодветно решение.rn
3. Бидете љубопитни
rnОлицетворете го својот истражувачки карактер и запрашајте се каква лекција можете да научите од ситуацијата низ која моментално поминувате. Поставувањето прашања ги активира фронталниот череп и креативноста, но и ја проширува перспективата. Што е тоа што би ве трансформирало од жртва во војник?rn
4. Бидете храбри
rnПретставувајќи се себеси и мислејќи дека сте похрабри и помоќни од предизвикот со кој се соочувате може значително да го подобри крајниот резултат и да ги намали ефектите од стресот врз телото и умот.rn
5. Покажете сочувство
rnСочувството и емпатијата е уште еден начин со кој ќе си помогнете да станете подобра личност која ќе ја поседува силата, а не слабоста. Посебно кога треба да бидете емпатични кон самите себе. Кога последен пат сте биле љубезни кон себе како што сте биле љубезни кон своите пријатели?rn
6. Бидете благодарни
rnФокусирајте се на чувството на благодарност и ценење за да ослободите хемикалии во организмот кои ќе се борат против хормоните на стресот. Можеби не можете да го промените светот, но затоа можете успешно да ја промените ситуацијата во која се наоѓате на подобро и да ги решите сите проблеми кои ве прават нервозни и анксиозни.
-

5-те најинспиративни цитати на суперхероите
Оваа година без сомнение е годината кога филмовите за суперхерои ќе го досигнат својот врв, а токму овие ликови се тие кои секогаш нѐ мотивираат да не се откажеме и храбро да продолжиме понатаму. Секоја нивна приказна е исполнета со мудрост која низ годините се пренесува како едно културно наследство, а нивните инспиративни зборови ќе останат со нас засекогаш. Во продолжение прочитајте ги 5-те најмоќни цитати од познатите филмови за суперхерои.rn
„Не е важно кој сум под маската, туку тоа што го правам е тоа што ме дефинира.“ – Брус Вејн, „Бетмен започнува“
rn
rnrnОвој цитат е наменет да ги инспирира луѓето, бидејќи дава поттик да се направи нешто подобро, да се биде подобар. Тоа што ве дефинира не е материјалната слика која ве опишува, туку тоа што го правите за себе и другите е најважната карактеристика која ја одредува вашата вредност.rn„Со тебе сум до самиот крај.“ – Стив Роџерс, „Капетан Америка: Зимскиот војник“
rn
rnrnОригинално изговорен од Баки Барнс во 40-тите години, овој цитат станува легендарен кога се повторува на крајот од филмот, кога Стив Роџерс (Капетан Америка) сака да го потсети својот најдобар пријател дека секогаш ќе биде подготвен да го жртвува сопствениот живот за да го спаси нивното пријателство. Моќта на цитатот се состои во тоа што ја мотивира публиката да ги ценат најголемите вредности кои животот може да ги понуди: Семејството и пријателите.rn„Знаеме дека сме исплашени, но тоа не значи дека сме слаби.“ – Хал Џордан, „Зелениот фенер“
rn
rnrnСите понекогаш се плашиме, но начинот на кој се однесуваме и реагираме на тој страв е она што ја дефинира силата на нашиот карактер. Стравот никогаш не треба да се едначи со слабоста.rn„Мораме да бидеме поголеми од нашите страдања.“ – Гвен Стејси, „Неверојатниот спајдермен 2“
rn
rnrnЧовечки е да се греши. Ние луѓето секогаш ќе се соочуваме со најразлични предизвици и пречки на патот кон успехот и така ќе ја мериме нашата храброст и истрајност. Она што треба да го направиме е да се обидеме да ги пребродиме на наш сопствен начин и преку нив да научиме да станеме подобра личност.rn„Една работа не е убава само затоа што трае.“ – Визија, „Одмаздници 2: Ерата на Ултрон“
rn
rnrnВо една филозофска дискусија со главниот антагонист во филмот – Ултрон, Визија се обидува да му објасни зошто човештвото е вредно да се спаси, иако негативецот одбива да го увиди тоа. Убавината е минлива и не се состои само во работите кои луѓето ќе ги сакаат и идеализираат, туку во оние работи кои ќе ги запаметат. -

Неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате
Често се случува проблемите, сосема ненајавено, да влетаат во нашите животи и да ги направат црно-бели или некогаш дури и многу полоши. За некои од нас тоа може да биде само фаза од животот, додека за други може да значи комплетна животна промена. Прочитајте ги овие приказни за обични луѓе кои морале да се соочат со непријатни настани, но успеале да ги надминат со големо достоинство. Денес, тие се инспирација за останатите дека едноставно ништо не може да ве спречи на вашиот пат во животот.rn
1. Ник Вујичиќ
rn
rnrnОвој човек живее без раце и нозе и има неверојатен дух и желба за живот. Уште повеќе, тој е доказ дека во секоја ситуација можете да најдете причина да бидете среќни. Ник игра голф, сурфа, патува низ светот, држи мотивациски говори, а од неодамна стана и татко по втор пат. Кога децата на улица го прашуваат што му се случило, тој самоуверено одговара „Од цигарите!“rn2. Бил Портер
rn
rnrnКога имате цел и уште поважно, желба да ја остварите, болестите нема да претставуваат пречка за тоа. Иако Бил Портер боледува од церебрална парализа, отсекогаш сакал да работи во продажба. Тој ја исполнил својата желба, а од неодамна стана и еден од најуспешните продавачи во Америка. Филмот „Од врата до врата“ е посветен на неговиот дух и треба да го гледаат сите оние кои мислат дека нешто ги спречува да ја остварат својата кариера од соништата.rn3. Евгениј Смирнов
rn
rnrnНема ништо полошо за танчар, од тоа да ја изгуби способноста за танцување. Што може да прави професионален танчар кога ќе ја изгуби ногата во сообраќајна несреќа? Ќе продолжи да танцува! Токму тоа го направи и рускиот шампион во танцување, Евегениј Смирнов и покрај фактот дека повторно морал да учи како да танцува. Неговите перформанси во шоуто за танцување биле одличен пример, не само за човечкиот дух, туку и за фактот дека можете да танцувате и без една нога.rn4. Олесија Владикина
rn
rnrnОваа шармантна и прекрасна девојка, иако има само 20 години, поминала низ многу страдања. Во несреќа во Тајланд таа ги изгубила левата рака и уште пострашно, и нејзината најдобра пријателка. Овој момент го променил нејзиниот живот, но таа не се предала. По несреќата, таа двапати учествувала на Параолимписките игри, освојувајќи златен медал, притоа поставувајќи светски рекорд. Таа одбила да носи протеза и сѐ што прави, прави со една рака.rn5. Силвестер Сталоне
rn
rnrnДали мислите дека треба да изгледате совршено за да станете добар актер? Секако дека не, а Силвестер Сталоне е одличен пример за тоа. Како резултат на траума при раѓање, долниот дел од левата страна на лицето му е парализиран, а неговата уста е малку искривена, а исто така парализиран е и дел од неговиот јазик.rn6. Андреа Бочели
rn
rnrnСлепилото му ја одзема способноста на човекот да го гледа светот, но не и да го чувствува. Можеби токму ова му помогнало на Италијанецот Андреа Бочели, да споделува фасцинантна и инспиративна енергија со публиката преку неговите песни. Тој исто така е и татко на три деца и ужива во животот велејќи дека иако е лишен од можноста да го види светот со своите очи, тој сепак го гледа со неговото срце.rn7. Медлин Стјуарт
rn
rnrnКога имате сон, дури и хендикепот не може да ве спречи да го остварите. Медлин Стјуарт, родена со Даунов синдром, отсекогаш имала желба да стане модел. И успеала во тоа! Секако, за тоа било потребно време. Девојката почнала да спортува и изгубила 20 килограми, а потоа долго време се обидувала да влезе во модна агенција, а тие не биле премногу заинтересирани за личност со Даунов синдром. Но, Медлин ја остварила својата цел. Таа потпишала вреден договор со брендот „Manifesta“ и сега рекламира спортска опрема за жени.rn8. Викторија Дувал
rn
rnrnСпортистот секогаш останува спортист. 20-годишната американска тенисерка Викторија Дувал, која преживеала Хоџкинсонов лимфом, го докажува тоа. Таа продолжила да тренира и веќе имаше одличен настап на еден од четирите Гренд Слем турнири. Но, се чини дека Викторија веќе ја извојува најголемата победа во својот живот.rn9. Шантел Браун Јанг
rn
rnrnУбавината на овој модел е навистина невообичаена. Кога била малечка, Шантел дознала дека има недостаток на пигментација на кожата, која се нарекува витилиго. Но со одличното тело и прекрасните црти на лицетo, таа одлучила својот недостаток да го претвори во нејзина предност. Како резултат на тоа, таа денес е познат модел.rn10. Ксенија Безуглова
rn
rnrnОваа мајка на две деца победи на изборот на убавина за жените во количка. Таа е активист за човекови права, која сака да ја направи средината попријатна за луѓето кои се движат со количка. Таа е личност која ужива во животот и сѐ уште има многу планови за промена на светот. -

8 знаци кои покажуваат дека имате силен карактер
Луѓето со силен карактер немаат никаква потреба да се докажуваат или да победуваат, тие едноставно не дозволуваат никој да ги смета за нешто помалку од тоа што се и не се грижат за работите кои другите личности ги мислат за нив. Некои може да ги сметаат за арогантни, доминантни или непристојни, но вистината е далеку од тоа. Оние личности кои имаат силен карактер всушност имаат една многу нежна внатрешна страна. Во продолжение прочитајте ги 8-те особини на луѓето кои се одликуваат со карактерна сила.rnrn
rn1. Не им се допаѓаат изговорите
rnЛуѓето со силен карактер не сакаат да го трошат своето време слушајќи ги критиките и оправдувањата на другите луѓе за тоа што тие би можеле да направат. Тие повеќе се концентрираат на тоа што самите можат да направат во врска со пречките кои им стојат на патот кон успехот и да пронајдат соодветно решение.rn
2. Внимателно ги избираат луѓето кои ги пуштаат во нивниот живот
rnЛуѓето со силен карактер не чекаат другите да им кажат кои се, што се и што можат да постигнат. Тие се свесни дека на некои луѓе можеби тоа им е потребно за да се чувствуваат подобро, повредно и поцелосно, но знаат дека за нив никогаш нема да има потреба од туѓите оценки за нивниот изглед или однесување.rn
3. Не се љубители на ситни муабети
rnЛуѓето со силен карактер имаат многу идеи и наместо да прават ситни муабети со другите, тие сакаат нешто со кое ќе можат да си го олеснат секојдневието и да направат разлика. Но, тоа не значи дека ги одбиваат луѓето околу себе, напротив, тие го ценат доброто друштво, но сметаат дека секој разговор би требало да има некаква поента.rn
4. Не ја поднесуваат нечувствителноста
rnСилниот карактер се јавува како резултат на внимателноста и добрата информираност.rn
5. Знаат како да слушаат
rnЛуѓето со силен карактер знаат дека во еден комуникациски однос, слушањето е многу поважно од соодветното реагирање и разговарање.rn
6. Не им е потребно внимание
rnЛуѓето со силен карактер никогаш немаат потреба да бидат во центарот на вниманието. Тие често ги привлекуваат луѓето со својата харизма и покрај себе сакаат да имаат личности кои знаат да ја ценат нивната карактерна сила, но целта во животот не им е да бидат лидери во социјалните кругови.rn
7. Тие се бестрашни
rnСе разбира, тоа не е целосно точно, бидејќи секој човек има барем една работа од која се плаши и која го тера да се сомнева во себе и своите способности. Но, разликата помеѓу луѓето со силен карактер и оние кои тоа го немаат се состои во фактот што првите не дозволуваат стравот да го диктира начинот на кој го водат својот живот.rn
8. На несигурноста гледаат како на нова шанса
rnЗа луѓето со силен карактер, несигурноста е шанса да се направи нешто повеќе за да се стане подобра личност. Тие знаат дека не се совршени. Според нив, ако не се обидете да учите и да се развивате, и покрај ризикот дека можеби нема да успеете, тогаш вие воопшто не живеете, туку само постоите.
-

11 работи за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите баби
Кој не ужива да поминува време со својата баба? Нејзиното присуство е мило, приземно, грижливо и исполнето со многу неочекувани мудри изјави. Бабите имаат толку многу љубов и духовно богатство во себе, а ние често забораваме да им се заблагодариме за сите добрини кои ни ги носат во животот. Заблагодарете ѝ се на вашата баба уште денес. Таа можеби скромно ќе ја прифати вашата благодарност, но повеќе од сигурно ќе го стоплите нејзиното срце.rnrn
rn1. Ве научила како да бидете смели
rnБабите се професионалци во коментирањето и критикувањето. Кога некој треба да го „симнете од облаци“, употребете некоја реченица од „Книгата на смелоста“ од вашата баба.rn
2. Ги поставила основите на вашите длабоки феминистички вредности
rnБабите ги занемарувале верувањата дека мажите биле на некој начин супериорни над нив, во време кога таквото мислење било многу непопуларно. Знаејќи дека таа се борела за еднаквоста и женските права, ќе ве натера да ја побарате платата која што ја заслужувате и да му кажете на вашиот партнер дека денес него му е редот да ја исчисти куќата.rn
3. Ви дозволила да бидете дете
rnНа секое дете му се потребни моменти во кои мирно ќе може да изеде една чаша сладолед и да гледа цртани филмови 6 часа без престан. Баби, ви благодариме што ни дозволивте да бидеме деца!rn
4. Ја споделува својата мудрост со вас
rn
rnrnСите тие колоритни и живописни години од нејзиниот живот се едначат со едно виножито од мудрости. Бабите секогаш го имаат вистинскиот совет кога очајно ви треба мотивација во животот.rn5. Не се срами од ништо
rnВажноста на здравото дебело црево не смее да остане заборавена и неценета и бабите сакаат да го покажуваат тоа на многу реален начин преку испуштање гасови. Секој ден. Без срам.rn
6. Го разбира вашиот дедо
rnДедовците се супер, но понекогаш можат да бидат и малку груби. Бабите се најдобар пример како да го смирите или искорените „намуртеното“ во вас, зависно од ситуацијата.rn
7. Таа е брутално искрена
rn
rnrnБабите ќе го кажат сѐ она што го мислат за другите или што другите мислат, дури и ако тоа не е многу вкусно. Тие немаат време за пристојност и сакаат да ја искажат својата поента. Ако ја апсорбирате храброста на вашата баба, тогаш сигурно ќе успеете во животот.rn8. Таа ги научила вашите родители како да бидат добри родители
rnАко вашата баба е добра и импресивна, тогаш има голема веројатност и нејзините потомци да го наследат тоа. За среќа, еден припадник на тоа потомство е и ваш родител. Потрудете се ја да пренесете таа добрина и на своите деца.rn
9. Ја задржала класичната уметност на рачно напишаните писма
rnНовите електронски уреди не ги фасцинираат бабите. Напротив, тие се зачудени и изненадени што повеќе нема часови за калиграфија и затоа ја задржале елегантноста на рачно напишаните писма кои се толку убави, што е невозможно да не ги прочитате. Не се откажувајте од уметноста да пишувате зборови со пенкало во рацете.rn
10. Таа сака секогаш да бидете сити и најадени
rnБабите обожаваат да нѐ хранат со највкусни рецепти и комбинации на јадења, посебно со пити и слатки работи.rn
11. Никогаш не се извинува за својот уникатен стил
rn
rnrnНикогаш нема да ја начекате баба ви како уште еднаш се проверува во огледалото или нервозно си игра со облеката. Таа, иако носи само светли бои, сјаен накит и супер очила, го носи својот стил со гордост и ве инспирира и вие да го правите истото. Никогаш не треба да се извинуваме за нашата оригиналност и уникатност, а токму храброст на бабите е таа што ни го отвора патот кон почитувањето на индивидуалноста. -

19 моќни цитати од Ник Вујичиќ
Ник Вујичиќ е еден од вистинските суперхерои во светот. Роден со редок физички инвалидитет, без раце и нозе, Ник долго учел како да биде среќен без оглед на околностите. Денес, неговата храброст дарува надеж за сите луѓе кои немаат мотивација да продолжат понатаму. Во продолжение прочитајте неколку цитати од неговата книга „Живеејќи слободно“ кои ја величаат вредноста на себеизградувањето и вербата во сопствената сила.rnrn
rn„Што мислите вие дека треба да изберам: Да бидам лут на Бога за тоа што го немам или да му бидам благодарен за тоа што вие го имате?“
rn
„Мојата цел е да ве охрабрам да ги пребродите сите свои проблеми и потешкотии, за да можете да го пронајдете својот пат до посреќен живот. Одречете се од животот со самосожалување и заменете го за живот со цел.“
rn
Запомнете – акцијата предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштите своите соништа, натерајте се да се обидете само уште еден ден, уште една недела, уште еден месец, уште една година… Ќе бидете изненадени од тоа што се случува кога константно одбивате да се откажете.“
rn
„Предизвиците постојат за да ги зајакнат нашите уверувања, а не за да нè прегазат.“
rn
„Ако не можете да добиете чудо, станете чудо.“
rn
„Кога ви се чини дека среќните моменти ве заобиколуваат, створете сами таков момент.“
rn
„Никогаш не сум сретнал огорчена личност која била благодарна. Ниту благодарна која била огорчена.“
rn
„Не се важни неуспесите, туку тоа дали ги надминувате.“
rn
„Мотивацијата ве води низ денот, но инспирацијата ве води низ животот.“
rn
„Можеби немам раце со кои би можел да ги држам рацете на својата жена, но за да го држам нејзиното срце не ми требаат раце. Нејзиното срце е она што сакам да го држам.“
rn
„Постојат два типа промена кои имаат тенденција да го нарушат начинот на живот на кој сме се навикнале. Првите се промени кои ни се случуваат нам. Другите се оние кои се случуваат без нас. Првите не можеме да ги контролираме. Но, можеме и треба да ги контролираме другите.“
rn
„Стравот е поголем инвалидитет од немањето раце и нозе.“
rn
„Не е крај сѐ додека вие така не одлучите.“
rn
„Во што е поентата да бидете целосни однадвор, а празни однатре?“
rn
„Ризикот не е само дел од животот. Ризик е самиот живот. Помеѓу зоната на удобност и зоната на вашите сништа е местото каде се одигрува вашиот живот. Тоа е зона на висока анксиозност, но и место на кое откривате кои сте.“
rn
„Сѐ што би направил за себе, направи и за другите. Ако малиот чин на сочувство стане твоја секојдневна навика, ќе се чувствуваш силен и ослободен од своите болки и разочарувања. Не треба да очекувате корист од великодушните дела, но добрите дела можат да ве доведат до изненадувачки награди.“
-

36 правила кои секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот
Има толку многу правила низ социјалните медиуми за тоа како да го олицетворите поимот „успешна жена“ со сите особини на смелост, независност и авторитет кои ги носи. Исто како што мажите имаат листи кои ги опишуваат сите карактеристики на еден џентлмен, така и жените треба да имаат една листа која ги вбројува сите непишани правила кои постојат, за тоа како да се биде една силна дама. Некои од нив не се вродени и бараат малку труд и внимание, но крајниот резултатот без сомнение вреди.rnrn
rnrn1. Никогаш немојте да имате лош здив. Нема ништо полошо од убава жена со неубав здив. Секогаш носете мастика или бонбони со вас.rnrn2. Знајте ја вашата граница на пиење. Избегнете ги главоболките, мачнината, мамурлакот и нејасниот говор. Откријте го вашиот лимит.rnrn3. Одвреме-навреме патувајте сами. Ќе научите многу за себе и за различните култури на земјата која ќе ја посетите и ќе ги доживеете на сосема поинаков начин.rnrn4. Секогаш имајте еден секси црн фустан кој можете да го носите во секоја прилика.rnrn5. Носете ја вашата вистинска величина, а не величината која сакате да ја носите.rnrn6. Не користете шминка. Но, ако веќе морате и сакате, тогаш секогаш одлучете за онаа која е лесна и ненападна.rnrn7. Имајте три резолуции кои ќе бидат вашето животно мото. На пример: сакајте се себеси, останете мотивирани и бидете флексибилни.rnrn8. Излезете или одете во кино сами. Не мора да ги направите двете во иста вечер, но некогаш одвојте време и направете барем една од нив.rnrn9. Не озборувајте ги другите жени.rnrn10. Правете клекнувања и други вежби за нозе секој ден. Вашето тело ќе ви биде благодарно.rnrn11. Научете дека поимот „секси“ е психолошки поим, а не физички. Ако вие не мислите дека сте секси, тогаш никој нема да ве гледа така.rnrn12. Секогаш бидете тоа што сте. Немојте да се променувате само за некому да му се допаднете, не глумете некоја друга личност и не ги повторувајте другите.rnrn13. Секогаш мирисајте убаво.rnrn14. Никогаш немојте да се преправате дека сѐ е во ред со вашиот партнер. Така, тие ќе продолжат да го прават она во кое што мислат дека се добри, а всушност им е потребна помош за да го направат правилно.rnrn15. Излезете со некој кој е целосно спротивен од вас. Ќе научите многу работи.rnrn16. Одреден период живејте сами, без цимери, партнери или семејството.rnrn17. Во ред е да имате врска преку интернет. Само треба да одлучите на кого вреди да го потрошите вашето време.rnrn18. Поддржете ги целите и аспирациите на вашите пријатели. Помогнете им на секој можен начин.rnrn19. Ако не знаете да одите на високи потпетици или ви е непријатно во нив, тогаш не ги купувајте.rnrn20. Кога преговарате за платата, барајте ја истата сума која ја бараат мажите.rnrn21. Во ред е да бидете сингл и да се фокусирате на себе и на својата кариера. Секоја жена најпрвин треба да научи да се сака себеси, пред да го засака нејзиниот партнер.rnrn22. Кога излегувате, секогаш имајте дополнителна сума пари за такси.rnrn23. Прифатете ја вашата сексуалност.rnrn24. Секоја година, направете листа со цели кои ќе ги ограничите со буџет и следете ги.rnrn25. Имајте тајна сметка за штедење која ќе ја користите исклучиво за итни ситуации и долгорочни цели.rnrn26. Не се ограничувајте со ништо во животот, вклучувајќи ги кариерата, образованието, целите и партнерите.rnrn27. Не лажете за вашата возраст. Прифатете ја.rnrn28. Редовно одете на маникир и педикир.rnrn29. Во ред е да побарате помош, но само откако сте се обиделе сами да ја направите работата и не сте успеале.rnrn30. Основните три изговори за плачење се: смрт, среќа и скршени коски.rnrn31. Купувајте имот и научете како рано да инвестирате.rnrn32. Читајте секој ден за светот, за политиката, за научните иновации и за последните трендови.rnrn33. Научете нешто за спортот. Изберете еден омилен тим, поддржувајте го, бидете му најголеми фан и дерете се на телевизорот како луди.rnrn34. Кажувајте валкани шеги и научете како да бидете во тек со настаните.rnrn35. Не слушајте ги осудувањата и критиките. Тие доаѓаат од несигурните луѓе.rnrn36. Имајте свој сопствен стил.