КАФЕ ПАУЗА

Tag: храброст

  • Поучна приказна: Судбината на едно дрво

    Поучна приказна: Судбината на едно дрво

    Еден дрвосечач и неговите помошници отишле во шумата да бараат градежен материјал. Тие таму виделе едно дрво чиешто стебло било толку големо што пет мажи не можеле да го обиколат држејќи се за раце и толку високо што ги допирало облаците.rnrnПоучна приказна: Судбината на едно дрвоrnrnГледајќи ја ситуацијата, главниот дрвосечач рекол да не губат време на тоа дрво, бидејќи би им било потребно многу време за да го пресечат. Од друга страна пак, од него не би можело да се направи чамец бидејќи би потонал од тежината, а ако одлучат да го користат за кров на некоја куќа, тогаш ѕидовите би требало да бидат премногу дебели. Така групата дрвосечачи продолжила понатаму, па додека оделе едниот од помошниците рекол: „Толку големо стебло, а не служи за ништо“. На тоа главниот одговорил: „Грешиш. Тоа дрво на сопствен начин ја следело својата судбина. Кога би било како другите, ние би го исекле. Но бидејќи имало храброст да биде поразлично, уште долго ќе остане живо и силно.rnrnПоука: Бидете она што сте и следете го својот животен пат. Имајте храброст да бидете поинакви од другите и ќе успеете да добиете многу работи во животот.

  • Понекогаш треба да ги признаете своите чувства, пред некој друг да го направи тоа наместо вас

    Понекогаш треба да ги признаете своите чувства, пред некој друг да го направи тоа наместо вас

    Не можете да ги запрете своите чувства, а најстрашниот дел од сѐ е очекувањата кои можете да си ги замислувате, особено ако гледате потенцијал во личноста што ви се допаѓа. Но, секогаш кај вас ќе постои страв кој ќе ве запира и ќе ве враќа назад, затоа што тешко е да се преброди одбивањето. Но, како би го знаеле крајниот резултат ако никогаш не преземете ризик, паметен ризик во разумни граници?rnrnПонекогаш треба да ги признаете своите чувства, пред некој друг да го направи тоа наместо васrnrnПред да се одлучите да ги искажете своите чувства, потсетете се дека секоја личност не реагира исто. Доколку таа во моментот не е заинтересирана за состанување, можеби со текот на времето ќе се сменат нејзините чувства. Од друга страна пак, не игнорирајте ги ниту знаците кои многу јасно ви покажуваат дека таа личност не се чувствува на ист начин како вас. Тогаш соберете храброст да продолжите понатаму по својот пат, каде што ќе дојде некој друг. rnrnОткако ќе утврдите дека можете да ги признаете своите чувства, ментално подгответе се, односно, имајте надеж, но истовремено бидете и реални. Ако чувствата се взаемни, дајте си време да го откриете карактерот на другата личност. На почетокот можеби ќе биде возбудливо, но тоа е така затоа што се обидувате да се импресионирате еден со друг. Наскоро ќе се покажете во вистинското светло и тогаш ќе сфатите дека работите стануваат посериозни. Не паничете. Прифатете ги работите онакви какви што се и уживајте во меѓусебното време. rnrnОд друга страна, одбивањето не значи дека не сте доволно добри за нив, туку едноставно дека другата страна смета дека вие двајцата не си одговарате еден со друг. Не треба да гледате само од ваша перспектива. Погледнете малку од туѓата страна и почитувајте ги туѓите постапки и мислења.rnrnКога ќе развиете чувства за некого, вие се возбудувате, но исто така и се плашите. Но, доколку сакате нешто да се случи и работите да се променат, бидете доволно храбри да ги признаете своите чувства, затоа што никој не може да прочита што се наоѓа во вашиот ум. Резултатот може да ви го скрши срцето, но секогаш е подобро ова, отколку секоја ноќ да заспивате прашувајќи се „Што ако…?“ Па, искористете ја можноста да ги изразите своите чувства, пред некој друг да го стори тоа за вас!

  • Силната и позитивна слика за себе е најдобрата подготовка за успех

    Силната и позитивна слика за себе е најдобрата подготовка за успех

    Еден од клучните фактори коишто ја одредуваат вашата шанса за успех, среќа и за тоа како другите гледаат на вас, е вашата слика за себе. Доколку имате позитивна слика, вие ќе бидете подготвени да се соочите со сите предизвици во животот. Дури и кога работите ќе станат потешки, ќе знаете дека секогаш можете да се потпрете на себеси, како извор на љубов, лидерство и охрабрување. Позитивната слика за себе нема да ви носи предност само вам, туку таа ќе биде заразна и ќе им пружи различни користи и на сите околу вас.rnrnrn

    1. Ќе имате храброст да се придржувате до своите одлуки

    rnКога верувате во себе и во вашата способност да правите добри избори, тогаш ќе ви биде лесно да го браните она што сметате дека е исправно. Без разлика дали станува збор за дома, на работа или пак, во врската со вашиот партнер, кога вашата слика за себе е силна, вие ќе се чувствувате посигурни и ќе бидете поголеми оптимисти во врска со вашиот избор. Ова ќе ве поттикне да работите понапорно, да ги остварувате вашите амбиции и вашите соништа. Кога ќе имате позитивна слика за себе, вие ќе живеете во согласност со вашите вредности и цели, што е одлична основа за идните задоволства во животот.rn

    2. Нема да гледате на неуспехот како нешто застрашувачко

    rnАко себеси се гледате како личност која е вредна и има повеќе таленти и вештини, неуспехот нема да го доживувате како нешто застрашувачко. Оние кои себеси се гледаат позитивно знаат дека имаат сила да го преживеат неуспехот, да учат од своите грешки и да се движат напред, создавајќи си подобар живот. Всушност, оние кои имаат позитивна слика за себе знаат да прифатат повремени неуспеси и истите не ги доживуваат како да е крај на светот, зашто знаат дека тие ги прават посилни и помудри.rn

    3. Нема да бидете попречувани или манипулирани од негативни личности

    rnСликата за себе е моќен штит против негативните и манипулативни луѓе. Кога ќе се прифатите себеси онакви какви што сте и кога ќе ја барате од другите почитта што ја заслужувате, вие ќе бидете помал плен на негативните луѓе околу вас. Дури и критиките и заплашувањата не влијаат на луѓето кои се сакаат и се почитуваат себеси. Тие знаат дека треба што побргу да се оттргнат од ситуацијата што не им одговара, а истовремено се и доволно храбри да веруваат дека тие заслужуваат нешто подобро.rnrnrn

    4. Ќе се чувствувате целосни и нема да имате потреба вашата вредност да биде потврдувана од другите

    rnЛуѓето кои се чувствуваат удобно во својата кожа и кои цврсто веруваат во своите вредности, немаат потреба од другите за да се чувствуваат целосно и исполнето. Тие ги гледаат здравите врски со другите како дополнителен извор на радост во нивниот живот, но се и целосно задоволни доколку се сингл или поминуваат време во свое сопствено друштво. Кога имате позитивна слика за себе тоа значи дека подобро ќе се чувствувате доколку сте сингл, отколку во врска којашто не ве исполнува.rn

    5. Позитивната слика за себе е клучна компонента на успехот

    rnБез позитивно мислење за себеси, вие нема да можете да ги остварите своите долгорочни цели. Луѓето кои себеси се гледаат во позитивно светло знаат што сакаат од животот. Како резултат на тоа, тие се фокусирани на своите цели и имаат самоконтрола секогаш кога ќе им биде потребно.

  • Значењето на тетоважите: Што претставува пердувот?

    Значењето на тетоважите: Што претставува пердувот?

    Тетоважите со пердуви можат да имаат различни значења и луѓето ги прават поради бројни причини. Како еден од најпопуларните дизајни, пердувите имаат многу симболизам зад нив. Доколку размислувате да си направите тетоважа, независно дали таа е мала или голема, можеби би биле заинтересирани да научите нешто повеќе за значењето на пердувите, како и да се инспирирате и да добиете неколку креативни идеи.rnrnЗначењето на тетоважите: Што претставува пердувот?rn

    1. Слобода

    rnОчигледното значење зад тетоважите со пердуви е потрагата по слободата. Птичјите пердуви го симболизираат раширувањето на крилјата и полетувањето кон непознатото и авантурата. Некои од луѓето кои имаат тетоважа со пердув ќе се наречат себеси слободни духови и истражувачи, бидејќи копнеат по емоционална, ментална и физичка слобода.rn

    2. Поврзаност со духот

    rnИсториски гледано, разни култури биле познати по тоа што луѓето имале тетоважи на пердув како знак дека постои силна поврзаност меѓи нив и Духот, Изворот, Универзумот и слично. Конкретно, Индијанците, Египќаните и Келтите ги носеле ваквите тетоважи како симбол за нивната врска со природата и боговите во кои верувале.rn

    3. Храброст/сила

    rnТетоважите со пердуви се и знак на смелост, храброст и психичка и физичка сила. Доколку ги набљудувате симболично, птиците имаат сила да ги рашират крилјата и да летнат, и да веруваат дека нема да паднат. Затоа, на некој начин, луѓето кои имаат тетоважи со пердуви сакаат да покажат дека имаат голема храброст и силна верба дека ќе ги направат вистинските одлуки во животот.rn

    4. Интелигенција

    rnЛуѓето кои имаат или посакуваат да имаат тетоважи со пердуви обично покажуваат висок коефициент на интелигенција. Пердувите често се поврзуваат со воздухот, а луѓето родени во воздушните знаци имаат одлични комуникативни и аналитички способности. Тие јасно се изразуваат и знаат што точно сакаат од животот, при што често се одлучуваат за тетоважи со пердуви.rn

    5. Убавина

    rnИсто така, многу животни со пердуви поседуваат вистинска надворешна убавина: Лебеди, пауни, бувови… Во тој контекст, тетоважите со пердуви симболизираат благородништво, гордост, убавина, грациозност и елеганција. Доколку се одлучите за ваква тетоважа, тогаш таа ќе ви служи како вечен потсетник за убавините на овој свет.rn

    6. Култура

    rnОсобено кај Индијанците, птиците се свети и мудри суштества кои носат важни пораки и директно го претставуваат Духот. Индијанците веруваат дека сите животни и растенија ја носат изворната енергија во нив, но птиците се посебни духовни водачи кои го покажуваат правилниот пат во животот. Затоа, тетоважите со пердуви ја симболизираат и вашата поврзаност со културата.

  • Зошто секогаш треба да веруваме во моќта на вторите шанси?

    Зошто секогаш треба да веруваме во моќта на вторите шанси?

    Кога животот би ви овозможил да го доживеете истото сценарио два пати, би ви дал шанса да ги направите работите поинаку, да го создадете исходот и резултатот кој сте го посакувале, но не сте успеале да го добиете првиот пат, дали би го направиле тоа? Чудата понекогаш се маскираат како втори шанси. Тоа е дар со кој можете да го промените својот живот.rnrnЗошто секогаш треба да веруваме во моќта на вторите шанси?rnrnКолку пати сте запознале некој кој најпрвин не ви се допаѓал, но потоа сте сфатиле дека првата импресија била погрешна? Колку врски и пријателства биле обновени кога вториот пат работите биле поинакви и имале повеќе смисла? Колку успеси сте постигнале на работа кога вашиот шеф ви дал втора шанса да ги поправите работите? Колку песни сте ги мразеле на првото слушање, за потоа да ви станат омилени?rnrnТоа е иронијата на животот: Мислиме дека првиот пат е единствениот, најдобриот и најважниот пат. Опседнати сме со исправувањето на работите уште од првиот пат и се откажуваме од нештата, а понекогаш и од себеси, кога работите нема да завршат онака како што сме посакувале. Не си даваме втора шанса. Не сме свесни дека нештата се многу пологични и полесни вториот пат.rnrnЛуѓето се менуваат, вие се менувате, универзумот се менува; Ако ги забележуваме и вреднуваме само првите промени, ќе пропуштиме многу убави работи во животот. Втората шанса нѐ учи на трпение, мудрост, простување и храброст и тешко е да се направи грешка кога сме толку смели.rnrnВторите шанси се подарок од универзумот. Добиваме втора шанса да бидеме со некој кој го сакаме, добиваме втора шанса да се подобриме на работа, да отпатуваме, да успееме, да бидеме подобра личност, пријател, родител… Не мора да чекаме да ни се случи нешто тажно за да почнеме да веруваме во вторите шанси или да кажеме како се чувствуваме само затоа што знаеме дека ќе ја изгубиме таа личност.rnrnДајте си втора шанса, дајте им втора шанса на вашите родители, пријатели, на својата страст, љубов, среќа, дајте му втора шанса на животот. Наречете го случајност, дежа-ву или судбина, животот секогаш ни дава втора шанса, но она што е најважно и највредно е што ќе направиме со неа.

  • 4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираат

    4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираат

    Вашето срце е поврзано со нешто многу поголемо од вашето тело. Тоа може да се нарече интуиција, универзум, дух, свест или нешто сосема поразлично од наброеното. Кога сте на правилниот пат, тоа ви се обраќа по пат на пораки и знаци. Меѓутоа, постои константна борба помеѓу разумниот ум и чувствителното срце и важно е секоја ситуација со која моментално се соочувате да ја балансирате помеѓу овие два поима со цел секогаш да имате психичка, емотивна и духовна благосостојба.rnrn4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираатrn

    1. Почитувајте ги своите чувства

    rnПоставувајте си себеси прашања и обрнете внимание на првиот одговор кој ви се појавува во мислите. Внимателно набљудувајте ги физичките симптоми и случувањата околу себе. Постои тек на радоста кој тече низ вас со „знаење“ кое не може да се објасни. Тоа знаење е всушност вашето срце кое чука во ритамот на сигурноста. Насекаде читаме дека треба да го слушаме своето срце до одредена мера и потоа да му препуштиме на разумот да ја донесе одлуката. Но, проблемот со овој концепт е тоа што умот ќе анализира и претерано ќе размислува за она што срцето веќе одлучило дека е правилно.rn

    2. Следете ја својата автентична вистина

    rnКога го следите срцето, тоа ви дава цел. Вашата автентична вистина е отпечаток во овој свет. Секој од нас има единствена, индивидуална автентичност. Кога ги следите своите соништа и копнежи, светот сѐ повеќе и повеќе се отвора во ваша корист. Вие го создавате просторот од кој добивате сила. Да го следите своето срце значи да го следите својот вистински повик. Осмелете се да бидете тоа што сте и секогаш стремете се да ги остварувате своите цели до крај. Страста е вашата вистина.rn

    3. Отворете го својот ум кон бескрајните можности

    rnНемојте да се плашите од збунетоста. Тоа е место на кое срцето и умот се борат во одлучувањето што е правилно. Прифатете го дарот на имагинацијата и немојте да прифатите дека нешто е невозможно. Животот е полн со бескрајни можности, само треба да верувате во своето срце. Тоа ќе го врати детето во вас, а децата никогаш не ја бараат логиката во работите. Веруваат дека сѐ е возможно и така треба и да биде.rn

    4. Бидете храбри

    rnСлушањето на срцето значи и пронаоѓање на храброста да се поминат сите пречки околу вас. Вашето срце знае што е најдобро. Оваа ранливост понекогаш доаѓа со цената на предрасудите и критиките. Не секој ќе ги разбере и прифати вашите одлуки. Но, тоа е во ред. Ако сте подготвени да го следите тоа што ви го диктира срцето, ќе постигнете чувство на слобода кое ќе ви помогне да продолжите да се движите напред. Не дозволувајте стравот да го одреди вашиот правец. Кога ја слушате својата интуиција ќе стигнете на места каде што ќе можете да се развиете и да ја проширите својата свест.

  • Дамите родени во овој знак се најхрабрите и најлојалните личности во хороскопот

    Дамите родени во овој знак се најхрабрите и најлојалните личности во хороскопот

    Убава кожа, елегантен врат, витки колкови и женствена фигура – тоа се најтипичните физички карактеристики на жените кои припаѓаат на овој знак. Изразот на лицето им е најчесто сериозен и со него даваат слика на една моќна, независна личност. Лојални, верни, одговорни, тврдоглави и амбициозни, овие жени се бестрашни и храбри во остварувањето на своите цели. Никогаш не се откажуваат и способни се да направат сѐ за семејството и оние луѓе кои ја докажале нивната доверба пред нив. Станува збор за жените родени во знакот на Јарец.rnrnЖените родени во овој хороскопски знак се најхрабрите и најлојалните личности во хороскопотrnrnНивната интелигенција и практичност доаѓаат до особен израз на работното место и единствената маана им е тоа што се во состојба толку добро да ги сокријат чувствата што ќе се збунат и себеси и другите околу нив. Секогаш се разумни и никогаш не ги прават работите против својата волја. Сакаат да се социјализираат и да се забавуваат со пријателите. Имаат оптимистички поглед кон животот и со својот морал и карактерна сила се способни успешно да ги совладаат своите непријатели.rnrnЖената Јарец е силен емпат, ги разбира другите и сочувствува со нив. Ги распознава нивните дарби и слабости и подготвена е да помогне во секој момент на каков било начин. Како пријател е незаменлива и дарежлива, како сопруга е горда на своето семејство и исполнета со љубов и почитување, а како мајка е организирана личност која еднакво ги сака и дисциплинира своите деца. Нејзиниот карактер е еден од најмоќните во хороскопот.

  • Вие имате глас и треба да го користите!

    Вие имате глас и треба да го користите!

    Луѓето се тивки, но не треба да бидат. Зборувајте му на светот, дозволете му да ви докаже дека вашите стравови, вашите желби и надежи се слушнати, спознаени. Дозволете да ги осознае вашите дарби, она што можете да го поправите, она што ве повредува и она што може да нацрта насмевка на вашето лице. Светот мора да разбере. Треба да ги слушне луѓето кои го окупираат вашиот простор, го дишат вашиот воздух, се заљубуваат на вашето копно.rnrnВие имате глас и треба да го користитеrnrnВам ви е даден гласот со причина. Треба само да ја отворите устата и да дозволите зборовите да ја исполнат атмосферата. Без страв. Не треба да се плашите од своите најдлабоки мисли, ставови, верувања, идеи кои ги имате и кои кружат во најдалечните агли во вашиот ум. Не треба да се плашите од она што луѓето ви го велат или она со кое се согласуваат или не. Вам ви е дозволено да имате чувства и уверувања. Независно што и да се случи, вие треба гласно, јасно, силно и смело да ги изговорите сите ваши зборови.rnrnВие имате глас. Прекрасен, уникатен, оригинален и по малку чуден глас кој е само ваш и ничиј друг. Зошто да го криете? Што ако некој ви каже дека токму вашите зборови се важни, дали тогаш би ги запишале? Да ги исполните страниците и да промените нечие мислење? Она што го имате во себе е важно и не треба никогаш да биде притиснато. Пуштете го својот глас.

  • Од неуспех кон победа: Мисли кои секојдневно треба да ги повторуваме

    Од неуспех кон победа: Мисли кои секојдневно треба да ги повторуваме

    Луѓето често се наоѓаат во ситуации кои им го тестираат трпението. Многубројните пречки во животот ни ја одземаат силата која ја користиме кога се соочуваме со новите предизвици и спокојот кој ни е потребен во тешките моменти. Затоа, потребно е да се обидеме да ја држиме нашата психичка состојба во рамнотежа и успешно да ја заштитиме физичката. Во продолжение прочитајте ги овие инспиративни реченици по кои треба да се водите кога сметате дека не можете да најдете излез од неволјите и проблемите со кои се соочувате во вашето секојдневие.rnrnОд неуспех кон победа: Мисли кои секојдневно треба да ги повторувамеrnrn1. Нема да се грижам за тоа што може да биде и би требало да биде. Наместо тоа, ќе барам сила и можност во тоа што се случува токму сега.rnrn2. Морам да прифатам сѐ што ми се случува и единствената важна работа е да го прифатам тоа најдобро што можам.rnrn3. Никогаш нема да бидам толку добар/добра како што сите ми велат кога победувам, ниту пак некогаш ќе бидам толку лош/а како што мислам дека сум кога губам.rnrn4. Помалку ќе мислам на решавањето на своите проблеми, а повеќе на обликувањето на својот начин на размислување. Ќе останам позитивен/позитивна.rnrn5. Иднината можеби ќе се разликува од сегашноста, а јас – токму сега имам моќ да ја обликувам.rnrn6. Да се биде во предност е од есенцијална важност, но никогаш нема да бидам во предност пред никого (вклучувајќи се и себе) додека сакам да им се одмаздам.rnrn7. Ќе се хранам со љубовта. Ќе се спријателам со љубовта. Ќе зборувам со љубовта. Ќе живеам со љубовта. Денес.rnrn8. Знам дека храброста значи да станам и гласно да го кажам своето мислење. Но, знам дека таа понекогаш значи и да седнам, да молчам и да слушам.rnrn9. Нема да очајувам во оние моменти кога ќе бидам одбиен/а за нешто добро, бидејќи знам дека така само добивам нова насока кон нешто подобро.rnrn10. Ако животот не ме предизвикува, тогаш тој не ме ни променува.rnrn11. Нема да го чекам совршениот момент, туку ќе се обидам да го направам секој момент совршен.rnrn12. Јас верувам во себе и знам дека само еднаш се живее. Но, ако живеам онака како што сакам, тогаш и еднаш е доволно.

  • 6 работи за кои треба да престанеме да се убедуваме дека се вистина

    6 работи за кои треба да престанеме да се убедуваме дека се вистина

    Сите кажуваме лаги, дури и на самите себеси. Понекогаш малите корекции на вистината се во ред, посебно кога треба да се заштитиме пред другите или да ја маскираме својата емоционална состојба. Но, постојат работи кои мораме да ги прифатиме без да ги криеме, првенствено од себе. Во тој контекст, прочитајте ги лагите кои треба да престанеме да си ги кажуваме себеси доколку сакаме да го разубавиме нашето секојдневие и нашиот живот.rnrn6 работи за кои треба да престанеме да се убедуваме дека се вистинаrn

    1. „Добро сум“

    rnСосема е во ред да кажете дека сте добро кога не сакате да ги повредите своите најблиски. Но, лошо е кога ќе почнете тоа да си го кажувате себеси. Кога луѓето се соочуваат со некои проблеми и потешки ситуации, тие често наместо да се обидат да ги решат со време, се обедуваат да се убедат себеси дека сѐ е во ред. Морате храбро да се соочите со реалноста. Сите сме луѓе, а проблемите се јавуваат дури и во оние моменти кога сѐ правиме како што треба. Соочете се со нив за мирно да продолжите кон своите цели.rn

    2. „Тој/таа не ми треба. Подобро е да бидам сам/а“

    rnПонекогаш ги бркаме луѓето кои се грижат за нас бидејќи мислиме дека ќе биде полесно за сите доколку не дозволиме никој да се вмеша во нашите обврски и одговорности. Сите потајно се плашиме да бидеме повредени, но не треба само поради тоа да пропуштиме да доживееме едно неверојатно животно искуство. Да се има некој кој ве сака и на чија поддршка можете да сметате во секое време е нешто незаменливо и непроценливо. Признајте си себеси дека целта на секој однос е меѓусебното унапредување и дека не ви подобро кога сте сами.rn

    3. „Нема да се менувам. Таков/таква сум каков/каква што сум“

    rnОва најчесто го кажуваме кога ќе направиме нешто лошо поради кое се каеме и со ваквата изјава се обидуваме да се чувствуваме полесно и да имаме повеќе самодоверба. Луѓето честопати знаат да ја изговорат оваа реченица кога веруваат дека промената е невозможна и дека немаат доволно сила да поработат на себе. Вистината е сосема спротивна и вели дека луѓето најлесно се менуваат бидејќи во нивната природа е да се прилагодуваат на околината. На тој начин еволуираме и напредуваме.rn

    4. „Не можам“

    rnОвде нема што многу да се кажува бидејќи насекаде околу нас има примери на луѓе кои успеале. Оваа лага е една од најлошите што можеме да си ја кажеме и која автоматски го убива нашиот елан и самодоверба, успешно уништувајќи го и нашиот потенцијал за успех. Вие навистина можете сѐ, кога верувате во тоа. Доколку себеси се убедувате во спротивното, тогаш нема да постигнете ништо. Затоа заборавете на сѐ и храбро тргнете напред.rn

    5. „Не заслужувам да бидам среќен/среќна“

    rnИмате погрешно мислење, бидејќи секој заслужува среќа. Среќата е слободен избор и космосот ја содржи во доволна количина за сите нас. Колку повеќе ја делиме со другите, толку повеќе ни останува. Доколку сте направиле нешто погрешно и за тоа ви е жал, тогаш сигурно заслужувате уште една шанса. Сите се надеваме на среќата и затоа кога себеси си велите дека не заслужувате да бидете среќни, тогаш само непотребно и лошо се лажете.rn

    6. „Сега не е вистински момент“

    rnНикогаш не е вистинскиот момент. Доколку постојано велите „не сега“, тоа полека ќе прерасне во „никогаш“. Не постои подобар момент да направите нешто што сакате од сегашноста. Откажете се од лошите навики, јавете ѝ се на таа личност, започнете да се подготвувате за испитот, извинете се некому, запишете курс… Никогаш не е доцна.