Мај не само што е најтоплиот месец на пролетта кога сè цвета, тој може да ни ги стопли и срцата со нови љубовни приказни.rnrnДознајте кои 4 хороскопски знаци имаат шанса да запознаат нова љубов во мај:rnrn
rn
Бик
rnПоследниот пролетен месец ќе биде исполнет со различни настани. Сега е време да се поврзете подлабоко со себе, да ја кренете главата и да почнете да верувате дека сте достојни за љубов и восхит. Бидете полни со самодоверба бидејќи постои голема можност дека во мај ќе запознаете посебна личност.rn
Рак
rnВо овој пролетен месец можни се нови познанства. За да разберете дали некоја личност е соодветна или не, треба веднаш да комуницирате отворено и подобро да се запознаете. Можеби ќе се изненадите колку може да се зближите и двајцата. Не ги игнорирајте оние кои се обидуваат да го привлечат вашето внимание. Неопходно е, притоа, да ги споделите вашите гледишта и размислувања ако сакате тоа да прерасне во нешто сериозно.rn
Скорпија
rnОвој месец ќе имате силна желба за флертување, а вашиот природен шарм ќе ви биде од голема помош. Почнете да уживате, да се забавувате и да обраќате внимание на луѓето околу вас. Астрологот ве советува да пробате нешто ново овој месец, бидејќи ова ќе биде најдобро време да ја запознаете вашата сродна душа.rn
Водолија
rnНаместо да се воздржувате обидете се да се релаксирате и да бидете спонтани во мај. Вашите напори нема да останат незабележани и ќе донесат позитивни резултати. Се наѕираат промени во вашиот личен живот, а од вас зависи колку тие ќе бидат позитивни.rnrnОткако прочитавте кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа во мај, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината на 5 мај.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs


rn
rnrnТранзитот на Плутон во Водолија означува почеток на нов циклус. Некои дури го дефинираат како влегување во ерата на Водолија. Плутон во Водолија, исто така, најавува голем технолошки напредок, појасен фокус на заедницата и човештвото, како и духовен развој.rnrnСè што носи Плутон има своја светла и темна страна – старото умира, новото се раѓа и се случуваат трансформации. Плутон го симболизира издигнувањето од пепелта и со себе ја носи енергијата на моќна и длабока трансформација на колективно ниво.rnrnРетрограден Плутон исто така нè повикува да погледнеме наназад и да оцениме како нашиот живот се трансформирал почнувајќи од 23 март 2023 година и да се запрашаме како се променивме во текот на овој период.rnrnМораме да бидеме трпеливи со сложените пораки кои ни ги испраќа Плутон, бидејќи тој го продолжува своето ретроградно патување низ знакот Јарец сè до ноември 2024 година.rnrnЕнергијата на ретроградниот Плутон може да биде застрашувачки моќна: кога е во директна фаза нè повикува да се соочиме со надворешни предизвици, а кога е во ретроградна, нè насочува да погледнеме длабоко во себе. Енергијата на Плутон понекогаш бара старото целосно да се распадне, да се скрши и да изгори за да се роди нешто ново. Ова значи раскинување со старите парадигми и идеи, што може да биде многу вознемирувачко на лично и на колективно ниво.rnrnВо овој период нè очекуваат бројни лични трансформации, иако не без предизвици и тешкотии. Исто така, можно е многумина од нас да се соочат со желба за одмазда – треба внимателно да размислиме дали постапките мотивирани од овие емоции и потреби нè водат до нешто или не.rnrnДоколку имате рани од минатото и чувства кои ви предизвикуваат болка, следните неколку месеци ќе бидат одлично време за справување со болното минато бидејќи енергијата на Плутон може да ви помогне да се ослободите од нив.rnrnИсто така, одлично време е да се грижите за здравјето на сите нивоа. Промени во исхраната, медитација, психолошко советување и различни третмани – во овој период нивните ефекти ќе бидат засилени и поуспешни.rn
rn
rnrnБидејќи сериозниот пристап кон работата е важна карактерна особина на луѓето родени во овој знак, постојат големи можности дека одредени финансиски планови набргу ќе им се остварат. Треба да имаат на ум и дека мај ќе биде најдоброто време за заработка. Но, од друга страна, важно е да не подлегнуваат на искушението за големи, непотребни трошоци.rnrnГлавните карактерни црти карактеристични за Овенот се: харизма, иницијатива, решителност, енергија, самодоверба, храброст, силна волја и независност.rnrnКако прв знак на Зодијакот, Овенот сака да им се посветува на деловните активности. Ова делумно се должи на влијанието на Марс.rnrnЛуѓето родени во овој знак се познати по огнената и непромислена енергија, па така не е за чудење што често ги трошат своите пари толку брзо колку што ги заработиле. Нивното импулсивно трошење може да ги доведе до чести финансиски кризи, но кога ќе ги разгледаат своите финансии и ќе се посветат на заштеда, тие можат да постигнат голем успех. Токму таква енергија ќе го очекува првиот знак на Зодијакот во месец мај.rnrnОткако откривте кој хороскопски знак ќе има најголема среќа во поглед на финансиите овој мај, можеби ќе сакате да прочитате и 
rn
rn
rn
rn
rnrnВо периодот што следува ќе бидеме под силно влијание на нашите емоции бидејќи тие ќе нè мотивираат да дејствуваме сега. Сè што сме закопале длабоко во себе сега ќе пронајде начин да излезе на површина.rnrnВина, лутина, тага, нежност, чувство на припадност, љубов и сите преостанати емоции ќе сакаат да бидат ослободени, особено доколку долго време сме ги потиснувале.rnrnЗатоа, во следниот месец дозволете си да покажете сè што чувствувате, ослободете ги вашите емоции и прегрнете ја личноста која ја сакате.rnrnПокрај тоа, планетите ќе нè поттикнат и да научиме да се справуваме со чувствата на позрел и поодговорен начин. Почекајте да помине првиот напад на бес и лутина, а потоа смирено изразете го она што сте го почувствувале. Марс ќе ни помогне да сфатиме како да дејствуваме без употреба на сила, да бидеме сочувствителни и да не се плашиме да ги откриеме нашите недостатоци.rnrnОткријте што е тоа што ве придвижува, што ви дава енергија, можеби оттука ќе започнат внатрешните промени. Посветете повеќе време и внимание на личниот живот, односот со родителите и партнерот.rnrnЗабавете малку и следете ја вашата интуиција. Пружете си го она по кое долго време копнеете. Малку романтика, нежност и позитивни мисли. Бидете креативни во справувањето со предизвиците.rnrnОткако прочитавте за влијанието на Марс во Рак до 20 мај, можеби ќе сакате да прочитате и