КАФЕ ПАУЗА

Tag: хороскоп

  • Вага и риби – љубовна комбинација

    Вага и риби – љубовна комбинација

    Кога вага и риби се во љубовна врска, тие имаат урамнотежена романса во која партнерите одлично си одговараат. Овие два знака се многу компатибилни и градат навистина „мазна“ љубовна врска. Двата знака живеат во склад со естетиката, но исто така имаат и доста да си понудат еден на друг.Вага и риби – љубовна комбинацијаКога рибите ќе се загубат во фантазии, вагата со својата склоност да балансира може да му помогне на партнерот да се врати на правата патека, додека тој ќе возврати со тоа што ќе ѝ помогне на вагата да ја види убавината во љубовта и соживотот. Ова е искрена врска која ги вреднува хармонијата и вистината во љубовните односи и во светот воопшто.rnrnОвие два знака покрај тоа што се одлични љубовни партнери, се и многу добри другари. Тие меѓусебно се разбираат. И двајцата можат да бидат неодлучни и да имаат тенденција да се насочуваат кон повеќе работи одеднаш.rnrnПроблеми помеѓу нив ретко се јавуваат, но вагата некогаш може да биде премногу манипулативна со рибата. Понекогаш може да се случи тие дури и да престанат на сред некоја работа поради својата неодлучност. Ако работат заедно на проект, без разлика дали станува збор за подобрување на нивната љубовна врска или нешто друго, може да биде тешко да тргне работата напред. Доколку вагата и рибите имаат некаква кавга, тие гледаат што побрзо да си простат и да заборават на тоа. Вагата не поднесува кавги и ќе направи скоро сѐ за да ги избегне, а рибите поседуваат голема емпатија и се во состојба да простуваат, разбирајќи ја позицијата во која се наоѓа нивниот партнер.rnrnВагата е водена од Венера (љубов), а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Овие два знака се доста компатибилни поради тоа што женските енергии на Венера и Нептун функционираат како тандем. Под влијание на Јупитер и Нептун, рибите се многу замислени. Влијанието пак на Венера на вагата, ја прави заљубена во љубовта. Вагата е знак на партнерството и се чувствува поудобно кога се наоѓа во интимна љубовна врска. Двата знака ги користат двете глави за да ги решаваат проблемите, што е добитна комбинација. Најдобрите одлуки ги донесуваат и со помош на емоциите и со помош на разумот, заради што оваа врска е флексибилна и може да се подобрува.rnrnСепак, кога ќе им се случи некаков проблем, тие ја губат способноста за комуникација. Вагата која знае да биде манипулативна, може да го игнорира партнерот со молчење. Во оваа врска, секогаш има скриени струења на неслога, но ниеден од партнерите никогаш нема да се осмели да почне дискусија за нешто вакво. Иако може често да имаат несогласувања, нивните разлики во размислувањата не траат долго.rnrnЕдинствен реален проблем кој можат да го имаат, може да произлезе од нивната тенденција да го забавуваат случувањето на работите, до степен сосема да ги игнорираат кога ќе се видат на наредниот состанок.rnrnВагата добива нови идеи и почнува со работа на нови проекти, додека знакот риби се сложува да ја следи вагата во ова и прифаќа каква било улога која ќе му биде доделена. Ако двајцата почнат да работат на проект кој не се однесува на нивната љубовна врска, тие добро ќе функционираат заедно. Тие се однадвор скромни, но вагата сака да добива признание, а на рибите тоа не им пречи. Исто така, ако на вагата ѝ се случи да се загрее за некоја идеја и потоа наеднаш да се премисли (што често се случува), на рибите нема да им пречи и тие да ја променат насоката.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е нивниот заеднички интерес за помагање на други луѓе во светот. Тие се одличен пар заради ентузијазмот, енергијата и желбата за искрена врска.

  • Вага и водолија – љубовна комбинација

    Вага и водолија – љубовна комбинација

    Кога вага и водолија ќе се спојат на љубовен план, нивната врска може да послужи за зголемување и засилување на свеста кај двата знака. Тие се поврзуваат на високо духовно ниво: делат заедничка љубов кон уметноста, луѓето и културата и не сакаат влијанија во животот кои им поставуваат ограничувања.rnrnВага и водолија - љубовна комбинацијаrnrnГолема е веројатноста овие два знака да се согласуваат добро бидејќи имаат слични потреби и не бараат повеќе еден од друг одошто се спремни да дадат. Двата знака се исто така многу енергични, ентузијасти, така што оваа врска не може да стане млитава. И двата знака се посветуваат на унапредување на светот и на луѓето со кои соработуваат.rnrnВодолијата е најнапредниот мислител во зодијакот, кој секогаш има некоја нова идеја во работата. Вагата е дипломатот во зодијакот и гадејќи се од каков било тип на конфликт, таа е роден балансер од каде произлегува и нејзиниот хороскопски симбол. Нагонот на вагата да избегнува несогласувања со другите луѓе, во комбинација со нејзината потреба за интелектуална слобода, може понекогаш да ја доведе до неодлучност. Кога тоа ќе се случи, поодлучната водолија може да ѝ помогне на вагата да сфати во кој правец треба да се упати. Вагата може да ја возврати услугата, со тоа што ќе ѝ помогне на водолијата да ги „отвори очите“, секогаш кога таа ќе забега во некои идеалистички размислувања, кои се далеку од реалноста.rnrnВагата е предводена од планетата Венера (Љубов), а водолијата од Уран (Бунтовништво) и Сатурн (Карма). Овој сплет од различни планетарни влијанија, ја прават оваа комбинација интересна и многу продуктивна. Вагата и водолијата треба дефинитивно заеднички да работат на проекти, бидејќи можат да направат чуда употребувајќи ги нивните срца, потребата за напредок и свеста за тоа што е добар производ. Овие двајца креираат едно навистина извонредно дуо, кое може да се избори за правда, промени и подобри услови во општеството.rnrnВагата и водолијата се поврзани на едно високо интелектуално ниво. Секој од нив го стимулира другиот во креирањето идеи и истражување нови видови на комуникациски вештини.rnrnВагата е иницијаторот на плановите во врската, но има тешкотија да ги доврши. Токму поради таа нејзина карактеристика, многу е позитивно влијанието на решителната водолија врз неа. Водолијата секогаш настојува да ги спроведе работите до крај, па така таа може да ги реализира и недовршените идеи на вагата. Овој пар функционира одлично, поради фактот дека и двата знака избегнуваат да се расправаат на темата кој направил што во врската и кој си зема заслуги за работите кои ги направил другиот.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата вага – водолија е нивната способност за тимска работа. Заеднички можат да научат многу повеќе работи, одошто би научиле секој засебно. Нивните достигнувања, љубовта кон квалитетен социјален живот и смислувањето нови креативни проекти, ја прават оваа врска многу успешна.rnrn

  • Вага и јарец – љубовна комбинација

    Вага и јарец – љубовна комбинација

    Кога вагата и јарецот се во љубовна врска, можат да бидат добар пар, доколку успеат да си ги откријат сличностите кои ретко ги имаат. На површината, овие два знака не можат да бидат поразлични: додека јарецот е тивок и скромен, вагата има тенденција да биде социјална пеперутка, воодушевувајќи се кога е во друштво на други луѓе.Вага и јарец – љубовна комбинацијаЈарецот е насочен кон тешката работа како начин за постигнување успешна кариера, унапредување и стекнување признанија од другите. Вагата се оптоварува со убавината, уметноста и балансот во животот и врските.rnrnСепак, не може да се рече дека не постои заедничка точка за овие два знака. Ако делат заедничка љубов и почит, тие можат да работат на врската за да функционираат како двојка.rnrnКога овие два знака работат на заеднички проект или проблематика, најдобро е однапред да биде одредена улогата на секој од нив, бидејќи и двајцата сакаат да бидат главни. Дури и ако се дефинираат нивните очекувања, нивните пристапи повторно ќе се разликуваат: вагата размислува зрело и разумно, но јарецот е научен да ги постигнува работите на потешкиот начин и за него тоа е во ред, ако води до успех.rnrnШтом партнерите меѓусебно си ги разберат животните стилови, „нивната метода“ ќе им помогне да постигнуваат работи кои не би можеле да ги постигнат сами.rnrnВагата е раководена од планетата на љубовта – Венера, а јарецот е воден од Сатурн кој е ладен, цврст и снажен. Овие две планети немаат многу заедничко и затоа многу е важно вагата и јарецот да работат на нивните разлики. Венера ја охрабрува вагата да го забави темпото за да ужива во убавината и романсата која животот ја нуди, што јарецот може да го сфати како мрза, чие влијание од Сатурн му ја дава таа непопустлива решителност, која го тера да преминува преку сите препреки за да на крајот ја постигне целта која самиот си ја поставил.rnrnНа овие две планети можат да им се вкрстуваат целите, што може да резултира со непријателство, кавги и потиснати емоции, доколку вагата и јарецот не дадат еднаков напор за да се разберат меѓусебно и да го прифатат фокусот на животот на другиот. Јарецот мора да се труди да не ја обесхрабрува вагата во однос на нејзиниот природен ентузијазам и оптимизам, а таа пак, мора да ја искористи дипломатичноста за да го одржува балансот со јарецот.rnrnВагата се потпира на нејзиниот интелект во животот, нејзината сензибилност е ускладена со естетиката, тема на која вагата секогаш има многу мислења. Јарецот исто така се потпира на моќта на умот, но на поинаков начин, тој бараат прагматичен начини за сѐ што прави и може да нема време да ѝ посвети на естетиката.rnrnАко овие два знака научат да работат како тим, тие можат да ги формираат двете страни на металната паричка. Двата знака се иницијатори, но имаат многу променлива работна етика, така што подобро е кога секој од нив работи од конкретна позиција. Кога станува збор за конфликти, вагата прва се повлекува, што ќе го смири јарецот кој сака да биде во право. Важно е двата партнери да сфатат дека компромисот е клучот за нивниот успех.rnrnКој е најдобриот аспект од врската помеѓу вагата и јарецот? – И двата знака внесуваат посебни квалитети во врската. Кога меѓусебно ќе си дозволат секој да биде она што е, а не да си стојат на патот, можат добро да се измешаат и да формираат целина. Нивната врска е предизвик, но тие можат да научат многу еден од друг, ако сакаат да се потрудат.

  • Вага и стрелец – љубовна комбинација

    Вага и стрелец – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу вага и стрелец претставува рај за двата знака. Тие се на некој посебен начин длабоко поврзани и имаат огромно разбирање еден за друг. Стрелецот има авантуристичка природа, поради која постојано е во потрага по некаков облик на слобода. Вагата пак има вродена дарба за уметност и естетска убавина. Таа е стимулирачко друштво на стрелецот во нивните заеднички патувања и го збогатува неговото искуство. Оваа врска секогаш е свежа бидејќи и двата знака знаат како да ја задржат возбудата. Нивното меѓусебно разбирање си доаѓа по природен пат и прави партнерите да се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа. Заеднички тие ги прошируваат своите хоризонти во љубовта и во животот воопшто.Вага и стрелец – љубовна комбинацијаПокрај тоа што се одлични љубовници, овие два знака добро се согласуваат и како пријатели. Меѓу другото, вагата и стрелецот се високо компатибилни и како резултат на нивниот здрав, оптимистички и младешки поглед кон светот. Двајцата се големи ентузијасти кои трагаат по вистината и убавината во искуствата кои ги собираат.rnrnНесогласувања помеѓу овие два знака се навистина реткост. Тоа е можно, доколку стрелецот каже нешто пред да размисли и со тоа ги повреди чувствата на вагата. Вагата пак од своја страна, може понекогаш да биде премногу затворена и да не му кажува на стрелецот како се чувствува. Благодарение на вродената дипломатија кај вагата, која навистина мрази да се расправа, таа ќе успее да ги „измазни“ недоразбирањата со стрелецот. Надминување на несогласувањата е навистина лесна задача за овие два знака, бидејќи тие имаат дарба за брзо опростување и заборавање.rnrnВагата е предводена од Венера која е симбол на љубовта, а стрелецот од Јупитер, кој ги претставува среќата и филозофијата. Женственоста која Венера ѝ ја дава на вагата и мажественоста која Јупитер му ја дава на стрелецот, го прави овој љубовен пар многу компатибилен и хармоничен. Стрелецот е секогаш во потрага по крупни одговори – вистината, значењето на животот и смртта. Во тој контекст, секогаш кога на вагата ќе ѝ надојде нова идеја, тој е спремен да ја поддржи и да тргнат заедно во потрага по нови доживувања. Ова е навистина страсна и возбудлива врска, во која авантуристичките походи немаат крај.rnrnСтрелецот е лидерот кој ги контролира конците во врската, но вагата на посуптилен начин ги одржува во рамнотежа ситуациите, во моментот додека се случуваат. И двата знака се екстремно енергични и активни личности, кои можат да постигнат многу успеси заедно. Оваа врска е во својата најсовршена фаза кога стрелецот се чувствува независно и слободно во неа. Вагата е иницијаторот на нови идеи и места кои треба да се посетат, но таа има тенденција да се предомислува во последен момент, како резултат на нејзиниот неодлучен карактер. Како и да е, стрелецот е многу флексибилен и се прилагодува и ги прифаќа сите измени кои вагата сака да ги направи во нивните планови.rnrnНајдобриот аспект од оваа уникатна љубовна врска е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и проширување на интелектуалните капацитети. Тие добро се согласуваат на емотивен и на географски план.rnrn

  • Вага и скорпија – љубовна комбинација

    Вага и скорпија – љубовна комбинација

    Кога вага и скорпија се во љубовна врска, тие создаваат длабоко емоционална поврзана унија, од која двата партнери се задоволни. Скорпијата има тенденција честопати да се навраќа во мислите и да се присетува на грешките од минатото, што ѝ создава нестабилност и конфузија во главата. Вродениот талент на вагата да внесува хармонија и баланс во сé, ја смирува и усреќува скорпијата во многу ситуации. Скорпијата може да ѝ ја возврати услугата на вагата со нејзината моќ за концентрација, карактеристика која ѝ овозможува да ги насочи мислите кон реализирање на една цел во едно време. Бидејќи на вагата ѝ недостасува решителност, скорпијата ќе ја подбуцнува да биде побрза и поефикасна во реализацијата на идеите.Вага и скорпија – љубовна комбинацијаОвие два хороскопски знака се многу компатибилни поради нивните слични потреби и очекувања од љубовните врски. Вагата е најсреќна кога е во урамнотежена врска, во која се чувствува удобно и емотивно поврзано со партнерот. Скорпијата „цвета“ кога е во врска базирана на емотивна блискост и сексуална интима. Нивната комбинација од силни емоции и интелект, го прават ова дуо импресивно.rnrnСкорпијата е потрпеливиот партнер во оваа врска, но за разлика од вагата, таа повеќе настојува да ги контролира работите. Без оглед на разликите во карактерите, интересно е тоа дека и двата знака сакаат да преземаат ризици и да ги користат шансите кои им се пружаат во животот. Затоа оваа врска не може да биде досадна. И вагата и скорпијата се големи шармери и наоѓаат големо задоволство флертувајќи еден со друг.rnrnОвие два знака имаат различен стил на однесување. Скорпијата е таинствена, затворена и длабока личност, додека вагата е отворена и искрена, што значи дека партнерите понекогаш ќе мора да обрнат големо внимание на нивната комуникација.rnrnВагата е предводена од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а Скорпијата од Марс, што е симбол на нејзината страст и Плутон што ја означува нејзината моќ. Потребата на вагата за љубов, убавина и баланс, ги избиструва чувствата и мислите на скорпијата, кои често се многу заплеткани и сложени.rnrnВлијанието на Марс врз скорпијата ветува активна и возбудлива врска. Исто така, обата знака не сакаат расправии, но од различна потреба. Скорпијата избегнува кавга, затоа што планира подоцна дискретно да се освети, додека вагата се згрозува од помислата да се кара, па затоа ќе направи сé што е во нејзина моќ да го спречи тоа, вклучувајќи нејзино повлекување и барање примирје. Во овој пар перфектно се измешани интелектот и емоциите. Истовременото користење на главата и срцето, му овозможува на ова љубовно партнерство да се справи со секаков предизвик и да ја одгатне секоја загатка. Сето ова е можно, само доколку знаците работат заедно, а не еден против друг.rnrnСкорпијата е мајстор во стратегиско размислување и може да ѝ помогне на расеаната и неодлучна вага да се фокусира на битните работи. Но, преголемата емотивност на скорпијата, може понекогаш да ја обесхрабри и исцрпи вагата. Од друга страна, вагата понекогаш може да ја збуни и повреди скорпијата. Дипломатската страна на вагата може најмногу да помогне во ваквите ситуации.rnrnВагата секогаш сака да експериментира: да отиде со нејзината љубов на состанок во поинаков ресторан, да посети некоја галерија или да отиде на патување на ново место, но скорпијата е таа која ја донесува крајната одлука за реализација на идеите. Овие два знака ги имаат потребните карактеристики да постанат пар во кој меѓусебната лојалност и посветеност е на прво место, бидејќи истите се многу битни за секој од нив.rnrnНајдобриот аспект во оваа љубовна врска е моќта која ја создаваат во нивната унија. Како пар, овие два знака можат да создадат многу работи и на љубовен и на финансиски план. И вагата и скорпијата се победници, кои не се откажуваат од своите замисли.

  • Вага и вага – љубовна комбинација

    Вага и вага – љубовна комбинација

    Љубовната врска на партнери родени во знакот вага, е базирана на согласност, баланс и романтика. Хармонијата и естетиката се најважното нешто за овој знак, па кога станува збор за комбинација од две ваги, тие заеднички магично балансираат сé околу нив и внесуваат сигурност и убавина во врската.Вага и вага - љубовна комбинацијаНа вагите им е многу битно да бидат сакани од другите луѓе, па во случај на каков било конфликт со трето лице, тие се спремни да се повлечат само за да го одржат мирот. Ова не значи дека тие се безгрижни и неискрени, туку едноставно несогласувањето со кој било, прави да се чувствуваат непријатно. Дуото вага-вага го разбира ова чувство, па права реткост би било некој од овие емотивни партнери да го тера другиот да попушти прв во недоразбирањето. Поинаку кажано, во оваа врска кавгите се избегнуваат.rnrnВагите се најмногу урамнотежени кога се во врска и обожаваат да имаат некој кого ќе го разгалуваат и ќе му се восхитуваат. Тие се најсреќни кога покрај себе имаат личност со слични интереси како нивните, за заеднички да ги споделуваат индивидуалните интереси и искуства. Доколку партнерите сé уште се во рана фаза од врската, тие нивното заедничко време најверојатно ќе го поминуваат гледајќи романтични филмови и одејќи по кафе-барови.rnrnТие се предводени од планетата Венера (љубов), чие влијание ја прави нивната врска блажена, романтична и нежна, исполнета со убавина, сензуалност и потполно задоволство. Не би било чудно партнери родени во знакот вага да останат засекогаш заедно. Меѓутоа токму поради тоа што и двајцата се вага во хороскоп, меѓусебно премногу се разгалуваат, од што после некое време може да постане проблем.rnrnТие ги вреднуваат нивните ментални капацитети и повеќе од сé уживаат во интелектуализам, уметност, филм и култура од секаков тип. Заеднички функционираат многу добро и на професинално поле, бидејќи се впуштаат целосно во секоја работна задача кон која ќе се насочат. Тие се иницијатори на нови проекти и имаат способност да ги мотивираат останатите околу нив.rnrnУбедливи, љубезни и дипломатски настроени, вагите се фер судии на светот. Нивната дипломатска способност можат да ја искористат секогаш кога ќе настане некој конфликт помеѓу нив, па така истиот ќе го решат и избалансираат на чесен и достоинствен начин.rnrnНајдоброто нешто кое произлегува од љубовната комбинација вага-вага, е смислата за дипломатија, добрина, хуманост и почит помеѓу партнерите. Овие двајца можат да создадат кавлитетна љубовна врска поради нивното длабоко разбирање за потребите и желбите на другиот. Нивната посветеност е камен темелник за успешност на врската.

  • Вага и девица – љубовна комбинација

    Вага и девица – љубовна комбинација

    Кога вага и девица стапуваат во љубовна врска, тоа доаѓа како спојување на две парчиња од сложувалка. Двете парчиња перфектно се совпаѓаат и комотно си го наоѓаат своето место. Двата знака се препознатливи по тоа што бараат сигурност во една врска и сакаат да споделуваат љубов, убавина и култура.rnrnВага и девица – љубовна комбинацијаrnrnПрактичноста и задоволството се многу важни за двата знака, па така тие се надополнуваат еден со друг на многу начини. Девицата многу ги почитува шармот и дипломатскиот карактер на вагата, додека таа знае како да ги „израмни“ работите кога девицата не го добива тоа што го сака. Вагата ги цени љубовта и мирот кои ги нуди девицата, но и материјалните награди кои доаѓаат со нејзе. Исто така, овие два знака се спремни и секогаш целат да ги согледаат и двете страни на случувањето, па така тие заедно можат да донесат одлука само после согледувањето на сите факти. Доколку вагата е иницијаторот во врската, тогаш девицата е онаа која знае да ги води започнатите работи до крај.rnrnВагата и девицата ценат површни задоволства и често сакаат да собираат кинески и коскени предмети, уметнички дела и фотографии. Исто така уживаат да посетуваат театарски претстави, но и какви било други настани од уметнички карактер.rnrnПланетата Меркур ја предводи девицата, додека вагата е под влијание на Венера. Бидејќи девицата е одличен комуникатор, аналитичар и мислител, овие партнери уживаат во долги и искрени разговори. Заедно, тие носат радости и убавина на светот околу нив. Вагата сака да теоретизира за многу различни работи, додека девицата е повеќе прагматична. Девицата секогаш се запрашува „Како ова ќе ми помогне да си ги постигнам моите животни цели?“, додека вагата се фокусира на она што нејзе ѝ се случува, без разлика колку е важно тоа.rnrnОваа врска на почетокот може да биде малку полабаво поставена, додека двајцата партнери не научат да се почитуваат повеќе. Понекогаш се случува да настанат и некои недоразбирања. Конфликтите најчесто започнуваат кога девицата станува премногу критична и кога вагата ја започнува својата игра на манипулација. Во таквите ситуации и двата партнери треба да сфатат дека нивните гледишта кон светот се различни и треба малку да ги „оладат“ работите.rnrnВо оваа врска, вагата на некој начин „ги држи конците“. Девицата знае да биде безгрижна и задоволна, па така вагата без да ја премине границата умее да се наметне како доминантна. Понекогаш неодлучноста на вагата може да ја иритира девицата, но вагата многу лукаво знае да ги согледа сите страни на проблемот и лесно да се сложи со нејзините одлуки и гледишта.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е сличниот вкус и заедничките интереси на вагата и девицата, кои создаваат баланс и хармонија во врската.

  • Вага и лав – љубовна комбинација

    Вага и лав – љубовна комбинација

    Кога вага и лав стапуваат во љубовна врска, тие формираат прекрасна целина базирана на согласност, разбирање и емотивна поврзаност. Бесконечната енергија на лавот во комбинација со природното чувство за хармонија на вагата, ѝ дава баланс на оваа љубовна врска. Вагата и лавот имаат доста заеднички карактеристики. Знаат да бидат прилично ексцентрични, наспроти нивната воздржаност. Директни се во искажување на своите чувства, но истовремено сакаат мир во односите со другите луѓе.rn

    Вага-лав - љубовна комбинација

    rnВагата со својот шарм и добри манири, умее да го скроти и контролира темпераментниот, категоричен и зајадлив лав. Но за разлика од вагата, лавот е многу поодлучен. Тој не само што брзо смислува планови и решенија, туку и веднаш трга во акција да ги реализира. Таа негова карактеристика внесува спонтаност и функционалност во нивната врска.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, кое симболизира силна машка енергија и решителност, а вагата е управувана од планетата Венера, која внесува женственост и нежност во овој знак. Вагата ужива во убавината на романтичните мигови, а лавот бара свежина во животот, која несебично ја шири на луѓето околу него. Оваа врска е судир на две спротивставени енергии, кои ја создаваат основата на љубовта – топлина и страст. Вагата умее да преговара со жестокиот и импулсивен лав, што овозможува овие два знака да оформат и успешен заеднички бизнис. Обата знака се вредни луѓе посветени на својата работа, па ако се случи да работат на исто место, нема да имаат проблем да ги завршуваат сите обврски на време.rnrnВагата и лавот умеат да се сретнат на половина пат, а кога се согласни, се неизмерно среќни заедно, но тие мораат да бидат обѕирни за чувствата и желбите на другиот. Во таа смисла, ориентираноста на лавот кон акција, може да дојде во судир со пасивната вага, чие однесување е базирано на моменталното расположение. Овие знаци имаат различни интереси, а лавот тежнее да биде меѓу луѓе, за да има да ѝ раскажува одлични приказни на неговата резервирана вага. Издржливиот лав, ѝ „погледнува низ прсти“ на манипулативната вага и нејзините моментални каприци. Овој пар мора да поработи на „измазнување на нерамнините“ во врската, со цел и двајцата да си ги остварат своите индивидуални соништа.rnrnЛавот е лидерот во врската како резултат на неговата голема енергичност и моќ за убедување, додека вагата тивко ќе го преземе кормилото во свои раце од интелектуална перспектива. Лавот сака да издава наредби бидејќи сака да биде авторитетен, додека вагата на посуптилен начин умее да го сврти на нејзина страна. Таа е среќна кога ќе успее да го намали огромното его на лавот. Многу е важно лавот да ја разбере важноста на пожртвуваноста во врската. Вагата умее да ги види двете страни на расправијата и лесно постигнува компромис, додека на темпераментниот лав му е потребно повеќе време пред да попушти.rnrnВо оваа врска двата партнера можат да научат многу еден од друг за балансот помеѓу себичноста и дарежливоста. Секој од нив го надополнува она што другиот го нема, што ги прави вагата и лавот многу компатибилен знак.

  • Надворешниот изглед на вагата

    Надворешниот изглед на вагата

    Детското лице на вагата

    rnВагата има нежно ангелско лице, кое најверојатно е резултат на тоа што Купидон во митологијата бил слуга на божицата Венера, а истоимената планета е водилка на овој хороскопски знак. Доколку го анализирате детското лице на вагата можете да забележите неколку специфични карактеристики. Сликите во продолжение ќе ви доловат какво влијание имаат физичките карактеристики на Купидон, во реалниот живот…rn
    rn

    Кожата на вагата

    rnОвој хороскопски знак како резултат на влијанието од планетата Венера – симболот на љубовта, најчесто има прекрасна кожа која изгледа како да блеска однатре, отсликувајќи го жарот и страста кои ги поседуваат вагите.rnНадворешниот изглед на вагатаrn

    Рајска косаrn

    rnВагите најчесто имаат густа, благо навиткана коса. И покрај тоа што некои  астролошки фактори индицираат меко и слабо влакно, сепак веројатноста дека вагата ќе има по некоја локна, е голема.rn
    rn

    Сјајни очи

    rnВо комбинација со витканата коса одат очи со облик на бадем, но тие не се премногу потенцирани. Средишниот дел од окото е заоблен, кој на краевите се стеснува во бадемов облик, давајќи ѝ шармантен и сексапилен изглед на вагата.rnНадворешниот изглед на вагатаrn

    Привлечни усни

    rnНежната вага најчесто има исполнета долна усна и потенка горна усна, која е подвиткана надолу.rnНадворешниот изглед на вагатаrn

    Сензуална убавина

    rnПовеќето жени родени во знакот вага имаат голем апетит за слатка храна, па затоа не е чудно доколку им се случи да качат некое кило. Сепак, вагите сакаат и да ја одржуваат својата линија, но се додека имаат добро друштво и забава, во текот на спортските активности.rnНадворешниот изглед на вагатаrn

    Витко тело

    rnМашките ваги својата самодоверба ја добиваат кога се чувствуваат привлечно и секси, а тоа значи дека се подготвени да одат на џогинг, да спортуваат или да ја посетуваат редовно салата за вежбање, секогаш кога се јавува потребата за намалување на килограмите. Сè што ќе им овозможи да изгледаат добро во секој миг, е добредојдено за нив.rnНадворешниот изглед на вагатаrn

    Симпатични дупчиња на образите

    rnБез разлика дали се помалку забележителни или подлабоки и потенцирани, речиси сите ваги имаат слатки дупчиња на образите.rnНадворешниот изглед на вагатаrn

    Таа насмевка…

    rnНасмевката на вагата може буквално да ја подигне атмосферата и расположението на сите луѓе кои се околу неа. Без разлика дали станува збор за машка или женска вага, шармот и позитивната енергија која ја носи овој знак е несомнена. Кога еднаш ќе видите насмевка на вага, многу е тешко да не ја возвратите назад.rnНадворешниот изглед на вагатаrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Вага и рак – љубовна комбинација

    Вага и рак – љубовна комбинација

    Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит.rnrnВага и рак – љубовна комбинацијаrnrnИ на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него.rnrnНаспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна.rnrnКоја е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина.