Ако скорпија и стрелец решат да бидат заедно во љубовна врска, тие треба да забават малку и да си дадат време подобро да се запознаат на едно подлабоко ниво, бидејќи во спротивно тие ќе ризикуваат да избрзаат со нивните заклучоци и постапки. Оваа врска може да биде завршена уште пред кој било од партнерите да знае дека таа воопшто започнала, ако тие не се доволно внимателни. Од друга страна, ако скорпијата и стрелецот се трпеливи и истрајни, нивниот труд ќе биде богато награден.
Стрелецот сака промени, нови, возбудливи и непредвидливи случувања и располага со моќна оптимистичка енергија. Скорпијата пак, едноставно сака да се зближи со својот партнер и да ја зацврсти нивната емоционална поврзаност. На почетокот на нивната врска, стрелецот може да се чувствува малку задушено од занесеното однесување на скорпијата и нејзините големи очекувања за љубовта. Ако скорпијата ги контролира своите емоции, во оваа врска и двајцата ќе се чувствуваат задоволно и возбудливо. И скорпијата и стрелецот секој ден го доживуваат како нова авантура и бескрајна можност за истражување, испробување и учење нови работи. Скорпијата има потреба постојано да одгатнува некои нејзини нерешени мистерии, а стрелецот постојано бара нова авантура и нивното споделување на искуства и идеи може многу да ги зближи како пар.rnrnПомеѓу нив може да се појават и недоразбирања како резултат на нивните темпераментни карактери. На стрелецот може да му досади од тврдоглавоста и нефлексибилноста на скорпијата, а таа пак може да мисли дека нејзиниот партнер е многу импулсивен и непромислен. Љубовните партнери родени во овие хороскопски знаци ќе треба да поминат едно долго возбудливо патување учејќи многу еден за друг, а резултат за нивната врска ќе биде од голема полза.rnrnВо оваа врска партнерите се секогаш спремни за акција. Плутон и Марс управуваат со скорпијата, а со стрелецот владее Јупитер. Марс го симболизира богот на војната, кој и дава решителност и борбеност на скорпијата. Во комбинација со Плутон, овие две планети ја симболизираат способноста на скорпијата за обновување и закрепнување после тешките моменти во нејзиниот живот. Јупитер го насочува фокусот на стрелецот кон филозофија, академско учење, развој на меморијата, оптимизам, среќа и патувања. Комбинацијата на карактерните особини на овие два знака, како што се нивната умствена зрелост и мажествена енергија, создаваат витална врска во која постои заемна почит и восхит.rnrnСтрелецот е спонтан по природа и кога донесува одлуки се насочува во оној правец во кој му е најкомотно да биде. Од друга страна, скорпијата е порезервирана и нејзините мотиви се прикриени и тешки за „читање“. Поради тоа може да се случи овие двајца погрешно да ги интерпретираат зборовите и постапките на партнерот и да настанат недоразбирања, меѓутоа кризите можат да ги надминат. Ако овие партнери се согласат дека нивната врска е значајна, тогаш нивната меѓусебна преданост, приврзаност и нежност, ќе извојуваат победа.rnrnИ двата знака умеат да прават повеќе работи во исто време, т.н. мултитаскинг. Немојте никогаш да се посомневате во способностите на овој пар, бидејќи тие умеат убаво да ги прослават родендените, празниците, специјалните датуми и притоа да ги завршат на време секојдневните семејни и работни обврски. Сепак, за комплетното завршување на работите во оваа врска е задолжена скорпијата, бидејќи стрелецот често лута од една работа на друга, без претходно да го заврши веќе започнатото. За среќа на скорпијата, стрелецот ја забележува сета работа која таа ја сработува и тој дефинитивно ќе најде начин да ја изрази својата почит, секогаш кога тоа ќе биде потребно.rnrnСкорпијата знае да биде тврдоглава, строга и да бара многу одеднаш, па таа ќе мора да му го даде на стрелецот потребниот простор и време за реализација на неговите интереси. Интересно е тоа што скорпијата има моќ да го мотивира стрелецот да ги реализира оние идеи од кои веќе се откажал, а тој за возврат има способност за адаптација и флексибилност, што е позитивна карактеристика кога настануваат нивните несогласувања.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна врска е чувството на безбедност во врската и обостраната прилагодливост на партнерите кон нивните заеднички желби и преференции. Кога еднаш ќе научат како да ги отворат нивните чувства еден кон друг и ќе успеат да ги сфатат нивните различни животни филозофии за љубовта, овие двајца имаат потенцијал за една „жешка“ врска, во која ќе бидат поврзани на длабоко емоционално ниво и меѓу нив ќе постои искрена почит.
Tag: хороскоп
-

Скорпија и стрелец – љубовна комбинација
-

Скорпија и скорпија – љубовна комбинација
Кога две скорпии се заедно, тие креираат една жестока, бурна, страсна и интензивна љубовна врска. И двајцата се опседнати еден со друг и настојуваат нивната љубов, секс и романтика постојано да напредува, што на другите отстрана може да им изгледа будалесто. Сексуалната енергија помеѓу нив е многу интензивна, а интензивни се и нивните кавги. Оваа љубовна врска може да отиде во два правци: или ќе биде најубава на свет или ќе биде уништувачка за двајцата.
Романтичниот спој на две секси скорпии може да го извлече најдоброто од нив. Тие ќе ја искористат нивната емоционална и интуитивна природа, за длабински да го љубат својот партнер. Решителноста и страста на двете скорпии, ќе ја одржуваат нивната врска цврста. Најмоќните и најзаканувачки надворешни сили, ќе имаат тешкотија да ја попречат среќата на неразделивиот пар. Доколку партнерите успеат да ги скротат своите жестоки карактери, овој моќен пар може да биде фантастичен.rnrnПланетите Марс и Плутон управуваат со скорпиите. Марс е античкиот бог на војната, кој е секогаш спремен за напад, благодарение на неговата страст, борбеност и храброст. Плутон ја контролира моќта на скорпијата, како и нејзината тенденција кон самоуништување и вербата во преродбата на човекот после смртта. Овие две планети во комбинација, им овозможуваат на скорпиите да се оправат после разочарувањата во текот на животот или трагичните загуби. Тоа е многу значајно за скорпијата бидејќи таа навистина има интензивни чувства и придава големо значење кон загубата на важни, но и на неважни работи.rnrnСкорпијата е воден знак, па првиот инстинкт на партнерите во оваа љубовна врска, е страсно, ревносно, од длабочината на своето срце да ја возвратат љубовта на својот љубен. Доколку скорпијата реши целосно да ги изрази своите чувства кон љубениот, тоа никогаш не го прави половично, туку напротив – сака со целото свое срце. Пожелно за оваа љубовна комбинација е партнерите да ја урамнотежат нивната одмаздољубива природа, со тоа што ќе се радуваат на успесите и убавите моменти поминати заедно и брзо ќе ги забораваат неубавите работи. Скорпиите мораат да научат да опростуваат и забораваат и искрено да му кажат на својот партнер што сакаат, како се чувствуваат, што им е потребно…rnrnСкорпиите не смеат да заборават дека потиснувањето на нивните емоции може да биде многу штетно за нивната врска, на начин што едниот партнер ќе ги придушува фрустрациите во себе, а другиот ќе се чувствува збунето, прашувајќи се што му се случува на првиот. Бидејќи и двајцата во оваа врска се многу посветени и предани љубовници, љубомората е неизбежна. Совет: бидете цврсти, храбри скорпии и надминете ја препреката со заеднички сили. Во овој пар, никогаш не се случува да има дефицит од идеи, бидејќи скорпиите не се мрзливи луѓе. Тие сакаат постојано да се активни и можат да достигнат големи работи во комбинација. Овие партнери делат талент за инвестиции и преземање ризици, кои се однапред пресметани. Скорпионскиот пар темелно ќе ја истражува и анализира секоја идеја која им се допаѓа. Кога овој пар ќе „фрли око“ на некоја награда (достигнување), тоа постанува нивно.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е интензитетот на љубовни емоции кои овие партнери можат да ги почувствуваат. Тие се ориентирани кон своите цели, а нивната моќ ги прави неспоредливо и непобедливо дуо. Апсолутната верност и посветеност, ја осигуруваат долготрајноста на оваа врска. -

Надворешниот изглед на Скорпијата
Општи карактеристики
rnСкорпијата лесно можете да ја препознаете врз основа на нејзините физички карактеристики, бидејќи постојат неколку фактори кои го прават овој знак доста препознатлив и специфичен.rnrnИма два типа на Скорпии. Едниот тип се ситни со нежни црти на лицето. Другиот тип се покрупни, а нивните црти се истакнати и јаки. Носот на Скорпиите е најчесто прав, без грпка и не е подвиткан навнатре на крајот. Напротив, пропорционално се стеснува на врвот.rnrn
rnСкорпиите во профил
rnПрофилот на Скорпиите е најчесто многу правилен. Повторно ќе спомнеме, нивниот нос е прав и испакнат и делува како буквално да го покажува правецот на нешто кон кое Скорпијата сака да ви го привлече вниманието. Впрочем, еден од симболите на хороскопскиот знак Скорпија, е орелот.rnrn
rnОчите на женските Скорпии
rnБез разлика на бојата на очите, очите на жените родени во знакот Скорпија се предизвикувачки, впечатливи и специфични. Ќе ги препознаете овие очи бидејќи тие изгледаат како стаклени. Очите се заштитен знак на Скорпијата, бидејќи ги штитат нејзините мисли. Додека таа ве освојува со нејзиниот „убиствен“ поглед, вие ќе бидете немоќни да сфатите што се крие зад нив.rnrn
rnОчите на машките Скорпии
rnМашките претставници на овој знак, ја делат истата карактеристика со женските – „стаклениот поглед“. Кога гледате во неговите очи, е исто како да се гледате себеси во огледало. Овие очи ќе ве натераат да останете да гледате во нив подолго време, за да се трудите залудно да ги откриете неговите мистериозни мисли.rnrn
rnСекогаш во акција
rnСкорпијата е борбен знак, кој ужива екстремно да се напрега за да си докаже себеси дека ќе успее да го реализира тоа што доволно го посакува. Можеби звучи како карактеристика која не би посакале да ја имате, но во суштина таа е многу здрава за Скорпијата. Скорпиите во себе кријат толку многу емоции и во остварувањето на нивните планови и цели тие мораат да се туркаат себеси до работ, со цел да се чувствуваат здраво. Во спротивно, можат да им се случат непосакувани психолошки блокади.rnrn
rnОмилени бои на Скорпијата
rnСкорпиите ја сакаат црната боја и тие често се облекуваат од глава до петици во оваа боја. Црната боја во светот на модата е често нарекувана „никаква боја“, но Скорпијата умее да ја култивизира и носи на еден префинет начин, кој ѝ дава елеганција и грациозност и ѝ помага да ја истакне нејзината „рендгенска визија“. Луѓето родени во овој знак, ја преферираат оваа боја, бидејќи им помага да бидат „невидливи“. Скорпиите најчесто имаат и дузина виолетови парчиња облека.rnrn
rnrnЦрвена е уште една омилена боја на Скорпиите, но не е нивни чест избор за облека. Управувана од планетата Марс, скорпијата облекува црвена облека кога е подготвена и решена да стапи во акција.rnИскрена насмевка
rnКога Скорпијата се смее, таа се смее од срце. Нејзината искрена насмевка е широка и прави да се чусвтвувате добредојдени во нејзина близина.rnrn
rnСексапил со кој е тешко да излезете на крај
rnДури и кога не се трудат да бидат секси, овие луѓе имаат некоја магнетска привлечност од која блика сексуална енергија. Друг клучен фактор за нивната „сексуалност“ е тоа дека тие на некој начин изгледаат „опасно“. Генерално, на Скорпиите опасноста им претставува предизвик.rnrn
rnЉубопитни истражувачи
rnСкорпијата не можете, а да не ја забележите, бидејќи тој/таа или ќе зјапа во нешто, напнато ќе се обидува да пронајде нова тема за размислување, ќе пишува или фуриозно ќе црта. Многу припадници на овој знак работат како адвокати, детективи или во ургентна служба, бидејќи им е удобно да се справуваат со „темната страна“ на животот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Скорпија и девица – љубовна комбинација
Она што ја одржува љубовната врска помеѓу скорпија и девица е кармата која што ја создаваат овие партнери кога се во заедница. Тие се многу лојални еден кон друг и длабоко се поврзани на емотивен план. Во принцип, овој пар преферира да стои настрана од гужви. Тие не се многу склони кон журкање и играње. Но кога се сами, тие можат да оформат хармонична унија која психички и емоционално ги исполнува.
Тие функционираат одлично и како бизнис тим. Девицата сака да наредува, а скорпијата да се чувствува моќно. И на двата знака им е важно богатството, вклучувајќи имот и средства за подобар живот. Овој пар е омилен кај нивното друштво, бидејќи тие во секој момент се спремни да подадат рака на секој свој близок пријател.rnrnНо и во овој пар постојат одредени недоразбирања. Девицата понекогаш знае да биде повлечена, а скорпијата да биде нејасна. Како резултат на нивната нееднаквост, двата партнери можат да научат многу еден од друг, ако се согласат „да се сретнат на половина пат“. Девицата е предводена од планетата Меркур, а скорпијата од Марс и Плутон. Помеѓу овие два знака постои специфична сексуална енергија, поради влијанието од планетата Плутон. Тие го формираат темелот на сите љубовни врски – Меркур ја збогатува нивната комуникација, а Марс ја разгорува страста.rnrnВо оваа врска, девицата е свесниот ум, а скорпијата ја создава романтиката и страста. Скорпијата е жестока, немирна, остра, интензивна и длабока личност, а девицата ја привлекува токму таа нејзина енергија. На скорпијата која е практично неразделива од својот партнер ѝ е потребна лојалност од страна на девицата. Скорпијата е длабока како океан и премногу „бранови“ можат да предизвикаат јака бура. Таа вообичаено ги крие своите емоции како во школка, но кога притисокот ќе стане премногу голем таа може одненадеж да експлодира.rnrnЗаедничката потреба на скорпијата и девицата за емотивна сигурност ги охрабрува да бидат екстремно лојални еден спрема друг. Но додека девицата знае да биде премногу површна, скорпијата се обидува да навлезе во суштината на работите. Таа може да ѝ покаже на девицата како да научи да гледа под површината на работите, а девицата е доволно внимателна за да ја улови поентата на разговорот. За возврат, девицата може да ја соочи скорпијата за реалните факти. Овие партнери понекогаш знаат да бидат многу буквалисти, поради што можат да го пропуштат соочувањето со вистинските вредности.rnrnСкорпијата ја цени практичноста на девицата, а девицата ужива во преданоста на скорпијата, бидејќи тоа ѝ покажува дека е љубена и ценета. Кога овие партнери имаат заедничка цел ништо не може да застане на нивниот љубовен пат. Кога недоразбирањата застануваат помеѓу нив, поволно е тоа што девицата е доволно прилагодлива и се повлекува еден чекор назад за да го избегне можниот конфликт. За разлика од неа, скорпијата сака да биде по нејзино како резултат на нејзината тврдоглавост.rnrnЗа овие партнери е клучно да дискутираат за она што им е навистина важно, за и двајцата да имаат еднаква улога во врската. Во оваа врска конфликтите се избегнуваат, бидејќи овие два хороскопски знаци попрво би избрале да функционираат, отколку да се караат. Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е способноста на партнерите да ги спроведат во дело нивните заеднички цели. Посветеноста, приврзаноста и организираноста на овие партнери, ја прават оваа врска хармонична. -

Скорпија и лав – љубовна комбинација
Кога скорпија и лав стапуваат во љубовна врска, резултатот е најчесто многу динамична и енергична унија. Секој од нив е добро запознаен со потребите на својот партнер. Во тој контекст, скорпијата бара да биде почитувана и посакувана, додека лавот сака да биде обожаван и постојано да му се делат комплименти. Двата партнери се екстремно лојални, па дури и посесивни еден кон друг. Тие се способни да му го пружат на партнерот она што тој го бара и на тој начин меѓусебно си ја хранат самодовербата.
Лавот наоѓа задоволство во материјалниот свет. Тој ужива во комфорот и луксузот, па не е изненадувачки да го видите како троши пари на сè и сешто, живеејќи го животот од „висока нога“. Лавот понекогаш знае да биде самобендисан и надмен, а скорпијата ќе го цени тоа и без проблем ќе се согласи да биде „публиката“ која тој ја очекува, сè додека постои еднаквост во нивната врска. Во оваа врска лавот може да се опише со именките раскош, луксуз и сјај, манифестирани во човечки облик. Скорпијата се трга настрана од „сценското светло“ и публицитетот, но таа сака да ги контролира жичките од позадина. Бидејќи и двата знака по природа се многу решителни и дефинирани личности, тие ќе мораат повеќе да поработат на нивната врска, со цел меѓусебно да се разберат и прифатат.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, а скорпијата од Марс и Плутон. Сонцето е симбол на егото и „сопственото јас“, а зрачи со топлина и светлина. Лавот емитира одредена жар, елан и ентузијазам, со кои ги освојува луѓето околу себе. Од друга страна, планетата Марс ја симболизира војната, дрскоста и освојувањето битки, додека влијанието на Плутон ѝ дава способност на скорпијата да води внатрешен дијалог сама со себе. Плутон влијае и врз создавањето на мислите во мозокот на скорпијата насочени кон регенерација и преродба. Во оваа љубовна комбинација преовладува мажествена енергија, која им помага на скорпијата и лавот да ги смират нивните конфликти и да си помагаат еден на друг.rnrnЛавот е симбол на животот, а скорпијата на амбициозноста и потсвеста. Доколку овие партнери си дадат време вистински да се запознаат на подлабоко ниво, нивната врска ќе биде многу позитивна и ќе ветува многу. Лавот од своите врски очекува слобода, која ќе му овозможува често да се дружи и меша меѓу луѓе. Карактерот на скорпијата пак се менува како боите на камелеонот, во зависност од конкретната ситуација. Двата знака сакаат да бидат лидери, но на различен начин, па тоа понекогаш може да ги „разгори“ страстите во оваа вообичаено стабилна и пријатна љубовна врска.rnrnНа моменти нивната врска може да не биде хармонична, а како резултат на тоа и двајцата се способни да се откажат еден од друг. Како и да е, партнерите ќе успеат да сфатат дека расправиите ги оттргнуваат нивните умови од нивниот најголем приоритет – да бидат заедно, сè додека ја тргаат нивната гордост на страна. И лавот и скорпијата имаат тенденција да бидат непопустливи, самоуверени и отпорни на промени. Но, затоа пак кога заеднички работат на некој проект, тие можат да бидат многу доследни, постојани и истрајни. Ако имаат план, тие ќе се држат до него, додека не го добијат тоа што го сакаат. Но, доколку дојде до разидување на нивните ставови, нивниот разговор ќе постане една бескрајна борба. Скорпијата нема да попушти, бидејќи според неа тоа би значело покажување слабост. Притоа лавот ќе мисли дека скорпијата сака секогаш правдата да биде на нејзина страна.rnrnДоколку успеат да ја погледнат „поголемата слика“ и сфатат дека се на истата страна на работите, ќе биде многу полесно за нив да бидат продуктивни на секое поле. Најдобриот аспект од оваа енергично љубовно партнерство е моќта која ја поседуваат овие партнери и нивните стратегиски различни карактери. Другите луѓе ги доживуваат како силен пар, а нивната посветеност во исполнувањето на нивните желби, ја прави оваа врска стабилна и издржлива.rnrn -

Скорпија и рак – љубовна комбинација
Љубовната врска помеѓу скорпија и рак е базирана на енергичност и страст, благодарение на нивната емоционална и интензивна природа. Хороскопски знаци какви што се овие, најчесто се многу компатибилни, бидејќи силните карактерни особини на секој од партнерите, ги балансира недостатоците на другиот. Помеѓу скорпијата и ракот постои силна сексуална привлечност, а кога се заедно, температурата во собата постојано расте. Овие знаци имаат многу заеднички работи и голем потенцијал да ја одржат страста во нивната врска.
Скорпијата и ракот сакаат да си купуваат поклони и да создаваат комфорност во домот. Ракот е во потрага по сигурност, а скорпијата сака да се чувствува моќно. Тие во мислите се окупирани со акции, обврзници, наследства, имот и се што е поврзано со обезбедување финансиска безбедност. Тие се надополнуваат еден со друг, бидејќи и двајцата се грижат за домот и се многу лојални кон членовите на нивното семејство. Животот го доживуваат како една страсна и длабока емоционална вежба за поврзување со луѓето.rnrnРакот е предводен од Месечината која е симбол на неговата емотивност, додека Марс – симболот на страста и Плутон – планетата на моќта, се водилки на скорпијата. Овие два знака ја формираат основата на љубовните врски – ракот е оној кој ја негува нивната љубов, а скорпијата во неа внесува амбициозност и страст. На ракот му е важен развојот и обновувањето на работите во животот, а скорпијата ужива во страсната страна на романтиката. Скорпијата е интензивна, а ракот е привлечен од таа нејзина енергичност.rnrnДвата знаци имаат длабоки чувства како океан кои немаат дно. Лојалноста помеѓу партнерите е на завидно ниво, бидејќи потребата од емоционална сигурност е заедничка за двајцата. Но, додека ракот ја насочува својата емоционална енергија кон негување на семејството и домот, скорпијата се обидува да ги одгатне различните нијанси во животот. Таа се обидува да открие какви тајни се кријат зад намерите на другите луѓе и колкава е нивната моќ на влијание врз туѓите емоции.rnrnСкорпијата може да го понесе ракот со себе на своето патување под површината на нештата, во буквална смисла на зборот. Срдечниот рак за возврат, може да ја научи скорпијата да се отвори кон самата себе, притоа објаснувајќи ѝ дека чувствата не се нешто од кое треба да се плаши.rnrnСкорпијата ја цени практичноста на ракот, а тој ужива во нејзината љубомора. За него тоа претставува доказ дека скорпијата ја цени, негува и одржува нивната љубов. Кога овие партнери имаат заедничка желба, таа секогаш се претвора во реалност. Но ако нивните ставови се спротивстават, ракот прв ќе иницира кавга, а скорпијата ќе го има последниот збор во истата. Ракот може да делува како доминантен партнер во оваа врска, но тоа не е секогаш точно. Скорпијата понекогаш намерно ја прекинува расправијата и го прифаќа ставот на ракот како објективен, сметајќи дека обидот за промена на неговото мислење е невозможна мисија.rnrnИ двата знака манипулираат со емоциите на партнерот, за да му се одмаздат. Наместо да дозволат несогласувањата и лошите чувства да ги совладаат, овие партнери мораат да дискутираат за она што ним навистина им е важно, со цел да постигнат справедлив компромис. Кога еднаш скорпијата и ракот ќе успеат да почнат да веруваат еден во друг, тие ќе можат да ги достигнат сите можни задоволства во нивната врска и да уживаат во нивната чиста љубов, базирана на лојалност и преданост. Оваа врска единствено не би успеала, во случај ако двајцата тврдоглави партнери не најдат начин да ги премостат нивните спротивставени мислења.rnrnКој е најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу скорпија и рак? – тоа што тие можат да бидат многу моќен и импресивен тим, ако нивните цели и мотиви се слични. Кога ракот ќе сфати дека скорпијата е тука за него на долги стази и дека нивната врска е емотивно продуктивна – оваа љубов може да цвета. -

Скорпија и близнаци – љубовна комбинација
Кога двајца партнери родени во хороскопските знаци скорпија и близнаци ќе стапат во љубовна врска, тие мораат да научат да ги почитуваат нивните разлики во карактерите. Доколку успеат во тоа, тие ќе имаат речиси нескршлива врска. Близнаците се прилагодливи, интелектуални, зборлести и дружељубиви, а скорпијата е таинствена, фокусирана, одлучна, интензивна и страсна.
Близнакот е поедноставен и поповршен и тој најчесто не ги зема работите при срце, вклучително и неговиот љубовник. Скорпијата од своја страна, има многу длабока потреба за емоционална поврзаност и интима. Таа генерално е многу лојална кон својот партнер и е многу посветена во љубовните врски. Врската помеѓу скорпија и близнаци има тенденција да биде многу страсна, во која и двајцата партнери се многу аргументативни. Близнакот сака добра дебата, која ментално ќе го стимулира. Тој сака да шири познанства и да флертува, а таа негова карактеристика може да ја иритира љубоморната и посесивна скорпија.rnrnНаспроти нивните различности, ова сепак не е досадна врска. Двата знака сакаат да ги искористуваат приликите во животот и да ги „зачинат“ со цел да им биде поинтересно. Тие можат да поминат многу авантуристички моменти заедно, но ако нивниот однос стане премногу напнат и нивните караници заземат негативен правец, партнерите ќе мораат да направат напори да се запрашаат дали доволно ја ценат нивната врска и дали сакаат љубовта помеѓу нив да трае.rnrnБлизнаците се предводени од планетата Меркур, која е симбол на комуникација, а скорпијата од планетите Марс (страст) и Плутон (моќ). На скорпиите генерално им е многу важна емотивната блискост и поврзаност со партнерот. Нив им е потребен постојан доказ дека нивниот љубен ја вреднува врската, колку што тие самите ја вреднуваат. Благодарение на одличните комуникациски способности на близнакот, тој не би требало да има проблем да ѝ ја искаже на скорпијата својата посветеност во нивната врска. Тоа ќе биде случај, само доколку близнакот навистина се чувствува емотивно приврзан со скорпијата. Во спротивно, близнаците не можат и нема да глумат приврзаност која не ја чувствуваат, па затоа страсната скорпија ќе мора малку да се повлече и да престане да го притиска. Близнаците единствено ќе се „врзат“ во сериозна врска, доколку ја имаат потребната слобода самите да одлучат што сакаат, а не да бидат присилени на тоа.rnrnСкорпијата е неверојатен стратег. Ако треба некоја одлука да биде донесена или некоја работа да биде завршена, таа може да му помогне на својот расеан близнак да се фокусира на најдобрите можни опции. Близнакот за возврат, може да ја научи скорпијата да почне помалку психички да се заморува со неправедните ситуации во кои таа напорно се трудела да постигне одредена цел, а чии резултат испаднал спротивен на нејзината волја и интерес.rnrnКога умеат да соработуваат, скорпијата и близнаците можат да бидат одлична унија сочинета од интелект, емоции, разум и срце. Од друга страна, емоционалните манипулации на скорпијата може да ја обесхрабрат природната енергија и ентузијазам на близнаците. Воедно, длабоките емоции на скорпијата за близнакот може да бидат вознемирувачки, напорни и неочекувани. Скорпијата е постојана, а близнакот променлива личност. Близнаците сакаат да прават некои работи, само ради ќеф и стекнување ново искуство, додека скорпијата речиси секогаш има некаков план и прикриен мотив на ум.rnrnСкорпијата може да ја насочи нејзината концентрација и решителност, кон подучување на близнакот првин да ги завршува започнатите работи, пред да влета во некое ново искуство. Близнакот е оној кој умее правилно да резонира и да донесува заклучоци, а скорпијата ја носи со себе својата здрава сексуална привлечност, емоционалност и страст. Кога овие двајца партнери ќе сфатат дека комбинацијата од нивните карактери може да биде многу интересна, ќе можат обострано да уживаат во нивната задоволувачка љубовна врска. -

Скорпија и бик – љубовна комбинација
Љубовната врска сочинета од партнери родени во знаците скорпија и бик е страсна, длабока и интензива, на позитивен или негативен начин. Тие се спротивни знаци во зодијакот, што го прави нивниот однос специјален и комплексен. Овие партнери се како две половини кои формираат една целина, бидејќи секој од нив ги балансира недостатоците на другиот. Сексуалната привлечност помеѓу нив двајца е многу голема.
Бикот и скорпијата имаат многу заеднички интереси, но поради нивните моќни карактери, може да се случи страсната љубов да се претвори во страсно несогласување. И двата знака имаат длабоки желби – бикот за богатство, а скорпијата за моќ. Обајцата се заинтересирани за создавање богатство и стекнување вештини и ги извршуваат своите работи со голема страст. Бикот е малку повеќе насочен кон себеси за разлика од скорпијата, која е секогаш заинтересирана за својот љубовник и за градењето семејство во иднина. Двајцата имаат голема, длабоко вкоренета потреба да се чувствуваат сигурно во врската, но нивниот фокус е различен. Скорпијата сака да се чувствува безбедно во врската, во смисла да биде сигурна дека во секој момент емоционалната поврзаност со нејзиниот партнер е цврста. Добрата ствар е дека и на бикот му е потребна таквата гаранција за да се чувствува спокојно и е желен да ѝ ја овозможи на својата скорпија.rnrnДодека бикот ја цени искреноста и отвореноста, а ја презира прељубата, скорпијата сака да биде мистериозна. Бикот е предводен од Венера (љубов и пари), а скорпијата од Марс (страст) и Плутон (моќ). Комбинацијата од влијанијата на планетите го прават ова љубовно партнерство многу длабоко, страсно и цврсто, во кое постои прекрасен баланс од мажествена и женствена енергија. Скорпијата и бикот ја формираат основата која е потребна за сите љубовни врски – љубов и страст. Бикот ја цени убавината на романтиката, а скорпијата ја обожува страста на романтиката.rnrnСкорпијата го потиснува гневот во себе и често се чувствува напнато. Тоа ја прави неверојатно секси, а бикот како сензуален и неуморен љубовник, е привлечен од нејзиниот интензитет. Од друга страна скорпијата ужива во посветеноста и преданоста на бикот во врската. Чувствата на скорпијата се длабоки и разбранувани како океан. Кога таа е повредена од својот љубовник, тој подобро да се пази од нејзината отровна опашка, со која ќе го боцне без никакво предупредување.rnrnДобра вест е што овие два знака се многу лојални еден кон друг. Но, додека бикот е директен и го кажува она што го мисли, скорпијата е често таинствена и несфатлива за него. Како пар, бикот и скорпијата можат меѓусебно да се научат за спротивставените погледи кон светот – јасен наспроти комплексен. Друг фактор кој додава извонредна привлечност на оваа комбинација, е тенденцијата на двата знака да бидат прилично љубоморни. Бикот обожава кога скорпијата ја демонстрира нејзината љубомора, бидејќи тоа за него претставува знак дека таа го почитува и љуби. И скорпијата и бикот се прилично тврдоглави и откако еднаш ќе донесат некоја одлука – не се колебаат. Да се надеваме дека нивните умови ќе се согласат, бидејќи во спротивно тие ќе се борат за она што го сакаат како ниедни други два астролошки знака и никој од нив нема да попушти.rnrnБикот најчесто преовладува како доминантен партнер. Но тоа не е секогаш случај. Скорпијата на позаобиколен начин може да го „победи“ бикот, манипулирајќи ги неговите чувства, за да го добие тоа што го сака. Овие партнери мора да научат да дискутираат за нивните различни гледишта и да настојуваат да постигнат компромис, доколку сакаат долго да уживаат во нивното љубовно гнездо. Колку врската ќе издржи, во најголем дел зависи од способноста на скорпијата да научи да му верува на бикот. Нивната врска единствено нема да успее доколку тврдоглавите, самоуверени и драматични партнери не успеат да ги надминат нивните спротивставени ставови.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу скорпија и бик, е нивната блескаво моќна конекција, која двајцата партнери може да ги направи многу среќни, доколку успеат да најдат начин да ги надминат бариерите во нивната блискост. Кога скорпијата ќе сфати дека бикот е тука за неа на долги стази и нема да ѝ го направи животот мизерен – оваа врска ќе може да цвета.rnrn -

Скорпија и овен – љубовна комбинација
Кога овен и скорпија започнуваат љубовна врска, се запрашуваат како до тогаш живееле разделени. И двата знака ја сакаат моќта и можат да реализираат сè што ќе замислат, сè додека научат како да го делат центарот на вниманието. Скорпијата кога еднаш ќе реши дека сака да биде со овенот, таа е целосно посветена на врската. Од друга страна, овенот не може да ѝ одолее на скорпијата, но не е доволно посветен и предаден на врската. Како резултат на тоа, овие два знака имаат тенденција да запаѓаат во тешки расправии. Страста помеѓу нив е многу голема, што од своја страна доведува до аргументирани караници, со оглед на фактот дека и двата знака имаат љубоморна природа.
Скорпијата обично е потрпелива, но и попосесивна од овенот, па нејзините зборови можат да „печат“ доколку чувствата ѝ се повредени. Наспроти нивните разлики во емотивната преданост во врската, двајцата партнери сакаат да преземаат ризици и да ги користат шансите во животот. Нивните заеднички авантури ја прават оваа врска сé, само не досадна.rnrnТие можат да имаат проблем во комуникацијата бидејќи овенот е екстроверт, комплетно отворен и директен, додека скорпијата е позатворена, емотивна, а на моменти и одмаздољубива. Во некои ситуации, навистина е потребно примирје помеѓу нив двајца, со цел да се „измазнат“ работите.rnrnИ двата знака се предводени од планетата Марс (страст), а скорпијата е предводена и од Плутон (моќ). Кога луѓе со влијание од планетата Марс стапуваат во љубовна врска, тие се како двајца војници на бојно поле – или се сојузници или смртни непријатели. Марс исто така е преставник на страста, што укажува на тоа дека овенот и скорпијата може да уживаат во заеднички поминатото време (и во спалната и надвор од неа). Кавгите се нормална работа, кога станува збор за луѓе кои се ориентирани кон предизвици, а надминувањето на истите е нешто на кое вреди да поработат. Плутон додава екстра интензитет на врската.rnrnОвенот и скорпијата може да имаат успешна врска доколку научат како да соработуваат, комбинирајќи ги емоциите и физичката активност за да ги исполнуваат целите. Скорпијата е стратег и може да му помогне на овенот да ги испланира своите битки, пред да „скокне“ во нив. Таа може да го научи како да се стабилизира и да ги завршува започнатите работи, пред да се втури во нов проект. За возврат, овенот може да ја научи скорпијата да ужива во спонтаноста, односно да прави некои работи само за да стекне ново искуство, а не заради одредена цел. Тој може да ѝ помогне да продолжи да верува и да се надева на успех и среќа, кога нејзиниот труд не се исплател.rnrnОна што е најбитно во оваа љубовна комбинација, е двајцата партнери да функционираат заеднички, а не еден против друг. Кога ќе сфатат дека лојалноста и пожртвуваноста за врската е нивно заедничко чувство, двајцата можат да бидат главни – овенот да биде иницијатор, а скорпијата емоционален лидер. Најдобар аспект од ова љубовно партнерство е комбинацијата од нивните моќи. И двата знака се победници, кои не се откажуваат. Доколку нивната љубов е искрена и длабока, тие ќе се потрудат да ја направат оваа врска број еден.rnrn -

Астролошки профил на родените во знакот скорпија
(23 октомври – 21 ноември)
rn
Карактерот на Скорпијата варира во зависност од конкретната индивидуа родена во овој знак. Но, одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите Скорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи.rnrnСкорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.rnrnТаа е страстен љубовник и лојален другар, кој ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.rnВо потрага по вистината
rnОвие особи имаат навистина „длабока“ душа и тие често психички навлегуваат во суштината на светот околу нив, барајќи ја вистината и одговорите, со цел да пронајдат задоволство во секој сегмент од нивното патување низ животот. Тие се задлабочуваат во нивната сурова реалност, што од своја страна може да доведе до изолирање во нивните мисли. Кога Скорпијата чувствува јака емоција, таа го бара коренот и потеклото на истата. Опростувањето не е јака особина на Скорпијата.rnrn
rnИнтуитивни личности
rnВелат дека очите се прозорци на душата, а кога ќе погледнете во очите на некоја Скорпија ќе почнете да верувате во таа мисла. Нејзиниот длабок, мистериозен, провоцирачки поглед делува хипнотизирачки врз другите луѓе. Скорпијата располага со моќна интуиција, благодарение на која често умее да ги „види“ работите кои другите луѓе не ги забележуваат. Таа има дарба буквално да ја почувствува атмосферата и на некој магичен начин да предвиди што ќе се случи следно.rn
Скорпиите се натпреваруваат сами со себе
rnПогледнете ја Скорпијата како вежба во салата за вежбање и ќе забележите уште една нивна клучна особина – решителност. Другите луѓе Скорпијата ја доживуваат како личност која си ја брка својата работа. Тоа е така бидејќи таа никогаш не сака да се натпреварува со другите луѓе за тоа кој има поголема моќ, повеќе пари или кој изгледа подобро физички. Упорноста кај нив е толку изразена, како резултат на нивната потреба да си докажат сами на себе дека можат да успеат.rnrn
rnНедостатоци на Скорпијатаrn
rn
Фанатик
rnСкорпијата понекогаш може да се занесе верувајќи во некоја нејзина надреалистичка идеја или замисла, без разлика дали станува збор за љубов, политика, религија или здравје. Според неа е фер да има право на свое мислење.rn
Сомничав ум
rnСкорпијата има тенденција да се сомнева во искреноста на луѓето. Да верува во некого ѝ претставува проблем, па дури и кога е заљубена, таа сепак има потреба да му направи една серија од тестови на својот љубовник, сè со цел да го дознае степенот на неговата верност и лојалност.rnrn
rnПосесивност
rnСкорпијата знае да биде многу посесивна кога станува збор за луѓето кои ѝ значат во животот, а како резултат на тоа ја губи довербата во нив. Им советуваме на сите Скорпии да веруваат во својот љубовен партнер, пријателите и семејството и да најдат начин да го потиснат овој аспект од нивниот карактер.rn
Деструктивност
rnПропаднатите љубовни врски и пријателства се штетни за секого, но никој друг не е толку свесен за секој аспект од сопствената психа, како што е Скорпијата. Самоанализата на Скорпијата, во овие ситуации, е нејзиниот најголем непријател. Таа може да се опседне со некоја ситуација, до тој степен да не може правилно да функционира во своето секојдневие. Единствен начин да преболи некоја личност, е да го замени очајот со гнев. Ако еднаш навредите, отфрлите или понижите Скорпија, најверојатно нема да добиете втора шанса.rn
Што ја инспирира?
rnДоколку сте Скорпија и се обидувате да сфатите што е тоа кое ве прави уникатни, тука ќе го најдете одговорот. Една од вашите најдобри карактеристики е способноста за целосна преобразба. Не само што умеете да го промените својот живот, туку можете длабински да ги смените и животите на другите луѓе. Запомнете што значи поимот трансформација: процес на коренита промена на некоја работа, при што не се губи суштината и шармот на истата. Способноста за трансформација на нештата, преставува посебна дарба на Скорпиите.rnrn
rnКога Скорпијата е заљубена…
rnДлабочината на карактерот на Скорпијата најмногу доаѓа до израз кога таа е среќно заљубена. Кога таа е во емотивно стабилна љубовна врска, најдобро ги изразува своите чувства, страст, енергичност и нежна природа. Ако сакате да имате „врска без обврска“ со Скорпија, подобро барајте друга личност, бидејќи нема да можете да ја поднесете интензивноста и длабочината во карактерот на Скорпијата. Овој знак никогаш нема да го заборави роденденот на својот партнер или некој битен датум. Нема никогаш да избегне да ги сподели емоциите со својот љубовник. Таа ќе ве напушти само доколку врската „завршила“ во некој сегмент.rn
rnВо семејните односи
rnНе постои работа која Скорпијата не би ја направила за членовите на нејзиното семејство. Тие можат да сметаат во секој момент на неа. Меѓутоа ако таа се почувствува тотално разочарано и предадено од некоја личност, макар да е дел од семејството, таа личност ќе биде мртва за неа. Колку и да звучи ова екстремистички, Скорпијата нема да омекне сè додека не чуе дека личноста искрено жали што ја повредила до тој степен.rn
Темелна на работното место
rnКога станува збор за анализа, истражување и прибирање на податоци, ниеден друг астролошки знак не е подобар од Скорпијата. Скорпијата умее да ги разреши најсложените проблеми во компанијата. Таа е амбициозна и посветена на нејзината работа и е способна да работи повеќе од 12 часа, ако тоа е потребно. Меѓу другото, Скорпијата е прав генијалец кога станува збор за пари. Понекогаш можеби делува малку молчалива и воздржана, меѓутоа ниеден друг знак не може подобро да се справи со кризи од Скорпијата.rn
Идеални професии за Скорпија
rnСé што вклучува длабока анализа, истражување, проучување или разрешување мистерии… Би биле одлични детективи, научници, аналитичари на пазарот, хирурзи, полицајци, членови на војската, политичари, адвокати, психолози или сопственици на бизнис.rnrn
rn- rn011
- Омилени бои: црвена, костенлива, виолетова и црна
- Животно мото: „Она што е скриено е поинтересно од она што е очигледно.“
- Скорпиите најмногу си одговараат со: Јарец, Риби, Рак и Девица.
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.