КАФЕ ПАУЗА

Tag: хороскоп

  • Стрелец и девица  – љубовна комбинација

    Стрелец и девица – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу стрелец и девица е хармонична, оформена на цврста основа и задоволувачка за двајцата партнери во многу аспекти. Стрелецот е дружељубива и авантуристичка личност, која постојано нешто истражува, додека девицата сака да ги анализира резултатите од неговото истражување. Очигледно е дека двајцата обожаваат долги разговори.Стрелец и девица – љубовна комбинацијаНа почетокот девицата можеби ќе има големи очекувања од стрелецот и ќе очекува совршена врска, која не е „по вкус“ на стрелецот, но тој со тек на време ќе почне да ги цени истрајноста, упорноста и сталоженоста кои го карактеризираат неговиот партнер и чија глава не е во облаците.rnrnДевицата и стрелецот имаат уникатен поглед кон животот. Девицата е практична, посветена и концентрирана, а стрелецот е енергичен и секогаш наоѓа задоволство во новите животни искуства. На стрелецот може да му биде проблем да се справи со „разумната реалност“ на девицата, додека на неа може да и биде проблем големата темпераментност на стрелецот. Но, во секој случај, девицата може да му понуди на стрелецот сигурност во врската и да му помогне да ги оствари неговите желби, соништа и амбиции. Стрелецот може да додаде разновидност и возбуда во секојдневието на девицата.rnrnВодечка планета на стрелецот е Јупитер, која е симбол на филозофија, образование и патувања. Девицата е управувана од планетата Меркур, која симболизира комуникативност и анализа. Овие партнери уживаат во интерперсоналната комуникација, поради која нивната врска може добро да се одржува на долг рок.  Овие партнери можат да се забавуваат ако длабински дискутираат за некој филм или книга, девицата задржувајќи се на сите детали, а стрелецот заокружувајќи ја пораката која содржината и ја пренесува на публиката.rnrnОвие партнери имаат различни приоритети во животот. Стрелецот сака слобода, а на девицата и е потребна финансиска стабилност и хармонија во семејството. Стрелецот го мотивираат чистите мисли и јасните емоции, а девицата преферира долго да ги обмислува работите. Се додека партнерите меѓусебно си ја докажуваат цврстината и постоењето на нивната љубов, нивната неслога може да биде победена.rnrnОвие партнери уживаат зборувајќи на еден куп различни теми, а за секој од нив е многу едноставно да се заинтересира за оние работи кои другиот ги прави или сака. Исто така, овие знаци немаат проблем да му ја допуштат на својот љубен/а слободата да ужива во индивидуални активности кои не се дел од врската. Нивниот прекрасен стил на меѓусебна соработка и поддршка е навистина за пофалба. Благодарение на овој аспект од нивната врска тие можат да бидат успешни соработници и на професионален план.rnrnНајдобрата работа во нивната врска е емоционалната сигурност која тие можат да си ја овозможат доколку сфатат дека имаат многу сличен животен стил. Тие формираат еден прекрасен љубовен пар, во оној момент кога меѓусебно ќе се научат да го погледнат светот од една поинаква перспектива. Сè додека нивната комуникација е добра и го ценат она кое можат да го научат еден од друг, оваа врска ќе биде стабилна и среќна.

  • Стрелец и лав – љубовна комбинација

    Стрелец и лав – љубовна комбинација

    Врската помеѓу лав и стрелец е многу страсна како резултат на нивните екстремно динамични карактери. Овие два знака се полни со живот, уживаат во секој момент од него и се многу интересни за луѓето кои се во нивна близина. Секој од партнерите го охрабрува другиот секогаш да цели кон високи достигнувања. Тие меѓусебно се обожаваат и почитуваат. Комбинацијата од нивните карактери создава искрена, харизматична и шармантна атмосфера, поради што останатите луѓе уживаат да бидат во друштво на овој пар кој ја шири таа енергија.Стрелец и лав – љубовна комбинацијаДвата знака знаат да бидат прилично нетрпеливи, а лавот може да го иритира флертувачката тенденција на стрелецот, но во ниеден момент нивната врска не е досадна. Стрелецот животот го гледа како еден учебник кој мора да го научи, додека лавот се обидува секогаш да ја задржи својата грациозност и се стреми кон стекнување богатство.rnrnДвата знака се екстремно друштвени луѓе, со тоа што на лавот му е крајно важно да се чувствува дека има контрола врз секој разговор. Во оваа врска лавот е лидер кој ги држи работите под контрола, а стрелецот полека ги анализира плановите за остварување на неговите цели. Стрелецот и лавот најчесто се почитувани од страна на другите луѓе, но многу е битно тие да запомнат дека треба и меѓусебно да се однесуваат со голема почит.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а стрелецот од Јупитер. Сонцето во лавот ја симболизира неговата гордост, его и сопственото „јас“, додека Јупитер во стрелецот, ја означува потребата за постојан развој на неговата личност и учење нови работи. Тие се фокусираат на нивните животи и се обидуваат да ја пронајдат нивната местоположба во светот, а понекогаш и се преоптоваруваат со ваквите размислувања. Кај двата знака циркулира силна, мажествена енергија и тие создаваат еден одличен пар, бидејќи меѓусебно се разбираат, токму поради нивните слични карактери.rnrnСтрелецот и лавот се огнени значи, што значи дека и двајцата се многу страсни и треба да внимаваат нивните глави да не се „вжештат“ премногу. Стрелецот може да го „гуши“ лавот со длабоката поддршка и разбирање, кои тој му ги нуди, а на лавот не му се потребни. Од друга страна, лавот може минимално да се прилагодува на веселото однесување на шармантниот стрелец во социјалните збиднувања. Стрелецот може да се умори од површната самобендисаност и муртењето на лавот, но разликата во нивното размислување нема да трае долго, бидејќи тие не сакаат да си го губат своето време. Стрелецот ќе тргне во потрага кон освојување нова цел, а оптимистичниот лав ќе организира кафе со неговите пријатели кои знае дека го обожаваат и нивната ситна кавга набргу ќе стане минато завршено време. Во секој случај, двајцата партнери се лојални, приврзани и посветени на врската и убавината на унијата која тие ја создаваат. Ова ги победува ситните препреки помеѓу нив.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е волјата на партнерите да функционираат како тим и прекрасната конекција која тие ја манифестираат секогаш кога ги гледаат работите низ иста призма. Тие меѓусебно си ги надополнуваат нивните карактери и обрнуваат особено внимание на нивниот развој, на лично и на професионално ниво. Стрелецот и лавот ја знаат нивната улога во врската. Нивните слични енергии и експлозивната страст, постојано ја зачинуваат оваа врска со нови разновидни искуства.

  • Стрелец и рак – љубовна комбинација

    Стрелец и рак – љубовна комбинација

    Кога рак и стрелец стапуваат во љубовна врска, тие мораат да бидат многу трпеливи и да ѝ дадат време на нивната врска да се развие и да созрее. Со тек на време, двајцата партнери ќе сфатат дека тие имаат многу работи да си понудат еден на друг. На почетокот може да изгледа дека стрелецот е во потрага по нешто кое ќе го возбуди и ќе му го покачи адреналинот, а  ракот е поскромен и е задоволен сé додека врската му ја обезбедува емоционалната сигурност.Стрелец и рак – љубовна комбинацијаНивните карактерни разлики може да доведат до различни потреби и очекувања на партнерите на почетокот од врската. Така, на ракот може да му е потребна поголема приврзаност и блискост, отколку што стрелецот е спремен да даде. Но, доколку цврсто се борат за нивната врска и ја надминат оваа почетна фаза, стрелецот ќе научи како да ја почитува силната емоционална поддршка која неговиот рак му ја дава.rnrnСтрелецот и ракот имаат спротивставени погледи кон животот. Луѓето родени во хороскопскиот знак рак се емотивни, нежни и имаат традиционални сфаќања, додека стрелецот е еден неуморен „скитник“. Преголемата емотивност на ракот, може да биде неиздржлива за авантуристичкиот стрелец. Истовремено, ракот може да ја негира неуморноста и потребата на стрелецот за разни активности надвор од врската.rnrnИ покрај нивните разлики, овие партнери можат да бидат среќни заедно. Ракот може да му понуди на стрелецот безбеден дом, место во кое тој ќе може да продолжи да „сонува“ за реализација на неговите амбиции во иднина. Слободоумниот и оптимистички настроен стрелец, за возврат може да му понуди на својот партнер разновидност и возбуда во секојдневниот живот.rnrnРакот е управуван од Месечината (емотивност), а стрелецот од Јупитер (филозофија). Месечината ја симболизира љубовта, нежноста и семејниот инстинкт. Јупитер пак го фокусира стрелецот кон развој на интелигенцијата, оптимизмот, успехот и нескротливата желба за патувања.rnrnЉубовната врска сочинета од партнери родени во знаците стрелец и рак, е успешна комбинација во која циркулира прекрасен баланс од мажествена и женствена енергија. Кога заеднички работат кон остварување на некаква цел, миксот од нивните различни карактери може да резултира со голем ефект во постигнувањето успеси.rnrnОвие партнери можеби понекогаш нема да ги сфаќаат постапките и потребите на својот љубен/а, но ако успеат да застанат на иста бранова должина, страстите помеѓу нив ќе се разгорат и тие ќе бидат незапирлива сила. Ако научат да ги вреднуваат нивната интимна конекција, пријателскиот однос и ги почитуваат нивните различни гледишта кон работите, недоразбирањата помеѓу нив можат да исчезнат.rnrnВо оваа врска, стрелецот е партнер кој постојано се префрла од една на друга работа, од една на друга авантура, во согласност со неговиот моментален инстинкт, додека ракот пак е иницијаторот на нови планови. Во секој случај, за да успеат да се одржат заедно на долг рок, ракот ќе мора да му ја даде на стрелецот потребната слобода и простор за реализација на неговите индивидуални интереси, кои не се во склоп на врската. Ракот може да му даде на стрелецот одлични предлози и совети за некоја работа, дури и ако тој веќе решил да се откаже од истата и продолжил понатаму. Стрелецот пак го учи својот рак, како да го „отвори“ својот ум и да ја пронајде убавината во флексибилноста.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата стрелец-рак, е сигурноста и безбедноста која тие можат да си ја понудат еден на друг, сé додека ракот му ја даде слободата која му е неопходна на стрелецот. Тие ќе бидат компатибилен пар ако се искрени и отворени еден кон друг и доколку успеат да ги прифатат нивните различни филозофии за животот. Ако нивната комуникација остане јасна и отворена, ракот и стрелецот ќе сочинуваат една стабилна и среќна заедница.

  • Стрелец и близнаци – љубовна комбинација

    Стрелец и близнаци – љубовна комбинација

    Близнаците и стрелецот во љубовна комбинација, можат да бидат навистина спектакуларен пар. Тие се екстремно компатибилни знаци и какви било „нерамнини“ кои би се појавиле во текот на градењето на нивната врска, можат да се „израмнат“ со минимум вложен напор од двете страни.Стрелец и близнаци - љубовна комбинацијаБлизнакот е прилично спремен во секој момент да експериментира и да се впушта во искусување нови работи и да му ја даде на стрелецот потребната слобода во врската која нему му е потребна, бидејќи и самиот тој ја има истата потреба. На стрелецот му е потребна физичка слобода, што значи дека тој сака да е независен од својот партнер во одлуките кога и зошто сака да излезе за да се види со некоја личност, додека на близнакот му е потребна умствена, психичка независност, но во основа нивната потреба е иста. И близнакот и стрелецот обожуваат да доживуваат нови искуства, да запознаваат нови луѓе; сакаат изненадувања, сензации и е повеќе од сигурно дека ќе го поминат заедничкото време во разни авантури.rnrnОвие два знака постојано се префрлаат од една на друга работа, со цел да апсорбираат што е можно повеќе искуства. Покрај тоа што се одлични љубовници, стрелецот и близнаците се и одлични пријатели. Помеѓу нив постои меѓусебно длабоко разбирање и имаат многу сличен поглед кон животот, кој е во главно базиран на освежувачки оптимизам и ентузијазам.rnrnСтрелецот понекогаш знае да биде премногу остар и да кажува работи без претходно да размисли дека тие можат да повредат нечии чувства. Среќна околност е што близнакот е жилава, издржлива личност, која исто како и стрелецот лесно опростува и брзо заборава. Овие два знака немаат време, ниту интерес да бидат нерасположени или непријателски настроени.rnrnБлизнаците се управувани од планетата Меркур (комуникативност), а стрелецот – од Јупитер (среќа). Меркур ги прави близнаците зборлести и високо интелигентни луѓе. Јупитер внесува среќа и филозофија во животот на стрелците и им создава жед за постојано учење и пронаоѓање на вистината.rnrnДруга причина зошто овие двајца се одличен љубовен пар, е што близнакот е креаторот на идеите во врската, а стрелецот веднаш ги прифаќа и се впушта во акција на нивно реализирање. Стрелецот ја зголемува моќта на близнакот, и обратно. Ова е навистина врела, страствена и активна врска, во која секогаш нешто се случува, па затоа не може да им здодее на партнерите еден од  друг. Но, понекогаш таа енергија и активност во нивната врска, може да ескалира во сериозна расправија помеѓу стрелецот и близнакот, во која некој ќе заврши повреден. Тие се спротивни знаци во зодијакот, што значи дека нивниот однос е многу длабок и комплексен. Со други зборови, кога на партнерите им е убаво заедно, ним им е прекрасно, а кога им е лошо, може да биде ужасно.rnrnЧеста причина за нивното несогласување, може да биде за тоа кој е главен во врската, бидејќи и двајцата имаат многу компетитивна природа, која може да избие на површина во сосема погрешен момент. Добрата вест е и покрај тоа што помеѓу нив може често да има несогласувања, разликата во ставовите не трае долго. Близнакот е премногу зафатен да се заморува со кавги бидејќи психички се подготвува за следниот предизвик, а стрелецот може да опрости сè освен непочитување од страна на неговиот партнер.rnrnДвата знака се екстремно флексибилни, способни се и имаат волја да се прилагодат на секаква промена. Тоа е добро, бидејќи кога близнакот ќе се предомисли на сред реченица, стрелецот нема проблем да се „заврти“ за 180 степени, и да заземе чекор со својот партнер кој сака „високо да лета“. Кога пак стрелецот, ќе добие ненадејна желба да патува некаде, близнакот срдечно ќе „рипне“ во автомобилот и ќе го придружи својот партнер.rnrnНајдобриот аспект од оваа врска е нивниот заеднички интерес за стекнување знаење, интелектуално унапредување и негово претворување во акција. Тие се одличен пар, заснован на ентузијазам, енергија и движење. Сличните интереси и карактери, ги прават стрелецот и близнаците високо компатибилен пар.

  • Стрелец и бик – љубовна комбинација

    Стрелец и бик – љубовна комбинација

    Љубовта помеѓу стрелец и бик може да биде неверојатно страсна и „жешка“, но овие партнери ќе мораат да си дадат себеси време за да ја разберат посебната енергија која се создава во нивната врска. Двајцата партнери можат да научат многу од нивната врска. Додека стрелецот „цвета“ во оние периоди од животот кога постојано запознава нови луѓе, посетува нови места, пробува различен тип храна и слично, бикот може да биде прилично задоволен и со рутинско секојдневие, сè додека истото му дава чувство на стабилност и сигурност.Стрелец и бик – љубовна комбинацијаНа почетокот на нивната врска, бикот може да бара повеќе приврзување и дефиниран однос отколку што стрелецот е спремен да даде, но ако бикот научи да биде трпелив, стрелецот дефинитивно ќе почне да го цени комфорот и стабилноста која неговиот партнер му ја пружа.rnrnОвие два знака имаат различни погледи кон животот. Бикот е сталожен, сериозен и практичен, кои карактеристики го неутрализираат неуморното однесување на стрелецот. На стрелецот може да не му се допаѓа честото млитаво, безживотно однесување на бикот и ќе се обидува да му ја забрза крвта во вените, што е негов доста паметен начин да го предизвика бавниот и непроменлив бик да се активира.rnrnБикот во суштина, има многу работи да му понуди на стрелецот во врската, кој можеби ќе има проблем да си ја признае себеси потребата за безбедна и стабилна љубов. Стрелецот за возврат, ќе внесе многу забава и авантуристички дух во секојдневието на бикот.rnrnБикот е управуван од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а стрелецот е предводен од планетата Јупитер која внесува среќа во стрелецот. Влијанието од Венера создава кај бикот љубов кон убавината, луксузот и сладострасни телесни задоволства. Јупитер пак создава оптимистички дух, филозофски начин на размислување и голема желба за патување кај стрелецот, кој е секогаш подготвен за учење нови работи со кои ќе го развие својот ум и интелигенција. Комбинацијата од убавина, развој, мажествена и женствена енергија е причината зошто овие два знака меѓусебно се обожаваат и почитуваат.rnrnНа стрелецот му е потребен простор за да може да живее во својот полн сјај, а бикот од друга страна е во потрага по стабилност. Стрелецот се потпира на своите чувства и инстинкти, кои го водат низ животот, додека бикот е практичар кој е загрижен за ефикасноста на работите. Овие нивни различни погледи кон животот можат да одат или во прилог на нивната врска, или да претставуваат причина за стресни расправии, доколку двата знака не успеат меѓусебно да се разберат и прифатат онакви какви што се. Сè додека и двајцта партнери се обидуваат да го уверат својот љубовник дека нивната врска е специјална и важна (на бикот особено му е потребен тој доказ), работите помеѓу нив ќе бидат „мазни“.rnrnБикот е тврдоглав. Кога тој еднаш ќе донесе некаква одлука или заклучок, потребен е многу голем напор за да го промените неговото мислење. Стрелецот има потреба од  разновидност во животот. Ако тој негов нагон за искусување нови работи, се претвори во желба за експериментирање со нови партнери, ќе мора да биде внимателен. Бикот не толерира неверство и доколку такво нешто се случи, тој ќе биде длабоко повреден и нивната врска најверојатно нема да успее. За да не се случи такво нешто, бикот пак од своја страна ќе мора да му ја даде неопходната слобода на стрелецот, да ужива во различните искуства и запознавањето нови луѓе, се разбира само на едно платонско ниво.rnrnБикот може да му ја покаже на стрелецот убавината во удобната и стабилна љубов, а стрелецот може да го научи бикот дека флексибилноста понекогаш е подобар избор отколку следењето крут, однапред определен правец на однесување. Најдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец – бик, е можноста на партнерите за откривање нови начини на доживување на светот околу нив, како резултат на нивните сосема различни карактери. Тие ќе имаат среќна и стабилна љубовна врска, ако научат да го прифатат својот партнер онаков каков што природата го создала.

  • Стрелец и овен – љубовна комбинација

    Стрелец и овен – љубовна комбинација

    Љубовната врска сочинета од партнери родени во хороскопските знаци стрелец и овен може да постане љубов од соништата, бидејќи овие два знака имаат многу заеднички работи. Како резултат на нивните слични енергии, интереси и ниво на моќ, овие партнери се високо компатибилни. И стрелецот и овенот се пионери и истражувачи, а тие нивни карактери ја прават оваа врска страсна и возбудлива, во која тие се секогаш подготвени заеднички да се впуштат во некоја нова авантура.Стрелец и овен – љубовна комбинацијаДвата знака копнеат за животно искуство кое ќе го осетат на сопствена кожа и не сакаат да си го трошат времето читајќи или слушајќи други луѓе кои ги прераскажуваат нивните животни приказни. Во секој случај, овие партнери мораат да бидат и внимателни, со оглед на тоа дека овенот секогаш избрзува, а стрелецот има тенденција да забележи сè освен очигледното. Воедно, без разлика што овие партнери имаат многу заеднички работи, одржувањето на нивната врска на долг рок може да им претставува проблем, бидејќи обајцата имаат огромна енергија да започнуваат нови работи, но немаат голема волја да ги истераат до крај. Како и да е, тие имаат потенцијал да бидат не само одлични љубовни партнери, туку и најдобри другари, бидејќи го разбираат нивниот заеднички оптимистички поглед кон животот.rnrnПроблеми помеѓу нив се појавуваат ретко – кога стрелецот ќе почувствува потреба за слобода и независност, а овенот ќе го „задуши“ со својата посесивност. Овенот исто така е многу почувствителен од забавниот и кокетен стрелец, на кој пак често му се случува „јазикот да му биде побрз од умот“. Добрата работа во сето ова, е дека и двата знака се способни многу брзо да заборават и простат. Тие немаат време да се заморуваат со непријателски однос и чувства на омраза.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс (страст), а стрелецот од Јупитер (филозофија и среќа). И двете планети симболизираат силна, мажествена енергија, која им овозможува на обата знака да имаат исто гледиште кон животот. Стрелецот сака да презема ризици, а овенот сака да презема иницијативи, а понекогаш тоа го први дури и на агресивен начин. И стрелецот и овенот се огнени знаци, а нивната врска може да се базира на бесконечна „огнена“ љубов, доколку партнерите го сакаат тоа.rnrnКога овенот ќе „настапи“ со нова, возбудлива идеја за состанок, патување или друг вид авантура, стрелецот е секогаш спремен да се согласи и да ја прифати истата. И двата знака се секогаш активни и имаат неограничен извор на енергија, која ретко кога би штетела на нивната врска. Помеѓу нив никогаш не би се случила борба за моќ, во смисла кој е главен во врската. Овенот сака да ги добие целото признание и слава, а стрелецот е задоволен ако може да ги „контролира конците“ од заднина.rnrnИ овенот и стрелецот се подобри во започнување, отколку во завршување на работите, а тоа може да претставува проблем доколку еден од нив почне да чувствува дека врската станува неинтересна и без свежина. Среќа што таква околност е тешко веројатно да се случи во оваа возбудлива љубовна врска. На овенот лесно му досадуваат работите, но стрелецот секогаш живее со брз и динамичен ритам и успева да ја одржи забавата во нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец–овен е нивниот огромен ентузијазам, непресушна енергија и нагон за авантуристички потфати. Сличните карактери и интереси на овие два знака, се одличен потенцијал за едно прекрасно љубовно гнездо.

  • Астролошки профил на родените во знакот стрелец

    Астролошки профил на родените во знакот стрелец

    (22 ноември – 21 декември)rnrnАстролошки профил на родените во знакот стрелецЛуѓето родени во хороскопскиот знак стрелец се отворени и весели луѓе, кои шират позитивна енергија на луѓето околу нив. Тие имаат религиозна и духовна природа и висок морал. Стрелците се големи оптимисти и за нив чашата е секогаш половина полна. Повеќето стрелци имаат срце полно со љубов и добрина. Не е во нивната природа да бидат злонамерни, пакосни или намќори. Тие не се ниту арогантни, ниту нарцисоидни, туку токму спротивното од тоа – позитивни и отворени личности, секогаш спремни да го живеат животот со полна пареа и да искусат нови животни авантури.rn
    rn

    Стрелците однадвор и однатре

    rnСтрелците се големи дипломати, кои не се плашат да ги прекршат правилата на игра, ако таа одлука ги направи сите среќни. Тие се искрени и учтиви луѓе, но ако се однесувате нефер кон нив, ќе го изгубат трпението. Како и на сите други луѓе, така и на позитивните стрелци може да им се случат депресивни расположенија, а таа нивна страна од карактерот ја кријат од светот. Стрелците секогаш оставаат впечаток на отворени и позитивни личности, па дури и кога не се чувствуваат расположено, тие умеат да се замаскираат пред останатиот свет, криејќи ја песимистичката страна од нивниот карактер.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Отворен ум

    rnСтрелецот е најавантуристичкиот знак во зодијакот. Неговиот ум е секогаш активен и жеден за учење нови работи. Тој ќе ја испроба секоја идеја која ќе му падне на ум, за да види каде таа ќе го одведе, а доколку спроведувањето на истата направи да се чувствува ограничено и затворено, веднаш ќе ја отфрли. Стрелецот сака да има слобода во реализацијата на неговата идеологија.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Ентузијасти

    rnСтрелецот обожава да се социјализира и дружењето со разни луѓе му е навистина потребно за да се чувствува урамнотежено. Во одредени ситуации може да се случи да се чувствува осамено и да нема луѓе покрај него со кои ќе ја исполни таа празнина, но во секој случај тоа нема да трае долго. Стрелецот е дружељубива личност, која знае како да се спријатели со вистинските луѓе кои ќе бидат покрај него цел живот. Сите сакаат да бидат во близина на стрелец, бидејќи тој изразува посебен интерес за животите на другите луѓе.rn
    rn

    Жед за учење нови работи

    rnМозокот на стрелците е како сунѓер кој вечно впива информации, знаење и вистина. Овие луѓе секогаш се желни за учење нешто ново и никогаш не се задоволуваат со она што го знаат. Стрелецот чита сè што ќе му падне на рака, а неговиот изострен и бистар ум му помага да го запомни сето она во кое вложува напор и енергија.rn
    rn

    Негативната страна на нивниот карактер

    rnСтрелците се нетрпеливи, тешко ги контролираат своите емоции, честопати избувнуваат и сакаат да доминираат во сите ситуации. Тие имаат „луто и остро јазиче“ и знаат да бидат невнимателни, па дури и безобразни, кога ќе ја изгубат контролата врз ситуацијата.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Одлични пријатели

    rnКон своите пријатели тие се многу услужливи и им помагаат секогаш кога можат. Нивната вродена моќ за перцепција на светот околу нив, во комбинација со нивната инспиративна енергија, ги прави стрелците одлични комуникатори, кои умеат да ги „уловат“ мислите на луѓето околу нив. Повеќето стрелци имаат и вродена смисла за хумор, благодарение на која може да ја насмеат речиси секоја особа која се наоѓа во нивна близина.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Стрелците на работа

    rnНа работното место стрелците се секогаш почитувани од страна на останатите колеги, бидејќи во најстресните ситуации, кога брзото и ефикасно работење е најважно, тие создаваат  атмосфера за работа, како и чувство на стабилност и рамнотежа во работната средина. Со самата нивна појава и однесување, тие умеат тешката комуникација помеѓу други луѓе да ја коригираат и направат поднослива, па дури и пријатна.rnrnСтрелците имаат свои правила од кои не отстапуваат, па токму затоа не сакаат да гледаат како некои луѓе на работното место користат ситуации кои одат во нивна корист, а на штета на друг. Тие ќе ви помогнат секогаш кога ќе ви биде потребна потпора и поддршка и ќе го пронајдат најдоброто можно решение на конкретниот проблем. Тие се трудољубиви и брзи и стојат цврсто на нозе благодарение на тие карактеристики.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Стрелците во љубовта

    rnКога стрелецот ќе ја пронајде љубовта на својот живот, тој ќе направи буквално сè што е во негова моќ за да ја одржи нивната љубов засекогаш цврста.Астролошки профил на родените во знакот стрелецТие се лојални и искрени љубовници кои ќе ја подарат сета своја љубов на оној партнер на кого ќе можат безрезервно да му веруваат. Тие бараат сродна душа со која ќе одат заедно на патувања низ светот, заеднички ќе развиваат нови идеи и ќе се смеат до солзи. Смеата, според стрелците, е решение на сите проблеми. По природа стрелците се многу страсни, меѓутоа тие додека се помлади преферираат да бидат во површни љубовни врски, сè додека не созреат и ја откријат нивната подлабока емотивна страна.rn
    rn

    Идеални професии за стрелците

    rnСтрелецот како високо интелигентна личност, со одлична смисла за хумор и голема волја за едукација и надградување може да изгради добра кариера во повеќе различни области, како на пример: во департманот за продажба на патни аранжмани во туристичка агенција, професори, фотографи, комедијанти, писатели, брокери, свештеници, пилоти, писатели…Астролошки профил на родените во знакот стрелецОмилени бои на стрелците: сина, пурпурна, индиго боја, жолта и портокалова.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Скорпија и риби – љубовна комбинација

    Скорпија и риби – љубовна комбинација

    Љубовната унија сочинета од партнери родени во хороскопските знаци скорпија и риби, е базирана на огромна почит и разбирање. Двата знака поседуваат голема интуиција и можат да ги почувствуваат мислите и емоциите на својот партнер. Скорпијата е многу темелна, длабока и мистериозна личност, која секогаш постапува на овој или оној начин, во зависност од целта која сака да ја постигне, а рибата е идеалист и мечтател и умее да ги види нијансите на ситуациите. Рибите имаат тенденција одвреме-навреме да се повлекуваат во нивните мисли и токму поради тоа, ќе и простат на скорпијата што понекогаш е мистериозна и затворена. И скорпијата и рибите располагаат со голема способност за забележување на она што се крие под површината на работите и умеат добро да претпостават кои се скриените намери и мисли на луѓето околу нив.Скорпија и риби – љубовна комбинацијаСкорпијата може да и помогне на рибата да ги оствари своите соништа и амбиции, односно да ги претвори нејзините идеи во реалност. Скорпијата ќе ја гради нивната врска на цврст темел, безрезервна почит и верност, со цел емоционално да се приврзе со својот партнер, а непостојаната, интуитивна риба цврсто ќе се „заплетка“ во оваа нејзина љубовна мрежа. За возврат, рибата ќе и понуди на скорпијата нежност, внимание, солидарност, добрина и разбирање. Таа се восхитува, ги обожава и цени тие карактеристики на нејзината риба.rnrnСкорпијата сака да поседува финансиска стабилност и удобност, а често создава и интензивни емоционални драми, па на моменти не може да ја разбере едноставната, дарежлива и милосрдна риба. На почетокот на врската скорпијата и рибите изгледаат како да се многу слични по карактер, но на подолг рок тие постепено ќе ги увидат нивните различности. Ако успеат да ги надминат нивните различни погледи кон одредени работи, нивната врска навистина ќе вреди.rnrnМарс и Плутон управуваат со скорпијата, а Јупитер и Нептун со рибите. Марс го симболизира античкиот бог на војната, а луѓето родени во хороскопскиот знак скорпија се жив доказ за храброст, дрскост, агресивност и упорност. Во комбинација со Марс, Плутон симболизира нови почетоци. Влијанието на Јупитер ги прави рибите паметни личности кои имаат филозофски начин на размислување, благодарение на кое можат интелектуално да се развиваат. Влијанието пак на Нептун, ги прави рибите големи фантазери и „сонувачи“ кои имаат тенденција да се занимаваат со нешто од областа на културата и медиумите. Со својот спиритуален дух и едноставен начин на размислување, рибите ја „омекнуваат“ и разнежнуваат нивната скорпија. Композитната моќ на овие четири планети, ја прават оваа врска стабилна и урамнотежена, со одредена доза на драматичност и емоционални интриги. Спојот од нивните карактери, ја прави оваа комбинација божествена.rnrnЗа да биде оваа врска долготрајна, скорпијата ќе мора да и допушти на рибата по малку да „лета“ и фантазира, бидејќи во спротивно рибата ќе се почувствува придушено од остварување на сите нејзини барања. Скорпијата и рибите се водни знаци и тоа ги прави високо компатибилни. Животна мисија на рибата е да ги здружува и зближува луѓето, а кога таа нејзина енергија доаѓа во комбинација со упорната, енергична и страсна скорпија, тие заеднички создаваат една нераскинлива конекција. Скорпијата има апсолутистички поглед кон животот. Светот околу неа е или црн или бел. Ако и оставите добар впечаток и не сторите ништо кое ќе го наруши добриот углед кој сте го создале кај неа, таа безрезервно ќе ве почитува и вреднува. Во спротивно, таа нема да сака да сте дел од нејзиниот живот. Трпеливата риба успева да го продлабочи погледот кон светот на својата љубена скорпија, на начин што и овозможува да ја погледне „поголемата слика“ на ситуациите, а не само моменталните детали кои го уништуваат добриот впечаток.rnrnКако и во секоја друга врска и во оваа постојат карактерни особини кај секој од партнерите, кои не му се допаѓаат на другиот. Скорпијата може да се измори од непостојаноста и несигурноста на рибата, а таа пак може да ја доживее скорпијата како егоцентрична личност, преокупирана сама со себе и нечувствителна во поглед на задоволување на нејзините емоционални потреби. Секако, не постои сомнеж во тоа дека овие партнери, ако сакаат нивната врска да успее, ќе најдат начин да постигнат компромис на секоја тема. Упорната скорпија кога ќе зацрта одредена цел, ја фокусира целата своја енергија кон остварување на истата, а рибите се префрлаат од една кон друга работа, во зависност од тоа кон што ќе ги одведе нивната интуиција.rnrnРибите лесно се прилагодуваат кон начинот на живот на нивната љубена скорпија и нејзината потреба за добра забава и разонода. За возврат, скорпијата и дава слобода на рибата да ужива во остварување на нејзините лични интереси. Рибата умее да и покаже на скорпијата дека флексибилноста како карактерна особина, може да биде многу корисна, забавна и возбудлива, односно дека компромис може да биде постигнат и без борба или голема кавга. Енергиите на скорпијата и рибите хармонично се преплетуваат една со друга, и ја прават нивната унија моќна и емотивно задоволувачка за двајцата партнери.rnrnНајдобриот аспект од нивната љубовна врска, е нивната слична интензивна емоционална природа, нивното заедничко „шесто сетило“ за вовлекување под површината на нештата и нивниот спиритуален начин на доживување на љубовта како нешто магично. Во ова љубовно гнездо постои слога, единство и хармонија, а во него двајцата партнери се чувствуваат исполнето. Скорпијата и рибите се упорни личности, кои се во потрага по вистината и обезбедување цврста и длабока конекција со својот партнер. Таа нивна тенденција, ќе ги зацврсти нивните односи, а ќе ја направи нивната врска долготрајна и издржлива.

  • Скорпија и водолија – љубовна комбинација

    Скорпија и водолија – љубовна комбинација

    Љубовното партнерство сочинето од скорпија и водолија е мешавина од две спротивставени животни филозофии и голем број различни потреби. Помеѓу овие два знака има големи шанси често да се случуваат недоразбирања. Додека скорпијата целата енергија ја насочува кон соочување со нејзиниот емоционален свет, длабоко и интензивно размислувајќи за она што е затскриено под површината на работите, водолијата истата таа енергија ја рефлектира надворешно. Со нејзиниот невообичаен, идеалистички и пред сè социјален поглед кон животот, водолијата е многу чуден избор за затворената и повлечена скорпија. На водолијата и е потребно да се меша меѓу луѓе за да се чувствува стимулирано и таа секогаш е подготвена за запознавање на нова и интересна личност во нејзиниот живот. Скорпијата од друга страна, сака да поминува долги романтични часови милувајќи се со својот партнер.rnrnСкорпија и водолија - љубовна комбинацијаОвие партнери навидум изгледаат како да имаат многу малку заеднички работи, но и двајцата имаат многу јака волја кога сакаат да ги остварат своите желби. Во тој контекст, ако и двата партнери се фокусирани кон успех на нивната врска, таа може да им ги оствари сите нивни потреби и желби.rnrnИ двата знака сакаат да биде секогаш по нивно и тврдоглаво се држат до нивните ставови, кои најчесто се 100% спротивставени. Скорпијата е љубопитна, секогаш поставува прашања и сака да знае во кој правец се движат работите и зошто токму тој е правилниот. Водолијата е слободоумна, љубезна и мила и не сака да ги знае деталите на ситуациите. Скорпијата на почетокот може да биде „маѓепсана“ од нејзината отворена, комуникативна и опуштена водолија, но после извесен период може да се разочара од безуспешниот обид да ги пронајде одговорите кои сака да ги добие од нејзиниот ексцентричен и енигматичен партнер.rnrnВодолијата мрази посесивност. Таа повеќе преферира да му припаѓа на цел свет, отколку само на една личност. Но, скорпијата знае да биде многу посесивна и неа и е потребно повеќе внимание отколку што водолијата може да и даде. Ако водолијата малку го забави своето темпо на живеење и обрне внимание на својот романтичен партнер, ќе констатира дека приврзаноста, посветеноста и верноста на скорпијата и даваат голем мотив и поддршка.rnrnМарс и Плутон управуваат со знакот скорпија, а Сатурн и Уран раководат со водолијата. Марс е симбол на револуционерност, агресија, енергичност и мажествена храброст, а Плутон внесува карма и душевен мир во скорпијата. Сатурн симболизира рамнодушност и незаинтересираност, а Уран и создава константна желба на водолијата за нешто ново и невообичаено. Марс ја прави скорпијата емотивна личност, која бурно реагира, пред да ги размисли работите. Сатурн ја прави водолијата вредна и дисциплинирана личност, додека Уран ја прави голем стратег, кој умее да ја испланира својата далечна иднина.rnrnНежната скорпија, која ќе внимава да не ја „врзе“ својата водолија премногу цврсто до себе, може да ја научи за живот базиран на емоционална интуиција, која го успокојува умот, а им дава предност на физичките чувства. Водолијата може да ја научи скорпијата да се смири, да ги издвои емоциите од постапките и да се преиспита себеси за целите кои сака да ги постигне.rnrnОвие партнери се навистина различни. Водолијата секогаш се потпира на сопствениот интелект, па таа животот го сфаќа како шанса за развој и унапредување на нејзината личност, а скорпијата е аналитична. Скорпијата ја бара поентата на нештата, а водолијата е во потрага по стимулација. Во љубовна комбинација, овие партнери имаат тешкотија да сфатат од каде потекнуваат размислувањата на нивниот партнер. Недоразбирањата настануваат секогаш кога скорпијата станува премногу посесивна или кога водолијата делува премногу плитко, несериозно и рамнодушно. За да ја најдат нивната заедничка точка, скорпијата и водолијата мораат да сфатат дека нивните светови се тотално различни и преку смеа да ги пребродат разликите.rnrnИ скорпијата и водолијата се фиксни знаци, а тоа значи дека и двајцата се издржливи, упорни, тврдоглави и самоуверени. Ако имаат план, тие ќе се држат до него сè додека нивниот труд не се исплати. Ако еднаш се согласат дека тие се одлични љубовни партнери, никогаш нема да се обесхрабрат или разочараат од врската. Но, и покрај нивната јака волја за успешна хармонична врска, скорпијата и водолијата и понатаму ќе имаат многу спротивставени гледишта кон животот, па нивната заедница може да им предизвикува повеќе измачување отколку уживање. Ако партнерите веруваат во вредноста на нивната врска, тие ќе бидат способни да ги надминат разликите.rnrnКој е најдобриот аспект во нивната врска? – Нивниот обостран капацитет кој ветува успеси. Луѓето родени во знаците скорпија и водолија се моќни личности, па ниеден од нив нема отворено да доминира во врската. Доколку успеат да најдат начин да ги почитуваат нивните разлики и се согласни за заземање на одредена индивидуална улога во врската, резултатите ќе бидат многу пријатни.

  • Скорпија и јарец – љубовна комбинација

    Скорпија и јарец – љубовна комбинација

    Кога скорпија и јарец се заедно, тие не само што уживаат во една хармонична и скапоцена љубовна врска, туку тие истовремено се развиваат и созреваат како индивидуални личности. На почетокот овие партнери можеби ќе бидат премногу воздржани во смисла на отворање на чувствата кон партнерот и тоа може малку да ги обесхрабри. Јарецот има тенденција да биде многу претпазлив и воздржан, а скорпијата често е загрижена и „одлетана“ далеку во мислите. Поради овие карактеристики, ним може да им е потребно време додека да се опуштат и да се чувствуваат удобно кога се заедно.Скорпија и јарец – љубовна комбинацијаИ покрај тоа што скорпијата и стрелецот се прилично срамежливи и не им веруваат лесно на луѓето за да им се доверат пред  да ги запознаат подобро, откако ќе поминат повеќе време заедно, тие ќе сфатат дека нивната врска може да биде многу длабока, базирана на меѓусебна лојалност и искрен другарски однос.  Скорпијата и јарецот можат да научат многу работи од нивната врска. Понекогаш можеби ќе им биде тешко да се разберат, но трудот ќе им се исплати.rnrnОд нејзиниот стабилен, вешт јарец, скорпијата може да научи како да ги држи нејзините бурни емоции под контрола. Јарецот треба да биде внимателен да не делува премногу површно кога упатува некои неосновани критики спрема својата сензитивна скорпија. Таа ја сака длабочината на нештата и интензивните чувства, а најмногу од се и е битна искреноста, особено на љубовен план. Јарецот понекогаш е толку зафатен со настојувањето да постигнува успеси и со заморувањето што другите мислат за него, па може да заборави дека воопшто има емоции во него. Од скорпијата, тој ќе научи да ја вреднува суштината на работите и богатото задоволство кое може да произлезе од длабинското запознавање на личноста која ја сакаш.rnrnДвата знака имаат заедничка особина да се посветуваат на конкретни цели кои сакаат да ги остварат. Па ако тие решат дека успевањето на нивната љубовна врска е следната цел која ја имаат зацртано, тогаш нема сила која може да ги сопре. Планетите Марс и Плутон управуваат со скорпијата, а Сатурн со јарецот. Марс и Плутон симболизираат агресија, храброст, сексуална енергија и способност за регенерација. Сатурн ги симболизира упорноста, амбицијата, одговорноста и трудољубивоста. Комбинацијата од овие 3 планети создаваат едно успешно партнерство, базирано на страсните емоции на скорпијата и амбициозноста  на јарецот. Ова е динамичен тим одличен за бизнис зделки, но добро би било дел од таа моќна енергија која раѓа успеси да ја преточат во нежност и љубов.rnrnЈарецот е практичен и во животот му е многу значајно да поседува материјални богатства. Скорпијата пак, умее да се прилагоди на секоја ситуација и често нејзината реакција е заснована на чувства, а не на логика. Љубовната врска помеѓу фиксниот јарец и неговото фокусирање кон остварување на поставените цели и адаптибилната скорпија на конкретната ситуација, е прилично мирна и сталожена. Дали овој успешен тим ќе реши да ја пренасочи успешноста и упорноста и на љубовен план, ќе зависи од тоа дали на партнерите љубовта им е една од зацртаните цели. Ако е, тогаш дефинитивно целта ќе биде постигната.rnrnЈарецот можеби не е најромантичниот знак во зодијакот, но неговата вештина и смислата за бизнис може да биде од голема полза за врската, во смисла финансиски да овозможи убаво испланирана елегантна романтична вечера. Ако јарецот покаже барем толку мала иницијатива за продлабочување на нивната љубов, скорпијата со голем ентузијазам ќе ги прифати неговите идеи и ќе биде инспирирана и самата да предложи нешто романтично и забавно за нив двајца.rnrnСкорпијата понекогаш може да му дава некои остри коментари на јарецот, но со толку нежен секси глас, што јарецот најверојатно нема ни да забележи. Пожелно би било за мирољубивиот јарец внимателно да ги слуша суптилните нијанси во гласот на скорпијата и да обраќа големо внимание на говорот на нејзиното тело, за да може подобро да ја разбере. И двата знака знаат да бидат доста тврдоглави, а таа нивна карактеристика може да претставува потенцијален конфликт.rnrnСкорпијата љуби длабоко, со сите нејзини чувства, до степен од кој нема враќање назад, за разлика од „вкочанетиот“ јарец, кој знае да биде „отсутен“, непристапен и резервиран. Партнерите мораат да ги препознаат и прифатат овие нивни разлики и да се обидат подобро да се разберат, по пат на искрени и длабоки разговори, доколку сакаат нивната врска да успее.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна врска е посветеноста кон реализација на нивните заеднички идеи и нивната посветеност и приврзаност еден кон друг. Овие партнери можат да си ги отворат прозорците на нивните души и меѓусебно да се научат на нови начини на перципирање и чувствување на работите.