КАФЕ ПАУЗА

Tag: хороскоп

  • Јарец и рак – љубовна комбинација

    Јарец и рак – љубовна комбинација

    Божественото љубовно гнездо сочинето од партнери со хороскопски знаци јарец и рак, е основано на безусловна љубов и истрајност. Јарецот секогаш се потпира на логика и се труди да биде што е можно поприземен и реален. Ракот внесува емоционална нота во нивната врска. Двајцата партнери меѓусебно се држат до високи стандарди калени по пат на постојана меѓусебна почит.Јарец и рак – љубовна комбинацијаВо својот партнер со хороскопски знак јарец, ракот гледа посветен и предан партнер, а јарецот за возврат, ја почитува неговата доследност и истрајност. Јарецот и ракот се спротивни знаци во зодијакот, што им овозможува да формираат една успешна и стабилна конекција. Нивната врска се создава и развива врз база на финансиска и емоционална сигурност.rnrnДвата знака се склони кон донесување конзервативни одлуки. За да не стане нивната врска премногу сериозна и официјална, ракот може да придонесе со тоа што ќе му покаже на својот трудољубив јарец како да се релаксира на крајот од денот и да си даде малку време за себе да ужива во плодовите од трудот. Ракот воедно, постојано ќе им дава сјај и ќе ги одржува придобивките од нивното знаење, способности и таленти.rnrnРакот е носталгичен и ги негува сопствените спомени и чувства. Јарецот ќе му помогне на емотивниот рак да се насочи кон побитните работи во животот, како што е постигнувањето успеси, наместо да се посветува на нешта кои му го повредуваат лесно ранливото срце. Оваа врска ќе успее на долги патеки, ако помеѓу овие два партнери постои необорлива поврзаност и стабилно, традиционално домашно опкружување.rnrnРакот е предводен од Месечината која ја симболизира неговата емотивност, а Сатурн (карма) управува со јарецот. Влијанието на месечината во ракот, го прави овој знак нежен, чувствителен, грижлив, дарежлив и интуитивен, а Сатурн во јарецот внесува ладна, мажествена енергија, дисциплинираност и целосна посветеност кон постигнување успеси во кариерата.rnrnЉубовниот партнер со хороскопски знак рак, може да го научи својот јарец како да ужива во убавините на животот и да ја цени убавината и удобноста. Ракот, навистина ужива во „измазнување“ на острите карактерни особини на својот партнер, по пат на нежности и грижа. Јарецот од своја страна, може да и даде баланс на преголемата емотивност на својот партнер-рак, со тоа што ќе му ја даде потребната стабилна емоционална база во нивната врска. Паралелно јарецот ќе го научи својот партнер да биде подисциплиниран и да ги остварува своите планови и цели до самиот крај.rnrnИ покрај тоа што нивните карактери се сосема различни, (јарецот се посветува на стекнување материјални добра, а ракот се фокусира на своите емоции, интуиција и носталгичност), сепак овие два знака имаат многу заеднички желби и потреби. Тие сакаат да бидат опкружени со убави работи, како на пример достоинствен и удобен дом, фасцинантни уметнички дела, скапи автомобили… Нивната заедничка потреба да бидат економски стабилни, како и нивната потреба од раскош, дава гаранција дека овој пар напорно ќе работи кон остварување на овие, а и други заеднички стремежи. Нивната заедничка љубов кон убавите работи, ќе го спречува конфликтот меѓу партнерите, кој вообичаено настанува во љубовните врски кога едниот од партнерите се обидува да живее на висока нога, трошејќи повеќе пари отколку што заработува.rnrnИ ракот и јарецот се енергични, страсни и иницијативни луѓе. И покрај тоа што овие нивни карактерни особини можат да бидат причина за динамитни конфликти, сепак тие истовремено се и основните материјали за градење на цврст емоционален, материјален темел во нивната врска. Нивната спротивставена емоционална природа, не преставува ни малку пречка во нивната љубов. Јарецот е практична и темелна личност, која секогаш си ја завршува својата работа педантно, квалитетно и на време, а ракот пак е секогаш тука за него, кога му е потребен длабок емотивен совет. Ова партнерство дефинитивно ќе успее, ако овие партнери си дозволат еден на друг да ги употребуваат нивните индивидуални квалитети.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација рак-јарец е нивната комплетна посветеност еден кон друг, како и нивната обострана заложба за реализирање на нивните заеднички соништа. И двата знака се љубители на квалитет, убавина, луксузни работи, па токму затоа ниеден од нив не ескивира од внесување енергија во малку понапорна работа. На јарецот всушност, работата му е на прво место во животот. Нивните заеднички страсти, чувството на одговорност и морал, ги прави високо компатибилни партнери.

  • Јарец и близнаци – љубовна комбинација

    Јарец и близнаци – љубовна комбинација

    Кога јарец и близнаци се во љубовна врска, ним може да им биде проблем да се сетат зошто воопшто се заедно, бидејќи начинот на кој секој од нив го перцепира светот околу себе е сосема различен. Доколку нивната врска се базира на љубов и меѓусебна почит, тие ќе можат да ги надминат сите пречки на патот, но за тоа да се случи, мораат многу да се трудат.Јарец и близнаци – љубовна комбинацијаНа близнакот му е неопходна слободата да размислува без никакви ограничувања, бидејќи своите одлуки тој ги донесува како резултат на неговата снаодливост, досетливост, хумор и храброст, туркајќи го животот со голема брзина. Од друга страна, на јарецот му се битни напредокот и статусот кои го има во општеството. Тој има тенденција да ги следи правилата и така да го пронајде најбезбедниот, испробаниот и вистинскиот начин да стигне до успехот, без разлика колку време тоа ќе трае. Близнаците сакаат да ја скратат постапката на работите, а јарецот сака да ги изврши совршено, целосно и темелно.rnrnЉубовната врска помеѓу јарец и близнаци е предизвикувачка, бидејќи тие имаат многу да научат еден од друг, за да можат да успеат да се сретнат на половина пат. Јарецот е многу непретенциозен и тивок, што е тотална спротивност на близнакот, кој е екстровертен, дружељубив и енергичен. Јарците најчесто се спори, одмерени и тврдоглави личности, а близнаците се флексибилни, и многу често се предомислуваат.rnrnБлизнакот има брз ум кој веднаш успева да ги пронајде дупките во законот, додека јарецот е жилав, упорен и тежок за убедување дека искористувањето на некој скратен пат до целта е подобра идеја, отколку да се следи „обележаниот правец“, кој знае дека ќе го одведе до успехот.rnrnАко овие двајца партнери успеат меѓусебно да се разберат и да ги спојат нивните сосема различни гледишта на работите, ќе постигнат многу повеќе заедно, отколку што би постигнале секој посебно. Јарецот и близнакот се многу подобри бизнис партнери, отколку љубовници.rnrnБлизнаците се предводени од планетата Меркур, која е симбол на комуникацијата, додека јарецот е управуван од Сатурн, кој симболизира моќ. Влијанијата на овие две планети си контрираат едно на друго. Сатурн внесува студена, мажествена енергија во јарецот, која му помага да биде истраен и решителен, за да може да ги надмине сите тешкотии. Меркур во близнакот внесува двополова енергија, која му овозможува да ги комбинира неговата комуникативност и интелектуалниот дар, за да ги остварува своите цели. Ниеден од овие хороскопски знаци не се откажува лесно, но на љубовно поле, тие можеби ќе мораат да си ги потиснуваат нивните природни чувства за да спречат недоразбирања.rnrnБлизнаците го доживуваат нивниот љубовен живот многу површно, како и останатите работи во животот. Јарецот може да ја потиснува ентузијастичката природа на близнакот, ако партнерите не се придржуваат до сопствените граници на самоконтрола во врската.rnrnЈарецот е практичен, постојан и делотворен. Тој не чувствува потреба да презема ризик, ако не постои гаранција дека истиот ќе му се исплати. Близнаците од друга страна, се аналитични и сè базираат на факти. Тие обожаваат да преземаат ризици и да ги реализираат нивните инвентивни идеи, без разлика каде тие ќе ги одведат.rnrnВо врската, јарецот е иницијатор и сака да ги држи работите под контрола. Близнаците се прилагодливи и генерално со задоволство ги следат желбите на јарецот, сè додека не се принудени на тоа. Тие сакаат да се чувствуваат слободни да одлучат дали се согласуваат со нешто или не и ако во некој момент се почувствуваат присилени на нешто, стануваат неразбирливи, непристапни и дистанцирани.rnrnАко овие двајца партнери ја ценат и вреднуваат нивната врска, тие мораат да научат да се спогодуваат и да си дадат слобода еден на друг. Најдобриот аспект од нивната врска е тоа што тие внесуваат различни квалитети во неа. Оваа љубов е навистина предизвик за јарецот и близнакот, но трудот ќе им се исплати ако си дозволат еден на друг да бидат свои.rnrn rnrn

  • 10 љубовни предвидувања за 2011

    10 љубовни предвидувања за 2011

    Да бидеме реални. Она што е тука пред нас сега, може многу лесно да го снема утре, исто како што онаму каде што не постоело ништо, може да се роди нова љубов. Работите се менуваат за сите и љубовта никогаш не треба да се сфаќа здраво за готово. Влезете малку поподготвено на полето на љубовта во 2011. Да видиме што предвидуваат експертите за љубовта оваа година.rn.rn

    1. Моногамијата ќе биде повторно „ин“.

    rnБракот или барем моногамијата ќе стане повторно модерна. Позначајни ќе станат вистинските вредности во врските, а не материјалните работи. Повеќе време ќе се посветува на животот во заедниците и на добротворните акции, а помалку на расфрлање пари за скапи предмети.rnrnКако што сè повеќе истополови двојки се одлучуваат за заедничко чување деца, ова веќе нема да претставува контроверзен проблем и до крајот на 2012, многу земји ќе го прифатат правото за стапување во брак со секој.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    2. Луѓето кои се во врски ќе ја прифатат состојбата на статус кво.

    rnСреќните двојки ќе сакаат да останат во врска, под услов таа да е добра. Повеќето парови ќе се воздржуваат од стапување во брак, а брачните двојки кои се во криза, ќе го одложат разделувањето и раскинувањето на браковите додека се подобри економијата во светот. Ќе се зголеми бројот на љубовни двојки од различни раси, како и на такви во кои жената е постара по 5 и повеќе години од мажот.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    3. За оние кои се сингл, факторите за неуспех ќе исчезнат.

    rnСите како мали сме правеле листи на кои сме запишувале каков сакаме да изгледа нашиот иден партнер: некои преферирале високи, други крупно градени или тенки, трети со одредена боја на косата, а има и такви кои знаеле дека сакаат момче кое свири во бенд, девојка која се занимава со гимнастика и сл. Ваквите листи сега се веќе застарени. Општата состојба во светот и особено финансиската криза, предизвика многу луѓе да се запрашаат кои се нивните вистински вредности кои ги бараат кај својата идеална сродна душа.rnrnМажите и жените драстично ќе ги изменат своите листи и ќе ги намалат очекувањата, особено во однос на личниот изглед и возраста. Важно ќе биде колку е финансиски обезбедена другата личност. Ова пак не значи дека сите ќе станеме „копачи на злато“, но финансиската состојба на партнерот дефинитивно ќе се искачува погоре на личните листи.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    4. Ќе се вратиме на традиционалните улоги на родовите.

    rnМажите ќе ја вратат својата лидерска улога во врските, тие ќе го имаат главниот збор и ќе станат поголеми авантуристи, посилни и заштитнички настроени.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    5. Сè повеќе луѓе ќе закажуваат состаноци преку Фејсбук и Твитер.

    rnИ оние кои се и оние кои не се во врски се многу зафатени во денешно време, често работејќи многу за мали плати. Времето е луксуз. Затоа, сè повеќе врски ќе се формираат со користење на фејсбук и твитер, но и сè повеќе ќе гледаме како луѓето раскинуваат во реално време преку нивните статуси на овие социјални мрежи.rnrnСостаноци ќе се закажуваат со текстуални пораки, наместо преку телефонски повици. Раскинувањата нема да се случуваат лице в лице. Љубовта во врските на далечина се повеќе ќе се зголемува. Состаноците преку Скајп, со користење на веб-камери ќе ги одржуваат врските со своите сакани на далечина.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    6. Состанувањето преку мобилни ќе стане мејнстрим.

    rn

    Сè повеќе корисници на сајтовите за онлајн состанување пристапуваат од својот ајфон или ајпод и овој број продолжува да се зголемува секој месец. Причината за ова е брзината и практичноста во пристапувањето. Сервисите на мобилните оператори и апликациите за мобилни телефони ќе ни овозможуваат реално-временско договарање состаноци, дури и во движење.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    7. Ќе бидеме попаметни во врска со праќањето сексуални пораки (sexting).

    rnСпоред едно скорешно истражување, праќањето сексуални пораки достигнува до 15% од сите испратени пораки преку телефоните на тинејџерите, додека над 30% кај младите на 18-29 години.rnrnПраќањето сексуални слики преку мобилни телефони стана посебна вредност, а ова особено го потврдуваат сè почестите сексуални изложувања на познатите. Во тренд е и фаќањето за ваквото „зло дело“. Во 2011 очекувајте нови етички правила и можности во врска со овој тренд. Ако сакате некому да му испратите интимна слика од себеси, која притоа не може да биде копирана, препраќана и ретвитана, добрата вест е што ќе има апликации кои ќе го овозможуваат тоа.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    8. Паровите ќе почнат да применуваат забрани и ограничувања на социјалните мрежи.

    rnКолку што Фејсбук и Твитер се добри за создавање нови врски, толку се ефикасни и за нивно раскинување. Замислете само колку драма може да додаваат социјалните мрежи во моногамните врски: незгодни коментари на ѕидовите кои можат да водат до недоразбирања и лутења со денови; приватни пораки кои ја преминуваат линијата на тој начин заматувајќи ја линијата помеѓу пријателството и емоционалното неверство; „спријателување“ со бивш кое може да распламти некои стари пламени што веројатно требале да останат во минатото. Листата може да продолжи до бескрај.rn

    Оние кои ќе сакаат да ја одржат својата врска ќе бараат од своите партнери да ги напуштат социјалните мрежи. На оние пак, на кои не им треба дополнително затегнување на односите, може да одлучат да се повлечат од сите работи поврзани со социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека се зголемува потпирањето на виртуелната комуникација, вештите парови ќе се реорганизираат на овој план и својата потреба за комуникација со пријателите ќе ја фокусираат на контакти со оние вистинските, наместо на оние кои само постојат на сликите на социјалните мрежи.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    9. Луѓето ќе се откажуваат од онлајн состанувањето, а повеќе ќе се потпираат на стројници.

    rnВо 2011 очекувајте повеќе надеж за романтични состаноци обраќајќи се до роднините и пријателите кои можат да ве спојат со некого.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    10. Астрологијата ги потврдува предвидувањата.

    rnВо 2011 ќе има неколку големи планетарни промени. Некои планети ќе се движат кон знаци кој се посоодветни за нивните енергии. Еве ги главните астролошки трендови во 2011 кои се во корелација со превидувањата на неастролошките експерти:rn.rn

      rn011

    • Врзувањето ќе биде ин, необврзувачкиот секс ќе биде аут.
    • rn011

    • Ќе избегнуваме врски кои се засноваат на страв и потреба за сигурност или на грижата дека ќе бидеме осудувани од другите, за да се посветуваме на вистински врски кои се уникатни и либерални.
    • rn011

    • Мажите ќе стапнат еден чекор понапред и ќе земат поголема улога во динамизирањето на врската.
    • rn011

    • Љубовта ќе се базира на забава, авантури и спонтаност.
    • rn011

    • Ќе се намали трендот на онлајн состанување, а ќе се зголеми состанувањето преку мобилни телефони.
    • rn

    rn10 љубовни предвидувања за 2011Заклучок: И ѕвездите и експертите предвидуваат дека совршениот партнер можеби нема да биде згоден, но тоа нема да биде многу важно бидејќи секако нема да го изберете врз основа не неговиот онлајн профил. Тој ќе сака вистинска и ексклузивна врска, која ќе претставува повеќе од нов статус на неговиот профил на фејсбук. Па, има надеж за 2011.rnrn

  • Јарец и бик – љубовна комбинација

    Јарец и бик – љубовна комбинација

    Љубовното партнерство сочинето од хороскопските знаци јарец и бик е разумно и практично. Заеднички карактеристики на овие два знака се нивната приземност и ефикасност. Бикот не сака да ризикува повеќе отколку што е потребно кога станува збор за емоционалните врски, а јарецот исто така е незаинтересиран за ризик, но кога станува збор за финансиите и кариерата. На јарецот успехот во кариерата му претставува едно од најбитните работи во животот. Тој настојува да се искачи на високо скалило на професионално поле и има тенденција да си поставува високи стандарди кои настојува да ги реализира. И бикот исто така си поставува високи стандарди во животот, но кога станува збор за поседување имот и предмети, како и во однос на љубовта и врските.Јарец и бик – љубовна комбинацијаЈарецот и бикот си ја почитуваат нивната посветеност и цврстата приврзаност еден кон друг, меѓусебната зависност и реалистичниот, дури и конзервативен поглед кон животот  (јарецот е поконзервативен од бикот). И покрај тоа, нивната врска може бргу да ја изгуби свежината. Проблемот се јавува како резултат на тоа што овие два знака во суштина се многу поразлични, отколку што тоа на прв поглед се забележува. На бикот може после кратко време, да почне да му смета конзервативноста и ограниченоста на јарецот. Од друга страна пак, јарецот може да смета дека бикот е многу мрзелив и дека не се грижи доволно за напредокот во кариерата и оформувањето висок статус во општеството.rnrnДоколку бикот успее да му помогне на јарецот малку да се релаксира и да го научи да ги цени плодовите на трудот и ако јарецот го мотивира бикот да ги оствари неговите цели и да ги претвори соништата во реалност, нивната врска ќе биде „мазна“, долготрајна и исполнета со многу среќа и љубов.rnrnБикот е предводен од планетата Венера која е симбол на љубовта, а јарецот е управуван од Сатурн – карма. Венера го прави бикот топол и женствен хороскопски знак, кој ги цени сензуалните задоволства, убавината на уметноста и естетиката на љубовта. Овие карактеристики го стимулираат бикот и ја зголемуваат неговата почит кон животот и љубовта. Сатурн од друга страна, внесува трудољубивост и дисциплинираност кај јарецот во насока на остварување на неговите цели.rnrnБикот може да го научи јарецот како да ужива во заслужениот одмор и како да ги цени убавината и комфорот. Јарецот пак, може да го научи бикот да биде подисциплиниран и да се бори до крај за она што го сака.rnrnОвие партнери сакаат да поседуваат и да бидат опкружени со убави материјални работи. Тие сакаат совршен, стилски и модерен дом, професионално дизајнирана облека, луксузни автомобили и скапи уметнички дела. Бидејќи и двата знака се многу трудољубиви и напорно работат, најверојатно во некоја точка од заедничкиот живот би успеале да си ги дозволат овие луксузи и нема да имаат проблем да се сретнат на половина пат кога станува збор за вкусот и изборот.rnrnКога биковите еднаш ќе донесат одлука, ништо на светот не може да ги премисли. Нивните  одлуки се цврсти и непроменливи. Јарецот оваа карактеристика на бикот не ја доживува како глупава или ограничувачка,  туку токму спротивното: цврстиот карактер на бикот му укажува на јарецот дека тој е сериозно посветен на нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација јарец – бик е тоа што овие знака делат многу слични вредности и заеднички се посветуваат кон реализација на слични животни цели и достигнувања. Двајцата уживаат во луксуз, убавина и богатство. Поради нивните заеднички интереси, овие партнери се високо компатибилни.

  • Јарец и овен – љубовна комбинација

    Јарец и овен – љубовна комбинација

    Кога овен и јарец се заедно, тие мораат да работат напорно за да ја одржат нивната љубовна врска на цврста подлога. Нивните погледи кон животот се речиси спротивни. Овенот секогаш е во насока на реализирање на неговите планови, без да се замара со целта што сака да ја постигне со нивното остварување. Од друга страна, јарецот постојано некого или нешто осудува, без разлика колку ќе има корист од тоа.Јарец и овен – љубовна комбинацијаОвните се брзи, енергични и преземаат иницијативи. Јарецот сака да презема ризици, но никогаш не избрзува во дефинирањето на неговите цели, туку неуморно работи во насока на нивна реализација. Неговите амбиции најчесто се насочени кон напредок на кариерата или статусот во општеството. Двајцата партнери секогаш знаат кон што целат, но нивните интереси се најчесто тотално спротивни. Јарецот генерално е тивок, воздржан и скромен, додека овенот е зборлест, бучен и наметлив. И двата знака се многу тврдоглави и мислат дека нивниот начин е најдобар, па затоа за да можат добро да функционираат заедно, мораат да го прифатат фактот дека честопати ќе имаат несогласувања во нивната врска. Тоа е така, бидејќи тие имаат навистина различни животни филозофии. Овенот работи кон реализирање на плановите на краток рок, додека јарецот инсистира да ги следи правилата на игра и да чекори по веќе испробан, безбеден и вистински пат кон успехот.rnrnСе прашувате како овие различни карактери би се искомбинирале во една љубовна врска? Еве како: овенот е импулсивен, страстен, брз и бурен и никогаш не престанува да мисли дали љубовниот партнер кој го избрал е вистинскиот за него. Јарецот пак сака да анализира и испита колку неговиот потенцијален партнер ќе биде способен да му помогне да напредува во животот и резултатот од тоа „истражување“ ќе го искористи за да одлучи дали вреди да продолжи да се бори за таа врска или не. Ако овенот и јарецот подобро се запознаат и решат да ја одржуваат нивната врска на долг рок, тие можат меѓусебно да се научат на многу работи, кои не би успеале да ги сфатат сами.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс, која е симбол на страста, додека јарецот е предводен од Сатурн, кој симболизира карма. Овие две планети обично работат една против друга, освен ако овенот и јарецот не решат заеднички да се изборат за пронаоѓање на еден заеднички јазик. Овие два знака можат дефинитивно да си помагаат еден на друг, особено кога станува збор за професионални работни задачи. Јарецот има голема моќ на издржливост, упорност и истрајност, но овенот ја има потребната енергичност за да ја заврши работата до крај. Овие партнери можат да бидат подобро дуо на работното место, отколку во спалната соба. Двата партнери се решителни и ниеден од нив не се откажува брзо.rnrnАко нивната заедничка енергија не е насочена во позитивна насока, овие двајца партнери можат да бидат сурови, груби, дури и насилни еден кон друг или во најдобар случај меѓусебно да си предизвикаат потиснување на нивните емоции. Овенот мора да води сметка да не работи против својот партнер, додека јарецот мора да се грижи да не ја убива огнената енергија која ја поседува овенот. Додека овенот е динамичен и активен, јарецот е поприземен и практичен. Јарецот во поглед на дефинирање на неговите цели си го поставува прашањето: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите најголеми животни планови“, додека на овенот едноставно му текнува што му се прави во моментот и трга во акција без изготвен план во мислите.

  • Астролошки профил на родените во знакот јарец

    Астролошки профил на родените во знакот јарец

    (22 декември – 19 јануари)rnrnАстролошки профил на родените во знакот јарецЈарците се сериозни, одговорни, независни и одлучни луѓе. Нивните лични карактеристики можат да имаат големо значење за интензитетот на овие својства кај различните јарци, но како и за секој знак, и за овој има заеднички работи кои се среќаваат кај повеќето родени во тој период.rnrnЈарците се цврсто приземјени луѓе на кои другите сакаат да се потпираат. Имаат јака волја и се прилично самоуверени. Тие точно знаат кои се, па се чувствуваат комотно во разни социјални ситуации. Иако понекогаш имаат репутација на малку здодевни луѓе, тие често знаат да го изненадат друштвото со остроумна и ненадејна духовитост.rnrnЈарците се луѓе на кои можете да се потпрете, но сепак страдаат од промени во расположението кое може да варира од голема еуфорија до напади на депресија. Во повеќето ситуации, тие вешто ги маскираат овие конфликтни расположенија во јавност. Само најблиските од семејството и пријателите можат повремено да го забележат нивниот внатрешен немир.rn.rn

    Сериозни личности

    rnЈарците се сериозни и резервирани. Тие преферираат да ги планираат и да ги извршуваат задачите кои им претстојат и генерално се држат до овие планови сè додека не ги завршат, дури и кога околностите се комплицираат. Бидејќи се склони да бидат сериозни, знаат да бидат нетолерантни за глупирање и зезање и генерално не ја прифаќаат спонтаноста во одлучувањето.Астролошки профил на родените во знакот јарецУште една карактеристика на јарците е што можете да сметате на нив дека ќе останат смирени во скоро секоја ситуација. Тие се неемоционални однадвор и се многу добри во анализата на проблемите од логичен аспект, без да ги мешаат чувствата со што избегнуваат драматичен ефект.rn.rn

    Одговорни личности

    rnЈарците сакаат искреност и одговорност и настојуваат овие лични карактеристики да им служат како пример во нивните животи. Јарецот како животно го претставува овој знак заради неговата асоцијација со стабилност и сигурност. Луѓето кои се родени во овој знак не се премислуваат од ден на ден, па нивните мислења можат да се земат како веродостојни и постојани. Јарците се верни во љубовта, вредни работници и луѓе од збор на кои можете да им верувате.rn.rn

    Независни индивидуалци

    rnНајцврстата карактеристика на јарците е нивната независност. Бидејќи тие ги знаат нивните способности и вештини, тие не веруваат дека треба да се потпираат на други луѓе. Ним им е задоволство да си ги завршуваат проектите сами, да си поставуваат цели и да ги постигнуваат, како и притоа да работат сами. Повеќето јарци се тивки и интровертни, но ако се вклучат во групна работа, често можат да станат лидери заради нивните правилни методи и силното логичко резонирање.Астролошки профил на родените во знакот јарецrn

    Одлучност и трпеливост

    rnЈарците се амбициозни и во многу случаи сакаат да се истакнат во своето поле на работа. Тие не се двоумат пред да си постават високи цели и потоа да работат напорно за да ги остварат. Бидејќи се добри во планирањето и придржувањето до планираните задачи, тие можат да работат постепено за да ги остварат целите, притоа фокусирајќи се на иднината. Моменталното задоволство не е нешто што ги одликува јарците. Напротив, тие сакаат одложена награда која знаат дека ќе следува доколку се трудољубиви и одлучни.Астролошки профил на родените во знакот јарецrn

    Јарците во љубовта

    rnЈарците тешко веруваат во љубовта и во мотивите на личноста од другата страна на врската. Тие се трудат да бидат многу претпазливи пред да одлучат да ги откријат вистинските чувства, што секако се одразува негативно на почетокот на една љубовна врска. Јарецот попрво би ги криел своите чувства отколку да ризикува да биде одбиен. Тоа значи дека кога јарецот влегува во врска, тоа ќе биде или сè или ништо. Овие луѓе знаат да сaкаат длабоко и многу ќе се трудат да ја одржат романсата жива. Тие се и многу страсни љубовџии.Астролошки профил на родените во знакот јарецШтом пак јарецот стапи во брак, тој ќе гледа да остане во него без разлика на предизвиците кои можат да му застанат на патот. Тој верува во врска која ќе трае до крајот на животот, но често неговата љубомора знае да предизвика проблем.rn.rn

    Јарците и пријателството

    rnЈарците се добри пријатели и може да се смета на нивната лојалност, но ако некој пријател ги предаде, подобро нека му ја мисли. Тие долго паметат кога некој ќе им згреши и тогаш стануваат застрашувачки непријатели.Астролошки профил на родените во знакот јарецrn

    Јарците во работата

    rn

    Јарците се вредни работници на кои може да се смета. Тие ги планираат работите, работат методолошки, земајќи го предвид секој аспект и секогаш се држат до испланираното за да ги постигнат нивните зацртани цели. Ако стрелецот е иницијатор за проекти, јарецот е оној кој ќе ја истурка работата откако првиот ќе изгуби интерес.Астролошки профил на родените во знакот јарецЈарците знаат да почитуваат авторитет, но истата почит ја очекуваат од другите кога тие се главни. Тие поставуваат високи стандарди во работата и го очекуваат истото од нивните колеги и потчинети. Заповедничката природа на овој знак ги прави јарците малку тешки за работа со други луѓе, но тоа не значи дека се нефер.Астролошки профил на родените во знакот јарец

    rnrn

      rn011

    • Најсоодветни професии: менаџери, банкарски работници, сметководители, финансиски консултанти, архитекти, наставници, адвокати, статистичари и музичари.
    • rn011

    • Омилени бои: кафена, индиго сина, црна и сива.
    • rn011

    • Јарците најмногу си одговараат со: риби, бик, девица, скорпија.
    • rn011

    • Мотото на јарците: „Ако приликата не ти тропне, тогаш изгради врата“. Но, ова не значи дека доколку нема планини на кои би се искачиле, треба да ги изградите. За вас, страдањето може да води до исполнување, но за да бидете среќни, добро би било да научите да го цените она што го имате, наместо секогаш да се трудите да го постигнете она што се наоѓа на следното ниво.
    • rn

    rnАстролошки профил на родените во знакот јарецrn

      rn011

    • Најјака карактеристика: способноста за надминување на пречките
    • rn011

    • Потенцијална слабост: премногу работа, без многу забава
    • rn

    rn

    633732
  • Стрелец и риби – љубовна комбинација

    Стрелец и риби – љубовна комбинација

    Кога стрелец и риби стапуваат во врска, нивните љубовни соништа постануваат реалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој постојано нешто размислува, филозофира и без тешкотија преминува од една на друга работа, со ист интензитет на енергија. Рибата е позатворена и духовна личност, која преминува од една на друга работа во нејзиниот мозок. Во некои сегменти тие се многу различни и на луѓето кои не ги познаваат би им било чудно како тие воопшто се „споиле“. Но нивната љубов, со тек на време може сè повеќе да расте и стрелецот и рибите ќе умеат сè подобро да ги остваруваат желбите и мечтите на својот партнер.Стрелец и риби – љубовна комбинацијаСтрелецот е дружељубив, снаодлив и енергичен, а кога е во врска со риби, тој се јавува во улога на заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат му дава тотална поддршка и разбирање и умее на еден суптилен начин да го релаксира незапирливиот стрелец. Таа е лесно прилагодлива личност и нејзината енергија во врската ја насочува кон разбирање, поддршка и сочувствување со нејзиниот стрелец. Рибата е всушност хороскопски знак кој е најтрпелив во однос на резервираноста и дистанцираноста на стрелецот во љубовните врски.rnrnСтрелецот и рибите се предводени од иста планета – Јупитер, а рибата и од Нептун. Јупитер симболизира истражувачка работа, која е на различен начин манифестирана кај двата знака. Влијанието на Јупитер во рибите се јавува на еден апстрактен начин; тие честопати имаат желба да го спасат светот (најчесто во форма на заштита од загадување, преку рециклирање и екологија). Стрелецот од друга страна преферира да ги прошири своите хоризонти преку академско образование. Нептун во рибата внесува илузија, способност за смислување добри идеи, како и гледање на работите од поширок аспект, но во одредени ситуации и разочарување и живеење во фантазии.rnrnСтрелецот може да и помогне на рибата да застане цврсто на земја. Јупитер преку своето влијание врз рибата може да воведе нежност во повремените тврдоглави и непромислени испади на стрелецот. Стрелецот е огнен знак, а рибата воден. Овие два елемента можат да создадат одличен љубовен пар, доколку вложат малку од себе во врската. Тие умеат на еден природен начин да ги доживуваат ситуациите и постапките на луѓето, што пак им го олеснува решавањето на проблемите.rnrnРибите на стрелците можат да им дадат насоки и да ги научат како да бидат понежни, додека стрелците можат да им возвратат учејќи ги како да бидат авантуристи и да го истражуваат светот. Оваа двојка ќе ужива патувајќи заедно.rnrnПонекогаш рибите можат емоционално да го гушат стрелецот, а премногу „вода“ е лошо за неговиот огнен дух. Спротивно на тоа и премногу „оган“ може да ја загрее водата, па рибата да почне да „зоврива“.rnrnСтрелците и рибите мораат да ги употребуваат нивните перспективни вештини за да ја подобрат врската, посветувајќи се секогаш на тоа што му е потребно на партнерот. Ниеден од партнерите не сака да доминира во врската. Тие уживаат еднакво и сакаат нивните идеи да се остваруваат. Рибите се многу среќни кога им помагаат на стрелците. Никој од нив не се преокупира со конечните резултати од направеното, за нив важна е забавата. Бидејќи стрелецот и рибите немаат проблем околу тоа кој која улога ја зазема во врската, тие можат без проблем заеднички да работат кон остварување на нивните цели и да постигнат големи успеси.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата стрелец и риби, е тоа што тие можат да извлечат корист од нивната мудрост и истовремено да се сложуваат совршено. Рибите им покажуваат на стрелците како да се соживуваат и да се грижат, а тие ќе ги научат како да ја претворат фантазијата во реалност. Способноста овие два знака да си ги надополнуваат недостатоците ја прави оваа врска исклучителна.

  • Стрелец и водолија – љубовна комбинација

    Стрелец и водолија – љубовна комбинација

    Комбинацијата од идеализмот на водолијата и знаењето на стрелецот, го прават овој пар многу креативен и уникатен. Во нивната љубовна врска владеат искреноста и отвореноста и без разлика што помеѓу партнерите може да се појави натпреварувачи дух, ним не може да им здодее еден од друг. Покрај тоа што меѓу нив постои прекрасна романтична енергија, стрелецот и водолијата се и големи другари, како резултат на нивниот индивидуализам. Двајцата имаат идеалистички размислувања, го живеат животот со страст и верба, па не е ни изненадување што уживаат во заедничките мигови. Кога се заедно, тие „ можат да летаат, без да стравуваат дека ќе паднат“.Стрелец и водолија - љубовна комбинацијаПовеќето љубовни врски сочинети од партнери кои се стрелец и водолија во хороскоп, најмногу од сè уживаат во неа поради нивното меѓусебно безрезервно обожување и почит. Стрелецот е привлечен од индивидуалноста, визијата и креативниот капацитет на водолијата. Од друга страна, водолијата се восхитува на иницијативноста и извонредните способности кои стрелецот ги поседува. Тој секогаш има нови идеи на ум, но честопати не е доволно вешт за да ги спроведе на дело, како што тоа го може водолијата.rnrnСтрелецот и водолијата наоѓаат задоволство во извесен степен на независност во врската и помеѓу нив ретко настануваат недоразбирања, бидејќи двајцата ја разбираат таа потреба. На моменти, стрелецот може да изгледа премногу себичен во очите на водолијата, а таа пак може да е премногу ексцентрична за негов вкус. Но, сè додека комуницираат за она што ги прави среќни во врската, тие без проблем ќе ги надминат сите помали и поголеми препреки на патот.rnrnСтрелецот е предводен од планетата Јупитер, а водолијата од планетите Сатурн и Уран. Овие три планети формираат еден круг кој е типичен за врската помеѓу стрелецот и водолијата – нивната неверојатна способност за добра комуникација, меѓусебно разбирање и поддршка. Уран е симбол на креативниот ум и способноста за смислување уникатни идеи, кои се типични карактеристики на водолијата. Потоа се приклучува влијанието на Јупитер, кој во стрелецот внесува желба за непрекината едукација, информираност и интелектуален раст. Кругот го комплетира Сатурн, чие што влијание помага целиот процес да се заврши, откако ќе секне инспирацијата на Уран и кога енергијата на Јупитер ќе премине кон некоја нова работа.rnrnСтрелецот е огнен знак, а водолијата е воден. Воздухот го разгорува огинот, на ист начин како што водолијата може да го инспирира стрелецот да ги реализира своите соништа. Истовремено стрелецот може да ја одржува тенденцијата на водолијата да презема експериментални потфати базирани на футуристички замисли. Овие два знака во комбинација се еден навистина иновативен и инветивен тим. Водолијата и стрелецот ја користат нивната интелигенција и чувство за авантура за да стекнат нови животни искуства, притоа меѓусебно потхранувајќи си ја нивната креативност. Двата знака имаат неограничен дијапазон на интереси. Водолијата е креаторот на оригинални идеи, кои енергичниот стрелец со нетрпение чека да ги спроведе во акција.rnrnСтрелецот е личност која има тенденција да го следи своето внатрешно чувство за авантура и вечно да е во потрага по нешто ново, кое ќе и го покачува адреналинот и ќе ја потсетува дека е жива, но таа исто така е и секогаш спремна да престане да го прави тоа што го прави, за да се прилагоди на потребите на својот партнер. За разлика од него, водолијата е помалку прилагодлива кон туѓите потреби и целосно се предава на работата која што ја работи, сè додека во неа постои страст за реализација на истата. Додека стрелецот е среќен и задоволен „летајќи“ од една на друга работа во зависност од моменталното расположение, водолијата умее да ги стабилизира нештата и да помогне да се решат проблемите. Двата партнери се лојални и посветени на нивната врска и имаат моќ заеднички да успеат на многу животни полиња.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо водолија-стрелец е нивната способност да ги решат и најголемите проблеми кои би можеле да настанат во нивната врска, ако одлучуваат според желбите на нивните срца. Овие партнери можат да се држат до еден конкретен план, од оној момент кога тој ќе биде цврсто „вгнезден“, по пат на добра комуникација. Овој извонреден љубовен пар е базиран на надворешно видлива иницијатива, енергичност и акција, но истовремено и на емоционална длабочина.

  • Стрелец и јарец – љубовна комбинација

    Стрелец и јарец – љубовна комбинација

    На почетокот, љубовната врската помеѓу стрелец и јарец може воопшто да не напредува и партнерите да се чувствуваат како да немаат ништо заедничко. На некој начин, овие два знака се спротивни типови на личности. Стрелецот е енергичен, лекомислен, има чудни идеи, прилично е нетрпелив, постојано сака да учи нешто ново и секогаш импулсивно се впушта во нови работи. Јарецот пак е пасивен, срамежлив, се фокусира на деталите и секогаш бара некој проект, на кој ќе ја употреби целата негова енергија. Токму нивните разлики се причината зошто оваа врска може да успее на долг рок, бидејќи тие можат многу работи да научат еден од друг.Стрелец и јарец – љубовна комбинацијаКога сè уште не се познаваат доволно, стрелецот и јарецот можеби нема да гледаат никаква поента во нивната врска, ниту ќе имаат волја да поминат преку маaните на својот партнер. Стрелецот понекогаш знае да биде нескротлив, а јарецот арогантен и „надуен“. Но, кога еднаш ќе одлучат да престанат да се фокусираат на маaните на својот партнер, стрелецот и јарецот ќе ги увидат нивните поединечни квалитети. Стрелецот може да го научи јарецот да живее „од денес за утре“, радувајќи се на секое ново искуство кое го стекнува во животот и ќе му ја даде на јарецот потребната слобода. Јарецот пак ќе го научи стрелецот да обрнува повеќе внимание на деталите, ќе му помогне да сфати дека малите нешта можат да бидат многу значајни и ќе му даде совети како да ја контролира неговата импулсивност и темпераментност. Стрелецот може да го доживува јарецот како премногу сериозна и одговорна личност, па ќе му помогне да најде начин да се релаксира, разведри и забавува. Јарецот може да го обвини стрелецот дека се однесува премногу бунтовнички и неодговорно. Кога ќе застанат на иста бранова должина, овие партнери всушност можат да научат еден од друг многу убави манири.rnrnСтрелецот е управуван од планетата Јупитер, а јарецот од Сатурн. Јупитер во јарецот внесува потреба за постојано едуцирање и интелектуален развој, како и „среќна ѕвезда“ која може да му донесе успех во животот. Сатурн пак е симбол на амбициозност, одговорност, трудољубивост, посветеност и неуморност –  карактеристики кои го одбележуваат јарецот. Нивното меѓусебно влијание може да биде многу позитивно и да ги истакне најдобрите квалитети на двајцата партнери. За да се случи тоа, стрелецот и јарецот треба да научат да се почитуваат и да се повлечат еден чекор назад кога не се согласуваат со мислењето на партнерот, за да се избегнат недоразбирањата.rnrnСтрелецот ќе го научи јарецот како да биде поспонтан, додека истовремено од него ќе „ црпи“ стабилност, одговорност и рационалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој прави филозофско истражување и кога ќе дојде до одреден заклучок предлага идеи и нови работни проекти. Јарецот пак се потпира на реалната и фактичка состојба и преферира практично да ја остварува работата.rnrnОвие партнери имаат навистина различна емоционална структура. Додека јарецот размислува за последиците од неговите постапки, стрелецот обожава да истражува, да ја пронаоѓа вистината и да собира искуства, а тоа го прави за свое лично задоволство. И покрај тоа што овие партнери може да имаат проблем да се разберат поради нивните спротивни дефиниции за морал, ако успеат да ги тргнат нивните разлики настрана, тие можат да бидат навистина прекрасен пар, како резултат на нивните комплементарни карактери.rnrnСтрелецот не е секогаш лидер во оваа врска или поттикнувач на мотивација и ентузијазам. Тој едноставно кога има добра идеја на ум и смета дека може да даде свој придонес во реализацијата на истата, ужива да ја зазема таа улога. Стрелецот и јарецот можат успешно  да работат кон реализација на заеднички цели и да немаат никаков проблем околу тоа, кој каква улога зазема.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е ефективноста која може да произлезе ако заеднички работат на надминување на малите пречки кои се јавуваат на почетокот на нивното запознавање. Нивните карактери, кои се различни во многу нешта, ја прават нивната љубов вредна, успешна и моќна.

  • Стрелец и стрелец – љубовна комбинација

    Стрелец и стрелец – љубовна комбинација

    Кога двајцата партнери се родени во хороскопскиот знак стрелец, нивните темпераментни личности, секогаш жедни за нова авантура и пронаоѓање на вистината, креираат една речиси совршена љубовна целина. Овие личности светот го гледаат низ „интелектуално око“ и секогаш се гладни за повеќе и повеќе учење.Стрелец и стрелец – љубовна комбинацијаКога стрелец и стрелец се во љубовна комбинација, тие уживаат поминувајќи долги часови во пријатни разговори на многу различни теми. Ним им е забавно меѓусебно да се подбуцнуваат да ги прифаќаат предизвиците кои им се појавуваат во животот, бидејќи на тој начин си го „скокоткаат умот“  за да им биде постојано активен.rnrnПовремено, помеѓу овие партнери може да настане жестока расправија, кога еден од стрелците ќе ги премине границите на рационалноста, базирајќи се на некакви факти. Сепак безгрижните, релаксирани и независни стрелци, се високо компатибилни кога станува збор за балансот помеѓу нивните индивидуални интереси. Тие никогаш не чувствуваат љубомора во оваа врска, а кога времето не го поминуваат заедно, тие се зафатени со некои работни обврски. Заедничките моменти двајцата стрелци ги поминуваат негувајќи и задоволувајќи го својот партнер и емотивно насладувајќи се на нивните слични интереси.rnrnИ покрај тоа што овие личности се многу модерни и приспособливи, тие понекогаш знаат да изгубат контрола над емоциите и да претераат во реакциите кон својот партнер. Добрата вест е дека не е во природата на стрелецот да останува долго време непријателски настроен, ниту пак ќе дозволи несогласувањата со партнерот да се продлабочуваат и да траат долго.rnrnСтрелецот е предводен од планетата Јупитер, која симболизира интелектуален развој на неговата личност. Бидејќи во случајов и двајцата партнери уживаат во стекнувањето знаења, тие ќе вметнуваат интересни досетливи идеи во нивната врска.rnrnКога двајца стрелци се во љубовна комбинација, тие мораат да бидат внимателни, во смисла да не ја концентрираат целата своја енергија во задоволства, бидејќи дозволувањето емоциите и страста да ги совладаат, само ќе ги дефокусира од битните работи. Шармот и харизмата кои ги поседуваат стрелците, ја прават нивната врска многу пријатна и симпатична, не само за нив самите, туку и за сите кои се во нивно друштво.rnrnСтрелците навистина сакаат да го изживеат својот живот. Тие не само што се забавуваат разгледувајќи брошури од туристички агенции, туку нема да помине ниту многу време додека да одлучат каде сакаат да патуваат, да се спакуваат и да тргнат.rnrnТие исто така сакаат да испробуваат да работат на нови проекти, но не знаат добро да се справат со непредвидливите негативни ефекти од истите. Тие се нетрпеливи, импулсивни и енергични, па секогаш ќе изберат да работат на нешто ново во нивниот живот, наместо да се трудат да го поправат тоа старото.rnrnЧудна карактеристика на стрелците е тоа што наспроти нивната дружељубива и ведра природа, тие имаат тенденција да зборуваат пред да размислат и таа особина често ги доведува во чудни социјални ситуации.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е нивната голема компатибилност и желбата за постојано учење нови работи. Овој пар го има пронајдено совршениот баланс помеѓу интензивната страст и оставањето доволен простор на партнерот за „да може да дише“. Тие заеднички ќе го истражуваат надворешниот свет кој нуди бескрајни можности и искуства, а истовремено ќе ги продлабочат и нивните внатрешни интелектуални светови.