КАФЕ ПАУЗА

Tag: хороскоп

  • Водолија и рак – љубовна комбинација

    Водолија и рак – љубовна комбинација

    „Спротивностите се привлекуваат“ е реченица која ја опишува љубовта помеѓу партнерите со хороскопски знаци рак и водолија. Водолијата има необичен поглед кон животот, а ракот светот околу него го гледа низ една емоционална призма. Додека ракот честопати сака да одмара и да се релаксира во неговото „дувло“, водолијата ја користи секоја можна прилика да излезе надвор од дома, да се социјализира, да организира некоја журка и да се врати со еден куп спомени од незаборавниот помин. Водолијата сака да биде меѓу нејзините пријатели. Социјалните „збиранки“ се едноставно – нејзина ствар. Ако ракот и водолијата успеат да ги спојат нивните поединечни квалитети на позитивен начин, ќе успеат и да ги реализираат нивните соништа. И двата знака се амбициозни и решителни, сакаат да го остварат тоа што го замислиле и не сакаат да се расправаат.Водолија и рак – љубовна комбинацијаРакот е старомоден, има традиционални размислувања и живее според една иста рутина. Водолијата, од друга страна е многу модерна, современа и мрази монотоно секојдневие, поради што може да се проѕева од досада додека ги слуша работите во кои ракот наоѓа комфор. Од друга страна, ракот може да биде заинтригиран од смислата за авантура и возбуда која ја има неговата водолија, но неговиот традиционален ум може да се случи да не може да држи чекор со револуционерниот ум на водолијата. И покрај тоа што водолијата нема да ја цени посесивноста која ја има ракот, таа сепак може да ужива во стабилноста која тој може да и ја овозможи. Но, таа не сака тоа да го признае на глас.rnrnУправител на ракот е Месечината (емотивност), а на водолијата се Сатурн (Карма) и Уран (Бунт). Месечината во ракот внесува нежност, емоции и грижа за напредокот на работен план и во семејниот живот, кои се централни теми во животот на речиси секој припадник на овој хороскопски знак. Сатурн во водолијата внесува студена, мажествена енергија, волја за напорна работа и дисциплина кои водат кон патот до успехот, додека пак Уран ја симболизира целата необичност, уникатност на овој знак, како и неговата тенденција за кроење планови за далечната иднина.rnrnОваа љубовна врска ќе има поента за водолијата, ако и двајцата партнери гледаат „напред“ и не се плашат да си ги извалкаат нивните раце од напорна работа. Ракот може да ја научи дружељубивата, интелигентна водолија како да ја цени вредноста и длабочината на емоционалните импулси, а неговата нежност ќе внесе убавина и удобност во нивната врска. Додека ракот ја подучува водолијата за емоционално отворање на нејзиното срце, таа би дала сè да може да се „извлече“ од непријатни ситуации кои излегуваат од контрола. Но тоа не значи дека водолијата е „студена“ личност; од топлината и нежноста која ја шири ракот во врската, таа сепак може да научи многу.rnrnВодолијата го гледа животот како интелигентна вежба на умот, со која мозокот непрестајно се развива, а ракот за разлика од неа е попрактичен и реален. Кога ракот престанува да се прашува „Како ова прави да се чувствувам?“, водолијата продолжува и понатаму да се прашува „Што уште се крие таму?“. На водолијата и ракот може да им претставува тешкотија да го разберат „светот“ во кој живее нивниот партнер, а конфликт може да настане доколку водолијата стане премногу „ладна“, а ракот премногу емотивен. Несогласувањата може да завршат на начин што партнерите ќе сфатат дека се борат за различна цел: ракот ќе продолжува да бара повеќе и повеќе, а водолијата сè повеќе и повеќе ќе се оддалечува. Со прифаќањето на фактот дека нивните „светови“ се различни, ракот и водолијата можат успешно да ги прославуваат нивните спротивставени карактери, наместо да ги доживуваат како закана за нивната врска.rnrnАко партнерите имаат добро обмислен план, тие ќе го почитуваат до крај. Доколку тие научат да ја вреднуваат нивната врска и ги искористат нивните заеднички особини – истрајност и упорност, никогаш нема да го изгубат тоа што го имаат и постојано ќе мислат еден на друг. Ако наидат на пречки на патот до нивната среќа, водолијата може да се обиде да сфати дека ракот е срамежлив и сака понекогаш да се повлекува во домашна атмосфера, а не дека тоа е негов начин за емоционална манипулација врз неа. Секако ракот треба да се труди да не биде преемотивен. Ако се договорат да работат на заедничка цел – нивната меѓусебна среќа, тие ќе можат да имаат убава врска.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е тоа што, кога ќе решат дека сакаат да бидат заедно, да се борат за нивната љубов, комбинирајќи ги нивните различни енергии, тие ќе пронајдат еден природен баланс и ќе се забавуваат токму поради нивните разлики. Кога тоа ќе се случи, ракот и водолијата постануваат една необорлива сила.

  • Водолија и близнаци – љубовна комбинација

    Водолија и близнаци – љубовна комбинација

    Водолија и близнаци во љубовна комбинација можат навистина да уживаат во нивната волшебна и инспиративна психичка конекција. Близнакот обожава да слуша нови идеи, а креативната водолија може да смисли еден куп. И на двата знака им е потребна независност и доволно простор за да можат да „дишат“. Оваа нивна потреба тие меѓусебно си ја задоволуваат бидејќи и двајцата ја разбираат многу добро.Водолија и близнаци - љубовна комбинацијаПроблем во нивната врска може да се јави како резултат на две причини: ако близнакот почне да мисли дека водолијата е премногу тврдоглава и нефлексибилна или ако пак ако динамичната и напредна водолија смета дека близнакот е премногу бавен и постојано безделничи. Во секој случај, ваков тип на проблем, не може да предизвика некој сериозен немир во нивната врска, бидејќи генерално овие партнери функционираат многу добро и меѓусебно се разбираат на едно длабоко ниво.rnrnИ водолијата и близнаците поседуваат големо количество енергија во себе. Нивните мозоци работат многу брзо, благодарение на што се способни постојано да смислуваат нови идеи, а со помош на решителната водолија, плодот на нивната заедничка креативност, може да се спроведе во акција. И двата знака кога донесуваат одлуки се потпираат на нивниот секогаш буден, спремен и остар ум, што особено важи за близнакот. Водолијата и близнакот мразат да го губат своето време на небитни работи, но близнакот има тенденција понекогаш да биде хаотичен и психички несреден. Водолијата може да му помогне на близнакот да се фокусира ако тој почне да „осцилира“, но таа воедно мора да му даде и доволно простор и слобода за одлучување. Близнакот не сака да се чувствува притиснато и присилено да прави нешто.rnrnВодолијата е управувана од планетата Сатурн, која ја симболизира нејзината карма и Уран нејзината бунтовност, а близнаците се предводени од Меркур, кој ја отсликува нивната одлична способност за комуницирање. Комбинацијата од влијанијата на Сатурн и Уран, му го даваат на водолијата тој прогресивен, оригинален ум и решеност да ги претвори неговите идеи во нешто добро.rnrnВодолијата е најголемиот хуманитарец од сите знаци во зодијакот. Близнакот има бистар ум и одлични комуникациски вештини, благодарение на кои може да и даде на водолијата стимул да се придржува до своите идеи и да работи на нивна реализација. Со својот флексибилен начин на размислување, близнакот може да и помогне на водолијата во моменти кога е тврдоглава, крута и под тензија.rnrnБлизнаците и водолијата се интелектуално поврзани. Тие се дружељубиви и природни луѓе. Близнакот е досетлива и зборлеста личност, која обожава да ги импресионира другите со неговото пргаво и брзо реагирање во различни ситуации, а водолијата ги сака сите типови на луѓе. Колку повеќе различни карактери на луѓе познава водолијата, толку подобро се чувствува. Двата знака имаат широк опсег на интереси. Наклоноста на близнакот за дебатирање и интелигентни разговори кои му го стимулираат умот, може да биде задоволена со многуте различни искуства кои овие двајца партнери меѓусебно си ги споделуваат.rnrnВо однос на улогите во врската, близнакот ја цени независноста и е лесно прилагодлив на промени. Водолијата од друга страна, е поодлучна, дури и тврдоглава и генерално сака да биде „газдата“ во врската.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо близнаци – водолија е нивната способност за одлична комуникација, уживање во животот и искористување на нивниот креативен и бистар ум за реализација на феноменални идеи.

  • Водолија и бик – љубовна комбинација

    Водолија и бик – љубовна комбинација

    Доколку љубовните партнери со хороскопски знаци водолија и бик научат како да ги координираат нивните напори, тие ќе можат да поместуваат цели планини. Практичниот и приземен бик, е тотална спротивност на невообичаената, несекојдневна карактерна природа на водолијата. Бикот одбива да направи промени кај себе, а водолијата е слободоумна и умее постепено да се менува и најмногу напредува од сите 12 хороскопски знаци.Водолија и бик – љубовна комбинацијаСе прашувате како можат овие два знака воопшто да се согласуваат? Можат, бидејќи тие имаат неколку заеднички интереси, но она што најмногу ги поврзува е нивната амбиција за успех. Тоа пак значи дека бикот и водолијата се подобри бизнис партнери, отколку љубовни партнери. Бидејќи овие два знака имаат тенденција да бидат многу тврдоглави и вообразени, мора да бидат внимателни да не влегуваат во расправии, особено поради нивната различна реакција во тензични ситуации. Кога бикот се вознемирува напаѓа токму како животното бик, а водолијата кога чувствува притисок, се повлекува настрана, обидувајќи се да создаде повеќе простор помеѓу неа и нејзиниот „тиранин“. Таквото однесување на водолијата пак, може да го предизвика бикот уште повеќе да збесне, што од своја страна ќе направи водолијата уште повеќе да се повлече и тоа така ќе тера до бесконечноста и назад. Бикот и водолијата сакаат секогаш работите да се одвиваат по нивна желба и да поминуваат со што помалку вознемиреност од чија било страна.rnrnМодерната, напредна водолија, може да смета дека бикот премногу живее во секојдневна рутина, карактеристика која на водолијата и е здодевна. Бикот може да смета дека водолијата е интересна личност, но после кратко време може да се исфрустрира од постојаното напрегање и обид да држи чекор со брзиот, креативен ум на водолијата.rnrnИ покрај нивните многубројни карактерни разлики, бикот и водолијата сепак имаат што да си понудат еден на друг во врската. Без разлика на тоа што водолијата долго време нема да сака да признае (дури ни пред себеси) дека го смета бикот за стабилна личност, која умее да и ја даде идеалната потпора, утеха и поддршка, а бикот после кратко време ќе сфати дека водолијата го стимулира и инспирира, сепак реалноста е таа.rnrnБикот е предводен од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а водолијата од планетите Сатурн (карма) и Уран (бунт). Венера создава нежна, женствена енергија, убавина, романтика и сензуални задоволства, кои се важни и привлечни за бикот. Сатурн во водолијата внесува цврстина и мажественост, додека Уран се однесува на сите чудни и невообичаени особини кои се дел од нејзиниот карактер. Влијанието на Сатурн ја предизвикува водолијата да се фокусира на напорна работа и дисциплина, кои ќе и овозможат да ги реализира нејзините цели, а Уран е „виновен“ за нејзиниот револуционерен начин на размислување.rnrnБикот може да и помогне на водолијата да сфати дека животот е базиран на емоции, кои треба да се негуваат со убави работи и разни задоволства. Водолијата може да му покаже на бикот како постојано да напредува и како да престане да се труди околу нешто што едноставно не функционира, што е многу битна лекција која бикот треба да ја научи.rnrnВодолијата својот фокус го става на постојано вложување во сопствениот интелект, додека бикот се фокусира на попрактични, реални ствари и сензуални задоволства. Секојдневна мисла на бикот е „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите цели?“, а  на водолијата „Што е следно?“. Овие партнери можат да имаат проблем да се разберат еден со друг ако бикот премногу и се приближи на водолијата или ако таа се однесува премногу студено и отсутно во врската. Но, ако двајцата се потрудат нивната врска да функционира, базирајќи ја на обострана љубов и почит, тие можат да успеат да ја разберат природата на другиот.rnrnБикот и водолијата се многу тврдоглави личности и во дискусии никогаш не сакаат да го променат нивното гледиште, кое веќе еднаш го оформиле. Но, истовремено нивната упорност и истрајност игра добра улога во нивниот љубовен живот: ако веруваат дека она што тие го имаат како пар е прекрасно, речиси ништо на светот нема да може да ги натера да ја раскинат врската. Ако врската е нежна, благотворна и корисна за двајцата партнери, таа ќе иде во добра насока. Но, ако еден или двајцата партнери ја попречуваат хармонијата во врската и одбиваат да си признаат дека е време да се стави крај на истата, тоа може сериозно да го отежни нивниот понатамошен индивидуален развој. Доколку партнерите сфатат дека попустливоста и флексибилноста се подобри особини од тврдоглавоста, нивната врска ќе може да се развива во позитивна смисла. Бидејќи бикот е попрактичен, најверојатно тој прв ќе попушта и ќе се повлекува еден чекор назад во нивните недоразбирања – ако смета дека таквата постапка е практична.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација водолија – бик е нивната незапирлива тимска моќ, која може да дојде до израз, ако партнерите еднаш успеат да ги надминат препреките на патот кон нивната среќа. Бикот и водолијата се многу силни личности, така што ниеден од нив не е доминантен во врската, без разлика колку и да се труди секој од нив да биде.

  • Водолија и овен – љубовна комбинација

    Водолија и овен – љубовна комбинација

    Љубовниот пар сочинет од партнери со хороскопски знаци водолија и овен е многу креативен и оригинален, како резултат на одличната визија која ја поседува водолијата и енергичноста на овенот. Оваа врска е сè само не статична. Партнерите имаат тенденција постојано меѓусебно да се натпреваруваат, поради што никогаш не може да им здодее еден од друг. Овенот и водолијата се пред сè многу добри другари, бидејќи умеат одлично да комуницираат.Водолија и овен – љубовна комбинацијаОвие два знака имаат посебна конекција. Секој од нив има големо разбирање за идеалите и ентузијастичкиот поглед кон животот на партнерот. И двајцата се во вечна потрага по нови возбудливи животни искуства кои ќе им го покачуваат адреналинот – колку се истите пооткачени и поневообичаени, толку подобро. Двата знака ја сакаат возбудата и сакаат да се перчат.rnrnПовеќето љубовни парови сочинети од водолија и овен, се базирани на меѓусебна почит и восхит. На овенот му се допаѓа уникатноста која ја има во себе водолијата, како и нејзината креативна визија. Водолијата пак, ги обожава иницијативноста, енергичноста и живоста кои ги поседува овенот – самата таа има одлични идеи, но понекогаш има проблем да ги спроведе на дело.rnrnСо оглед на фактот дека двата знака високо ја ценат независноста, тенденцијата на овенот кон посесивност во врската, може да ја направи водолијата да стане резервирана, повлечена и рамнодушна, што е нејзина тактика за самозаштита. И покрај тоа што овие два хороскопски знака имаат неверојатна конекција, тие имаат сосема различни погледи кон светот и тоа тие мораат да го сфатат и прифатат. Водолијата може да смета дека овенот премногу и се меша во одлуките според нејзин вкус, а овенот пак може да ја смета водолијата за премногу непредвидлива во нејзините постапки. По се изгледа водолијата е единствениот хороскопски знак кој го победува овенот кога станува збор за спонтаност. Сè додека двата партнери ја вреднуваат нивната врска и се трудат да ја одржуваат цврста, таква и ќе биде.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс (страст), а водолијата е управувана од планетите Сатурн (карма) и Уран (бунт). Водолијата ја има својата голема, прогресивна визионерска особина, благодарение на влијанието на Уран, а нејзината морална свест и човекољубие од Сатурн. Марс пак од своја страна, е одличен додаток на овие две планети – внесува страст и желба за акција во идеалите и благородните мисли на водолијата.rnrnОвенот и помага на водолијата да напредува, а водолијата му помага на овенот да смислува оригинални идеи и да ги реализира. Водолијата интелектуално го стимулира овенот, нешто што повеќето други хороскопски знаци не успеваат да го сторат. Овенот за возврат и ја потхранува самодовербата на водолијата да ги презема предизвиците кои и се испречуваат на патот, наместо само да седи и да се труди да смислува нови идеи. Од друга страна, водолијата може да му помогне на овенот да се стабилизира и да ги комплетира зацртаните планови, наместо да скока од еден на друг, пред да ги реализира старите. Двата знака имаат широк спектар на интереси, па ментално активната водолија во комбинација со физички активниот овен, без сомнение ќе уживаат во многу заеднички авантури.rnrnОвие два знака имаат огромна почит и високо мислење еден за друг, што им помага да ги надминат сите евентуални пречки во нивната врска. Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е способноста на овие два знака да успеат да реализираат сè што ќе наумат, кога работат заеднички кон остварување на некаква цел. Нивната врска е истовремено визионерска и практична, што и дава една уникатност и сеопфатност.

  • Астролошки профил на родените во знакот водолија

    Астролошки профил на родените во знакот водолија

    (20 јануари – 18 февруари)rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаВодолиите се најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот. Тие се внимателни, нежни, страсни и пријателски настроени. Повеќето припадници на овој знак се многу независни и имаат страшно оригинални идеи и замисли. Може да имаат проблем во љубовните врски, како резултат на некои нивни негативни карактеристики, како непредвидливост и тврдоглавост, но во суштина тие се истрајни во љубовта и може да се очекува да бидат посветени партнери.rnrn

    Независни

    rnВодолиите размислуваат за она што е најдобро за нив. Тие се секогаш желни и заинтересирани да научат нови работи. Не се двоумат за тоа кој пат треба да го изберат во животот и дали оваа или онаа љубовна врска е вистинскиот избор за нив, туку веруваат дека сите нешта треба да се случуваат по својот природен тек. И покрај тоа што припадниците на овој знак се многу добродушни и срдечни, може да станат многу вознемирени и лути ако некој им ја „загрози“ нивната независност и слобода.rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаrnrnНиту женските, ниту машките водолии не сакаат да се чувствуваат ограничено или придушено во љубовните врски. Ним им е потребен простор и доволно слободно време, во кое ќе имаат можност активно да го живеат животот како индивидуи, а притоа истовремено останувајќи лојални кон својот љубовен партнер.rnrn

    Сложни и пријатни

    rnВодолијата е најчесто безгрижна и релаксирана, па поради тоа успева да оформи цврсти пријателства. Таа ретко кога се чувствува под стрес, па затоа ужива да запознава разни луѓе и да живее здрав и квалитетен социјален живот. Независни и оригинални во нивниот поглед кон животот, водолиите се и навистина драгоцени, ценети и корисни работници. Тие умеат добро да соработуваат со колегите кога работат некоја тимска работа и се срдечни и топли кога треба да се состанат со нови клиенти. Но, водолијата исто така нема да се двоуми дали да го искаже своето мислење ако има сосема обратно гледиште на работите во однос на колегите и без проблем ќе ја понуди нејзината сосема нова перспектива на ситуацијата. Поради оваа карактеристика, таа често влегува во предизвикувачки и несовладливи расправии со другите луѓе, на многу различни теми.rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаrn

    Страсни личности

    rnВодолиите се страсни личности во љубовта и во животот воопшто. Тие силно ги чувствуваат нивните емоции и сметаат дека искажувањето на истите на другите луѓе е сосема во ред. Некои луѓе може да ја доживуваат водолијата како премногу драматична особа, но во суштина таа има тенденција да биде многу логична и ретко би дозволила чувствата да ја надвладеат во доброто резонирање. Нејзините јаки емоции ја прават одличен пријател кој умее да слуша и да сочувствува со оние кои ѝ се драги. Таа исто така умее да дава и многу добри совети. Многу водолии се големи хуманитарци и активно бараат начин да им помагаат на оние луѓе на кои им е потребна поддршка.rnrnСтраста на водолијата може да постане и негативна карактеристика. Таа станува непријателски настроена ако нешто ја испровоцира на кавга и тврдоглаво ќе се придржува до својот став, дури и откако проблемот ќе биде решен. Ако во вашиот живот имате некоја водолија и сакате да ја избегнете оваа стапица, обидете се со неа да водите ведар и чисто информативен разговор и да се фокусирате повеќе на разменување мислења, отколку емоционално да бидете погодени од ваквите ситуации.rnrn

    Емотивни

    rnЕмоционалните искуства и справувањето со нив е тешка задача за водолиите. Емотивната разединетост на водолијата е причина зошто таа однадвор може да делува студено и отсутно во љубовта. Ова не значи дека водолиите се нечувствителни личности, туку дека ним им е потребно подолго време пред да решат да му дозволат на некој да стане дел од нивниот живот. Кога еднаш ќе го тргнат нивниот штит, водолиите во очите на другите стануваат многу лојални, верни и енергични личности.rnrn

    Водолиите во љубовта

    rnВодолиите се најкреативните и најиновативните знаци во зодијакот. Тие не сакаат да се чувствуваат како да се затворени во кутија во секојдневниот живот, а истото важи и во полето на љубовта.  Тие сакаат постојано да го изненадуваат нивниот партнер. Еден ден водолијата може да ви предложи да одите на прошетка во парк. Наредниот ден ќе ви понуди да одите на патување во Бразил. Нејзините иновативни идеи се составен дел од начинот на кој ги изразува нејзините емоции. Љубовната врска со водолија не може да биде монотона. Во принцип водолиите не се нешто многу романтичен знак, но тие умеат да најдат креативен начин да ги изразат нивните длабоки емоции на начин на кој ним им е најудобно. На некои може водолијата да им изгледа малку ексцентрично, но таа всушност е многу природна.rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаrn

    Лојални пријатели

    rnКаде и да оди, екстравертната водолија создава пријателства. Таа обожава постојано да запознава различни карактери на луѓе. Истото важи за водолијата и на љубовен план – во врските е пред сè другар па после сè друго. Таа ќе сака да чуе каков ви бил денот и да ги дознае сите ваши проблеми. Ќе се грижи за вас кога сте болни и ќе биде заинтересирана да ви помогне на секој можен начин.rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаrnrnВодолиите имаат тенденција да бидат високо интелектуални личности и бараат партнери кои ја делат истата пасија. Тие сакаат само да добиваат комплименти и пофалби од нивниот партнер, но не и да даваат.rnrnВо принцип водолиите се многу лојални љубовни партнери. Тие не би ставиле крај на врска поради некои бесмислени причини. Наместо тоа, тие работат на решавањето на проблемите и се обидуваат да избегнат создавање на поголеми. Тие ќе се борат за нивната врска и во добро и во лошо и ќе настојуваат да ја задржат цврста на долг рок.rnrn

    Игра на заведување

    rnВодолиите се логични луѓе. Тие поминуваат голем дел од времето анализирајќи ги деталите на ситуациите во нивната глава. Како резултат на тоа, тие честопати гледаат на љубовта како на игра. Водолиите буквално кажано, уживаат во процесот на освојување на потенцијалниот партнер. Тие всушност не се брзаат да влетаат во врска, бидејќи сакаат подолг период да и се восхитуваат на фазата на додворување. Сакаат да одат чекор по чекор, за да можат добро да проценат дали имаат иднина со таа личност или не. Во секој случај не треба да се заборави дека водолиите се во потрага по љубов и партнер со кој ќе го делат животот.rnrn

    Негативни карактеристики:

    rnrn

    Екстремно невообичаени

    rnrnВодолиите се оригинални затоа што никогаш не се водат според некои општествени стереотипи. Невообичаениот поглед кон работите, водолијата не го доживува како лоша работа. Поставувањето граници на самоконтрола според неа е бесмислена работа. Таа не сака да следи никакви правила или формалности, а тоа честопати оди на штета на други луѓе. Нејзината ексцентричност ја води кон донесување екстремни одлуки и чудни заклучоци. Понекогаш е тешко да се води разговор со водолија за важни работи бидејќи таа или тој, ќе го доживува вашето гледиште на работите како „премногу безбедно“.rnrn

    Тврдоглави

    rnВодолиите се водат според нивната логика и брзо донесуваат одлуки. Кога овој хороскопски знак ќе донесе одлука, бидете сигурни дека таа нема да се промени уште долго време. Водолиите ги држи лутина долго време дури и за најситни кавги и недоразбирања. Ако сте неразумни и ја погодите „лошата точка“ на водолијата, таа тоа ќе го памети засекогаш. Таа се бори за нејзиниот став дури и кога не постојат изгледи за да успее во тоа. Страста која ја поседува овој знак може да претставува и негова добра карактеристика, бидејќи тој секогаш е желен да се бори за она во кое верува.rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаrnrn

    Одвоени, затворени и осамени

    rnВодени според нивниот интелект, а не според срцето, водолиите не ги изразуваат нивните емоции на начин на кој што другите очекуваат тоа да го прават. Тие ги чуваат чувствата во себе, бидејќи не сакат да бидат повредени, па поради тоа сакаат да си дадат повеќе време да запознаат некоја личност, пред да решат да ѝ се отворат.rnrnПријателите на припадниците на овој хороскопски знак често се жалат дека не можат да сфатат што се случува во главата на нивниот другар-водолија.  И покрај тоа што водолиите лесно и брзо се спријателуваат, не сакаат да ги споделуваат нивните чувства. Исто така, ако водолија реши дека не сака да бидете дел од нејзиниот живот, верувајте дека така и ќе биде.rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаrnrnПовеќето водолии сакаат да живеат во нивниот затворен, самотен свет. Екстремните припадници на овој знак, сметаат дека да се биде одвоен од останатиот свет е одлична работа. Тие не се грижат како другите луѓе ги доживуваат или како од нив се очекува да се однесуваат.rnrnАстролошки профил на родените во знакот водолијаrnrnИдеални професии за водолија: политичари, писатели, научници, астронаути, уметници, астролози, инженери, фотографи и секаков тип на хуманитарна дејностrnrnОмилени бои: сина, зелена, тиркизна, сива, црнаrnrnВодолиите најмногу си одговараат со: овен, близнаци, вага, стрелецrnrnЖивотно мото „Големите умови често наидуваат на големи спротивставувања од страна на просечните умови.“rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јарец и риби – љубовна комбинација

    Јарец и риби – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу јарец и риби е пример за она што го нарекуваме „спротивностите се привлекуваат“. Јарецот е приземен и сериозен, со многу голема работна дисциплина, а рибата е емотивна мечтателка, која се грижи за потребите на другите луѓе. Во рибата, јарецот гледа нежна и креативна личност, која може да и даде добри совети околу неговата кариера, додека пак рибата во јарецот гледа трудољубива, стабилна и иницијативна особа, која секогаш е подготвена да ги реализира нејзините планови. Врската помеѓу јарец и риби е базирана на искреност, лојалност и приврзаност, па ако овие два знака се сретнат во вистинско време и на вистинско место, ќе креираат едно љубовно гнездо, во кое и двајцата ќе се чувствуваат исполнето и задоволно.Јарец и риби – љубовна комбинацијаОвие два знака се восхитуваат еден на друг. Јарецот ја цени добродушната и нежна природа на рибата, а таа е воодушевена од остроумноста, снаодливоста и истрајноста на јарецот. Нивната врска може бавно да се развива, но со тек на време таа ќе стане поцврста.rnrnФактот дека овие два знака се привлекуваат како резултат на нивните спротивни карактери, истовремено преставува дар, но и предизвик за нивната врска. Проблеми може да настанат ако јарецот се однесува премногу доминантно кон чувствителната риба, која за да успее нивната врска, мора да сфати дека таа особина на јарецот не треба да ја сфати како личен напад и навреда, туку како дел од неговиот стил на живот. Рибата можеби нема да може лесно да ја прифати тврдоглавоста и упорноста на јарецот за постигнување успеси по секоја цена, но со тек на време таа ќе стане потрпелива и ќе почне да го прифаќа јарецот таков каков што е. Во оваа врска јарецот сака да ја има главната улога, а рибата со задоволство ќе му дава добри психолошки совети, кои ќе му помогнат на јарецот во патот кон реализација на целите.rnrnЈарецот е управуван од планетата Сатурн, а рибата од Јупитер и Нептун. Сатурн е планета која симболизира авторитет, одговорност, посветеност. Јупитер симболизира потреба за учење нови работи, како и придржување кон одредени стандарди на етичко однесување. Влијанието пак на Нептун во рибата се однесува на нејзината илузорна страна. Овие три планети се комплементарни една на друга, бидејќи креираат една емотивно длабока и правична унија, во која партнерите се посветени еден на друг.rnrnДодека јарецот има тенденција да се фокусира на една работа во еден момент, рибата „плива“ од една кон друга ствар, во согласност со бранувањето на нејзините емоции. Поради нејзината флексибилност, рибата може да ја интересираат проектите на кои работи нејзиниот јарец и активно да партиципира во нив. За возврат, јарецот треба да и допушти на рибата да ужива во повеќе работи истовремено и да не си сфаќа премногу лично, кога на рибата ќе и стане здодевно поради неговата посветеност и фокусираност кон некоја работа. Јарецот треба да ги почитува желбите и потребите на рибата, дури и ако таа за кратко време го сменила својот фокус кон нешто друго. Рибата може да му покаже на јарецот дека флексибилноста и позитивниот поглед кон нештата, понекогаш е подобар начин да се реализираат работите на вистинскиот начин, отколку строгата посветеност кон нив.rnrnОвие два знака ја сакаат естетиката, убавината и луксузот, но во однос на нивниот став кон уредувањето на домот, јарецот сака сè да му е под ред, додека рибата е похаотична и несредена. Јарецот е душевно исполнет ако изгради стабилна финансиска империја, а рибата се мотивира почесто но пократкорочно, секогаш кога ќе почувствува креативен набој и ентузијазам.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е уникатниот микс од нивните различни темпераменти. Двајцата партнери сакаат да го делат својот живот со личност покрај себе и сакаат меѓусебно да си помагаат во реализација на нивните цели. Токму нивните разлики се причина зошто овие два знака се високо компатибилни.rnrn

  • Јарец и водолија – љубовна комбинација

    Јарец и водолија – љубовна комбинација

    Кога ќе се спојат јарец и водолија во љубовна врска, тие настојуваат да си ги извлечат позитивните работи еден од друг. Јарецот е попретпазлив, со рационален поглед на животот, додека водолијата е нестабилна, грижлива и со идеалистички пристап кон скоро сè. На површината, може да изгледаат како тотално спротивни луѓе, но штом се „шмекнат“ еден со друг, се формира нераскинлива врска.Јарец и водолија – љубовна комбинацијаИ јарецот и водолијата можат да бидат тврдоглави до степен што ниеден од нив да не биде желен да направи компромис. Јарецот тежнее да биде организиран и секогаш размислува за последиците. Водолијата е модерна и смета дека рутините се проблематични и здодевни.rnrnЈарецот ќе и се воодушевува на водолијата, но може да се исфрустира барајќи логика во мистичниот, неорганизиран ум на неговиот партнер. На водолијата нема да и се допадне доминантноста кај партнерот, но ќе се чувствува фино поради поддршката која тој и ја дава и ќе и олесни што конечно има некој во нејзиниот живот кој се грижи за нејзините лични проблеми и чувства.rnrnИ јарецот и водолијата се раководени од планетата Сатурн, додека таа е и од Уран. Сатурн е ладен, со традиционална енергија. Влијае на ориентирање кон постигнување на целите и напредно размислување. Уран пак, се однесува на сè што е различно и необично.rnrnЈарецот ќе и покаже на водолијата живот базиран на организација, рационалност и комфор. Водолијата пак, може да му помогне на својот јарец да научи да „сонува“ и повеќе да се залага за своите верувања.rnrnВодолијата го истражува животот низ случајности, а јарецот секогаш очекува специфичен резултат. Понекогаш, овие два партнера можат да го сфатат размислувањето на другиот. Може да се појават и конфликти доколку јарецот е многу строг или доколку водолијата се занесе по чести патувања и „фенси“ живот.rnrnДвата партнери мора да сфатат дека секој од нив си го живее животот на уникатен начин, но ова е добро бидејќи вака тие секогаш ќе имаат многу различни работи да си споделат меѓу себе. И двајцата знаат да бидат  тврдоглави и да поседуваат силен мотив за да го добијат она што го сакаат. Доколку имаат план, ќе се држат до него, сè додека не се оствари замисленото.rnrnЈарецот сака да си дава идеи и да раздава задачи. Водолијата со срце ќе сака да му помогне, доколку тој и даде конкретна улога во работата. И во нивната заедничка работа може да произлезат конфликти од истата причина, тврдоглавоста присутна кај двата знака. Но, ова ќе се избегне доколку тие сфатат дека работат заедно за постигнување на заедничка цел и само на овој начин ќе ги видат посакуваните резултати.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо сочинето од јарец и водолија е нераскинливата врска која ја имаат откако стапиле во љубовно партнерство. Оваа врска ќе биде корисна и задоволувачка за партнерите. Нивната љубов ќе биде од значење не само за нив самите, туку и за сите околу нив.

  • Јарец и јарец – љубовна комбинација

    Јарец и јарец – љубовна комбинација

    Кога двајца јарци се во љубовна врска, тие создаваат една возбудлива нота во нивните животи. Јарците се упорни, активни и силни знаци кои ја внесуваат сета своја енергија во сè што прават. Кога станува збор за љубовта, тие исто така тежнеат кон искачување на сè повисоко скалило достигнувајќи до една здрава и стабилна врска, во која ќе бидат задоволни двајцата партнери.Јарец и јарец - љубовна комбинацијаНивната преголемата амбиција за успех на секое поле од животот, може да претставува и причина за големи конфликти помеѓу партнерите. Кога станува збор за грижата за домот, семејството, градењето успешна врска и обезбедувањето финансиска стабилност, овој пар е дефинитивно „добитна комбинација“. Но, јарците се толку многу „свесни“ за овие нивни обврски, што може да се случи тие да имаат проблем да одвојат малку време за забава и рекреација и главен фокус на нивниот живот да биде градењето кариера.rnrnЛојални и несебични, овие партнери се верни и нежни еден кон друг и никој од нив нема потреба да биде доминантен и заповеднички настроен во врската, што претставува идеален микс од карактеристики за овој хороскопски знак.rnrnЈарецот е предводен од планетата Сатурн, чиј најголем фокус е постигнување високи цели, преку напорна работа. Оваа планета исто така ја потенцира авторитативноста на јарецот како особина и неговата потреба за имање висок социјален статус. Ова партнерство е дефинитивно најмногу посветено кон постигнување професионални успеси. Нивната интензивна настроеност кон реализирање на плановите и целите кои си ги зацртале, прави да изгледаат круто и нефлексибилно во очите на другите луѓе. Од друга страна, овие особини кај партнерот не го изненадуваат и не му сметаат на јарецот, бидејќи и самиот тој ги поседува во поголем или помал степен.rnrnЈарците имаат добра меѓусебна комуникација и обожаваат заеднички да работат на различни проекти. Во ова љубовно партнерство има огромно количество љубов, но емоционалната приврзаност помеѓу јарците не е толку голема, како кај други хороскопски знаци. Тие имаат тенденција заеднички да се соочуваат со различните животни предизвици, но тие исто така сакаат да си остават и доволно простор да ги следат нивните индивидуални интереси.rnrnЈарците имаат волја да работат напорно за да бидат добро финансиски „потковани“. Тоа им е битно поради две причини: 1. да имаат висок статус во очите на јавноста 2. естетиката и скапите предмети ги прават среќни. Тие ќе се потрудат да заработат доволно за да ја претворат нивната куќа во вистински семеен дом, кој ќе биде дизајниран со „вкус“ и удобен за сите членови на семејството.rnrnРазните активности, обврски и одговорности се задолжителни во секојдневниот распоред на јарците, поради што на овие партнери одвреме-навреме ќе им биде неопходна забава и правење разни будалштини, со цел да се растеретат  и релаксираат. На парот сочинет од двајца партнери со хороскопски знак јарец, им е навистина потребно да престанат да се грижат за сè, да се разведрат и понекогаш да дозволат работите да се случуваат сами по себе.rnrnЈарците уживаат да се вклучуваат во разни активности и да ги спроведуваат до крај, со голем ентузијазам и енергија. Овој конзервативен пар, го инвестира своето време и пари во практични работи, кои ќе му донесат реални и конкретни резултати.rnrnИстрајноста, непоколебливоста и упорноста на јарците како главни особини, го прават ова партнерство неверојатно моќно, а воедно и пријателско и интимно. Најдобриот аспект од нивната врска е посветеноста кон реализација на нивните индивидуални и заеднички одговорности. Ова партнерство е градено на цврста основа и има големи изгледи да трае долго. Сè додека овие партнери се присетуваат одвреме-навреме дека треба почесто да се смеат и забавуваат, нивната врска ќе биде многу успешна.

  • Јарец и девица – љубовна комбинација

    Јарец и девица – љубовна комбинација

    Јарецот и девицата се високо рационални луѓе кои можат да креираат една разумна, стабилна и поучна унија. Двата знака имаат големи очекувања за себеси, но многу очекуваат и од другите луѓе. Девицата ја обожава посветеноста на јарецот во врската и неговата снажна енергија, а јарецот пак се восхитува на интуитивноста на девицата и нејзината способност за забележување детали. Оваа врска се базира на реалистичен поглед на партнерите кон животот воопшто, како и на нивната потреба од материјална сигурност.Јарец и девица – љубовна комбинацијаЈарецот и девицата не би си дозволиле нивните чувства или нагони да ги надвладеат и да ги одведат кон донесување погрешни одлуки. Тие се стабилни личности, на кои секој може да се потпре. Девицата може да му помогне на јарецот да се опушти, како и да ги оствари сите свои планови на кои работел долг период. Јарецот пак може да и помогне на девицата да си ги претвори нејзините соништа во реалност, по пат на преземање иницијатива. Овие партнери се чувствуваат удобно и пријатно во заедничко друштво.rnrnДевицата е управувана од планетата Меркур, а јарецот од Сатурн. Меркур во девицата внесува комуникативност, разумност и присебност. Влијанието на Сатурн, го прави јарецот премногу дисциплиниран, трудољубив, ладнокрвен и вечно насочен кон постигнување успеси на професионално поле.rnrnДевицата ќе му ја покаже на јарецот корисноста од напорното работење и ќе учествува во одржување на врската, бизнисот и домот да функционираат како добро подмачкана машина. Јарецот за возврат, може да ја научи девицата како да се фокусира кон остварување на нејзините цели. Овие партнери заеднички ќе уживаат во домашна романтична атмосфера.rnrnБидејќи девицата и јарецот се многу уредни и прецизни личности, тие преферираат да бидат опкружени со стилски одбрани и карактеристични материјални поседи. Тие попрво би одвоиле повеќе време барајќи го нивниот совршен избор, отколку да се помират со некој адекватен супститут.rnrnНивната потреба од финансиска безбедност и нивната љубов кон убавите работи, ги провоцира овие два знака да поминуваат „долги часови“ на нивното работно место и да ја внесуваат целата нивна енергија, со една единствена цел – исполнување на нивните индивидуални, но и заеднички соништа.  Во принцип, јарецот и девицата се разумни љубовни партнери и права реткост е тие да имаат проблеми во врската како резултат на преголемото трошење пари од страна на едниот од нив.rnrnДевицата е флексибилна и лесно прилагодлива на секоја ситуација и нема никаква тешкотија добро да се согласува со јарецот, сè додека таа има значителна улога во врската. Јарецот може да и го прикаже на девицата неговиот начин на гледање на работите, коишто девицата не би успеала да ги разглоби самостојно на тој начин. Нивната врска ќе биде успешна сè додека јарецот има улога на иницијатор кој ќе предлага нови идеи, а кои девицата со задоволство ќе ги следи.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација јарец-девица е нивната неверојатна приврзаност и посветување на нивните енергии кон реализација на нивните слични цели. И двата знака тежнеат кон финансиска стабилност и поседување убави материјални работи, а нивните карактери добро се согласуваат во смисла на остварување на нивните замисли, особено ако на патот кон реализација на некоја нивна цел, се служат со исти инструменти. Сличните интереси кои ги имаат јарецот и девицата, се причината за нивно обострано задоволство и уживање во врската.

  • Јарец и лав – љубовна комбинација

    Јарец и лав – љубовна комбинација

    Љубовната унија сочинета од луѓе со хороскопски знаци јарец и лав, е базирана на голема обострана поддршка. Љубовните партнери се екстремно приврзани, посветени и верни еден на друг. Јарецот е конзервативен, ужива да работи од утро до мрак и има прилично традиционални сфаќања, а лавот е исто така вреден знак но, има тенденција да ги добива работите што ги сака со помош на неговата дружељубивост и шармантност.Јарец и лав – љубовна комбинацијаИако јарецот и лавот не изгледаат како убав пар на прв впечаток, нивната љубов ќе почне многу бргу да расте, со откривањето на нивните заеднички интереси и сличности во карактерите. Овој пар преферира удобен и разгален начин на живот, а воедно ужива и во напорната работа која води кон остварување на нивните цели. Лавот и јарецот наоѓаат големо задоволство во материјалните работи, а во социјалните збиднувања сакаат да бидат во центарот на вниманието.rnrnЛавот знае да биде скандалозен во јавност, додека јарецот е покласичен и има поедноставна природа. И двата знака се многу решителни и упорни, така што ако посветат малку поголемо внимание на врската, тие ќе делат слично размислување. После кратко време поминато заедно, овие партнери ќе сфатат дека можат многу да научат еден од друг. Лавот може да го научи јарецот како добро да се забавува, а јарецот може да му ги покаже на лавот традиционалните вредности и да му го долови значењето и вредноста на трудољубивоста, упорноста и истрајноста како карактерни особини.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а јарецот од Сатурн. Сонцето симболизира живот, енергичност, ентузијазам, топлина и егоистичност. Сатурн симболизира упорност, трудољубивост и издржливост. Овие два знака можат да научат многу работи од нивните разлики. Сè додека се длабоко приврзани еден со друг, нивната врска ќе биде успешна и ќе води кон многу комплетирани заеднички проекти.rnrnЛавот сака креативна слобода, додека јарецот сака професионална безбедност. Токму комбинацијата од овие нивни интереси, ја прави оваа врска урамнотежена. Тие ќе уживаат во поминатото време заедно, но ќе си двојат и доволно простор да ги следат нивните лични интереси. Сè додека лавот и јарецот постојано си даваат еден на друг значење и вредност, евентуалните конфликти помеѓу нив, нема да бидат штетни по врската.rnrnИ двата знака се тврдоглави, вообразени, самоуверени и амбициозни и никогаш не се откажуваат пред да ја остварат својата замислена цел. Јарецот преферира стабилен и мирен живот, подреден според сопствени правила. Лавот сака луди проводи и непредвидливи ситуации. Кога еднаш ќе констатираат дека се добар пар, кој може да успее, лавот и јарецот нема никогаш да ја заборават вредноста која ја има нивната врска и заеднички ќе се посветат кон одржување на истата.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата лав-јарец е нивната одговорност за навремено извршување на работните обврски, поради упорноста, издржливоста и непоколебливоста, како карактерни особини кои се заеднички за нив двајца. Можеби на луѓето од страна ќе им биде чудно како воопшто се случило лавот и јарецот да станат пар, но во суштина не е така како што изгледа; тие се пример за изразот „спротивностите се привлекуваат“.  Овие два знака убаво се чувствуваат кога се заедно и тоа ги одржува да се посакуваат уште повеќе.